Regulation on types of soil properties improvers, procedure and documents for classification of new soil improvers, marking, identification, content of macronutrients, secondary macro and micro elements, minimum and maximum quantities of nutrients and impurities
颁布于 2010-12 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за видови подобрувачи на својствата на почвата, постапката и документите за класификација на нов подобрувач на својствата на почвата на одреден вид, означување, идентификација, содржината на макроелементите, секундарните макро и микроелементи, минимални и максимални количества на хранливи елементи и примеси.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- classification/declassification, fertilizers/nutrients, ecological production/organic production, organic waste, packaging/labelling, soil pollution/quality, plant production
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен В. на Р.М. бр: 6/2011 од 17.01.2011 Влегува во сила на: 18.01.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за видови подобрувачи на својствата на почвата, постапката и документите за класификација на нов подобрувач на својствата на почвата на одреден вид, означување, идентификација, содржината на макроелементите, секундарните макро и микроелементи, минимални и максимални количества на хранливи елементи и примеси(*) МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 15 став 2 од Законот за ѓубриња ("Службен весник на Република Македонија" бр.110/07 и 20/09), министерот за земјоделство, шумарство и водоствопанство, донесе. ПРАВИЛНИК ЗА ВИДОВИ ПОДОБРУВАЧИ НА СВОЈСТВАТА НА ПОЧВАТА, ПОСТАПКАТА И ДОКУМЕНТИТЕ ЗА КЛАСИФИКАЦИЈА НА НОВ ПОДОБРУВАЧ НА СВОЈСТВАТА НА ПОЧВАТА НА ОДРЕДЕН ВИД, ОЗНАЧУВАЊЕ, ИДЕНТИФИКАЦИЈА, СОДРЖИНАТА НА МАКРОЕЛЕМЕНТИТЕ, СЕКУНДАРНИТЕ МАКРО И МИКРОЕЛЕМЕНТИ, МИНИМАЛНИ И МАКСИМАЛНИ КОЛИЧЕСТВА НА ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИМЕСИ () Член 1 Со овој правилник се пропишуваат видовите на подобрувачи на својствата на почвата, постапката и документите за класификација на подобрувачи на својствата во одреден вид, означување и идентификација,содржината на макроелементи, секундарните макроелементи и микроелементи, минимални и максимални количества на хранливи елементи и примеси. Член 2 Подобрувачи на својства на почвата се неоргански или органски материи од природно или синтетичко потекло, имаат ниска содржина на макро елементи и секундарно макро елементи и микро елементи. Член 3 (1) Видови на подобрувачи на својствата на почвата се: 1. Минерални подобрувачи и 2. Органски подобрувачи (2) Минерални подобрувачи на својства на почва се соединенија кои се добиваат преку преработка на природни материи и по хемиски пат. (3) Органски подобрувачи на својства на почва се соединенија кои се добиваат со екстракција на растителен материјал. Член 4 (1) За класификација на нов подобрувач на својствата на почвата, се поднесува барање до Фитосанитарна управа во кое се наведува особено податоците за: 1. Заштитното име на подобрувачот; 2. Видот на новиот подобрувач; 3. Производителот на нов подобрувач; 4. Името на правното лице кој врши увоз на новиот подобрувач; http://www.slvesnik.com.mk/Issues/595CF4961E57714C93E86B782BFDF26D.pdf#page=41 5. Стабилност на подобрувачот (начин на пакување и складирање заради задржување на квалитетот). (2) Кон барањето од став 1 на овој член се поднесува следната документација: () Со овој правилник се врши усогласување со 98 Регулатива (ЕС) 2003/2003 на европскиот парламент и совет од 13 октомври 2003 година која се однесува на ѓубриња, CELEX бр. 32003R2003 извештај од овластена лабораторија, декларација на подобрувачот и упатство за употреба издадено од производител. Член 5 Означувањето на новиот подобрувач на почвата содржи: 1. Ознака за нов подобрувач; 2. Трајност (за задржување на трајност, подобрувачот се чува на температура до 40С); 3. Токсичност (влијание врз здравје на човекот, животните и пчелите); 4. Каренца; 5. Работна каренца; 6. Толеранција и 7. Амбалажирање (вид на амбалажа). Член 6 Идентификацијата на новиот подобрувач на почвата се врши со: 1. Идентификациското име на новиот подобрувач; 2. Составот на новиот подобрувач; 3. Бројните вредности од аналитички методи и 4. Утврдувањето на ефикасноста. Член 7 Минералните и органските подобрувачи на својствата на почвата се карактеризираат со ниска содржина на примарни хранливи елементи, со минимални 0,5% до максимални 3 % примарни хранливи елементи и примеси. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 17-260/5 Министер за земјоделство, декември 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.