Regulation on types of feed that is marketed, quality standards, on allowable amounts of feed additives for animals, on method of packaging, labelling, transport and storage
颁布于 2014-03-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на земање примероци и методите за анализа и суперанализа на храната за животни.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal feed/feedstuffs, transport/storage, classification/declassification, residues, feed additives
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 20140541708 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 17 став (4) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/10, 53/11, 55/12 и 106/13), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ВИДОВИТЕ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ КОЈА СЕ СТАВА ВО ПРОМЕТ, СТАНДАРДИТЕ ЗА КВАЛИТЕТ, ДОЗВОЛЕНИТЕ КОЛИЧИНИ НА ДОДАТОЦИ ВО ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ, НАЧИНОТ НА ПАКУВАЊЕ, ОЗНАЧУВАЊЕ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ(*) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат видовите на храна за животни која се става во промет, стандардите за квалитет, дозволените количини на додатоци во храната за животни, начинот на пакување, означување, транспорт и складирање. Член 2 Одделни поими употребени во овој правилник, го имаат следното значење: 1. „Кршок од зрна на пченка’’ се скршени зрна кои минуваат низ сито со квадратни отвори од 5 mm. 2. „Погачи“ се производи добиени во производството на масло, со пресување (со хидраулична или механичка постапка) од технички подготвено семе, 'ртулци и јатки (мелени, лупени и/или загревани). 3. „Сачми“ се производи добиени при производство на масло со екстракција од технички подготвено (лупено, мелено, загревано и пресувано) семе, 'ркулци и јатки. 4. „Лушпи“ се обвивки на семето на маслодајните култури со помала содржина на масло и протеини и се користат во изработка на смесите. 5. „Сушени растителни производи“ се растенија или нивни делови исушени до степен до кој може да се чуваат без расипување. 6. „Храна за животни од животинско потекло“ се производи кои се добиени со преработка на делови од животни и нивни производи. 7. „Месни брашна“ се производи добиени по пат на сушење и мелење на месо и внатрешни органи, без желудник, црева, пердуви, рогови и копита, со констенлива до темноконстенлива боја, без мирис на запаленост. 8. „Месно-коскени брашна“ се производи добиени со сушење и мелење на месо и коски од животни или нивни мрши, со темноконстенлива боја, без мирис на запаленост својствен за месно-коскеното брашно. * Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата бр. 767/2009 на Европскиот парламент и на Советот од 13 јули 2009 година за ставање во промет и употреба на храна за животни, со која се изменува Регулативата на Европскиот парламент и Советот бр. 1831/2003, а се отповикува Директивата на Советот бр. 79/373/ЕЕЗ, Директивата на Комисијата бр.80/511/ЕЕЗ, Директивите на Советот бр. 82/471/ЕЕЗ, бр. 83/228/ЕЕЗ, бр. 93/74/ЕЕЗ, бр. 93/113/ЕК и бр. 96/25/EC и Одлуката на Комисијата бр. 2004/217/EК, CELEX бр. 32009R0767. Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 2 од 40 9. „Месно-кожно брашно“ е производ добиен со сушење и мелење на месо и делови од кожа пред штавењето, без влакна и без присуство на хром. 10. „Додатоците на храната за животни“ се супстанции кои се додаваат на крмните смеси заради подобрување на хранителната вредност, подобро искористување на храната, зголемување на заштитното делување против болести, како и заради продолжување на нивната трајност, поедноставување на производниот процес во приготвување на крмните смеси и при боењето на животинското месо и јајцата од живина. 11. „Емулгатори“ се супстанции кои овозможуваат потполно мешање на суровите масти во водата. 12. „Премикси“ се производи богати со витамини, минерални материи, аминокиселини и дозволени додатоци, кои се хомогено измешани со носачот. 