Regulation on work clothes, the appearance of the emblem, work equipment and the type of weapons carried by inspectors
颁布于 2019-10-28 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за работната облека, изгледот на амблемот, опремата за работа и видот на оружјето што го носат инспекторите.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Forestry, Wild species and ecosystems
- 关键词
- forest service, inspection, forest management/forest conservation
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 20 став 2 од Законот за шумарска и ловна инспекција (,,Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 88/08, 6/10, 36/11, 74/12, 164/13, 43/14, 33/15, 149/15, 53/16 и 83/18) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе: ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТНАТА ОБЛЕКА, ИЗГЛЕДОТ НА АМБЛЕМОТ, ОПРЕМАТА ЗА РАБОТА И ВИДОТ НА ОРУЖЈЕТО ШТО ГО НОСАТ ИНСПЕКТОРИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува работната облека, изгледот на амблемот, опремата за работа и видот на оружјето што го носат инспекторите. Член 2 Инспекторите имаат работна облека. Член 3 Работната облека на инспекторите се состои од: сако, панталони (за машки и женски пол}, кошула со долги ракави, кошула со кратки ракави сите со маслинасто зелена боја, чевли со потенок ѓон, кожен ремен, виндјакна, елек, POLO маица со долг ракав, POLO маица со краток ракав, маица со кратки ракави сите со маслинасто зелена боја, теренски чевли, опасач и футрола за пиштол . Член 4 Изгледот на амблемот на инспекторите е во облик на штит, извезен на чоја со боја. Во горниот дел од амблемот, со букви, со боја на старо злато е извезено „РСМ", ,,ДИШЛ". Образецот на амблемот на инспекторите е даден во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Амблемот е вшиен на левиот ракав од работната облека, на растојание од 8 см од горниот раб на ракавот на виндјакната, POLO маица со долг ракав, POLO маица со краток ракав и кошулата. Член 6 Опремата за работа на инспекторите се состои од: теренска ташна, двоглед, GPS апарат и дигитален фотоапарат. Член 7 Опремата за работа се заменува со нова во случај на дотраеност или оштетување. Член 8 Инспекторите се вооружени со пиштол. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи „Правилник за работната облека, изгледот на амблемот, опремата за работа и видот на оружјето што го носат инспекторите" (,,Службен весник на Република Македонија" бр.154/08). Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија". Бр. 03-277 /5 28 октомври 2019 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, с.р. Прилог: