Regulation on the type of logging mark, the type of forest mark for logging mark, the method of performing the logging mark, the form and content of the record book of the logging mark performed in a state-owned forest, the record book of the logging mark performed for felling in a privately owned forest and the record book of forest damage done in a state-owned forest
颁布于 2014-12-12 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за видот на ознаката за сеча, видот на шумскиот жиг за ознака за сеча, начинот на вршење на ознаката за сеча, формата и содржината на книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во државна сопственост, книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во приватна сопственост и книгата за евиденција на направена шумска штета во шума во државна сопственост.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Forestry
- 关键词
- data collection/reporting, hazards, fire management, forest management/forest conservation, marking/identification, private forest, procedural matters, public forest, registration, timber, timber extraction/logging
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 62 став (10) од Законот за шумите (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147 /13, 43/14 и 160/14)), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВИДОТ НА ОЗНАКАТА ЗА СЕЧА, ВИДОТ НА ШУМСКИОТ ЖИГ ЗА ОЗНАКА ЗА СЕЧА, НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОЗНАКАТА ЗА СЕЧА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА КНИГАТА ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ИЗВРШЕНА ОЗНАКА ЗА СЕЧА ВО ШУМА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ, КНИГАТА ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ИЗВРШЕНА ОЗНАКА ЗА СЕЧА ВО ШУМА ВО ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ И КНИГАТА ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА НАПРАВЕНА ШУМСКА ШТЕТА ВО ШУМА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Член 1 Со овој правилник се пропишува видот на ознаката за сеча, видот на шумскиот жиг за ознака за сеча, начинот на вршење на ознаката за сеча, формата и содржината на Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во државна сопственост, Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во приватна сопственост и Книгата за евиденција на направена шумска штета во шума во државна сопственост. Член 2 (1) Одбирање и означување на стебла за сеча и евидентирање на означената дрвна маса при стеблимична сеча и означување на стебла во групи при групимично пребирна сеча како и обележување на површината за сеча и евидентирање на дрвната маса за сеча при површинска чиста сеча се врши со ознака за сеча. (2) Ознаката за сеча може да биде стеблимична, групимична и површинска согласно одобрени посебни планови и критериуми за стопанисување со шумите. (3) Стеблимична ознака за сеча се врши во случаи кога е предвидена, односно одобрена сеча на поединечни стебла. (4) Групимична ознака за сеча се врши во случаи кога е предвидена, односно одобрена групимично пребирна сеча. {5} Површинска ознака за сеча се врши во случаи кога е предвидена, односно одобрена чиста сеча согласно планските документи и тоа: нискостеблено стопанисување со шумите; реконструкција на деградирани шуми и шикари; мелиоративни и ресурекциони сечи; сечи за пренамена на шуми и шумско земјиштето (изградба на објекти во шума, сообраќајници, далноводи}; пожаришта и штети на шума од елементарни непогоди (освен во високостеблени шуми). Член 3 (1) Стеблимична и групимична ознака за сеча се врши со втиснување на јасно видлив шумски жиг, на мазни засеци при основата на стеблото, односно на една од неговите подебели коренови жили и на стеблото на градна висина од горната страна во насока на стрмнината. (2) На стеблата за сеча во високостеблени шуми во државна сопственост, без оглед на намената, како и сопствениците на приватни шуми кои имаат донесено посебни планови или програми, односно поседуваат шума над 30 ха., во кои се вршат главни сечи, покрај шумскиот жиг се втиснува и јасно видлив реден број на означеното стебло со означувач- нумератор и тоа: 1} при ознаката за сеча во шума во државна сопственост наизменично: една година сина боја - непарна година и една година зелена боја - парна година. 2} при ознаката за сеча во шума во приватна сопственост наизменично: една година црвена боја - непарна година и една година црна боја - парна година. {3) По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член, тенките стебла (кај чистење и прореда) со дијаметар под 10 см. ќе се означуваат само со водоотпорна боја на градна висина на стеблото за сеча. (4) Означувањето на стеблата за сеча при извршувањето на прореди се врши со втиснување само на шумски жиг при основата на стеблото и на градна висина. Член 4 При ознака на стеблата за сеча, првенствено се означуваат извалени, оштетени, сувоврви, исушени, со слаб квалитет и останати стебла што ја оневозможуваат или отежнуваат обновата на шумата и развојот на перспективните стебла во насадот. Член 5 Ознаката на стеблата за сеча, што се врши согласно член 2 ставови {3) и (4) од овој правилник, треба да биде рамномерно распоредена по целата површина во одделот/пододделот односно катастарската парцела предвидени за сеча. Член 6 (1) Засекот на стеблото при рамни терени, се прави при основата на стеблото или на една од неговите подебели коренови жили што пониско до земјата и на градна висина на страната што се наоѓа во насока на движењето на ознаката за сеча. (2) Засекот на стеблото при стрмни терени, се прави од неговата долна страна, при основата на стеблото, односно на една од неговите подебели коренови жили, што пониско до земјата и на градна висина спротивно од страната од засекот на стеблото во насока на стрминината. Член 7 При ознаката за сеча, се втиснува јасно видлив шумски жиг, со употреба на водоотпорна боја и тоа : 1) за шумите во државна сопственост наизменично: една година сина боја - непарна година и една година зелена боја - парна година. 2) за шумите во приватна сопственост наизменично: една година црвена боја - непарна година и една година црна боја - парна година. Член 8 (1) Површинска ознака за сеча се врши по претходно утврдување на површината предвидена во планските документи за чиста сеча на одделот /пододделот, а потоа се обележува нејзината гранична линија на цела површина. (2) Обележувањето на граничната линија се врши со видни знаци на рабните стебла (со засечување и боење со водоотпорна боја), кои што треба да останат до завршување на сечата. {3) За обележување на граничната линија освен со боење можат да се користат неподвижни камења, стари но здрави пенушки што ќе се најдат на граничната линија, потоа со поставување на столбови, хумки и слично. (4) Во случаи на површинска ознака за сеча се втиснува шумски жиг на рабните стебла на површината предвидена за чиста сеча. Член 9 (1) Ознаката за сеча во шума во државна сопственост без оглед на намената, се врши со шумски жиг со единствен сериски број, за секоја шумскостопанска единица посебно. (2) Ознаката за сеча во шума во приватна сопственост се врши со шумски жиг со единствен сериски број од страна на правните субјекти кои стопанисуваат и управуваат со шумите во државна сопственост. {3) Доколку шумскиот жиг од оправдани причини (оштетување или губење) не е употреблив, по претходна пријава до органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, се изработува нов шумски жиг за ознака за сеча со нов единствен сериски број, кој се евидентира во Регистарот на заверени шумски жигови за ознака за сеча и шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти. Член 10 (1) Ознаката за сеча во шума во државна сопственост, без оглед на намената, се врши со шумски жиг во форма на тркалезен облик со пречник од 32 мм, кој е нумериран со арапски броеви, во кои е испишан називот и седиштето на на правните субјекти кои стопанисуваат и управуваат со шумите во државна сопственост. (2) Ознаката за сеча во шума во приватна сопственост, се врши со шумски жиг во форма на рамностран триаголник чија страна изнесува 35 мм, кој е нумериран со арапски броеви, во кои е испишан називот и седиштето на правните субјекти кои стопанисуваат и управуваат со шумите во државна сопственост. {3) Означувањето за направена шумска штета се врши од стручно лице вработен во јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми "Македонски шуми" и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја, раководител на шумскостопанската единица каде е настаната штетата, со шумски жиг во вид на правоаголник кој е со димензии 40 х 30 мм . , кој е нумериран со арапски броеви во кои е испишано: Македонија {МК), Шумска Штета (ШШ) и седиште на субјектот и на секои шест месеци доставува известување до Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Член 11 (1) Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во државна сопственост е во формат 150 х 110 мм и е со внатрешно поврзани листови. (2) Формата и содржината на книгата од став (1) на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 12 (1) Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во приватна сопственост е во формат 150 х 110 мм и е со внатрешно поврзани листови. (2) Формата и содржината на книгата од став (1) на овој член се дадени во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник. Член В (1) Книгата за евиденција на направена шумска штета во државна сопственост е во формат 150 х 110 мм и е со внатрешно поврзани листови. (2) Формата и содржината на книгата од став (1) на овој член се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 14 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за видот на ознаката за сеча, видот на шумскиот жиг за ознака за сеча, начинот на вршење на ознаката за сеча, формата и содржината на книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во државна сопственост, книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во приватна сопственост и книгата за евиденција на направена шумска штета во шума во државна сопственост(,,Службен весник на Република Македонија" бр. 102/13 година). Член 15 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.09 11042/3 Министер за земјоделство, декември година и водостопанство, Скопјем-р Михаил Цветков, с.р 2014 шумарство Лого на субјектот Прилог 1 Приемен штембил на субјектот КНИГА за евиденција на извршена ознака за сеча (во државна сопственост) Датум . . 20 ПРИМИЛ , (цело име и презиме) (потпис) Стр. бр . ООО П .Ш .С . место Шумскостопанска единица оддел поддодел ознаката е извршена од до 20 год. Стручното лице што ја извршило ознаката (име и презиме) (потпис) Реден број на ВИДНА ДРВО Висина на Површина на ВИД НА ДРВО Пречник на градна висина Бруто дрвна маса стебло 1cm) стеблото парцелата (м' ) Забелешка парцела (m) (ha) 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 П ренос Износ Лого на субјектот КНИГА Прилог 2 Приемен штембил на субјектот за евиденција на извршена ознака за сеча (во приватна сопственост) Датум. . 20 ПРИМИЛ , (цело име и презиме) (потп ис) Стр. бр .ООО П . Ш.С . место Шумскостопанска единица Сопственик од ул . Бр. К.О . К.П. бр . м .в . Одобрен ие бр . ознаката е извршена на година , ОДНОСНО ОД ---- ДО ----- 20 година Стручното л ице што ја извршило ознаката (име и презиме) (потп ис) Реден број на ВИД НА ДРВО Висина на Површина на ВИД НА ДРВО Пречник на градна висина Бруто дрвна маса стеблото (cm) стеблото парцелата (мз ) Забелешка парцелата (m) (ha) 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 П ренос Износ Лого на субјектот Прилог З Приемен штембил на субјектот КНИГА за евиденција на направена шумска штета (во државна сопственост) Датум. . 20 ПРИМИЛ , (цело име и презиме) (потп ис) Стр . бр QQQ П .Ш . С. место Шумскостопанска единица Оддел пододдел штетата е утврдена на . .20 год К.О . К.П. бр . м .в. Одобрение бр . Лице што ја утврдило штетата Струч ното лице што ја евидентирало штетата (име и презиме) ( потпис) Реден број на ВИД НА ДРВО Висина на Површина на ВИД НА ДРВО Пречник на пресечено Бруто дрвна маса стеблото дрво-пенушка (cm) стеблото парцелата (м' ) Забелешка парцелата (m) (ha) 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 П ренос Износ