13. „Производна спецификација“ е документ во кој е опишана технолошката постапка за производство на производот, а во кој е наведен процентот на учеството на основните компоненти во производот и е содржан извештајот од лабораториската анализа на производот. II. СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПОСЕБНИ ВИДОВИ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ 1. Видови на храна за животни Член 3 Храната за животни која што се става во промет во смисла на овој правилник може да биде: 1) Суровини за храна за животни и тоа: зрнеста храна ( жита, зрна од легуменози и маслодајни растенија); храна за животни од прехранбена индустрија: а) производи и споредни производи од мелничарството; б) споредни производи на индустријата за скроб; в) производи и споредни производи на индустријата за алкохол и вриење; г) производи и споредни производи на индустријата за шеќер и производство на аскорбинска киселина и д) производи и споредни производи на индустријата за масло (погачи, сачми и лушпи); споредни производи од дехидрирана кабаста храна; храна за животни од животинско потекло (рибино брашно, брашно од отпадоци добиени при колење и преработка на живината, месно брашно, месно-коскено брашно, месно-кожно брашно, крвно брашно, плазма, брашно од црн дроб, маст и рибино масло, полномасно и обрано млеко, сурутка, албумини и казеин); храна за животни со додаток на непротеински азотни соединенија и минерална храна за животни; 2) Додатоци на храната за животни; 3) Мешана храна за животни и тоа: премикси; потполни крмни смеси и тоа: а) потполни крмни смеси за исхрана на свињи; б) потполни крмни смеси за исхрана на говеда; в) потполни крмни смеси за исхрана на живина; г) потполни крмни смеси за исхрана на овци; Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 3 од 40 ѓ) потполни крмни смеси за исхрана на кози; е) потполни крмна смеса за исхрана на куникули; ж) потполни крмни смеси за исхрана на коњи; з) потполни крмни смеси за исхрана на риби и ѕ) потполни крмни смеси за исхрана на домашни миленици (кучиња и мачки); дополнителни крмни смеси и тоа: а) дополнителни крмни смеси за исхрана на свињи; б) дополнителни крмни смеси за исхрана на говеда; в) дополнителни крмни смеси за исхрана на живина и г) дополнителни крмни смеси за исхрана на овци. 2. Ставање во промет на суровини за храна на животни 2.1. Зрнеста храна Член 4 Житата кои се ставаат во промет како храна за животни треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет и тоа: 1. Изгледот и бојата да се карактеристични за видот и подвидот на житната култура; 2. Зрното треба да биде здраво, зрело, со карактеристичен мирис и вкус својствен за видот, без мувла, не заразено од болести и штетници и не треба да содржи штетни примеси повеќе од дозволеното; 3. Максимално дозволено присуство на примеси е 3% и тоа: 1 % неоргански примеси кои не се штетни по здравјето на животните; и 2 % други органски примеси (делови од стебленца, лисја, зрна од други растенија) од кои максималното дозволено присуство на какол е до 0,4%, а максималното присуство на зрна на плевели кои се штетни по здравјето на домашните животни (Lolium temulentum, Lolium remotum и Datura stramonium) е до 0,1%; 4. Потемно обоените зрна и ртулци да не бидат повеќе од 3%, од кои може да има до 0,3% мувлосани зрна; 5. Зрната оштетени од штетници во складиштата да не бидат повеќе од 4%, без присуство на живи инсекти; 6. Скршените, неразвиените, штурите и изртените зрна да не бидат повеќе од 5%, од кои се дозволени до 0,2% изгорени зрна; 7. Зрната не треба да имаат мирис и вкус на штетници од складиштата, мувли, семиња од плевели, гламници, други примеси, средства за заштита на растенијата и сузбивање на складишните штетници; и 8. Примесите од семињата на други житни растенија не треба да бидат повеќе од 5%. Член 5 (1) Житата кои се ставаат во промет како храна за животни во однос на хектолитарската маса и влага треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 4 од 40 (2) Житата кои се ставаат во промет како храна за животни во однос на хемискиот состав на житата треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Член 6 (1) Пченката која се става во промет како храна за животни во зависност од нејзините својства може да се распореди во една од следните класи: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 5 од 40 храна за животни треба да ги исполнува следните стандарди за квалитет и тоа: зрното во класот да е здраво и без видливи знаци на мувла; максимална дозволена содржина на влага во зрното да биде до 14%; и соодносот на зрното и кочанот да биде најмалку 72:28. Член 7 Легуменозните зрна кои се ставаат во промет како храна на животни треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет и тоа: 1. Бојата да е својствена за видот, подвидот и сортата; 2. Максимална дозволена содржина на влага во зрното да биде до 13%; 3. Содржината на примеси да не биде повеќе од 5%, од кои: а) најмногу до 1% неоргански примеси (земја, песок, прашина и др.); б) најмногу до 0,5% штетни примеси (семе од отровни и штетни растенија) и в) најмногу до 3,5% други примеси (органски соединенија, семе од диви растенија и друго); 4. Вкупната содржина на оштетени, неразвиени, празни и изртени зрна да не биде повеќе од 8%; 5. Да не содржанат семе од свиларка (Cuscuta sp.) и 6. Примесите на зрна од други легуминозни растенија не треба да бидат поголеми од 10%. Член 8 Легуминозните зрна кои се ставаат во промет како храна за животните треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 6 од 40 Член 9 Зрната од маслодајните растенија кои се ставаат во промет како храна за животните треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: 2.2 Храна за животни од прехранбена индустрија Член 10 (1) Производите и споредните производи од мелничарството кои се ставаат во промет како храна за животните треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 7 од 40 (2) Производите од став (1) на овој член не треба да содржат мувла, семе од плевели и гламници. Член 11 Споредните производи на индустријата за скроб кои се ставаат во промет како храна за животните треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 8 од 40 Член 12 Производите и споредните производи на индустријата за алкохол и вриење кои се ставаат во промет како храна за животните треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 9 од 40 Член 13 Производите и споредните производи на индустријата за шеќер и производство на аскорбинска киселина кои се ставаат во промет како храна за животните треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Член 14 (1) Производи и споредни производи на индустријата за масло кои се користат како храна за животни се погачи, сачми и лушпи. (2) Погачите и сачмите од став (1) на овој член кои се ставаат во промет како храна на животни треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет и тоа: мирисот да е карактеристичен на суровината од која се произведуваат; да немаат мирис на гнилеж или на растворувачот со кој е вршена екстракцијата, како и да не се запалени и да не содржат повеќе од 1% вкупни примеси, но доколку примесите се од излупени кикиритки содржината на вкупните примеси треба да биде најмногу до 2%. Член 15 Погачите и сачмите од член 14 став (1) од овој правилник кои се ставаат во промет како храна за животни во зависност од видот треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 10 од 40 Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 11 од 40 Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 12 од 40 Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 13 од 40 2.3 Споредни производи од дехидрирана кабаста храна Член 16 Сушените растителни производи кои се ставаат во промет како храна за животните треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 14 од 40 Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 15 од 40 2.4 Храна за животни од животинско потекло Член 17 (1) Рибиното брашно кое претставува производ добиен со сушење и мелење на риби и делови од риби треба да ги исполнува следните стандарди за квалитет и тоа: бојата да биде костенлива до темнокостенлива; да има мирис на риба без запаленост; и иситнетоста треба да биде таква што 90% од брашното да има поминато низ сито со квадратни отвори со големина од 1.6 mm, а остатокот низ сито со квадратни отвори со големина од 4 mm. (2) Рибиното брашно од став (1) на овој член во зависност од составот треба да ги исполнува следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 16 од 40 Член 18 (1) Брашното од отпадоци добиени при колење и преработка на месо од живина кое се става во промет како храна за животни треба да ги исполнува следните стандарди за квалитет: (2) Производите добиени од отпадоците од живина од став (1) на овој член треба да бидат така иситнети така што 95% од нив да имаат поминато низ сито со квадратни отвори со големина од 1.6 mm, а остатокот да има поминато низ сито со квадратни отвори со големина од 4 mm. Член 19 (1) Месните брашна, месно-коскените брашна и месно-кожното брашно кои се ставаат во промет како храна на животни треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: (2) Иситнетоста на месното брашно, месно-коскеното брашно и месно-кожното брашно од став (1) на овој член треба да биде таква да 95% од масата да има поминато низ сито со квадратни отвори од 1.6 mm, а остатокот да низ сито со квадратни отвори од 4 mm. Член 20 Крвното брашно, плазмата, брашното од црн дроб кои се употребуваат за исхрана на животни треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 17 од 40 Член 21 Полномасното и обраното млеко, сурутката, албуминот и казеинот кои се употребуваат за исхрана на животни треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 18 од 40 Член 22 Животинските масти (мешани масти, живинска маст, говедска лој и свинска маст) кои се ставаат во промет како храна на животни, треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: 2.5 Храна за животни со додаток на непротеински азотни соединенија Член 23 (1) Храната за животни со додаток на непротеински азотни соединенија треба да содржи материи кои со своите физички и хемиски својства ја намалуваат токсичноста на уреата, амонијакот и другите азотни соединенија и овозможуваат нивно подобро искористување. (2) Содржината на влагата во храната за животни од став (1) на овој член не треба да биде поголема од 12%. (3) Во производството на храната за животни од став (1) на овој член треба да се употребуваат следните видови и количина на азотни соединенија: 1) амониум ацетат [CH3COONH4], кој се употребува како прав со бела боја и содржи најмалку 18% азот. Иситнетоста на амониум ацетат треба да биде таква да низ сито со квадратни отвори со големина од 1 mm да минуваат најмалку 98% од честиците, а низ сито со квадратни отвори со големина од 0.5 mm да минуваат најмалку 92% од честиците; 2) амониум бикарбонат [NH4HCO3], кој се употребува како прав со бела боја е со солен вкус и содржи најмалку 17.5% азот. Иситнетоста на амониум бикарбонатот треба да биде таква што низ сито со квадратни отвори со големина 1 mm да минуваат најмалку 98% од честиците, а низ сито со квадратни отвори со големина од 0.5 mm да минуваат најмалку 92% од честиците; 3) амониум сулфат [(NH4)2SO4], кој се става во промет во вид на прав со бела боја е со солен вкус и содржи 21% азот. Иситнетоста треба да биде таква да низ сито со квадратни отворисо големина 1 mm минуваат најмалку 98% од честиците на амониум сулфатот, а низ сито со квадратни отвори со големина од 0.5 mm да минуваат најмалку 92% од честиците; 4) биурет [C2H5O2N3] кој се става во промет во вид на бел прав (гранули) и треба да содржи најмалку 35% азот; 5) моноамониумфосфат [NH4H2PO4] кој треба да содржи 10% азот и 23% фосфор; 6) диамониумфосфат [(NH4)2HPO4 ] кој треба содржи 18% азот и 22% фосфор; 7) уреа (карбамид [CO(NH2)2], која се употребува како храна за животни е со бела боја, без мирис, а содржината на влага не треба да надминува 0.5%. Кај гранулираната уреа треба низ сито со квадратни отвори со големина од 1 mm да имаат поминато 90% од гранулите, а низ сито со квадратни отвори со големина од 0.5 mm најмногу 20% од гранулите. Содржината на азот во уреата треба да биде најмалку 42% пресметано на сувата материја, односно протеинскиот еквивалент треба да биде најмалку 262.5 (N x 6.25). Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 19 од 40 2.6 Минерална храна за животни Член 24 Минералната храни за животни која се става во промет како храна за животни треба да ги исполнува следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 20 од 40 3. Додатоци на храната за животни Член 25 Дозволените количини на додатоците во храната за животни треба да бидат во согласност со количините на додатоци во храната за животни утврдени во Регистарот на одобрени адитиви за храната за животни, што го води Агенцијата за храна и ветринарство согласно член 43 став 5 од Законот за безбедност на храната за животни. 4. Мешана храна за животни 4.1 Премикси Член 26 (1) Премиксите можат да се ставаат во промет како премикси за одделни видови на животни или како премикси за сите видови на животни. (2) Премиксите кои служат за изработка на потполни и дополнителни крмни смеси треба да се произведуваат согласно производната спецификација. (3) Носач во премиксот може да биде секоја суровина за храна на животни или мешавина на суровини за храна на животни која е пропишана со овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 21 од 40 (4) Носачот во премиксот треба да го исполнува следното и тоа: a) носачот треба да ја одржува стабилноста и да ги подобрува својствата на состојките на премиксите; б) изборот на носачот да зависи од гранулацијата, насипната маса, проточноста и електролитските карактеристики на состојките на премиксите; и в) носачот не треба да: биде хигроскопен; содржи супстанции инкопатибилни со состојките на премиксите; предизвикува хемиска нестабилност на состојките на премиксите; и предизвикува спонтана хемиска реакција на состојките на премиксите. (5) Премиксот треба да биде хомогено измешан со состојката, која се меша во однос 1:100 000 со коефициент на варијација од најмногу до 5%. 4.2 Потполни крмни смеси Член 27 Потполните крмни смеси за исхрана на свињи кои се ставаат во промет може да бидат следните: замена на млеко за прасиња на возраст до 21 ден (СЗМП); крмна смеса за рано одбиени прасиња до 10 kg жива маса (СП-1); крмна смеса за прасиња 10-20 kg жива маса (СП-2); крмна смеса за прасиња во растење 20-30 kg жива маса (СП-3); крмна смеса за свињи во растење и гоење до 60 kg жива маса (ССРГ-1); крмна смеса за свињи во гоење над 60 kg жива маса (ССРГ-2); крмна смеса за спрасни маторици и приплодни назимки (ССМПН); и крмна смеса за маторици доилки и нерези (СМДН). Член 28 (1) Потполните крмни смеси за исхрана на свињи кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 22 од 40 Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 23 од 40 (2) По исклучок, потполните крмни смеси за исхрана на свињи доколку содржат помалку сурови протеини од пропишаните вредности од став (1) на овој член, тогаш треба да ги содржат следните количества на аминокиселини: Член 29 Потполни крмни смеси за исхрана на говеда кои се ставаат во промет можат да бидат следните: замена на млеко за телиња (ГЗМТ); крмна смеса за телиња (ГТ-1); крмна смеса за телиња во растење (ГТ-2); крмна смеса за гоење на јуниња до 250 kg жива маса (ГЈ-1); крмна смеса за гоење на јуниња над 250 kg жива маса (ГЈ-2); крмна смеса I за крави молзници со најмалку 13% сурови протеини (ГКМ1); и крмна смеса II за крави молзници со најмалку 19% сурови протеини (ГКМ-2). Член 30 Потполните крмни смеси за исхрана на говеда кои се ставаат во промет, треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 24 од 40 Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 25 од 40 Член 31 Потполните крмни смеси за исхрана на кокошки и мисирки кои се ставаат во промет може да бидат следните: крмна смеса за гоење на пилиња на возраст од 0 до 21 ден (ЖПГ-1); крмна смеса за гоење на пилиња на возраст од 21 до 35 дена (ЖПГ-2); крмна смеса за гоење на пилиња која се употребува од 35 дена до колење (ЖПГ-3); крмна смеса за подмладок за приплод I (ЖПП-1); крмна смеса за подмладок за приплод II (ЖПП-2); крмна смеса за подмладок за приплод III (ЖПП-3); крмна смеса за несилки за јајца за конзум (ЖКН); крмна смеса за расплодни несилки I (ЖРН-1); крмна смеса за расплодни несилки II (ЖРН-2); крмна смеса за мисирчиња на возраст до 4 недели (ЖМ); крмна смеса за мисирчиња во растење и гоење на возраст од 5 до 8 недели (ЖМРГ-1); крмна смеса за мисирчиња во растење и гоење на возраст од 9 до 12 недели(ЖМРГ-2); крмна смеса за мисирчиња во гоење на возраст од 13 до 16 недели (ЖMГ-1); крмна смеса за мисирчиња на возраст од 17 недели до крајот на гоењето (ЖMГ-2); крмна смеса за одгледување на мисирки на возраст од 13 недели до несивост (ЖМП); и крмна смеса за мисирки несилки (ЖМН). Член 32 (1) Потполните крмни смеси за исхрана на живина кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 26 од 40 Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 27 од 40 (2) По исклучок, потполните смеси за исхрана на живина доколку содржат помалку сурови протеини од пропишаните вредности од став (1) на овој член, тогаш истите треба да ги содржат следните вредности на аминокиселини: Член 33 Потполни крмни смеси за исхрана на овци кои се произведуваат и пуштаат во промет можат да бидат следните: замена на млеко за јагниња (ОЗМЈ); крмна смеса за јагниња во растење и гоење - телесна маса до 15 kg (ОЈРГ-1); крмна смеса за јагниња во растење и гоење - телесна маса од 15-30 kg (ОЈРГ-2); крмна смеса за јагниња во растење и гоење - телесна маса од 30-50 kg (ОЈРГ-3); крмна смеса за сјагнети овци и ѕвиски (ОСОЅ); крмна смеса за овци во лактација (ООЛ); и крмна смеса за приплодни овни (ОПО). Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 28 од 40 Член 34 Потполните крмни смеси за исхрана на овци кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Член 35 Потполните крмни смеси за исхрана на кози кои се ставаат во промет може да бидат следните: замена на млеко за јариња (КЗМЈ); крмна смеса за рано одбиени јариња (КРОЈ); и крмна смеса за кози (КК). Член 36 Потполните крмни смеси за исхрана на кози кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 29 од 40 Член 37 (1) Потполни крмни смеси за исхрана на куникули кои се пуштаат во промет како пелетирани смеси може да бидат следните: крмна смеса за млади куникули I (КМК); крмна смеса за куникули во растење и гоење II (ККРГ); крмна смеса за гравидни куникули (KGК); и крмна смеса за дојни куникули (КДК). (2) Во крмните смеси од став (1) на овој член не треба да се додава непротеински азот (НПН). Член 38 Потполните смеси за исхрана на куникули кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 30 од 40 Член 39 (1) Потполните крмни смеси за исхрана на коњи кои се произведуваат и пуштаат во промет како пелетирани крмни смеси се следните: крмна смеса за ждребиња (КЖ); крмна смеса за одбиени ждребиња (КОЖ); крмна смеса за омиња на возраст од 12 до 18 месеци (КО-1); крмна смеса за омиња на возраст од 18 до 24 месеци (КО-2); крмна смеса за ждребни кобили (КЖК); крмна смеса за кобили во лактација (ККЛ); крмна смеса за спортски коњи (КСК); и крмна смеса за приплодни пастуви (КПП). (2) Во крмните смеси од став (1) на овој член не треба да се додава непротеински азот (НПН). Член 40 Потполните крмни смеси за исхрана на коњи кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 31 од 40 Член 41 (1) Потполни крмни смеси за исхрана на слатководни риби кои се произведуваат и пуштаат во промет како пелетирани крмни смеси може да бидат следните: крмна смеса за подмладок на крап (РПК); крмна смеса за гоење на крап (РГК); крмна смеса за подмладок на пастрмка (РПП); и крмна смеса за гоење на пастрмка (РГП). (2) Во крмна смеса од став (1) на овој член не треба да се додава непротеински азот (НПН). Член 42 Потполните крмни смеси за исхрана на риби кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: (2) Смесите за другите категории на крапови и пастрмки и смесите за другите видови и категории риби треба да се произведуваат според производната спецификација на производителот. Член 43 (1) Потполни крмни смеси за исхрана на домашни миленици (кучиња и мачки) кои се произведуваат и пуштаат во промет може да бидат следните: а) Потполни крмни смеси (храна) за кучиња: храна за кучиња во пораст (КП); храна за гравидни кучки (KГ); храна за возрасни кучиња (КВ); и друга храна за кучиња. б) Потполни крмни смеси (храна) за мачки: храна за мачки во пораст и репродукција (МПР); храна за возрасни мачки (МВ); и друга храна за мачки. Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 32 од 40 (2) Потполните крмни смеси наменети за исхрана на домашни миленици кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: (3) Потполните крмни смеси за категориите на кучиња и мачки кои не се наведени во став (1) на овој член, треба да се произведуваат според произведната спецификација за соодветната потполна крмна смеса. (4) Потполните крмни смеси за кучиња и мачки треба да бидат варени, односно произведени со помош на технолошка постапка во која е предвидено екструдирање или експандирање. 4.3 Дополнителни крмни смеси Член 44 Дополнителни крмни смеси за исхрана на свињи кои се ставаат во промет може да бидат следните: дополнителна крмна смеса за маторици доилки (СДМД); и дополнителна крмна смеса за свињи во гоење и расплод (СДСГР). Член 45 (1) Дополнителните крмни смеси за исхрана на свињи кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 33 од 40 (2) По исклучок, дополнителните крмни смеси за исхрана на свињи доколку содржат помалку сурови протеини од пропишаните вредности од став (1) на овој член, во тој случај треба да ги содржат следните количества аминокиселини: Член 46 (1) Дополнителните крмни смеси за исхрана на говеда кои се наменети за гоење на јуниња и млечни крави треба да содржат најмалку 30% сурови протеини (ГДГЈКМ). (2) Дополнителните крмни смеси за исхрана на говеда кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Член 47 Дополнителни крмни смеси за исхрана на живина кои се ставаат во промет се: дополнителни крмни смеси за одгледување и гоење на пилиња (ЖДПОГ); и дополнителни крмни смеси за кокошки несилки (ЖДКН); Член 48 (1) Дополнителните крмни смеси за исхрана на живина кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 34 од 40 (2) По исклучок кога дополнителните крмни смеси за исхрана на живина содржат помалку сурови протеини од пропишаните вредности од став (1) на овој член во тој случај смеси треба да ги содржат следните вредности на аминокиселини: Член 49 Дополнителни крмни смеси за исхрана на овци кои се ставаат во промет може да бидат следните: дополнителна смеса за јагниња во растење и гоење (ОДЈРГ); и дополнителна смеса за сјагнети овци и овци молзници (ОДСООМ). Член 50 Дополнителните смеси наменти за исхрана на овци кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат следните стандарди за квалитет: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 35 од 40 Член 51 Големината на честиците (гранулите) на потполните крмни смеси за преживните животни (говеда, овци и кози) треба ги има следните вредности и тоа: Член 52 Големината на честиците(гранулите) на потполните и дополнителните крмни смеси за свињи треба да изнесува: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 36 од 40 Член 53 Големината на честиците (гранулите) на потполните и дополнителните крмни смеси за исхрана на живина треба да изнесува: Член 55 Големина на честиците (гранулите) на потполните крмни смеси за исхрана на пастрмки и крапови треба да изнесува: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 37 од 40 III. ПАКУВАЊЕ , ОЗНАЧУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ 1. Пакување Член 56 (1) Храната за животни се пакува во соодветна амбалажа (вреќи и садови). Вреќите во кои се пакува храната за животни може да бидат јутени, памучни, хартиени и полиетиленски ситнодупчени, а садовите во кои се пакува храната за животни може да бидат дрвени, пластични, картонски и метални. (2) За пакување на храната за животни не треба да се употребува амбалажа која претходно е употребена за пакување на супстанции со штетно и токсично дејство. (3) Храната за животни која впива влага треба да биде спакувана на ист начин како храната за животни за која е пропишана најголемата количина на влага. (4) Вреќите од став (1) на овој член требаат да бидат врзани или прошиени со конец и затворени така да не можат да се отвораат без оштетување. (5) Вреќите од став (1) на овој член треба да имаат налепница или привезок на кои е втисната декларацијата или ознаката. Ознаката може да биде втисната и на самата вреќа. Доколку ознаката е ставена на налепницата треба да биде составен дел на вреќата или со неа да биде сошиена. Доколку вреќата е врзана само со коноп, тој треба да биде провлечен низ отворот на привезокот, на краевите осигуран со пломба со ознака на производителот или операторот кој го пакувал. (6) По исклучок од став (5) на овој член, наместо пломба може да се употреби и налепница на која е втиснато името на производителот или испорачателот. Член 57 По исклучок од член 56 став (1) на овој правилник, храната за животни од член 23 став (2) од Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни(*1) може да се продава рефус, во пакувања или во незапечатени контејнери. 2. Означување Член 58 (1) Доколку со овој правилник не е пропишано поинаку, храната за животни која се става во промет во оригинално пакување треба на амбалажата, садот или етикетата да има соодветна ознака. (2) Ознаката од став (1) на овој член, освен податоците од Глава 4 и Прилог 2 од Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни (*1) треба да содржи и податоци за ознаката за квалитет за храната за животни за која се предвидени повеќе класи на квалитет; (3) Ознаката за исушен крмен квасец од член 12 став (1) точки 1, 2, 3 и 4 на овој правилник, треба да содржи и податоци за суровината од која е произведен квасецот. (4) Ознаката за лушпи од член 14 став (1) на овој правилник треба да содржи и податоци за содржината на влагата, која не треба да биде повеќе од 12%. (5) Ознаката за храната за животни со додаток на непротеински азотни соединенија од член 24 став (1) на овој правилник треба да содржи и податоци за: Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 38 од 40 видот и количината на употребениот носач; името и количината на додаденото непротеинско азотно соединенија и протеинскиот еквивалент. Член 59 (1) При означувањето за потполните и дополнителните крмни смеси освен податоците од член 58 на овој правилник и податоците од Глава 4 и Прилог 2 од Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни (*1), ознаката треба да содржи и: а) податоци за името и уделот не небелковински азотни соединенија во крмната смеса како и неговата белковинска истовредност; б) податоци за хемискиот состав на потполната или непотполната крмна смеса и тоа: удел на сурови белковини, сурови масти (само во крмните смеси во кои е пропишано), вода, сурови влакна и пепел; в) податоци за видот за употребената крмна смеса (потполна или дополнителна); г) назив: „Произведено според производната спецификација“; д) податоци за производната спецификација и тоа: евиденциски број на спецификацијата; назив на производот и неговото трговско име доколку го има; датум на донесување на производната спецификација; датум на извршено лабораториско испитување и група на која припаѓа производот согласно член 3 на овој правилник. (2) Ознаката на премиксите, покрај податоците од став (1) од овој член треба да содржи и податоци за составот и количината на: витамини, минерали, аминокиселини, антибиотиоци, пробиотици, други дозволени додатоци изразени во мерни единици со претходно изработена производна спецификација, како и датум на производството. (3) При означување на крмните смеси од став (1) на овој член, буквите со кои се отпечатени називот и адресата на производителот, треба да бидат поголеми од буквите со кои се печатени останатите податоци. 