Regulation on trade with seed material from fodder plants and turnips
颁布于 2007-01-16 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за трговија со семенски материјал од фуражни растенија и репа.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- certification, crops, inspection, internal trade, plant variety, seeds/planting material, plant production
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Стр.40 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 113. Врз основа на член 8 став 10, 11 и 12, член 9 став 2, член 12 став 2, член 13 став 3, член 14 став 2, член 16 став 3, член 17 став 3, член 18 став 5 и член 20 став 3 од Законот за семенски и саден материјал за земјодел ски растенија („Службен весник на РМ” бр.39/2006), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанс тво донесе ПРАВИЛНИК ЗА ТРГОВИЈА СО СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ ОД ФУРАЖНИ РАСТЕНИЈА И РЕПА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Содржина на правилникот Со овој правилник се пропишува, етикетирањето на партиите семе, максималната големина на партија семе, начинот на пакувањето и препакувањето на семенскиот материјал од одделни видови фуражни растенија и репа; видовите и категориите, како и поблиските услови за ставање во трговија; формата, содржината и начинот на водење на евиденција на семенската мешавина; малите количини на семенски материјал на земјоделски расте нија кои не ги исполнуваат условите за трговија, а кои се наменети за научни цели, селекција, официјалноиспиту вање или за инспекциски надзор; формата и содржината и начинот на водење на евиденција од страна на снабду вачот за состојбата на семенските посеви и поблиските услови за вршење на подготовката за трговија; начинот, постапката, методите за вршење стручна контрола на се менските посеви и земање мостри за испитување, како и условите за производство што треба да ги исполнуваат посевите, роковите, формата и содржината на пријавата; начинот и постапката за сертификација, формата и содр жината на сертификатот како и формата и содржината на етикетите. Член 2 Видови на фуражни растенија и репа (1) Видови на фуражни растенија се: а) Класести треви Agrostis canina L. Agrostis alba L. Agrostis vulgaris L. Agrostis cappilaris L. Agrostis stolonifera L. Agrostis gigantea Roth Alopecurus pratensis L. Arhenatherum elatius L. Bromus inermis Leuss. Bromus sterilis L. Bromus erectus Huds. Bromus racemosus L. Bromus atharticus Vahl Bromus sitchensis Trin. Cynodon dactylon (L.) Pers. Poa pratensis L. Poa trivialis L. б) Мешункасти растенија Hedysarum coronarium L. Lotus cornicularis L. Lupinus albus L. Lupinus angustifolius L. Lupinus luteus L. Medicago sativa L. Medicago orbicularis All. Medicago arabica L. All. Dactylis glomerata L. Festuca arundinacea Schreber Festuca ovina L. Festuca pratensis Hudson Festuca rubra L. Lolium italicum L. Lolium multiflorum Lam. Lolium perenne L. Lolium x boucheanum Kunth Phalaris aquatica L. Pheleum bertolonii DC. Pheleum pratense L. Poa annua L. Poa nemoralis L. Poa palustris L. Trisetum flavescens (L.) P. Beauv. Festuca ssp. X Lolium ssp. Trifolium hybridum L. Trifolium incarnatum L. Trifolium pratense L. Trofolium repens L. Trifolium resupinatum L. Trifolium montanum L. Trifolium fragiferum L. Trifolium patens Schreb. Medicago falcata L. Medicago lupulina L. Medicago x varia T. Martyn Onobrychis viciifolia Scop. Pisum sativum L. Trifolium alexandrinum L. Trifolium subteraneum L. Trigonella foenum-graecum L. Vicia faba L. Vicia pannonica Crantz Vicia sativa L. Vicia villosa Roth в) Други видови на фуражни растенија Brassica napus L. var. napobrassica (L.) Rchb. Brassica oleracea L. convar. achephala (DC.) Alef. var. medullosa Thell. Phacelia tanacetifolia Benth. Raphanus sativus L. var. oleiformis Pers. г) Репа Beta vulgaris L. var. crassa Beta vulgaris L. var. altisima (sacharifera) Член 3 Значење на поимите Поимите употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. семе на селекционерот е семе кое го произведу ва селекционерот, односно одржувачот на сортата или е произведено во негово име и за негова сметка, а е на менето за производство на предосновно или основно семе; 2. не конечно сертифицирано семе е произведено односно ожнеано семе од било која категорија, за кое во постапката за официјалносертифицирање било утврде но дека ги исполнува условите од прилогот 1; 3.конечно сертифицирано семе е семе од било ко ја категорија кое во постапката, односно анализите из вршени од официјална лабараторија е утврдено дека семето ги исполнува условите во поглед на квалитетот наведени во прилог 2; 4. орган за сертифицирање е правно или физичко лице, на кое му е дадено јавно овластување во соглас ност со Законот за семенски и саден материјал за земјо делски растенија(во понатамошниот текст: Закон), кој го контролира семенскиот материјал од земјоделски растенија; 5.