Regulation on trade in propagating material and planting material (seedlings of horticultural plants)
颁布于 2015-03-25 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за трговија со материјал за размножување и саден материјал-расад од градинарски растенија.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- vegetables/legumes, certification, processing/handling, inspection, internal trade, seeds/planting material, procedural matters, registration, data collection/reporting, packaging/labelling, classification/declassification, plant production
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 3 Р Е Ш Е Н И Е ЗА ИМЕНУВАЊЕ В.Д. ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕ ДОНИЈА 1. За вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, до именува ње директор по распишан конкурс се именува Сашо Стефаноски. 2. Ова решение влегува во сила со денот на донесу вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи ка Македонија“. Бр. 24-3682/1 Претседател на Владата 31 март 2015 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 2016. Врз основа на член 6 став (2), член 8 ставови (11) и (12), член 15 став (2), член 16 став (3), член 17 став (3), член 18 став (5), член 27 став (13) и член 29 став (2) од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија” бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13 и 43/14), министерот за земјоделство, шумарство и водостопан ство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ТРГОВИЈА СО МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУ ВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ - РАСАД ОД ГРАДИНАРСКИ РАСТЕНИЈА ( * ) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој правилник се пропишуваат: видовите и количините на материјал за размножу вање и саден материјал - расад од градинарски расте нија на производителите на мали количини наменети за лична употреба; () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата бр. 2008/72/ЕЗ на Советот на Европската унија од 15 јули 2008 година за продажба на материјал за размножување и садење на градинарски растенија CELEX бр. 32008L0072, Директивата бр. 1993/61 на Комисијата на Европската унија од 2 јули 1993 година за составување на распоред кој ќе ги укажува условите што треба да ги исполни градинарскиот материјал за размножување и расадување, поинаков од семенски материјал во согласност со Директивата бр. 92/33/ЕЕЗ на Советот CELEX бр. 31993L0061 и Директивата бр. 1993/62 на Комисијата на Европската унија од 5 јули 1993 година за утврдување на мерките за спроведување во поглед на надзорот и следењето на добавувачите и претпријатијата согласно Директивата бр. 92/33/EEЗ на Советот за пуштање во промет на градинарски материјал за размножување и расадување, освен семенски материјал CELEX бр. 31993L0062. начинот на пакувањето и етикетирањето, формата и содржината на етикетата, начинот и постапката за официјална сертификација на материјал за размножу вање и саден материјал-расад од градинарски расте нија, како и условите во поглед на сортната чистота и квалитетот на расад од одделни видови градинарски растенија; видовите на материјал за размножување и саден материјал-расад од градинарски растенија, како и поб лиските услови за ставање во трговија; поблиските услови на снабдувачот за производ ство и подготовка за трговија на материјал за размно жување и саден материјал-расад од градинарски расте нија; формата и содржината и начинот за водење на евиденцијата на производството на материјал за разм ножување и саден материјал-расад од градинарски рас тенија и поблиските услови за вршење на подготовката за трговија; начинот и постапката за вршење на стручна кон трола, како и условите за производство што треба да ги исполнува материјал за размножување и садниот мате ријал-расад од градинарски растенија; начинот и постапката за производство на офици јално сертифициран материјал за размножување и са ден материјал-расад од градинарски растенија, како и роковите, формата и содржината на пријавата; одделните видови на материјал за размножување и саден материјал-расад од градинарски растенија и поблиските услови за нивен увоз; и количествата на материјал за размножување и са ден материја-расад од видови градинарски растенија во оригинално пакување кои можат да се увезуваат