3. Складирање Член 60 (1) Храната за животни која се става во промет треба да се складира во соодветна амбалажа или да биде непакувана во растурена состојба во простории за складирање кои се чисти, суви и прилагодени за проветрување заради спречување на загревање, самозапалување и расипување. (2) Храната за животни од став (1) на овој член треба да се складира на начин на кој е одвоена од хемиските средства и другите производи кои не се користат во исхраната на животните, а семенскиот материјал треба да се складира посебно, одвоено од храната за животни. (3) Во просториите во кои се складира храната за животни од став (1) на овој член, не треба да има присуство на штетници, птици, глодари, средства за заштита на растенија, како и други супстанци кои можат да контаминираат храната за животни. (4) За храната за животни за која не е пропишано поинаку со овој правилник, уделот на влагата не треба да ги преминува следните вредности за: минерални смеси до 7%; Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 39 од 40 замена за млеко до 8%; други крмни смеси до 13,5 %; и меласирани крмни смеси до 15%. (5) Одделните видови на храната за животни од став (1) на овој член треба да се складираат одвоено на начин со кој се овозможува лесна идентификација, следливост и спречување на замена, контаминација или вкрстена контаминација со други суровини, производи или штетни организми. (6) Храната за животни од став (1) на овој член треба да се складира во простории кои се предвидени, приспоспособени и одржувани за да се задоволат потребите за добра складирачка пракса, како да се спречи расипување и загадување од штетници. (7) Просториите за складирање на храната за животни од став (1) на овој член, треба да бидат затворени и да се достапни само за лица кои имат дозвола од производителот или од одговорните лица на производителот. (8) Во просторијата за складирање на храната за животни од став (1) на овој член, треба да се одржува соодветната температура со која не може да дојде до појава на кондензација на влага и расипување на производот. 4. Транспорт Член 61 (1) Храната за животни која се става во промет може да се транспортира и чува непакувана во растурена состојба или пакувана во соодветна амбалажа согласно член 56 став 1 на овој правилник. (2) Транспорт во растурена состојба не може да се врши на следната храна за животни и тоа: споредни производи на индустријата за алкохол и вриење: добиточен квасец, пивски квасец и јачменови сладни 'ртулци; храна за животни од животинско потекло: исушен сок од риба, рибино масло, обрано млеко во прав, сурутка во прав, делактозирана сурутка во прав, казеин и лактоалбумин; и минерални крми и сол за исхрана на животни (NaCl). (3) Превозните средства со кои се транспортира храната за животни треба да се технички исправни и редовно да се одржуваат чисти, а остатоците од детергенти и дезинфиценси на нивната површина да се минимални. (4) Транспортот на храната за животни треба да се врши на начин на кој се спречува контаминација од складишниот простор, опрема, лекови и други видови храна за животни. IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 62 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да се применува Правилникот за квалитетот на добиточната храна („Службен лист на СФРЈ“ бр.15/89 и 54/90). Член 63 Одредбите на овој правилник важат до пристапувањето на Република Македонија во Европската унија. Службен весник на РМ, бр. 54 од 20.03.2014 година 40 од 40 Член 64 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.11-2647/1 Министер за земјоделство, 7 март 2014 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. (*1) Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни е усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 767/2009 на Европскиот парламент и на Советот од 13 јули 2009 година за ставање во промет и употреба на храна за животни, со која се изменува Регулативата на Европскиот парламент и Советот (ЕЗ) бр. 1831/2003 и со која се отповикува Директивата на Советот бр. 79/373/ЕЕЗ, Директивата на Комисијата бр. 80/511/ЕЕЗ, Директивите на Советот бр. 82/471/ЕЕЗ, бр. 83/228/ЕЕЗ, бр. 93/74/ЕЕЗ, бр. 93/113/ЕЗ и бр. 96/25/EЗ и Одлуката на Комисијата бр. 2004/217/EЗ, бр. CELEX бр. 32009R0767.