跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Strategy for amending and supplementing the Strategy for Sustainable Forestry Development in the Republic of North Macedonia

颁布于 2023-11-13 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Стратегија за изменување и дополнување на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Северна Македонија.
语言
Macedonian
类型
policy
国家
北马其顿
主题
Environment, Forestry
关键词
biodiversity, climate change, ecosystem conservation, enforcement/compliance, environmental planning, erosion, fire management, protection forest, protection of environment, risk assessment/management, hazards, policy/planning, corruption, data collection/reporting, forest management/forest conservation, forestry protection measures, fuelwood, innovation, institution, inventory, monitoring, national parks, ownership, private forest, registration, research, subsidy/incentive, sustainable use, timber, timber extraction/logging, cooperative/producer organization, protected area, governance

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 1. Во Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија, во насловот зборовите „Република Македонија" се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија".

  2. 2. По точката 1 се додаваат две нови точки 2 и 3 кои гласат: “2. АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА Стратегијата за одржлив развој на шумарството постави дологорочни цели и насоки за нивно исполнување преку кои може да се даде релевантна оценка за успешноста во спроведувањето. Генерална цел: Целта на Владата на Република Северна Македонија беше преку одржливо стопанисување со шумите, да го зголеми придонесот на шумарскиот сектор во националната економија и во руралниот развој, обезбедувајќи обновливи ресурси и заштита на локалната и глобалната животна средина, со што ќе обезбеди подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. За да ја одржи и унапреди економската ефикасност на шумарството за потребите на севкупниот национален развој, Владата се обврза да: а) обезбеди законска, институционална и економска рамка за имплементација на одржливо стопанисување со шумите и б) обезбеди постојан финансиски механизам кој ќе ја подобри состојбата со шумите и развојот на шумарството Визијата, општата цел и развојните насоки на Стратегијата за одржлив развој на шумарството (во натамошниот текст: СОРШ) (2006 - 2026 година), која беше усвоена од Владата, сè уште се валидни, како во национален, така и во европски контекст. Сепак, повеќето елементи од визијата, како што се конкурентен шумарски сектор во кој беше регистриран пад во неговиот придонес во Бруто домашниот производ на државата почнувајќи од 2014 па се до денес, негувани и заштитени вештачки насади и подобрен квалитет на шумите, конверзија на деградирани шуми во високи шуми и искоренета нелегална сеча и други штетни активности, не се материјализираат. Исто така, економските придобивки од недрвни производи од шума за шумарскиот сектор и државата остануваат незначителни, додека општо-корисните функции на шумите не беа препознаени од општеството, па дури и не беа земени предвид во шумарството (планирање и спроведување). Помеѓу другите изјави за визија, шумарскиот сектор исто така не обезбедува високи плати за вработените во шумата и работниците. Воспоставен е само систем за рано предупредување и спречување на шумски пожари според одредбите од визијата. 1 Цел: Зголемување на површината под шума и подобрување на составот и квалитетот на шумите врз основа на стопанисување според принципите за одржливост. Во однос на оваа цел за може да се даде констатација дека во најголем дел предвидените насоки не се спроведени во целост. Пренамената на слабо продуктивни земјоделски земјишта и голини во шума во шумско земјиште не е во целост спроведена во Агенцијата за катастар на недвижности и предвидените 2.500 ха се реализирани со интензитет од 50%. Мора да се напомене дека една од најважните мерки, прореди во млади шуми, обнова и реконструкција на деградирани шуми и конверзија на нискостеблените во високостеблените шуми е спроведена со многу мал интензитет, пред се поради потребата од вложување на значителни финансиски средства за спроведување на истите. Консеквентно на тоа, системот на спроведување на чисти сечи на големи површини во нискостеблените шуми и обновата на истите од изданци продолжува претежно во нискостеблени неочувани дабови насади, при што резултира со деградација на шумите и намалување на отпорноста кон климатските промени. Тоа е една од идните приоритетните мерки за шумарството за да се обезбеди исполнување на горе поставената цел. Изградбата на шумските патишта и дотурните влеки и понатака се спроведува на начин кој не е поволен за животната средина, без примена на детална проектна документација. Во однос на очувување на природниот шумски генофонд насоката се спроведува во рамките на предвидувањата. Од 2006 година се регистрирани вкупно 46 семенски состоини на површина од 75 хектари. За зајакнување на мерките за физичка заштита на шумите, направен е исчекор во доекипирање на Шумската полиција, но од друга страна заслабнат е капацитетот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Возобновена е мрежата на IPC Forest (Меѓународната програма за соработка за проценка и следење на ефектите од загадувањето на воздухот врз шумите), но одржувањето на истата останува недоволно, додека Извештајно диајгнозната служба (во натамошниот текст: ИДП службата) доставува извештаи до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: МЗШВ) редовно, на годишно ниво. Кај давателите на услуги е воведено лиценцирање, а за редовно вработените во ЈПНШ е обезбедена заштитна опрема, обука и упатства за безбедност при работа. Воведено е и електронско следење на дрвната маса како систем за превенција од илегални активности и корупција, но истиот не е целосно функционален. Цел: Постигнување нормална бројна состојба на дивечот во ловиштата на Република Северна Македонија, како и формирање и трајно одржување на популациите на дивечот кои со својата возрасна и полова структура ќе обезбедат репродукција на квалитетни грла, одржливо стопанисување и развој на ловниот туризам. Во однос на реализација на оваа цел, констатирано е дека во најголем дел насоките се спроведени. Ловиштата се во состојба на соодветен капацитет и автохтоните видови се во редовна состојба, а извршена е и реинтродукција со обичен елен во 5 ловишта. Ловечката Федерација е реафирмирана како асоцијација на ловци и спроведува и оценка на трофеи како приходна дејност за истата, а исто така е активна и во меѓународната 2 соработка. Воспоставувањето на база на податоци за бројноста на дивечот по ловишта, ловни реони и ловностопански подрачја е отпочнато и не е завршено. Цел: Поттикнување на употребата на другите шумски производи преку интегрирано стопанисување со шумите кое се базира на одржлив стопански, социоекономски и еколошки пристап и обезбедување услови за одржливо искористување и дополнителни приходи за локалното население. Генералната оценка за спроведувањето на оваа цел е дека таа слабо се спроведува. Не е спроведена инвентаризација за недрвните производи од шума. Регулацијата на (нормативна, институционална и економска рамка) користење на овие производи не е реализирана, додека делот на промоција на еколошки пракси за собирање на овие производи се реализира недоволно. Изработени се пратечки материјали и Правилник за собирање на недрвни производи. Генерално поддршката за мали и средни претпријатија кои откупуваат и преработуваат ваков тип на производи ја нема. Цел: Создавање потребни организациони структури со соодветен капацитет заради обезбедување интегрирано управување со просторот, со цел заштита и стопанисување со шумските ресурси на одржлива основа, земајќи ги предвид влијанијата врз животната средина, социјалната состојба, културата и економијата. Во најголем дел не се спроведени насоките за оваа цел. Не е спроведена реорганизација на Секторот за шумарство во МЗШВ и формирање на Агенција за шуми и ловство со соодветни сектори и создавање на соодветна управна структура за шумските ресурси и дивиот свет. Реорганизацијата и трансформацијата на Јавното претпријатие Национални шуми (во натамошниот текст: ЈПНШ), иако се планирани како брз процес, исто така не се спроведени. Не е реализирано формирање на владина институција и/или лиценцирани независни институции за планирање на управувањето во шумарството и ловиштата. Така, институционалната/организациската реформа на шумарскиот сектор воопшто не е спроведена. Државниот инспекторат за шумарство и ловство (во натамошниот текст: ДИШЛ) е самостоен орган во МЗШВ и во инспекцискиот совет, но е со намален капацитет поради намален персонален (шумарски инспектори) и технички капацитет (опрема). Шумската полиција ги зголеми своите човечки и технички капацитети. Воведувањето на критериуми за стручно планирање за шуми со посебна намена е во иницијална фаза. Отсуствува финансиска поддршка за формирање на асоцијации од шумарската струка. Цел: Промоција на доследно спроведување на Законот за шуми во стопанисувањето и заштитата на шумите и шумските ресурси. Подигање на јавната свест насочена кон заштита на шумите од сите негативни влијанија. Законските мерки за заштита на шумите од илегална сеча во најголем дел водат кон исполнување на барањата на EUTR. Сепак, Студијата за развој на секторот и институциите на шумарството, изготвена во рамките на првиот проект финансиран од ЕУ “Ревизија на шумарскиот сектор и подготовка за 2019 IPA проект за шумарство“ заклучи дека сè уште има голема количина на нерегистрирана, нелегална сеча. Понатаму беше заклучено дека ефикасноста на државните шумски институции и/или служби кои го контролираат и надгледуваат стопанисувањето со шумите е прилично слаба. Соработката со други институции е продобрена, особено со Министерството за внатрешни работи. Од 2006 година извршено е доекипирање на бројната состојба на Шумската Полиција, но од 3 друга страна е заслабнат капацитетот на ДИШЛ како што беше споменато претходно. Формиран е Комитет за спречување на корупција во шумарството, реализирано е и зголемување на казните за прекршочните одредби, но резултатите од тоа не се на завидно ниво. Соработката со Јавното обвинителство и Судовите како и со Академијата за судии и обвинители беше на ниско ниво. Во однос на постигнување на транспарентност во стопанисувањето со шумите се уште има многу простор за подобрување. Цел: Планирањето на сите стопански активности во шумарството да се темели на принципот на одржлив развој. Државата, приватниот сектор, јавноста, невладините организаци и меѓународните институции, да се обезбедат со точни и навремени информации за состојбата на шумите, стопанисувањето со шумите и шумските продукти. Ефикасна размена на информациите во рамките на шумарскиот сектор и меѓу другите сектори и подигање на јавната свест за значењето на шумите и шумарството за општеството, со активно учество на сите заинтересирани страни. Насоките кои водат кон исполнување на оваа цел се делумно спроведени. Со помош на FAO е донесена методологија за инвентаризација на шумите, но истата не е спроведена. Воведен е редовен мониторинг на здравствената состојба на шумските ресурси според меѓународна методологија, но истата не е спроведувана регуларно. Беше воведена Известувачка дијагнозно-прогностичка служба која работеше редовно на своите задачи. Планирањето од страна на лиценцирани независни субјекти не е воведено, а рецензионата комисија е функционална. Шумарската администрација има техничка поддршка, но информационен систем не е воведен на национално ниво. Воведен е електронски систем за следење на дрвната маса кој не е потполно функционален на целата теритиорија и не се употребува од сите ентитети. ГИС технологијата како модерна алатка е во примена во шумско-стопанското планирање, но се уште не се поставени основите за мултифункционално планирање. Исто така не е воведен ГИС интегриран систем како поддршка за одржливо стопанисување со шумите. Цел: Да се осигура соодветно јавно финансирање на активностите поврзани со одржливото стопанисување на шумите, одржувањето на заштитните и другите јавни функции на шумите, чувањето, контролата, конзервацијата, подобрувањето и зголемувањето на биодиверзитетот. Мерките се спроведени во минимален обем, главно преку фондот за проширена репродукција на шумите. ЈПНШ не уплаќаше средства во овој фонд ниту пак два од националните паркови. Изградбата на шумски патишта не е финансирана од фондот за јавни патишта, таму каде што имаат и таква функција. Воведена е валоризација на шумите за потреби од наплата на надокнада при пренамена на шуми во друг тип на земјиште. Поддршката од меѓународните донатори е недоволна. Цел: Да се ажурира катастарската евиденција на шуми и друго шумско земјиште и да се комплетира разграничувањето на државна од приватна сопственост. Окрупнување на државните, односно приватните шуми. Разграничувањето помеѓу земјоделското и шумското земјиште и ажурирањето на овие податоци останува како постојана задача за шумарскиот сектор, имајќи ја предвид природната експанзијата на шумите и промените кои се случуваат заради реализација на проекти од јавен интерес (автопати, акумулации, водови итн). Од 2006 година, АКН воведе дигитални податоци кои се достапни и се основа за разграничување на имот во различна 4 сопственост на терен, како и основа за картирање при планирањето во шумарството. Консолидацијата на расцепканите шумски имоти се уште не се спроведува. Цел: Да се создаде ефикасен систем на поддршка на приватните сопственици за да ги задоволат личните и општите интереси и да се остварат целите на одржливото стопанисување, користејќи ги искуствата од земјите членки на Европската унија. Оваа поддршка за сопственици на приватни шуми (во натамошниот текст: СПШ) е делумно реализирана. Во 2011 година се воведе давање на стручно-технички услуги од страна на лиценцирани субјекти, но истата во 2014 година беше укината. Во однос на планирањето, отворена е законска можност повеќе СПШ да се здружат за да подготват Посебен план за стопанисување со шумите, но во пракса нема таков случај. Од 2009 година СПШ имаат повеќе пристап до фондовите за проширена репродукција на шумите преку мерки на прореда во млади насади и пошумување, но сепак можностите за користењето на фондот од страна на СПШ не се пропорционални на износот на издвоени средства од СПШ. Немаше обезбедено финансиска поддршка за СПШ за подготовка на програми за користење на фондовите. Цел: Да се обезбеди транспарентност во процесот на стопанисувањето со шумите и да се зголеми присутноста на шумарскиот сектор во јавноста. Промоцијата во јавноста за важноста на шумските екосистеми редовно во голем дел се реализира преку невладиниот сектор како проектна активност поддржана од разни донатори, но најчесто во соработка со релевантните институции. Дел од промоцијата ја реализираат и самите инсититуции како дел од редовното известување. Сепак, не постои стратешки медиумски пристап за да се потенцира важноста на секторот и комплексноста на секојдневните обврски кои ги реализираат вработените во овој сектор за да се постигне одржливо стопанисување со шумите и со тоа да се обезбеди и поширокиот општествен интерес. Цел: Да се осовремени и подржи образованието и системот за обука, во согласност со одржливото шумарство, заради подобрување на економскиот развој на шумарскиот сектор и подобрување на квалитетот на животната средина на национално, регионално и глобално ниво. Се уште постои многу простор за подобрување во овој дел. Постојните програми за едукација не се на ниво на праксата во светот, како на пример потенцирање на мултифункционалноста на шумите во модерен контекст. Ова особено важи за образованието во средните училишта. Нивото на соработка со Шумарскиот Факултет не беше на задоволително ниво за ова важно прашање. Цел: Стекнување нови знаења и развој на технологии во шумарството преку унапредување на капацитетите во истражувачките институции. Во овој дел стекнувањето на нови знаења најмногу се реалзира преку разни меѓународни програми за соработка (Erasmus, Horizont) и преку реализација на проекти кои се финансирани од меѓународни или билатерални донатори (FAO, UNEP, SNV, DBU, SDC и други). Не постојат редовни извори на финансирање за истражувања во шумарството на национално ниво. 5 Цел: Воспоставување на соодветна меѓусекторска соработка која ќе овозможи непречен проток на информации и заеднички активности на сите нивоа. Истовремено да се обезбеди учество и поврзување со сите меѓународни институции и здруженија од областа на шумарството. Редовната комуникацијата со други институции секако се реализира, но не е со сите институции постигнато исто разбирање, поради што произлегуваат и меѓусекторски конфликти. Треба да се констатира и дека не беше формиран Националниот совет за шумарство кој е предвиден со Законот за шуми. МЗШВ ги следи редовно Forest Europe процесите како основа на секторска координација со модерните европските текови. Потпишана е декларација за соработка во шумарството помеѓу: МЗШВ, ЈП Национални шуми и ЗГ Приватни шуми.”.