за лична употреба. Член 2 Значење на поимите Поимите употребени вo овој правилник го имаат следното значење: 1. Градинарски растенија се земјоделски растенија наменети за производство на зеленчук; 2. Материјал за размножување е семе, делови од растенија и цели растенија наменети за размножување и производство на саден материјал-расад од градинар ски растенија; Стр. 4 - Бр. 53 2 април 2015 3. Саден материјал-расад се цели растенија до биени со генеративно или вегетативно размножу вање, наменети за производство на градинарски рас тенија; 4. Сорта е група на растенија во рамките на нај ниска ботаничка класификација, која се: определува со изразени карактеристики кои произлегуваат од одреден генотип или од комбинација од генотипови, се разликува од кој било друга група на растенија, барем по една од изразените карактеристики и се третира како целина доколку тие карактеристики во размножувањето се постојани; 5. Снабдувач на расад е секое домашно или странско, правно или физичко лице кое врши една или повеќе дејности поврзани со производство, па кување, етикетирање, трговија и увоз или извоз на расад од градинарски растенија; 6. Трговија е понуда за продажба или продажба и дистрибуција на расад од градинарски растенија на трето лице, односно секоја дистрибуција на расад од градинарски растенија наменети за трговија; 7. Надлежен орган за сертификација е Управата за семе и саден материјал (во понатамошниот текст: Управата) во состав на Министерството за земјодел ство, шумарство и водостопанство; 8. Официјален орган за сертифицирање е Држав ната фитосанитарна лабораторија и овластени прав ни лице за вршење на стручна контрола над произ водството на семенски посеви и насади на саден ма теријал; и 9. Партија е број и количество на материјал за размножување и саден материјал - расад од гради нарски растенија од ист вид и сорта, препознатливи по својата хомогеност по составот и потеклото. Член 3 Видови на материјал за размножување и саден метеријал-расад од градинарски растенија Видовите на материјал за размножување и саден материјал - расад од градинарски растенија (во пона тамошниот текст: материјал за размножување и ра сад) кои се наменети за трговија се дадени во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Материјал за размножување и расад од градинар ски растенија наменет за лична употреба Материјалот за размножување и расадот наменет за лична употреба се растенија од Прилог 1 на овој пра вилник кои се произведуваат на парцела до 50 м2 во заштитен простор или 100 м2 на отворено. II. УСЛОВИ ЗА СТАВАЊЕ ВО ТРГОВИЈА НА МА ТЕРИЈАЛОТ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАСАД Член 5 Општи услови за ставање во трговија (1) Снабдувачот на материјал за размножување и расад (во понатамошниот текст: снабдувач) може да врши трговија со материјал за размножување и расад доколку ги исполнува условите за ставање во трговија согласно овој правилник. (2) Со материјалот за размножување и расадот кој содржи генетски модифициран организам, се тргува доколку е во согласност со Законот за генетски моди фицирани организми (*1) . (3) Материјалот за размножување и расадот може да се стави во трговија од сите видови на градинарски растенија само доколку е сертифициран, соодветно спакуван, етикетиран и ги исполнува условите соглас но членовите 24 и 40 од Законот за здравјето на расте нијата (*2) . Член 6 Посебни услови за ставање во трговија во поглед на сортната чистота и квалитет на материјалот за размножување и расад (1) Материјалот за размножување и расадот може да се стави во трговија доколку ги исполнува следните условите во поглед на идентитет на видот и сортна чистота: семенскиот материјал кој се користи за добива ње на материјалот за размножување и расад треба да има соодветна аналитична чистота, „ртливост и вла га соодветна на видот на кој му припаѓа и да биде сортно чист и 2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 5 да има задоволителна автентичност на сорта и подлога, како и соодветна вегетативна развиеност. (2) Со материјалот за размножување и расад од сите видови може да се тргува доколку сортата е запишана во националната сортна листа или во Европскиот заед нички каталог на сорти од градинарски растителни ви дови. (3) Материјалот за размножување и расадот може да се стави во трговија доколку ги исполнува следните услови за квалитет и тоа да: има сертификат за конечно сертифициран матери јал за рамножување и расад со наведено името на сор тата, а кога материјалот за размножување е подлога во сертификатот треба да биде наведен и видот или хи бридот; има задоволителна вегетативна развиеност без знаци на оштетување кои би можеле да влијаат на ква литетот и да ја намалиле неговата употребна вредност; е ослободен од штетни организми (врз основа на визуелен преглед), кои би можеле да влијаат на негови от квалитет односно без знаци и симптоми на присус тво на штетни организми кои ја намалуваат неговата употребна вредност и е доволно витален со димензии за да може да се употреби како материјал за размножување или како ра сад, односно треба да има соодветен однос помеѓу ко рените, стеблата и листовите. (4) Луковици и кртоли наменети како материјал за размножување и расад, треба да бидат произведени ди ректно од материјал, кој за време на развојот бил прег ледан и било утврдено дека е без штетни организми. III. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАСАД Член 7 Пријавување на производството на материјал за размножување и расад (1) Снабдувачот треба да го пријави производство то на материјалот за размножување и расадот за офи цијално сертифицирање најдоцна 15 дена по отпочну вањето на производството до Управата и официјалниот орган за сертифицирање со пријава на образец во фор мат А4, даден во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник. (2) Снабдувачот кон пријавата од став (1) од овој член, треба да приложи копии од документи, со кои се докажува потеклото на употребениот семенски матери јал и материјал за размножување. (3) Доколку снабдувачот употреби семенски мате ријал и материјал за размножување кое сам го произ вел, треба да достави копија од официјалниот сертифи кат. Член 8 Начин на водење на евиденција на производството (1) Снабдувачот ги следи и евидентира следните критични точки во процесот на производство, кои ди ректно влијаат врз квалитетот на материјалот за разм ножување и расад и тоа: планот и начинот на производство; квалитетот на употребениот семенски материјал и материјал за размножување што се користи во произ водството; начинот на сеење на семето, односно садење и пресадување на материјалот за размножување; технологијата на одгледување на расадот во ра садникот; начиниот и постапките за размножување на мате ријалот; хемиските средства со кои се третира матери јалот за размножување и расадот; усогласеноста со барањата утврдени во прописите со кои се уредува здравствената заштита на растени јата; хигиената; видот на амбалажата; начинот на пакување и етикетирање и складирањето, чувањето и транспортот. (2) Снабдувачот кој произведува материјал за разм ножување и расад треба да води евиденција за офици јално сертифицираните градинарски растенија со пода тоци за: снабдувачот (адреса, регистарски број и датум на упис во регистарот); локацијата; здравствениот ста тус; видот на материјал за размножување и расад; по Стр. 6 - Бр. 53 2 април 2015 теклото на употребениот материјал за добивање на ма теријал за размножување и расад; годината на произ водство, растојанието на садење; видот, сортата, под логата, бројот на растенијата; бројот и датумот на сер тификатот за конечно сертифицирани материјал за размножување и расад. (3) Снабдувачот води евиденција за набавениот ма теријал за размножување и расад од домашно потекло и од увоз на образец, со формат А4 во бела боја даден во Прилог 3, кој е составен дел на овој правилник. (4) Снабдувачот води евиденција за употребениот материјал за размножување и расад на образец, со формат А4 во бела боја даден во Прилог 4, кој е сос тавен дел на овој правилник. (5) Снабдувачот води евиденција за произведениот материјал за размножување и расад на образец, со формат А4 во бела боја даден во Прилог 5, кој е сос тавен дел на овој правилник. (6) Снабдувачот води евиденција за продадениот материјал за размножување и расад на образец, со формат А4 во бела боја даден во Прилог 6, кој е сос тавен дел на овој правилник. (7) Снабдувачот води евиденција за извезениот материјал за размножување и расад на образец, со формат А4 во бела боја даден во Прилог 7, кој е сос тавен дел на овој правилник. (8) Снабдувачот треба постојано да ги следи и да врши преглед на критичните точки при производ ството во однос на здравствената состојба на матери јал за размножување и расад. (9) За подобра евиденција на материјалот за разм ножување и расадот, треба истиот да биде одвоен по партии на производство за време на растењето, вкоре нувањето и при нивното одвојување да се чуваат во одделни количини. (10) По исклучок од став (9) од овој член, снабду вачот за време на пакувањето, складирањето, тран спортирањето или доставувањето, материјалот за размножување и расад може да го спои во една пар тија, иако е произведен на различни производни пов ршини, но за тоа е потребно да води евиденција со по датоци за составот на споената партија и за производ ните површини од кои е составена партијата. IV. ПАКУВАЊЕ И ЕТИКЕТИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАСАД Член 9 Начин на пакување и етикетирање (1) Материјалот за размножување и расад може да се стави во трговија во хомогени партии, спакуван и означен со етикета на пакувањето, која треба да ги сод ржи податоците од член 10 став (3) на овој правилник. (2) Во текот на производството и трговијата, снаб дувачот треба да го пакува материјалот за размножува ње и расадот одделно или во збирни количини зависно од видот (снопови и табли) од иста партија. (3) Материјалот за размножување и расадот се па кува во контејнери и/или саксии. Луковиците и кртоли те се пакуваат во кеси, кутии и вреќи. (4) Снабдувачот може во текот на пакување, чу вање, транспорт или испорака да го здружи материја лот за размножување и расад од различни партии, под услов да води евиденција за составот и потеклото на поединечните партии во збирното количество. (5) За пакување на материјалот за размножување и расадот се употребува амбалажа од материјали кои нај соодветно можат да го заштитат растителниот матери јал од оштетување при транспорт, манипулација и складирање. (6) Пакувањето на материјалот за размножување и расадот не треба да се отвори без да има остатоци од оштетување на пакувањето или на етикетите. (7) Материјалот за размножување и расадот се ети кетираат на збирните пакувања, додека расад по пот реба може да се етикетира поединечно. Член 10 Форма и содржина на етикета (1) Етикетата од член 9 став (1) на овој правилник, треба да е направена од претходно неупотребуван ма теријал и отпорен на влага. Содржината на етикетата треба да биде испечатена со небришлива и фотостабил на боја на македонски јазик. 2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 7 (2) Бојата на етикетата е сива со димензија од нај малку 110 mm x 70 mm. (3) Етикетата треба да ги содржи следните пода тоци: ознака за “ЕУ квалитет“; држава на производство; надлежен орган за сертификација; регистерски број на снабдувачот; име и презиме, адреса и седиште на снабдувачот; датум на издавање на сертификатот на снабдува чот; сериски број на етикетата; број на партијата; ботаничко име на видот; име на сортата, а во случај на подлога име на под логата или нејзина ознака; количина и вид на материјалот за размножување и расад. V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧ НА КОНТРОЛА И ОФИЦИЈАЛНА СEРТИФИКАЦИ ЈА НАД ПРОИЗВОДСТВОТО НА МАТЕРИЈАЛОТ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАСАД Член 11 Стручна контрола над производството и официјална сертификација на материјал за размножување и расад (1) Стручна контрола над производството на ма теријалот за размножување и расад, се врши врз осно ва на пријава поднесена од снабдувачот согласно член 7 став (1) на овој правилник. (2) Официјалниот орган за сертифицирање врши најмалку две стручни контроли на производството во соодветен термин во текот на вегетацијата, со кој ут врдува дали снабдувачот ги применува одредбите од овој правилник. (3) Со стручните контроли од став (2) на овој член се утврдува автентичност, сортна чистота и квалитетот на материјалот за размножување и расад, агротехнички мерки и мерки во текот на развојот, како и состојбата и општиот изглед на материјалот за размножување и ра сад врз основа на документацијата на снабдувачот за неговото потекло. (4) Материјалот за размножување и расадот во те кот на производството треба да ги исполни следните услови: да биде со соодветно развиен коренов систем ти пичен за одредената фаза на пораст; стеблото