лицата кои вршат контрола и земаат мостри и лабараториите под службен назор се физички или правни лица кои ги исполнуваат пропишаните услови во согласност со Законот за семенски и саден матери јал за земјоделски растенија, овластени од Управата за семе и саден материјал, за вршење прегледи под служ бен надзор, земање на мостри под официјален надзор и за тестирање на семенски материјал под официјален надзор; 6. преглед на поле е дел од постапката за офици јално сертифицирање, со која се утврдува дали семен скиот посев на фуражните растенија ги исполнува про пишаните услови; 7.сорта која се опрашува на поинаков начин (ту ѓооплодна) е група на селекционирани растенија, која јасно се разликува од другите сорти по било која осо бина и ги зачувува тие особини при размножувањето; 8. репа значи фуражна рапа или шеќерна репа од видот Beta vulgaris L. Член 4 Категории на семе (1) Семе на одделни видови на фуражни растенија и репа може да се тргува само со следниве категории: а) основносеме: кое е произведено од одржувачот на сортата или произведено во негово име и за негова сметка директно од семето на селекционерот или произведено од пре досновно семе; 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.41 1. семе од селекционирани сорти е семе наменето за производство на семе од кате горијата на сертифицирано семе, од категориите на сертифицирано семе од прва генерација или сертифи цирано семе од втора генерација; одговара на условите во поглед на квалитетот и други услови за основно семе од прилог 1 и прилог 2 кои се составен дел на овој правилник во постапка за службено сертифицирање, со службен преглед од страна на органот за сертифицирање било утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка. 2. семе од локални сорти кое е произведено под официјална контрола од материјал официјално прифатен како локална сорта на едno или повеќе mesta, сместени во рамките на јасно обележанi регионi на потекло; коеенаменетозапроизводствона сертифицирано семе; коегозадоволуваквалитетотидругитеусловиза основносеме, според прилог 1 и прилог 2 одовој пра вилник; коеприофицијалнапроверкаодстранана органот за сертификација е утврденодека ги исполнува услови те од оваа точка; б) сертифицираносемезначисемеодситевидови наведениво член 2 одовој правилник, освенод родо вите и видовите Lupinus spp., Pisum sativum i Vicia spp.: коисепроизведенидиректноодосновнотосеме илисертифициранотосеме; одгледувачилилицекоееовластеноододгледу вачотистотакаможедапоризведесертифицираносе меодпред-основносеме, информирајќиго за тоа тоа органот за сертификација со пријавата, повикувајќисе на член 8 одовој правилник; коеенаменетозапроизводствонасертифицирано семе од прва генерација илизапроизводствоназемјо делскирастенија, коегозадоволуваквалитетотидругитеусловиза сертифицираносеме, според прилог 1 и прилог 2 од овој правилник, коепри службеното сертифицирање од органот за сертификација е утврденодекаги исполнува условите од оваа точка. в) сертифицираносемеодпрвагенерацијазначи семеод родовите и видовите Lupinus spp., Pisum sativum i Vicia spp.: е произведено непосредно од сертифицирано се ме, доколку одржувачот односно селекционерот го ба ра тоа од предосновното семе и со службен преглед од страна на органот за сертифицирање е утврдено дека ги исполнува условите за сертифицирано семе од прва ге нерација од прилог 1 и прилог 2 од овој правилник; е наменето за производство на семе од категорија на сертифицирано семе од втора генерација; во постапка за службено сертифицирање, со служ бен преглед од страна на органот за сертификација било утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка, од носно дека контролорот, вршителот за земање на мостри или лабораторија под службен надзор со преглед утвр диле дека се исполнети условите од оваа точка. г) сертифицираносемеодвторагенерацијазначи семеод родовите и видовите Lupinus spp., Pisum sativum, Vicia spp. i Medicago sativa е произведено непосредно од сертифицирано семе од прва генерација, доколку одржувачот односно се лекционерот го бара тоа од предосновното семе и со службен преглед од страна на органот за сертифицира ње е утврдено дека ги исполнува условите за сертифи цирано семе од втора генерација од прилог 1 и прилог 2 од овој правилник; е наменето за производство на фуражни растенија и репа; во постапка за службено сертифицирање, со служ бен преглед од страна на органот за сертификација би ло утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка, односно дека контролорот, вршителот за земање на мо стри или лабораторија под службен надзор со преглед утврдиле дека