  3. 3. ПОТРЕБА ЗА РЕВИЗИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА Врз основа на заклучоците од презентираната оценка за спроведувањето на Стратегијата во последните 16 години, со која: • шумската површина и дрвната резерва се само малку зголемени, додека квалитетот на шумите е намален поради голема количина на нелегална сеча, поради големите шумски пожари и натамошното спроведување на стопанисување со изданкови шуми; • не е редуцирана дивата сеча и другите нелегални шумски активности, вклучително и корупцијата; • државната администрација за шумарство и Јавното претпријатие „Национални шуми“ (ЈПНШ) не беа реорганизирани и следствено на тоа не беше формирана новата Агенција за шуми; • процедурите на шумарската администрација не беа соодветно релаксирани и ефикасноста на администрацијата на шумарскиот сектор не беше подобрена; • стопанисувањето во нискостеблените шуми, претежно засновано на чисти сечи и продолжување со примена на изданкова обнова стана еколошки неодржливо; • стопанисувањето со државните шуми продолжи да биде економски неефикасно, шумските претпријатија неконкурентни, додека финансиските резултати на ЈПНШ го допреа дното, • придонесот на шумарскиот сектор во БДП е намален, а социо-економската состојба на руралните жители не е подобрена, клучните елементи на Стратегијата не беа или беа само ограничено имплементирани. Се јави потреба за ревизија на Стратегијата и заради потребата од хармонизација со новите стратешки документи на ЕУ поврзани со шумите, како што се Стратегијата за биолошка разновидност за 2030 година и Стратегијата за шуми за 2030 година, врз основа на Зелениот договор. Следствено на тоа, постои потреба од ревизија на Стратегијата за да се решат овие предизвици. За таа цел, треба да се ревидираат следните (под)поглавја од Стратегијата: • Општи и специфични цели и насоки поврзани со шумите и стопанисувањето со шумите; 6 • Администрација и стопанисување со шумите во државна сопственост под одговорност на секторот, вклучително и секторска институционална поставеност, спроведување на законот и чување на шумите, шумско планирање, управување со информации и финансирање на шумарството; • Управување со приватни шуми; • Шумарство и животна средина, со особена потреба да се додадат (под)поглавјата поврзани со повисоките еколошки стандарди на стопанисување со шумите во заштитените подрачја и шумите и ублажувањето и адаптацијата на климатските промени; • Шумарството и руралниот развој, како и поглавјето за • Трансформација на Стратегијата за шумарство во акција, особено во однос на адаптацијата на легислативата поврзана со шуми и нејзино усогласување со барањата на ЕУ, елаборирање на стратешките плански документи, како што е Националната програма за шумарство и усогласување со националните стратегии и програми поврзани со шумите, како како и усогласување на последните со ревидираната Стратегијата за одржлив развој на шумарството.”.

  4. 3.Точката 2 која станува точка 4 се менува и гласи: “4. ВИЗИЈА, ГЕНЕРАЛНИ ЦЕЛИ И ГЛАВНИ НАСОКИ 4.1. Визија Поттикнати од економската важност на шумите, активностите на шумарскиот сектор ќе водат кон обезбедување на услови за конкурентност и адаптација на шумарскиот сектор кон променливите барања на пазарот. Согласно капацитетите, шумарството ќе обезбедува услови и ресурси за одржлив економски раст на секторот. Површините под шуми ќе продолжат да се зголемуваат по пат на пошумување на голини со квалитетен растителен материјал, при што предност ќе имаат автохтоните дрвни видови. Негата и заштитата на природните и вештачки подигнати шуми ќе бидат навремени и соодветни, со што ќе се обезбедат биолошки стабилни и економски изгледни шуми, со приоритет на поддршка на природните процеси во шумските екосистеми. Деградираните шуми и шикари постепено ќе се преведуваат во високи шуми при што ќе се обезебди и адекватна финансиска поддршка. Почитувањето на правната регулатива и нејзиното доследно спроведување сосема ќе ги искоренат бесправните сечи и другите штетни активности во шумарството преку создавање или приспособување на соодветни правни и институционални механизми, преку зајакнување на спроведувањето на законот за шумите, управувањето со шумите и контролата. Овие активностите ќе создадат услови за одржување и зголемување на дрвната резерва и подобрување на квалитетот на шумите. Стопанисувањето со други шумски производи ќе се одвива на принципи на одржливост. Современата инфраструктура и придружните објекти за собирање, обработка и пакување на другите шумски производи, ќе обезбедат конкурентност на производите на европскиот пазар. Ќе се почитуваат биолошките капацитети и ќе се ограничат можностите за прекумерно користење, со што ќе се заштитат економски и еколошки вредните видови и биолошката разновидност. 7 Државата ќе ги препознае општокорисните функции или екосистемските функции на шумата и ќе воведе правни, институционални и економски рамки и ќе ја подобри и стабилизира позицијата на шумарството во општеството. Посебно внимание ќе се посветува на зачувувањето и заштитата на шумите како носечки терестричен екосистем. Ова е значајно за биолошката разновидност воопшто, но и за обезбедвање на социјални, економски и културни придобивки за граѓаните. Шумските предели во Северна Македонија ќе бидат популарна дестинација за рекреативен, спортски, екотуризам и високо комерцијален ловен туризам со што ќе се остварува значителен девизен прилив. Освен во веќе постојните туристички центри, голем дел од активностите и дестинациите ќе бидат насочени кон најатрактивните шумските предели. Системот за рано известување, тревожење и супресија на шумски пожари ќе се одржува во функција и подобрува, а државата преку современа карантинска служба ќе обезбеди ефикасна превентивна заштита од интродуирани штетници и патогени. При пренамножување на штетници или фитопатогени, одговорните институции ќе реагираат брзо и адекватно, со примена на еколошки прифатливи мерки за сузбивање. Раководните луѓе и вработените во шумарскиот сектор ќе користат современа технологија и ќе бидат во чекор со најновите научни и технолошки достигнувања. Ќе постои тесна двонасочна соработка со научнообразовните институции при доквалификација, специјализација, научни истражувања и активности. Шумарството ќе воспостави постојано ажурирана и ефикасна база на податоци достапна за сите релевантни субјекти. Преку свои квалификувани претставници од државни и невладини тела, шумарството ќе членува во сите значајни меѓународни организации и активно ќе учествува во размената на знаења и искуства од својата област. Шумарскиот сектор ќе вработува квалификуван и висококвалификуван стручен кадар, конкурентни плати, социјално и пензиско осигурување и социјални, културни и рекреативни бенефиции. Раководењето и стопанисувањето во државниот шумарски сектор ќе биде транспарентно, а одлуките ќе се базираат единствено на основа на стручни основи. Стручната работа и раководење ќе ги исполнат социјалните, културните, институционалните, еколошките и економските очекувања за да се постигне одржливо стопанисување со шумите. Сите заинтересирани страни обединети со заедничка визија, ќе учествуваат во постигнување на целите и реализација на мерките од стратегијата. Стратегијата ќе даде насоки како да се постигне оваа визија, со примена на одржливоста како водечки принцип за задоволување на потребите на сегашните и идните генерации. 4.2. Цел Целта на Владата на Република Северна Македонија е да го зголеми придонесот на шумарскиот сектор во националната економија и во руралниот развој преку одржливо стопанисување со шумите, обезбедувајќи обновливи ресурси и заштита на локалната и глобалната животна средина, со што ќе обезбеди подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. 8 За да ја одржи и унапреди економската ефикасност на шумарскиот сектор за потребите на севкупниот национален развој, Владата ќе: • обезбеди подобна законска, институционална и економска рамка за имплементација на одржливо стопанисување со шумите; • обезбеди постојано финансирање на планираните шумски активности и мерки за да ги одржи и подобри шумските ресурси и да го поткрепи развојот на шумарскиот сектор. 4.3. Општи цели Општите цели на шумарскиот сектор се:

  5. 1. Да се обезбеди зголемување на површината под шуми и на нивниот производен потенцијал, подобрување на стабилноста и квалитетот на шумите, зголемување на отвореноста на шумите и подобрување на здравјето на шумските екосистеми и нивната виталност;

  6. 2. Да се осигури дека шумските производни функции (дрвни и недрвни), вклучително и економската ефикасност се зајакнати на одржлив начин;

  7. 3. Да се осигура дека еколошките и социјалните шумски функции или екосистемските услуги, вклучително и зачувувањето на биолошката разновидност на шумите и разновидноста на пределот, се одржуваат и зајакнуваат;

  8. 4. Да придонесе за ублажување на климатските промени преку адаптација на составот и структурата на шумите и зголемување на нивната отпорност на климатските промени; 4.4. Општи насоки за исполнување на целите За да се постигне целта и општите цели стратегијата, шумарскиот сектор треба да:

  9. 1. Воведе мултифункционални, поблиски до природата и економски одржливи системи за стопанисување во сите шуми;

  10. 2. Интензивирање на стопанисувањето со шумите на одржлив начин, врз основа на значително зголемени инвестиции во шумите како и на обемот на сеча, со истовремено намалување на нелегалната сеча и трговија со дрво;

  11. 3. Воведување на едновремено одржување и подобрување на шумските функции или екосистемски услуги преку одржливо стопанисување со шумите и стремење кон нивно сеопфатно вреднување;

  12. 4. Постепено преминување од краткотрајна кон долгорочна употреба на шумските производи од дрво; 9

  13. 5. Прилагодување и подобрување на организациската поставеност и функционирање на државните шумски институции/организации, врз основа на поделба на државните/јавните и комерцијални функции и подобрување на ефикасноста во управувањето со државните шуми;

  14. 6. Воведување и развој на системот на државно/јавно финансирање на шумските активности и мерки од јавен интерес и обезбедување на наменска употреба на средствата;

  15. 7. Подигање на политичката и јавната свест за клучната улога на шумите и нивните екосистемски услуги, вклучително и зачувување на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.

  16. 8. Привлекување на национално и меѓународно финансирање за заштита, зачувување, обнова и блиску до природен развој на шумите и за одржлив развој на шумарскиот сектор;

  17. 9. Усогласување на шумарското законодавство со националните потреби, меѓународните и ЕУ обврските.”.

