Spatial plan of the region of the Treska river basin (2005-2020)
颁布于 2007-02-21 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Просторен план на регионот на сливот на реката Треска.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- policy
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Water
- 关键词
- capacity building, policy/planning, sustainable use, water conservation zone, water resources management, water supply, basin/catchment/watershed, inland waters
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
„Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 1 од 96 Врз основа на член 22 ставови 1 и 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2005) и Просторниот план на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија број 39/2004), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 21 февруари 2007 година, донесе ПРОСТОРЕН ПЛАН НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА ТРЕСКА 1. ВОВЕД Потребата од изработка на Просторен план на регионот на сливот на реката Треска произлезе од решенијата дефинирани во Просторниот план на Република Македонија. Во рамките на Просторниот план на Република Македонија, за поцелосно и пореално согледување на потребните и расположливите водни количества, територијата на Републиката е поделена на 15 водостопански подрачја, опфаќајќи ги трите основни слива на реките: Вардар, Струмица и Црни Дрим. За сите подрачја дефинирани се расположливите водни количества и потребите од вода за водоснабдување на населението, индустријата, рибарството и земјоделството до 2020 година и по 2020 година. Со анализа на површинското истекување изразено преку специфичното истекување, е утврдено дека најбогати со вода се сливовите во Западна Македонија (реките: Радика, Горен Вардар и Треска). Најмали специфични истекувања, односно најсиромашни со вода се сливовите во Источна Македонија (реките: Струмица, Брегалница и Пчиња). Подрачјата во Источна Македонија со сопствените расположливи води не можат да ги покријат потребите од вода - потребни им се нови изворници. Проблемот од недостиг на вода се решава со префрлување на вишокот на водите од еден во друг слив, односно од богати во сиромашни водостопански подрачја. За таа цел со Просторниот план на Република Македонија е зацртана изградба на Регионален водостопански систем (РВС) “Треска”, со кој се зафаќаат водите од реката Треска и се префрлаат кон Источна Македонија, односно се покриваат потребите во водостопанските подрачја “Скопско”, “Пчиња”, “Средна и Долна Брегалница” и “Струмица”. Исто така, сливот на реката Треска го карактеризираат и чисти води, а согласно со основните поставки за заштита на животната средина, тенденција е нивниот квалитет да се зачува. Квалитетот на реката во изворишниот дел е непроменет и има карактеристики на I класа. По течението на реката квалитетот варира од II до III класа, што се должи на испуштање непричестени комунални и индустриски отпадни води од населените места. Квалитетот на водата пред вливот во реката Вардар е II класа. Законска основа за изработка на Просторниот план на регионот на сливот на реката Треска претставува: – Просторниот план на Република Македонија, донесен во 2004 година, – Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” број 51/2005); – Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 39/2004); – годишните програми на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2002 година (“Службен весник на Република Македонија” број 21/2002), за 2003 година; (“Службен весник на Република Македонија” број 42/2003), за 2004 година; (“Службен весник на Република Македонија”бр. 13/2004), за 2005 година и „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 2 од 96 (“Службен весник на Република Македонија” број 10/2005) и за 2006 година (“Службен весник на Република Македонија” број 31/2006). Изработката на ПП Треска започна со усвојување на Програмата за изработка на просторни планови во 2002 година, од страна на Владата на Република Македонија. Според Договорот за изработка на просторни планови, согласно со Програмата за изработка на просторни планови, меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за планирање на просторот, предметната задача покрај изработка на Просторниот план на регионот на сливот на реката Треска, опфаќа и изменување и дополнување на Просторниот план на акумулацијата “Козјак”. Согласно со вака дефинираната обврска, во овој план се вклучени сите поставки од Просторниот план на акумулацијата “Козјак”, кои претходно се преиспитани и усогласени со методолошкиот пристап на вкупната задача. Терминот регион, користен во овој Просторен план, произлегува од природно географските карактеристики (слив на реката Треска) на овој простор. 1.1. Методолошки аспекти на елаборација Методологијата претставува збир на сознанија, средства и начини за водење на истражувачките процеси и процесите на синтеза, заклучување, конципирање и експликација. Општата методолошка матрица ја сочинуваат интердисциплинарноста во истражувањето, диференцијалниот третман во зависност од сферите на истражувањето, системски пристап и комбинација на разни методи, постапки и техники на работа. Единствениот работен процес: 1) дефинирање на проблемите; 2) дефинирање на алтернативите; 3) дефинирање на критериумите; 4) анализа на алтернативите; 5) легитимирање на потребите, интересите, желбите и сл.; 6) оценка на можностите и ограничувањата; 7) синтезно заклучување и 8) одлучување, подразбира примена на различни постапки, процедури, методи и сл., со тоа што сите треба да бидат во рамките на единствената методолошка матрица и во сообразност со единствените цели и принципи. Општата карактеристика на работниот процес може да се синтетизира како истражување и анализа на темпото, насоките и карактерот на промените, истражувања на структурите (елементи и нивните врски, корелации), интензитетот (видови и честина на појавите) и динамичноста (променливост и развој) на просторот. Дефинирањето на методолошкиот пристап во изработката на овој план има за цел да овозможи целосен увид во пристапот кон оваа мошне комплексна, динамична и мултидисциплинарна проблематика и да ја оцени целисходноста, објективноста и ефикасноста на начинот на кој се вршат предвидувањата, планирањето и експликацијата на планските поставки. Во основа на методолошкиот пристап се критериумите на просторниот развој, изградбата и уредувањето на регионот и заштитата на просторот со почитување на одржливиот развој. Овој метод бара ангажирање на голем број експерти и институции, како и други компетентни структури од локалната управа, политичките, стопанските и други субјекти. Методолошките принципи на кои се базира Планот се: – комплексност и интегралност; – интердисциплинарност; – долгорочност; – динамичност и – демократичност. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 3 од 96 Постапката во изработката на Планот се одвиваше преку: 1. Анализа на елементите во структурата на системите и подсистемите во просторот на регионот кои се базираат на податоци од следниве извори: – статистички, – геодетски, – картографски, – урбанистичко-планска документација и – научно-истражувачка документација; 2. Синтеза, преклопување и вкрстување на податоци од повеќе извори и со различни карактери и создавање на единствена информативна матрица за структурите во регионот; 3. Користење на индуктивниот и дедуктивниот пристап во регистрирањето, дијагностицирањето и предвидувањето на процесите и промените во просторот; 4. Основните методи кои се применети во планирањето на просторот на регионот се следни: – екстраполација на тенденциите, – конструкција на развојот како вид на планско изразување, – симулација и – планификационо предвидување; 5. Планификациони методи, како и методи на моделирање се користени во дефинирањето на рационални и оптимални форми на користење и намена на земјиштето и разместеноста на функциите и содржините во просторот. Синтезниот концепт за организација, уредување, користење и заштита на просторот на сливното подрачје на реката Треска ги опфаќа следниве области: заштита и користење на природните ресурси (земјоделско и шумско земјиште, води, минерални и енергетски суровини); разместеност на населението; развој и уредување на градски и селски подрачја; просторна организација на функциите од општествен стандард; развој и разместеност на индустријата, инфраструктурата (водостопанска, енергетска, сообраќајна и комуникациска); развој и организација на туристичките подрачја, заштита на животната средина и природните вредности и заштитата на недвижното културно наследство; заштита од воени разурнувања, природни и техничко - технолошки катастрофи, насоки, приоритети и етапи за спроведување на Планот. 1.2. Процес на изработка и усвојување Процесот на изработка на Планот тргнува од концептот на тимската работа и интердисциплинарниот пристап, што подразбира синхронизирано водење на повеќе истражувачки постапки од страна на работниот тим составен од експерти од различни специјалности, врз база на заедничка методолошка платформа, целите кои треба да се остварат и единствената координација. Стручната работа на Просторниот план опфаќа студиско-аналитичка (истражувачка) работа, која се одвиваше по различни тематски области низ 14 експертни елаборати и стручно планерска работа од синтезен карактер. Процесот на истражување и планирање е синхронизиран и координиран на начин кој овозможува користење на заедничката информативна база, размена на информации и резултати на истражувањата во одделни фази од работата, синхронизација на работните активности и нивно насочување според усвоената методологија на работа. Работата на ваков проект претставува сложена и специфична задача, па за негова реализација е неопходен работен тим од интердисциплинарен состав. Работниот тим мора да претставува конзистентна целина која може организационо, методолошки и „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 4 од 96 концептуално ефикасно да се координира. Работниот тим има своја функционална структура според основните групи на активности: – раководител на проектот, – тим за синтеза, – поширок работен тим, – надворешни соработници и – работни групи на експертизите. За реализација на вака поставениот плански документ, односно за дефинирање на планските концепции, планерскиот процес е организиран преку следниве фази: – фаза на Нацрт-план и – фаза на Предлог-план. По фазата Нацрт-план извршена е стручна ревизија од страна на Комисија за стручна ревизија формирана од Министерот за животна средина и просторно планирање. Исто така, извршена е и стручна расправа со учество на претставници на органите и организациите од подрачјето опфатено со Планот. По извршената стручна ревизија и одржаната стручна расправа, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 21 март 2006 год. го разгледа и усвои Нацртот на планот, со што се премина на следнава фаза на изработка на планот - Предлог план. Сугестиите, забелешките и предлозите од извршената ревизија и стручна расправа се разгледани од изготвувачите на планот и на соодветен начин се вградени во Предлогот на планот. 1.3. Цели и задачи на Планот Просторниот план претставува управувачки документ, по карактер интегрален развоен проект, со чија помош се дефинира просторната организација на регионот и целите и концепциите на просторниот развој на одделни области, како и условите за нивна реализација. Планот е ориентиран кон изнаоѓање на патишта и можности за решавање на сложените просторни проблеми и конфликти во интеракцијата со развојните процеси, текови и ограничувања. Според тоа, Планот е проблемски ориентиран, но не само на проблемите од моменталната состојба, туку и на проблемите кои се во временска смисла долгорочни и чие решавање и отстранување има стратешка димензија во развојот и просторно функционалната интеграција. Поради тоа, Просторниот план се дефинира како документ со трајни вредности, а ќе се усогласува со сите развојни документи што ќе бидат изготвувани и донесувани. Една од основните стратешки определби на Просторниот план на Република Македонија е приоритетот за заштита на водите од прва и втора класа, од кои е предвидено да се врши водоснабдување на населени места. Заштита на квалитетот на водите во сливот на реката Треска, како една од најважните резерви на чиста вода во Републиката, треба да претставува организиран систем на техничко-технолошки мерки и водење соодветна водостопанска и економска политика на просторниот развој. Проблемот од недостиг на вода може да се реши со префрлување на вишокот на водите од еден во друг слив, односно од богати во сиромашни водостопански подрачја. За таа цел со Просторниот план на Република Македонија зацртано е решение за изградба на Регионален водостопански систем (РВС) “Треска” РВС “Треска”, се предлага од повеќе причини: „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 5 од 96 – Водите од реката Треска се со висок квалитет. Квалитетот на водите на р. Треска согласно “Уредбата за класификација на водите”, се од прва класа кај селото Извор и од II класа до вливот во реката Вардар, – Реката Треска располага со големи количества на вишоци на вода и по покривањето на сопствените потреби од вода во сливот. Вишоците се должат, покрај богатството на воден потенцијал и на релативно малата концентрација на население и мали површини погодни за наводнување, – Со префрлување на водите од реката Треска ќе се овозможи целосно искористување на веќе изградените водостопански системи во Источна Македонија и нивно проширување и – Релативно високата кота на водозафатот на реката Треска овозможува префрлување на водите со минимални препумпувања (минимални трошоци на енергија), користејќи го во најголема можна мерка гравитациониот пад кон водостопанските подрачја-корисници на водите. Со изградба на РВС “Треска”, ќе се овозможи и прифаќање на води од други подрачја во Македонија кои имаат вишок на вода. Поради нагласената стратешко-развојна конотација Планот ги дефинира и јасно ги утврдува основните, а со време и остварливи цели и правци на развојот, посебно во поглед на неопходните квалитативни и квантитативни структурни промени и за нив релевантни и адаптибилни просторно-плански решенија и опции. Покрај стратешко-развојниот, Планот има и просторно-интегративен карактер што, всушност, претставува негова примарна задача. Тој ги координира сложените физички структури на примарните, секундарните, терцијарните и јавните дејности, нивната локација и алокација во просторот. Основни цели на изработката на Просторниот план се: – Обезбедување на просторните услови за изградба, реконструкција, опремување и заштита на регионот, – Утврдување на оптимална дистрибуција на активностите, физичките структури и населението, почитување на економските, техничко-технолошките, еколошките и просторно-функционалните критериуми и – Обезбедување услови за оптимално функционирање на постојните и планираните инфраструктурни системи, населби, производните капацитети и други системи. Основна задача на Просторниот план е со планските концепции, решенија и насоки за имплементација да обезбеди: – Функционална, економска и социјална интеграција на регионот; – Поврзување со соседните простори одделно и Републиката во целост; – Решавање на развојните, просторните и еколошките проблеми; – Заштита и користење на продуктивното земјоделско земјиште за примарно производство; – Заштита и унапредување на природните и рационално користење на создадените добра; – Дефинирање на принципите и критериумите за донесување на инвестиционите одлуки и избор на локации за нови стопански објекти; – Создавање на предуслови (техничко-технолошки, просторно-функционални и др.) за усогласено функционирање на сите инфраструктурни и други системи; – Дефинирање на насоки за развој на населбите и нивното комунално опремување; – Зачувување на водите со квалитет од прва и втора класа; – Воспоставување на комплетен систем за управување со отпадни води и цврст отпад; – Концептуална рамка за изработка на нови и ревизија на постојните просторни и урбанистички планови на предметното подрачје, како и за изработка на други планови, програми и техничка документација и „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 6 од 96 – Дефинирање на рационален и оптимален модел за организација на Регионот. Вака дефинираните цели и задачи на Просторниот план го определуваат и предметниот опфат на истражувањето и планирањето, при што од посебна важност е што на ваков начин е овозможено сите елементи и насоки од Просторниот план на Република Македонија да бидат вклучени во него. Од друга страна, Планот ќе даде доволно елементи за изработка на планови од останатите нивоа на планирање, а особено на населените места. 1.4. Положба на регионот во Република Македонија и неговата поврзаност со опкружувањето 1.4.1. Опфат на Планот Во регионот се опфатени општините: Другово, Кичево, Зајас, Осломеј, Вранештица, Пласница, М. Брод, дел од општината Брвеница (со населбата Гургурница), дел од општината Желино (со населбите: Церово, Групчин, Рогле, Добарце, Копачин Дол, Чифлик, Мерово, Ларце, Седларево, Луковица и Г. Лешница) и дел од општината Сарај (со населбите: Глумово, Матка, Шишево, Ласкарци, Семениште, Буковиќ, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Арнаклија, Бојане и Крушопек). 1.4.2. Сообраќајно географска положба Регионот на сливот на реката Треска лежи меѓу 41019’ и 42002’ с.г.ш. и 20043’ и 21024’ и.г.д. и го зафаќа западниот и северозападниот дел на Републиката. Височински, сливната површина се простира од кота 2.540,0 м.н.в. (врвот Солунска Глава) до кота 260,0 м.н.в. (влив во р. Вардар), со средна височина 1.011,0 м.н.в. зафаќа површина од 2.095 км2. Во однос на опкружувањето, предметниот простор е поврзан со соседните региони преку природни премини. Така, поврзаноста со Скопскиот регион и градот Скопје е по течението на Реката Треска. Поврзаноста на Македонски Брод со Прилеп е преку преминот Барбарас (864 м.н.в.) кој е во непосредна близина на село Дебрешта. Поврзаноста со Горна Дебарца и Охридско-Струшкото Поле, е преку преминот Пресека (1082 м.н.в.). Подрачјето на регионот е поврзано со патната мрежа на Република Македонија со следниве патишта: М-4 Скопје - Тетово - Гостивар - Кичево - Охрид, Р-513 Кичево - Македонски Брод - Прилеп, Р-406 Кичево - Прострање -Демир Хисар, Р-408 Растеж - Калуѓерец - Суводол, Р-421 Кичево - Осломеј - Туин и Р-104 Н. Брезница - Калуѓерец - Суводол. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 7 од 96 2. ОРГАНИЗАЦИЈА, КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРОСТОРОТ 2.1. Користење и заштита на природните ресурси 2.1.1. Земјоделско земјиште Појдовни основи Вкупното обработливо земјиште во регионот изнесува 18.484 ха. Во неговата структура најголема површина имаат ораниците и бавчите: 13.194 ха, или 71,38%, а под овошни насади се 1.056 ха или 5,71%. Значаен дел зафаќаат ливадите со 22,91% односно 4.234 ха. Пасиштата се најдоминантни со површина од 44.450 ха, но тие не припаѓаат на категоријата обработливи површини. Обработливите површини се мошне расцепкани. Просечна големина на една парцела изнесува 0,06 ха, а во Република Македонија е 0,16 ха. Согласно со земјоделско стопанската реонизација на Републиката утврдена со Просторниот план на Република Македонија, сливното подрачје на реката Треска опфаќа дел од западниот и дел од Скопско-Кумановскиот реон. Цели – Усогласување на обемот и начинот на користење на земјоделското земјиште со природните услови и ограничувања и пренамена на дел од земјоделското во шумско земјиште, односно пошумување и затревнување на дел од ораничните површини со ниска катастарска класа; – Запирање на тенденциите на прекумерна и стихијна пренамена на плодните површини во непродуктивни цели, особено во градските окружувања; – Зголемување на продуктивната способност на земјоделското земјиште и подобрување на бонитетната структура на обработливите површини во функција на поголемо производство на храна; – Привремено или трајно исклучување од процесот на производство на храна на терените каде што концентрацијата на токсични материи во земјиштето, воздухот и водата се над дозволените норми; – Рекултивирање и враќање на деградираното земјиште во земјоделска намена со мелиоративни и агротехнички зафати; – Создавање на услови за перманентно зголемување на економската ефикасност на аграрниот сектор и – Искористување на компаративните предности и погодности на одделни подрачја и стопанства за повисок степен на финализација и задоволување на потребите на преработувачките капацитети и нивна ориентација кон извоз. Плански определби Проекцијата за развојот на земјоделството, односно полјоделството, градинарството, овоштарството и површините под ливади во Регионот, најцелисходно и стручно-научно поткрепено треба да се базира на неколку појдовни основи со долгорочно значење. Тоа се климатските ограничувања и предности, почвените услови и ограничувања, демографските услови, инфраструктурата која треба да се менува, принципите на одржлив развој, нови алтернативи на земјоделското производство, хидролошките услови и др. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 8 од 96 Полјоделство Полјоделството во делот на фуражните култури има значајна перспектива од повеќе причини меѓу кои климата и почвата, но и од економските, бидејќи овие култури го поттикнуваат и развојот на сточарството како една од перспективните гранки во подрачјето. Овие култури чинат една комплементарност со која ќе се согледа и економскиот интерес и валоризација на полјоделското производство во функција на локално производство на сточна храна. Секако дека и фуражните и житните култури можат да се користат во процес на добивање сточна храна. Тоа значи дека во регионот може да се прошири одгледувањето на полјоделски култури за сточна храна, и тоа: јачмен, овес, пченица, пченка, соја и се разбира луцерка како мошне перспективна, потоа експазета на некои локалитети, детелини и грашок. Во наредниот период со овие култури и адекватни сорти треба да се измени сеидбената структура каде што житните култури ќе учествуваат во вид на смеса со фуражните култури. Освен за оваа цел, житната култура ‘рж има перспективи во локалитети каде што се наводнува и има поволни почвени услови. Како што е познато оваа култура има перспектива од аспект на приготвување на специјален диетален леб. За оваа култура ќе треба да се избираат соодветни сорти, но и агротехника и плодоред. За фуражните култури, исто така треба да се изготват програми за производство во кои ќе се предвидат сите специфични фактори за успешно производство, особено агротехнички, пред се, ѓубрење, заштита и наводнување. Производството на сточна храна може и треба да се планира не само како први култури, туку и како втори култури. Тука спаѓа на пример, пченка со куса вегетација и некои хибриди од култури. Овоштарство Во регионот за одделни овошни видови има добра перспектива, а за некои има и ограничување. Во Кичевскиот дел треба да се развива производството на вишни, малини и сл. Производството на јаболка ќе стагнира бидејќи со поранешните плантажни насади со јаболка не се постигнаа очекуваните економски ефекти и тие насади повеќе не се во експлоатација. Една од важните причини беше и отежнатиот пласман на плодовите. И насадите со вишни како овошен вид доживуваа одредени потреси заради неорганизиран откуп, односно нивна преработка заради недостиг на обртни средства, но овие проблеми се менуваат во правец на зголемените потреби и побарувачката за вишни. Освен за вишни, исто така ќе има потреба и за малини. Овој овошен вид е дефицитарен и мошне доходовен и баран на странскиот пазар. Исто така, и компаративните предности од климатски аспект се поволни за ширење на малините и вишните. Локации каде би се ширело производството на малини ги има повеќе меѓу кои во општините: Вранештица во делот на десната страна на реката Треска, во општина Другово по течението на реката Треска и Беличка Река, како и Студенчица, во општина Зајас по течение на реките Тајмишка и Зајашка, исто така и во општината Осломеј по течението на реката Треска. Во наведените локации, покрај за малина има услови и за вишна. Во врска со ширењето на вишните, сигнал за поволност треба да има само ако се реши прашањето за откуп и преработка или чување во смрзната состојба. Двата овошни вида за кои станува збор апсорбираат голема работна рака за време на бербата. Општините Пласница и Македонски Брод се карактеризираат со различни услови, како климатски така и почвени што произлегува од различната надморска височина, од 600 па до 1.300 метри. Според тоа и овоштарството треба да е застапено со различни видови и сорти. Голем хендикеп за планирањето на овоштарството во наведените локалитети е мошне лошата патна мрежа. Освен главната сообраќајница Македонски Брод - Самоков с. Растеш која е асфалтирана, има уште неколку приклучени села со асфалтен пат, но тоа е минимално. Токму селата каде што има одлични компаративни предности за успешно „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 9 од 96 еколошко овоштарство не се поврзани со асфалтен пат, туку со лош макадамски пат. Такви се и селата во Кичевскиот реон на брдско-планинскиот дел. Според тоа, овоштарството ќе стагнира се додека инфраструктурата не се реши. Успешно производство на јаболчесто овошје би имало во општината Македонски Брод во селата Битово, Горно и Долно Ботушје, Звечан и други. Во другите села има услови за успешно производство на костени и ореви. Во општините Македонски Брод и Пласница исто така има поволни услови за производство на ореви, костени, сливи и др. Законот за органско земјоделско производство јасно го дефинира поимот “органско производство”. Овој модел на производство во светот датира од пред две децении и има тенденција за ширење во повеќе земји во Европа и светот. Во овој регион има перспектива за организирање на овој вид на производство бидејки бројни услови се исполнети и сега. Земјоделските системи од аспект на интензивноста на производството во делот на апликацијата на агрохемикалиите се карактеризира со висок степен на редукција повеќе години наназад. Бројни агрохемикалии во земјоделското земјиште не се аплицирани, ниту минерални ѓубрива, ниту пестициди, односно инсектициди, фунгициди и хербициди. Ова особено важи на повисоките ридско планински терени низводно од течението на реката Треска, а посебно делот Македонски Брод - Белица - акумулацијата “Козјак” по течението на реката Треска. Еколошки чисти површини има и во општините Вранешница, Другово и Зајас. Органското (еколошко) производство во регионот треба да се поттикнува трајно со сите расположливи средства од повеќе аспекти, но еден е многу важен и од државен интерес за Република Македонија, а тоа е фактот дека водите од реката Треска ќе се користат за повеќе намени, меѓу кои и снабдување на градот Скопје и сушните подрачја во Републиката со вода за пиење. Капацитети и разместеност на сточарското производство Во сите општини има индивидуално сточарско производство. Искористеноста на пасиштата е на мошне ниско ниво. За развој на сточарството изработена е “Студијата за економски развој на Кичевскиот регион 2002 година”, во која се предвидува изградба на капацитети за преработка на млеко. Во Кичевскиот реон се наоѓаат високо планинските познати пасишта кои се квалитетни. Тоа се на планините Бистра, Баба Сач, Љубен, Буковиќ, Стогово и други. На овие пасишта своевремено се напасувале и до 50.000 овци и 20.000 грла крупен добиток. Со изградба на капацитетот за млеко, односно млекарници и изградба на инфраструктура, посебно патишта, ќе се стимулира сточарството во селата Другово, Зајас, Осломеј, Пласница и други. Развојот на говедарството како гранка во регионот е во зависност од производството на сточна храна. Стационираното краварство мошне тешко ќе може да се шири заради потребата од кабаста храна. За пасишно говедарство можно е да има развој, но за оваа цел треба подигање на нови вештачки ливади и планско-прегонско напасување на кравите. Исто така, мошне важно е за ваков тип на производство приготвување на силажна сточна храна од силажа од пченка и луцерка. Рибни капацитети и производство на риба Високиот квалитет на водата во реката Треска и поволностите кои ги нуди за развој на рибарството ја наметнуваат потребата, при изградбата на новите рибници во планскиот период да се применуваат строги мерки и критериуми за заштита на квалитетот на водата. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 10 од 96 2.1.2. Шуми и шумско земјиште Појдовни основи Во сливното подрачје на реката Треска се концентрирани 11,1% од шумите во државата. Од вкупната површина на сливот на реката Треска, 209.500 ха, шумите и шумското земјиште се зстапени на површина од 127.147 ха, односно на 60,6%. Површината под обраснато земјиште (шуми и шикари) изнесува 107.665 ха, односно 51,3% од вкупната површина на сливот. Необраснатото шумско земјиште е застапено на површина од 19.481 ха, односно 9,2%. Соодносот меѓу застапеноста на високостеблесните и нискостеблесните шуми во сливот на реката Треска е идентичен со повеќето сливни подрачја, односно региони во државата и во просек е незначително подобар (2%) од просекот во државата. Во однос на видовиот состав, доминираат лисјарските шумски заедници со најзастапените дрвни видови во Републиката, дабот и буката (Quercus sessilis и Fagus moesiaca). Иглолисните дрвни видови, претежно црниот бор (6.258 ха), незначително елата (276 ха), белиот бор и други, застапени се на површина од 6.860 ха, односно 6,5%. Најквалитетните шумски заедници (дабови и букови) се концентрирани во умерено ладно континентално (800-1.100 м.н.в.) и ладно континентално (1.100-1.700 м.н.в.) подрачје-зона, односно во нископланинските и планинските предели во сливот на реката Треска. Во топло континентално подрачје (од 400-800 м.н.в.), покрај дабот како доминантен дрвен вид, застапени се: бел габер, црн јасен, црн габер и други дрвни видови и грмушки. Цели – Подобрување на квалитетот на шумите преку подобрување на видовиот состав и преведување на нискостеблесните во високостеблени, реконструкција на деградираните шуми и шикарите и нивно преведување во попродуктивни шуми; – Преземање на одгледувачки мерки во сите развојни фази, а посебно кај развојот на младите шуми, како и спроведување на обновителни сечи со интродукција (директна конверзија) во многу деградираните насади; – Пошумување на терените каде што е извршено разграничување на земјиштето бонитирање на терените каде што се добиваат најголеми ефекти (зголемен прираст, подобрување на животната средина, туристичко-рекреативните цели и др.) и на терените каде што постои и друга економска оправданост и итност (регулирање на водниот режим, ерозивни подрачја, заштита на населби, патишта, воени, комунални и други објекти, хигиенски и санитарни функции и сл.); – Воведување на посовремена техника и технологија при користењето на шумските производи и порационално користење на дрвната маса преку зголемување на учеството на техничкото дрво за сметка на огревното и отпадокот при сеча и изработката на шумски дрвни сортименти; – Зголемување на отвореноста на шумите со шумски комуникации, подобрување на квалитетот на шумските патишта и подобрување на условите за стопанисување со останатите шумски производи и – Заштита на шумите преку интродукција на видови отпорни на болести и на штетници, примена на соодветни одгледувачки мерки, редовна контрола, подигање на појаси од пирофитни растенија, поставување и одржување на просеките, континуирано следење, навремено преземање на заштитни мерки и др. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 11 од 96 Плански определби Според плановите за стопанисување со шумите за стопанска намена, во сливот на реката Треска, поточно, во шумите на подрачјата на поранешните општини Кичево и Македонски Брод, се предвидува, секоја година да се пошумуваат по 235,5 ха. Тоа значи дека во наредните десет години на територијата на наведените општини ќе се пошумат вкупно 2.355 ха. Предвидените површини треба да се зголемат за 15-20%, бидејќи дел од шумите во долниот дел на сливот на реката Треска се во подрачјата на општините Скопје и Тетово. Значи дека во наредниот десет-годишен период, по основ на плановите за стопанисување со шумите за стопанска намена ќе се пошумат околу 2.700 ха. Со студијата за ерозивност, противерозивно и противпоројно уредување на сливното подрачје на реката Треска, до профилот брана “Козјак”, се предвидува да се пошумат 3.640 ха. Најголем дел од предвидените површини за пошумување се сконцентрирани во зоната на акумулацијата - долниот дел на сливот - прва приоритетна зона. Според горенаведеното може да се констатира дека до 2020 год. вкупно површини кои треба да се пошумат ќе изнесуваат 6.340 ха, осносно треба да се пошумуваат по 453 ха/год. При изборот на видовите за пошумување предност треба да имаат видовите кои ќе обезбедат најбрза и најдобра заштита на земјиштето од процеси на ерозија. При изборот на видовите за пошумување, треба да се претпочита автохтоната вегетација и присутната вегетација на одредени месторастења како најдобар индикатор на карактеристиките на месторастењето на видовите. Потоа, како втор приоритет трба да се претпочитаат производните можности на видовите (дрвна маса, плодови и сл.). Во потесните зони на акумулациите, особено зоните на браните и придружните објекти трба да се посвети внимание на пејзажната вредност на видовите. Сите избрани видови (дрвја и грмушки), треба да ги поднесуваат екстремните температури на воздухот на предметното подрачје. Според Просторниот план на Република Македонија, со проекцијата за пошумување се предвидува 57%од видовите за пошумување да се иглолисни, а 43% лисјарски дрвни видови. Од иглолисните дрвни видови треба да доминираат: елата (Abies alba), смреката (Picea excelsa) белиот бор (Pinus silvestris), дуглазијата (Pseudotsuga taxifolia), чемпресот (Cupresus arizonica), аришот (Larix europaea), црниот бор (Pinus nigra) и други. Од лисјарските видови на дрвја треба да се форсираат: буката (Fagus moesiaca), дабот горун (Qercus sessilis), дабот робур (Quercus robur), дабот плоскач (Quercus conferta-fraineto), дабот плутњак (Qurcus suber), горскиот јавор (Acer pseudoplatanus), јаворот-млеч (Acer platanoides), багремот (Robinia pseudoacacia), брезата (Betula verucosa) и други. Во проширените речни долини и на други хигрофилни месторастења, треба да се форсираат: тополата, оревот, платанот, јаворот, јасенот, елата и леската. За подобрување на квалитетот и максимално искористување на производните можности во деградираните шуми и шикари во наредниот период ќе се врши реконструкција. Во силно деградираните шуми и шикари реконструкција ќе се врши со директна конверзија, а во поочуваните нискостеблесни насади ќе се применува методот на индиректна конверзија. Сите овие зафати се со единствена цел, нискостеблесните и деградираните шуми да се претворат во попродуктивни високостеблесни шуми. Директната конверзија ќе се изведува со интродукција на профитабилни, главно автохтони лисјарски и иглолисни дрвни видови. Во појасот на дабот горун може да се внесуваат дуглазија, бел бор, ела и ариш. Од лисјарските видови дрвја ќе се внесуваат дабот горун, дабот плоскач и јаворот. Во буковиот појас интродукцијата ќе се врши со ела, смрека, бел бор, ариш и молика. Во пониските делови од дабовиот појас може да се внесува црн бор и чемпрес од иглолисните и даб плоскач, јавор, млеч, воден габер, од лисјарските дрвни видови. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 12 од 96 Во иднина, значајно место во подобрувањето на производните и профитабилните карактеристики на шумите од сливот на р. Треска, треба да најде плантажното производство. Во преден план се видовите со брз раст и квалитетно и барано дрво, а потоа и видовите со квалитетен и баран плод на пазарот: орев, топола, јавор, платан, леска, дрен, дива цреша и други видови. Можностите за ползување на шумското земјиште за одгледување на други шумски производи во сливот на р. Треска се условени од економските, а често и од социјалните состојби. Сегашното користење на овие значајни природни потенцијали е на многу ниско ниво. Со развој на инфраструктурата, туризмот, рекреативните центри и многу други основни и придружни дејности во сливните подрачја на акумулациите, особено потесните периметри на идните водни огледала, ќе се создадат и можности за планско и рационално користење на многу шумски производи. Како перспективни, можат да се посочат следниве производи: квалитетната шумска печурка, чаевите и лековитите растенија, или делови од растенија, производството на етерични масла, одгледувањето на дивеч и риба, собирањето и плантажното производство на разни видови на шумски плодови за различна намена и др. Во рамките на регионот, постојат природни потенцијали за користење на други шумски производи. Со изградбата на браната “Козјак” и на останатите акумулации, изградбата на патната и друга инфрастуктура, ќе се создадат реални предуслови за плантажното производство на разни чаеви, лековити, етерични и други растенија, а со тоа ќе се обезбеди основа за континуирано и сигурно производство, како и база за проширување и унапредување на производството. 2.1.3. Минерални суровини и нивна експлоатација Појдовни основи Респектирајќи ја констатацијата дека геолошкиот состав, тектонскиот склоп, процесите на седиментација и магматска мобилност се основни природни предиспозиции во создавањето на рудните лежишта, наоѓалиштата и рудните појави, на територијата на Републиката се издвоени шест основни рудни реони: Западномакедонски масив, Пелагониди, Вардарска зона, Кратовско-Злетовска вулканска област, Српско-Македонски масив и Кенозојски седиментациони базени. Сливот на реката Треска припаѓа на Западномакедонскиот масив кој го зафаќа просторот западно од линијата Радуша- Скопје-Солунска Глава-Битола до државната граница со Албанија. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 13 од 96 Во рамките на овој масив кај металите најчести се лежишта, наоѓалишта и рудни појави на: железото, железо-манганот, манганот, а значително поретки се: молибденот, оловото и цинкот, волфрамот, среброто и бакарно-молибденските рудни појави. Истражени резерви на железо се во “Тајмиште”-Кичевско. Ова рудно наоѓалиште е експлоатирано до 1990 год. и поради малиот процент на железо во рудите и престанокот на работа на железарницата “Скопје” е прекината експлоатацијата. Други регистрирани наоѓалишта во регионот се: во близина на селата Прострање, Јудово, Брждани, Мраморец, Козица и наоѓалиштето “Малкоец” во близина на Кичево. Мангановите руди со економско значење се наоѓаат во лежиштето “Стогово”-Кичевско. Молибден се јавува во Стрелце-Кичевско. Рудните појави на олово-цинкова минерализација се наоѓаат на северните и јужните падини на возвишението Маја Срт. Од неметалите, економски интересни се лежиштата на: доломити, варовници, мермери, гипс, травертини, сијенити, глини, кварцити, песоци, како и рудни појави на други неметални минерални суровини. Рудникот на доломити “Брест” е лоциран североисточно од Македонски Брод. Наоѓалиштето на доломити “Лутовец” се наоѓа на падините на Сува Гора во близина на селото Растеж - Македонски Брод. Наоѓалиштата на кварц се наоѓаат во Осломејскиот плиоценски басен близу селата Тополница, Слатина, Крапа и во Шумље во близината на Осломеј. Наоѓалиштето на кварцити се наоѓа во непосредна близина на Македонски Брод за кое е потребно и технолошки испитувања. Мермерното лежиште “Миокази” се наоѓа во близина на селото Миокази на падините на ридот Кале. Рудници на калцитски мермери се наоѓаат во непосредна близина на селата Пласница, Црешнево, Локвица и Цер. Потоа во близина на Кичево се наоѓаат рудниците “Камен Мост”, “Лисичани”, “Дворци” и во близина на Македонски Брод се наоѓалиштата на мермери “Коста Чука” и “Рамниште”. Хидрогеолошкиот потенцијал е претставен со големи резерви на подземни води, акумулирани во карстната издан со кои успешно можат да се реши водоснабдувањето на поголемите градови и бројни населби преку локални и регионални водоводи. Цели Македонското стопанство во изминатиот период својот развој во голема мера го базираше на резултатите од геолошкото истражување, рударството и преработувачките капацитети на продуктите од рударењето. Природните погодности (геолошката градба, металогенетските процеси, поволната географска поставеност и конјуктурноста на одделни суровини) овозможувале, а и во иднина ќе претставуваат основа на интензивен подем на стопанскиот развој. Во тој контекст основните цели на користење на минералните суровини се следни: – Подигање на повисоко ниво на степенот на истраженоста на сите минерални суровини за кои постојат индикации во регионот; – Примена на современи технологии и техники во рудниците за експлоатација на суровините; – Дефинирање и уредување на начинот, условите и критериумите за ангажирање на странски капитал во вкупната проблематика на минералните суровини (истражување, експлоатација и преработка); – Намалување на деградацијата на средината во процесот на експлоатација и преработката на рудите и санирање и рекултивирање (техничко и биолошко) на деградираните и загрозените површини со експлоатација на рудите и депониите на јаловина и „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 14 од 96 – Заштита на зоните, ревирите и рудните лежишта од непланска изградба на времени и трајни градежни објекти. Плански определби Во регионот во доменот на геолошките истражувања кај металите треба да се продолжи во истражувањето на наоѓалиштата и појавите на железо, железно-манганови, манганови руди, молибденовите и олово-цинковите руди. Кај неметалите треба да се истражуваат: доломитите, варовниците, мермерите, потоа кварцитот и графитот. Расположливите билансни рудни резерви на минерални суровини во постојните рудни лежишта се основи во планирањето на идната експлоатација. Изборот (по приоритет) на конкретни лежишта за експлоатација се смета за динамична променлива категорија и зависи од повеќе променливи фактори со пазарен, стратегиски и развоен (техничко технолошки) и финансиско-инвестиционен карактер. Како критериуми при изборот на приоритетите за експлоатација усвоени се: – Расположливите билансни резерви; – Техничко - технолошките оцени на експлоатабилноста и преработката на суровината; – Стратегиското значење на минералната суровина; – Социјално-политичкото значење на суровината; – Коњуктурата на странскиот пазар и – Висината на потребните инвестиции, вложувања во експлоатационо преработувачкиот капацитет, како негативен (пропорционално реципрочен критериум). Применувајќи ги критериумите низ специфична методологија на нивното вреднување, избрани се приоритетите во доменот на идните геолошки истражувања и експлоатацијата. Од металите во овој регион, реални можности од прв приоритет заслужуваат резервите на манган, додека останатите метали се без поголемо економско значење. Неметалите според расположливите рудни резерви се доминантни минерални суровини и имаат апсолутен приоритет, а тоа се: доломитите, мермерите и кварцитите. Ограниченоста на рудите на металните и минералните суровини е фиксна заради големината на резервите и обемот на потрошувачката, врз основа на што може точно да се процени базниот индекс на траењето на резервите (број на години кога резервите ќе бидат потполно исцрпени). Одржливоста на експлоатација на металите не е фиксирана само со нивната лимитираност, туку истовремено и со еколошката цена на нивната екстракција, со периодот на употреба и периодот на искористеност. Врз база на ограниченоста на понудата, како и врз база на енвиронменталните критериуми, основни препораки на одржливиот развој е да се прекине со употребата на берилиумот, ванадиумот, живата, никелот и кобалтот со оглед на нивната висока токсичност. Нивната супституција не е лесна. Метали определени за блиска супституција се калиумот, селениумот, индиумот, оловото, арсеникот, бакарот, бизмутот, цинкот и калајот. Другите метали, вклучувајќи го алуминиумот, железото и силиконот, се помалку опасни, а најважната стратегија за нивното користење се однесува на затворање на циклусот на процесот на производството и употребата. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 15 од 96 2.2. Стопански дејности Појдовни основи Економскиот развој и дистрибуцијата на стопанските дејности во сливното подрачје на реката Треска во изминатиот период се остваруваа во истиот стопански амбиент на ниво на Државата детерминиран со спецификите кои што го карактеризираат ова подрачје. Во периодот на транзиција, при нагласени реформски зафати во сите сфери на општественото живеење и влошени услови и неповолни пренесени тенденции, развојот на подрачјето на сливот на реката Треска заостанува. Развојните поттикнувања кои беа предвидени од страна на Државата за ублажување на разликите во развиеност, не ги дадоа очекуваните ефекти. Со конзистентни мерки преку политиката за развој на недоволно развиените подрачја, со политиката за развој на мали и средни претпријатија, инвестиционата и кредитна политика, да го поттикне развојот особено на руралните средини од регионот. Искористувањето на компаративните предности на селските населби за развој на земјоделството и сточарството ќе претставува импулс за поттикнување на инвестициите за алокација на комплементарни, секундарни и терцијарни дејности, развој на вкупното стопанство, економската конкурентност и повисок животен стандард и квалитет на живеење во сите населби од регионот. Економскиот просперитет на подрачјето на сливот на реката Треска е во интеракција со развојот и разместеноста на индустријата која е водечка стопанска дејност и двигател на развојот на вкупното стопанство во регионот со значајно влијание врз динамизирањето на развојот и на другите стопански дејности: земјоделството, рударството, шумарството, трговијата итн. Според просторната дисперзираност на индустриските капацитети по општини кои припаѓаат на регионот на сливот на реката Треска, индустриската активност е сконцентрирана на просторот на општините Кичево, Осломеј и Македонски Брод. Останатиот простор се карактеризира со недоволна развиеност па дури и заостанатост на подрачјата каде основната дејност е екстензивното земјоделство и сточарството. Трансформацијата на социо-економскиот систем врз пазарни основи доведе до извесни промени во начинот на живеење на населението, а со тоа и промени во развојот и организацијата на терцијарните дејности во регионот. Развојот на терцијарниот сектор условен е од развојот и динамиката на материјалното производство, степенот на урбанизираноста, од начинот на живеењето и нивото на стандардот на населението. Со порастот на животниот стандард се зголемува и побарувачката на услугите, а со подобрувањето на квалитетот на живеењето се повеќе ќе бидат вреднувани нематеријалните услуги со што ќе се стимулира побрзиот развој на терцијарниот сектор. Услужна дејност која е комплементарна и го следи развојот на производните дејности е трговијата. На просторот на регионот, трговската мрежа е составена од продавници, претежно од класичен тип, потоа магацински и продажен простор како придружна содржина, како на големите производни капацитети така и на малото стопанство коешто бележи почетен тренд на развој. Занаетчиството во рамките на стопанските активности е дејност во која се вршат разни видови услуги за намирување на одредени потреби на населението, како и услуги за нормално функционирање и развој на некои гранки на стопанството. Развојот на занаетчиството не е автономен, тој е во корелација со развојот на вкупното стопанство, посебно индустријата и градежништвото кои се неговите главни консументи. Развојот на туризмот на определено подрачје детерминиран е од понудата и побарувачката на услуги. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 16 од 96 И покрај поволните фактори и услови за развој на туризмот во овој регион, во досегашниов период областа на туризмот и угостителството бележи маргинално учество во вкупната економија на национално и регионално ниво. Регионот располага со значајна туристичка ресурсна основа и поседува туристичко мотивско богатство, кое претставува потенцијал за развој на туризмот, доколку се постави на долгорочна основа и на делувањето на пазарните законитости со почитување на принципите на одржливиот развој. Во перспектива економскиот развој на сите населби во регионот, треба да биде следен со строго контролни механизми за заштита од негативните влијанија на производните процеси врз водите на сливот. Тековните процеси на развој на материјалното производство присутни во државата, а со тоа и на ова подрачје, во услови на премин кон пазарно стопанство и приватна сопственост и иницијатива, создаваат потреба од поголем степен на претпазливот во однос на алокацијата и видот на производството на потенцијални стопански капацитети. Со еколошки преференции во планирањето на идниот индустриски развој и разместеност на капацитетите при алокацијата на индустриските и други стопански инвестиции, примарно значење и тежиште треба да се дава на можните колизии и влијанија на стопанските активности врз квалитетот и заштитата на водите на сливот на реката Треска. Цели Цели на развој на стопанските дејности Поставувањето на целите на идниот економски развој и разместеност на стопанските активности во регионот се базира на достигнатото ниво и просторна структура на стопанскиот развој, проблемите и тенденциите присутни во развојот и условите, претпоставките и можностите на идниот развој и разместување на стопанските капацитети во регионот. Цели и задачи на идниот економски развој на регионот се: – Динамизирање на стопанскиот развој со пораст на рационализацијата, модернизацијата и ефикасноста на производството и квалитативните структурни промени на стопанските сектори; – Интензивирање на процесот на вклучување на стопанството во националните и меѓународните економски односи, во меѓународната поделба на трудот; – Зголемување на вработеноста заснована на економски критериуми и на развивање на знаењата и умешноста на работната сила; – Поттикнување на развојот на стопански недоволно развиените подрачја како детерминанта на позабрзан и порамномерен стопански развој; – Разместување на производните дејности во просторот врз принципот на рационално користење, организирање и уредување на земјиштето; – Развој и дисперзија на мали и средни претпријатија низ целиот простор на регионот, со развивање на специфични стопански дејности усогласени со природните ресурси и погодности и – Алокација на производните и услужни дејности со примена на системска, материјална, образовна и друга поддршка за зачувување, заштита и унапредување на природната и создадена средина. Цели на развој на индустријата Основните цели и задачи на развојот и просторната разместеност на индустријата во идниот период се: – Порамномерна и порационална просторна разместеност на индустријата; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 17 од 96 – Оптимално користење на компаративните предности на одделни подрачја во регионот и соодветна дисперзија на индустриските капацитети; – Разместеност на индустриските капацитети во просторот усогласена со основните фактори на развој; – Поттикнување на селективниот развој на индустријата во малите центри, посебно во недоволно развиените рурални подрачја; – Вклучување на еколошките преференции во развојот на индустријата и нејзина алокација ; – Рационална комбинација и алокација на производните капацитети со ефектуирање на постојните и изградба на нови преработувачки мали и средни капацитети; – Развој на индустриски гранки со поголемо ангажирање на расположливата работна сила и кадрите, а особено врз нивна поголема креативност во модернизацијата и унапредувањето на технологијата и организацијата на работата; – Оживување на производството во постојните капацитети со ревитализација и техничко-технолошко иновирање на капацитетите со цел за повисока финализација на производството и остварување на пазарно компетитивно производство и – Посебен акцент на развојот и техничко-технолошкиот прогрес на гранките од агроиндустрискиот комплекс и пропулзивните гранки на индустријата. Цели на туристички развој Целите на развојот на туризмот се дефинирани врз база на оцените за сегашната состојба, можностите, како и врз основа на претпоставките за комплексно искористување на потенцијалите со кои располага регионот и перспективите кои се отвораат за развој на оваа дејност со изградбата на акумулацијата “Козјак”. Појдовните цели за организација и уредување на туристичките простори се однесуваат на: – Комплексна валоризација на најзначајните природни и создадени потенцијали на туристичката понуда за странски и домашен туризам; – Дефинирање на видови на туризмот кои треба да се развиваат во регионот, во зависност од просторните и други фактори за развој; – Со помош на туристичка валоризација да се посочат подрачја значајни за развој на туристичката дејност; – Во зависност од туристичката побарувачка активирање на нови подрачја со доминантни природни или создадени туристички вредности, кои истовремено претставуваат развојни потенцијали посебно во недоволно развиените краеви; – Заштита на просторите погодни за развој на туризмот, нивно туристичко урбанистичко обликување и вклопување на објектите во природниот или историски амбиент, целосно применувајќи ги критериумите и стандардите за заштита на животната средина, природното и културното наследство и – Со просторната организација на туризмот, покрај неговата основна економска функција, стимулирање и на социјално-здравствената и културно-образовната функција, како и подобрување на условите за дневна, викенд и празнична рекреација на локалното население. Цели на економскиот и просторен развој на трговијата и занаетчиството Поставувањето на целите на идниот развој и разместеност на трговските и занаетчиски активности во регионот се базира на претпоставките и можностите за подобрување на условите за стопанисување, динамизирање на обемот и структурата на економскиот развој и пораст на личниот и животен стандард на населението. Врз овие претпоставки и можности, се поставуваат следниве цели и задачи на идниот развој на овие дејности: – Порамномерна и порационална просторна разместеност; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 18 од 96 – Алокација на услужните дејности со примена на мерки за зачувување, заштита и унапредување на природната и создадена средина; – Специјализација и окрупнување на трговијата на мало; – Модернизација на технологијата на работа на трговските субјекти и осовременување на продажните простори; – Достапност на услугите (трговски и занаетчиски) според принципот “услуга до врата”; – Специјализација на занаетчиските услуги особено личните; – Задоволување на потребите на корисниците на услуги и нивно ефектуирање за пократко време и на помали дистанци до крајните корисници; – Иновирање на организацијата на работа со примена на маркетингот и менаџментот во работењето; – Поголема креативност во одржувањето и развојот на старите традиционални занаети карактеристични за регионот; – Комплексна валоризација на најзначајните компаративни предности и потенцијали на регионот при одредување на видот и структурата на идната понуда на услуги поврзани со развојот на агроиндустрискиот комплекс, туризмот, понудата на здрава храна, шумски производи, мед и преработки од медот итн. и – Стимулирање на развојот на овие дејности со одредени економски мерки на Државата и вклучување на локалното население во отворање на нови мали бизниси во овие стопански области. Плански концепции за развој на стопанството Плански определби на просторна организација и развој на стопанските дејности Насочувањето на организацијата и просторната дистрибуција на стопанските дејности во регионот се темели на новиот пристап на контролиран плански развој поставен врз принципите на одржлив развој со што примарен станува квалитетот на животното окружување, односно повнимателен однос спрема природните, културните и создадените ресурси. Врз овие основи, поттикнување на стопанскиот и севкупен развој на регионот, може да се постигне со селективна алокација на инвестициите, подобра сообраќајна поврзаност, со комунално опремување и изградба на објекти на општествен стандард, со даночната и кредитна политика, со политика на зголемување на инвестициите итн. Економскиот развој на регионот во наредниот период треба да се базира на спецификите и компаративните предности на овој простор со максимално искористување на можностите за отворање мали и средни капацитети засновани, пред сé на потенцијалите на овој простор, преферирајќи ги оние производни и услужни дејности кои не се во колизија со критериумите за заштита и одржлив развој на регионот. Во структурата на стопанството на регионот носечка стопанска дејност и во наредниот плански период останува индустријата која ќе се темели на постојните капацитети и видови на индустрија, со натамошен развој на нови чисти технологии со кои ќе се запази животната средина и ќе се намалат сите видови ризици на повредливост на просторот. Исто така, значајна стопанска област во перспектива за овој регион претставува земјоделството, со развој на производството на градинарски растенија, овоштарството, развој на сточарството, рибарството и пчеларството, со максимално почитување на мерките за заштита на животната средина. Како компаративна предност и приоритет во развојот на ова подрачје се поставува стимулирање на производството на здрава храна. Со посебна еколошка вредност се „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 19 од 96 издвојуваат ридско-планинските населби каде што се присутни старите традиционални производи како што се костените, крушите и некои други шумски производи карактеристични за овој регион. Сето тоа ќе придонесе за задржување на населението во селските населби и претпоставка за враќање на дел од иселените лица. Еволуцијата на структурата на селското-стопанско производство во современиот свет се одвива во правец на развој на сточарството и врз негова основа развој на прехранбено конзервната индустрија. Сточарството како гранка на земјоделското стопанство на подрачјето на сливот на реката Треска по својот обем, структура и просторниот распоред има услови за развој, доколку се постави на пазарни основи, при што и државата треба со економски мерки да го стимулира неговиот развој. Основен проблем претставува пласманот на производите: млекото, сирењето, кашкавалот, волната и пред се, пласманот на јагнињата. Непостоењето на гарантиран откуп создава големи залихи кај приватните производители и неповолно влијае врз развојната динамика на сточарството. Рибарството во форма на организиран начин на одгледување риби во рибници, во последниве години остварува подем. Потенцијали за развој на оваа дејност во регионот постојат, но имајќи ја предвид основната определба на овој регионален план за зачувување на квалитетот на водите на сливот на реката Треска, идниот развој на рибарството ќе се одвива под строго контролирана градба на рибници на рекатаТреска и нејзините притоки. Во однос на развојот и преструктуирањето на економијата на овој простор, може да се посочи како определба и поттикнување и искористување на секоја можност за прифаќање на нови, пропулзивни индустриски гранки, засновани на новите научно-технички достигнувања со максимално почитување на принципите на одржлив развој и заштита на животната средина. Можностите за нови вложувања постојат и во доменот на стопанисувањето со природните ресурси и нивно давање со концесии. Алокацијата и изградбата на стопански капацитети кои не го загрозуваат просторот во регионот, односно кои вршат дозволена производна дејност, ќе влијаат поттикнувачки и врз развојот на комплементарните дејности и создавање на потенцијални стопански зони, со кои ќе се овозможи економизирање на трошоците за изградба на заедничка инфраструктура и други придружни објекти, ќе се намалат трошоците за изградба на објекти и инсталации за заштита од евентуални штетни аутпути итн. Сето тоа ќе биде во функција на зголемување на производството, продуктивно вработување на невработената расположлива работна сила и повисок стандард на населението од регионот. Успешното функционирање на вака групирани мали и средни капацитети, ќе претставува јадро кое ќе го поларизира околниот простор што му гравитира, поттикнувајќи развој и на други индустриски капацитети како и развој на другите дејности и инфраструктурата, во околниот простор. Во таа насока треба да дејствуваат и да се организираат локалните самоуправи во регионот. Имено, перспективата за поттикнување и подигнување на нивото и темпото на стопански развој на недоволно развиените општини на овој регион треба да се бара во можноста за стопанско интегрирање со заеднички удел на неколку општини кои географски, но и економски имаат можност за нивно здружено дејствување. За реализација на планскиот концепт на просторен развој на стопанството во регионот, се предлага како приоритетна активност, изработка на програми за економски развој на ниво на општините, со детални мерки и инструменти за поттикнување и динамизирање на развојот и разместеноста на стопанските дејности. Со насоките и определбите за развој и разместеност на стопанските дејности, треба да се овозможи економски просперитет на населението и населбите на подрачјето на регионот. Развојот на стопанството се насочува кон алоцирање на производни технологии коишто не се во конфликт со режимот на заштита на овие простории, а разместеноста на „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 20 од 96 стопанските капацитети и нивна просторна организација се базира на комбинираниот приод на дисперзијата во просторот и концентрација на стопанството на одделни места. Со овие две методи на просторната организација на стопанските активности, со текот на времето, спонтано се разместувале стопанските капацитети и со агломерирањето на населението во просторот, се формирале центри-полови на развојот, но исто така и оски на развој во кои се интензивирале стопанските текови и се одвива протокот на капитал, стока, луѓе и идеи. Со доминантна карактеристика на пол на развој се издвојува градот Кичево, додека постојниот општински центар Македонски Брод носи атрибут на зачетоци на пол на развој кој во перспектива реално е да се очекува да се потврди. Оските на развојот во минатото се формирале во зависност од географските карактеристики на просторите, т.е. според релјефот, теченијата на реките и слично. Во денешно време позначајни станаа деловните односи, меѓучовечките комуникации, географските белези, како и изградените инфраструктурни системи и стопански капацитети. Оските на развојот ги повлекуваат линиите на инфраструктурните, посебно на сообраќајните системи, кои потоа, меѓусебно крстосувани, ја формираат целата мрежа на функции и намени во просторот. Во регионот присутни се две развојни оски дефинирани со Просторниот план на Република Македонија: северната и западната развојна оска. Северната оска се формирала по Втората светска војна во северниот и западниот дел на државата и ги поврзува градовите: Струга - Охрид - Кичево - Гостивар - Тетово - Скопје-Куманово-Крива Паланка. Оваа оска продолжува на исток кон Ќустендил-Република Бугарија и на запад кон Елбасан-Република Албанија. Исто така, во западниот дел на Република Македонија има добри изгледи да се оформи и една западна оска која тргнувајќи од Дебар преку Кичево и Демир Хисар ќе стигнува до Битола, а во продолжение до Лерин и натаму. На запад продолжува кон Пешкопеа Република Албанија. Овие оски имаат значајна улога во просторната организација, а во прв ред за модернизацијата на патиштата, за изградбата на далноводи, гасоводи итн., со што ќе се создадат предуслови за поттикнување на развојот на вкупната економија во регионот. Планиран развој и алокација на индустријата во регионот Тргнувајќи од остварениот развој, присутните проблеми, расположливоста на развојните фактори, како и од тенденциите на технолошкиот развој во светот и кај нас, индустријата во наредниот период ќе остварува натамошен пораст и ќе има значително влијание во формирањето и прирастот на бруто домашниот производ на вкупното стопанството во регионот. Развојот на индустријата во планскиот период треба да се потпира врз поцелосно и поефикасно користење на постојните капацитети и нивна ревитализација, со цел за преориентација на производството според барањата на пазарот и најновите достигнувања на науката и технологијата и врз преструктуирање преку проширување на производството со нови производи со повисок степен на доработка, односно суровинските извори да се користат со што е можно повисок степен на финализација, врз основа на што ќе се обезбеди зголемување на доходот, акумулацијата и извозот. Врз овие основи за наредниот плански период се предвидува застапеност на следнава структура на индустриски дејности: – Задржување на постојните индустриски гранки и нивна ревитализација: енергетика, метална, дрвна, прехранбена, тутунска, индустрија за градежни материјали и текстилна; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 21 од 96 – Воведување на комплементарни производни линии, кои ќе се надоврзуваат на постојните производни процеси; – Комплементарна индустрија која ќе ги користи нуспроизводите од другите производни капацитети; – Проширување на постојните капацитети и нивно преструктуирање со повисок степен на модернизација и воведување на нови производни асортимани со цел за задоволување на вкусот на современиот потрошувач и на потребите на пазарот; – Повисок степен на финализација на суровините и полупроизводите; – Отворање на нови капацитети за: производство на глина и пропратни производи со гарантиран квалитет; – Според извршените истражувања постојат потенцијали за производство и преработка на квалитетни мермери од видот на “Розе мермер-Узун”, темно сив мермер и сиво бел “Поларна лисица” на локалитетите: “Цер”, “Бигор Доленци” и “Миокази”; – Нови капацитети за производство, преработка и конзервирање на месо и производи од месо; – Проширување на производството на млечни производи; – Преработувачки капацитети за мед и производи од медот; – Промена на стопанската структура во насока на поттикнување на нови пропулзивни гранки, локационо неутрални, профитабилни и извозно ориентирани; – Обработка и конзервирање на земјоделските производи од руралните населби со примена на стандардите за производство на здрава храна; – Производство и преработка на шумски плодови, печурки и лековити растенија и – Стопанско искористување на изворите на минерална вода (с. Свињиште и атарот на с. Козица). Развојот и просторната дистрибуција на индустријата треба да се остварува преку градба на мали и средни капацитети кои имаат висока флексибилност, овозможуваат повеќенаменско користење на технологијата, производни искуства и знаења, даваат голем придинес во вработувањето, имаат помали трошоци на работење, а со тоа постигнуваат поголема конкурентност на производите. Преструктуирањето треба да се насочи кон дејностите кои се базираат на суровинската основа во регионот, агроиндустрискиот комплекс и производите од шумарството, со обезбедување на поголема додадена вредност на основните суровини и производите. Некои од овие дејности можат да се развијат во основни полови на развој и раст со имиџ на производство на природен, еколошки чист производ, околу кои би се формирале и развивале комплементарни дејности, со што овој простор би станал атрактивен за привлекување странски инвеститори. За таа цел индустријата треба да поседува особини на високата технологија, усогласени со одржливиот развој: мала суровинска и енергетска интензивност, висока информативна и научна интензивност, високо учество на стручната работна сила, висока фрагментација на пазарот со специфични барања, високи вложувања во прекомпетитивни истражувања. Тоа ќе значи воведување и развој на еколошки-просторно прифатливо индустриско производство, со развој на штедливи технологии (во однос на природните ресурси, енергијата и горивото и работната сила) и малкуотпадни технологии. Оптимизацијата на изборот на производниот процес и правците на развој и идната територијална дисперзија на индустријата во регионот, треба да бидат во согласност со идентификацијата и вреднување на локационо-развојните потенцијали и со вклучување на еколошките преференции во планирање на материјалното производство. Според современиот пристап, водечки локациони фактори на индустријата се: високостручниот кадар, научно-истражувачките и високообразовните институции, универзитетите, пазарот, крупната регионална инфраструктура, урбаните и локационите економии, производните фондови, урбаните сервиси, инфраструктурата, квалитетот на живеење, естетските квалитети на градот итн. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 22 од 96 Во современите услови на либералната и пазарна економија, моделот на идниот економски развој се манифестира преку приватната иницијатива за изградба и формирање на определени производни и услужни капацитети на локационо неутралната индустрија. Во овој контекст, менаџерските одлуки имаат решавачко значење во одредувањето на потребите и можностите за дисперзијата на постојните капацитети, но и за изградба на нови. Во вакви услови значајна е улогата на државата која со мерките на економската (развојната, монетарната, фискалната, извозно-увозната), социјалната, популационата и со другите политики, треба да ги корегира негативните пазарни влијанија стимулирајќи го или дестимулирајќи го развојот на одредени видови индустрии во регионот со грижа за пошироките општествени интереси и заштитата на просторот, но пред се, почитувајќи ги интересите на локалните општини во идната организација на производните дејности. Со оглед на тоа што индустријата по својот карактер е дејност која претпоставува концентрација во определени точки (полови, оски и зони) на повеќе гранки кои користат заедничка инфраструктура и други заеднички служби и сервиси, што позитивно влијаат врз економските ефекти, се очекува идната организациона поставеност на индустријата да се развива во просторот на постојните полови на развој издиференцирани во општинските центри Македонски Брод, Сарај, Желино, Осломеј, Вранештица и најголемиот економски центар во регионот, градот Кичево. Ваквата концентрација на индустријата со комплементарен карактер, едновремено е и најпогодниот облик за зачувување и унапредување на животната средина. Со планскиот и организиран начин на ширењето на инфраструктурата и создавањето на други погодни услови за локација на производни капацитети во просторот околу општинските центри и во поширокиот рурален простор, се обезбедуваат основи врз кои може да се очекува во периодот до 2020 г. во регионот да се остварува просторната разместеност на индустријата, преку моделот на концентрираната дисперзија. Концепт на развој на туризмот Туризмот со своето мултиплицирано влијание во процесот на стопанисување, посредно и непосредно, ги вклучува и другите гранки и дејности во вкупната понуда на туристичкиот пазар. Ова, пред сé, се однесува на угостителството, трговијата, сообраќајот, занаетчиството, здравството и на разни други видови услуги. Исто така, преку туризмот се нудат и се продаваат и нематеријални вредности, како што се: разни информации, обичаи, фолклор, забава, спортско-рекреативни активности и слично. Туризмот, како и другите дејности, употребува ресурси и создава отпадоци, како што создава енвиронментални и социјални трошоци и ефекти во процесот. За одржлив модел на потрошувачка и производство во туризмот, битно е да се зајакне националната политика на развој, како и да се зголемат капацитетите во концептите на просторниот развој, да се проценат колизиите и употребата на економските инструменти, средствата за информации, едукацијата и маркетингот. Посебен проблем претставува биодиверзитетот и осетливите екосистеми. Развојната политика и имплементацијата треба да бидат во кооперативен однос со сите заинтересирани субјекти, посебно со приватниот сектор и автохтоните заедници. Одржливиот развој на туризмот, го вклучува маркетингот во екотуризмот почитувајќи ја политика на заштита на животната средина. Концептот на долгорочниот развој, содржината и просторната организација на туристичката понуда на регионот се базира врз определбите за развој и регионализација на туристичките простори и определување на туристичките зони и локалитети дефинирани со Просторниот план на Република Македонија и според сознанијата за реалните потенцијали и вредностите за развој на туризмот утврдени со истражувањата наменети за Просторниот план на регионот на сливот на реката Треска. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 23 од 96 Подрачјето на регионот опфаќа два туристички региона, од кои еден (Кичевско Бродскиот) целосно припаѓа во просторот на сливното подрачје на реката Треска, а другиот (Скопско-Кумановскиот регион) само делумно, со кој се опфатени туристичките локалитети: Козјак и Матка. Во рамките на Кичевско-Бродскиот регион дефинирани се четири туристички зони и 11 туристички локалитети. Можности за добивање статус на туристички локалитет постојат и во месноста Дарда, во општина Зајас. Со темелно истражување на природните, просторните и економските потенцијали и вредности и со изработка на осмислена програма за организација и уредување на локалитетот, почитувајќи ги пазарните механизми и законитости, ова подрачје може да добие туристичко-рекреативна намена со понуда на туристички услуги не само на локално ниво, туку и пошироко. Врз основа на согледувањата за природните и создадени услови и ресурси и степенот на активираност, на територијата на регионот погодни услови за развој постојат за следниве видови туризам: планински, воден, спортски, излетничко-рекреативен, здравствен, ловен, риболовен, транзитен итн. Планинскиот туризам се одвива во зимскиот и летниот дел од годината преку повеќе видови активности во рамките на викенд населбите, одморалиштата, излетничките места, комерцијалните туристички објекти и сл. Исто така, може да се организира викендно-излетничкиот туризам кој се врши во текот на целата година: како престој во природа, одење или трчање во природа, логорување во природа, јавање, капење, професионално веслање и пливање, едрење и друг вид на спортско - рекреативни активности. Во рамките на регионот постојат изразито погодни услови за развој на ловниот и риболовниот туризам врз основа на утврдените природни потенцијали од ловен дивеч и објектите на кои може да се врши стопанскиот и спортскиот риболов. Туристичките потенцијали на помалите планински реки и потоци, кои ги има во голем број и имаат услови за риболов, ја зголемуваат вредноста на просторот, што претставува база за еден специфичен вид туристичка активност, позната под името поточен риболов, кој е многу популарен во развиените туристички земји, а во наши услови сé уште недостатно искористен. Доминантен хидрографски објект на ова подрачје, со извонредна потенцијална туристичка вредност е акумулацијата “Козјак”. Езерото долго 33 км со широчина до еден километар, е погодно за водни спортови и рекреација. Исто така, потенцијали за развој на овој вид туризам постојат на просторот на идните акумулации предвидени со овој план. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 24 од 96 Растителниот и животинскиот свет имаат значителни вредности и пружаат можности за користење во туристички цели, во смисла на извонредна рекреација (шуми, полјанки, клима, свеж воздух, воопшто доживување на природата и сл.) и основа за лов и риболов, како специфични и важни туристички активности. Ловот има добри услови за развој од аспект на климатските погодности во регионот, кои се поблаги и создаваат добри услови за размножување и лов на крупен и ситен дивеч (еребици, камењарки, полски еребици, зајак, фазан и други). Значаен потенцијал за развој на ловниот туризам претставува резерватот “Јасен” и ловиштата “Рамне” со ловно продуктивна површина од 3.940 ха, “Требоље” и “Тажево” со ловно продуктивна површина од 14.588 ха, за кои е потребно да се изработат ловно-уредувачки основи. Транзитниот туризам е исто така значаен. Добрата патна инфраструктура, повисокиот животен стандард, сé поголемата моторизираност и мобилност се основните фактори кои ќе влијаат во текот на патувањето долж главните сообраќајни коридори и правци, да се развива и овој вид туризам. Можности за инвестирање во туристички локалитети за развој на селскиот и екотуризмот постојат во селата во кои е сочуван во изворна состојба етноамбиентот, потоа некои планински села, села со природни и културни потенцијали и села во кои се одржуваат одредени манифестации. Потенцијали за отпочнување и развивање на селскиот туризам постојат скоро во сите села од регионот, но реални можности за развој на овој вид туризам со преземање на мали инвестиции се издвојуваат селата во кои постои, пред сé, демографски потенцијал и оние села во кои ќе се создадат предуслови за нивна ревитализација. Манастирскиот туризам има потенцијали за развој особено со реновирањето и адаптирањето на манастирските конаци (“Свети Ѓорѓија”-Кичево, “Света Пречиста” Другово). Враќањето на верниците и другите корисници на културните вредности и традиции на манастирите во последниве години придонесе за развој на овој мошне специфичен туризам кој опстојува на нашиве простори повеќе столетија. За остварување на сите наведени видови туризам, основна полуга претставуваат рецептивните фактори кои имаат двојна улога. Покрај тоа што го определуваат достиганатиот степен на изграденост на рецептивната база, истовремено се јавуваат и како битен елемент на надградбата на останатите фактори на туристичкиот развој. Со комплексна валоризација на вкупните туристички вредности и компаративните погодности на подрачјето на сливот на реката Треска, потоа постојната материјална основа, досегашните остварени резултати и очекуваниот туристички промет за наредниот плански период, се проценува дека на крајот од 2020 год. регионот ќе располага со околу 650 легла. Предвидената рецептивна материјална основа претставува основа на туристичката понуда и има пресудна улога во вкупниот туристички развој. Земајќи го предвид основното обележје на регионот, сливот на реката Треска, организацијата и изградбата на рецептивните и други угостителски објекти, треба да се насочи во : – Постојните сместувачки капацитети (Кичево, Крушино, Кнежино, Македонски брод, Самоков, Зајас, Пласница и Сарај); – Реновирани селски куќи (селски и планински туризам); – Објектите за секундарно домување (викенд куќи) ; – Во новите туристички населби (Крушино, Долна Белица во непосредната близина на локалитет при вливот на Беличка Река во Треска, ќе прерасне во развиена туристичка населба во Порече, потоа Здуње, Близанско и др.) и – Мали мотели на крстосниците на патиштата и на атрактивните туристички локалитети со примена на мерките за заштита. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 25 од 96 Концепција на развој на трговијата и занаетчиството Развојот на трговијата и занаетчиството е во интерактивна спрега со динамиката на развој на вкупното стопанство и процесот на урбанизација. Пазарот преку законитостите на понудата и побарувачката, исто така има силно влијание врз обемот и структурата на промет на производите и услугите во овие дејности и нивното просторно разместување. Со зголемување на економската моќ на државата и стандардот на населението овие дејности остваруваат генеративни ефекти во прогресот и позитивните промени на стопанската структура на локално, регионално и национално ниво и приближување до нивото на развиеност на современите развиени земји. Трговијата како комплементарна дејност на материјалното производство бележи постојани промени под влијание на делувањето на пазарните економски законитости. Просторната разместеност на трговската мрежа е условена од концентрацијата на побарувачката која е доминантна во најголемиот урбан центар во регионот, градот Кичево, потоа Македонски Брод, Самоков, Желино и Сарај. Исто така, значајно влијание ќе има близината на градот Скопје како најголем потрошувачки и дистрибутивен центар чие гравитационо влијание врз регионот ќе прогресира со реализацијата на предвидената патна инфраструктура што ќе го поврзува северо-источниот дел од регионот со Главниот град на Републиката. Развојот на идната мрежа на трговските објектите на големо и мало, ќе се темели врз квалитативни промени во специјализацијата и окрупнувањето на трговската мрежа со цел за адекватно задоволување на потребите на корисниците на услуги на целиот простор на регионот. Во наредниот период трговските претпријатија на големо се очекува да помогнат во решавањето на основните проблеми во земјоделството - пласманот на земјоделските производи. Преземањето на пласманот од трговските претпријатија на големо со изградени ладилници и сместувачките капацитети ќе придонесе за надминување на овој проблем. Вакви дистрибутивни капацитети треба да се лоцираат во периферијата на големите населби, каде што земјиштето е поевтино, а земјишната рента пониска, потоа да бидат во близината на главните магистрални патишта и со нив да бидат поврзани со локалните патишта или железници, заради забрзување на протокот на стоките од отворените површини, складишта до дистрибутивните центри. Перспективи за развој на трговската дејност се отвораат со преземање и проширување на нејзините активности во доменот на чувањето, сортирањето и оплеменување на производите, размерување, конфекционирање, пакување и слично. Овие активности можат да се применат при откупот и продажбата на земјоделските производи карактериостични за овој регион: јаболката, крушите, костените, оревите, компирот и други шумски плодови за кои во овој крај постојат поволни услови за развој и коишто се развојна перспектива на еколошки чистите средини како што е просторот на регионот. Трговијата во наредниот период освен извршувањето на посредничка функција ќе се комплетира со дополнителни функции кои се составен дел на современото работење на оваа дејност. Во развојот на малопродажната мрежа треба да се користи трансферот на “know-how” од развиените земји, кој овозможува трансфер на современи методи на работењето врз принципите на модерниот маркетинг, дистрибутивни техники, менаџментот итн. Развојот на занаетчиството е неделиво врзан со вкупниот развој на стопанството. Со своите производни и услужни активности, занаетчиството е дејност комплементарна на повеќе стопански дејности и истовремено непосреден фактор во задоволувањето на одредени потреби на населението. Во наредниот период, со адекватни мерки на економската и особено урбаната политика потребно е да се стимулира развојот со „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 26 од 96 понагласено преструктуирање во делот на личните услуги во домаќинствата и поголема специјализација во делот на производното занаетчиство. Со заживување на стопанската активност и создавање услови за развој на индустријата, градежништвото и туризмот, па и земјоделството, ќе се поттикне развојот на производното занаетчиство кое треба брзо да се прилагодува на потребите на корисниците со поцелосно и квалитетно задоволување на барањата за видот и структурата на производите и услугите што ги нуди. Значајно внимание во развојот на знаетчиството во наредниот период треба да се посвети на зачувување и развивање на старите занаети карактеристични за овој крај кои сведочат за креативноста и традицијата за развој на оваа дејност на овие простори. Исто така, треба да се поттикне занаетчиското производство на специфични сувенирски производи кои ќе ги носат атрибутите на културата и традицијата на народите и на природните убавини на овој крај, со обезбедување соодветен простор на ниво на секоја населба. Идната просторна структура на трговската и занаетчиската дејност ќе биде детерминирана од постојната мрежа на системот на населби која во услови на подинамичен економски развој во наредниот период ќе придонесе за позабрзан растеж на прометот и побрз технолошки развој со отворање на поголеми модерно уредени продажни и складишни капацитети, поголем обем и структура на артикли и услуги. Основни принципи на организација на дејностите претставуваат: – Оптимализирање на просторната дисперзија на продажниот простор и просторот на другите услужни дејности преку просторна редистрибуција на капацитетите со цел да се обезбедат најповолни дистанци до местото на живеење на корисниците; – Проширување на понудата на стоките и услугите; – Концентрација и специјализација на објектите (производни и услужни); – Примена на современите методи во организацијата на продажбата и давање на услугите; – Подигање на стандардот на услугите во областа на трговијата и занаетчиството и – Задржување на локацијата и автентичноста на традиционалните-стари занаетчиски дуќани. Главната концепција за развој и разместеност на трговските и занаетчиски дејности предвидува лоцирање на трговски и услужни центри и помали објекти во урбаните средини, на главните влезни и излезни правци од градот Кичево, по должината на главните градски трговски улици, во близина на атрактивните туристичко-рекреативни локалитети (Сарај, Езерото Матка и акумулацијата Козјак), придружени со комплементарни содржини. Во стопанските зони предвидени со генералните урбанистички планови се очекува поголем интерес за изградба на складишта и дистрибутивни центри. Развојот на овие стопански дејности според концептот на овој план ќе биде насочен кон сите простори со комплементарни функции каде што постојат можности за нивно лоцирање во согласност со основните принципи на пазарно работење, одржлив развој и заштита на животната средина. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 27 од 96 2.3. Проекција на населението и организација на населбите 2.3.1. Демографски развој Појдовни основи Република Македонија, според Пописот на населението во 2002 год. има 2.022.547 жители, Територијата на сливното подрачје на реката Треска според Пописот од 2002 год. има 101.392 жители. Учеството на населението во 2002 год. во регионот во однос на вкупното население во Републиката изнесува 5,0%. Процентуалната застапеност на населението во општините во однос на вкупниот број на жители во регионот е различна. Општина Другово учествува со 3,03 %, Кичево со 29,83 %, Зајас со 11,48%, Осломеј со 10,31%, Вранештица со 1,11 %, Пласница со 4,54 %, Македонски Брод 7,06%, Брвеница со 1,54%, Желино со 10,81% и Сарај со 20,29%. Порастот на вкупното население во регионот и по одделни подрачја се условени од промените во компонентите на природното движење на населението од една и механичките движења на населението, од друга страна. Природните и механичките движења на населението во регионот придонеле за негова нерамномерна територијална разместеност и концентрација. Стапката на природен прираст на населението во регионот бележи перманентен пад во периодот од 1994 год. до 2002 год. во однос на републичкиот просек од (13,6 промили). Тоа се должи пред сé на намалувањето на стапката на наталитетот во општините со македонско население и тоа во Кичево (6,2 промили) и Брвеница (7,8 промили). Меѓутоа, стапката на природниот прираст е сé уште висока во општините со муслиманско население (од 11,9 промили во Пласница до 16,8 промили во Желино). За разлика од нив, општините со умерени и ниски стапки на природен прираст се карактеризираат со тенденција на перманентно опаѓање на стапките на раѓање, но со истовремено зголемување на стапката на смртност, условено од планирањето на семејството и промените во старосната структура и тоа во Вранештица (-11,6 промили), Македонски Брод со Самоков (-19,1), Другово (-9,5). Што се однесува до механичките двжења и нивното влијание врз порастот на вкупното население, процесот на просторната мобилност на населението е особено присутен во недоволно развиените општини и ридско - планинските подрачја. Структурата на населението според национална припадност е значајна од аспект на концентрацијата на населението, бидејќи различни се интензитетот на репродукција на населението, како и механичките движења кај одделни етнички групи. Во структурата на вкупното население (во 2002 год.) Македонците учествувале со 28,9%, Албанците со 58,6%, Турците со 7,9%, Ромите со 1,7%, Србите со 0,1%, Власите со 1,1 %, Бошњаците со 0,9% и другите националности со 0,8%. Цели – Стимулација на растот на населението коешто има низок наталитет и намалување на загубите поради смртност и емиграција; – Запирање на опаѓањето на фертилитетот кај населението кое не постигнува проста репродукција, како и намалување на порастот кај населението кое има широка репродукција; – Наталитетно намалување на смртноста, особено кај доенчињата и продолжување на траењето на животот; – Подобрување на структурите и територијалната разместеност на населението; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 28 од 96 – Ефикасно влијание врз внатрешните и надворешните миграции и остварување на оптимален однос меѓу демографскиот и економскиот развој; – Зголемување на степенот на економската активност на работноспособното население; – Обезбедување услови за рамномерно разместување на населението во регионот; – Севкупна ревитализација на демографски најзагрозените и стратешки значајните подрачја на државата (ридско-планински и погранични подрачја); – Перманентно подобрување на структурните и други белези на населението; – Обезбедување услови за позитивни ефекти на ширење на процесот на урбанизација во сите делови на регионот; – Забавување на растот на градското население, со тенденција на пораст во малите градови и други населби, со цел за развој на концептот на полицентричен развој и – Обновување на руралните населби во сите делови на регионот каде за тоа постојат објективни потреби и можности, вклучувајќи го во тоа реалното подобрување на стандардот и квалитетот на живеењето на населението. Проекција на населението Населението спаѓа меѓу основните елементи на кои се базира предвидувањето на идната организација. Тоа е најбитен фактор на идниот развој на земјата и општеството. Утврдувањето на концептот на просторната организација, уредувањето, користењето и заштитата на територијата на регионот зависи од развојот, структурните промени и просторната дистрибуција на населението. Тргнувајќи од определбата дека популациската политика преку систем на мерки и активности треба да влијае врз природниот прираст, се оценува дека за обезбедување на плански развој и излез од состојбата на неразвиеност се наметнува водењето активна популациска политика во согласност со можностите за социо-економски развој на Републиката. Во овие рамки треба да се води единствена популациска политика со диференциран пристап и мерки по одделни подрачја, со цел да се постигне оптимализација во користењето на просторот и ресурсите, хуманизација на условите за семејниот и општествениот живот на населението, намалување на миграциите, како и создавање на услови за порамномерен регионален развој на Републиката. Во прв ред населението треба да ја прифати неопходноста зод менување на репродуктивното однесување и потребата од воспоставување нови норми при своето биолошко однесување, како предуслов за остварување на позначајни ефекти во наредниот период. Смирувањето на природниот прираст во согласност со стопанскиот развој на Републиката, ќе овозможи натамошни позитивни промени во семејството и подобрување на положбата на жената и децата. Со цел биолошката репродукција на населението во регионот да стане рационална, мерките на популационата политика треба да бидат комплексни и регионално диференцирани, да се вклопуваат во развојните документи и да се сообразуваат со регионалните разлики на демографски, економски и социјален план. Планиран број на жители во општините и општинските центри во 2020 година „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 29 од 96 Вкупното население во регионот во 2020 год. се предвидува да изнесува 120.700 жители. Претпоставените промени во социо економската и образовна структура ќе се одразат и врз начинот на живеење, а со тоа и врз структурата на домаќинствата. Во тој контекст во 2020 год. во регионот се предвидуваат вкупно 30.370 домаќинства, со просечна големина од 3,97 членови на едно домаќинство. 2.3.2. Урбанизација и мрежа на населби Појдовни основи Процесот на урбанизација претставува еден од доминантните процеси на општествено економскиот развој во регионот. Во својата комплексност, детерминиран со атрибутите и рамките на општествено економскиот развој, процесот на урбанизација непосредно го условува развојот на населените места отсликувајќи го, во повратна смисла, нивото на општата развиеност на општеството. Притоа, нагласена е неопходноста за воспоставување на висок степен на усогласеност меѓу стопанскиот развој и урбанизацијата искажани преку нивото на економската развиеност и нивото на урбанизираност. Процесот на нагласен развој како резултат на планска концентрација на опшествените функции и стопански капацитети во урбаниот центар (Кичево) претставува основна причина за зголемување на градското население и достигнат степен на урбанизација од 47,1%. На територијата на регионот регистрирани се вкупно 159 населби. Категоријата градски населби ја сочинуваат една населба, додека категоријата рурални агломерации ја сочинуваат вкупно 158 населби. Категоријата општински центри располага со хетерогена големинска структура на населбите. Општинските центри ќе играат значјана улога во перспективниот развој на регионот. Цели – Создавање услови за непречено вршење на основните човекови активности (функции), обезбедување висок степен на заштита на животната средина и запазување на принципите на одржлив развој; – Децентрализиран, рамномерно територијално распределен развој со вклучување на принципите на полицентричност и хиерархичност; – Усогласување на динамиката на процесот на просторната прераспределба на населението со динамиката на стопанскиот развој; – Намален интензитет на популациска концентрација во урбаните населби и повисок степен на усогласеност со динамиката на стопанскиот развој на државата; – Зголемување на степенот на екипираност на општинските центри со функции и дејности од доменот на јавните функции, услугите и инфраструктурата; – Функционалното и инфраструктурното екипирање на руралните населби; – Стимулирање на развојот на недоволно развиените и депопулираните подрачја; – Рамномерен и уедначен просторен развој на населените места; – Оптимална функционална екипираност усогласена со идните потреби на корисниците; – Ефикасно меѓусебно поврзување на населението на макроплан и во различни просторни сегменти; – Развој и екипирање на населбите согласно со предвиденото место и улога во системот на централните населби; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 30 од 96 – Развој на населби кои би имале непосредно стимулативно влијание врз економскиот и демографскиот подем на пограничните и недоволно развиените простори; – Ефикасно и рационално меѓусебно комуникациско поврзување на системот на центри посебно меѓу соседните општински центри и регионалниот центар и – Интензивирање на функционалните врски во доменот на стопанството и услугите меѓу соседните општински центри со координирано, заедничко организирање на активностите. Плански определби Урбанизацијата како сложен, динамичен процес треба да претставува основна рамка и влијателен фактор во насочувањето на долгорочниот просторен развој на регионот. Предвидените значајни промени во демографската, функционалната и просторно физичката компонента треба да бидат резултат на децентрализиран, сеопфатен и значително порамномерно распределен просторен развој, кој во најголем дел ќе се одвива во рамките на полицентричен, хиерархиски избалансиран систем на населени места. Процесот на урбанизацијата во наредниот период ќе се одвива во општествено економски услови во кои приватната иницијатива и пазарното стопанство ќе имаат значајно место и насочувачка улога во дефинирањето на перспективниот долгорочен просторен развој. Стратегијата на развојот на процесот на урбанизацијата, како основна рамка за идната организација, уредување и користење на просторот на регионот, е приспособена и усогласена со настанатите длабоки промени и идните долгорочни развојни потреби на општествено-економскиот систем. Развојниот концепт на урбанизацијата ќе се потпира врз следниве базични претпоставки: – Миграционите процеси во регионот континуирано ќе се одвиваат и во идниот период, но со значително поумерен интензитет и повисок степен на усогласеност со динамиката на стопанскиот развој; – Општинските центри со квантитативно и квалитативно подобрен функционален и инфраструктурен потенцијал и во идниот период ќе бидат главни носители на позитивните промени во процесот на урбанизацијата во регионот; – Со интензивирање на развојот на малите населби и останатите општински центри ќе зајакне нивното влијание во уедначување и усогласување на развојот на мрежата на населбите во општините; – Поларизацијата на населението во општинските центри во натамошниот период ќе биде присутна со значително поумерен интензитет, паралелно со интензивирањето на дневните миграции на вработените и корисниците на услугите во општинските центри; – Развојот на населбите во непосредното окружување на мезорегионалните и микрорегионалните центри, под нивно непосредно влијание, ќе се одвива со повисок интензитет и стапка на дезаграризација; – Планирањето на развојот на населбите во окружувањето на општинскиот центар ќе се третира паралелно и интегрално со развојот на околните населби; – Развојот на комуникациската, посебно сообраќајната инфраструктура ќе биде во функција на системот на населените места. Ефикасното сообраќајно поврзување на општинскиот центар, на исто или различно хиерархиско ниво, ќе претставува една од приоритетните задачи во развојот на комуникациската мрежа на регионот. Развојот на сообраќајната инфраструктура ќе овозможи, врз комплементарна основа, зајакнување на функционалната (и просторната)поврзаност меѓу соседните, блиски општински центри и – Развојот на руралните населби во ридско-планинските простори ќе треба се одвива под непосредно влијание на најблиските општински центри со кои ќе бидат и непосредно сообраќајно поврзани со што ќе се овозможи и повисок степен на искористување на природните погодности. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 31 од 96 Концепт на системот на населби Развојниот концепт со кој се предвидува трансформација на мрежата на населбите во организиран, динамичен систем на населени места во наредниот долгорочен период, ќе произлезе од применетиот модел на урбанизација како комплексен процес и основна рамка за планирање на идната организација, уредување и користење на просторот. Усогласеноста, односно максимално можното респектирање на развојните потреби на општеството и основните потреби на пазарното стопанство претставуваат услови кои мора да бидат задоволени со цел да се обезбеди оптимален степен на ефикасност во идната операционализација на моделот. Планирањето на перспективниот развој на системот на населби со дефинирање на моделот на централните населби претставува резултат на примената на критериумската основа и принципот на полицентричност и хиерархичност. Развојниот концепт на системот на централните населби, кои ќе имаат носечка улога во формирањето и перспективното ефикасно функционирање на севкупниот систем на населените места, се базира врз системот на населби кои, како основа располагаат со: – Оформен широк спектар на услужни дејности и јавни функции; – Развиена и динамична стопанска основа, посебно од доменот на производното стопанство; – Непосредни, квалитетни сообраќајни врски со центрите од повисоко ниво и населбите во окружувањето и – Оформена зона на гравитациско влијание врз населбите во окружувањето. Основа врз која непосредно ќе се потпира развојот на урбанизацијата претставува соодветен модел на систем на населби со дефинирана: – Хиерархиска структура на системот на населби; – Просторна дисперзија на центрите; – Зони на гравитационо влијание; – Зони на интензивно поврзување и – Стратешки рамки за реализација на моделот. Основни принципи со чија примена е конципиран моделот претставуваат: – Принципот на полицентричност-систем составен од повеќе центри и – Принципот на хиерархичност-хиерархиски поставена структура на централни населби. Системот на населби ќе го сочинуваат населби со следниве категории на централитет: • Центар на Мезорегион: Кичево; • Центар на Микрорегион: Македонски Брод и • Центри на рурални општини: Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица, Пласница, Сарај и Желино. 