се исполнети условите од оваа точка. д) трговско семезначисемеодвидовитеVicia pan nonica i Onobrychis viciifolia и со него може да се тргу ва доколку: е произведено во име и за сметка на снабдувачот; е автентично за видот; одговара на условите во поглед на квалитетот за категоријата на трговско семе од прилогот 2 на овој правилник; во постапката за службено сертифицирање, со службен преглед од страна на органот за сертификаци ја било утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка. (2) Со семе од репа може да се тргува со следните категории: а) основно семе кое е произведено од одржувачот на сортата или произведено во негово име и за негова сметка директно од семето на селекционерот или произведено од пре досновно семе; кое е наменето за производство на семе од катего ријата на сертифицирано семе; кое ги исполнува условите за квалитет на семето од прилог 1 и 2 од овој правилник; во постапката за официјално сертифицирање со официјален преглед од страна на органот за сертифи цирање било утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка, односно дека лицата кои вршат стручна контрола и земаат мостри и лабораториите под офици јален надзор со преглед утврдиле дека се исполнети ус ловите од оваа точка. б) сертифицирано семе е произведено непосредно од основното семе; кое е наменето за меркантилно производство на репа; кое ги исполнува сите услови за квалитет од при лог 1 и 2 од овој правилник; во постапката за официјално сертифицирање со официјален преглед од страна на органот за сертифи цирање било утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка, односно дека лицата кои вршат стручна контрола и земаат мостри и лабораториите под офици јален надзор со преглед утврдиле дека се исполнети ус ловите од оваа точка. Член 5 Трговија со предосновно семе и не конечно сертифицирано семе По исклучок на одредбите од член 4 овој правил ник, може да се тргува и со: а) предосновно семе, доколку: органот за сертифицирање со официјален преглед утврдил дека предосновното семе ги исполува услови те за сертифицирање како основно семе, од прилогот 1 и 2 од овој правилник; семето е спакувано и оригинално затворено сог ласно со одредбите на овој правилник, и пакувањата се означени со официјална етикета, на која се наведени податоците од точката 1 од прилогот 4, кој е составен дел на овој правилник; б) неконечно сертифицирано семе, е доколку се тргува со намена да се подготви за пазар, а е во соглас ност со одредбите од овој правилник. Стр.42 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 Член 6 Исклучоци во поглед на 'ртливоста (1) По исклучок на одредбите од член 4 и член 5 од овој правилник, официјално се сертифицира и се пушта во трговија со семе од категорија на предосновно семе и основно семе, иако не ги исполнува условите во пог лед на ртливост од прилог 2од овој правилник. (2) По исклучок на одредбите од член 4 од овој пра вилник, официјално се сертифицира и се пушта во тр говија до првиот примател, со семе од категоријата на основно семе, сертифицирано семе, сертифицирано се ме од прва генерација, сертифицирано семе од втора генерација и трговско семе, иако официјалниот преглед со кој се утврдува дали семето одговара на условите за ртливост од прилог 2, се уште не е завршен. (3) Во случаите од став 1 и 2 од овој член, органот за сертифицирање може да издаде етикети од член 22 од овој правилник, кога е приложен привремен анали тички извештај за квалитетот на семето и ако е наведе но името и адресата на првиот примател на семето. (4) Пакуваното семе од став 1 од овој член, снабду вачот треба да го означи со дополнителна етикета која ги содржи следниве податоци: моментална 'ртливост на семето; лично име и адреса на стален или привремен пре стој, или фирма и седиште на снабдувачот, и број на партија на семето. (5) По исклучок од член 4 на овој правилник семе од црвена детелина официјално ќе се сертифицира и ќе се пушта во трговија, онаму каде што ваквото семе е наменето за понатамошно производство на сертифици рано семе, иако не ги исполнува условите во врска со ртливоста според прилогот 2 од овој правилник. Во ва кви случаеви снабдувачот ќе гарантира 70% ртливост за семе наменето за пазар, на посебна етикета што го носи неговото име и адреса и бројот на партијата семе на која тој се повикува. Член 7 Национална сортна листа (1) Официјално сертифицирање и трговија може да се врши со сорти на фуражни растенија и репа кои ги исполнуваат условите за упис и се запишани во нацио налната сортна листа . (2) За семе од сорти на фуражни растенија и репа, кои се во постапка за запишување во националната сортна листа, може да се врши официјално сертифици рање, односно трговија со семето. II. ПРОИЗВОДСТВО НА СЕМЕ Член 8 Пријавување