  18. 4.Точката 3 која станува точка 5 се менува и гласи: “5. ШУМАРСКИОТ СЕКТОР, ШУМСКИ РЕСУРСИ И НИВНИТЕ ФУНКЦИИ 5.1 Шумски ресурси На шуми и шумско земјиште во Република Северна Македонија припаѓаат 1.122.753 ha или 43,7% во 2018, од кои вкупната површина под шуми изнесува 1.007.095 ha или 39,2%. Површината под шуми е зголемена за 4,9% од 2010, додека шуми и шумско земјиште се зголемени за 6,2%. Спред податоците во посебните планови за стопанисување со шумите, во 2016 вкупната дрвна резерва е 93.081.000 m3, а просечната дрвна залиха во периодот од 1989 до 2016 година е порасната за нешто повеќе од 8%, од 97 м3/ха до 105 м3/ха. Вкупниот годишен прираст е проценет на 1.830.000m3 со просечен годишен прираст на хектар од 2,02m3. Со помош на Фондот за пошумување (кој функционираше до 1990г.) беа пошумени повеќе од 140.000 ha голини. Во 2018, шумите во државна сопственост зафаќаат 882.471 ha (88,70%) од вкупната површина, додека вкупното учество во дрвна резерва изнесува 93,7%. Приватните шуми зафаќаат 11,30% (112.659 ha) од вкупната површина под шума и учествуваат со само 6,3% во вкупната дрвна резерва. Од вкупната површина под шуми и шумско земјиште околу 8% се неуредени. Шумарството во Република Северна Македонија е стопанска гранка која што во бруто националниот производ учествува со 0,4 - 0,5%, меѓутоа ако се валоризираат општокорисните функции, придонесот е значително поголем. Општиот придонес во бруто националниот производ на шумарството и дрвната индустрија (примарна и секундарна преработка на дрво, мебел, хартија, целулоза и др.) се движи од 0,9% до 1%. Генерално, трендот е во опаѓање. 10 Планираниот сечив етат во Република Северна Македонија во изминатите 10 години изнесува околу 1.400.000 m3, а околу 60% отпаѓа на евидентирано користење на истиот. Од вкупно производство, огревното дрво учествува со 80 до 85%. Шумите на Република Северна Македонија се карактеризираат со богата биолошка разновидност. Северна Македонија има значајни ресурси на други шумски производи: лековити растенија, печурки, шумски плодови итн. и разновиден дивеч. Значењето на шумите се потенцира со фактот што најголемиот дел од заштитените подрачја се шуми. Некои од главните закани и проблеми во стопанисувањето со шумите се: бесправната сеча која зафаќа големи размери; други нелегални активности; шумските пожари кои во последните 10 години (од 2011 до 2020) приближно опожариле 63.000 ha; климатските промени преку појавите на екстремни временски непогоди, каламитети на штетни инсекти и појава на болести. Сето ова води кон огромни загуби на секторот, во економска и еколошка смисла. Специфични цели: Специфични цели поврзани со подобрувањето на шумските ресурси се:

  19. 1. Постепено зголемување на шумската покривка со динамика на пошумување на нешумско земјиште, вклучително и природна експанзија на шумите од најмалку 0,05% од сегашната шумска покровност на годишно ниво;

  20. 2. Постепено зголемување на дрвната резерва кон нивната оптимална функционална состојба, со динамика од најмалку 0,5% на годишно ниво;

  21. 3. Постепено подобрување на стабилноста и квалитетната структура на шумите преку одржливо стопанисување, посебно по пат на конверзија на нискостеблените шуми во високостеблени шуми со динамика од 2% од нискостеблените шуми на годишно ниво кои се предмет на конверзија;

  22. 4. Постепено зголемување на отвореноста на шумите со нови шумски патишта во обем од 4% од постојнaтa шумската патна мрежа и

  23. 5. Одржување и подобрување на здравјето и виталноста на шумскиот екосистем со примена на мерки за одржливо стопанисување со шумите (во натамошниот текст: ОСШ). Насоки:

  24. 1. Идентификација и мапирање на напуштени или слабо продуктивни земјоделски земјишта, голини на шумско земјиште и земјишта кои се во процес на природна експанзија на шумите во државна сопственост, кои се можни и подобни за пошумување, земјаќи ги во обзир еколошките, економските и социјалните аспекти, вклучително и сопственоста на земјиштето.

  25. 2. Поттикнување на пошумување (во шума и на шумско земјиште како и пошумување на нешумско земјиште) на основа на соодветни програми или планови, со употреба на квалитетен репродуктивен материјал и мешавина од адаптирани видови на дрвја во согласност со глобалните климатски трендови и локалните услови на месторастење); 11

  26. 3. Спроведување на активности за нега и прореди, особено во млади шуми, како и обновување на деградирани и оштетени шуми, забрзување на претворањето на нискостеблените шуми во високостеблени шуми и постепено намалување на нивото на нискостеблено стопанисување со шумите и спроведувањето на чисти сечи;

  27. 4. Зголемување на пристапот до шумите преку изградба, реконструкција и одржување на патиштата со користење на еколошки прифатливи методи;

  28. 5. Преземање на мерки за заштита и зачувување на природните шумски генетски ресурси кои вклучуваат: • Идентификација и очувување на шумскиот генофонд; • Формирање на шумска генетска банка; • Избор и одржување на семенски насади и „плус стебла“ од економски вредни и ретки шумски видови дрвја.

  29. 6. Спроведување на дијагностичко-прогностичко-извештајна (во натамошниот текст: ДПИ) служба;

  30. 7. Спроведување на неопходни превентивни мерки за заштита на шумите и извршување на сантирани сечи.

  31. 8. Спроведување на националните критериуми и насоки за одржливо стопанисување со шумите при спроведувањето на шумската пракса. 5.2. Шуми и дивеч Цел Да се придонесе во подобрување на популацијата на дивечот преку адекватна полова и возрасна структура со што ќе се обезбеди нивна репродукција со квалитетни грла, одржливо стопанисување и развој на ловниот туризам. Насоки

  32. 1. Преземање мерки и активности за зголемување на бројната состојба на дивечот до планираната нормална бројна состојба.

  33. 2. Создавање на услови за подобрување на состојбата на автохтоните видови на дивеч, реинтродукција на изчезнатите автохтони видови и интродукција на други видови на дивеч.

  34. 3. Зголемување на инвестициите за подобрување на трофејната вредност на дивечот.

  35. 4. Подобрување на координацијата меѓу државата и невладиниот сектор, особено ловечките друштва.

  36. 5. Воспоставување база на податоци за бројноста на дивечот по ловишта, ловни реони и ловностопански подрачја, и нејзино постојано ажурирање.

  37. 6. Воведување на научно базирани методи за одржливо стопанисување со дивечот и ловот, на основа на комерцијални принципи. 12 5.3. Други шумски производи Собирањето на други шумски производи (во натамошниот текст: ДШП) има долга историја во Северна Македонија. Шумите и шумското земјиште се богати со ДШП, како медицински билки, шумски плодови и печурки. Од друга страна, сè уште не е спроведена инвентаризација на потенцијалот и вредноста на ДШП, ниту на собраните и/или продадените количини и вредности на истите. Одредени видови на ДШП се загрозени и заштитени диви видови растенија, габи и животни за кои дозволите за собирање се веќе (делумно) регулирани со Законот за заштита на природата. Во моментот, околу 40 мали и средни претпријатија (во натамошниот текст: МСП) се активни во потсекторот ДШП и главно се извозно ориентирани. Не е познат ни бројот на собирачи на ДШП но истиот сигурно би можел да достигне неколку илјади. Искористувањето на ДШП е дополнителна активност на ЈПНШ, кое во име на државата како сопственик на шуми ги продава и дозволите за собирачи. Подсекторот вработува значителен број на локални жители (со скратено работно време и неформално). Цел Поттикнување на употребата на другите шумски производи на одржлив начин за да се зголемат приходите за шумарскиот сектор и да се обезбедат приходи за локалното население. Насоки

  38. 1. Изработка на национална студија (инвентаризација) за потенцијалот на недрвните шумски производи во количини и финансиска вредност.

  39. 2. Проценка на количините и финансиската вредност на собрани и продадени недрвни производи од шума како и капацитетите за нивна преработка.

  40. 3. Развој на механизми за плаќање на употреба на недрвни производи од шума, на основа на регионални искуства, земајќи ги во предвид веќе регулираните (загрозени и заштитени) диви видови на растенија и печурки во согласност со Законот за заштита на природата.

  41. 4. Доделување на институционална одговорност за администрација со правата на користење на недрвни производи од шума на Агенцијата за шуми.

  42. 5. Промоција на еколошки прифатливи практики за користење на другите шумски производи во согласност со принципите за зачувување и одржлив развој. 5.4. Други шумски функции или екосистемски услуги Другите шумски функции традиционално ги вклучуваат шумските еколошки функции, меѓу нив различни заштитни функции и социјални функции. Меѓу нив е функцијата за зачувување на биолошката разновидност на шумите и функција за ублажување на климатските промени. Традиционалниот термин „шумски функции“ е аналоген на „шумски екосистемски услуги“. Почитувајќи ја сопствената традиција, шумарскиот сектор го зачувува терминот „функција“. 13 Стопанисувањето со шумите во Северна Македонија, сепак, сè уште не се заснова на одржување на шумските функции и со тоа сè уште не е мултифункционално. Иако шумските функции обезбедуваат поволни услуги за општеството, истите имаат потреба од примена на разни одгледувачки мерки, општеството не плаќа ништо за овие екосистемски услуги. Индиректно, плаќаат само сопствениците и корисниците на шумите преку програмата за проширена репродукција на шумите, додека државниот буџет не издвојува дополнителни средства за потребните мерки за подобрување на другите шумски функции или екосистемски услуги. Цели:

  43. 1. Да се зголеми капацитетот на шумите за обезбедување на шумски функции или екосистемски услуги со цел задоволување на потребите на луѓето.

  44. 2. Да се обезбедат јавни приходи за одржување на шумските функции или екосистемски услуги. Насоки:

  45. 1. Да се спроведе мапирање на функциите на шумата или екосистемскитe услуги при обнова на плановите за стопанисување со шумите;

  46. 2. Проценка (сегашна и потенцијална) на монетарната вредност на другите шумски шумски функции или екосистемски услуги;

  47. 3. Воведување на плаќање за обезбедување на шумските функции и екосистемски услуги на основа на трошоците кои се потребни за одржување на овие функции или услуги, земајќи ги во обзир регионалните искуства.

  48. 4. Доделување на институционална одговорност на Агенцијата за шуми за администрација и користење на средства собрани од плаќање за одржување на шумските функции и екосистемски услуги.

  49. 5. Воведување на мерки за одржување на шумските функции и екосистемски услуги главно по пат на одржливо стопанисуање со шумите. 5.5. Производи од дрво Дрвната индустрија не е дел од шумарскиот сектор. Бидејќи во производството на дрвни производи околу 85% отпаѓа на огревно дрво, преработката на техничко дрво е слаба и неразвиена. Според податоците од државен завод за статистика, во 2015 година имало вкупно 440 субјекти кои биле регистрирани за преработка на дрво и производи од дрво и плута (без производство на мебел). Овој сектор во 2014 година вработувал околу 2.100 вработени, додека овие ентитети имале удел од само 0,13% БДП во 2017 година. Севкупно, придонесот на секторот на дрвна индустрија изнесуваше 0,57% од БДП. Цели

  50. 1. Да се придонесе кон ефикасна употреба на дрво и дрвни производи од шуми кои се стопанисуваат на одржлив начин и да се воведат локални економско-изгледни ланци на производи од дрво во согласност со понудата и побарувачката на дрво. 14

  51. 2. Обезбедување на погодни пазарни услови за ефикасна и конкурентна преработка на дрвото. Насоки

  52. 1. Обезбедување на континуирано и стабилно снабдување со дрво од страна на ентитетите кои стопанисуваат со шуми во државна сопственост на основа на јавни тендери и/или аукции како и со пазарно базирани договори, вклучувајќи и договори со подолг рок на важност за да се поддржат потенцијалните вредносни ланци на производи од дрво;

  53. 2. Забрзување на воведување на меѓународни стандарди во секторот и промоција на условите за воведување на шумска сертификација и сертификација на производи од дрво како и на условите за исполнување на барањата на регулативата EUTR (за извоз на производи на пазарите во ЕУ);

  54. 3. Зајакнување на меѓусекторската комуникација, соработка, здружување (пример преку дрвни кластери) и размена на информации и технологии.”.

  55. 5. Точката 4 која станува точка 6 се менува и гласи: “6. УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА ВО РАЗВОЈОТ НА ШУМАРСКИОТ СЕКТОР 6.1. Подобрување на институционалната поставеност и функционирање на институциите / организациите од шумарскиот сектор и нивната улога и капацитети Управување, контрола и надзор над шумите и шумското земјиште во државна сопственост спроведува Владата на Република Северна Македонија во согласност со Законот за шуми преку Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Секторот за шумарство. Секторот за шумарство во поширока смисла е составен од (1) Сектор за шумарство и ловство (во натамошниот текст: СШЛ), (2) Сектор за шумска полиција (во натамошниот текст: СШП) и (3) Државен инспекторат за шумарство и ловство (ДИШЛ) како независно министерско тело. Секторот како целина е претставуван од државен советник за шумарство кој има улога на пренесување на секторските потреби и предлози до Министерот и обратно. СШЛ (со своите 14 вработени) е највисоката административна управа во шумарството и ловството. Освен администрацијата во потесна смисла, СШЛ создава политики, програми и регулативи за шумарство и лов. Поради нискиот организациски статус, слабиот човечки и технички капацитет и голем обем на административни работи, СШЛ не може ефективно да ги извршува своите функции. Функционално, не може да го претставува и/или да управува со целиот сектор шумарство, не може да врши административна контрола на управувањето со државните шуми, ниту да има некое значително влијание, во име на државата како сопственик на шуми, врз субјектите кои управуваат со државните шуми, особено Јавното претпријатие „Национални шуми“. СШП (со околу 400 вработени, меѓу кои 85% полицајци) врши полициска контрола на шумите и особено транспортот на дрва на контролно-патролен начин. СШП има централна организациона единица и 30 регионални полициски станици низ Северна Македонија. Шумската полиција е особеност за Северна Македонија. Својата функција 15 ја врши независно од другите шумски служби. Соработката со шумочуварите (на субјектите кои стопанисуваат со државните шуми) и шумарската инспекциска служба е слаба. СШП неодамна беше подобро опремен, но му недостасуваат шумарско- професионални капацитети. Многу извештаи на шумската полиција за прекршоци паѓаат на суд. Нему му недостасува и современа технологија за извршување на својата функција. Претежно се третираат мали случаи на незаконска сеча и транспорт на дрва, додека големите, криминални случаи во поголем дел остануваат без третман. Оттука, ефикасноста на шумската полиција во борбата против нелегалната сеча и другите нелегални шумски активности е релативно ниска. Надзорот врз шумарството и ловот го врши ДИШЛ (само со 15 шумарски и 2 ловни инспектори), врз основа на посебен Закон за шумарско-ловна инспекција. ДИШЛ функционира преку секторите за шумарство и ловство и пет регионални единици. Стручниот шумарски капацитет на инспекторите е слаб. На ДИШЛ му недостасува опремена, современа технологија и буџет за негово ефикасно функционирање. Следствено, ДИШЛ е прилично немоќна во извршувањето на својата функција Јавното претпријатие „Национални шуми“ (ЈПНШ) стопанисува со мнозинството од државните шуми врз основа на Законот за шуми. Правото на стопанисување ги опфаќа шумите со производна и заштитна намена. Од производните шуми, 31% се високостеблени шуми, додека дури 69% се нискостеблени шуми, односно шуми со мала дрвна резерва, мал прираст и низок квалитет на дрво (главно за огревно дрво). ЈПНШ е централизирано претпријатие, хоризонтално организирано во 9 професионални и комерцијални сектори. Вертикално, има двостепена организација, со главно седиште и 30 подрачни единици (подружници). Подружниците се прилично независни во нивното функционирање во пракса. Тие вработуваат управна, шумарско-техничка, административна, сметководствена и логистичка поддршка, а користат и услуги за спроведување на оперативното стопанисување со шумите. Постои пообемно преклопување на административните и сметководствени функции на подружниците со функциите на централата. Тие вршат и помал дел од шумските операции (37% сеча, 23% дотур и 20% од транспорт на дрво во 2019 година) во сопствена режија. Поради дефицитарната и многу застарена опрема, како и поради малата густина и слабиот квалитет на шумските патишта, ефикасноста во искористувањето на шумите е многу мала. ЈПНШ има околу 1650 постојани вработени поврзани со стопанисување со шумите или 3,8 на 1.000 m3 сеча. Според анализата во рамките на ЕУ проектот “Ревизија на шумарскиот сектор во Република Северна Македонија и подготовка за 2019 IPA проект во шумарството“, ова е 2,3 пати повисок број на вработени отколку во Хрватски Шуми д.о.о. и 1,6 пати повисоко отколку во Бугарското југозападно државно шумско претпријатие. Тоа укажува дека ЈПНШ е сериозно превработен за остварениот износ на сеча на дрвни производи. Економските резултати во производството на дрво, како основна дејност на ЈПНШ се значително негативни веќе неколку години, а особено во моментов, па така работењето на претпријатието резултираше со голема акумулирана загуба. И покрај фактите, ЈПНШ сè уште не е рационализирано и трансформирано во ефикасен деловен субјект, како што е предвидено во Стратегијата, користејќи ги најдобрите решенија од европските земји. Така, тоа останува превработено, централизирано, регулирано од државата (во однос на политиката на цените на дрвото) и не е пазарно ориентирано, со премногу политичко влијание и производно и економски неефикасно. Следствено на тоа, соодветната рационализација, реорганизација и трансформација на ЈПНШ е итна. 16 Цел Да се обезбеди трансформација и подобрување на институционалната поставеност на институциите / организациите од шумарскиот сектор на основа на Европските искуства и националните специфики и потреби и нивниот соодветен капацитет за ефикасна шумска и шумарска администрација и за одржливо стопанисување со шумските ресурси. 6.1.1. Издвојување на функцијата на шумска администрација во име на државата од функцијата на комерцијално стопанисување со шумите Насоки за Јавното Претпријатие Национални шуми:

  56. 1. Соодветно раздвојување на сегашните функции на администрација за шуми во име на државата на претпријатието од економската / комерцијална функција како предуслов за реорганизација на ЈПНШ во комерцијален субјект. Издвојувањето треба особено да ги опфати следните активности: – административни постапки и процедури за шумите во име на државата во случај на државни и приватни шуми; – шумско стопанско планирање и - стручно-технички услуги во приватни шуми.

  57. 2. Комерцијализација на функцијата за стопанисување со државните шуми на одржлив начин - преку трансформација на ЈПНШ во комерцијално-ефикасна и еколошки и социјално одговорно друштво за стопанисување со шумите во државна сопственост.

  58. 3. Приспособување на тековната функција на ЈПНШ на стопанисување со државни шуми и функцијата за чување на шумите на комерцијалните барања на идното друштво. 6.1.2. Формирање на Агенција за шуми Насоки

  59. 1. Формирање на Агенција за шуми како независна јавна институција со статус на правен субјект, под административен надзор на МЗШВ, во согласност со Закон за шуми и на основа на посебен Закон за Агенција за шуми.

  60. 2. Преземање на соодветен дел на вработени од ЈПНШ, кои се ангажирани на посебни активности кои се во доменот на државна шумска администрација, планирање и услуги во приватните шуми, вклучително и соодветната опрема во Агенцијата за шуми, доколку е можно, на основа на соодветна програма. Трансфер на вработените и соодветната опрема од Секторот за шумска полиција на МЗШВ во Агенцијата за шуми, на основа на соодветна програма.

  61. 3. Агенцијата за шуми треба да ја извршува шумско полициската функција во согласност со Законот за Агенција за шуми. 17

  62. 4. Функцијата на јавна шумска администрација или служба на Агенцијата за шуми треба да ги вклучува следните задолженија, задачи и услуги: • спроведување на управни постапки и задачи поврзани со сите шуми, шумско земјиште и друго земјиште освен подрачјата во урбаните средини; • доделување на право за собирање и/или преработка на недрвни производи од шума во име на државата, освен во шумите на националните паркови; • оперативна контрола на спроведувањето на договорот на Друштвото за државни шуми за сметка на државата како сопственик на шумата. • спроведување на национална инвентаризација на шуми и сите видови на задачи за систематски мониторинг на сите шуми; • обезбедување на шумско развојно планирање, вклучително и елаборација на национален шумски развоен план; • обзбедување на шумскостопанско планирање за корисниците и сопствениците на шуми; • воспоставување и одржување на интегриран шумски информативен систем вклучително и модулот за електронско следење на дрвната маса и други системски компоненти; • спроведување на професионално-технички задачи поврзани со планирање и програмирање на пошумување, одгледување, заштита на шумите, зачувување на шумите, користење на шумите, шумска инфраструктура и одржување на шумските функции; • обезбедување на стручно-технички услуги на сопственици на приватни шуми и сопственици на друго приватно земјиште; • обезбедување на советодавни услуги за сопствениците, корисниците на шумите и други засегнати страни; • ревирна контрола на стопанисување со приватните шуми и шумите во државна сопственост кои не се стопанисуваат од субјектите за стопанисување со државните шуми; • управување со посебна сметка за собирање на извори за финасирање во шумарството; • пренос на државната финансиска поддршка на сопствениците и корисниците на шумите од посебната сметка и другите државни буџетски извори според процедурите пропишани со Закон; • други задачи утврдени со закон.

  63. 5. Агенцијата за шуми треба да спроведува и дел од функцијата на служба за дивиот свет, вклучително и услуги за ловно стопанско планирање за менаџерите на ловиштата, координација на мониторинг на дивиот жив свет и управување со информациски систем според одредбите од Законот за ловство, кои треба да се припремат соодветно.

  64. 6. Агенцијата за шуми треба да ја извршува својата функција на централно и локално ниво особено со користење на просториите на шумско полициските станици. 6.1.3. Надградба на секторот за шумарство и ловство при МЗШВ во Директорат 18 Насоки:

  65. 1. Поради зголеменото еколошко, економско и социјално значење на шумите и екосистемските услуги и последователно потребата од зголемување на важноста на шумската политика и нејзиното спроведување, како и потребата од зајакнување на улогата на државата, во услови на комерцијализација на шумарството, сегашниот Сектор за шумарство и ловство при МЗШВ треба функционално да се прилагоди и да се надгради во Директорат, врз основа на искустватата на неколку земји-членки на ЕУ.

  66. 2. Директоратот треба да биде одговорен за формулирање на шумарските политики, стратегии, програми и регулативи и за мониторинг и известување за нивната имплементација, за највисоко ниво на шумарски административни задачи, вклучително и административен надзор на подредени државни органи, институции и служби, како и управување со шумарскиот сектор, вклучувајќи контрола на спроведувањето на договорот(ите) за стопанисување со државните шуми во име на државата како сопственик на шумите, во согласност со Закон. 6.1.4. Трансформација на сегашното Јавно Претпријатие Национални шуми во Друштво за државни шуми Насоки:

  67. 1. ЈПНШ треба да се трансформира во трговско друштво за стопанисување со државните шуми во 100% државна сопственост, Друштво за државни шуми (во натамошниот текст: ДДШ), во согласност со посебен закон (Закон за ДДШ).

  68. 2. Друштвото треба да ги извршува следните активности: ▪ стручно-технички активности како дел од јавната служба за државни шуми на кои имаат право за стопанисување; ▪ економско стопанисување со шумите во државна сопственост и тоа за производна, заштитна и посебна намена, вклучително и шуми во заштитени подрачја, освен шуми кои се веќе дадени на управување на други субјекти; ▪ чување на шумите во државна сопственост во рамките на шумските реони во кои стопанисува и заштита на имотот на друштвото; ▪ продажба на дрво и дрвни сортименти; ▪ реонско чување на државните шуми со кои стопанисува и имотот во сопственост на ДКШ; ▪ производство и продажба на семенски и саден материјал; ▪ стопанисување со ловишта во согласност со закон; ▪ преработка и продажба на недрвни шумски производи; ▪ управување со заштитени подрачја во кои доминираат шумите, во согласност со закон.

  69. 3. Формата и вертикалната структура на друштвото треба да се дефинираат со новиот Закон за ДДШ, врз основа на претходна физибилити студија и стратешки план.

  70. 4. Треба да се усвои соодветна социјална програма за решавање, вклучувајќи прераспоредување и преквалификација на одреден број вработени во ЈПНШ кои се вишок, на основа на обезбедени финансиски средства за нејзино спроведување од страна на ЈПНШ и државниот Буџет. 19 6.1.5. Формирање на нов Шумарски Институт Насоки:

  71. 1. Треба да се формира нов Шумарски институт за истражувачко-развојна работа во шумарството во вид на јавна институција од национален интерес.

  72. 2. Развојната работа на Институтот треба да го поддржи спроведувањето на активностите на Агенцијата за шуми и телото на државна администрација надлежно за шумарството, како што се инвентаризација и мониторинг на шумските ресурси, идентификација и мапирање на типовите на шумска вегетација и шумските функции, методологии за планирање и мониторинг на шумите, како и развој на системи за стопанисување со шуми и нормативи за шумарски активности и операции.

  73. 3. Развојната шумарска дејност на Институтот треба да се финансира од посебната сметка на Агенцијата за шуми врз основа на соодветни програми што ќе ги донесе министерот надлежен за шумарство.

  74. 4. Истражувачката дејност и основната инфраструктура треба да се финансираат од Буџетот на Република Северна Македонија во согласност со Закон. 6.1.6. Зајакнување на капацитетите на шумарските институции / организации Насоки:

  75. 1. Обезбедување (меѓународна) стручна поддршка за подготовка на планот за формирање и функционирање на новата Агенција за шуми;

  76. 2. Воспоставување и зајакнување на човечките и техничките капацитети на новата Агенција за шуми (вклучувајќи ја Шумска полиција);

  77. 3. Обезбедување (меѓународна) стручна поддршка на ЈПНШ за подготовка на стратешки план за негова рационализација и реорганизација во Друштвото за државни шуми;

  78. 4. Обезбедување техничка поддршка за ефикасно управување и користење на интегрираниот шумски информациски систем (кој ќе го управува Агенција за шуми и ќе го користат субјектите што стопанисуваат со државните шуми и трговците со дрво) и неговите модули, особено модулот за следење на дрвото;

  79. 5. Зајакнување на човечките и техничките капацитети на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

  80. 6. Поддршка за формирање на шумарски здруженија. 6.2. Подобрување на улогата и капацитетите на институциите на секторот за заштита на природата поврзани со управување со шумските екосистеми во заштитените подрачја Законот за шуми ја регулира заштитата, зачувувањето, обновувањето и стопанисувањето со шумите и во рамките на националните паркови (во натамошниот текст: НП) и другите 20 заштитени подрачја (во натамошниот текст: ЗП). Слично на тоа, Стратегијата за шумарство одредува одредени цели и насоки и за шумите во рамките на ЗП. Согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа, Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: МЖСПП) ги врши работите поврзани со заштитата на биолошката разновидност, НП и други ЗП. Овие активности ги раководи неговиот Сектор за заштита на природата, а ги спроведуваат Јавните установи национални паркови (во натамошниот текст: ЈУНП) и субјектите за управување со ЗП, согласно Законот за заштита на природата. Сепак, имплементацијата на овој систем во пракса носи одреден дуализам и последователни конфликти помеѓу секторите шумарство и заштита на природата, особено поврзани со надлежностите во планирањето на управувањето со шумите. Ова треба да се реши соодветно, врз основа на заеднички принципи за истовремено зачувување и одржливо користење на шумите (во зоната на ЗП каде е дозволено одржливо користење). Во однос на човечкиот капацитет, на Секторот за заштита на природата критично му недостасуваат стручни лица од шумарството, со тоа што тој сам нема доволен капацитет за создавање и имплементација на соодветен концепт за управување со шумскиот екосистем во рамките на ЗП. Од друга страна, и на раководните субјекти на ЗП им недостигаат стручни и технички капацитети за спроведување на ваков концепт. Во Република Северна Македонија постојат три стари НП: Маврово, Пелистер и Галичица. Во моментов, новиот НП Шара е назначен со посебен Закон (2021) и со него треба да управува истоимената ЈУНП. Што се однесува до управувањето со шумите во НП, тоа беше правно одземено од постојното право на управување на ЈПНШ, додека подружницата на ЈПНШ Гостивар остана без околу 50% од својата шумска површина и приходите кои доаѓаат од таа шумска површина, но со сите поранешни вработени. Законот за прогласување на НП Шара и актот за прогласување не го реши овој проблем. Во моментов се назначени и две нови, поголеми ЗП (Малешево и Осогово), врз основа на Законот за заштита на природата. Меѓутоа, управувањето со ЗП, откако ги одзеде шумите од раководството на ЈПНШ, беше доделено на ЈПНШ, во кое беше вклучено и управувањето со шумите. Ваквата практика, заснована на одземање на правото на ЈПНШ да стопанисува со шумите во рамките на ново прогласено ЗП, наместо да се зачува правото, иако постои законска можност да се врати назад на ЈПНШ преку управување со ЗП, не е прифатлива во контекст на интеграцијата на биолошката разновидност и соодветната соработка меѓу државните институции / организации од еден и друг сектор. Цели:

  81. 1. Да се обезбеди одржлива администрација и управување со шумите во рамките на ЗП врз основа на принципите за одржлив развој и најдобрите Европски практики.