треба да биде еластично; бројот, формата и бојата на листовите да биде со одветена за фазата на развој зависно од видот и сор тата; да бидат еднакви по големина, боја и форма, да не се полегнати и да нема присуство на плевел; да не бидат извишени како резултат на прегуста сеидба или недостаток од светлина; и да не бидат механичко оштетување од неповолни временски услови. (5) Стручните контроли се вршат во присуство на одговорно стручно лице на снабдувачот со цел да се провери количината на произведен материјалот за размножување и расад по вид, сорта и партија, како и сите критични точки при производство на материјалот за размножување и расадот. (6) За секоја стручна контрола, официјалниот ор ган за сертифицирање составува записник за извршена стручна контрола на производство на материјал за размножување и расад на образец со формат А4 во бе ла боја даден во Прилог 8 кој е составен дел на овој правилник. Записникот се изготвува во два примерока, од кои едниот се доставува до снабдувачот. (7) Врз основа на записникот од став (6) на овој член, официјалниот орган за сертифицирање издава сертификат за извршена стручна контрола на производ ството на материјал за размножување и расад на обра зец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 9 кој е составен дел на овој правилник. (8) По издавањето на сертификатот за извршената стручна контрола од став (7) на овој член и документот за здравствената состојба на материјалот за размножу вање и расад согласно Законот за здравјето на растени јата, снабдувачот поднесува барање за издавање на сер тификат за конечно сертифициран материјал за разм ножување и расад до Управата. (9) Официјална сертификација на материјалот за размножување и расадот врши Управата со издавање на сертификат за конечно сертифициран материјал за размножување и расад на образец со формат А4 во бе ла боја даден во Прилог 10, кој е составен дел на овој правилник. Стр. 8 - Бр. 53 2 април 2015 (*1) Законот за генетски модифицирани организми („Службен весник на Република Македонија” бр.35/08 и 163/13) е усогласен со Директивата бр. 2001/18/ЕС на Советот на Европската унија од 12 март 2001 година за намерно ослободување на генетски модифицирани организми во животната средина, CELEX бр. 32001L0015. (*2) Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија” бр.29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11 и 69/13) е усогласен со Директивата бр. 2000/29/ЕС на Советот на Европската унија од 8 мај 2000 година за воведување на заштитни мерки против штетни организми на растенија или растителни произво ди и нивно ширење во Заедницата, CELEX бр. 32000L0029. VI. УСЛОВИ ЗА УВОЗ НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАСАД Член 12 Услови за увоз на видови на материјал за размножување и расад Покрај исполнувањето на условите од член 26 и член 27 од Законот за семенски и саден материјал за земјодел ски растенија, снабдувачот треба да води евиденција за увезените количества на материјал за размножување и ра сад согласно член 8 став (3) на овој правилник. Член 13 Увоз на материјал за размножување и расад во оригинално пакување за лична употреба Материјал за размножување и расад во оригинално пакување за лична употреба може да се увезува согласно член 29 од Законот за семенски и саден материјал за зем јоделски растенија и тоа најмногу во количество до 30 броја од одделни видови но не повеќе од 150 броја и 100 парчиња луковици или кртоли, заедно од сите видови. Член 14 Престанок на важење Со денот на влегувањето во сила на овој правил ник престанува да важи Правилникот за трговија со саден материјал – расад од градинарски растенија („Службен весник на Република Македонија” бр. 158/2008) Член 15 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија”. Бр.18-19/4 Министер за земјоделство, 25 март 2015 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, с.р. 2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 9 Стр. 10 - Бр. 53 2 април 2015 2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 11 Стр. 12 - Бр. 53 2 април 2015 2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 13 Стр. 14 - Бр. 53 2 април 2015 2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 15 Стр. 16 - Бр. 53 2 април 2015 2 април 2015 Бр. 53 - Стр. 17 Стр. 18 - Бр. 53 2 април 2015