на семенски посеви (1) Снабдувачот го пријавува семето за официјално сертифицирање кај органот за сертифицирање и до Управата за семе и саден материјал со пријава, на обра зец бр. 1, даден во прилог 5, кој е составен дел на овој правилник. (2) Пријавата ги содржи најмалку следниве подато ци за: снабдувач: лично име и адреса на постојан или привремен престој или фирма и седиште на снабдува чот и негов единствен регистарски број, произведителот, кога тој произведува семе во име и за сметка на снабдувачот: лично име и адреса на по стојан или привремен престој или фирма и седиште на произведителот, место на производство, земјиште на кое е засеан семенскиот посев: повр шина и број на парцелата (катастарски број), како и микротопоним за земјиштето, претходни посеви на земјоделски растенија на земјиштето, потекло на употребеното семе за семенскиот посев, дата на сеидбата, количество на посеаното семе, (3) Снабдувачот кон пријавата треба да приложи копии од документи, со кои се докажува потеклото на употребеното семе. Доколку снабдувачот употреби се ме кое сам го произвел, доволна е копија од официјал ниот сертификат за не конечно сертифицирано семе, која ја издава органот за сертифицирање во согласност со член 15 од овој правилник. (4) Рокот за пријавување на семенскиот посев за официјално сертифицирање за секоја година е: до 1 април за фуражна и шеќерна репа до 15 април за сите други фуражни растенија. Член 9 Плодоред (1) Парцелата е соодветна за производство на се менски посев за одделен вид, односно сорта на фураж ни растенија и репа, доколку на неа најмалку два пред ходни вегетациони периода не биле посеани фуражни растенија и репа од ист вид. Член 10 Изолација (1) Семенскиот посев од видови на фуражни расте нија и репа кои се опрашуваат на друг начин (туѓооп лодни), треба да е оддалечен од посеви од ист вид и сорта кои се извори на цветен полен, за да се спречи не саканото опрашување на семенскиот посев. (2) Семенскиот посев од самоопрашни видови на фуражни растенија и репа, треба од другите посеви на фуражни растенија и репа да е оддалечен со препрека или простор, за да се спречи механичкото мешање на семињата за време на жетвата. (3) Условите за изолација на семенските посеви на фуражни растенија и репа од точка 1.1. (А и Б) се наве дени во прилог 1 од овој правилник. Член 11 Заплевеност Доколку органот за сертификација утврди дека се менскиот посев е толку многу заплевен да на него не е можно производство на семе кое ќе одговара на усло вите од овој правилник, не се сертифицира. Член 12 Здравствена состојба Условите во поглед на здравствена состојба на се менските посеви на фуражните растенија и репа се на ведени во прилогот 2 точка 3 од овој правилник. Член 13 Идентитет и чистота на сортата (1) Семенскиот посев во поглед на идентитетот и чистота на сортата, односно кај категоријата трговско семе, треба да ги исполнува условите од прилогот 1 и 2 од овој правилник. (2) Условите од став 1 на овој член се однесуваат и за семе од самооплодни сорти од сорти од фуражни растенија и репа. Член 14 Стручна контрола на семенските посеви (1) Органот за сертифицирање по прием на пријава та од член 8 од овој правилник, врши преглед на семен скиот посев на полето. Прегледот се врши во фаза која овозможува точна проценка за исполнувањето на ус ловите пропишани со овој правилник. 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.43 (2) Кај сите фуражни растенија и репа, треба да се извршат најмалку два прегледа на поле за секој семен ски посев, од кој најмалку еден треба да се изврши во периодот на цветање на растенијата. (3) Големината, бројот и распоредувањето на кон тролните единици, како и методите за вршење на стручна контрола над производството на семенските посеви по кои се вршат прегледите на поле се наведе ни во прилог 1 од овој правилник. (4) Покрај методите од став 3 на овој член , по ба рање на производителот, прегледите на поле можат да се вршат и според методите на организацијата за еко номска соработка и развој (во понатамошниот текст: OECD шеми). Член 15 Сертификација на семе кое не е конечно сертифицирано (1) Органот за сертифицирање, по завршениот пос леден преглед на семето на поле од член 14 на овој правилник , составува записник на образец 2 дадени во прилог 6 кој е составен дел од овој правилник. (2) Доколку, со прегледите на полето е утврдено де ка семенскиот посев ги исполнува условите утврдени со овој правилник, на барање на снабдувачот, органот за сертифицирање издава сертификат согласно Законот за неконечно сертифицирано семе за фуражни расте нија и репа. Член 16 Конечна официјална сертифицикација за извршена стручна контрола (1) Органот за сертифицирање, конечно официјално го потврдува семето како сертифицирано семе за фу ражни растенија и репа произведено надвор од држава та согласно член 30 од Законот. (2) Органот за сертифицирање на барање на снабду вачот, конечно го сертифицира семето, произведено во земјата, со издавање на сертификат за извршена струч на контрола на семенски посев, на образец бр. 3 даден во прилог 7 кој е составен дел на овој правилник, кој треба да ги содржи податоците од прилог 4 точка 6. 