  82. 2. Да се осигури дека управувањето со државните шуми во рамките на идните ЗП е задржано под управување на ЈПНШ и/или идната Друштво за државни шуми со обврска за ЈПНШ/ДДШ да ги почитува пропишаните режими за заштита во заштитените подрачја. Насоки:

  83. 1. Усогласување на улогата на шумарството и институциите/организациите за заштита на природата поврзани со шумите во рамките на ЗП врз основа на принципите на истовремено зачувување и одржливо користење;

  84. 2. Зголемување на шумарско-стручните капацитети (во број и квалитет на стручни лица) на Секторот за заштита на природата на МЖСПП, како и шумарско-стручните и техничките 21 капацитети на субјектите кои управуваат со заштитени подрачја според вообичаените шумарски стандарди, земајќи во предвид дека овој стандард за шуми во ЗП треба да е повисок отколку за шуми надвор од ЗП;

  85. 3. Вклучување на одредбата за спроведување на горенаведената цел бр. 2 во новиот Закон за шуми. 6.3. Стопанисување со државни шуми Цел Да се подобри ефективноста на стопанисувањето со шумите и да се овозможи негово функционирање во услови на слободни пазарни услови. Насоки:

  86. 1. Идните права на Друштвото за стопанисувањето со шумите во државна сопственост треба да ги вклучи производните шуми, заштитните и шумите во заштитени подрачја, освен шумите со кои веќе стопанисуваат други ентитети.

  87. 2. Воведување на реонско стопанисување во комбинација со професионално-технички задачи на чување на шумите во државна сопственост.

  88. 3. Отстранување на пазарните бариери и воведување на пазарни инструменти за стопанисување со шуми во државна сопственост: особено замената на максималните цени за дрвни сортименти со минимални цени.

  89. 4. Избегнување на сегашната монополска позиција на ЈПНШ во трговија со шумски дрвни сортименти на начин според кој новата ДДШ не треба да има удел поголем од 50% во вредноста на трговијата со дрво во Северна Македонија според законот на ЕУ за пазарна конкурентност. 6.4. Борба против нелегални активности во шумите Иако одредбите од сегашниот Закон за шуми за заштита од нелегална сеча доведоа до исполнување на повеќето барања од EUTR, нелегалната сеча останува најсериозен и долгорочен проблем, што го загрозува одржливото управување со шумите, како и вредноста на шумите во поширока перспектива. Покрај тоа, бесправната сеча и продажба создаваат и загуби во економскиот и јавниот финансиски сектор и на државниот Буџет. Според наодите во Студијата изработена во рамките на ЕУ проектот, има голем обем на нерегистрирана дива сеча. Според Студијата, обемот на илелгална сеча се движи во рамки од 55% до 106% од легално посеченото дрво. Покрај економските и фискалните загуби, незаконската сеча предизвикува деградација или уништување на шумите, го нарушува нејзиниот потенцијал за природно обновување и ги загрозува шумските функции или екосистемските услуги. Еколошките последици од нелегалната сеча се рефлектираат и во ерозија на шуми и други земјишта, зголемен ризик од шумски пожари, шумски болести и непогоди од штетници, нарушување на режимот на вода итн. Цели 22

  90. 1. Да се намали обемот на незаконската сеча на ниво на случајна појава, преку создавање и/или приспособување на соодветни правни и институционални механизми, преку зајакнување на спроведувањето на законот за шумите, администрацијата и контролата, како и со прилагодување и унапредување на спроведувањето на санкциите.

  91. 2. Да се подигне јавната свест за важноста на заштитата на шумите од сите прекршувања. Насоки:

  92. 1. Дополнително усогласување на шумарската легислатива со соодветната регулатива на Европската унија, особено со EUTR;

  93. 2. Воведување на систем на реонско чување на шумите во државна сопственост од страна на ентитетите кои стопанисуваат со шуми во државна сопственост како и реонска контрола на приватните шуми од страна на Агенцијата за шуми;

  94. 3. Примена на модерни технологии и алатки за редовен мониторинг и рано откривање на нелегални сечи од страна на Агенцијата за шуми;

  95. 4. Да се обезбеди следење на дрвото од шумата со примена на електронски систем уште од фазата на ознака за сеча се до крајните корисници на шумски дрвни производи;

  96. 5. Воведување и примена на електронско следење на дрвото од страна на субјектите кои стопанисуваат со државни шуми, субјектите кои вршат продажба на шумски дрвни производи и Агенцијата за шуми;

  97. 6. Усвојување и спроведување на акциски план за борба против незаконски активности;

  98. 7. Зајакнување на секторската и меѓусекторската соработка, односно помеѓу шумочуварската служба, шумската полиција и инспекциската служба од една страна и редовната полиција, обвинителството и судовите од друга страна со цел поефикасна борба против нелегалните шумарски активности;

  99. 8. Приспособување на нивото на санкции поврзани со нелегални шумски активности и зголемување на ефикасноста во нивното спроведување;

  100. 9. Осигурување на транспарентност при стопанисувањето со државни шуми и стопанисувањето на државните компании, учеството на засегнати страни во носењето на одлуки, планирањето, извршувањето и мониторингот на шумските активности. 6.5. Шумска инвентаризација, планирање, мониторинг и управување со информации Цели:

  101. 1. Да се обезбедат квалитативни и веродостојни податоци и информации за сите шуми, во однос на нивната сопственост и намена, редовно следење на состојбата на шумите и праксите за стопанисување со шумите и дигитално следење на дрвната маса од шумите (локациите на сеча) до крајните корисници на дрвото.

  102. 2. Да се обезбеди надградба и интеграција на сите релевантни компоненти на шумскиот информациски систем, да се воведе интегриран шумски информациски систем (во натамошниот текст: ИШИС) и негово централизирано управување од Агенцијата за шуми, врз основа на внесот на податоци од страна на корисниците на системот. 23

  103. 3. Да се обезбедат точни и навремено ажурирани информации за шумите, стопанисувањето со шумите и шумските производи на државниот и приватниот шумарски сектор, на невладините организации и меѓународните институции и на заинтересираната јавност.

  104. 4. Да придонесе за ефикасна размена на информации во рамките на шумарскиот сектор и низ секторите поврзани со шумите со цел да се олесни соработката и да се подигне јавната свест за вредноста и важноста на шумите и шумарството. Насоки:

  105. 1. Спроведување на Национална инвентаризација на шумите на основа на 5 годишни циклуси;

  106. 2. Спроведување на мониторинг на здравствената состојба на шумите на прво ниво (според ICP методологијата) и редовен годишен мониторинг на здравствената состојба на шумите и нивната виталност од страна на субјектите кои стопанисуваат со државни шуми.

  107. 3. Воведување и спроведување на редовна проценка на одржливоста на стопанисувањето со шумите на ниво на стопанска единица, на основа на национални критериуми и индикатори за ОСШ;

  108. 4. Подобрување на квалитетот на методологијата за ГИС базирана инвентаризација на шумските насади која вклучува и категорија на средностеблени насади, како и на методологијата за изработка на плановите за стопанисување со шумите и метдологија за мапирање на шумските функции или екосистемски услуги врз основа на принципите на мултифункционалност;

  109. 5. Елаборација на насоки за планирање во шумарството поврзано со оптимална функционална состојба на шумските насади по шумски асоцијации, типови на одгледување и стопанисување.

  110. 6. Трансфер на шумско-стопанското планирање од ЈПНШ во Агенцијата за шуми;

  111. 7. Подобрување на техничкиот квалитет (состав) и ефикасност на рецензионата комисија за одобрување на плановите за стопанисување со шумите и посебните ловно-стопански основи;

  112. 8. Да се обезбеди техничка и технолошка помош на структурите на Агенцијата за шуми и за корисниците за ефикасно користење и управување со ИШИС.

  113. 9. Зајакнување на професионалниот и технички капацитет за шумско-стопанско и ловно планирање и мониторинг;

  114. 10. Да се развие, воведе и употребува интегриран шумски информациски систем ИШИС на централно и корисничко ниво. 6.6. Јавно финансирање на шумарските активности и мерки Активностите на стопанисување со шумите главно се финансираат преку продажба на дрвото. Приходите од продажбата, на годишно ниво, се движат околу 90% од вкупните приходи во годината на шумските претпријатија. Шумарството од државата 24 не добива дополнителни средства финансирани од државниот буџет кои би биле независни од изворите кои се од буџетски приходи на шумарството, како поддршка на одржливо стопанисување и промоција на општокорисните функции на шумите. При ваква состојба шумарскиот сектор без помош на државата не е во можност да се консолидира од сопствени финасиски извори. Цел Да се осигура соодветно финансирање на активности и мерки од репродукција на шумите, одржување на шумските функции и ексоистемски услуги, вклучително и зачувување на биолошката разновидност и намалување на климатските промени и други активности и мерки кои придонесуваат на заштита, зачувување и блиску до природен развој на шумите. Насоки: 1) Продолжување со постојните и воведување на нови механизми за (јавно) финансирање на шумските активности преку: a) Издвојувања за проста репродукција на шумите (во висина од 10% од пазарната вредност на дрвните сортименти на шумски пат) од страна на Друштвото за државни шуми, во согласност со посебен закон. б) Задржување на обврската за плаќање на проширена репродукција на шумите од страна на сопствениците на приватни шуми и субјектите кои стопанисуваат со шуми во државна сопственост (во висина од 3% од пазарната вредност на дрвните сортименти на шумски пат). в) Задржување на постојната обврска за плаќање на надомест за копачење и трајна пренамена на државни шуми и воведување на плаќање за право на службеност на државно шумско земјиште како и плаќање за штети на шумско земјиште заради детални геолошки истражувања и користење на минерални суровини – да се плаќа од страна на инвеститорите или концесионерите; г) Задржување на обврската за плаќање на надомест за штета во државни шуми заради нелегални активности од страна на причинителите. д) Воведување на финансиски надомест за спроведување на професионално-технички услуги на сопствениците на шумите (во износ од 10% од вредноста на дрвото на пенушка) – да се плаќа од страна на сопствениците по извршена услуга; ѓ) Воведување на финансиски надомест за услуги за планирање на стопанисување со шуми (изработка на планови за стопанисување и планови за зачувување преку управивање) кој ќе се плаќа од страна на ентитети кои стопанисуваат со шуми во државна сопственост и поголемите сопственици на приватни шуми (во износ од 1-15 евра/ха/10 години); е) Воведување на плаќање за право на користење на недрвни производи – да се плаќа од страна на собирачи или преработувачи на производи на основа на договори во износ од 10% од пазарната вредност на производите; ж) Воведување на плаќање за одржување на шумските функции или екосистемски услуги во висина од 0,05% од бруто годишниот приход - што ќе го плаќаат сите трговски правни лица кои обавуваат комерцијални активности на територијата на Северна Македонија; з) Воведување на финансирање на шумски мерки од други извори на финансирање, особено од ЕУ и меѓународни донатори. 25 и) Воведување финансирање на мерки за шумарство и поврзани со шумарството од фондовите на националната програма за рурален развој; ј) Воведување на финансирање на шумски и шумарски мерки од националната програма за животна средина; к) Воведување на финансирање на шумски активности и мерки од државниот буџет во согласност со одредбите од новиот Закон за шумите.

  115. 2. Отворање на посебна сметка на Агенцијата за шуми во која би се собирале сите сегашни и нови финансиски извори (а до з) и (ј).

