Regulation on the way the commission works in the procedures for public announcements and procedures for collecting bids for leasing of state-owned agricultural land
颁布于 2020-01-22 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development, Land and soil
- 关键词
- agricultural land, procedural matters, public land, public participation, lease, contracts, land tenure
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
2/22/22, 3:49 PM - Праксис https://praksis.mk/Document/Details/121299 1/2 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 21 став 4 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА КОМИСИЈАТА ВО ПОСТАПКИТЕ ПО РАСПИШАНИ ЈАВНИ ОГЛАСИ И ПОСТАПКИТЕ СО ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на работа на Комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Член 2 Комисијата може да работи кога се присутни повеќе од половината од нејзините членови и донесува одлука со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. Член 3 Комисијата за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари по јавен оглас или јавен повик за доставување на понуди во постапката на јавно отварање ги врши следниве работи: врши јавно отварање на понудите во рок од три дена по истекот на рокот за поднесувањето на понудите; изготвува записник за присуство на понудувачи при самото јавно отварање, врз основа на документ за лична идентификација и овластување од понудувачот; спроведува јавна елаборација на целокупната доставена документација од страна на понудувачите и овозможи увид во истата по барање на присутните понудувачи. Комисијата од ставот 1 од овој член треба во рок од 15 дена од изборот на најповолен понудувач до Секторот за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост да ја достави целокупната документација во врска со јавниот оглас или јавниот повик за доставување на понуди. Член 4 Комисијата за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање за површини над 3 хектари по јавен оглас или јавен повик за доставување на понуди, во постапката на јавно отварање ги врши следниве работи: врши јавно отварање на понудите првиот работен ден по истекот на рокот за поднесувањето на понудите; изготвува записник за присуство на понудувачи при самото јавно отварање, врз основа на документ за лична идентификација и овластување од понудувачот; спроведува јавна елаборација на целокупната доставена документација од страна на понудувачите и овозможи увид во истата по барање на присутните понудувачи. Комисијата од ставот 1 од овој член треба во рок од пет дена по завршување на постапката за електронско јавно наддавање до Секторот за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост да ја достави целокупната Број на Службен весник:18/2020 Датум на објава на Службен весник:27.01.2020 Број на одлука на Уставен суд (У.бр.):/ f J г I ГЈ 1 ) г Ј I Ј г Ј Ј г .г Ј .:....Ј / .:....Ј 2/22/22, 3:49 PM - Праксис https://praksis.mk/Document/Details/121299 2/2 документација во врска со јавниот оглас или јавниот повик за доставување на понуди по пат на електронско јавно наддавање. Член 5 Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”. Бр. 41-1374/1 Министер за земјоделство, 22 јануари 2020 година шумарство и водостопанство, Скопје Трајан Димковски, с.р.