1. од соодветната категорија во согласност со член 4 од овој правилник, доколку: за наведеното семе бил извршен преглед на поле; семето ги исполнува условите за соодветна кате горија на семе од прилог 1 на овој правилник; со официјален преглед е утврдено дека се испол нети условите од прилогот 2 за истата категорија. III. ПОДГОТВУВАЊЕ НА СЕМЕТО ЗА ПАЗАР Член 17 Партија и земање на мостри од семето (1) Снабдувачот го пријавува земањето на мострите и пакувањето на партија семе. Пријавата за земање на мостри посебно се поднесува на образец 4 даден во прилог 8, кој е составен дел на овој правилник. Најго лема маса на партија семе е наведена во прилог 3, кој е составен дел на овој правилник. (2) Пријавата ги содржи најмалку следните подато ци за: снабдувач: лично име и адреса на постојан или привремен престој или фирма и седиште на снабдува чот, и негов единствен регистарски број, место на кое се земаат мострите од семето, вид, сорта и категорија на семиња од фуражни растенија и репа, партија на семето од кое се земаат мострите, количество на семето и начин на негово пакување. (3) Мострите за анализа на квалитетот на семето, официјално ги зема органот за сертификација од уште неспакувана и затворена хомогена партија на семето, кој ја запечатува по земање на мострата. Доколку семе то е веќе затворено и означено под официјален надзор, мострите за анализа на квалитетот на семето се земаат од спакувана партија на семето. (4) На органот за сертифицирање, треба да му се овозможи пристап до секоја единица на пакување во партија на семето. (5) Начинот на земање мостри и вршење на анализа за квалитет на семето, се врши според методите од Меѓународната организација за тестирање на семето (ISTA) или методите пропишани од министерот за зем јоделство, шумарство и водостопанство согласно член 8 став 10 од Законот. Член 18 Конечна сертификација на семе и семенска мешавина (1)Конечно официјално сертифицирање на семето се врши доколку се утврди дека семето во поглед на квалитет ги исполнува условите од прилог 2 од овој правилник за што се издава сертификат за квалитет на семето на образец 5 прилог 9 кој е составендел од овој правилник. (2) Конечно официјално сертифицирање на семен ската мешавина се врши доколку се утврди дека ком понентите од семенската мешавина во поглед на ква литет ги исполнуваат условите од прилог 2 од овој пра вилник за што се издава сертификат за квалитет на се менска мешавина на образец 6 прилог 10 кој е соста вен дел од овој правилник. IV. ТРГОВИЈА СО СЕМЕ Член 19 Основни услови за трговија со семе Со основно семе, сертифицирано семе од сите кате гории и трговско семе, може да се тргува само со хомо гени партии и затворени пакувања, кои согласно со член 22, 23, 24 и 25 од овој правилник имаат соодветен систем на затворање и означување. Член 20 Семенска мешавина (1) Со семе од фуражни растенија може да се тргува и во мешавина на семиња од различни сорти и видови на фуражни растенија, доколку различните компонен ти од кои се состои мешавината, пред процесот на ме шање,ги исполнуваат условите за трговија утврдени со овој правилник. (2) Семенската мешавина на фуражни растенија од став 1 на овој член се евидентира на барање на снабду вачот. Барањето особено содржи: податоци за снабдувачот: лично име и адреса на постојан или привремен престој или фирма и седиште на снабдувачот, и негов единствен регистарски број, податоци за семенската мешавина: ознака, состав на видови односно сорти, тежински удел на одделни состојки во проценти, намена за употреба на семенската мешавина сертификатот за конечна сертификација на семен ска мешавина. (3) Мешавините од семе наменети за одгледување на фуражни растенија: не треба да содржат видови и сорти кои не припа ѓаат во групата на фуражни растенија за добиточна храна; треба да содржат видови на семе од житарици од родот Avena ssp., Hordeum ssp., Secale ssp. и Triticum ssp. Стр.44 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 Член 21 Мало пакување (1) МалиЕУ-А пакувања од фуражни растенија се пакувањакоисодржатмешавинаодсемекоенеенаме нетозапроизводствонафуражнирастенијасонето ма са непоголемаод 2 кг. Нето масата нетребадавклучу вапестициди, топчестисупстанциилидругицврсти додатоци во обложеното семе. (2) МалиЕУ-Б пакувања од фуражни растенија се пакувањакоисодржатосновносеме, сертифицирано