  116. 3. Користењето на средствата од посебната сметка на Агенцијата за шуми треба да се овозможи за следните цели: а) Мерки за проста репродукција на шумите за кои средствата ќе ги префрла Агенцијата за шуми и ќе ги користи ДДШ; б) Мерки за проширена репродукција на шумите за кои средствата ќе ги префрла Агенцијата за шуми и ќе ги користат ентитети кои стопанисуваат со државни шуми и сопственици на приватни шуми; в) Мерки за животна средина поврзани со шумите, вклучително и зачувување на биолошката разновидност за кои средствата ќе ги префрла Агенцијата за шуми и ќе ги користат субјекти кои стопанисуваат со државни шуми, сопственици на приватни шуми и други засегнати страни; г) Мерки за одржување на другите шумски функции или екосистемски услуги за кои средствата ќе ги префрла Агенцијата за шуми и ќе ги користат ентитети кои стопанисуваат со државни шуми, сопственици на приватни шуми и други засегнати страни; д) Други шумски мерки и активности кои се планирани според Националната програма за шумарство како поддршка за спроведување на Стратегијата за шуми за кои средствата ги префрла Агенцијата за шуми; ѓ) Стручно-технички услуги за сопственици на приватни шуми, а собраните средства ќе ги користи Агенцијата за шумите; е) Услуги за планирање на стопанисување со шуми со кои стопанисуваат субјекти кои стопанисуваат со шуми во државна сопственост и за поголеми сопственици на приватни шуми, а собраните средства ќе ги користи Агенцијата за шумите; ж) Применети истражувања и развојна дејност потребни за поддршка на државните шумарски институции. з) Промотивни активности, обука и едукација за одржливо стопанисување со шумите. Употребата на средствата од посебната сметка на Агенцијата за шуми по правило треба да биде пропорционална на изворите на финансирање и категориите на сопственост или стопанисување со шумите, како што е применливо. Средствата треба да бидат распределни во согласност со процедури пропишани со Закон.

  117. 4. Шумските мерки кои би можеле да се финансираат или ко-финансираат преку посебната сметка на Агенцијата за шуми и/или други буџетски извори треба да ги задоволуваат минималните критериуми за одржливост што ќе бидат дефинирани со новиот Закон за шуми. 26 6.7. Информации за сопственост и консолидација Цели

  118. 1. Да се обезебеди база на податоци за шуми и шумско земјиште, редовно ажурирана со информациите за промени во употребата на шумското земјиште како дел од ИШИС и основа на планирање за шумите, администрација, стопанисување со шумите и носење на одлуки.

  119. 2. Да се зголеми уделот на консолидирано шумско земјиште. Мерки:

  120. 1. Воведување и редовно ажурирање на евиденцијата на шуми и друго шумско земјиште според најновата состојба на терен, земајќи ја предвид природната експанзија на шумите и останатите промени во шумската покровност на основа на постојните бази на податоци од Агенцијата за катастар на недвижности и други бази на податоци како (во натамошниот текст: СИЗП).

  121. 2. Иницирање и олеснување на процеси за консолидација на државните, односно приватните шуми од страна на субјектите кои стопанисуваат со државни шуми, таму каде е тоа изводливо. 6.8. Поддршка на стопанисување со приватни шуми Цел Да се создаде ефикасен систем на поддршка на сопствениците на приватни шуми, користејќи ги искуствата од земјите членки на Европската унија, за да ги задоволат личните и општите интереси во насока на одржливото стопанисување со шумите. Насоки:

  122. 1. Формирање на шумарска советодавна служба, без надомест, во рамките на новата Агенција за шуми, со цел да се обзбеди спроведување на добра шумарска пракса и одржливо стопанисување со приватните шуми.

  123. 2. Поддршка на здружувањето на сопствениците на шумите за заедничко стопанисување со нивните шуми со цел да се подобри економската исплатливост на малите шумски имоти;

  124. 3. Обезбедување на финансиска поддршка на здруженијата на сопствениците на приватни шуми на основа на соодветна програма со цел зајакнување на нивниот потенцијал во реализацијата на одржливо стопанисување со шумите и употреба на јавни финансиски средства (субвенции).

  125. 4. Поддршката на сопствениците за активности на пошумување, регенерација, заштита на шумите, санација на шумите, индиректна конверзија во високи шуми и шумска сертификација, вклучувајќи и праведна распределба на средствата за проширена 27 репродукција на шумите согласно процентот на уплата од страна на сопственици на приватни шуми. 6.9. Учество на јавноста и подигнување на јавна свест Цели

  126. 1. Да се овозможи и промовира учество на засегнатите страни и пошироката јавност во развојот на плановите за стопанисување и плановите за зачувување на шумите.

  127. 2. Да се обезбеди транспарентност во процесот на стопанисување со државни шуми и да се зголеми присутноста на шумарскиот сектор во јавноста.

  128. 3. Да се зголеми јавната свест за вредноста и важноста на шумите и нивните екосистемски услуги. Мерки:

  129. 1. Воведување на јавна консултација (да се овозможи од АШ) во процесот на донесување на плановите за стопанисување и плановите за зачувување на шумите во државна сопственост, вклучително и за шуми во заштитени подрачја, во склад со барањата на ЕУ Директивата;

  130. 2. Да се спроведе информативна кампања за главните прашања во врска со стопанисувањето со шумите во Северна Македонија.

  131. 3. Да се развие и прифати стандардна процедура за вклучување на засегнатите страни во различни советодавни процеси.

  132. 4. Да се воведе систем на постојано споделување на информации до јавноста за стопанисување со шумите и развојни прашања. 6.10. Шумарско образование, усовршување и доквалификација Цел Да се подобри и поддржи образованието и обуката поврзани со одржливо и блиско до природата стопанисување со шумите, вклучително и зачувување на биолошката разновидност на шумите и ублажување на климатските промени, подобрување на квалитетот на животната средина и економски здраво и општествено одговорно стопанисување со шумите и развој на шумарскиот сектор. Насоки:

  133. 1. Прилагодување на постојните програми и капацитети во средното и високото образование во согласност со современи меѓународни програми и воведување нови модалитети за обука, доквалификација и преквалификација во шумарството. Системот треба да биде флексибилен и да се прилагоди кон промените кои се потребни во секторот.

  134. 2. Создавање соодветни услови за образование и обука на потребен број квалификувани работници за современо стопанисување со шумите. 28

  135. 3. Зајакнување на капацитетите на институциите кои се занимаваат со образование и истражување, со тоа придонесувајќи во расположивоста со високо квалификуван персонал и работна сила.

  136. 4. Промовирање на мултифункционалното значење на шумите во образовните програми..

  137. 5. Приспособување и/или проширување на постојните програми на образованието на шумарскиот факултет со современи содржини, особено со мултифункционално шумарство, зачувувањето на биолошката разновидност, шумските функции и екосистемските услуги, стопанисување со шумите блиску до природата, ублажувањето и адаптацијата на климатските промени, мултифункционално вреднување на шумата, еколошка економија и комерцијализација на шумарските активности на одржлив начин.

  138. 6. Воведување на докторски студии во шумарството. 6.11. Истражувања во шумарството Цели Зајакнување на човечките и технички капацитети за истражувања во шумарството. Насоки:

  139. 1. Поттикнување и поддршка на интердисциплинарни истражувања со цел преземање на решенија базирани на знаење.

  140. 2. Зајакнување на постојните капацитети за истражување во шумарството, дрвната индустрија и заштита на природата.

  141. 3. Поддршка за применети истражувања за потребите на секторот, сопствениците на приватни шуми, малите и средни претпријатија и локалните заедници.

  142. 4. Зајакнување на меѓународната соработка во истражувањата заради градење на капацитети во шумарството и дрвната индустрија.

  143. 5. Поттикнување на мултидисциплинарни истражувања за социјалните и културните аспекти на одржливото стопанисување со шуми во рамките на доржлив развој.

  144. 6. Поддршка на истражувања и анализа на сегашниот и потенцијален обем на врзување на јаглерод диоксидот во шумите и во шумските производи.

  145. 7. Поддршка на истражувањата за подобро разбирање на влијанието на климатските промени врз шумите и нивнаот капацитет за намалување на влијанието на екстремните климатски појави.

  146. 8. Истражување и развој за подобни техники во стопанисување со шумите во услови на глобални климатски промени. 6.12. Меѓусекторска и меѓународна соработка Цел Воспоставување на соодветна меѓусекторска соработка која ќе овозможи непречен проток на информации и заеднички активности на сите нивоа. Истовремено да се обезбеди 29 учество и поврзување со сите меѓународни институции и здруженија од областа на шумарството. Насоки:

  147. 1. Да се обезбеди активното учество на државата во клучни тела и структури на меѓународни организации во процесите поврзани со шумарскиот сектор.

  148. 2. Остварување на дијалог со други поврзани сектори со цел да се изнајдат решенија за меѓусекторските прашања важни за шумарството.

  149. 3. Развој и зајакнување на партнерства меѓу владини институции, невладиниот и приватниот сектор.

  150. 4. Да се воспостави и да се зајакне меѓународна соработка во шумарството и да се обезбедат услови за спроведување на меѓународните договори, конвенции и резолуции чиј потписник е Република Северна Македонија.

  151. 5. Да се привлечат надворешни донации за финансирање на проекти во шумарството, особено во полето на климатски промени, заштитата на шумите и биолошката разновидност.”.

  152. 6. Tочката 5 која станува точка 7 се менува и гласи: “7. ШУМАРСТВОТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 7.1. Заштитни функции на шумата Шумите, како најголем копнен екосистем, способен значително да ги подобри општите животни услови, зазема посебно место во севкупната заштита на животната средина. Шумите исто така играат клучна улога во врзувањето на јаглеродот од атмосферата, а сега е особено важно во контекст на меѓународните и ЕУ заложби за ублажување и адаптација на климатските промени. Затоа, шумите заслужуваат соодветни начини на заштита, зачувување и користење во согласност со принципите за одржлив развој. Заштитните функции на шумите се одликуваат со заштита на почвата и водниот режим и регулирање на квалитетот на водите, ублажување или спречување на влијанието на природните непогоди по луѓето и инфраструктурата, како што се ерозија, порои, свлечишта и лавини како и превенција од деградацијата на земјиштето и опустинувањето. Цел Да се одржат и подобрат заштитните функции на шумите со примена на концепт на адаптирано и одржливо стопанисување со шумите и соодветни мерки за заштита на шумите со цел обезбедување и зголемување на придонесот на шумарскиот сектор во заштитата на животната средина и врзувањето на јаглеродот. Насоки:

  153. 1. Формулација на специфични критериуми за мапирање на заштитни функции на 30 шумите како дел од општите критериуми за мапирање на функциите на шумите како и за одредување на заштитните шуми и одредени заштитни зони (од страна на Агенцијата за шуми);

  154. 2. Спроведување на мапирање во согласност со усвоените критериуми и подготовка за прогласување на заштитни шуми (од страна на Агенцијата за шуми);

  155. 3. Формулација на насоки за одржување на шуми кои имаат нагласена заштитна функција и на заштитни шуми и шумско земјиште;

  156. 4. Исклучување на чисти сечи во шуми со изразена заштитна функција и во заштитни шуми;

  157. 5. Обезбедување на едноставни мерки за заштита на шумската почва и води со примена на пракси во согласност со одржливо стопанисување со шумите како и мерки за превенција од несакани ефекти, сите во врска со шуми кои имаат нагласена заштитна функција и заштитни шуми, со очекувана поддршка и од фондовите на Програмата за рурален развој.

  158. 6. Рехабилитација на деградирани и еродирани заштитни шуми и друго шумско земјиште како приоритет, до ниво до кое е тоа возможно.

  159. 7. Одржување на традиционални, еколошки подобни начини за користење на шумите и воведување на современи еколошки шумски технологии и методи на искористување на шумите со цел да се минимизираат штетите врз животната средина;

  160. 8. Воведување на приспособени системи за одржливо стопанисување со шумите и соодветни одгледни мерки кои го зголемуваат врзувањето на CO2. 7.2. Зачувување и обнова на шумската биолошка разновидност Цел Да се обезбеди зачувување на шумската биолошката и пејзажна разновидност преку интегрирација на целите на зачувување во шумарската практика и планирањето. Насоки:

  161. 1. Заедничко спроведување на шумските мерки планирани во рамките на усвоените стратегии и акциони планови на Република Северна Македонија за заштита на животната средина, климатските промени и заштитата на природата;

  162. 2. Воведување на насоки за зачувување и одржливо стопанисување со шуми со висока природна вредност (HNV), особено шуми богати со карбон;

  163. 3. Идентификација и мапирање на типовите шумски живеалишта од европско значење како дел од идната мрежа Натура 2000, врз основа на претходно договорени шумарски научни критериуми;

  164. 4. Прилагодување на методологијата за изработка на планови за стопанисување, на основа на барањата за интеграција на целите на зачувување на биолошката разновидност во шумарскиот сектор, според правната рамка за зачувување на природата / биолошката разновидност. 31

  165. 5. Воведување и спроведување на пракси за одржливо стопанисување со шумите кои придонесуваат на зачувување на биолошката разновидност и екосистемските сулуги на шумата;

  166. 6. Воведување на одржливо користење на делови од шумската биолошка разновидност, на основа на традиционално знаење и технологии;

  167. 7. Промоција на обновата на биолошката разновидност во деградираните шуми, особено по пат на природна обнова, вклучително и внесување на локални видови и провениенции.

  168. 8. Примена на “ex situ” и “in situ” зачувуање и подобрување на генетските ресурси на шумските дрвја.

  169. 9. Воведување на фондови од државниот буџет за активности поврзани со зачувување на шумската биолошката разновидност.

  170. 10. Воспоставување на соработка со здруженијата на граѓани за заеднички активности во полето на заштитата на шумската биолошката разновидност и животната средина.