2.3.3. Уредување на селски населби и подрачја Појдовни основи Категоријата рурални агломерации ја сочинуваат вкупно 158 населби со вкупно 71.254 жители. Во просторот на регионот се дисперзирани следниве општини: Другово (со 27 населби), Кичево (6), Зајас (13), Осломеј (16), Вранештица (15), Пласница (4), Македонски Брод (51), Брвеница (10), Желино (11) и Сарај (14). Погодностите на поволна конфигурација користат вкупно четири општини поставени на рамнински терени, од кои Кичево со (57% населби), Осломеј со (41% населби) и Пласница со (75% населби). Останатите пет општини се со населби кои се претежно со ридска и ридско- планинска конфигурација, и тоа: Другово (со 39%населби), Вранештица (66,6% населби), „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 32 од 96 Македонски Брод (52%населби), Желино (80% населби), Сарај со (57%населби), додека општина Брвеница со селото Гургурница претежно е од планински карактер. Зголемена концентрација на населбите и населението регистрирана е во зона на гравитација кон градот Кичево и дел од општината Сарај, која гравитира кон градот Скопје. Поволна геопрометна положба имаат населените места лоцирани непосредно или во близина на главните сообраќајници, за разлика од населбите со изразито неповолна поставеност во однос на патната мрежа. Многу населени места немаат директна врска меѓу себе и во патната мрежа на општините преовладуваат тесни патишта со ширина 4,5-5,5 м. кои се небезбедни за сообраќајот. Следејќи ја динамиката и длабоките структурни промени настанати под влијание на процесот на деаграризација интензивиран е започнатиот процес на дерурализација искажан во форма на демографско празнење на селските населби. Процесот на дерурализација во форма на трајна, динамичка миграција на руралното население, претставува главен фактор на значајните промени во структурата градско-селско население. Процесот на депопулација посебно интензивно присутен во категоријата на малите и средно големите населби непосредно влијае врз поместувањето на населението кон поголемите селски населби лоцирани во зоната на гравитација на градските населби и простори со компаративни развојни погодности формирајќи на тој начин, микрорегиони со висок степен на концентрација на населби и повисока густина на населеност. Во регионот категоријата населби кои се на прагот на тотална депопулација се населби до 100 жители, ги има вкупно 50.94% во однос на вкупниот број населби во регионот. Процесот на депопулација во посебно интензивна форма е присутен во категоријата ридски и планински населби и претставува израз на комплексно дејствување на низа неповолни фактори. Цели – Интезивирање на позитивните форми на трансформација и социо-економски развој на селото преку оптимално искористување на ресурсите и зголемената динамика на економскиот развој во согласност со современите принципи на пазарното стопанство; – Зголемување на нивото на економската и социјална згриженост со непосредно влијание врз зголемувањето на мотивираноста на селското население и искажување на траен интерес за опстанок во матичната средина; – Зголемено ниво на функционална и комунална опременост и планско уредување на селските населби, подобрување на локалната сообраќајна инфраструктура и ефикасна комуникациска поврзаност со центрите од повисоко ниво и – Зачувување и унапредување на природните вредности и еколошките атрибути на просторот и афирмирање на културолошките особености и вредности. Плански определби Развојот на селските подрачја во наредниот период претставува значајно стратешко прашање во концептот на долгорочниот просторен развој на регионот. Планскиот концепт на развојот и уредувањето на селските подрачја претставува интегрален дел на глобалниот концепт на просторниот развој на државата. Негова основна определба претставува унапредување на квалитетот на животните услови во руралната средина и намалување на постојната разлика во однос на условите во урбаните средини, преку интегрален сеопфатен развој на селото. Концептот на долгорочниот развој со кој се предвидува суштинско подобрување на условите за живеење и стопанисување како неопходен мотив за запирање на негативните тенденции, ревитализација и економски подем на руралните населби, заснован е врз принципите на моделот на интегрален развој кој подразбира комплексен, напореден и координиран развој на: земјоделството и производното „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 33 од 96 стопанство (мали и средни погони), терцијарните дејности (услуги, занаетчиството, трговијата, угостителството) и комуналната и сообраќајната инфраструктура како предуслов за ефикасно комуникациско поврзување со најблиските урбани населби функционални центри и населбите во окружувањето. Комплексот на мерки би предвидувал и оптимално задоволување на потребите од доменот на функциите на општествениот стандард, согласно со утврдените потреби на корисниците. Реализацијата на моделот на интегрален развој на селските подрачја во идниот период подразбира претходно дефинирање и разработка на соодветна долгорочна развојна стратегија како дел од глобалната стратегија на просторниот развој на земјата. Основата на развојната стратегија лежи во дефинирањето и непосредната примена на практични чекори со кои се обезбедува: – Интегрален пристап во планирањето на развојот на селските населби и организација, уредување и користење на севкупниот простор во границите на атарот, во согласност со идните развојни потреби на населбата и населението, потребите за полифункционален развој, максималната заштита на земјоделското земјиште и развојот на производното стопанство и услужните дејности; – Зголемена ефикасност во сообраќајното и воопшто комуникациското поврзување на селските населби и руралниот простор со градските и воопшто урбаните простори, со цел да се намали и елиминира состојбата на комуникациска изолираност на селото; – Селективен пристап во дефинирање на развојната стратегија за одделни типолошки категории на селски населби врз претходно извршена класификација и категоризација согласно со претходно дефинираната критериумска основа; – Поголема мотивираност на селското население за активно учество во развојот на селските подрачја, преку воведување на услови на пазарно стопанисување и активирање на развојните потенцијали преку примена на плански насочени стимулативни мерки со комбинирано учество на државата, приватното претприемништво и локалната иницијатива и – Да се обезбеди соодветна стручна помош и стимулативна фискална, кредитна и инвестициона политика која ќе ги респектира специфичностите на аграрниот комплекс и придружните дејности. Со реализирањето на концептот на полифункционалниот развој ќе се намали доминантната улога на земјоделството во развојот и формирањето на социо-економската физиономија на населението, а ќе зајакне улогата на производниот и секторот на услугите во областа на вработувањето и социо-економската трансформација на селото. 2.3.4. Домување Појдовни основи Домувањето претставува една од основните урбани функции, битна компонента на севкупниот општествено-економски развој, организација и уредување на просторот и еден од фундаменталните елементи на просторното и урбанистичко планирање. Една од основните цели на просторното и урбанистичко планирање е обезбедување хумани услови за живот и работа на луѓето, што може да се оствари само преку успешно планирани станови и станбени населби. Вкупниот број на станови во регионот на р. Треска според Пописот од 2002 година изнесува 33 581, што во однос на 1994 година е зголемување за околу 13%. Речиси во сите општини во опфатот на Планот, освен во општините Другово и Вранештица е евидентиран тренд на пораст на станбената изградба. Намалувањето на станбениот фонд во Другово и Вранештица е последица на процесот на депопулација, кој „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 34 од 96 е евидентиран и во двете општини и логично резултира со опаѓање на стапката на наталитетот, а е од аспект на домувањето со напуштање на станбениот фонд. Во однос на начинот на користење, во најголем дел (78%) станбените објекти се користат исклучиво за живеење. Во староснатата структура на станбениот фонд доминираат објекти изградени во периодот 1971-1980 година (21.09%), како и објекти изградени во периодот 1981-1990 година (19.7%). Прегледот на големинската структура на станбениот фонд укажува на тренд на изградба на поголеми станови- трисобни и повеќесобни, кој е евидентен во сите општини, што е воедно и показател за солиден стандард на домување. Во однос на опременост на станбениот фонд со основните инсталации (водовод, канализација и електрична енергија.), може да се установи квалитетен стандард на домување, односно 96,7% опременост со електрична енергија и 81,2% со водовод, канализација и електрична енергија, така што само 0.3% од вкупниот станбен фонд се објекти без инсталации. Основните показатели на стандардот на домување се повисоки од републичките, односно просечната големина на становите изнесува 71.28, просечната станбена површина по жител - 29.4 м2; додека просечниот број на жители на еден стан - 2,8. Во сите општини има појава на станбен суфицит, односно вишок станбен фонд, кој на ниво на регионот изнесува 7.049 станови. И покрај утврдениот релативно висок стандард на домување, сепак во вкупниот станбен фонд постои дел кој е субстандарден и кој во проектниот период треба да се замени со нов. Врз основа на комплексна анализа на станбениот фонд, во регионот, се проценува дека околу 11.4% од вкупниот станбен фонд, односно 3 837 станови се субстандардни и во планскиот период треба да се заменат со нови. Цели Основните цели на станбената политика на овој простор во планскиот период се: – обезбедување стан за секое семејство; – подигнување на стандардот на домување во поглед на површина, број на соби, градежни карактеристики и комунална опременост на становите; – изградба на адекватна инфраструктура во функција на поквалитетен стандард на домување; – асеизмичка градба на станови; – замена на субстандардните станови со нови; – обнова, реконструкција и ревитализација на стариот станбен фонд, заради подобрување на условите за домување и подигнување на квалитетот на станбениот фонд; – организирање на становите како хумани простори со соодветни придружни објекти за деца и возрасни; – постигнување на порамномерна станбена изградба; – либерализација на станбениот пазар; – изградба на социјални станови и – обезбедување поволни финансиски услови за решавање на станбениот проблем, преку одобрување на поволни кредитни услови за станбена изградба. Плански определби Основна определба во политиката на станбената изградба во планираниот период е реализација на зацртаните цели на концепцијата на домувањето во зависност од потребите и економските можности. Планската концепција на домувањето во идниот развоен период ќе биде насочена во правец на надминување на појавата на поларизација на урбаниот развој, како резултат на „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 35 од 96 што се создадоа големи урбани центри со значителни станбени, инфраструктурни, стопански и други потреби од една страна и напуштени, депопуларизирани рурални простори од друга страна. Во таа смисла, концепцијата на полицентричен развој го третира домувањето како посебен тип на развоен ресурс кој ќе ја диктира разместеноста на идните стопански капацитети на простори каде што постои станбен фонд. Најмобилен елемент ќе стане работната сила и на тој начин руралните и неразвиените подрачја ќе станат идни жаришта на стопанскиот развој. Промените во политичко-економскиот систем неминовно доведуваат и до промени во политиката на станбената изградба во рамките на која се појавуваат и нови моменти, како: напуштање на општествената изградба, рентиерство - како нов момент во станбената политика, внесување на нова категорија на социјални станови и политика за нивна реализација, нов начин на вреднување на станбената изградба и инвестирање во неа, процена на локацијата и усогласување на станбената со земјишната политика, индустријата, туризмот и комуникациите, анализирање и разрешување на проблемот на бесправната градба и внесување на аспектот на сеизмички хазард и ризик. Правилното креирање на станбената политика и дефинирање на издржана концепција на домување во идниот период зависат од низа фактори, како: – развојот на стопанството; – развојот на општествениот стандард и културата на домувањето; – обезбедување потребни средства за станбена изградба; – движење на природниот и механичкиот прираст на населението и – станбен дефицит и други. Потребите од нов станбен фонд произлегуваат од: – потребата за нов станбен фонд по основ на порастот на бројот на жителите и намалување на просечниот број на членови на домаќинствата; – потребата за замена на субстандардниот станбен фонд и – потребите кои произлегуваат од станбениот стандард и културата на домувањето и друго. Проекцијата на потребниот станбен простор тргнува од стандардите 20-25 м2/жител, во зависност од типот на населбата, 40-80 м2/стан (оптимална големина) и 100% опременост на станот со инсталации (особено во градските населби) и потполно елиминирање, односно замена на субстандардниот станбен фонд. Иако просечниот станбен простор на ниво на регион е повисок од усвоениот стандард, сепак генерално овој флексибилен стандард се применува во насока на изедначување на условите на ниво на целиот регион, особено поради тоа што истиот претставува насока од Просторниот план на Републиката. Според тоа, проекцијата на станбените потреби на ниво на регионот на р. Треска значи: „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 36 од 96 Разликата меѓу вкупниот број станови предвиден за 2020 год. и прогнозираниот број на домаќинствата за 2020 год. се должи на постојниот станбен суфицит, евидентиран на ниво на целиот регион. Значи вкупните станбени потреби се проценуваат на околу 7.703 нови станови. Реализацијата на станбената изградба ќе се одвива етапно, односно до 2010 година ќе се изгради околу 40% од предвидениот станбен фонд, а останатите 60% до 2020 година. Проекција на станбени потреби на ниво на општини Идните станбени потреби се најголеми во општина Кичево, како најголема и единствена урбана општина. Потребниот станбен фонд на општина Кичево во планскиот период изнесува околу 20% од вкупните станбени потреби на ниво на целиот регион. Новите станови кои ќе се градат треба да бидат комплетно опремени со инсталации, особено оние во градските населби. Исто така, неопходна е и целосна замена, односно елиминирање на субстандардниот станбен фонд. За реализација на прогнозираните станбени потреби во регионот ќе биде потребна следнава просечна корисна станбена површина: 7703 x (68-85) = 532.804 м2 - 645.755 м2 Просторниот план ги дава основните решенија за користење на просторот, а конкретната реализација на предвидената станбена изградба се остварува преку плановите од пониско ниво, односно урбанистичките планови и проекти, во рамките на кои сите поставки ќе бидат повторно проверувани и разработувани со цел да се постигнат значајни ефекти во стандардот на домување и да се подобрат станбените услови во согласност со постигнатиот општествено-економски развој. Со правилно планирање на општествено економскиот развој, многу поадекватно и порационално се планира и домувањето. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 37 од 96 Домувањето во градовите треба да се насочува во правец на задоволување на хуманите и еколошките барања, а во селата да се вградуваат позитивните карактеристики на урбано домување. Станот отсекогаш бил врзан за основната клетка “домаќинството” кое во него си обезбедува сигурност, остварување на своите потреби и соништа и изолирање од надворешниот свет. Функционалните барања на домаќинството за живеење, образование, воспитување, култура и друго неминовно доведуваат до трансформација на традиционалниот тип на домување и проширување на неговата основна функција за задоволување на егзистенцијалните потреби на домаќинството. Паралелно со сопствената надградба човекот го менува и станот, опремувајќи го со нови вредности и изнаоѓајќи нови можности за адекватно користење и организирање на просторот. Современата технологија, автоматизација и модернизација предизвикува битни трансформации и во станот, кои квалитативно го менуваат традиционалниот тип на домување и станот. Човекот го опремува станот со нови, посовремени содржини и вредности изнаоѓајќи нови можности за користење и адекватно организирање на просторот. Порастот на животниот стандарад, подобрување на здравствениот стандард и порастот на културата на домувањето доведуваат до постојано зголемување на површината на станот, подобрување на внатрешната организација и распоред, квантитативно и квалитативно подигнување на комуналната опременост на станот. Структурата и физичкиот модел на станбената единица мора да биде во корелација со општествената организација на луѓето кои живеат во станбената единица. Организацијата на станбените заедници е позитивен фактор за културни, економски, и општествени активности на нивните жители. Овој однос се манифестира и со повратна спрега на јавните функции врз домувањето, бидејќи од нивното успешно функционирање зависи и големината и бројот на станбените заедници. Затоа, домувањето општо, а станбената изградба посебно, претставува важна компонента на социјалниот и општостопанскиот развој, организација и уредување на просторот и подигнување на животниот стандард на населението. Поимот домување опфаќа значително поширока функција од онаа што ја има самиот стан. Домувањето на современ, културен начин не значи само престојување во затворен стан, туку и во отворените простори околу станот, можност за користење на околните спортски и детски игралишта, остварување блиски врски со јавните функции, културниот живот, можност за одмор и освежување во природата околу станот. Станот со својата околина претставува животна средина, која по должината на траење и користење во човековиот живот и по непосредното дејствување на човекот, врши пресудно влијание на неговата физиолошка сфера, неговата психа и неговиот емоционален живот. Поради тоа, во просторното планирање, домувањето во зависност од просторните рамки во кои се одвива се дефинира во потесна смисла како биолошко-физиолошка функција, а во поширока како еколошко-социјална функција. За решавање на конкретни станбени проблеми неопходно е да се истакне интегралниот карактер на поимот домување, односно да се сфати корелацијата и нераскинливата поврзаност меѓу потесниот и поширокиот поим на домувањето. До ваков став се доаѓа по дедуктивен пат, тргнувајќи од фактот дека домувањето е една од битните појави во процесот на урбанизацијата, така да правилните текови на урбанизацијата го стимулираат економскиот и социјалниот развој на заедницата. Во обратна смисла, урамнотежениот однос на економскиот и социјалниот развој на заедницата условуваат правилни текови на урбанизација и позитивно решавање на станбените проблеми. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 38 од 96 За наши услови кои се карактеризираат со брза и интензивна урбанизација, малку контролирана, повеќе стихијна, необично е важно комплексно сфаќање на домувањето и како фактор (причина) за економски и социјален развој на заедницата, а не само како нивна последица. Во таа смисла во просторното планирање, домувањето треба да се согледува како комплексно, низ неговите три димензии: – Техничка димензија (површина, двор, микроклиматски услови); – Социјална димензија (начинот на живеење во станот и надвор од него, социјалните контакти меѓу поединци и семејства и сл.) и – Економска димензија (куповната моќ, начин на стопанисување на семејството и сл.). 2.3.5. Општествен стандард Појдовни основи Просторната дистрибуција и функционалната организација на јавните функции е директна последица на разместеноста, големината и степенот на развој на населбите, односно агломерациониот систем од една страна, а од друга индикатор на нивото на развиеност и животниот стандард на населението. За досегашниот начин на организација на овие дејности карактеристична е нивна неприлагоденост во однос на типот на населбите, положба во системот на населбите, сообраќајна неповрзаност и социо-економските и демографски карактеристики на населението. Ова е последица на досегашниот начин на организација и финансирање на овие дејности, како и непостоење организирана соработка меѓу локалните заедници и централната власт во формирање на програми за организирање на нивните активности. Во досегашните акти кои ја регулираат оваа материја не се утврдени гравитациони зони (пешачки и сообраќајни изохрони) за одделни дејности кои се со законот обврзувачки (здравствена заштита, основно образование). Поради тоа, во организацијата на овие дејности се запоставени оние активности кои обезбедуваат поголема достапност на населението од помалку развиените населби (организиран превоз со школски автобуси, мобилна здравствена служба, организиран јавен меѓуселски сообраќај и сл.). Цели Целите и задачите на развојот на одредени активности во рамките на јавните функции, како појдовни ориентации и претходни определувања, во текот на натамошниот процес на реализација на Планот ќе бидат проверувани и дефинитивно утврдувани, во чии рамки се дадени и критериуми и нормативи за програмирање на развојот на овие дејности, кои понатаму ќе служат за оформување на останатите програмски елементи. Целите во развојот на јавните функции се следниве: – Намалување на разликите во квалитетот на живеење на населбите од различен тип; – Активирање на локалните заедници и самоиницијативи на граѓаните низ различни институционални и вонинституционални аранжмани; – Зголемување на искористеноста на изградените фондови за потребите на работата на јавните функции; – Понагласен развој на мрежата институции за предучилишно воспитување и образование поради нивното значење во психофизичкиот развој на младата личност, по пат на опфаќање на што поголем број корисници; – Развивање на порамномерна мрежа на основни и средни училишта со целосен опфат на децата и младината на соодветна возраст и одвивање на наставата во една смена; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 39 од 96 – Порамномерен развој на здравствената заштита и подобрување на квалитетот на дадените услуги со подобрување на просторната организација и кадровската екипираност на здравствените служби; – Натамошен забрзан развој на културата низ повисоки форми на културно живеење, со посебен акцент на руралните подрачја и центрите на новоформираните општини и – Проширување на мрежата на објекти и капацитети од областа на физичката култура со цел за постигнување порамномерна и порационална просторна разместеност. Плански определби во развојот на јавните функции Организација на јавните функции во системот на населби Основен принцип во развојот на мрежата на јавните функции е претпоставката дека во нивниот развој ќе бидат вградени можности за алиментирање на нивната работа. Новите законски прописи треба да го редефинираат обемот на обврзувачки услуги кон граѓаните и на тој начин ќе се утврдуваат програмите за развој на овие дејности на пониско ниво на територијална организација. Значи досегашниот статичен и униформен модел на организација на овие дејности постепено ќе се напушта за сметка на развој на јавните функции во рамките на населбите и локалните заедници. Независниот и самостоен развој на јавните функции во населбите и локалните заедници во однос на управно-административните функции на населбата, кој ќе доведе до поголема диференцијација на населбите во поглед на функциите, ќе ја намали спрегата на управно административните функции со стопанскиот, социјалниот и културниот развој на населбата, со можност за прераспределба на видот и установите на јавните дејности во рамките на функционалното подрачје. Организација на јавните функции согласно со хиерархиската мрежа на населбите При организирање на мрежата на јавните функции во одделни подрачја, битно место исто така ќе имаат и мотивите, интересите и инвестициите на приватните инвеститори, различни фондации и други непрофитни асоцијации, врз основа на следниве принципи: – Вклучување на соодветни мерки за подобрување на достапноста на услугите до граѓаните, како: сообраќајна достапност (соодветна локална патна мрежа, меѓунаселски превоз, ученички автобуси, субвенциониран превоз за одделни општествени групи и сл.), информатичка достапност (телефон, телефакс и сл.) со можност за дневни контакти на поголеми дистанци, развој на комплементарни содржини за одделни дејности (домови, пансиони, стационари, кујни и сл.), усогласено работно време со потребите на граѓаните, развој на територијални мобилни служби, како подвижни библиотеки, мобилни клиники и здравствени служби за превентивни услуги и сл; – Прераспределба и усогласување на развојот на одредени функции од областа на образованието, здравството, културата и сл. На ваков начин се овозможува задржување на некои традиционални и функционални специфичности на одделни населби во однос на одделни јавни дејности; – Примена на различни критериуми во организирање на јавните функции: демографски карактеристики, социо-економски состојби и потенцијали, заинтересираност на инвеститорите и оправданост на програмите во однос на инвестициите и др.; – Утврдување на обврзувачки стандарди и норми за одделни јавни дејности со цел да се обезбедат обврзувачки минимални услови за задоволување на потребите. Дефинирањето на овие стандарди може да се зацрта како долгорочна цел заради остварување на цивилизацискиот минимум во поглед на задоволување на основните потреби на граѓаните во областа на јавните дејности, но тие да не бидат граница која ќе го лимитира нивниот развој; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 40 од 96 – Развивање на посебни програми сообразени со особеностите на руралните подрачја, локалните заедници и територијалните групи; – Во област на здравството и социјалната заштита, приспособувањето на здравствените служби на специфичностите и барањата на селските подрачја, мобилни здравствени служби и сл. и формирање на установи за згрижување на деца, стари и болни лица и сл; – Во образованието, развој на модел на училишта за интегрално образование, приспособено на развојните интереси на селскиот стопански, социјален и културен простор, развивање на програми за образование на младината која професионално ќе се ориентира кон земјоделско производство, со можности за преквалификација и доквалификација за други активности на село, вклучувајќи ја и женската работна снага, формирање на фондови за стипендирање на занимања неопходни за работа на село и сл. и – Иницирање на развој на посебни програми од областа на културата, спортот и рекреацијата со акцент на поддршка на локалните културни друштва и групи, како би се сочувале духовните и материјални вредности на селото: етно - паркови и куќи, музеи, библиотеки, летни школи и колонии и сл. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 41 од 96 „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 42 од 96 Организација на јавните функции Пристапот во анализата на планерската концепција на организација на јавните функции е усогласена со промените во политичко-институционалниот систем на државата, како и со новите тенденции и праксата на организирање и финансирање на овие дејности во развиените земји со нагласена димезија на социјалниот развој. Од аспект на просторниот распоред на јавните функции, како основни земени се следниве услови: „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 43 од 96 – Минималниот стандард во овие дејности мора да биде достапен до сите граѓани на државата; – Обезбедување на уедначен квалитет на дадени услуги; – Акцент на поттикнувањето на локална самоиницијатива, активно учество на граѓаните и квалификуваните носители на програми во организацијата на работата на јавните дејности и – Можност на избор на вид и модалитет на услуги и приспособеност на програмата на јавните служби на локалните карактеристики. Социјална заштита Организирањето на институции од областа на социјалната заштита на просторот на сливното подрачје на регионот Треска е во директна зависност од она што ќе се случува на одделни делови на регионот. Имено, како последица на изградба на акумулацијата “Козјак”, во многу ќе зависи дали просторот ќе почне да живее и ќе се јави потреба од организирање на вакви институции на тој дел. Социјалната заштита опфаќа инситуции за згрижување на деца без родители, како и организации за стари лица со сместување, исхрана и медицинска нега. Во однос на социјалните установи, за објектите од социјален карактер за деца без родители и за стари лица се планираат по три места на 1.000 жители со минимум 15 м2 на површина на објектот по корисник и мин 30 м2 на комплексот по корисник. Образование Предучилишно образование и воспитување Организациите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст вршат дејност од посебен општествен интерес, бидејќи тука започнува формирањето на карактерот на детската личност. Тие обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби до 3 год. (јасли) или од 3 год. до тргнување на училиште (градинки и забавишта при предучилишните организации и забавишта при основните училишта). Поради нивното значење во психофизичкиот развој на децата, нивно поуспешно подготвување за училиште и се поголем степен на вработеност на жените, се предвидува и очекува натамошен нагласен развој на мрежата на овие институции. Со предучилишните установи треба да бидат опфатени 70% од децата на предучилишна возраст (или околу 6% од населението), со целодневно или полудневно престојување. Основни стандарди при проектирање на овие организации се 9 м2 бруто површина по дете, односно 20 м2/дете за отворени простори (зеленило, игралишта, пристапи). Вакви институции би требало да се организираат во сите населби, под претпоставка дека ќе се извлечат од демографската стагнација и стареење. Радиус на гравитација за овие институции е 600 - 1.000 м. Основно образование Основни цели во политиката на развојот на основното образование во наредниот период се однесуваат на : – Целосен опфат на децата на возраст од 7 до 14 год; работа на училиштата во една смена со можност за дневен престој на учениците; – Изградба и реконструкција на објекти во согласност со современите педагошки и хигиенски барања и обезбедување оптимален училишен простор според современите стандарди и нормативи; – Развивање на мрежата на основни училишта по можност во секое населено место или во непосредна околина, со организиран превоз со училишни автобуси и „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 44 од 96 – Приспособување на програмските содржини и образовно-воспитната функција на училиштето со современите педагошки и научни сознанија. Развојот на основното образование во идниот период ќе се одвива во рамките на определбите: основното образование е обврзувачко за сите деца на соодветна возраст, а минимални обврзувачки стандарди се 7 м2/ученик за површина на објектот и 20 м2/ученик за комплексот на училиштето. Основни училишта треба да постојат во сите населби. Во случај да не може да се организираат во населбата, бидејќи за тоа не постојат потребни услови (потенцијален број на корисници, градежен фонд и сл.), се организира во соседна населба, со тоа што е задолжително организирање на превоз до соседното место. Радиус на гравитација за основни четиригодишни училишта е 1.500 м, а за осумгодишни училишта 2.500 м. За дистанци поголеми од овие, задолжитено е обезбедување на превоз по пат на организирање школски автобуси или јавен превоз. Средно образование Планираната мрежа на средни училишта тргнува од следниве определби и цели: – Обезбедување комплетен опфат на младината од средно училишна возраст (15-19 год.); – Достапност на училиштата до сите населени места; – Изградба и реконструкција на објекти согласно со современите педагошки и хигиенски барања и обезбедување оптимален училишен простор според современи стандарди и нормативи и – Усогласување на програмските содржини со потребите на стопанските и нестопански дејности кои ќе се развиваат на просторот, засновани на современата педагошка наука и практика со нагласена општообразовна и воспитна димензија. Образовни институции од средно и вишо воспитување и образование, се предвидуваат во мезорегионалниот, микрорегионалниот центар и по потреба во општинските центри, но под претпоставка за демографско заживување и стопанско активирање. Во тој случај ќе се јави и потребата од средно и високо стручни кадри. Значи, ако постои интерес и економска основа за вакви содржини истите ќе се организираат, било во рамките на јавниот или приватниот сектор. Во тој случај задолжително е и организирање на придружна (комплементарна содржина) која овозможува целосно задоволување на потребите, како ученички и студентски домови, ученички и студентски кујни и ресторани, библиотеки со читални и простории за учење и сл. Основни определби кои треба да се остварат во планскиот период во однос на средното образование се: целосна опфатеност на младината на возраст од 15 - 19 год. и можност за изведување на наставата во една смена. Норматив за одредување на потребната површина е 8 - 10 м2/ученик. Образование за возрасни Во наредниот период развојот на стопанството ќе ја зголеми потребата од стручни кадри кои можат да се обезбедуваат не само по пат на едукација на младите, но исто така и со доквалификација, преквалификација и стручно усовршување на постојните кадри, што може да се обезбеди преку образованието за возрасни. Образованието за возрасни ќе се одвива во следниве насоки: – Перманентно стручно образование на возрасните, усовршување, квалификација и специјализација на кадрите и – Оспособување, усовршување и преквалификација на работниците. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 45 од 96 Здравство Развојот на мрежата и капацитетите на здравствените организации се базираше на постојната здравствена политика и планските документи, чија основна определба беше создавање на територијално и функционално пристапна мрежа на здравствени организации за целокупното население на Републиката, заснована на концептот “општинско здравство”, кое од своја страна доведе до дисперзија на широка мрежа на здравствени организации, нивни организациони единици и служби, до паралелизам на просторот, опремата и кадрите за исти дејности на блиски подрачја и до нивна нерационална искористеност во рамкитие на Републиката. Таквиот развој објективно оневозможи да се воспостави интегрален систем на здравствена заштита со рационално издиференцирана поделба на работата според објективната патологија и бројноста на населението. Сегашниот транзиционен период, во кој се наоѓаат сите дејности меѓу кои и здравството, се карактеризира и со фазата на донесување на низа закони од областа на здравствената дејност, нејзиното преструктуирање со дефинирање на обврзувачката здравствена заштита за целокупното население, нејзиното порационално организирање и создавање на можности за развој на комплементарно приватно здравство. Целиот простор располага со мрежа на здравствени организации која ја сочинува здравствениот дом во Кичево и Македонски Брод. Мобилните здравствени служби кои се предвидени за опслужување на овој простор функционираат недоволно, што е општа забелешка на анкетираното население. Во таа смисла, основните цели во развојот на здравстената зааштита во планскиот период се следниве: – Порамномерен развој, односно намалување на разликите во развиеност на мрежата на здравствена заштита меѓу овие простори и поразвиените, особено урбаните градски средини; – Подобрување на просторната организација на здравствените служби (функции, капацитети и елементи) во смисла на интегрираност и рационалност во задоволување на потребите на населението; – Кадровско екипирање на здравствените установи, не само во квантитативна смисла, туку и подобрување на квалификационата структура на здравствените работници, како и вградување современа медицинска опрема во здравствените организации и – Дефинирање на обврзувачка здравствена заштита, нејзино порационално организирање и создавање можности за развој на комплементарно приватно здравство. Сите населби во наредниот период треба да имаат здравствени станици и мобилна здравствена служба, со гравитационо подрачје до 1.000 м. Нормативи за овие институции се: минимум шест легла на 1.000 жители и минимум 8 м2 по легло за површината на објектот и 80 м2/легло за парцела на здравствениот објект. Култура Демографското и стопанско активирање на овој простор треба да го следи и соодветно културно живеење, особено поради констатацијата дека дејностите од областа на културата во сите рурални подрачја во Републиката се на многу ниско ниво. Во таа смисла како основни и долгорочни цели во развојот на културата во наредниот период се поставуваат: – Забрзан културен развој на руралните подрачја, со посебен акцент врз новоформираните центри на општини; – Барање поголеми можности и повисоки форми на културно живеење, во согласност со очекуваниот развој и социо-економските трансформации во услови на пазарно стопанисување и – Проширување на мрежата на културни установи по пат на повисок степен на организираност и искористеност на постојните капацитети не само преку државни „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 46 од 96 институции, туку и преку локалните заедници и приватниот сектор за инвестирање во овие дејности. Во наредниот период секоја од населбите треба да има и библиотека, кино и дом на културата, а ако постои интерес и економска основа во некои од населбите и музеј, галерија, театар и дом на младина и пионери. Нормативи за предвидување на овие дејности се: – за библиотека, на 1.000 жители се предвидува минимум 100 места; – за кино, на 1.000 жители, минимум 50 места и – за театар на 1.000 жители 20 места. За едно место се предвидува 7 м2 површина за објектот. Физичка култура Развојот на физичката култура, спортот и рекреацијата, како предуслов за одржување на здравјето на населението и зголемување на работната способност, треба да се одвива во рамките на: – Обезбедување простори, капацитети, и објекти од областа на физичката култура и нивна рамномерна и рационална просторна разместеност и – Проширување на мрежата на објекти и површини во населените места и образовните установи согласно со оптималните стандарди за оваа област. Секоја од населбите во регионот на сливот на реката Треска во наредниот период треба да има отворени, уредени простори, погодни за различни видови спортски активности со минимални барања за одржување, а поголемите населби, општинскиот центар и особено населбите кои ќе се развиваат како туристички центри (Здуње, Близанско и Белица), во согласност со економските можности постепено треба да се опремат и со покриени објекти за физичка култура, со соодветни санитарни и други придружни простории, режими на одржување и користење (базен, тениски игралишта, вежбалници и сали за гимнастика). Подолгорочно гледано, а во зависност од демографскиот и стопански развој на овој простор, во населбите и нивните околини кои ќе прераснат во туристички центри треба да се организираат и спортско - рекреативни центри со мултинаменски карактер. Сé понагласените потреби за развој на физичката култура во планскиот период ќе се одвиваат преку државните, локалните и приватни иницијативи со подобрување на постојните капацитети и градба на нови. Просечната површина по жител во 1991 год. изнесуваше 2,65 м2/жител, а за идниот развој се планира за задоволување на просторните потреби со 5,00 м2/жител. 2.4. Инфраструктурни системи 2.4.1. Сообраќајна инфраструктура Појдовни основи Сообраќајната инфраструктура во регионот го сочинуваат патниот и железничкиот сообраќај. Патната мрежа во регионот ја сочинуваат: 1. М - 4 Охрид - Кичево - Гостивар 2. М - 4 Скопје - Тетово 3. Р - 513 Кичево - Македонски Брод - Прилеп 4. Р - 406 Кичево - Прострање - Демир Хисар 5. Р - 408 Растеж - Калуѓерец - Суводол „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 47 од 96 6. Р - 421 Кичево - Осломеј - Туин 7. Р - 104 Н. Брезница - Калуѓерец - Суводол Вкупната должина на локалните патишта е 439 км, од кои 218 км се асфалтни, а 201 км се земјани и непросечени. Како центар на ливното подрачје на реката Треска може да се смета градот Кичево, кој е оддалечен од Скопје 100 км и 55 км од Охрид. Кичево е поврзано со Битола со 78 км. Најдобро поврзани се местата кои се лоцирани околу патниот правец Гостивар - Кичево Охрид кој е дел од Коридорот 8. На регионот му недостасува директна врска со Скопје. Граѓаните мораат по обиколни патишта да стигнат до Скопје. Железнички сообраќај На подрачјето на регионот е лоциран дел од пругата Скопје -Тетово - Гостивар Кичево. Тоа е пруга со нормален колосек од 1.435 мм. Од станицата во Зајас се одвојува крак Зајас-Тајмиште во должина од 6,7 км. Станицата во Кичево е крајна станица на пругата. Од станицата во Кичево се одвојуваат два индустриски колосеци за фабриките “Цане Талевски” и за “ЕМО” Охрид. Цели Во идниот период се очекува транспортот да остане главен потрошувач на енергијата. Сегашните модели на транспорт со своите доминантни форми на потрошувачка на енергијата не се “одржливи” и доколку продолжи тој тренд ќе бидат предизвикани сериозни проблеми во животната средина и здравјето на населението. Од тие причини неопходно е: унапредување на интегралната транспортна политика; приспособување и унапредување на мерките за ублажување на негативните влијанија на транспортот врз животната средина, исфрлување од употреба на оловниот бензин, преземање акции за намалување на емисиите на гасови од возилата (СО2); организирање на партнерски односи на национално ниво, вклучувајќи ја Владата, локалните власти, невладини организации и приватниот сектор, заради подобрување на сообраќајната инфраструктура и развој на нови модели за масовен транспорт. Во таа смисла се дефинирани следниве цели: – Изградба на транспортен систем што ќе ги минимизира штетните влијанија на сообраќајот врз животната средина и ќе помогне во подигнувањето на квалитетот на живеење во урбаните и руралните подрачја во регионот; – Формирање на транспортни интермодални центри како основни точки на контакт меѓу различните видови на транспорт, а како предуслов за градење на ефикасен, флексибилен и економичен транспортен систем; – Реконструкција и изградба на транспортни и комуникациски мрежи и обезбедување сообраќајни средства со примена на врвна технологија во инвестиционата подготовка, проектирањето, градењето, одржувањето и експлоатацијата; – Динамичка реализација на инфраструктурата со приоритети засновани на сообраќајно-економски критериуми, односно според стратешките определби на државата кога сообраќајот се појавува како иницијален фактор на општиот развој; – Посебна обработка на трасите што минуваат или ги обиколуваат градските агломерации Кичево и Македонски Брод; – Зголемување на пропусната моќ на транспортниот систем, негово поврзување со соседните региони и заедничко вклучување во европските системи и текови; – Обезбедување на висок степен на мобилност на населението и производите, како и високо ниво на телекомуникациската поврзаност на територијата на регионот; – Обезбедување на соодветна пристапност на целата територија на регионот, со што ќе се создадат услови за порамномерен развој во сите делови на истиот; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 48 од 96 – Перманентна контрола за висока безбедност во сообраќајот и заштита на човековата околина; – Максимално користење на традиционалните патишта за лоцирање на основните сообраќајни коридори; – Приспособување на генералното поставување на трасите со природните релјефни карактеристики; – Приспособување на сообраќајната мрежа на главните генератори на идните движења на патници и транспортот на стоки; – Минимизирање на времето на патување и на превозните трошоци и – Заштита и резервирање на простор за идните стратешки транспортни коридори. Плански определби Коридорот 8 треба да придонесе за економскиот развој на Република Македонија, а тоа ќе се одрази позитивно и врз развојот на регионот. Ова значи дека сливот на р. Треска ќе добие преку Коридорот 8 врска со пристаништата Драч во Албанија, Бургас во Бугарија, како и со Турција. Основата за планирање и развој на патната мрежа на регионот се базира на одредбите за категоризација на патиштата во Законот за јавните патишта, на стратешки дефинираните меѓународни коридори за патен сообраќај, на досега изградената европска патна мрежа - ТЕМ со “Е” ознака на патишта, на досега изградената магистрална и регионална патна мрежа, како и на определбите од долгорочната стратегија за развој. Од страна на “Behtel internacional, inc.” изготвена е студија Исток - Запад, “Физибилити студија за транспортниот коридор 8”, фаза 1, книга 1 и 2. Според студијата предвидено е дека домашниот сообраќај ќе биде доминантен на коридорот. Прогнозата се базира на голем пораст на моторизација и голем пораст на користење на моторизацијата. За Република Македонија се предвидува степен на моторизација од 350 возила на 1.000 жители. Врз оваа претпоставка пресметан е бројот на возилата во регионот и тој изнесува околу 30.000 патнички возила. Патната мрежа во регионот во 2020 година Во овој регион предвидено е до 2020 год. да се изгради автопат Гостивар - Кичево Охрид како сегмент од Коридорот 8. Автопатоп во рамките на регионот ќе се протега од превалот Стража до превалот Пресека. За сообраќајното поврзување на овој регион со градот Скопје, особено просторот опфатен со акумулацијата “Козјак” изработени се повеќе варијанти од кои како најоптимална е усвоена варијантата за регионалниот пат Р - 104 кој започнува со врската на регионалниот пат Р -103 - Н. Брезница - брана “Козјак” - туристичка населба Здуње мост кај Близанско - Влао - Калуѓерец. Должината на делницата која треба да се изгради, а на одделни делови и да се реконструира, (за ширина на коловоз 6,0 м) изнесува 77,225 км. На оваа должина ако се додаде должината на потегот од Калуѓерец - Македонски Брод со должина од 24 км должината на патната врска од Скопје до Македонски Брод изнесува 101,225 км. За ова подрачје (на регионот), предвидена е и изградба на регионален пат Гостивар Србиново - Трново -Волче - Растеж. На овој пат треба да се догради делницата Србиново Трново - Волче - Растеж. Железнички сообраќај До 2020 год. се планира изградба на делницата Кичево-Струга- Ќафасан во должина од 66 км. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 49 од 96 Пругата Кичево - граница со Република Албанија треба да биде електрифицирана и изградена со елементи на пруга со брзина од 100 км/ч. На пругата треба да бидат изградени 7 станици, предвидени се тунели во должина од 8,0 км и мостови во должина од 3,0 км. Пругата ќе биде оспособена за 250 кН. Оваа пруга спаѓа во втор приоритет на МЖ, бидејки прв приоритет во плановите на МЖ е завршување со градба на делот Белјаковце - Деве Баир, граница со Р.Бугарија, која е започната во 1994 год. Во Просторниот план на Република Македонија е предвидена и траса на пругата Кичево - Сопотница, со што би се добила кружна врска Кичево - Прилеп - Скопје- Кичево. 2.4.2. Комуникациски и доставни системи Појдовни основи Досегашните традиционални класични поштенски услуги, со подинамично темпо ќе се модернизираат и забрзаат за да бидат во служба на сегашниот општествен, политички, економски и личен живот на граѓанинот. Единиците на поштенската мрежа треба да се прилагодат на потребите кои ги бара новото време во смисла на воведување на нови видови услуги, компјутеризација во сите фази на технолошкиот процес, пратење на пратките од прием до врачување, зголемување на безбедноста на пратките и забрзување на преносот на поштенските пратки со обезбедување на нови современи транспортни средства. Постигнатиот степен на развој и модернизација на телекомуникациската мрежа претставува значаен ресурс кој овозможува да се прават реални детерминирања на правците и насоките на развојот кои треба да коренсподираат како на вкупните стратешки и развојни цели на државата, така и на европските трендови и цели за влез во информатичкото општество. Можностите на новите дигитални системи и нивниот развој е насочен кон интегрирање на различни видови на комуникации, како пренос на слики, текст, податоци, истовремено по иста мрежа. При планирањето на развојот на телекомуникацискиот сообраќај, мрежата на овој сообраќај треба да обезбеди зголемување на пропусната моќ, ефикасно, флексибилно и економично работење. Цели Основните насоки на идниот развој на поштенскиот сообраќај во Република Македонија се очекува да биде кон воведување на нови видови на услуги како што се: проширување на “забрзаната пошта”, каталошка продажба, електронска пошта, услуги по договор, бирофакс, услуги од посреднички тип од сферата на финансиите, хибридна пошта, воспоставување Trace&Trace за следење на пратки од прием-пренос до врачување, поврзување во меѓународни информативни системи: EDI систем, IPS, Tulip како и поштенски управи итн. Развојот на комуникациските системи се очекува да ги следи најновите техничко технолошки трендови во светот, а согласно со условите и потребите истите да се имплементираат во комуникациската мрежа на Република Македонија. Визијата на подолгорочниот развој на македонските телекомуникации е вклопување во глобалното информатичко општество, со што на корисниците би се нудела палета од мултимедијални и интерактивни комуникации. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 50 од 96 Плански определби Поштенска мрежа Развојот на поштенската мрежа во регионот и Македонија е насочен кон отворање на разни организациони облици на нови поштенски единици, модернизација на целокупната поштенска мрежа за квалитетно и рационално вршење на технолошкиот процес, опремување со транспортни средства, машини, ваги, детектори и др. При отворање на новите поштенски единици во функција се критериумите поставени со развојниот документ на ЈП Македонски пошти “Генерален план за развој на поштенската мрежа во Република Македонија”, а се зависни од големината, односно бројот на жители на населеното место, обемот на услугите, инфраструктурната опременост на соодветното подрачје, туристичката развиеност, државните и локалните интереси. За да обезбеди непречено одвивање на внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, до 2020 год. се планира вкупниот број на единици во регионот да ја достигне бројката 40, односно отворање на нови 20 единици, при што бројот на жители на една единица на поштенска мрежа ќе изнесува 2.730. Бр. на поштенски единици, жители на единица и површина која ја покрива единица Новите единици на поштенската мрежа се планираат да се изградат на локации согласно со поставените критериуми во Генералниот план. Организацискиот облик на новата поштенска единица ќе биде одредено врз основа на потребите на соодветното населено место, како и во согласност со економската анализа на Македонски пошти. Телефонска мрежа Планирањето на развојот на телекомуникациите во долгорочен период, со цел да се внесе физичка локација на постројките во плановите е мошне неегзактна активност, имајќи го предвид брзиот развој на новите технологии и скратувањето на времето на воведување и нивна примена во секојдневието. Во идниот период главен предизвик во полето на телекомуникациите е преминот од мрежи со комутација на кола, главно за пренос на говорен сообраќај, во мрежи на следната генерација (NGN) базирани на IP кои се основа за пренос на податоци со големи брзини при што говорот е составен дел од сообраќајот, компјутерска Интернет мрежа која ќе има брз “броадбенд” пристап. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 51 од 96 За рамномерен регионален развој на телекомуникацискиот сообраќај, потребно е да се изградат комутациски точки во с. Туин, Црвивци, Србица, Пласница и Крушопек. Планиран капацитет на телефонски централи, број на телефони во месната мрежа и број на јавни телефонски говорници во 2020 год. Планирано е зголемување на капацитетот на телефонските централи за 5%, на телефонската мрежа за 3,2% и на вкупниот број на телефонски говорници за 7%. Со вака планираната густина во 2020 год. телефонските приклучоци на 100 жители се очекува да изнесуваат од 18 во Пласница до 42 во Вранештица. Мобилна телефонија Мрежата на мобилна телефонија треба да обезбеди висок степен на мобилност на населението и високо ниво на телекомуникациска поврзаност на територијата. Мобилните оператори имаат обврска да овозможуваат висококвалитетен сигнал кој ќе биде достапен за сите корисници, во секое време и на секое место во Македонија. Во планскиот период покрај постојните 16 базни станици, за подобрување на покриеноста на регионот планирани се 4 нови базни станици. Една од станиците е во северо-западниот дел кај Сарај, а останатите се лоцирани во јужниот дел, во околина на с. Белица и Прострање. Со тоа ќе се обезбеди подобра пристапност и покриеност на целата територија на регионот. Радио и телевизиска мрежа Радиодифузниот систем обезбедува пренос, емитирање и дистрибуција на аудио и телевизиските програми и други информациски содржини, наменети за општ прием во слободен простор и по кабловската радио-телевизиска мрежа на територијата на Република Македонија. Во планскиот период ќе се продолжи со доизградбата и целосно дооформување на постојните радио и телевизиски мрежи, како и подобрување на квалитетот на сигналите според меѓународно пропишаните технички норми. Се планира воведување на систем за далечинско управување и контрола на емитираните радио и телевизиски сигнали на пунктовите од радиодифузната мрежа, воведување на телетекс, како и продолжување со дигитализацијата на радиодифузниот систем и микробрановите врски. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 52 од 96 За допокривање на населените места од овој регион со ТВ програми е предвидено да се постават и репетиторски пунктови во: Брждани, Белица (општина Другово), Девич, Русјанци, Горно Крушје, Латово, Модриште, Белица (општина Македонски Брод), Горна Лешница, Врбјани и Патешка Река. Во ултракратко браново подрачје предвидено е поставување на репетиторски пунктови во: Белица (општина Другово), Модриште, Белица (општина Македонски Брод), Горна Лешница, Врбјани и Патешка Река. Просторот на сливното подрачје на реката Треска целосно е покриен со радиопрограма емитувана на фреквенција во среднобрановото подрачје. 2.4.3. Водостопанска инфраструктура Појдовни основи Регионот на сливното подрачје на реката Треска спаѓа во подрачја од Републиката богати со вода, изразено и преку специфичното истекување (q= 12 - 13 л/сек/км2) и преку средногодишните протекувања (мерна станица “Св. Богородица” Q=24,2 м3/сек). Во Република Македонија регистрирани се 4.414 извори од кои 58 се со издашност над 100 л/сек, а 18 од нив се во сливот на р. Треска. Тука најзначајни извори се Извор (извор на р. Треска), Студенчица, Питран, Пешница, Белица. Извор достигнува капацитет од 3 м3/сек, а кај изворот Белица забележан е проток и над 6 м3/сек. Исто така, сливот на реката Треска го карактеризираат и чисти води. Квалитетот на реката на изворот е непроменет и е I класа. На мерното место под Кичево (с. Бигор Доленци) квалитетот на водата често отстапува од дозволениот (по однос на органско и микробиолошко загадување) што се должи на испуштање непричестени комунални и индустриски отпадни води од Кичево. Квалитетот на водата е II - III класа. Квалитетот на водата пред вливот во р. Вардар е подобар - II класа. Поради богатството на вода и високиот квалитет на водите со кој располага сливот на реката Треска со Просторниот план на Република Македонија, зацртано е решение за изградба на Регионален водостопански систем (РВС) “Треска”, со кој ќе се зафаќаат води од р. Треска и ќе се префрлаат кон Источна Македонија, односно ќе се задоволуваат потребите во ВП”Скопско”, “Пчиња”, “Средна и Долна Брегалница” и “Струмица”. Цели Основно начело на стратегијата во заштита и користење на водите е одржливиот развој, односно покривање на потребите од вода на сегашните генерации, на начин со кој нема да се наруши правото тоа да го остварат идните генерации. Во наредниот период цел во развојот на водостопанството е воспоставување управувачки систем кој ќе овозможи оптимално управување со водите при нивно комплексно користење. За нејзино постигнување ќе треба да се обезбеди хармоничен развој меѓу сите компоненти на системот со кој ќе се врши управување, и тоа: – Долгорочно дефинирање на потребите, приоритетите во обезбедувањето и начинот на користење на водите; – Утврдување на спротивностите на интересите во однос на водите и предлог на мерки за нивно разрешување; – Дефинирање на водостопанскиот развој во согласност со пошироките општествени развојни цели; – Третман на водата како економска категорија, како приозвод што има своја цена, со што ќе се овозможи оптимално управување, користење и заштита на водите; – Насочување на развојот во правец на заштита на водите од штетното влијание; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 53 од 96 – Создавање техничко-технолошки услови за извршување на програмата, т.е. обезбедување опрема за мониторинг системот и за обработка и користење на информациите; – Планско резервирање и заштита на просторите потребни за идните акумулации; – Спречување на одделни парцијални решенија кои го отежнуваат или оневозможуваат идниот развој на комплексни позитивни водостопански решенија; – Максимално зафаќање на можните изворишта во регионални системи со кои ќе се решат водостопанските проблеми и во сушните подрачја; – Перманентно истражување на подземните води во обем што ќе ги дефинира потенцијалните ресурси; – Прецизно дефинирање на санитарно-заштитни зони на сегашните и идни изворишта на вода (површински водотеци, подземни води и акумулации) и примена на пропишани услови за заштита од загадување; – Унапредување на водните екосистеми со зачувување на природните, вештачките езера и природните текови. Плански определби Водоснабдување Во сливот на реката Треска водоснабдувањето на селата, не е на задоволително ниво. Од вкупниот број на села во сливот само во 46% има организирано водоснабдување. За голем број од селата има изготвено техничка документација за водоснабдување чија реализација е во тек или се потребни финансиски средства за нивна реализација. За дел од населените места треба да се реализира планираното приклучување на РС “Студенчица”: – Општина Кичево - селата Трапчин Дол и Мамудовци; – Општина Вранештица - Карабуница; – Општина Пласница - Пласница, Преглово, Дворци и Лисичани. Во општината Зајас во тек е изградба на водоводна мрежа за селата Лешница и Грешница од заеднички изворник - река Лешничка. Исто така, во општината Зајас има можност за водоснабдување на селата Г. Страгомиште, Колари, Длапкин Дол и околните села од изворот “9ти километар” во Тајмиште чија издашност изнесува и до 100 л/сек. Во општината Македонски Брод во тек е изградба на регионален систем за водоснабдување “Г. Ботушје - Самоков - Ковче” со зафаќање на води од Извор, на кои ќе се приклучат: Самоков, Зркле, Звечан, Ковче. Во општината Македонски Брод има изготвено техничка документација за изградба на регионален систем “Сушица - Инче - Могилец - Калуѓерец” со зафаќање на води од извор Сушица, на кој ќе се приклучат селата: Калуѓерец, Могилец, Инче и Сушица. Заград и Растеш се планира заеднички да се водоснабдуваат со зафаќање на изворот Бука (с. Волче) и зафаќање на нови количини на вода од изворот Заград. Останатите населби во општината со вода ќе се снабдуваат од локални извори: Ковач, Битово, Брест, Волче, Брезница, Требовље. Во општината Желино, каде што состојбата со водоснабдувањето е најлоша (водоснабдувањето е од индивидуални бунари и јавни чешми) има изготвено техничка документација со која ќе се реши проблемот, но недостасуваат финансиски средства за нејзина реализација. Изготвена е техничка документација за селата: Групчин, Рогле, Мерово, Седларево и Луковица. Водоснабдувањето на останатите населби во сливот на реката Треска ќе се решава со каптирање на локални изворници. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 54 од 96 Наводнување Во сливот на реката Треска има можност за наводнување на вкупно 7.870 ха обработливи површини. Сега се наводнуваат 1.445 ха. Во натамошната изградба на системите за наводнување, со Просторниот план на Република Македонија до 2020 год., приоритет во изградбата да имаат површините сконцентрирани во Кичевско Поле - системите: Кичевско Поле со 400 ха; Б. Доленци - Челопеци со 570 ха и мали акумулации - 370 ха. Изворници на вода за наводнување се р. Треска, Крапа и акумулацијата Грешница на р. Бачишка. Вкупните потреби од вода за наводнување до 2020 год. ќе изнесуваат 14.751 х 103 м3/год. Приоритет во развојот на земјоделството во ова подрачје е стимулирање на производството на здрава храна. Рибарство Со оглед на високиот квалитет на водата во реката Треска и поволностите кои ги нуди за развој на рибарството во изградбата на нови рибници потребно е да се почитуваат строги мерки и критериуми за заштита на квалитетот на водата: изградба на рибници со помал капацитет и нивна изградба на пропишано растојание со што ќе има можност за самопречистување на водата, изградба на системи со кои ќе се зафаќаат материите кои можат да го нарушат квалитетот на водата (на пр. остатоци од храната за риби). Издавањето на дозвола за градба и дејност на рибниците ќе подлежи на посебна дозвола од соодветните институции (МЖСПП и МЗШВ), врз основа на Елаборат за оцена на влијанието врз животната средина. Вкупни потреби од вода Во регионот земајќи ги предвид демографскиот развој, развојот на стопанството и земјоделството, согледани се вкупните потреби од вода за планскиот период. Билансирање на водите Билансирањето на водите е направено преку споредување на вкупните годишни потреби и вкупните годишни протеци на површинските води во сливот на Треска. Извршената анализа покажува дека сливното подрачје на Треска располага со вода и по покривањето на сопствените потреби, поради што вишокот на вода може да се искористи за покривање на потребите во сушните подрачја “Скопско”, “Пчиња”, “С. и Д. Брегалница” и “Струмица”. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 55 од 96 Билансирање на водите во сливното подрачје на реката Треска Целосната искористеност на водите од реката ќе ја овозмозможи изградбата на акумулациите: “Козјак”, “Калуѓерица”, “Подвис”, “Тајмиште” и “Грешница”. Акумулации Реката Треска со својот потенцијал дава можности за повеќенаменско користење на водите. Нејзиниот проток и квалитет даваат можности за изградба на повеќе вештачки акумулации чии води ќе се користат за водоснабдување на населението и индустријата, за производство на електрична енергија и за наводнување на обработливите површини. Во долината на реката Треска, во атарот на општина Самоков изградена е браната “Козјак”, со акумулационен простор од 550 х 106 м3. Акумулацијата го зафаќа просторот од месноста Козјак до реката Белица. Акумулацијата е повеќенаменска: за заштита на низводниот простор од поплави, обезбедување вода за индустријата, наводнување на “Скопско Поле” и производство на енергија. Останатите акумулации кои се предвидуваат да се изградат на р. Треска се, исто така, повеќенаменски со следниве карактеристики: в-водоснабдување; е-енергетика; н- наводнување; з-задршка на наноси; ом оплеменување на мали води; кп-контрола на поплави Покрај овие повеќенаменски акумулации се предвидува и изградба на повеќе мали акумулации на реките: Рабетинска, Бачишка, Туинска, Суводол, Клисура, Крапска, Дреновска, Ботушка,Томина река, Мала Река. Основната намена на овие акумулации е напојување на добитокот и наводнување на помали обработливи површини. Максималната кота на планираната акумулација “Подвис” изнесува 770,0 м.н.в.. Со нејзината изградба доаѓа до потопување на изворот на р. Треска кој се наоѓа на 754,8 м.н.в. и до потопување на населбата Извор. Поради значењето на изворот на реката Треска и постојните објекти во населбата, потребно е со новата “Водостопанска основа на Република Македонија” која е во фаза на изработка да се преиспита максималната кота на акумулацијата “Подвис”. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 56 од 96 Заштита на водите Неконтролираната употреба и неорганизираното отстранување на отпадните води влијае, во прв ред, на загадувањето на површинските и подземните води кои во одредени периоди можат да станат делумно или целосно неупотребливи. Со цел да се елиминира загадувањето од комунални отпадни води во населените места потребна е изградба на соодветна инфраструктура - канализациони мрежи во чии состав ќе се изградат и уреди за пречистување на отпадните води. Пречистителните станици за третман на отпадните води треба да го опфатат биолошкиот третман со степен на пречистување поголем од 90%, како и хемискиот третман на индустриските отпадни води. Во сливот на Треска само во Македонски Брод отпадните води се одведуваат до пречистителна станица со капацитет од 5.000 ЕЖ. После соодветниот третман пречистената вода се испушта во реката Треска. Прифаќањето, одведувањето и пречистувањето на отпадните води од населените места, со цел да се оптимизираат потребните средства за изградба на фекалната канализација и средствата за одржување на објектите, може да се изведе и со заедничка мрежа и пречистителна станица доколку дадените услови (топографски, комунални, степенот на изграденост и урбанизација, економски и др.) тоа го овозможуваат. Со изградба на пречистителна станица за градот Кичево во близина на вливот на Кичевска Река во реката Треска ќе има можност за прифаќање и пречистување на отпадните води и од селата во општините Осломеј, Зајас, Вранештица и Другово. Во Самоков е изградена фекална канализациона мрежа. Отпадните води од населбата Самоков директно се испуштаат во реципиентот без пречистување. Следна планирана фаза во населбата, за која има изготвено техничка документација, е изградба на пречистителна станица. Во општина Осломеј во селата Србица, Аранѓел и Црвивци има изградено канализациона мрежа, но водите без третман се испуштаат во реката Темница и Зајашка. За целосно заокружување на системите потребно е пречистување на водите. Одведување и пречистување на отпадните води од останатите населби во сливот не е изведено според санитарни и технички прописи. Со евакуацијата на комуналните отпадни води во септички јами, или директно во отворени канали и реципиенти без соодветен третман се врши директно загадување на подземните и површинските води. Во пресметките во количините на отпадните води и загадувањето кое може да се појави од несоодветен третман на отпадните води, нормата за одводнување изнесува 300 за поголемите односно 200 л/ден/жител за помалите населби и специфично биолошко загадување БПК5 = 60 гр/жит. Се проценува дека количините на отпадна вода ќе изнесуваат Qср/год = 9.869.600 м3/год, или специфичното биолошко загадување ќе изнесува БПК5/год = 2.643.330 кгрБПК5/г. Индустриските капацитети кои испуштаат води загадени од технолошкиот процес мора да извршат пречистување на водите во кругот на фабриката пред да ги испуштат во канализационата мрежа на населеното место или во најблискиот реципиент. Развојот на стопанството во планскиот период ќе се темели на веќе постојните капацитети со посебен акцент на нивно осовременување, односно примена на нови чисти технологии со кои ќе се запази квалитетот на животната средина и ќе се намалат сите видови ризици на загадување на површинските и подземните води. За заштитата на просторот од поплави и големи води, активностите треба да се насочат кон поголема заштита на урбаните подрачја, која ќе се постигне со изградба, реконструкција и проширување на постојните регулации и искористување и на акумулациите за заштита од поплави. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 57 од 96 Приоритет во регулациите имаат водотеците во урбаните подрачја и покрај обработливите површини поради големата концентрација на економска вредност покрај нив. Во градот Кичево се протегаат повеќе водотеци од кои најзначајна е Кичевска Река, лева притока на р. Треска. Оваа река не е регулирана, но во фаза е изработка на техничка документација за регулација на коритото во должина од околу 5,0 км. за заштита од 100 годишна вода Q = 315 м3/сек. Во Кичевска Река се влива р. Сушица која во централното подрачје во должина од околу 400 - 500 м е регулирана. Посебен проблем во градот предизвикува и Ивани Дол пороен водотек кој се влива во р. Сушица и потребна е негова регулација. Во општина Вранештица на потегот од село Бигор Доленци до село Атишта често настануваат изливања на реката Треска при што се поплавува обработливо земјиште од I и II класа. Потребно е редовно чистење на коритото и преземање шумско мелиоративни зафати во сливот за заштита од ерозија. За состојбите со загаденоста на земјиштето, а и индиректно на површинските и подземните води не може да се даде точна оцена поради не постоење на институција, агропедолошка лабораторија, која ќе го контролира квалитетот на почвата и која ќе врши анализа од потреба за ѓубрење врз основа на нејзиниот состав. Сето ова укажува на потребата од воспоставување на институција која ќе ја следи употребата на ѓубрива и пестициди, состојбата на загаденост на земјиштето и ќе ја контролира плодноста на почвата пред и по употребата на агрохемиските средства. Со овие истражувања и следење на квалитетот на земјиштето ќе се создадат услови за негово трајно користење без последици по неговите производствени потенцијали. Исто така овие истражувања ќе ги рационализираат и трошоците за примена на агрохемиските средства и ќе влијаат врз заштитата на земјиштето, на површинските и подземните води и воопшто животната средина од загадување. 2.4.4. Енергетска инфраструктура Појдовни основи Развојот на регионот треба да биде според реалните можности, особености и потенцијали. Овој регион својот потенцијал го има во енергетското искористување на јагленот и водотеците. Кичевскиот јагленов басен, рудниците за лигнит: Осломеј, Поповјани и Страгомиште (од кои само првиот е во експлоатација), се многу значајни во производството на термоелектрична енергија. Реката Треска, заедно со помалите реки: Паничарска, Мала, Паничарска, Бачишка, Голема и другите, се голем хидропотенцијал. На р.Треска изградени се хидроелектраните Козјак и Матка, а во градба е ХЕЦ “Св. Петка (Матка II)". Особено значајна за електро-енергетската мрежа на Македонија е ХЕЦ “Козјак” која работи како врвна електрана, според дневните потреби на конзумот. Изградбата на нови објекти, реконструкција на постојните или изведување на други работи треба да се вршат под услов да не предизвикуваат оштетување или значителни промени на природните богатства и биоресурсите или друг начин на деградирање на животната средина и природата над пропишаните норми. Цели – Усогласување на стопанскиот развој со однапред планираниот развој на производството на енергија, врз основа на реалните енергетски и финансиски можности на регионот и Републиката; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 58 од 96 – Рационално ангажирање на домашните енергетски извори, оптимално искористување на расположливата енергија и намалување на увозната зависност; – Урамнотежување на потрошувачката, производството и преносот на енергија во сите делови од регионот; – Поефикасно рекултивирање на оштетените површини во напуштените површински ископи и сместување на раскривката исклучиво во внатрешни депонии; – Заштита на околината со намалување на емитираните штетни материи преку подобрување на енергетската ефикасност (употреба на поквалитетни горива и пречистување на гасовите пред испуштањето во средината) и – Зголемување на производството на енергија без последици по заштитата на животната средина. Плански определби Енергетски извори За продолжувањето на работата на ТЕЦ “Осломеј”, по исцрпување на источниот ревир, од истрагите е утврдено дека најзначајно е лежиштето на јаглен Осломеј-запад. Утврдените геолошки резерви од над 21 милион тони, од кои експлоатациони се над 14 милиони тони лигнит, ќе овозможат натамошна работа на ТЕЦ “Осломеј” за наредните 11-12 години. Покрај рудникот “Осломеј”, во овој регион утврдени се резерви на јаглен и во рудниците “Поповјани” и “Страгомиште” со геолошки резерви од 11,4х106, односно 6,9х106 тони јаглен. Хидроенергетскиот потенцијал на реката Треска е многу значаен. Освен изградените хидроцентрали “Матка” и “Козјак”, за оптимално искористување на реката Треска започнато е со градба на ХЕЦ “Св. Петка”, со која ќе се заокружи системот на три каскадни хидроелектрани на ова сливно подрачје. За да се избегнат преливите и големите осцилации на нивото на водата на акумулацијата Матка, потребно е да се прошири ХЕЦ “Матка”. Останатите реки, со помали водни количини како што се: Белица, Мала Река, Петрова Река, Беличка Река, Голема Река, Ботушка Река, Маркова Река и др. погодни се за производство на електрична енергија. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 59 од 96 „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 60 од 96 Како можни мали и мини хидроелектрани во овој реон евидентирани се 42 локации, кои доколку се изградат, можат да ја подобрат електроенергетската состојба во регионот. На реката Треска предвидени се и три акумулациони хидроелектрани. За градење на хидроелектрани постои заинтересираност на домашни и на странски институции, особено за улога на независни производители на електрична енергија. Законска регулатива треба да им овозможи полесен и побрз влез на странскиот и домашниот капитал во хидроелектриката. Со проширувањето на гасоводниот систем на Македонија се планира градба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар-Дебар со крак кон Кичево, а се планира приклучок на Македонски Брод и ТЕЦ “Осломеј”. Со воведувањето на природниот гас ќе се создадат услови за продолжување на производството на ТЕЦ “Осломеј” и негова употреба во широката потрошувачка. Потрошувачка на електрична енергија На потрошувачката на електрична енергија најголемо влијание имаат задоволувањето на потребите во индустријата, густината на населението, животниот стандард и развиеноста на електрично-енергетската мрежа. Изминатите години забележана е стагнација на потрошувачката во индустријата и зголемување на потрошувачката во домаќинствата. Овој регион во минатото имаше многу различна потрошувачка по одделни напојни точки, а оваа тенденција се очекува да продолжи и во наредниот период. Се планира просечната годишна стапка на пораст на потрошувачката на електрична енергија во Сарај, Пласница и Желино и да изнесува од 6-9% а во Самоков, Кичево и М.Брод да изнесува од 4-5%. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 61 од 96 Годишна потрошувачка на електрична енергија (kWh) на жител Порастот на годишната потрошувачка на електрична енергија по жител ќе биде најголема во Сарај и Кичево а најмала во Самоков. Максимални моќности (MVA) во 2020 год. во одделни напојни точки Најголем пораст на максималниот товар се очекува во ТС “Сарај” и ТС “Север”. За да може потрошувачите да имаат стабилна и квалитетна електрична енергија во планскиот период треба да се направат неколку промени на мрежата. Во најскоро време неопходно е да се изгради 110 kV трафостаница во Сарај, дел од потрошувачите приклучени на ТС “Север” треба да се префрлат во ТС “Кичево”. До 2020 год. потрошувачите приклучени на ТС “Македонски Брод” ќе можат да ги задоволат потребите на 35 kV, но треба да се вгради уште еден трансформатор од 8 MVA. По овој период ќе биде потребна 110 kV трафостаница, а за тоа е предвидена соодветна локација во северниот дел од градот. Електроенергетска мрежа За оптимално искористување на расположливата енергија потребно е да се зајакнат електроенергетските водови и да се подобри квалитетот и доверливоста на работата на електропреносната мрежа. Новите извори на електрична енергија ќе се поврзат во електричноенергетскиот систем на Македонија со припадни водови. Така за поврзување на ХЕЦ “Козјак” предвидени се два 110 kV вода, едниот директно со ТС “Скопје-3” со вметнување на вод влез-излез на постојниот вод Самоков-Скопје-3 а вториот до ТС “Скопје-3” преку новата ХЕЦ “Св. Петка”. Поврзувањето на ХЕЦ “Св. Петка” е планирано да се изведе со ХЕЦ “Козјак” преку постојниот вод (кој работеше на 35 kV напонско ниво), додека со ТС “Скопје-3” врската ќе биде преку 110 kV вод (делница ХЕЦ “Матка”-”Скопје3” нов вод). „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 62 од 96 Планирано е преминување на ТС “Сарај” од 35 на 110 kV напонско ниво. Просторното проширување на трафостаницата ќе се изврши во рамките на постојната локација, а со два 110 kV водови ќе се поврзе со ТС “Скопје-3” и ТС “Југохром” (или Ѓорче Петров). Предвидена е локација за нова трафостаница 110/35/10 kV во Македонски Брод. За урамнотежување на вкупниот развој, потрошувачката, производството и преносот на енергија во сите делови од регионот, потребно е да се доизгради 10 kV и 0,4 kV мрежа со изградба на нови водови и трафостаници. Со тоа ќе се намалат и загубите во мрежата. 2.5. Заштита и унапредување на животната средина, природното и културното наследство 2.5.1. Животна средина Појдовни основи Квалитет на воздухот Аерозагадувањето ги подразбира токсичните и нетоксичните примеси кои настануваат како резултат на човековите производни дејности, кои во тек на физичките, механичките, хемиските и биолошките преработки доспеваат во воздухот, а во концентрации над пропишаните норми со закон (максимално дозволени концентрации, МДК). Како поголеми загадувачи се издвојуваат индустријата (фабриките во општините Кичево и Македонски Брод), сообраќајот и енергетскиот сектор (термоелектраната РЕК “Осломеј”). Истражувањата за санитарната состојба на воздухот во овој простор е вршено само за Кичево како најголема населба и термоцентралата РЕК “Осломеј”. Според извршените мерења максималното присуство на штетни материи се во дозволените граници (МКД). Податоците за максимална концентрација на SO2 од месечните мерења се движат од 6,33 - 28,52µг/м3, што е под максимално дозволените концентрации (150 µг/м3). Измерените количества на NO, NO2, NOx во Кичево покажуваат дека концентрациите имаат изразито сезонско движење, во тек на годината, а во ниту еден месец не се надминати максимално дозволените гарници. Количествата на СО во зимските месеци и во Република Македонија во јануари се над МКД. Според извршените мерења на отпадните гасови од РЕК “Осломеј” дозволените количини на пепел и инертен прав не ги надминуваат дозволените вредности од 300мг/м3 дневно. Сепак потребно е да се предвиди прочистување на гасовите со филтри на термоелектраната кои ќе придонесат за одржување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Од основните извори на загадување на воздухот, како индустриски капацитети, густо населени места, стопански капацитети, сообраќајници и високофреквентни патишта во овој дел нема. Тоа што постои во населените места не претставува сериозен загадувач на средината. Според тоа, можеме да заклучиме дека санитарната состојба и квалитетот на воздухот во овој регион се уште се незагрозени. Квалитет на водата Загадувањето на водите во животната средина се должи на испуштање ефлуенти од домаќинствата, индустријата, рударството, земјоделството, неуредените депонии и сообраќајниците. Количествата на комунални отпадни води се најголеми во градовите. Во Кичево отпадните води директно се испуштаат во реципиентот без пречистување, а во останататите населени места во регионот одведувањето на отпадните води не е изведено според санитарни и технички прописи. Отпадните води од индустриските капацитети вршат соодветно пречистување пред да бидат испуштени во реципиентот. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 63 од 96 Квалитетот на површинските води се мери на четири мерни места: Извор, Кичево, Бигор-Доленци и Сарај. Мерењата покажуваат дека највисок е квалитетот на водата на изворишниот дел (кај Извор) I - II класа, а најнизок е кај вливот мерното место Сарај II III класа. Состојбите со загаденоста на подземните води не се следат организирано, ниту континуирано, така што испитувањата се однесуваат на парцијални и инцидентни случаи. Депонирање на отпад Потенцијални извори на загадување на водите и почвите се депониите на цврст комунален отпад лоцирани покрај акумулацијата “Козјак” и водотеците на припадниот речен слив. Со активирање на крајбрежните населби - Здуње и Близанско и зоните на туризам кај вливот на река Белица во реката Треска можна е појава на “диви” депонии. Во моментов, тоа се диви депонии без никаква техничка и санитарна опрема. Почвите не се заштитени, ниту пак водите кои најчесто минуваат покрај депониите. Организирана депонија постои во населено место Самоков. Складирањето, користењето, транспортот, депонирањето на индустрискиот отпад се потенцијален ризик, чиешто надминување во секоја одделна сфера треба да се остварува организирано преку систем од мерки. Особено треба да биде ставен акцент на забрана на евентуален транспорт на овие материи по сообраќајниците во непосредна околина на акумулацијата. Земјиште Најчести причинители за оштетување и загрозување на квалитетот на земјиштето се загадените отпадни води, исталожените честици од воздухот, површинските копови на јаглен и минерални суровини, ерозијата, нерационалното користење на хемиски средства во земјоделството, сообраќајниците, депониите, урбаните и руралните населби, добиточните фарми со несоодветна изградба на помошни објекти, викенд населбите, инфраструктурните системи и др. Не постои развиена мрежа со која ќе се овозможи перманентна контрола на степенот на загадување на почвата, како основа за производство на здрава храна и сочувување на квалитетот на подземните и површинските води. Ерозија Силите на ерозија се регистрираат преку манифестации како што се поројните поплави, затрупувањето на обработливите површини, сообраќајници, хидромелиоративни системи, акумулациони системи и др., што има за трајна последица испирање на хранливи и други значајни елементи во генезата на почвата. Подрачјето опфатено со овој Просторен план спаѓа во IV категорија на ерозивност или средниот коефициент на ерозија изнесува 0,37. Поголемиот дел од сливот (80%) е под послаби процеси на ерозијата. Во категоријата најтешки облици на ерозијата (I и II) спаѓаат само 5% од целиот слив, но тие претставуваат огромни изворишта на нанос. Во поширокиот регион на сливот на реката Треска мал дел од површината спаѓа во III категорија. Слабата ерозивност во ова подрачје е резултат на неговата голема пошуменост, застапеноста на пасиштата и обработливите површини. Бучава Бучавата, за разлика од звукот е смеса од комплексни тонови, различни по интензитет, фреквенција и боја. Извори на загадување со бучава се сообраќајните средства, индустриските процеси и експлоатацијата на минерални богатства, каде што доминираат процеси што произведуваат бучава (ткајачници, каменоломи, процеси на дробење и сл.). Повремено се следи интензитетот на комуналната бучава од страната на овластени „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 64 од 96 институции (Градежниот институт “Македонија”, Заводот за здравствена заштита), иако не може да се зборува за постоење на мониторинг во оваа област. Проблемот на бучавата на предметниот простор не е изразито присутен бидејќи во овој простор не е изразен фреквентен сообраќај, работа на машини и слично, но во иднина е потребно да се земе бучавата како важен фактор, имајќи ги предвид нејзините последици. Цели Со концептот за заштита на животната средина ќе се тежнее кон намалување на загадувањето преку системски мерки во примарниот сектор, комуналното и индустриското загадување, енергетиката, сообраќајот, а преку адекватно користење и намена на одделни компоненти на просторот и рационално стопанисување со природните богатства на подрачјата на еколошките региони. Концепцијата на заштитата се темели на санација на состојбите, смалување или отстранување на факторите кои придонесуваат кон загадувањето и превентивна заштита преку процена на штетните влијанија на новопредвидените објекти или капацитети (индустриски, енергетски, сообраќајна инфраструктура и слично). Управувањето со загадувањето претпоставува поврзување на емитерите (загадувачите) со мониторинг достапен на органите на надзорот и институционалниот систем (што го управува загадувањето), во функција на приоритетно финансирање на поголемите зафати за реализација на објекти (пречистување на воздухот, водите, доизградување на инфраструктурна мрежа и сл.) и поттикнување на учеството на приватниот сектор. Во тој контекст се дефинирани следниве цели: – Реализација на активностите за санација и ревитализација на подрачјата со загрозен квалитет на животната средина, идентификувани со Националниот акционен план, според утврдени приоритети, преку посебни програми за заштита на водите, воздухот, почвата, шумите, биодиверзитетот, заштита од бучава и управување со цврстиот отпад; – Утврдување на вредноста на просторот и екосистемите и нивно вклучување во планирањето со помош на економски параметри и сл. (на пример во вредноста на бруто националниот производ); – Утврдување на програмски индикатори и мониторинг за следење на здравствената состојба на населението, во релација со квалитетот на средината; – Создавање инфраструктура која сеопфатно ќе ги поврзе загадувачите, субјектите на контрола, надзор и мониторинг, како и институциите каде што се планира развојот, во законски определени рамки; – Заштеди на енергија во индустриското производство, аграрот, енергетиката и комуналните дејности по пат на когенерација (комбинирано производство на топлинска и електрична енергија) од отпадни гасови од топилнички и термоенергетски капацитети, користење на депониски и биогас и рециклажа како заштеда на суровини, природни ресурси и енергија; – Заштеди на водни ресурси преку глобално управување со водостопанските системи: рационализација при користењето на водата од сите субјекти, како на површинските, така и на подземните води и осигурување на минимални протоци на водотеците заради постигнување на поволни капацитети на рецепиентите при прием на загадувањето; – Определување на еколошкиот капацитет на подрачјата и локалитетите, како основа за дефинирање на степенот на нивното користење, квалитетот и квантитетот на притисоците врз просторот што тој може да ги прими во рамките на сопствената одрживост и – Управувањето со животната средина да се засновува врз сеопфатен мониторинг (амбиентален и емисионен), воспоставување стандарди и мерки за заштита во зависност од претходно одредениот капацитет на одделните подрачја и во согласност со законските рамки. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 65 од 96 Плански определби Воздух Дејностите насочени кон постигнување на заштитата на воздухот од загадување на локално и регионално ниво подразбира преземање на: – Систем од мерки за заштита кај потенцијалните извори на загадување (сообраќајот, домашните ложишта, новопредвидени објекти од мало стопанство) за намалување на емисија на штетни материи и нивно одржување во границите на МДК; – Употребата на помалку загадувачки енергенти во новопредвиденото и постојното производство, енергетиката, (користење на обновливи извори на енергија) сообраќајот (примена на катализатори, напуштање на оловниот бензин), индивидуалното греење (замена на течни и цврсти горива со соларна, електрична енергија или систем на природен гас). Намената на акумулацијата (производство на електрична енергија) е во согласност со ова начело, така што со својот капацитет ќе овозможува замена на количества енергија што во моментот се покриваат со постојните термоелектрани, регистрирани како значајни загадувачи на воздухот во Републиката; – Организација во функционирањето на сообраќајот (осовременување на превозните средства, омасовување на јавните превозни средства во сообраќајот). Заради сегашната релативно послабо застапената сообраќајна инфраструктура и слабата населеност на подрачјето, добрата организација ќе ја добие својата важност во планираното комплексно заживување на подрачјето; – Примена на “чисти” технолошки процеси во предвиденото производство со карактер на “чисти” од аспект на загадување на воздухот; – Перманентна контрола на емисијата на евидентираните потенцијални загадувачи на поширокото подрачје (“Сувенир” - Самоков, РЕК “Осломеј” и поголемите индустриски објекти во М. Брод-АД ЕМО-Фабрика за гребенасти склопки, “Борка Левата-кожна конфекција, ДОО “Тане Цалески”-металопреработка и др.) и – Воспоставување на ново мерно место за следење на карактеристични индикатори, каде што ќе се јават поголеми концентрации на население, зони за туризам, зони за мало стопанство. Лоцирањето на мерното место да биде во согласност со законски определени критериуми и надлежна институција што ќе го врши мерењето според утврдена методологија. Заштита од индустријата За заштита на животната средина од загадувањето од индустријата, потребно е стриктно почитување на Законот за животната средина. Посебен акцент да се стави на функционирањето на пречистителните станици, каде што ги има инсталирано и иницирање на градба на станици каде што ги нема. Сите напред наведени мерки кои ги санкционира Законот треба да бидат поактивно ставени во контрола на инспекциски орган кој се грижи за заштита на животната средина и соодветен инженерски кадар од заштита на животната средина на локално и државно ниво. Заштита од комунални отпадни води За реката Белица е од особена важност да не прима комунално загадување заради одржување на високиот квалитет на водата, бидејки во иднина водата може да се полни и дистрибуира на пазарот. Населбите и новопредвидени туристички и стопански капацитети во регионот задолжително треба да имаат оформена инфраструктурна мрежа, со соодветно пречистување до степен согласно со “Уредбата за класификација на водите”. Изградбата на комуналната инфраструктура треба да ги следи сите активности околу урбанизацијата на просторот. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 66 од 96 Со оглед на тоа дека приоритет на ова подрачје е користењето на водите за водоснабдување во подрачјата во Републиката сиромашни со вода, квалитетот на водата задолжително треба да биде во границите на I и II. класа. Да се сочува постојното присуство и фреквенција на живи организми и нивни заедници, како индикатори на степен на загаденост на водите (да не се нарушува кислородниот режим). Заштита на земјоделско земјиште За заштита на земјоделското земјиште од минерални и органски ѓубрива е потребно воведување на: – Систем на контрола на плодноста на почвата и апликација на ѓубрива; – Перманентна едукација на земјоделските производители за практична примена на резултатите од контролата и упатство за избор на видови и дози ѓубрива по единица површина и – Почитување на законски и подзаконски акти за систем за контрола на почвата, прописи во врска со градба на нови штали во делот за чување на шталските ѓубрива и посебно стоката. Испирање на пестициди Употребата на пестицидите како агрохемикалии како ѓубрива се неминовни, без нив во земјоделството не може да се стопанисува рентабилно бидејќи не може да се добијат очекувани приноси. Пестицидите како агрохемикалии претежно се аплицираат на растенијата, помалку во почвата, во споредба со ѓубривата кои, главно, се аплицираат во почвата. За заштита од пестициди, според најнови сознанија, добра мерка е воведување на т.н. “интегрална заштита на растенијата”. Со пилот-мерките на интегрална заштита, во истражувањата се добиени добри резултати кај различни култури, но кај сите значително е намалена употребата на пестициди, намалени се трошоците за производство и постигнато е подобро производсто на здравствено безбедна храна. Заштита од загадување од рибници Кај вештачките рибници особено кај оние со поголем капацитет постои можност од загадување на водите со продирање на неискористени хранливи материи од концентратот со кој се хранат рибите, како органско загадување. На подрачјето на регионот има изградено рибници. Капацитетот на рибниците и потрошувачката на концентрат се во тесна врска со нитрификациони процеси што можат да настанат натамошната изградба на рибници на подрачјето да биде регулирана со специјални дозволи издадени од надлежните институции врз основа на елаборати за “Оцена на влијанието врз животната средина”. Заштита од загадување од депонирање на отпад Соодветно на очекуваниот пораст на жители, задолжително е за регионот да се организира прибирање, транспорт и депонирање на цврстиот отпад на регионалната депонија за Кичевско-Бродската гравитациона зона, утврдена со Просторниот план на Република Македонија, а во согласност со насоките од “Концепт и физибилити студија за управување со цврст отпад во југозападниот дел на Република Македонија”. Проектот опфаќа 35 општини, поделени на четири сервисни региони врз основа на топографските услови и параметрите добиени за количествата на генериран отпад. Сервисниот регион Кичево опфаќа: две претежно урбани општини (Кичево, Македонски Брод) и четири рурални општини (Зајас, Пласница, Другово, Вранештица). Се планира изградба на нова санитарна депонија во близината на Веселчани - Алинци во близина на постојната депонија на градот Прилеп. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 67 од 96 Проблеми со индустрискиот отпад се јавуваат најчесто поради негово исфрлање во близина на објектите, односно фабриките. Поради тоа потребно е да се преземе: – Отстранување на отпадот на места каде што ќе има помали оштетувања; – Инсталирање на незагадувачки технологии со помал отпад и со минимални штетни материи; – Следење на отпадните материи и нивно користење за други цели; – Екстракција на металите од депонираната маса (Pb, Zn, Cu и други) и нивно прочистување; – Заштита на водите од контакт со индустриски отпад; – Рекултивација на јаловината, преселба на населби кои се ноѓаат близу до извор на загадување и – Изградба на заедничка депонија на поголем регион. Депонирањето на отпад од фарми за добиток, инфективен и потенцијално инфективен отпад (претходно обработен и соодветно обезбеден на местото на настанување) на зони од санитарната депонија, со соодветно обезбедени техничко - технолошки услови; во услови до изградбата на регионалната санитарна депонија, да се задолжи комуналната служба за собирање на отпадот да врши одделување на овој вид на отпад и соодветно да го третира, на локација определена од надлежни институции. Градежниот шут, исто така, треба да се транспортира директно на депонијата или на регионалната трансфер станица, за кои ќе се предвиди простор за негово складирање. Шутот може да се користи како агрегат при изградба на патишта, за покривање на дивите депонии при нивна рекултивација, издробен или во состојба каков што е. Новата организација би можела да поставува контејнери во кругот на работењето на градежните фирми, за гредежниот шут да биде депониран во нив, а потоа оттаму да го презема и превезува за депонирање или рециклирање. Земјоделскиот отпад и милта треба да се користат за производство на ѓубриво, како што и се практикува во некои случаи. Во случај отпадот да содржи значителна фракција од органски карактер, се препорачува тој да биде компостиран со посебна постапка на самата депонија. Управување со токсичните материи: потребно е да се применат организирани методи за инвентар на промет со изворите на акцидентни загадувања, ограничувања на нивната примена, јавност и информираност за примената. Заштита на земјоделското земјиште од деградација и механичко оштетување Во сливното подрачје на реката Треска се појавуваат процеси на деградација и деструкција на почвата за кои се применуваат соодветни мерки за реградација на почвата. Пред да се пристапи кон изворот на мерките за намалување на деструкцијата на почвата мора да се располага со низа податоци од лабораторија, почнувајќи од pH на почвата, сите макро и микробиогени хемиски елементи како и тешките токсични метали. Во анализите влегуваат и физичките својства на влезниот материјал. Сите испитувања се корисни за правилен избор на материјал за оплеменување на деградираната површина. Заштита на почвата од ерозија При изработката на главни изведбени проекти за противерозивно уредување и реализацијата на проектите, во основа, работите и мерките треба да се планираат и изведуваат според следниов редослед: – Противерозивна обработка на почвата (контурно орање, орање без превртување, појасно контурна обработка, водоодводни бразди и др.); „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 68 од 96 – Биолошки работи и мерки (пошумување, затревување, мелиорација на деградирани шуми и шикари, мелиорација на пасишта и ливади, мелиорација на овошни и лозови насади, шумски противерозивни појаси, колмациони појаси и др.); – Биолошко-технички работи и мерки (рустикални ѕидови, едноредни и дворедни плетери, редови од нафрлан камен, ѕидчиња од габиони и др.); – Агро и шумско мелиоративни работи и мерки (тераси, кордони, контурни ровови и контурни бразди) и – Градежно-технички (хидротехнички) работи и мерки (напречни и надолжни објекти: регулации, прегради, прагови, појаси, зафати, брегозаштитни ѕидови, потпорни ѕидови, побусенување на брегови и др.). Сите противерозивни работи и мерки за време на реализацијата и потоа треба да бидат следени со соодветни административни, едукативни и економски мерки. При изработката на проектната документација за противерозивно уредување на одредени порои, поројни серии, непосредни сливови и сл. секогаш треба да се има предвид потребата од интегрално уредување на сливот со можност природните ресурси да се стават во состојба на рамнотежа без при тоа да се загрозат потребите на државата, регионот и локалното население. Мерки за заштита на шумите Кај дабовите шуми во Република Македонија, како и во сливот на реката Треска, во последниве 10-15 години се јавуваат симптоми на сушење од значителни размери. Според сознанијата на нашите и експертите од европските земји, каде што сушењето на дабот е, исто така горлив проблем, причините за сушењето се условени од повеќе фактори. Еден од примарните фактори е исклучително неповолната климатско-хидролошка состојба. Се препорачува будно следење на состојбите, правилно стопанисување, пошумување со квалитетен посадочен материјал, навремено преземање на сите заштитни мерки и активности и сл. За заштитата на шумите од инсекти се препорачува навремено преземање на сите превентивни мерки, унапредување на семепроизводството и производството на здрав посадочен материјал и правилно извршување на сите одгледувачки мерки. Тоа подразбира навремено вршење на проредите, при кои првенствено се отстрануваат заболените стебла и стеблата со симптоми од разни заболувања и оштетувања. Осовременувањето и зајакнувањето на карантинските и ИДП (известувачко-дијагнозно прогнозна) служби, исто така, е од огромно значење за спречување на внесување на карантински или економски штетни видови инсекти во земјата и нивно натамошно намножување и проширување. Имајќи ја предвид географската положба на Република Македонија (судир на субмедитеранска и континентална клима), од една страна, како и застапеноста и разместеноста на шумите, од друга страна, проблемот со шумските пожари бил и ќе биде постојано присутен. Најзагрозени шумски реони, според застапеноста и типот на вегетацијата, се делови од долниот и средниот дел на сливот. Бројот на појавените пожари, големината на опожарената шумска површина, како и големината на настанатите штети, можат да се намалат доколку навремено и континуирано се преземаат предвидените превентивни мерки и активности. Примарен фактор во предизвикувањето на шумските пожари е човекот. Шумските, водостопанските и другите системи на животната средина се во меѓусебна функционална зависност, односно претставуваат единствен систем, кој ако не е нарушен дава оптимални ефекти во решавањето на сé позголемените и сé посложени потреби од вода, воздух, храна, богат биодиверзитет и сл. Тоа подразбира комплексен однос и пристап во преземањето мерки и решенија за одржлив развој и унапредување на шумите и шумарството. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 69 од 96 Мерки за пејзажно-амбиентално уредување на просторот Кон мерките за пејзажно-амбиентално уредување на просторот претходи идентификација на различни пределни идентитети со специфична структура, во зависност од природните услови, намената и користењето на земјиштето. Во таа смисла соодветните режими за заштита ќе ги определат релациите на природните пејзажни карактеристики на пределите и антропогеното влијание. Под специјален режим на заштита треба да бидат сите предели кои се со особена пејзажно-амбиентална вредност и да бидат пристапни од организирани видиковци, на кои ќе престојуваат ограничен број на посетители, а припаѓаат во првата заштитна зона и најстрогиот режим на заштита. Како општи мерки за заштита на пејзажно - амбиетални вредности и уредување на просторот се препорачуваат следниве : – Површини ангажирани од монотипско користење, карактер на мозаично користење на земјиштето со избегнување на поголема екстензивност и застапени традицинални активности; – Технички мерки: адекватна инфраструктурна опременост на населените места и нивна планска изградба; – Почитување на етно-културно-историските карактеристики на регионот; – Оградување на амбиентални вредни простори и осмислено водење на пешачки патеки низ пределите заради минимално оштетување на вегетацискиот покривач и максимално доживување на пејзажот; – Планска застапеност на заштитно зеленило во крајбрежниот појас на акумулацијата, потоците и реките од припадниот слив, покрај сообраќајниците, на границите меѓу земјоделското и шумското земјиште, на границите на населените места, на еродираните подрачја и – Концентрација на населбите и зоните за туризам, заради постигнување на оптимални површини ангажирани со изградба. Загадување и заштита од човечки активности Загадување во регионот е можно од активности на просторите и од објектите со туристичко рекреативно значење: излетишта, шеталишта, видиковци, простори за алпинизам, логорување, рекреација на вода-капење и пливање, веслање на мирни води, природно-воспитно-образовни објекти. Ограничувањето на загадувањето од претходните активности ќе биде можно преку определување режим на однесување во подрачја што ќе се користат за таа намена. Во таа смисла, потребно е да се утврдат границите на заштитни зони на акумулациите, изворите, зафатите за водоснабдување и зафатите за наводнување. Режимите за одделни зони на подрачјето се воспоставуваат врз основа на односите меѓу ограничувачките мерки за заштита и современи можни начини за користење и развој на заштитениот простор. Согласно со Законот за животната средина (“Службен весник на Република Македонија” број 53/2005) и Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина (“Службен весник на Република Македонија” број 74/2005), за проекти кои може да имаат влијание за квалитетот на животната средина се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 70 од 96 2.5.2. Природно наследство Појдовни основи Во современото планирање на просторот, задачите на заштитата на природата се насочени кон активно уредување и заштита на природата и животната средина, санирање на можните штети и повторно воспоставување на состојба на природна рамнотежа. Заштитата на природата се остварува со утврдување на компонентите на биолошката и пределската разновидност и нивната загрозеност, создавање на услови и преземање на мерки за заштита на природата, како и одржливо и рационално користење на природното богатство. Заштитата се остварува и со планирање и уредување на просторот и вградување на условите и мерките за заштита на природното богатство во одделни стопански дејности, како и следење и подготвување на извештаи за состојбата на природата, известување на јавноста за состојбата на природата, како и овозможување на учество на јавноста во донесувањето на одлуките за заштита на природата. Природните услови во Република Македонија овозможуваат таа да се вброи во ретките земји во Европа со богато природно наследство. Регионот на сливното подрачје на реката Треска изобилува со богато природно наследство кое се должи на природните услови (геолошка градба, релјефна структура, клима, хидрографија, педолошки состав). Со новиот закон за заштита на природата (“Службен весник на Република Македонија” број 67/2004) прифатени се меѓународните категории и во истиот се дефинирани следниве заштитни групи: Дефинирање на заштитни групи Во рок од три години од денот на започнувањето на примената на овој закон, надлежниот орган за вршење на стручни работи за заштита на природата ќе изврши ревалоризација на заштитените подрачја, заштитени пред денот на започнувањето на примената на Законот за заштита на природата и ќе изготви нови акти за прогласување во согласност со одредбите и започнувањето на примената на Законот за заштита на природата. Подолу дадени се и старите категоризации, со оглед на тоа што истите се уште се во важност и според кои е изработен и делот од Планот за природни реткости и вредности. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 71 од 96 Дефинирање на заштитни групи За избраните и категоризираните подрачја и објекти во заштитни групи изработени се рамковни предлози на режими на заштита. Режимот за заштитените подрачја или објекти претставува список или опис на сите дозволени, условно можни и недозволени зафати, кои можат посредно или непосредно да влијаат врз состојбата на заштитеното подрачје или објект. За заштитените подрачја со новиот Закон за заштита на природата се предвидени четири степени на режим на заштита, кои се градирани во однос на строгоста на заштита: – зона за строга заштита, – зона за активно управување, – зона за одржливо користење и – заштитен појас. Територијата на регионот сливното подрачје на реката Треска зафаќа површина од 2.095км2, и на неа моментално се регистрирани пет објекти кои се заштитени, и тоа: (Категоризацијата е по стар закон) Еден карактеристичен пејзаж (ППКП) – Водно (Скопје, Сопиште, Сарај) со површина од 1.953,0 ха (во опфат на планот само 554,3ха). Три споменици на природата (СП): – Белешничка Река (Самоков), – Горна Слатинска Пештера (Македонски Брод). – Кањон Матка (Сарај) со површина од 5.442,8 ха (во опфат 4658,4 ха) Еден (ОРЖВ) одделни растителни и животински видови и – Суви Дол (Другово). Цели Заштитата на природата се базира на општите и посебни цели и насоки за заштита на природното наследство и заштита на биолошката и пределската разновидност меѓу кои посебно се истакнуваат следниве: – Зачувување и заштита на сите исклучителни и неповторливи природни вредности од значење за научна, културно-образовна, воспитна, рекреативна и друга цел; – Зачувување, заштита и унапредување на сите карактеристични претставници на одделните екосистеми и изразитите биогеографски подрачја, особено претставниците на одделните типови и предели; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 72 од 96 – Меѓу природните добра со слични природни вредности, предност да се даде на заштитата и унапредувањето на оние добра кои се користат со поголем интензитет (покрај населените места, сообраќајните коридори, туристичките центри др.); – Унапредување и адекватно користење на поголемите природни целини за зачувување на амбиенталните, естетските и рекреативните потенцијали на просторот; – Целосна заштита на флората и фауната преку заштита на поголеми просторни единици и преку насочено користење на природните потенцијали во согласност со еколошките услови; – Зачувување на генетскиот и екосистемскиот биодиверзитет врз основа на проучување на генофондот, инвентаризација и формирање на база на податоци и категоризација на елементите и компонентите на биодиверзитетот и – Обезбедување на заштита на природните предели, амбиенти и пејзажи околу културно историските споменици во склоп на комплексната заштита на овие целини. Плански определби Заштитата на природата подразбира активности, мерки и режими за зачувување, унапредување и користење на природните добра на сите нивоа на општествените интереси. Тргнувајќи од концептот за траен развој базиран на заштитата на необновливите и рационално користење на обновливите ресурси се оценува дека заштитата на природата претставува средство за остварување на специфичните програми за развој. Со планските определби до 2020 год. е предвидена заштита на простор со особени природни вредности со површина од околу 9153,7 ха или 4,4% од вкупната површина на регионот кој е предмет на разработка 2.095,0км2. Според сегашниот степен на истраженост и стручните и научните сознанија, во регионот на сливното подрачје на Треска за заштита, покрај постојните пет заштитени објекти со републички акт, односно решение, (Водно, Суви Дол, Белешничка Река, Горна Слатинска Пештера и Кањон Матка), предвидени (предложени) се и други простори за заштита, нови 24, кои според своите карактеристики и природни вредности треба да се стават под соодветен режим на заштита, и тоа: За национален парк се предлага – Јакупица со површина од 28.000 ха или во опфатот на Просторниот план само 3.481,0 ха; За научно истражувачки природни резервати предложен е еден објект – Стража (Кичево) со површина од 30ха; За карактеристичен пејсаж – Крушино (Кичево) со 200ха површина; Посебни природни резервати четири објекти со вкупна површина од 115,0ха – Баба Сач (Вранештица) со 100,0ха, – Зајашка Река (Кичево) 8,0 ха, – Ореовец (Македонски брод) 4,0 ха и – Студенчица (Другово) со 3,0 ха. За споменици на природата се предложени 17 објекти, кои се вреднувани како најзначајно природно наследство во овој регион. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 73 од 96 Преглед на заштитени и предложени објекти за заштита до 2020 год. (категоризациите се по стар закон) Од утврдените простори и објекти предложени за заштита, посебна предност се дава на Националниот парк Јакупица кој територијално се простира на општините: Македонски Брод, Сопиште, Студеничани, Зелениково и Чашка. Во опфатот на Планот Националниот парк Јакупица се протега само на општините Македонски Брод и Сопиште. Природни резервати (строги (посебни) природни резервати, научно-истражувачки природни резервати, предели со посебни природни карактеристики, карактеристични пејзажи и посебни природни резервати и одделни растителни и животински видови) се следна категорија на природни објекти кои по своето значење и површина се од посебен „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 74 од 96 интерес во заштитата на одредени природни појави и процеси и објекти. Заштитени се 2 (Водно, Суви Дол), а предложени 6 за заштита (Баба Сач, Зајашка Река, Крушино, Ореовец, Стража и Студенчица). Спомениците на природата се најбројна група. Нив во овој дел ги има 20 од кои 3 се заштитени (Горна Слатинска Пештера, Кањон Матка, Белешничка Река), а 17 се предложени за заштита. 2.5.3. Културно историско наследство Појдовни основи Република Македонија располага со богато недвижно културно наследство, со извонредни културни, историски и уметнички вредности, што го потврдува постоењето, континуитетот и идентитетот на македонскиот народ на овие простори низ изминатите милениуми. Предмет на анализата е недвижното културно наследство и неговиот просторен аспект во регионот, во корелација со долгорочната стратегија за вкупниот економски, општествен и просторен развој на државата. Општото начело под кое се остварува заштитата е зачувување и активно вклучување на недвижното културно наследство во животот на заедницата како фактор на одржлив општествен развој. Културно наследство во Република Македонија, согласно со позитивните законски прописи, поделено е во три категории: недвижно, движно и духовно. Натамошна поделба и дефинирање на овие основни категории е направена и во законските одредби се среќаваат поимите: – за недвижно културно наследство: споменици, споменички целини, културни предели; – за движно културно наследство: археолошки предмети, етнолошки предмети, историски предмети, уметнички предмети, архивска граѓа, библиотечни добра, кинетични добра, фонетични добра и – за духовно културно наследство: фолклорни добра, јазик и топоними. Податоците за состојбите, инвентаризацијата со класификацијата, валоризацијата со категоризацијата и насоките за режимот на заштитата на недвижното културно наследство, ги обезбедуваат надлежните стручни организации за заштита, Управата за заштита на културното наследство и Националниот конзерваторски центар. Недвижното културно наследство е разместено на сите делови на територијата на Република Македонија. Голем дел од недвижното културно наследство, поточно околу 45%, се наоѓа во руралните населби и ридско-планинските подрачја, кои од познатите причини се целосно, или делумно напуштени, што значително ја усложнува нивната заштита и користење. Во подрачјето што го зафаќа сливот на реката Треска, се евидентирани и регистрирани вкупно 388 недвижни културни добра, од кои 90 цркви, 5 манастирски комплекси, една градителска архитектонска целина, 20 џамии, 7 куќи, 247 археолошки локалитети и 15 споменици на историјата, една спомен шума, еден мост и еден осамен наод. Недвижни културни добра - евидентирани и регистрирани во Националниот регистар на културното наследство Општина Сарај, евидентирани се вкупно 12 споменици на културата од кои 2 се цркви, 2 манастира, 1 споменик, 1 осамен наод и 5 археолошки локалитети од различни временски периоди. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 75 од 96 Општина Желино - 11 споменици на културата од кои 1 мост, 1 споменик и 9 археолошки локалитети од различни временски периоди. Општина Брвеница - само 1 археолошки локалитет. Општина Македонски Брод - 173 споменици на културата од кои 43 се цркви, 2 манастири, 3 џамии и 125 археолошки локалитети од различни временски периоди. Општина Пласница - 10 споменици на културата од кои 2 цркви и 8 археолошки локалитети од различни временски периоди. Општина Вранештица -44 споменици на културата од кои 13 цркви и 31 археолошки локалитет од различни временски периоди. Општина Другово, - 51 споменик на културата од кои 17 цркви, 1 манастир, 7 споменици, 1 меморијален-музеј и 25 археолошки локалитети од различни временски периоди. Општина Зајас - 18 споменици на културата од кои 4 цркви, 5 џамии и 9 археолошки локалитети од различни временски периоди. Општина Кичево - 37 споменици на културата од кои 2 цркви, 1 манастир, 5 џамии, 5 споменици, 15 археолошки локалитети од различни временски периоди, 1 архитектонско градителска целина и 7 куќи и една спомен шума. Општина Осломеј - 10 споменик на културата од кои 2 цркви и 8 археолошки локалитети од различни временски периоди. Недвижни културни добра - регистирани во Националниот регистар на културното наследство и заштитени со закон во регионот на сливот на реката Треска Од вкупно 388 евидентирано и регистрирано недвижно културно наследство, во сливот на реката Треска, само 34 имаат добиено својство на споменик и се заштитени со закон за заштита на културното наследство. Овие споменици се распоредени во следниве општини и населени места: Општина Сарај: с. Шишево - Црква “Св. Атанасие”, од 16 век, Манастир “Св. Никола” од 14 век; с. Глумово: Манастир “Св. Богородица”, 14 век, Спомен гробница на паднатите борци; с. Матка - Црква “Св. Андреа” од 1389 год. Општина Желино: Мост на реката Вардар, Желино; Општина Македонски Брод: с. Самоков - Црква “Св.Атанасие” 1623 год. со статус регистриран споменик на културата; с. Белица - Црква “Св. Никола - Св. Троица” 16 век; с. Здуње - Црква “Св. Петар и Павле”, Црква “Воведение на Богородица”; с. Брезница Црква “Св. Богородица”; с. Бенче - Црква “Св. Архангел и Михаил”, 17 век; с. Модриште Црква “Св. Атанасиј”; с. Ижиште - Црква “Св. Никола” 17 век; с. Ореовец - Манастир “Св. Никола” 1595 год., Црква “Св. Архангел Михаил”; с. Требино - Црква “Св.Богородица”, Црква “Св. Димитрија”, 1642 год. Општина Пласница: с. Пласница - Црква “Св.Никола”; Општина Вранештица: с. Миокази - Археолошки локалитет “Градиште-Венец”; с. Вранештица - архео. лок. “Св.Ѓорги”; Општина Зајас: с. Длапкин Дол - архео. лок. “Чукаре; Општина Кичево: архео. лок. “Китино Кале”, архео. лок. “Палатиште”, Куќа, ул.29 Ноември бр.32, Куќа, ул.Санде Штерјовски бр.17, 20 век, Куќа, ул.Тане Целевски”бр.19-21, 20 век, цивилна архитектура, Куќа - Музеј Западна Македонија во НОБ, ул.Стојан Божиновски бр.13, Меморијален музеј, Куќа во која престојувал ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија, Куќа од која бил одржан говор на Митингот на 26.09.1943 година, ул.Маршал Тито бр. 58, Кичево, 20 век., Куќа во која е формиран Обласен, Околиски, Општ. Н.О. 20 век, На куќата ул.Маршал Тито бр.58, 20 век, Спомен-костурница, 20 век, Спомен костурница, во Паркот на Револуцијата, има спомен-плоча.; с Лазаровци - Црква “Св. Ѓорѓи”; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 76 од 96 Општина Другово: с. Подвис - Стара училишна зграда, 20 век; с. Цер - Арх. локалитет “Црквиште/Зад Забел”, Спомен гробница на Христо Узунов, Црква “Мицеви”, Црква “Св. Никола”, Црква “Св. Спас”, Црква “Св. Петка”; с. Манастирско Доленци - Манастир “Св. Богородица Пречиста- Кичевска”. Цели – Задолжителен третман на недвижното културно наследство во процесот на изработката на просторните планови од пониско ниво: просторните планови на региони, националните паркови, како и на урбанистичките планови заради обезбедување на плански услови за нивната заштита, остварување на нивната културна функција, просторна интеграција и активно користење на спомениците на културата за соодветна намена, во туристичкото стопанство, во малото стопанство и услугите и во вкупниот развој на државата; – Планирање на реконструкција, ревитализација и конзервација на најзначајните споменички целини и објекти и организација и уредување на контактниот, околниот споменичен простор заради зачувување на нивната културно-историска димензија и соодветна презентација и – Измена и дополнување на просторните и урбанистичките планови заради усогласување од аспект на заштита на недвижното културно наследство. Плански одредби Според Просторниот план на Р.Македонија, како највисок, стратешки, долгорочен, интегрален и развоен документ, заради утврдување на рамномерен и одржлив просторен развој на државата, најголем број на цели се однесуваат на третманот и заштитата на културното наследство во плановите од пониско ниво. Концептот на организација на просторната или урбаната агломерација, содржана во просторниот или урбанистичкиот план, од аспект на заштита на недвижното културно наследство треба да определи и утврди: – зони за заштита на културни предели, споменични целини и поединечни споменици, со диференциран режим на заштита; – контактни зони (критичен периметар) за поединечни споменици, со кои се утврдува односот меѓу старото и новото, со специфични услови за градба во одделни подзони; – вградување на режимот за заштита, значаен за просторното планирање, уредување и користење на просторот според соодветна заштитно-конзерваторска основа за културно наследство; – усогласување на јавниот интерес за заштита на културното наследство и за одржливиот економски и социјален развој; – ревитализација на најзначајните недвижни културни добра, со предлози за нивно наменско користење и вклопување во просторната организација создавајќи амбиентални услови за нивна просторна валоризација и – резервирани зони за идни археолошки истражувања. Во планската документација од пониско ниво врз основа на документацијата за недвижното културно наследство, задолжително се утврдуваат плански мерки за нивната заштита, како и насоки за определување на режимот на заштита на одделни културни добра и нивните целини. 2.6. Биланс на намената на површините Промените во билансот на намената на површините се резултат, пред сé, на промената во структурата на продуктивното земјиште со цел да се усогласи користењето на „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 77 од 96 земјиштето со природните услови, да се заштити педолошката основа од интензивна ерозија и да се запре девастацијата на просторот. Со Планот до 2020 год. е предвидено површините под продуктивна намена (користени од примарниот сектор) да изнесуваат 193.000 ха. или незначително зголемување во однос на сегашните површини од 4.000 ха, т.е. 2%. Во рамките на продуктивното користење на земјиштето најголеми површини ќе заземаат шумите и шумското земјиште со 131.000 ха, или 63,5% од вкупната територија на регионот, односно 67,8% од продуктивните површини, а земјоделските површини ќе заземаат 62.000 ха, или 32,2% од продуктивното земјиште. Површините под шуми и шумско земјиште ќе се зголемат од сегашните 127.000 ха на 131.000 ха, или зголемување за 3,1%, а со тоа во вкупната површина на регионот ќе учествуваат со 63,5%. Во контекст на зголемувањето на површните под шуми до 2020 год. се планира да се пошумат 4.000 ха. Биланс на површините по категории во 2020 год. Вкупната површина под непродуктивно земјиште во 2020 год. се планира да изнесува 13.000 ха, или 6,4% од територијата на регионот. Во структурата на непродуктивната намена на земјиштето доминираат водите, односно водотеците и вештачките акумулации. Развојот и изградбата на урбаните центри ќе бидат, главно, ориентирани кон искористување на површините во границите на постојните опфати. Развојот на индустријата и малото стопанство ќе се одвива, исто така, во рамките на постојните и планираните индустриски зони, односно површини резервирани за таа намена со досегашната и идна планско - урбанистичка документација. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 78 од 96 2.7. Заштита од воени разурнувања, природни и елементарни непогоди 2.7.1. Мерки и заштита од воени разурнувања Од геостратегиски аспект, територијата на Република Македонија има многу специфични и во повеќе елементи неповолни воено - стратегиски карактеристики: кое се должи на релативно мала површина, опкружувањето, карактеристиките на современите борбени средства кои можат да дејствуваат по целиот нејзин простор. Во сливното подрачје на реката Треска се вкрстуваат три можни правци на напад: Пелагониско - Полошкиот од југ, Брегалничко - Кичевскиот од исток и Косовско Полошкиот коридор од север. Врз основа на процена и валоризација на повеќе фактори (природните, воените и урбаните фактори), кои имаат влијание врз загрозеноста на определен простор на територијата на Република Македонија, сливното подрачје на реката Треска опфаќа три степени на загрозеност од проектираните пет. Со својата местоположба регионот на реката Треска спаѓа во индиректно загрозени подрачја и простори погодни за одбрана, со исклучок на градот Кичево, кој со својата околина спаѓа во простор загрозен од долготрајни дејства. Одбранбена регионализација Регионот на сливот на реката Треска се протега низ два региона на одбрана: – Централен одбранбен регион и – Западен одбранбен регион. Цели Политиката на заштита на населението од воени разурнувања, изразена преку просторното и урбанистичкото планирање треба да се насочи во два основни сегмента: – планирање и уредување на простори погодни за евакуација на населението и материјалните добра и – планирање и изградба на засолништа. Плански определби Простори погодни за евакуација на населението Заради постигнување на соодветен степен на заштита на евакуираното население и преземање на активностите за уредување и подготовка на просторите погодни за евакуација, нивните локации треба да се бараат во индиректно загрозени простори, како и во просторите погодни за слободни територии. Токму регионот на сливното подрачје на реката Треска е погоден за територии за евакуација. Со просторниот план на регионот и со мерките на економската политика треба на овој простор да се предвидува развој на туристички и рекреативни капацитети, викенд населби, ревитализација на напуштените села, развој на сточарството и земјоделството, лоцирање на помали индустриски и други преработувачки капацитети, изградба на најнеопходната инфраструктура и други дејности, кои ја потикнуваат вкупната просторна дисперзија на функциите, како трајна развојна и одбранбена стратегија. Начинот на евакуацијата и обврските на општината на чие подрачје е сместено евакуираното население се уредени со посебна уредба. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 79 од 96 Планирање и изградба на засолништа Засолнувањето опфаќа планирање, изградба, одржување и користење на засолништата и други заштитни објекти и засолнување на населението, материјалните и културните добра на Републиката. Засолништата и другите заштитни објекти за заштита на населението се градат според местото на живеење, местото на работа, а на јавни места како јавни засолништа. Според отпорноста засолништата се градат како засолништа за основна, дополнителна и зајакната заштита. Обврска за изградба на засолништа за основна заштита имаат инвеститорите на објектите наменети за телекомуникации, телевизиски, радио и печатени медиуми, значајни индустриски и енергетски објекти, значајни сообраќајни објекти и објекти наменети за јавни здравствени служби, образованието и културата. Обврска за изградба на засолништа за дополнителна заштита имаат инвеститорите на станбени и станбено-деловни објекти. Тоа е уредено со Уредба за начинот на применувањето на мерките за заштита и спасување, при планирањето и уредувањето на просторот и населбите, во проектите и при изградба на објектите, како и учество во техничкиот преглед. Изградба на засолништа се утврдува според следниве критериуми: во станбени објекти на 40м2 корисна површина, едно засолнишно место; во деловни објекти на 20 м2 корисна површина, едно засолнишно место; во производни објекти на 60 м2 корисна површина, едно засолнишно место; во објекти за складирање на 80 м2 корисна површина, едно засолнишно место; во образовни, културни, спортски и угостителски објекти, на две третини од бројот на посетителите предвиден со проектот на објектот. Во останатите објекти задолжително се зајакнува првата армирана бетонска плоча, така што може да ги издржи останатите оптоварувања. Обврска за изградба на јавни засолништа има Републиката и единицата на локалната самоуправа. Обврската за изградба на засолништа се однесува на загрозените зони. Загрозените зони се утврдени од Владата со Одлуката за утврдување на загрозени зони. Од обврска да гради засолниште се ослободува инвеститорот во случај: кога изградбата на засолништето не е можна поради геолошко-хидролошките карактеристики на земјиштето; кога капацитетот на веќе изградените засолништа ги задоволува потребите за засолнување; при реконструкција на станбени и станбено деловни објекти; при изградба на станбени објекти со развиена бруто(нето) површина до 200 м2; при изградба на верски објекти; при изградба на земјоделски и сточарски објекти; при изградба на објекти под заштита на Републиката и при изградба на помошни градежни објекти. Инвеститорите ослободени од изградба на засолниште уплаќаат придонес за изградба, одржување и опремување на засолништа, во согласност со Законот. Засолништата се градат како двонаменски објекти, со тоа што не смее да се загрози нивната примарна заштитна функција. Засолништата за основна заштита мораат да обезбедат заштита од натпритисок, урнатини, радиоактивни врнежи, хемиска контаминација и пожари, а се проектираат и опремуваат за подолг престој. Засолништата за дополнителна заштита мораат да обезбедат заштита од урнатини, а се проектираат и опремуваат за престој до 48 часа. Градежни зафати со кои се намалува заштитното својство на засолништето не се дозволени. Засолништата и другите заштитни објекти можат да се издаваат под закуп, под услов да не се наруши нивната примарна заштитна функција. Надлежности на единиците на локалната самоуправа Во согласност со Законот за заштита и спасување единиците на локалната самоуправа и градоначалниците добиваат поголеми ингеренции и тие треба заради отстранување на последиците од настанатите природни непогоди или епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, да ги утврдат обврските на јавните претпријатија, установи и служби од „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 80 од 96 локален карактер кои тие ги основале во гасење на пожари и спасување на луѓе и имот при сообраќајни, техничко-технолошки и други несреќи; расчистување на локални патишта, улиците и другите инфраструктурни објекти во случај на непроодност поради врнежи од снег, наноси од снег, голомразица, наноси од земја предизвикани од силни врнежи, одрони, лизгање на земјиштето и друго; укажување на прва медицинска помош во случај на појава на зголемен број на заболени и повредени и спречување на ширењето на заразни болести; заштита на животните и растенијата во случај на појава на болести, штетници и други природни непогоди; ја следи подготвеноста на единицата на локалната самоуправа за заштита и спасување; одлучува за висината на средствата потребни за заштита и спасување од буџетот на единицата на локалната самоуправа; одлучува за висината на средствата од буџетот на единицата на локалната самоуправа за надомест на штета од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи и одлучува за распределба на хуманитарна помош наменета за настраданото население во единиците на локалната самоуправа. 2.7.2. Мерки за заштита од природни непогоди Сеизмичките појави - земјотреси, се доминантни природни непогоди во Република Македонија, кои можат да имаат катастрофални последици врз човекот и природата. Присутни се низ векови, на десет сеизмички жаришта во земјата или во нејзината поблиска или пошироката околина. Историските податоци покажуваат дека силните земјотреси генерирани на територијата на нашата држава, се проследени и со појава на колатерални хазарди (ликвифакција, одрони, свлечишта, пукнатини, раседници, поместувања), со доминантни одрони и свлечишта, што уште повеќе ги зголемува негативните последици на земјотресите. Цели и плански определби Мерки за заштита од силни земјотреси и намалување на сеизмичкиот ризик Намалување на сеизмичкиот ризик може да се изврши со примена на соодветни економски мерки за заштита на создадените вредности (градежна интервенција на носивата конструкција на постојните објекти, заради доведување на отпорност против најсилните земјотреси), односно задолжителна примена на нормативно - правна регулатива, со која се уредени постапките, условите и барањата за постигнување на технички конзистентен и економски одржлив степен на сеизмичка заштита кај изградбата на новите објекти. Во инвестиционите проекти треба да се разработат мерките за заштита на човекот, материјалните добра и животната средина од природните катастрофи. Cost - benefit анализа за досегашните инвестиции треба да се применува со цел да се се дефинираат и плански вградат мерки за санација на постојната состојба. За ова подрачје неопходно е да се изврши детална реонизација како основа за примена на заштитните мерки во процесот на просторното и урбанистичкото планирање за намалување на сеизмичкиот хазард. Мерки за заштита и спасување од пожари Мерките и активностите за заштита на животот и имотот на луѓето од пожари, опфаќаат отстранување на причините за настанување на пожари, откривање, спречување на ширење и гаснење на пожари, утврдување на причините за настанување на пожар, како и давање помош при отстранување на последиците предизвикани од пожар. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 81 од 96 Инвеститорот во инвестиционо-техничката документација за изградба на објекти, како и за објекти на кои се врши реконструкција-пренамена е должен да изготви посебен проект за заштита од пожари и да прибави согласност за застапеноста на мерките за заштита од пожари согласно со одредбите од Законот за заштита и спасување и Уредбата за спроведување на заштитата и спасувањето од пожари. Со оваа уредба попрецизно се определуваат мерките што треба да се преземат за заштита од пожари при изградбата на разни објекти. Во Правилникот за техничките нормативи за хидрантската мрежа за гаснење на пожари се уредени техничките нормативи за хидрантската мрежа за гаснење на пожари. Во објекти или на простор каде што постои зголемена опасност за настанување на пожари, се организира противпожарна стража опремена со соодветни уреди, техничка опрема и средства за гаснење на пожари, сé додека таа опасност не престане. 2.7.3. Мерки и насоки за заштита од техничко-технолошки катастрофи Мерките за заштита од техничко - технолошки катастрофи, во себе содржат покрај непосредната заштита на човекот и материјалните добра и нагласена еколошка димензија. Еколошката димензија на заштитните мерки тргнува од сознанието дека животната средина е ограничен ресурс, кој во одделни средини, а и во глобални рамки е доведен на границата на издржливоста. При тоа основни методолошки постапки за планирање и уредување на просторот при заштитата се следниве: оцена на состојбите на природните компоненти на животната средина и степенот на загрозеност од појава на технички катастрофи; оцена на оптовареноста на просторот со технолошки системи со одредено ниво на ризик; анализа на меѓусебна зависност на природните услови и постојните технолошки системи; дефинирање на нивото на постојниот ризик при редовна секојдневна работа на технолошките системи и при појавата на инцидентни случаи; процена на загрозеноста на луѓето и материјалните добра; утврдување на критериумите за избор на оптимална варијанта на заштита врз основа на проценетиот степен на загрозеност. Заради постигнување на целосна заштита на луѓето, материјалните добра и потесната и пошироката животна средина постојат три нивоа на преземање на сигурносни, превентивни мерки : Прво ниво: ги вклучува сите мерки кои се преземаат во одржувањето на опремата и инсталациите, заради сигурно користење на опасни материјали во технолошките процеси и одбегнување на технолошки катастрофи. Второ ниво: се однесува на сите мерки кои треба да обезбедат ограничување на емисија како последица од пожар, експлозија или ослободување на хемикалии, што може да се случи во околности на поголеми индустриски акциденти. Трето ниво: вклучува мерки кои се преземаат за заштита на животната средина. Тие се преземаат за ограничување на ефектите од имисија на опасни материи или последици од пожар и експлозии. Во условите за појава и заштита од техничко - технолошки катастрофи, се има предвид потребата од предвидување на превентивни мерки од страна на стопанските субјекти за спречување на технолошки катастрофи, засновани врз анализа на однесувањето на исти или слични постројки. Со оглед дека регионот на реката Треска преставува природен резерват, треба да се настојува да се задржи ваквиот тренд при планирањето на просторната разместеност на индустриските капацитети. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 82 од 96 3. НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПЛАНОТ Врз основа на валоризација на состојбите и значењето на просторот на регионот, со примена на современи принципи на просторното уредување, Планот на просторното уредување ги има следниве основни функции: – Планот е документ со кој се дефинираат основите за организација и уредување на просторот на регионот и се насочува организацијата на сите активности; – Планот е рамка, појдовна база и место за усогласување на интересите на сите корисници на просторот, како и глобална рамка за дефинирање на програмата, планот и стратегијата на севкупниот, особено на стопанскиот развој на регионот и неговите делови; – Планот е основа за донесување на конечни одлуки на управувачките структури во користењето на просторот, по меѓусебно усогласување на развојните дејности и согледување на основните насоки на просторното уредување утврдени во Планот; – Планот, покрај основните поставки за просторното уредување, овозможува изработка на предлози во форма на алтернативи, различни сценарија и модели кои треба да се разгледаат пред донесување на конечните одлуки за приоритети; – Планот содржи пат и механизми за управување со просторот и животната средина, заради рационално и економично остварување на крајните цели на развојот со приоритети и етапи. Етапите и приоритетите треба да бидат определени на начин со кој нема да се попречува реализација на крајните цели; – При изработка на програми, проекти и планови за развој потребно е рамноправно да се разгледаат целите на развојот со целите на заштитата на животната средина. Во случај на неодбегливи компромиси потребно е да се предвидат мерки кои ќе се преземат заради компензација на штетите и реституција на просторот во еколошки прифатлива состојба; – Просторниот план на Регионот претставува појдовна основа при изработка на генерални урбанистички планови и урбанистички планови за населени места во општините; – Планот особено предлага насоки за уредување на населбите, основи на сообраќајната и другата инфра и супра структура, заштита на животната средина и др.; – Планот ги разработува механизмите за управување со просторот и животната средина, како и трајно следење на состојбите и промените во просторот. Системот на просторното уредување треба да се прилагоди на вкупните социо-економски и геополитички промени, како и да се обезбеди континуирано дејствување и подобрување на ефикасноста преку приоритети: – следење на состојбите и процесите во просторот, идентификација и укажување на проблемите; – утврдување на механизми и инструменти за усогласување и координација на сите субјекти на просторниот развој; – иницирање на изработка на мултидисциплинарни и научно-стручни анализи, студии и подлоги за определени проблеми и подрачја и – изработка на програми за економски развој на ниво на општини, со детални мерки и инструменти. При поставувањето на оперативните цели и спроведувањето на мерки треба да се земат предвид следниве елементи: состојбата на постојната документација, организираноста на службите, нерамномерноста на просторниот развој, окружување и условеност. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 83 од 96 3.1. Мерки и инструменти за спроведување на Планот Насоките кои овозможуваат доследно спроведување на планските поставки и решенија, кои произлегуваат од концептот на планот и значат негова конкретизација во процесот на неговото спроведување се: – Сите носители на развојот и корисниците на просторот своите планови и прграми (генерални урбанистички планови, урбанистички планови на населени места и развојни програми) треба да ги усогласат со концептот на просторната организација на овој план и на тој начин да придонесат за постигнување на оптимални ефекти во севкупниот развој на регионот и посебно во користењето и уредувањето на неговата територија; – Организациите од областа на водостопанството и шумарството, како и сите поголеми стопански организации од земјоделството, тргнувајќи од поставките на Просторниот план на регионот, во врска со остварувањето на поповолни намени и користење на земјиштето треба да извршат усогласување на своите програми со поставките на Планот. Во своите планови тие треба да конкретизираат соодветни плански мерки на ниво на општина, односно заедница во општини во врска со зголемувањето на земјоделското земјиште, изградбата на акумулации и хидромелиоративни системи, пошумувањето и сл.; – Со Планот предвидените трансформации во структурата и начинот на користење на земјиштето да се операционализираат преку соодветните секторски планови и програми на општините; – Во секторските планови и програми на општините, координирано со програмите на стопанските организации од земјоделството и шумарството, да се предвидат конкретни мерки во врска со: зголемување на земјоделските површини до големини кои се оптимални од гледна точка на производството и враќањето на шумите (пошумување) на оние земјишта кои по своите својства се шумски, а денес се користат за други цели; – Општинските планови и програмите на стопанските организации од примарните дејности треба да обезбедат спроведување на најбитните поставки на овој план како што се: интензивирање на обработливото земјиште сообразно со агроиндустрискиот комплекс, активирање на падинско-ридските и ридско-планинските подрачја, активирање на површините погодни за полјоделски култури, подигање на вештачки ливади и унапредување на пасиштата, стимулирање на сточарството и унапредување на кооперативните односи; – Општинските собранија по пат на посебни одлуки навремено треба да ги заштитат (резервираат) потребните површини или коридори за регионални системи за водоснабдување и за уреди кои ги следат системите; – Во уредувачките водостопански основи нужно е попрецизно и локациски да се одредат просторите погодни за идна изградба на поголеми, средни и мали акумулации, за што општинските органи треба да донесат соодветни одлуки за заштита и режим на користење на тие простори; – Урбанистичките планови треба да ги дефинираат потребните површини под населби и да ги детерминираат зоните за ширење на истите, настојувајќи (каде што условите тоа го дозволуваат), за оваа намена да се користат површини од пониски бонитетни класи, како и да се оневозможи користење на земјоделското земјиште од I и II класа за оваа намена; – Тргнувајќи од решенијата за сообраќајната мрежа дадена во Просторниот план на Република Македонија, да се резервираат и заштитуваат од градба одредени коридори предвидени за магистрални и регионални патишта, за железнички линии и за пловниот пат без оглед кога и во која етапа ќе дојде до нивна градба; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 84 од 96 – Да се одредат зоните за изградба на објекти за одмор и рекреација, како и битните елементи на режимот на таа градба (големина на парцелите, објектите, услови за снабдување со вода и слично), предвидувајќи ја оваа градба на понеквалитетни земјишта и максимално штедејќи го просторот по пат на концентриран и комплексен начин на градење; – При изработката на урбанистичките планови на населените места и проектите на големите инфраструктурни системи, треба да бидат дефинирани макросеизмичките карактеристики на просторите врз кои ќе се одвиваат активностите на градба, уредување и користење; – Меѓу Републичката геодетска управа и општинските геодетски служби и другите заинтересирани организации во регионот треба да се воспостави соодветен постојан систем за следење на промените на намената и користењето на замјиштето и подземниот катастар; – Демографскиот пораст, просторната разместеност на населението, густината на населеност на просторот, миграционите движења и просторната разместеност на вработените и релацијата на оваа категорија, со активно население, детерминирани со овој План, треба да бидат глобални рамки во третирањето на истите елементи во плановите и програмите на општините; – Општините чии простори се демографски депресивни или стагнантни, во своите планови треба да вклучат адекватни мерки (инвестиции, политика, стратегија), кои ќе обезбедат услови за соодветен популациски раст; – Стопанските активности и нивната просторна разместеност треба да бидат дефинирани врз основа на погодностите и можностите на даденото подрачје и усогласени со концептот на овој план и одржливиот развој, во смисла на производна ориентација и функција во единствениот стопански систем на Републиката; – Просторната разместеност на стопанските капацитети треба да биде усогласена со концептот на стопанската поларизација на територијата на Републиката, како начин за постигнување на нејзин порамномерен развој и поурамнотежен систем на населби; – Поради ориентацијата кон рамномерен развој и оптимално доближување на производните капацитети до местото на живеење, треба да се овозможи општинските центри да бидат центри на развој, а лоцирањето на новите капацитети да не биде само во градовите, туку и во нивните гравитациони зони; – Стопанските претпријатија да дисперзираат свои погони во населбите на ридско планинските и неразвиените подрачја, каде што е потребно да се влијае врз задржувањето на постојното население; – Општините своите планови и програми треба да ги усогласат со концептот на урбанизацијата и системот на населби предложен со овој план, а особено во смисла на децентрализирана урбанизација, полицентричен систем на населби, фунционална диференцијација на населбите и избегнување на секаков вид паралелизам и во смисла на степенот на урбанизација, стапката на деаграризацијата и принципите на одржлив развој; – Нивните планови и програми, исто така, треба да бидат усогласени и со концептот за просторна дистрибуција на објектите од општествениот стандард, како и со поставките на станбената изградба; – Урбанистичките планови треба, врз основа на просторно-физичките и економските можности и поставките на овој план, да го дефинираат популациското зголемување на населбите, нивното функционално и инфраструктурно опремување, особено на општинските центри, како основни носители на урбанизацијата и социо-економските трансформации на руралната средина и да обезбедат максимално зачувување на вредностите на културно-историското наследство и традицијата на градителството; – Републичките организации надлежни за развој на крупните инфраструктурни системи во соработка со институциите кои работат регионални просторни планови, „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 85 од 96 треба попрецизно да ги дефинираат заедничките елементи што произлегуваат од овој План како што се: заедничките и регионалните системи за водоснабдување, проширените и регионалните системи за евакуација и третман на отпадните води, системот за наводнување на земјоделските комплекси, системот на акумулации, подземните води, магистралната и регионалната патна мрежа, железничката мрежа, телефонската и телеграфската мрежа, радиодифузната и телевизиската мрежа, хидро и термоелектраните со преносната електроенергетска мрежа, нафтоводот и гасоводот; – Заради испитување на состојбите на квалитетот на воздухот, водата и почвата треба да се воспостави мрежа на територијата на целиот регион; – Приоритет во зафаќањето на водите треба да добиваат решенијата кои имаат регионален карактер, а санитарните зони за заштита на изворите и изворишните подрачја и на акумулациите треба да се воспостават во зависност од нивната намена и функција. Определувањето на широчината и карактерот на санитарните заштитни зони треба да биде разработено и дефинирано со посебна студија и нормативно уредено со републички закон; – Забрана на изградба на индустриски, инфраструктурни и други капацитети кои продуцираат или транспортираат опасни отпадоци и материи; – Изворите и изворишните подрачја со особени природни пејзажни и амбиентални вредности, треба да бидат заштитени и уредени како излетнички места и споменици на природата; – Општините и стопанските претпријатија треба во целост да ги почитуваат поставките на Планот за просторната разместеност на индустриските капацитети кои го загадуваат воздухот, водите, почвата и растителниот свет; – Постојните индустриски капацитети и други објекти кои се јавуваат како загадувачи треба да обезбедат, организираат и уредат зони за санитарна биолошка заштита, како што се дефинирани со Законот; – Чистата индустрија може да се дисперзира во заостанатите ридско-планински подрачја, во туристичко-рекреативните зони и во подрачјата на природни реткости; – Да се дефинираат режимот на уредување и заштита на ридско-планинските подрачја каде што ќе бидат лоцирани сточни фарми, како големи загадувачи на водите, а посебно на подземните води во карстните подрачја; – Со посебна студија треба да бидат разработени методот и условите за издавање на локации на нечистата индустрија; – Со општинските планови и програми треба да се дефинираат заштитните зони околу големите инфраструктурни потези и енергетските комплекси; – Да се настојува да се оствари разместување и сместување на стопанските и другите активности и изградба на објекти за нив, почитувајќи ги во целост критериумите и барањата на заштитата; – За обезбедување на квалитетот на средината и особено за унапредување на деградираните подрачја, потребно е да се обезбедат уреди за пречистување на отпадните гасови или да се изврши замена на несоодветните технологии; – Приоритети во обнова на шумските земјишта треба да имаат просторите околу големите градови, околу индустриските, рударските инфраструктурни зони, подрачјата зафатени со интензивни процеси на ерозија и периферните делови на котлините; – Потребно е ревидирање на шумско-стопанските основи со цел за вградување на аспектите на зачувување, унапредување и одржување на шумите, поради нивната еколошка сложеност, општокорисните функции и значење, како најбитен биолошки регулатор во средината; – Просторите на природни вредности, оценети и прогласени како природни реткости, покрај заштитата и туристичко-рекреативната намена, треба да се активираат и како простори за научно-образовна активност; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 86 од 96 – Објектите на културно-историското наследство и просторите со етнографски, археолошки и амбиентални вредности треба да се истражуваат, валоризираат и оптимално да се користат како важни туристички и едукативни мотиви; – Со развојните планови на општините да се предвиди развојот на туризмот врз основа на богатството, разноличноста, издашноста и еколошката зачуваност на природните ресурси присутни на подрачјата на општините односно руралните населени места; – Со посебни програми, со цел за активирање на руралниот простор и неговата автохтоност, потребно е да се поврзува туризмот и земјоделството преку производството на здрава храна. Ова поврзување ќе создаде специфична понуда преку која може да заживеат руралните подрачја и традиционалното наследство (градителско, етнолошко). Активирањето на традиционалните елементи на руралните средини во туристичката понуда е основа за развојот на руралниот туризам; – Подрачјата со посебен режим на заштита, како што се заштитени подрачја на природата, претставуваат специфичен туристички потенцијал, со чија адекватна валоризација, но и со одредени ограничувања, се создаваат можности за развој на научните, едукативните и еколошките програми во туризмот; – Со развојната комунална политика на единиците на локалната самоуправа, да се преферира јакнење на патната инфраструктура, која ќе овозможи позначаен и поорганизиран развој на транзитните, деловните, спортските и излетничките текови; – Во Република Македонија сé уште постојат бројни неидентификувани, како и идентификувани, а неевидентирани предели и објекти со значајни природни вредности и постои опасност од нивно уништување и обезвреднување со неконтролиран продор на современата технологија, особено во недоволно развиените краишта, поради што се неопходни поинтензивни истражувања и ангажирање на пошироката општествена заедница. 3.2. Одредби и елементи за изработка на урбанистички планови При изработките на урбанистичките планови на населбите, истите треба да се усогласат со Просторниот план на регионот, особено во однос на следниве елементи: – Општата намена на површините; – Основите на долгорочната политика на урбанизација; – Мрежата на големата инфраструктура; – Мрежата на населби и – Определбите за заштита на животната средина. Насоките на Просторниот план на Регионот во однос на општата намена на површините се следни: – При изработка на урбанистичките планови, површините за сите урбани содржини треба да се бараат исклучиво во рамките на постојните градежни реони, а исклучиво за тоа оправдани цели, надвор од овие рамки, на површини од послаби бонитетни класи (над IV категорија) и – Насочување на изградбата на викенд зони, земјоделски и други објекти само во оние подрачја кои со планови и програми на општините ќе бидат определени за тие цели. Во однос на долгорочната политика на урбанизација, основните насоки на Просторниот план се однесуваат особено на: – Заедничко користење на просторот и синхронизирана изградба на инфраструктурните потези во единствени коридори дефинирани во планови и програми на општините; – Примена на дадени принципи на насочената урбанизација со што ќе се достигнат приближно еднакви услови на живеење и работа на целата територија; – Избор и распоред на стопански активности согласно со природните услови, расположливата работна сила и постојните стопански капацитети; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 87 од 96 – Создавање можности за отворање нови работни места во населби и подрачја каде што треба да се задржи постојното население и насочат миграциите; – Дистрибуција на капацитетите од јавните функции, согласно со потребите на населението заради намалување на разликите во опременоста со истите; – Организација на териториите на населбите исклучиво на простори кои досега не се искористени за урбани цели и на простори кои со урбанистичките планови се резервирани за нови, главно стопански активности, а сé уште не се преведени кон новата намена и – Усогласување на густините на населеност, изграденост и катност, заради почитување на принципите на хумано живеење и рационална експлоатација на просторот и урбаните содржини согласно со сите видови на заштита. Во доменот на големите инфраструктурни системи, насоките кои ги дава Просторниот план на регионот се однесуваат на основната мрежа од значење за Републиката. Со планови и програми на општините, инфраструктурната мрежа ќе се конципира согласно со претходната мрежа, со која ќе формира единствен систем. Ова се однесува на мрежата на регионални и локални патни правци, мрежата на локални гасоводи и далноводи од 110 KV и помали. Сите овие мрежи ќе се изградуваат согласно со потребите на даденото подрачје и можностите на основната мрежа. Во однос на системот на населбите, плановите и програмите на општините треба да се усогласат со Просторниот план на регионот, имајќи ги предвид вкупниот популационен потенцијал на регионот и политиката на насочената урбанизација. Основната мрежа на населби треба да се развива на тој начин што секоја општина, согласно со сопствените специфични услови, дадената мрежа ќе ја диференцира во подстепени за да се прецизира определена функционална особеност. Ова особено се однесува на населби на потезите со подобра инфраструктурна изграденост, каде што е рационално да се предвидат одредени заеднички содржини и објекти кои секоја поединечна населба не може да ги оправда. Во областа на заштитата на животната средина, урбанистичките планови треба да се усогласат со Просторниот план на регионот на тој начин што врз основа на режимот на заштита предвиден со Просторниот план, ќе се организира распоред на активности и изградба на објекти за да се усогласат барањата кои ги поставува одржливиот стопански развој и современото сфаќање на заштитата. 3.3. Услови за ефикасна реализација на Просторниот план Заради ефикасна реализација на Просторниот план важно е да се обезбеди: – Меѓуресорска координација и усогласување на интересите во просторот; – Кадровска и организациона опременост на локалните единици за просторното уредување; – Организација на информационен систем; – Нови картографски подлоги за урбанистички планови и – Систематизација на податоците за просторот по општини и просторни целини утврдени со Планот. 3.4. Посебни мерки и активности Мерки за остварување на рационално користење и заштита на просторот, како и посебни интереси на просторниот развој се: „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 88 од 96 1. Обезбедување на спроведувањето на постојните закони и прописи со кои се заштитуваат просторот, ресурсите и националното богатство и се организира и уредува просторот со цел за вкупен развој, а особено во однос на: – бесправната градба; – стопанисувањето со шумите, земјоделското земјиште, водите и друго и – заштитата на создаденото и природното богатство. 2. Изработка на стручни подлоги и донесување на соодветни прописи за подрачја од посебен интерес за државата. – Постојните градежни подрачја треба рационално да се користат и за таа цел треба да се испитаат просторните резерви и да се извршат измени и дополнувања на важечките планови за просторно уредување. Проширување на просторните градежни подрачја и формирањето на нови може да се врши во новите урбанистички планови врз база на соодветните критериуми. Насоките и критериумите за уредување на просторот надвор од градежните подрачја треба да се утврдат со помош на стручни основи и упатствата од ресорите на земјоделството, водостопанството, шумарството и заштитата на животната средина. Особено внимание да се даде на планирањето на инфраструктурните коридори и објекти со приоритетно користење на постојните траси и помалку вредни простори и – Во планирањето на уредувањето на населбите (особено на градските) и приспособувањето на тие планови на новите потреби и иницијативи, треба да се утврдат просторни резерви на оформените структури и оптимални можности на развој: 3. Да се утврдат граничните капацитети на постојната инфраструктура чија реализација бара големи вложувања, така што изградбата треба да се насочи кон подрачја кои веќе се и кои можат да бидат опремени со инфраструктура од соодветен капацитет; 4. Да се утврдат можностите за користење на работните зони преку внатрешна трансформација, модернизација и подобро користење на просторот и опремата, постапно да се дислоцираат загадувачките дејности од населбите; 5. Создавање на услови за лоцирање на мали стопански единици во помалите населби, а особено семејни стопанства на ретко населени подрачја; 6. Туристичките содржини треба да се планираат координирано и усогласено со насоките од Просторниот план и тоа задолжително надвор од подрачјата со зачувани природни вредности и заштитени делови на природата; – Ревитализација на историските целини со внесување на соодветни содржини и заштита на вредностите. 3.5. Научни и стручни истражувања Во доменот на организацијата и уредувањето на просторот и населбите, како и животната средина, приоритет треба да добијат следниве истражувања: – Институционално - управувачките, информативно-управувачките и економските проблеми и регулацијата во овие области и – Меѓународните искуства во регулација на просторниот развој, развојот на населбите и заштитата на животната средина во прв ред, општо-управувачките, информативните, институционалните, економските и методолошките аспекти. За потребите на реализацијата на наведените приоритети, неопходно е да се воспостави институционална, организациона и информативна мрежа која овозможува траен и систематски трансфер на информации од окружувањето кои во овие области се релевантни за Републиката која вклучува и прибирање и систематизација на научни и стручни истражувања од најразлични области во земјата и надвор од неа. Во овој контекст се предлагаат следниве приоритети по области: „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 89 од 96 1. Просторни структури, енвироментална економија, урбана економија и стопански растеж: – Истражување на проблематиката на просторното и урбанистичкото планирање на субнационално ниво (општинско, локално итн.); – Истражување на геопросторните фактори на Република Македонија во новото окружување; – Критичко истражување на теоријата и праксата на планирањето и развојот на просторот и населбите во Република Македонија; – Развој на методологијата за изработка и евалуација на алтернативните концепти за просторната и структурната реконструкција на индустријата и изработка на соодветни концепции; 2. Систем на просторното и урбанистичкото планирање и методологија на планирањето: – Истражување на функционирањето на просторното и урбанистичкото планирање во услови на мешовито стопанство и изработка на компатибилни модели на социјалното, економското, еколошкото и друго планирање; – Проблеми на валоризацијата во просторните и урбанистичките планови; – Истражување на мерките за планско насочување на развојот во посебни подрачја (погранични, ридско-планински и др); 3. Домување: – Изработка на стандарди и нормативи за државното и банкарското стимулирање на субвенционирана станбена изградба со нивна територијална диференцијација. 4. Развој на селата, земјоделството и уредувањето на земјоделското земјиште: – Изработка на детална типологија на селското подрачје и населби, – Истражување на нетрадиционалните форми на развој на селските подрачја и населби: индустријализација на селата со еколошки поволни проекти и развој на потребната суровинска база, – Истражувања на потенцијалите на селски атари врз основа на дефинирани критериуми, – Истражување на социо-економските движења во земјоделството и во селата, врз база на репрезентативни анкетни истражувања, по реони и за Регионот во целост, со цел да се утврди влијанието на аграрната политика врз проблемите во економската, сопственичката и производствената структура на индивидуалните стопанства, како и на порационалното и поефикасното користење на земјоделското земјиште, – Истражувања за потребите на изработка и реализација на програми утврдени со овој план, 5. Заштита на животната средина: – Изработка на студии за влијание врз животната средина во просторното и урбанистичкото планирање, – Развој на биолошки и биоинженерски методи за заштита на животната средина и обнова на загрозените подрачја, – Постапка за третман на опасни материи, критериуми и методологија за избор на локации за депонии, – Истражување на еколошко-просторниот капацитет за развој на определени подрачја во регионот и тоа, приоритетно за: еколошки највредните, најсочуваните подрачја (национални паркови и друго), подрачјата со најголема концентрација на население и активностите и подрачјата со најголеми просторни потенцијали за развој. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 90 од 96 3.6. Следење на реализацијата на Планот и оцена на остварувањата Согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија, следењето на состојбите и промените во просторот на регионот на сливот на р. Треска и остварувањето на Просторниот план на регионот ќе се одвива согласно методолошкиот пристап утврден со Годишниот извештај за спроведување на Просторниот план на државата. Имено, реализацијата на Просторниот план на Република Македонија, кој претставува сеопфатен и интегрален стратешки документ за просторен развој на државата, се остварува со негова разработка преку просторните планови на региони, просторни планови на подрачја од посебен интерес, како и со урбанистички планови и друга документација за планирање и уредување на просторот. Според тоа и спроведувањето на овој регионален план кој претставува разработка на Просторниот план на Републиката, ќе биде следено со Годишниот извештај за спроведување на Просторниот план на Република Македонија. Годишниот извештај обезбедува увид во процесот на организација, уредување и управување со просторот согласно со Просторниот план на државата и согледување на реализацијата на сите плански насоки и определби утврдени со регионалните просторни планови со кои што се имплементира Просторниот план на Република Македонија. Следењето на реализацијата на Просторниот план го врши изработувачот на Планот врз основа на посебна Програма за спроведување на Просторниот план на Република Македонија. 3.7. Информационен систем за просторно планирање во регионот За потребите на реализација на Планот, како и за потребите на просторното и урбанистичкото планирање на други нивоа на управување, неопходно е да се пристапи кон систематска работа за воведување и развој на меѓусебно усогласување на просторниот (географски) информационен систем и информационен систем за животната средина. Со концептот за развој на информативниот систем треба да се дефинираат следниве елементи: – Обем и квалитет на информативните потреби за разни видови просторни и урбанистички планови и програми за заштита и унапредување на животната средина, зависно од разните видови на управување; – Критериуми за развој на ИНДОК служби во рамките на информативниот систем за просторот/животната средина. – Методолошка рамка за комуницирање меѓу ИНДОК службите во рамките на системот, како и за комуницирање со други информациони системи и мрежи; – Проект за кадровско (вклучувајќи и програма за едукација на стручниот кадар и корисниците на системот), техничко и програмско опремување на информативниот систем за просторот. Со наведените проекти треба да се утврди начинот на редизајнирање на постојните мрежи на податоци кои просторно, урбанистички и еколошки се релевантни (разни евиденции, статистика, регистри, катастри, системи на мониторинг итн.), заради обезбедување на нивната компатибилност со просторните, урбанистичките и еколошките критериуми. Потребните модификации во таа смисла треба да се елаборираат според следниве критериуми: – Автономните и парцијалните мрежи на податоци да се поврзат во единствена целина; „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 91 од 96 – Постојната ресорна ориентација, цели, содржина и др. да се модифицираат според потребите на сродните системи на податоци; – Редунданцата (повторувањето на голем број на исти карактеристики во повеќе системи) да се сведе на толерантен минимум; – Врз основа на посебна програма да се изврши дигитализација на податоците и нивна автоматска обработка; – Обезбедување систем и начин на контрола и утврдување на веродостојноста на дигитализираните податоци; – Утврдување начин на чување и обезбедување на соодветни групи на податоци преку евиденција и определување на начинот на пристап до истите; – Изработка на програма за трајно и систематско ажурирање на податоци; – Содржината на базата на податоци и системите на индикатори да се сообразат со новите потреби, согласно со потребите за обезбедување на стручни информации за одлучување за развојните планови, програми и проекти. Со наведените проекти приоритетно треба да се опфатат: – Формирањето на информациониот центар за просторот на ниво на Регионот; – Развојот на базата податоци од Просторниот план на регионот и системот на показатели за следење на неговата реализација (мониторинг) и оцена на остварувањето (евалуацијата); – Ажурирањето на катастарот на земјиште (со носителите на правото на сопственост и правото на користење); – Формирањето на земјишни регистри (земјиште во слободен промет, откуп на земјиште врз основа на експропријација, првенствено право на откуп, цени на земјиштето во промет, доход по парцели, трошоци за изградба на објекти, систем на даноци, такси, придонеси и надоместок за користење на градежното земјиште, регистар на вредности на парцели и др.); – Изработката на програма за оформување, односно ажурирање на катастарот на подземни и надземни инфраструктурни системи и инсталации, формирањето на посебни катастри за подрачјата загрозени од атмосферски непогоди, како и за нестабилните и ерозивни подрачја. „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 92 од 96 4. ПРИОРИТЕТИ И ЕТАПИ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАРЕДНИ АКТИВНОСТИ „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 93 од 96 „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 94 од 96 „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 95 од 96 „Службен весник на РМ“ бр. 25 од 02.03.2007 година 96 од 96 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој план се и соодветни графички прилози кои не се објавуваат, а се наоѓаат во Министерството за животна средина и просторно планирање. За спроведување на Просторниот план на регионот на сливот на реката Треска ќе се грижи Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој просторен план влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 07-860/1 Претседател 21 февруари 2007 година на Собранието на Република Скопје Македонија, Љубиша Георгиевски,с.р.