семеили трговско семеимешавинаодсемиња, докол кутаквитепакувањанесемалиЕУпакувања, сонето маса непоголемаод 10 кг. Нето масата нетребада вклучувапестициди, топчестисупстанциилидруги цврстидодатоци во обложеното семе. (3) МалиЕУ пакувањанарепа се пакувања коиги содржатследнивесертифициранисемиња: моногермно, обложено семе е семе коененадми нува 100.000 семиња или нето маса поголема од 2,5 кг со соодветни пестициди во гранули, топчести супстан циидругицврстидодатоци; полигермно, обложено семе е семе кое не надми нува нето маса поголема од 10 кг, соодветни пестици ди, топчести супстанци и други цврсти додатоци во об ложеното семе. Член 22 Официјални етикети на снабдувачот и OECD етикети (1) Семето со кое се тргува, се означува со офици јални етикети кои ги издава органот за сертификација за партија на семето кое ги исполнува условите од овој правилник. (2) Официјалните етикети се во: бела боја, со лилјакова дијагонална линија за пре досновно семе, бела боја за основно семе, сина боја за сертифицирано семе или сертифици рано семе од прва генерација, црвена боја за сертифицирано семе од втора гене рација, кафеава боја за трговско семе, зелена боја за семенска мешавина, сива боја за неконечно сертифицирано семе, портокалова боја за семе на сорти кои се во по стапка за запишување во националната сортна листа. (3) Официјалните етикети се означени со сериски броеви. Најмали димензии на официјалната етикета е 110 mm х 67 mm. (4) По исклучок на одредбите од став 1 од овој член, малите пакувања на семето можат да се означат со етикета од снабдувачот. Бојата на етикетата од снаб дувачот за одделна категорија на семето е иста како и бојата на официјалната етикета од став 2 од овој член. Проверка на содржината и формата на етикетата се вр ши пред првата употреба. (5) За секоја партија на семето се издава сертификат за официјална сертификација на семето, кој ги содржи најмалку тие податоци кои се наведени на официјална та етикета. (6) На посебно барање на снабдувачот, и доколку се исполнети условите во согласност со OECD шемите за сертификација, се издава OECD етикети и OECD сер тификат за идентитетот и чистота на сортата. (7) Податоците, кои треба да се отпечатени на ети кетите се наведени во прилог 4 кој е составен дел од овој правилник. Член 23 Пакување и затворање (1) Пакувањето на основното семе, сертифицираното семе и трговското семе, освен малите пакувања, се офи цијално оригинално затворени или оригинално затворе ни под официјален надзор, така што да не можат да се отворат без да се оштети системот за затворање или да се оштети официјалната етикета или пакувањето. (2) Системот за затварање на пакувањата на семето од став 1 на овој член, освен кај малите пакувања е прицврстена официјална етикета или прицврстена офи цијална пломба за да гарантира оригиналност на затво рањето. Оригиналноста на затворањето е обезбедена и со употреба на поинаков систем на затворање кој не може повторно да се употреби. (3) Пакувањето, освен кај малите пакувања, не мо же повторно да се затвора, освен под официјален над зор.Доколку пакувањата се повторно затворени, на официјалната етикета се запишува датумот на повтор ното затворање и органот кој го одобрил повторното затворање. (4) Малите пакувања се затвораат така што да не е возможно нивно отворање без оштетување на системот на затворање или оштетување на етикетата или пакува њето. (5) Етикетите односно сертификатите за официјал но сертифицирање на семето важат до крај на следната сеидбена сезона. (6) По изминување на рокот од став 5 на овој член, на барање на снабдувачот се врши повторна анализа за квалитет на семето, најмалку на ртливоста, и семето доколку сеуште ги исполнува пропишаните услови, до полнително се означува согласно прилог 4 од овој пра вилник. Член 24 Затворање и означување под официјален надзор (1) По исклучок од член 23 став 1 на барање на снаб дувачот за тековната година може да му се одобри сам оригинално да го затвори и означи пакувањето на семе то со официјалните етикети, доколку снабдувачот обез беди стручно оспособено лице кое е непосредно одго ворно, за означување на семето со официјални етикети. (2) На снабдувачите на кои им е одобрено затвара ње и означување согласно став 1 на овој член им се обезбедува официјален надзор кога семето оригинално ќе се затвара и означува со официјалните етикети, така што стручниот работник за сертифицирање непосред но ќе го надгледува официјалното означување на семе то кај најмалку 5% од партиите на семето. Член 25 Означување (1) Пакувањето на основното семе, сертифицирано то семе и трговското семе, освен малите пакувања, тре ба да е означено така да на надворешната страна има прицврстена официјална етикета која не била предход но употребена. Доколку се