  171. 11. Промовирање на шумски практики кои се погодни за зачувување на шумската биолошка и пејсажна разновидност. 7.3. Одржливо и блиску до природата стопанисување со шумите во националните паркови и другите заштитени подрачја Националните паркови и другите заштитени подрачја покриваа 230.000 хектари или 8,9% од националната територија во 2014 година. По прогласувањето на НП Шара и две поголеми ЗП во кои доминираат шумите (Малешево и Осогово), заштитеното подрачје се зголеми за 353.000 хектари или 13,7% од територијата. Иако нема податоци за шумската површина во рамките на ЗП, сигурно е дека шумата претставува доминантен екосистем. Исто така, нема достапни податоци за областа или уделот на индивидуалните категории на заштита (1 - строга заштита, 2 - активно управување и 3 - одржлива употреба). Сепак, како и обично, треба да доминира третата категорија, а значителен дел треба да има и во втората. Имајќи предвид дека третата категорија го вклучува и соодветното одржливо користење на шумите, иако Законот за заштита на природата не го споменува тоа експлицитно, како и дека втората категорија предвидува, исто така, реставрација или рехабилитација на шумските екосистеми, воведувањето на висок стандард на одржливо и блиску до природата управување со шумите во рамките на ЗП е од најголема важност. Согласно Законот за шуми, со шумите во рамките на ЗП се стопанисува врз основа на посебен план за одгледување и заштита на шуми (во натамошниот текст: ППОЗШ), приспособен на барањата и ограничувањата на 2-та и 3-та заштитна зона. Според базата на податоци на МЗШВ, НП опфаќаат 45.000 хектари шуми со 9,7 милиони м3 дрвна резерва (214 м3/ха) и 193.000 м3 годишен прираст (4,3 м3/ха), што е повеќе од два пати поголемо отколку во другите шуми во државна сопственост. Ова укажува дека квалитетот и статусот на зачувување на шумските екосистеми во рамките на НП е многу подобар отколку надвор од нив. Годишниот дозволен етат (во натамошниот текст: ГДЕ), врз основа на ППОЗШ, изнесува 85.000 m3 (44% од прирастот), од кои само 42.500 m3 (50% од ГДЕ или 22% од прираст) се посечени во 2018 година, според базата на податоци на заводот за статистика. Така, само добра петтина од природниот потенцијал за производство на дрво е 32 искористена во рамките на НП, додека ППОЗШ беа имплементирани до половина само во однос на искористувањето на шумите. Согласно Законот за заштита на природата, превидена е изработка на Посебна програма за управување со шумски живеалишта и екосистеми (во натамошниот текст: ППУШЖЕ) во заштитените подрачја. Таквата програма треба да се заснова на ППОЗШ според барањата на Закон за шумите, што тука не е случај. Наместо тоа, од страна на секторот за заштита на природата ППОЗШ се смета како двоен плански инструмент. Цел: Да се обезбеди заштита, зачувување, обнова и близу до природен развој на типовите на шумски живеалишта и екосистеми во рамките на ЗП, како и одржливо обезбедување на различни шумски производи и други екосистемски услуги за локалното население, општеството и економијата, врз основа на принципите за одржлив развој и најдобрите Европски практики. Насоки:

  172. 1. Треба да се воведе и користи комбиниран концепт за зачувување на биолошката разновидност и одржливо користење, заснован на континуирана покровност и други системи за стопанисување со шумите блиски до природата, во третата зона на заштитени подрачја каде што е дозволено одржливо користење, на основа на прилагодени планови за стопанисување со шумите на ниво на шумско стопанска единица и програми за управување со шумски хабитати и екосистеми на ниво на заштитено подрачје.

  173. 2. Во втората зона на ЗП каде е дозволено и потребно активно управување, треба да се воведе и спроведе блиску до природен начин на обнова, вклучително и индиректно претворање на нискостеблени шуми во високи шуми или рехабилитација на шумските екосистеми.

  174. 3. Вршење на чиста сеча во Национални паркови и други заштитени подрачја треба да се исклучи.

  175. 4. Зачувувањето и стопанисувањето со шумите базирано на горниот концепт треба постепено да се интензивира со цел да се исполнат целите за ЗП и во исто време и еколошките, социјалните и економските функции на шумите или екосистемските услуги на оптимален начин.

  176. 5. Концептите на зачувување на шумите и план за стопанисување на ниво на шумско стопанска единица и програма за управување со шумски хабитати и екосистеми во заштитени подрачја како инструменти за планирање на управувањето со шумскиот екосистем, треба да се разјаснат и најпрвин соодветно да се адаптираат и да се регулираат со новиот Закон за шуми;

  177. 6. Методологијата за изработка на план за одгледување и заштита во рамките на ЗП, вклучително и инвентаризација на шумските насади, треба да се прилагоди на барањата за интеграција на целите на заштита на природата и зачувување на биолошката разновидност во стопанисувањето со шумите. 33 7.4. Шумите и митигација и адаптација на климатските промени Стратегијата на ЕУ за шумарство за 2030 година, меѓу другото, наведува дека: • снабдувањето со дрвни производи треба да се врши во синергија со подобрување на статусот на зачувување на шумите и зачувување и обновување на биолошката разновидност за да се постигне отпорност на шумите, климатска адаптација и нивна мултифункционалност; • за да се подобри отпорноста и адаптацијата на шумите, неопходно е сè повеќе да се заштитува и обновува биолошката разновидност на шумите и да се усвојат практики за стопанисување со шумите погодни за биолошката разновидност, како што се шуми со повеќе возрасни насади и континуиран склоп, кои помагаат да се обезбеди долгорочна еколошка и социо-економска одржливост на шумите; и има намера да развие дефиниција и да усвои насоки за поблиски до природата-шумски практики. Врз основа на горенаведеното, како и на основа на националните специфики поврзани со постоечката состојба на шумите (со мнозинство на нискостеблени шуми со мал прираст и низок јаглероден капацитет, виталност и отпорност), притоа земајќи го предвид доминантно користениот систем за стопанисување со шумите (со чисти сечи на големи површини и вегетативна обнова, што води кон деградација на шумите и намалување на нивната отпорност), следните насоки и мерки, како промена во сегашниот начин на стопанисување со шумите, се неопходни. Насоки: 1) Здравјето, виталноста и отпорноста на шумите треба да се одржуваат и да се зајакнат со спроведување на соодветни мерки за заштита на шумите и одгледувачки мерки и примена на адаптиран систем за одржливо стопанисување со шумите. Деградацијата на шумите треба да се спречи и деградираната шума да се рехабилитира колку што е можно. 2) Имплементацијата на чиста сеча на голема површина, што секогаш води до отстранување на шумската покривка и последователни емисии на јаглерод, треба да се исклучи во сите шуми, освен во случај на рехабилитација на оштетени шуми и директна конверзија на шикари и изданкови шуми со мала дрвна резерва и квалитет. 3) Примената на чиста сеча на мала површина како техника за обнова на шумите, во случај да недостасува природното семено обновување или истото не може да се очекува во разумен временски период, треба да се овозможи доколку е предвидено со плановите за стопанисување, на основа на специфични критериуми (да се дефинира со новиот Закон за шуми). Максималната површина на индивидуалните полиња каде се спроведува чиста сеча во одреден шумски насад не треба да ги надминува еколошките граници поставени во критериумите. 4) Спроведувањето на сегашниот систем за стопанисување со изданкови шуми кој води до сериозна деградација на шумите и последователни емисии на јаглерод, треба постепено да се замени (во период од 15 години) со систем за конверзија на нискостеблени шуми во високостеблени шуми. Конверзијата треба да се спроведува по пат на прореда и природна обнова (од семе). Вештачката обнова 34 по пат на садење или осеменување треба да се изведува во случаи кога нема природна обнова од семе или истата не се очекува. 5) Традиционалните системи на стопанисување со нискостеблени шуми може да се задржат во помал обем во согласност со економски, социјални и еколошки критериуми (да се дефинираат во Закон за шуми).”.

  178. 7. Точката 6 која станува точка 8 се менува и гласи: “8. ШУМАРСТВОТО ВО ОДНОС НА РУРАЛНИОТ И СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ Секторите шумарство и дрвна индустрија придонесуваат со 0,9 -1,0 во БДП на Република Северна Македонија, додека во 2014 година околу 9700 лица биле директно вработени во овие сектори. Секторот шумарство и дрвна индустрија индиректно обезбедува можности за работа на многу повеќе луѓе преку повеќекратните ефекти од производството. Според наодите од Студијата за развој на шумскиот сектор и институции, изготвена од проект финансиран од ЕУ “Ревизија на шумарскиот сектор и подготовка за 2019 IPA проект за шумарство“, придонесот на вработувањето во шумарството, производството, продажба и откуп на дрво (регистрирани и нерегистрирани) и примарната преработка на дрво за локалната рурална економија е прилично висока и изнесува околу 40% од БДП на шумарскиот сектор. Цели

  179. 1. Да се поддржи социо-економскиот развој и создавањето на можности за вработување.

  180. 2. Да се придонесе кон зачувување и одржлив развој на руралните области особено по пат на одржливо стопанисување со шумите. Насоки:

  181. 1. Поддршка на развојот на мали и средни приватни компании, особено во руралните подрачја, со промоција за обезбедување на услуги во шумарството, пред-индустриска преработка на дрвото како и на модерно производство на производи од дрвна биомаса за да се обезбеди вработување и приходи за руралните домаќинства;

  182. 2. Промоција и поддршка на локалните бизнис иницијативи за развивање разни форми на еко-туризам поврзани со шумите.

  183. 3. Одржување и развој на шумите за рекреација.

  184. 4. Идентификација и промоција на инвестиции, кои рационално ќе ги искористат постојните шумски потенцијали за рурален развој.

  185. 5. Развој на механизам за можно обезбедување на огревно дрво за рурални домаќинства без надомест, на основа на компензација за спроведување на услуги во одгледување на шумите од страна на руалното население.”.

  186. 8. Точката 7 која станува точка 9 се менува и гласи: 35 “9. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ШУМАРСКАТА СТРАТЕГИЈА 9.1. Шумско и останато законодавство поврзано со шумите Владата ќе обезбеди развој и хармонизација на шумската и поврзана со шумите правна рамка со правото на ЕУ, неопходна за спроведување на Стратегијата за развој на шумарството како што е презнтирано подолу. 9.1.1. Нов закон за шумите Новиот Закон за шуми ќе се заснова на важечкиот Закон и ќе ги користи сите негови соодветни решенија на кои соодветно ќе се додадат новините врз основа на реалните потреби и можности на шумарскиот сектор и барањата на правото на ЕУ. Клучните новини на Законот, како што се предложени со Стратегијата за шумарство, треба да го вклучуваат, особено следново: - Воведување на одржливо, вклучувајќи мултифункционално и поблиску до природата стопанисување со шумите (во натамошниот текст: ППСШ) во сите шуми, што значи реформа во стопанисувањето со шумите и барање за највисок стандард на стопанисување со шумите во заштитените подрачја каде што е дозволена одржливато користење; - Воведување на различни механизми за спроведување на ОСШ и ППСШ, меѓу другото и забрана за користење на системот за чиста сеча во стопанисувањето со нискостеблени шуми во случаи кои не се предвидени во важечките плански документи, под услов чистата сеча да може да се спроведе врз основа на законски критериуми, во случај на рехабилитација на тешко оштетени и тешко деградирани шуми, како и во случај на пренамена на нископриносни и неквалитетни нискостеблени шуми и грмушки во високи шуми. Механизмите понатаму вклучуваат редефинирање и имплементација на концептот на шумски функции или екосистемски услуги, заедно со воведување плаќања за право на користење на недрвни шумски производи и услуги како и плаќање за одржување на шумските функции или екосистемски услуги; воведување промени во шумско стопанското планирање и системите за инвентаризација на шумите во насока на мултифункционалност, воведување учество на засегнатите страни во усвојувањето на плановите за стопанисување врз основа на соодветната директива на ЕУ, како и спроведување на мониторинг (ICP) на шумите и оцена на одржливоста на стопанисувањето со шумите; - Воведување на програми за рехабилитација и обнова на шумите со цел да се задоволат националните потреби и соодветните меѓународни и ЕУ политики и програми, како што се Милениумската Екосистемска Обнова на ОН и Зелениот договор на ЕУ; - Дефинирање на новата институционална/организациска поставеност и функционирање на државниот шумарски сектор, како основа за обемната реформа, вклучително и формирањето на новата Агенција за шуми, новата Друштво за државни шуми во која треба да се трансформира сегашната ЈПНШ, надградба на Секторот шумарство и ловство на МЗШВ во Директорат, префрлање на Шумската полиција од МЗШВ во Агенцијата за шуми и формирање на нов Институт за шумарство. Ова поглавје треба да вклучи и одредби дека 36 новата Агенција за шуми и новата Друштво за државни шуми ќе се формираат со посебни закони; - Воведување на нов јавен систем за финасирање во шумарството, нови јавни извори на финансирање на шумите, воведување на посебна сметка на Агенцијата за шуми за собирање на овие извори и дефинирање на целите, мерките и условите за негово користење поврзани со шумите вклучително и политиката на субвенции; - Спецификација на нови мерки за шумите кои се од јавен интерес, како што се можни мерки за рурален развој поврзани со шумите и шумарството, мерките за животната средина поврзани со шумите и мерките за одржување на шумските функции или екосистемските услуги; - Прилагодување на важечките законски одредби кон усогласените реформи. Законот за шуми треба да вклучи транспонирање и/или усогласување со следното законодавство на ЕУ поврзано со шумите: - Регулатива за таксономија (2020) на Европскиот парламент и на Советот со извршната регулатива на Европската комисија (2021) која вклучува опфатни критериуми за проценка на одржливоста на мерките (не само шумарството) за да бидат прифатливи за финансирање од ЕУ. - Регулатива за дрво (EUTR) на Европскиот парламент и Советот (2010) со извршната регулатива на Европската комисија (2012) која вклучува услови за ставање во промет на дрвото и дрвните сортименти на пазарот на ЕУ за прв пат, вклучително и забраната за пласирање на нелегално дрво, со цел борба против нелегалната сеча и трговија во и надвор од ЕУ; - Директива за обновлива енергија (RED) на Европскиот парламент и Советот (2018) која вклучува критериуми / барања за одржливост за горива од шумска биомаса, индиректно условувајќи ги начините / методите на искористување на шумите за биомаса. - Директивата на ЕУ за учество на јавноста во однос на изготвувањето на одредени планови и програми поврзани со животната средина (2003) која вклучува обврска за 30 дена јавна консултација за плановите за стопанисување со шумите; - Директивата за живеалишта на Советот на ЕУ (1992) или Директивата Натура 2000, која беше генерално транспонирана во Законот за заштита на природата, но ќе бидат потребни одредени одредби за идентификација на типови на шумски живеалишта од европско значење на основа на шумарски научни критериуми како и заедничка подготовка и усвојување на предлози за идната мрежата Натура 2000 во областите каде што доминираат шумите. За спроведување на дел од EUTR и за целосната FLEGT регулатива, треба да се донесе посебна регулатива. 37 9.1.2. Закони за нова Агенција за шуми Врз основа на предложениот концепт на Законот за шуми како вид на рамковен Закон за регулирање на прашања поврзани со шумите, треба да се развие Закон за Агенција за шуми кој треба да ги опфати особено: ▪ дополнителните надлежности и обврските на постојните кои се веќе одредени со Законот за шуми, ▪ организацијата и функционирањето, ▪ финансирањето на институцијата, врз основа на соодветна програма, Дел од Законот треба да ја регулира и Шумската полиција, вклучувајќи и трансферот на шумските полицајци од МЗШВ во Агенцијата за шуми. 9.1.3. Закон за Друштво за државни шуми (ДДШ) Законот за Компаниија за државни шуми треба особено да ги адресира следните прашања: - стратешки цели и барања за ДДШ; како што е барањето за примерно стопанисување со шумите и барање за постигнување на најдобри можни економски резултати, барањето за пренос на издвоените средства за проста репродукција во Агенцијата за шуми; - специфични барања за ДДШ во однос на стопанисување со шумите; - поблиско дефинирање на барањата, правата, финансиските и други обврски на ДДШ кон државата како сопственик на шумите и на друштвото во менаџерскиот договор со МЗШВ; - активности на друштвото и методи на користење на шумите и продажба на дрво, овозможувајќи соодветна флексибилност во стопанисувањето со шумите и демонополизација на пазарот на дрво; - финансирање на работењето на друштвото; - пренос на шумите како основни средства од ЈПНШ на државата, - пренос на потребните вработени и средства во Агенцијата за шуми и начинот на решавање на вишокот вработени согласно законската регулатива за работни односи и - трансформација на ЈПНШ, во согласност со Законот за трговски друштва. 9.1.4. Закон за заштита на природата За да се постигне соодветна интеграција на биолошката разновидност во планирањето и спроведувањето на стопанисување со шумите, како и потребната соработка и синергија помеѓу секторите за заштита на природата и шумарскиот сектор, треба да се направат следните измени во Законот за заштита на природата (2004 г.) или да се вклучат во новиот Закон за заштита на природата:

  187. 1. Општата забрана за стопанисување со шумите во рамките на заштитените подрачја треба да се укине - за да се овозможи одржливо и блиску до природата стопанисување со шумите во третата зона, како и да се овозможи обнова блиску до природата, вклучително 38 и индиректна конверзија на деградирани шуми и санација на оштетени шуми во третата зона.

  188. 2. Одлуката за забрана за користење на природните ресурси, како што се шумите, во случај да е загрозен статусот на зачувување на живеалиште или вид, треба да биде меѓусебна, помеѓу министерот надлежен за заштита на природата и министерот надлежен за шумарство.

  189. 3. Предлогот за формирање на мрежата Натура 2000 и за нови заштитени подрачја каде доминираат шумите треба да се подготви во соработка со шумарскиот сектор и претходен договор со министерот надлежен за шумарство. 9.1.5. Закон за земјоделство и рурален развој За да се обезбеди законски предуслов за финансирање на дополнителни мерки поврзани со шумарството преку националната програма за рурален развој, Законот за земјоделство и рурален развој треба да го земе во предвид шумските и шумарските мерски за рурален развој кои се специфицирани во новиот Закон за шумите. 9.2. Документи за стратешко планирање Стратегијата за шумарство обезбедува стратешка рамка за трансформација и развој на шумарскиот сектор до 2026 година. Стратегијата содржи краткорочни, среднорочни и долгорочни цели и насоки. Во таа насока, среднорочните и особено долгорочните цели треба да се земат во обзир и/или да се преземат при изработка на следната Стратегија за шумарство за да се обезбеди континуитет во шумарската политика. Главни стратешки плански инструменти за спроведување на Стратегијата, како и на Законот за шуми се Националната шумарска програма со нејзиниот Акциски план. Други инструменти се Националната програма за рурален развој и Инструментот за претпристапна помош за рурален развој - ИПАРД, како и Националната стратегија и Акциска програма за биолошка разновидност и Националната стратегија и акциона програма за животна средина и климатски промени. 9.2.1. Национална програма за шумарство со Акционен план Националната програма за шумарство (во натамошниот текст: НПШ) со акцискиот план (во натамошниот текст: АП) е главен стратешки плански документ на шумарскиот сектор, во согласност со насоката на Стратегијата за шуми на ЕУ. НПШ да ги имплементира одредбите на Стратегијата за шуми и соодветните одредби од Законот за шуми. НПШ треба да биде елаборирана на транспарентен и партиципативен начин и да биде усвоена од Владата за период до четири години. НШП треба да ги конкретизира избраните насоки на Стратегијата со специфицирање на конкретни шумарски активности и мерки, вклучувајќи го нивниот физички обем и финансиски трошоци, земајќи ги предвид предвидените извори на јавно финансирање во шумарството; временската рамка (години), приоритетите, одговорните институции за 39 планирање и корисниците на финансиска поддршка за спроведување на овие мерки и изворот на предвиденото финансирање. Планираните активности и мерки треба да се засноваат на соодветен систем на стимулации за одржливо и блиску до природата стопанисување со шумите кое треба да е утврдено со самата НШП. 9.2.2. Мерки за шумите како дел од националната програма за рурален развој Националната програма за рурален развој (во натамошниот текст: НПРР) 2021 – 2027 година веќе ги содржи следните мерки поврзани со шумите и шумарството кои треба да се реализираат во следниот плански период: • Пошумување на голини и ерозивни земјишта и спроведување на одгледувачки мерки на пошумените површини. • Kофинансирање на инвестициите во стопански активности на сопствениците на приватни шуми и приватните капацитети за примарна и секундарна преработка на дрвото. • Унапредување на технологијата за изработка и дотур на шумски дрвни сортименти преку дообука на шумските работници (оператори на моторна пила), како и стимулација и субвенционирање на претпријатијата кои ќе произведуваат дрвни производи од дрвни остатоци; • Подобрување на отвореноста и пристапноста на шумите заради одгледување, заштита, користење и инвестирање во редовна и континуирана изградба и обнова на шумската патна инфраструктура преку реализација на инвестициска програма за оваа намена како и подобрување на условите за развој на туризмот; • Спроведување на мерки за очувување на природниот шумски генофонд; • Унапредување и спроведување на одгледувачки мерки (нега на шумите), особено конверзијата од нискостеблени во високостеблени насади на шуми; • Зајакнување на превенцијата и контролата на абиотички и биотички штети во шумите и надградување на мерките за заштита на шумскиот биодиверзитет. • Разграничување на шумите и другото шумско земјиште од земјиштето со друга намена; • Промовирање на процесот на сертификација на дрво и производи од дрво произведени на одржлив начин, проект за изработка на национални стандарди за одржливо управување со шумите според мегународните стандарди (пр. PEFC, FSC). Некои дополнителни мерки, предложени во новиот Закон за шуми треба да служат за комплетирање и консолидација на горенаведените мерки. 40 9.2.3. Мерки за шумите како дел од националната стратегија за биолошка разновидност и програма Во прилог се дадени следните мерки за шумите и шумарството поврзани со биолошката разновидност, предвидени во Националната Стратегија за Биолошка Разновидност (2018- 2023) и Планот за акција:

  190. 1. Спроведување на добри пракси за зачувување на шумите и стопански пракси во шуми со висока природна вредност (во вид на пилот проект);

  191. 2. Спроведување на активности за зачувување на шумските хабитати во потенцијалните области на Натура 2000.

  192. 3. Собирање на семе и саден материјал од ретки, природни и ендемски шумски дрвни видови. Овие мерки ќе бидат кофинансирани од секторот за животна средина. 9.3. Поддршка за реформите, финансирањето и развојот на секторот Со цел да се обезбеди спроведување на Стратегијата, Владата на Република Северна Македонија, особено: • Ја поддржува организациската реформа на шумарскиот сектор, особено формирањето и функционирањето на Агенција за шуми, трансформацијата на ЈПНШ во ДДШ и формирањето и функционирањето на Шумарскиот институт; • Поддржува воспоставување и функционирање на нов систем за јавно финансирање во шумарството, заснован на канализирање и интегрирање на сите јавни извори поврзани со шумите и шумарството на посебната сметка на Агенцијата за шуми и дава поддршка на централното управување со овие фондови и нивната намена, дистрибуција и употреба; • Обезбедува потребно (дополнително) буџетско финансирање на Агенцијата за шуми со нејзината административна функција за шумите, додека нејзината функција на шумска служба треба да се финансира од плаќањата за овие услуги; • Обезбедува потребно буџетско финансирање на Шумарскиот институт за дел од неговите истражувачки активности и основната истражувачка инфраструктура, додека неговите развојни активности поврзани со шумско-шумарската администрација и услужниот дел треба да се финансираат од посебната сметка на Агенцијата за шуми; • Обезбедува буџетско финансирање за решавање на технолошки вишок на ЈПНШ пред неговата трансформација; • Дава поддршка за воспоставување и функционирање на интегрираниот шумски информациски систем и системот за следење на дрвото како дел од него; • Настојува да создаде поволни услови за континуирани и стабилни инвестиции во шумарскиот сектор преку процесот на спроведување на Стратегијата за шумарство и Националната шумарска програма; 41 • Настојува да се отстранат пазарните бариери и со тоа да се зголемат приходите од стопанисувањето со шумите и да се обезбедат поголеми реинвестиции во шумарството; • Промовира координација за спроведување на Стратегијата помеѓу шумарството и другите сектори, особено руралниот и еколошкиот сектор, како и координација помеѓу државниот и приватниот сектор и со меѓународните донатори; • Се координира со меѓународните донатори во врска со финансиската поддршка за спроведување на Стратегијата за шумарство и НШП; • Учествува во развојот и спроведувањето на клучните меѓународни обврски и договори поврзани со шумите. И покрај фактот што главната одговорност и лидерството за спроведување и следење на оваа Стратегија и нејзиниот НШП е на Министерството надлежно за шумарството, сите други министерства засегнати од Стратегијата се обврзани да ги вклучат заложбите од Стратегијата во своето стратешко планирање и одлучување. За да се обезбеди спроведување на Стратегијата, ЈПНШ како најголем и најважен субјект во шумарскиот сектор треба, особено: • Да воведе реформа на системот за стопанисување со шумите кон повеќе одржлив и близок до природниот начин на стопанисување и развој на шумите; • Да започне со спроведување на својата обврска за плаќање на проширена репродукција на шумите што е срж на сегашниот систем на финансирање на шумските мерки; • Да ја оддели функцијата на администрација на шумите во име на државата од нејзината функција за економско стопанисување со шумите; • Да обезбеди трансфер на вишок вработени со шумарско-техничк спрема кои се ангажирани на исполнување на одредени деловни функции кои преоѓаат во Агенцијата за шуми; • Започне со подготовка на својот стратешки развоен план, вклучително и почеток со рационализација на деловното работење, намалување на бројот на вработени и внатрешна реорганизација која е независна од очекуваната нова законска рамка; • Усвои стратешкиот план и да спроведе трансформација во Државно шумско претпријатие во согласност со посебен закон. 9.4. Координација, следење и оцена на спроведување на Стратегијата Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се грижи за постојана координација на спроведувањето на Стратегијата и НШП и нејзино следење, оценување и известување. 42 Националниот совет за шумарство (НСШ), претставен од сите релевантни министерства и засегнати страни од кои зависи спроведувањето на Стратегијата, ќе му асистира на МЗШВ за таа цел. МЗШВ и НСШ ќе овозможат учество на заинтересираната јавност, странските партнери и другите засегнати страни во следење на спроведувањето на Стратегијата и НШП. Ефикасноста на спроведувањето на Стратегијата и НШП ќе биде постојано следено и оценувано преку следните основни категории: • зголемен и подобрен квантитет и квалитет на шумските ресурси, • зголемено одржливо производство и користење на шумските ресурси (дрвни и недрвни прозиводи); • одржување и подобрување на виталните еколошки и социјални функции или екосистемски услуги со особено внимание на зачувување на шумската биолошка разновидност и намалување на влијанието на климатските промени; • економскиот развој во областа на шумарството; • повисок животен стандард за руралното и урбаното население кое зависи од шумите; • спроведување на преземените меѓународни и ЕУ обврски. Сите инвестиции во шумарскиот сектор ќе вклучат следење и оценка на нивната ефективност. Резултатите од секторскиот мониторинг и евалуација на ефективноста на спроведувањето на Стратегијата и НШП редовно ќе се објавува во форма на Извештај на МЗШВ за состојбата на шумарскиот сектор.”. 43

Strategy for amending and supplementing the Strategy for Sustainable Forestry Development in the Republic of North Macedonia · Nelum