употребува етикета со вр вка, нејзиното прицврстување треба да е обезбедено со официјална пломба. (2) При пакување на семето може да се употребува ат официјални самолепливи етикети кои треба да се прицврстени така што нивното отстранување или заме на, да не е можно без видливо оштетување на етикетата или пакувањето. (3) По исклучок на став 1 од овој член, може про пишаните податоци да се печатат непосредно на паку вањата на семиња од фуражни растенија и репа од си те категории на основно семе и сертифицирано семе, кои не можат да се избришат. (4) Секое пакување треба да содржи етикета од снабдувачот со истата боја како што е официјалната етикета, и на него треба да се наведени најмалку пода тоците од точка 2 алинеа 2, 3, 4, 5 и 7 од прилог 4 од овој правилник. Етикетата на снабдувачот треба да е 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.45 изработена така да не може да се замени со официјал ната етикета. Етикета на снабдувачот не е потребна, доколку податоците се отпечатени на пакувањето и не можат да се избришат или е употребена самолеплива етикета, или етикета од материјал кој не се кине. (5) Семињата од фуражни растенија и репа кои не ги исполнуваат сите услови во поглед на квалитет сог ласно овој правилник, или доколку сортата не е запи шана во националната сортана листа, со нив се тргува ако се означени на следниот начин: пакувањето на семињата од фуражни растенија и репа, кои не ги исполнуваат сите услови во поглед на квалитет од овој правилник, треба да е означено со ети кета за соодветна категорија на семето; пакувањето на семињата од фуражните растенија и репа, на кои сортата не е запишана во националната сорт на листа треба да е означено со етикета во кафеава боја; пакувањата на семињата од алинеја 1 и 2 на овој став треба дополнително да се означени и да е наведен следниот текст: ”Семето не ги исполнува пропишаните услови за категорија”. (6) Малите пакувања на надворешната страна треба да имаат етикета од снабдувачот, на која се отпечатени или со втиснат жиг се наведени податоците од прилог 4 од овој правилник. Кај проѕирните пакувања етикета та може да е на внатрешна страна, под услов да е јасно видлива и читлива. (7) Малите ЕУ-А и ЕУ-Б пакувања и ЕУ пакувања та на репа на етикетата од снабдувачот на која се отпе чатени или со втиснат жиг пропишаните податоци тре ба да имаат сериски број. Член 26 Трговија со семе за органско производство (1) Семето за органско производство на фуражни растенија и репа, освен условите од овој правилник треба да ги исполнува и условите од прописите за ор ганско производство на фуражни растенија и репа. Член 27 Евиденција на увезеното семе Управата за семе и саден материјал води евиденци ја за увезени семиња од фуражни растенија и репа врз основа од копијата од решението од фитосанитарниот инспектор за дозволен увоз на семето. За секоја увезе на партија семе со маса поголема од 2kg Управата за семе и саден материјал води евиденција што ги содржи најмалку следните податоци: вид, сорта, категорија, држава на производство на семето и орган за сер тифицирање, држава извозничка, узвозник, количество на семе. Член 28 Постконтрола (1) За проверување на соодветноста на семето, кое официјално се сертифицира, односно тргува во Репуб лика Македонија согласно овој правилник, официјал но се земаат мостри за постконтрола за одредување на идентитетот и чистота на сортата, како и за здравстве ната состојба. (2) Мостри се земаат од: сите партии на семето од категорија на сертифи цирано семе од првата генерација, доколку е наменето за производство на семе од втора генерација и од сите партии од предосновно семе и од основното семе, одреден дел на партии од категоријата на серти фицирано семе од првата генерација, доколку е наме нето за производство на сертифицирано семе од втора генерација и трговско семе. (3) Мострите се земаат од одреден дел на партии на семето кое е пуштено во трговија. (4) Земањето на мостри од семето се врши соглас но методите од став 5 на член 17 од овој правилник. (5) Бројот на мострите од категоријата на сертифи цирано семе, сертифицирано семе од прва генерација од став 2 алинеја 2 на овој член и сертифицирано семе од втора генерација во постконтролата изнесува од 5% до 20% од сите партии на семето. (6) Бројот на мострите на семето секоја година е прилагоден според резултатите од постконтролата на семињата од фуражни растенија и репа од предходната година, и тоа: Број на мострите на семето за постконтрола во предход ната година, кое не ги испол нува условите од овој пра вилник Најмал број на провер ки за постконтрола на семето во тековната година Помалку од 0,5% 5% 0,5% - 3,0% 10% Повеќе од 3,0 % 20% (7) По исклучок од став 6 на овој член, постконтро лата се врши за сите мостри од категорија на сертифи цирано семе, сертифицирано семе од прва генерација, сертифицирано семе од втора генерација, доколку се мето е произведено во Република Македонија. (8) Со постконтролата се проверуваат сите мостри на семето од селекционерот, на оние особини кои мо жат да ја потврдат соодветноста со резултатите од про бите на различност, хомогеност и постојаност на сорта та и морфолошкиот опис на сортата. Доколку резулта тите во поглед на идентитетот и чистота на сортата се негативни, семето произведено од селекционерот не се сертифицира. (9) За вршење на постконтрола се спроведува по стапка за вршење на постконтрола на семето пропиша на од министерот за земјоделство, шумарство и водо стопанство, согласно член 33 став 7 од Законот. V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 29 Престанување на важење на прописите Со денот на влегување во сила на овој правилник престануваат да важат одредбите кои се однесуваат на фуражни растенија и репа од Правилникот за начинот за вршење на стручна и здравствена контрола над про изводството на земјоделско семе(„Службен весник на СРМ” бр.13/76) и Правилник за квалитет на семето на земјоделски растенија („Службен лист на СФРЈ” бр. 47/87, 60/87, 37/88, 55/88 и 81/89). Член 30 Влегување во сила на правилникот Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 02-12923/2 16 јануари 2007 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. Стр.46 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.47 Стр.48 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.49 Стр.50 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.51 Стр.52 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.53 Стр.54 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.55 Стр.56 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.57 Стр.58 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.59 Стр.60 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.61 Стр.62 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.63 Стр.64 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.65 Стр.66 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.67 Стр.68 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.69 Стр.70 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.71 Стр.72 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.73 Стр.74 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.75 Стр.76 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.77 Стр.78 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 24 јануари 2007 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА Бр. 8 -Стр.79 Стр.80 -Бр.8 СЛУЖБЕНВЕСНИКНАРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА 24 јануари 2007 114. Врз основа на член 55 став 1 од Законот за органи зација и работа на државната управа („Сл. весник на РМ“ бр.58/2000 и 44/2002) и Заклучокот на Владата на Република Македонија донесен по Информацијата за спроведениот јавен конкурс бр. 11-2997/1 за добивање на дозвола за вршење на ветеринарно здравствена деј ност од јавен интерес, на Дваесет и шестата седница одржана на 27.12.2006 година, Министерството за зем јоделство, шумарство и водостопанство донесе Р Е Ш Е Н И Е 1. Се поништува Решението за распишување на ја вен конкурс број 11-2997/1 за добивање на дозвола за вршење на ветеринарно-здравствена дејност од јавен интерес (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/2006). 2. Ова решение влегува во сила со денот на донесу вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи ка Македонија“. Бр. 11-290/1 11 јануари 2007 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РМ По извршеното срамнување со изворниот текст е утврдено дека во текстот на Законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/2007) се направени грешки, поради што се даваат И С П Р А В К И НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ Во членот 1 ставот (3) треба да гласи: “(3) Политичката партија е должна пред истекот на секои две години од денот на регистрацијата да доста ви до основниот суд поединечно дадени потписи пред службено лице на Министерството за правда според местото на живеење на членот на политичката партија, со број на потписи потребни за основање на политич ката партија согласно став (1) од овој член.” Во ставот (4) наместо зборот “Давањето” треба да стои зборот “Собирањето”. Бр. 10-123/2 Од Законодавно-правната комисија 23 јануари 2007 година на Собранието на Република Скопје Македонија www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефони: +389-2-3298-860, 3290-471, 3290-449. Телефакс: +389-2-3112-267. Претплатата за 2007 година изнесува 9.200,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ЦЕТИС ПРИНТ ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје.