Regulation on the special conditions that must be fulfilled for processed animal proteins and other processed products that can be used as feed material in relation to processing standards, raw materials, storage, import and hygiene conditions, as well as the conditions to be fulfilled facilities for the production of pet food and technical facilities and the special technical conditions for pet food and canine groats in relation to raw materials, processing and import standards
颁布于 2017-03-15 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за посебните услови кои треба да ги исполнуваат преработените животински протеини и други преработени производи кои можат да се користат како материјал за исхрана на животните во однос на стандардите за преработка, суровините, складирањето, увозот и хигиенските услови како и условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и технички објекти и посебните технички услови за храната за домашни миленици и кучешки грицкалици во однос на суровините, стандардите за преработка и увозот.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal feed/feedstuffs, animal production, standards, hygiene/sanitary procedures, processing/handling
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 1 од 22 20170350571 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 14 став (32) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” брoj 113/07, 144/14, 149/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПРЕРАБОТЕНИТЕ ЖИВОТИНСКИ ПРОТЕИНИ И ДРУГИ ПРЕРАБОТЕНИ ПРОИЗВОДИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ИСХРАНА НА ЖИВОТНИТЕ ВО ОДНОС НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ПРЕРАБОТКА, СУРОВИНИТЕ, СКЛАДИРАЊЕТО, УВОЗОТ И ХИГИЕНСКИТЕ УСЛОВИ КАКО И УСЛОВИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОБЈЕКТИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ И ТЕХНИЧКИ ОБЈЕКТИ И ПОСЕБНИТЕ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ХРАНАТА ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ И КУЧЕШКИ ГРИЦКАЛИЦИ ВО ОДНОС НА СУРОВИНИТЕ, СТАНДАРДИТЕ ЗА ПРЕРАБОТКА И УВОЗОТ(*) Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат посебните услови кои треба да ги исполнуваат преработените животински протеини и други преработени производи кои можат да се користат како материјал за исхрана на животните во однос на стандардите за преработка, суровините, складирањето, увозот и хигиенските услови како и условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и технички објекти и посебните технички услови за храната за домашни миленици и кучешки грицкалици во однос на суровините, стандардите за преработка и увозот. Член 2 Посебни услови за преработените животински протеини (1) Пререботените животински протеини треба да ги исполнуваат следните стандарди на преработка: 1) ако се добиени од цицачи треба да подлежат на преработувачкиот процес со Метод 1 утврден во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло. Крвта од свињи или нејзините фракции наменети за производство на крвно брашно треба да подлежат на било кој од постапките за преработување утврдени со Методите 1, 2, 3, 4 и 5 и Метод 7 доколку се обезбеди температурен третман од 80°C во целиот производ при преработката, утврдени ()Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 142/2011 од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нуспроизводи од животинско потекло и преработени производи од нив кои не се наменети за исхрана на луѓето и спроведување на Директивата 97/78/EЗ на Советот во однос на одредени примероци и предмети кои се ослободени од гранични ветеринарни проверки и прегледи според истата Директива, CELEX бр. 32011R0142. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 2 од 22 во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло. 2) ако се добиени од цицачи доколку нештетно се отстрануваат во согласност со прописите за управување со отпад или користат како гориво за согорување треба да подлежат на постапките за преработување со Методите од 1, 2, 3, 4, и 5 или Метод 7 утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло и треба да бидат перманентно обележани со боја или на некој друг начин непосредно по преработката; 3) ако се добиени од цицачи, доколку се користат за употреба како храна за домашни миленци треба да подлежат на постапките за преработување со Методите од 1, 2, 3, 4 и 5 и Метод 7, утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло и треба да се транспортираат во одредени контејнери кои не се користат за транспор на нуспроизводи од животинско потекло или за транспорт на храна за животни, и која е испратена директно од одобрен преработувачки објект за Категорија 3 материјали или директно од одобрен објект за складирање до објектот за производство на храна за кучиња; 4) ако се добиени од нецицачи, со исклучок на рибиното брашно, треба да подлежат на некој од постапките за преработување со Методите од 1, 2, 3, 4, и 5 и Метод 7 утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло и 5) ако е рибиното брашно треба да подлежи на: а) некој од Методите за преработување утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло, или б) метод за преработување со кој се обезбедува усогласување на производот со хигиенските услови од член 3 од овој правилник. (2) Суровините за производство на преработени животински протеини треба да ги исполнуваат следните посебни услови: 1) за производство на преработени животински протеини и други материјали за исхрана на животните можат да се користат само Категоријата 3 материјали наведени во Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1) со исклучок на нуспроизводите од животинско потекло од точките 3.14, 3.15 и 3.16 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1), кои биле манипулирани, складирани и транспортирани согласно одредбите на Законот за нуспроизводи од животинско потекло(*2) и 2) пред преработката, суровините за производство на преработените животински протеини треба да се проверат на присуство на туѓи материи кои треба веднаш да се отстранат доколку се присутни. (3) Складирањето на преработени животински протеини треба да ги исполни следните посебни услови: Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 3 од 22 1) преработените животински протеини треба да се пакуваат и складираат во нови или стерилизирани вреќи или во соодветно конструирани корпи; 2) операторот со нуспроизводи од животинско потекло да преземе соодветни мерки за да се минимизира кондензацијата во корпите, конвеерите или елеваторите; 3) производите во конвеерите, елеваторите и корпите треба да бидат заштитени од случајна контаминација. 4) опремата за манипулација на преработените животински протеини треба да се одржува во чиста и сува состојба и треба да има соодветни инспекциски точки за проверка на чистотата на опремата. Сите објекти за складирање треба редовно да се празнат и да се чистат, според потребите условени со производството и превенцијата од контаминација и 5) преработените животински протеини треба да се чуваат суви. Во складиштето треба превентивно да се спречи навлегување и истекување на течности и кондензација на влагата. (4) Увоз на преработени животински протеини се врши доколку се исполнети следниве посебни услови: 1) да потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на листата на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 2) да потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на листата на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); 3) да се произведени со стандарди на преработка и посебните услови за суровината и складирањето согласно ставовите (1), (2) и (3) од овој член и посебните услови за производи од крв согласно член 4 од овој правилник; 4) да се придружени со соодветен ветеринарно здравствен сертификат; 5) пред пратките да се пуштат во слободен промет, Агенцијата треба да земе мостри од преработените животински протеини на ветеринарното инспекциско место на граничниот премин, за да обезбеди утвдрување на усогласеноста со основните микробиолошки услови. Официјалниот инспектор треба да земе мостри од секоја непакувана пратка на производи или да земе мостри од пакуваната пратка со производи, по случаен избор, спакуван во објектот за производство на потекло. Доколку шест последователни тестови на непакувани пратки, кои потекнуваат од трети земји се покажат негативни, Агенцијата може да земе мостри од следните непакувани пратки, по случаен избор. Доколку еден од примероците по случаен избор даде позитивен резултат, Агенцијата треба да го извести надлежниот орган на земјата на потекло, со цел да превземе соодветни мерки за разрешување на состојбата. Надлежниот орган на земјата на потекло треба овие мерки да ги даде на разгледување на надлежниот орган кој го вршел земањето мостри. Во случај на повторување позитивен резултат од истиот извор, надлежниот орган треба да земе мостри од секоја поединечна пратка од истиот извор, сe додека шесте последователни тестови не се покажат негативни; 6) евиденцијата за изведените контроли и евиденцијата од резултатите на мострите земени од сите пратки операторот ја чува најмалку две години и Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 4 од 22 7) кога една пратка ќе покаже позитивен резултат на салмонела треба да се постапи во согласност со постапката утврдени со прописите за ветеринарно здравствен преглед и контрола на ветеринарно инспекциско место на граничен премин или пратката повторно да се преработи во преработувачки објект, одобрен од Агенцијата или да се деконтаминира со обработка, дозволена од страна на надлежниот орган. Пратката не се ослободува за ставање во промет додека не се обработи и не се тестира на салмонела од страна на Агенцијата во согласност со основите микробиолошки услови и не се добие негативен резултат. Член 3 Посебни услови за преработените животински протеини и други преработени производи кои можат да се користат како материјал за исхрана на животните (1) Нуспроизводите од животинско потекло треба да се преработат што е можно поскоро по нивното пристигнување и правилно да се складираат до нивната преработка. (2) Контејнерите, сандаците и возилата кои се користат за транспортирање на непреработените материјали треба да се исчистат во наменет простор за тоа, кој треба да е лоциран или дизајниран на начин за да се спречи ризикот од контаминација на преработените производи. (3) Лицата кои работат во нечистиот дел на објектот не треба да влегуваат во чистиот дел на објектот пред да ја пресоблечат работната облека и обувките, или без дезинфекција на обувките. Опремата и садовите не треба да се носат од нечистиот во чистиот сектор, ако не се исчистат и дезинфицираат. Треба да се утврдат постапки за движење на персоналот, со цел да се контролира нивното движење меѓу просторите и да се утврди правилната употреба на кадите за чистење на нозете и на тркалата. (4) Отпадната вода која потекнува од нечистиот сектор треба да се обработи, за да се отстранат, колку што е разумно практично, остатоците од патогените агенси. (5) Операторот со нуспроизводи од животинско потекло треба да преземе систематски превентивни мерки против птици, глодари, инсекти и други штеточинци со воведување на документирана програма за контрола на штеточинци. (6) Операторот со нуспроизводи од животинско потекло треба да воспостави и да ги документира постапките за чистење на сите делови од објектот со обезбедување на соодветна опрема и средства за чистење. (7) Контрола на хигиената треба да вклучува редовни контроли на средината и опремата. Распоредот на контролите и резултатите од нив треба да се документираат и операторот со нуспроизводи од животинско потекло да ја чува најмалку две години. (8) Уредите и опремата треба да се чуваат во добра состојба, а мерната опрема треба редовно да се калибрира. (9) Преработените производи треба да се манипулираат и складираат во преработувачките објекти на начин кој спречува повторна контаминација. (10) Мострите од крајните производи, кои се земени во текот на складирањето или при повлекувањето од складот на преработувачкиот објект, треба да се усогласени со следните стандарди: Salmonella: отсутност во 25 гр: n = 5, c = 0, m = 0, M = 0 Enterobacteriaceae : n = 5, c = 2, m = 10, M = 300 во 1 гр. каде: n = број на мостри кои треба да се тестираат, m = праг на вредноста за бројот на бактерии; резултатот се смета задоволителен доколку бројот на бактерии во сите мостри не го надминува m, Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 5 од 22 М = максимална вредност на бројот на бактерии, резултатот се смета незадоволителен доколку бројот на бактерии во една или повеќе мостри е еднаков на М или е поголем, и с = бројот на бактерии во мострите, чиј број може да биде меѓу m и М, мострата сепак се смета прифатлива доколку бројот на бактерии во другите мостри е m или помал. (11) Стандардите од став (10) на овој член не се однесуваат на преработените масти и рибиното масло добиени со преработка на нуспроизводи од животинско потекло доколку преработените животински производи кој се добиваат од преработката се усогласени со овој стандард. (12) Неискористетните или вишокот на пререботени производи треба после нивното перманетно бележење: 1) нештетно да се одстранат како отпад со горење или согорување во објекти за горење или согорување одобрени од Агенцијата; 2) нештетно да се одстраната во депонии кои се одобрени согласно прописите за заштита на животната средина и 3) да се транформираат во објекти за биогас или објекти за компост одобрени од Агенцијата согласно член 14 од Законот за нуспроизводи од животинско потекло. Член 4 Посебни услови за производи од крв (1) Производите од крв треба да ги исполнуваат следните стандарди на преработка: 1) да подлежат на некој преработувачкиот процес со Методите 1, 2, 3, 4 и 5 и Метод 7 утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло, или 2) метод за преработување со кој се обезбедува усогласување на производот со хигиенските услови од член 3 од овој правилник. (2) Крв како суровина за производство на производи од крв може да се користи доколку е добиена од нуспроизводите од животинско потекло опишани во точките 3.1, 3.2 и 3.2.1 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). (3) Увоз на преработени животински протеини се врши доколку се исполнети следниве посебни услови: 1) да потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 2) да потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); 3) да се произведени во согласност со ставовите (1) и (2) од овој член и 4) да се придружени со соодветен ветеринарно здравствен сертификат. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 6 од 22 Член 5 Посебни услови за топени масти, рибино масло и деривати од масло добиени од Категорија 3 материјали (1) Топени масти, рибино масло и деривати од масло добиени од Категорија 3 материјали треба да ги исполнуваат следните стандарди на преработка: 1) освен доколку топената маст и рибиното масло не се произведени согласно Правилникот за посебните барања за храна од животинско потекло(*5), топените масти треба да се призведуваат со користење на преработувачкиот процес со Методите 1, 2, 3, 4 и 5 и Метод 7 утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло и рибиното масло со користење на преработувачките процеси со Методите 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло или со метод со кој се обезбедува усогласување на производот со хигиенските услови од член 3 на овој правилник. Топената маст која потекнува од преживари треба да се пречисти на начин да максималните нивоа на вкупните нерастворливи нечистотии не надминат 0,15% во тежина и 2) дериватите од масло добиени од Категорија 3 материјали и од рибиното масло треба да се призведуваат со користење на преработувачките процеси со Методите 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло. (2) Суровините за производство на топени масти, рибино масло и деривати од масло добиени од Категорија 3 материјали треба да ги исполнуваат следните посебни услови: 1) за топени масти и деривати од масло опишани во точките 3.1, 3.2, 3.4, 3.5, 3.6, 3.7, 3.8, 3.9, 3.10 и 3.11 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1) и 2) за рибино масло опишани во точките 3.5, 3.6, 3.9 и 3.10 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). (3) Складирањето на топени масти, рибино масло и деривати од масло добиени од Категорија 3 материјали треба да ги исполни следните посебни услови: 1) топената маст и маслото од риба треба де се ставаат во нови кутии, или во кутии кои се исчистени и дезинфицирани и треба да се преземат сите безбедносни мерки за да се спречи повторната контаминација и 2) кога се спроведува транспорт на непакувани производи, цевките, пумпите и непакуваните резервоари и сите други непакувани контејнери или цистерни, кои се користат за транспортирање на производите од објектот за производство директно на бродот, во поморските танкери или директно до објектите, треба да се чисти. (4) Увоз на топена маст, рибино масло и деривати од масло добиени од Категорија 3 материјали се врши доколку се исполнети следниве посебни услови: 1) за топена маст и деривати од масло добиени од Категорија 3 материјали: а) да потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 7 од 22 животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); б) да потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); в) да се произведени со стандардите на преработка, посебните услови за суровина и складирање согласно ставовите (1), (2) и (3) од овој член и: целосно или делумно се добиени од суровини по потекло од свињи и потекнуваат од земја или дел од територијата на земја во која немало појава на Лигавка и шап во последните 24 месеци и во која немало појава на класична чума кај свињите и африканска чума кај свињите во последните 12 месеци, целосно или делумно се добиени од суровини по потекло од перната живина и потекнуваат од земја, или дел од територијата на земја, во која немало појава на болеста Њукасл и Авијарна инфлуенза во претходните шест месеци, целосно или делумно се добиени од суровини по потекло од преживари и потекнуваат од земја или дел од територијата на земја во која немало појава на Лигавка и шап во последните 24 месеци и во која немало појава на Говедска чума во последните 12 месеци, или онаму каде што имало појава на една од горенаведените болести во текот на односниот горенаведен период, биле предмет на еден од следните процеси на термичка обработка: најмалку 70°С, најмалку 30 минути или најмалку 90°С, најмалку 15 минути, и деталите за критичните контролни точки се евидентираат и водат, со цел операторот и Агенцијата да може да го следи работењето на објектот. Во податоците треба да се вклучи: големината на парчињата, критичната температура, а како што е соодветно, апсолутното време, преглед на притисокот, процентот на напој на суровината и процентот на рециклирање на маста, и г) да се придружени со соодветен ветеринарно здравствен сертификат и 2) за масло од риба и деривати добиени од масло од риба: 1) да потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 2) да потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); 3) да се произведени со стандардите на преработка, посебните услови за суровина и складирање согласно ставовите (1), (2) и (3) од овој член и 4) да се придружени со соодветен ветеринарно здравствен сертификат. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 8 од 22 Член 6 Посебни услови за млеко, колострум, производи на база од млеко и други производи добиени од млеко и колострум (1) Млекото, колострумот и другите производи добиени од млеко и колострум треба да ги исполнуваат следните стандарди на преработка: I за млеко: 1) стерилизација со F₀ вредност од 3 или повеќе каде F₀ е пресметаниот убивачки ефект на бактериските спори. F₀ вредност од 3 претставува кога млекото од најладната точка доволно се загрева за да постигне убивачки ефект од 121°С од три минути со моментално загревање и ладење; 2) UHT во комбинација со едно од следниве третмани: а) последователен физички третман преку: процес на сушење, комбиниран со дополнително загревање на најмалку 72°С за млеко наменето за исхрана на животните, намалување на pH вредност под 6 за време од најмалку 1 час; б) условот да млекото, производите на база од млеко и производи добиени од млеко се произведени 21 ден пред испораката и за време на тој период во државата на потекло немало случај на болеста Лигавка и шап; 3) пастеризација применета двапати; 4) пастеризација во комбинација со еден од следниве третмани: а) последователен физички третман преку: процес на сушење, комбиниран со дополнително загревање на најмалку 72°С за млеко наменето за исхрана на животните, намалување на pH вредност помалку од шест за време од најмалку еден час. б) условот да млекото, производите на база од млеко и производи добиени од млеко се произведени 21 ден пред испораката и за време на тој период во државата на потекло немало случај на болеста Лигавка и шап; II производите на база од млеко и производите добиени од млеко треба да ги исполнат стандардите на преработка од точка I на овој став или да бидат добиени од млеко кое ги исполнува стандардите на преработка од точка I на овој став; III за сурутката наменета за исхрана на животните на кои може да се пренесе болеста Лигавка и шап и произведена со стандардите на преработка од точка I на овој став: 1) или да е собрана 16 часа по засирувањето на млекот и pH вредноста треба да биде под 6 пред транспортот до фармата, или 2) да е произведена најмалку 21 ден пред испораката и за време на тој период во државата на потекло немало случај на болеста Лигавка и шап, IV за производите на база од млеко и производите добиени од млеко, произведени со стандардите на преработка согласно точките I, II, и III од овој став: 1) да се преземат сите безбедносни мерки за да се спречи повторната контаминација на производот; 2) финалниот производ да се означи дека содржи Категорија 3 материјали и дека не е за исхрана на луѓето, и треба да e: спакуван во нови контејнери, или транспортиран во збирен контејнер или со друго транспортно средство со претходно чистење и дезинфекција на контејнерот и транспортното средство; V суровото млеко треба да биде добиено од животни и со соодветни гаранции од областа на здравствената заштита на животните; VI за колострумот и производите од колострумот: Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 9 од 22 1) се добиваат од животни од видот говедо и фарми кои се официјално прогласени за слободни од болестите Туберкулоза, Бруцелоза и Ензотската леукоза. 2) да се произведени најмалку 21 ден пред испораката и за време на тој период во државата на потекло немало случај на болеста Лигавка и шап и VII за Категорија 3 материјали што содржат талог добиен од центрифугирање или сепарирање при преработка на млеко а се наменети за исхрана на животните треба да поминат загревање на најмалку 72 °С од шеесет минути или најмалку 80°С од триесет минути. (2) Суровините за млеко, колострум, производи на база од млеко и други производи добиени од млеко и колострум треба да ги исполнуваат следните посебни услови: 1) да се користи млеко од Категоријата 3 материјали наведени во точките 3.5 со исклучок на талог добиен од центрифугирање или сепарирање при преработка на млеко, 3.6 и 3.8 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1) и 2) колострум кој потекнува од животни кои не покажуваат знаци на болести кои можат да се пренесат преку колострумот на луѓето и животните. (3) Увоз на млеко, колострум, производи на база од млеко и други производи добиени од млеко и колострум се врши доколку се исполнети следниве посебни услови: 1) да се произведени со стандардите на преработка и посебните услови за суровина согласно ставовите (1) и (2) од овој член; 2) за млеко, производи на база од млеко и други производи добиени од млеко да се исполнети стандардите на преработка од став (1) точка I подточките 1), 2), 3), и 4) подточка а) од овој член и да се во согласност со став (1) точки II и IV од овој член и во случај на сурутка да е во согласност со став (1) точка III од овој член; 3) за млеко, производи на база од млеко и други производи добиени од млеко, со отстапување од став (1) точка I подточка 2) од овој член, потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листата од трети земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3) и поминале процес на пастеризација и не биле испорачани и пристигнати на ветеринарното инспекциско место на граничен премин најмалку дваесет и еден ден по производството и за време на тој период немало случај на болеста лигавка и шап во земјата на производство; 4) да потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 5) да потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); 6) да се придружени со соодветен ветеринарно здравствен сертификат; Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 10 од 22 7) за колострум и производи од колострум да поминале процес на пастеризација и не биле испорачани и пристигнати на ветеринарното инспекциско место на граничен премин најмалку дваесет и еден ден по производството и за време на тој период немало случај на болеста Лигавка и шап во земјата на производство; 8) за материјалите кои се добиени од животни од видот говеда, животните: а) треба да бидат под официјална ветеринарна контрола која треба да осигура дека фармите во кои се одгледуваат говедата се официјално ослободени од болестите Лигавка и шап и Бруцелоза и колострумот наменет за исхрана не е под забрана од националната легислатва, поврзана со мерките за сузбивање на болестите Лигавка и шап и Бруцелоза, на земјата на потекло и б) треба да бидат официјално ослободени од болеста ензотска говедска леукоза или во официјалниот систем за контрола на болеста ензотска говедска леукоза не постои евидентиран случај на клинички и лабораториски докажана ензотска говедска леукоза во последните две години; 9) по производството превземени се сите превентивни мерки за спречување на вкрстената контаминација и 10) финалниот производ треба да биде означен дека содржи Категорија 3 материјали и не е наменет за исхрана на луѓето и да е спакуван во нови пакувања или доколку се транспортира во збирни контејнери истите треба пред употребата да бидат исчистени и дезинфицирани. (4) Операторот и објектот за производство на млеко, производи на база од млеко и други производи добиени од млеко за користење на сурутката за исхрана на животните може да биде регистриран доколку е одобрен согласно Законот за безбедност на храната(*6). Член 7 Посебни услови за желатин и хидролизирани протени (1) Желатинот и хидролизирани протени треба да ги исполнуваат следните стандарди на преработка: 1) за желатин доколку не е произведен согласно Правилникот за посебните барања за производи од животинско потекло(*5): а) треба да се произведува со процес, со кој обезбедува дека непреработените материјали од Категоријата 3 подлежат на обработка со киселина или база, по која се плакнат еднаш или повеќе пати. pH вредноста треба да биде прилагодена консеквенто. Желатинот треба да се екстрахира со затоплување еднаш или неколку пати едно по друго, а потоа се прочистува со помош на филтрирање или стерилизација; б) по подложувањето на процесот наведен во подточка а) од оваа точка, желатинот може да претрпи процес на сушење, а каде што е соодветно, процес на дробење или ламинирање; в) не треба да се употребуваат конзерванси, освен сулфур диоксид и хидроген пероксид; г) желатинот треба да се обвие, спакува, складира и транспортира под задоволителни хигиенски услови, и тоа: да се обезбеди посебна просторија за складирање на материјали за завиткување и за пакување и завиткувањето и пакувањето треба да се одвиваат во таа просторија, или во место посебно наменето за таа цел, и Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 11 од 22 д) на амбалажите и пакетите кои содржат желатин треба да пишува „желатин наменет за исхрана на животните“ и 2) за хидролизирани протеини: а) треба да се произведуваат со процес на производство кој содржи соодветни мерки со кои контаминацијата на Категоријата 3 материјалите се сведува на минимум. Хидролизираните протеини треба да имаат молекуларна тежина под 10 000 далтони; б) хидролизираните протени, делумно или целосно добиено од кожи и крзна на преживари треба да се произведуваат во преработувачки објект кој е наменет само за производство на хидролизирани протени, со кориситење на процес кој вклучува приготувување на сурови Категорија 3 материјали со саламура, вар и интензивно перење проследено со: изложување на материјалите на pH вредност повисока од 11, повеќе од три часа на температура повисока од 80 °С и веднаш потоа на термичка обработка на повеќе од 140 °С, 30 минути на повеќе од 3,6 бари, или изложување на материјалите на pH вредност од 1 до 2, потоа на pH вредност повисока од 11, проследено со термичка обработка на 140 °С, 30 минути на 3 бари, или еквивалентен производствен процес одобрен од Агенцијата. (2) Суровините за желатин и хидролизирани протеини треба да ги исполнуваат следните посебни услови: а) за желатин опишани во точките 3.1, 3.2, 3.5, 3.6, 3.7, 3.9 и 3.10 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). б) за хидролизираните протеини опишани во точките 3.4, 3.8 и 3.11 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). (3) Увоз на желатин и хидролизирани протени се врши доколку се исполнети следниве посебни услови: 1) да се произведени со стандардите на преработка и посебните услови за суровина согласно ставовите (1) и (2) од овој член; 2) да потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 3) да потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4) и 4) да се придружени со соодветен ветеринарно здравствен сертификат. Член 8 Посебни услови за дикалциум фосфат (1) Дикалциум фосфатот треба да го исполнува следниот стандард за преработка кој се состои од три чекора: 1) коскените материи од Категоријата 3 материјали треба да бидат ситно издробени и обезмастени со топла вода и обработени со растворена хидрохлорна киселина (со минимална концентрација од 4% и pH вредност пониска од 1,5) во тек од најмалку два дена; Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 12 од 22 2) последователно на процесот од точка 1) на овој став, добиената фосфорна течност се обработува со вар, со што се добива талог од дикалциум фосфат со pH вредност од 4 до 7 и 3) на крајот, со воздух се суши талогот на дикалциум фосфат, со влезна температура од 65 до 325 °С и крајна температура помеѓу 30 и 65 °С, или со еквивалентен производствен процес одобрен од Агенцијата и (2) Доколку дикалциум фосфатот е добиен од обезмастени коски, тој треба да се добие од коски кои се исправни за исхрана на луѓето со соодветна анте и пост мортем инспекција. (3) Како суровина за дикалциум фосфат треба да се користи Категоријата 3 материјали и нивните деривати со исклучок на материјалите и нивните деривати опишани во точките 3.13, 3.14, 3.15 и 3.16 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). (4) Увоз на дикалциум фосфат се врши доколку се исполнети следниве посебни услови: 1) да потекнува од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 2) да потекнува од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); 3) да е произведен со стандардите на преработка и посебните услови за суровина согласно ставовите (1) и (2) од овој член и 4) да е придружен со соодветен ветеринарно здравствен сертификат. Член 9 Посебни услови за трикалциум фосфат (1) Три калциум фосфатот треба да ги исполнува следните стандарди на преработка со кој се обезбедува: 1) дека сите Категорија 3 коскените материи се ситно издробени и обезмастени со топла вода (со делови на коски до 14 мм); 2) континуирано варење со пареа на 65°С во текот на 30 минути на 4 бара; 3) издвојување на протеинскиот течен дел од hydroxyapatite (tricalcium phosphate) со центируфиграње и 4) гранулирање на трикалциум фосфат по сушење во флуидна постела со воздух на 200°С, или, со еквивалентен производствен процес одобрен од Агенцијата. (2) Како суровиниа за трикалциум фосфат треба да се користи Категоријата 3 материјали и нивните дривати со исклучок на материјалите и нивните деривати опишани во точките 3.13, 3.14, 3.15 и 3.16 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). (3) Увоз на трикалциум фосфат се врши доколку се исполнети посебните услови од член 8 став (4) точки 1), 2) и 4) и да е произведен со стандардите на преработка и посебните услови за суровина согласно ставовите (1) и (2) од овој член. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 13 од 22 Член 10 Посебни услови за колаген (1) Колагенот треба да ги исполнува следните стандарди на преработка: 1) да биде произведен со процес со кој се обезбедува дека непререботениот Категорија 3 Материјал е подлежен на третман, кој вклучува перење, рН прилагодување со користење на киселина или база следено со едно или повеќе плакнења, филтрации и екструзии. По третманот, колагенот може да подлежи на просец на сушење и 2) употреба на конзерваси, освен на оние кои се одобрени, не е дозволена. (2) Како суровиниа за колаген треба да се користи Категоријата 3 материјали и нивните дривати со исклучок на материјалите и нивните деривати опишани во точките 3.13, 3.14, 3.15 и 3.16 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). (3) Складирањето на колаген добиени од Категорија 3 материјали треба да ги исполни следните посебни услови: 1) да се обезбеди посебна просторија за складирање на материјали за завиткување и за пакување; 2) завиткувањето и пакувањето треба да се одвиваат во таа просторија, или во место посебно наменето за таа цел и 3) на амбалажите и пакетите кои содржат колаген треба да пишува „колаген погоден за исхрана на животните“. (4) Увоз на колаген се врши доколку се исполнети посебните услови од член 8 став (4) точки 1), 2) и 4) и да е произведен со стандардите на преработка и посебните услови за суровина и складирање согласно ставовите (1), (2) и (3) од овој член. Член 11 Посебни услови за производи од јајца (1) Производите од јајца треба да ги исполнува следните стандарди на преработка: 1) да подлежат на некој од постапките за преработување со Методите 1, 2, 3, 4 и 5 и Метод 7 утврдени во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло; 2) да се подложени на метод кој обезбедуваат дека производите се во согласност со основните микробиолошки стандарди, или 3) да се третирани во согласност со членовите 81, 82, 83, 84, 85 и 86 од Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло(*9). (2) Како суровини за производство на производи од јаца треба да се користат Категоријата 3 материјали и нивните дривати опишани во точките 3.5, 3.6 и 3.11.2 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1). (3) Увоз на производи од јајца се врши доколку се исполнети посебните услови од член 8 став (4) точки 1), 2) и 4) на овој правилник и да се произведени со стандардите на преработка и посебните услови за суровина согласно ставовите (1) и (2) од овој член. Член 12 Посебни услови на нуспроизводи од животинско потекло опишани во точката 3.6 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло наменти за исхрана на фармски животни, со исклучок на крзнени животни (1) Нуспроизводи од животинско потекло опишани во точката 3.6 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1) наменети за исхрана на фармски животни, со исклучок на крзнени животни треба да ги исполнува следните стандарди на преработка: Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 14 од 22 1) да се преработени во соогласност со поимот од член 4 точка 29 од Законот за безбедност на храната(*7) или се третирани во согласност со Законот за нуспроизовди од животинско потекло(*8); 2) да се составени или да содржат една или повеќе материјали опишани во точката 3.6 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1) и тоа: а) млеко; б) производи на база од млеко; в) деривати од млеко; г) јајца; д) производи од јајца; ѓ) мед; е) преработени масти; ж) колаген и з) желатин; 3) не биле во контакт со други Категорија 3 материјали и 4) да се преземени се превентивни мерки за спречување на контаминацијата на нуспроизводите од животинско потекло. (2) Увоз на нуспроизводи од животинско потекло опишани во точката 3.6 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1) наменти за исхрана на фармски животни, со исклучок на крзнени животни, се врши доколку се исполнети посебните услови од член 8 став (4) точки 1), 2) и 4) на овој правилник и да се произведени со стандардите на преработка согласно ставот (1) од овој член. Член 13 Посебни услови за одредена храна за риби и мамки за риболов (1) Нуспроизводите од животинско потекло од риби и водни безрбетници и нивните деривати наменети за исхрана на фармски риби или на други видови од аквакултурата треба да ги исполнува следните стандарди на преработка: 1) да бидат ракувани и преработени одделно од материјалите кои не се наменети за исхрана на фармски риби или на други видови од аквакултурата; 2) да потекнуваат од: а) диви риби или други диви водени животни, освен морски цицачи, уловени од комерцијални причини, или од нуспроизводи од диви риби со потекло од објекти за преработка на риби наменети за исхрана на луѓето, или б) од фармски риби, со намена за исхрана на фармски риби од други видови и 3) да се преработени во преработувачки објекти во согласност со методите кои обезбедуваат микробиолошки безбеден производ особено од патогените микроорганизми кај рибите. (2) Со цел да се превенираат неприфатливи ризици за ширење на заразни болести на луѓето и животните, и по утврдување на дополнителни услови од страна на Агенцијата согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство, може да се употребуваат водни животни и водни и земни безрбетници како: а) храна за животни за фармски риби или за водни безрбетници, кога нуспроизводите од животинско потекло не се преработени согласно став (1), точка 3) од овој член и б) мамки за риболов, вклучувајќи мамки за водни безрбетници. (3) Увоз на одредена храна за риби и мамки за риболов се врши доколку се исполнети посебните услови од член 8 став (4) точки 1), 2) и 4) на овој правилник и да се произведени со стандардите на преработка согласно ставот (1) од овој член. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 15 од 22 Член 14 Услови кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и технички објекти (1) Објектите за производство на храна и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло треба да ги исполнуваат следните услови: 1) да работат во согласност со посебните услови за производите кои се произведуваат во нив утврдени со овој правилник; 2) да се усогласени со посебните услови за производство, утврдени во овој член; 3) да се утврдат и спроведат методи на мониторинг и контрола на критичните контролни точки, врз основа на процесот кој се користи; 4) во зависност од производите, да зема мостри за анализа во овластена лабораторија од страна на Агенцијата, за проверка на усогласеноста со стандардите, утврдени во членoвите 11 и 12 од Законот за ветеринарно здравство; 5) операторот да ја чува евиденција за добиените податоци, во согласност со точките 2) и 3) од овој став, за презентирање на Агенцијата. Резултатите од прегледите и тестовите се чуваат најмалку две години и 6) да се известува Агенцијата, доколку резултатот од лабораториското испитување, наведено во точката 3) од овој став, или од секои други достапни информации, се открие постоење на сериозна опасност по здравјето на животните или на луѓето. (2) Објектите во кои се произведува храна за домашни миленици, грицкалици и технички производи, треба да: 1) поседуваат соодветни простории за складирање и обработка на пристигнатите материјали со комплетна безбедност и 2) поседуваат соодветни простории за нештетно отстранување на неискористените нуспроизводи од животинско потекло, кои остануваат по производството на производите, во согласност со член 14 од Законот за нуспроизводи од животинско потекло, или овие материјали треба да се испратат во преработувачки објекти, или во објекти за горење или согорување, во согласност со член 14 од Законот за нуспроизводи од животинско потекло. (3) Нуспроизводите од животинско потекло кои единствено можат да се користат во производството на храна за домашни миленици и грицкалици за домашни миленици се следните производи: 1) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6), но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; 2) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести кои се преносливи врз луѓето или животните, и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); 3) сурова кожа и крзна, копита и рогови, свински четини и пердуви од животни кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитарен преглед и утврдување на исправност за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); 4) крв од животни, освен од преживари, кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно здравствен преглед, исправни за исхрана на луѓето; 5) нуспроизводи од животинско потекло, добиени со текот на производство на производи за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и обезмастените коски и чварки; 6) неискористена храна од животинско потекло, или неискористена храна, која содржи производи од животинско потекло, освен помии, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, или заради проблеми во производството, или дефекти во пакувањето, или други дефекти кои не претставуваат било каков ризик за луѓето или животните; Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 16 од 22 7) сурово млеко од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; 8) риби или други морски животни, освен морските цицачи, уловени на отворено море за потребите од производство на рибино брашно; 9) свежи нуспроизводи од риба од објекти за производство на производи од риба за исхрана на луѓето и 10) лушпи од јајца, нуспроизводи од инкубатори и нуспроизводи од скршени јајца кои потекнуваат од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, кои преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните. (4) Суровата храна за домашни миленици може да се произведува само од: 1) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6), но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини и 2) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести кои се преносливи врз луѓето или животнитеи кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со Законот за безбедност на храната(*6). (5) Конзервираната храна за домашни миленици треба да подлежи на термичка обработка со минимална Fc вредност од 3. (6) Преработената храна за домашни миленици, со исклучок на конзервираната храна за домашни миленици, треба да подлежи на термичка обработка низ целата нејзина супстанца од најмалку 90 °С. По третманот, треба да се преземат сите мерки на претпазливост за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација. Производот треба да се пакува во нова амбалажи. (7) Грицкалиците за домашните миленици треба да подлежат на термички третаман кој е доволен да се уништат патогените организми, вклучително и салмонелата. По третманот, треба да се преземат сите мерки на претпазливост за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација. Производот треба да се пакува во нова амбалажа. (8) Суровата храна за домашни миленици треба да се пакува во нова амбалажа, која спречува пропуштање. Треба да се преземат ефективни чекори за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација во текот на производствениот ланец, сé до моментот на продажба. Зборовите „само храна за домашни миленици“ треба видливо и читливо да биде истакната на амбалажата. (9) Во текот на производството и/или во текот на складирањето, пред испораката треба да се земат мостри по случаен избор, за да се утврди усогласеноста со следниве стандарди: Salmonell: отсуство во 25 гр.: n = 5, c = 0, m = 0, M = 0 Enterobacteriaceae: n = 5, c = 2, m = 10, M = 300 in 1 g каде: n = број на мостри кои треба да се тестираат. m = прагот на вредност на бројот на бактерии, резултатот се смета задоволителен доколку бројот на бактерии во сите примероци не ја надминува m. М = максималната вредност за бројот на бактерии, резултатот се смета незадоволителен доклку бројот на бактерии во еден или повеќе мостри е М или поголем, и с = број на мостри на пресметаните бактерии, кој може да биде меѓу m и М, мострата сеуште се смета за прифатлива, доколку бројот на бактерии во другите примероци е m или помал. Во секој случај, за конзеривираната храна за домашни милеицни која е подложена на термички третман согласно став 2 од овој член, мостриратње и тестирањето на Salmonell и Enterobacteriaceae не е неопходно. (10) Увозот на храна за домашни миленици и кучешки грицкалици се врши доколку: Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 17 од 22 1) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 2) потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); 3) се произведени во согласност со Законот за нуспроизоди од животинско потекло(*8) и 4) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. Член 15 Посебни услови за додатоци за зачинување за производство на храна за домашни миленици (1) Следните производи може да се користат за призводство на течни/дехидририрани препработени производи од животинско потекло кои се користат за засилување на вкусните вредности на храната за домашни миленици: 1) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6), но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; 2) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); 3) сурова кожа и крзна, копита и рогови, свински четини и пердуви од животни кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно здравствен преглед и по утврдување на исправност за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); 4) крв од животни, освен од преживари, кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно здравствен преглед, и по утврдување на исправност за исхрана на луѓе, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); 5) нуспроизводи од животинско потекло, добиени со текот на производство на производи за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и обезмастените коски и чварки; 6) неискористена храна од животинско потекло, или неискористена храна, која содржи производи од животинско потекло, освен помии, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, или заради проблеми во производството, или дефекти во пакувањето, или други дефекти кои не претставуваат било каков ризик за луѓето или животните; 7) сурово млеко од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; 8) риби или други морски животни, освен морските цицачи, уловени на отворено море за потребите од производство на рибино брашно; 9) свежи нуспроизводи од риба од објекти за производство на производи од риба за исхрана на луѓето и Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 18 од 22 10) лушпи од јајца, нуспроизводи од инкубатори и нуспроизводи од скршени јајца кои потекнуваат од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните. (2) Додатоците за зачинување на храната на домашни миленици треба да подлежат на метод на третман и параметри, кои обезбедуваат дека производот ги исполнува основните микробиолошки стандарди. По третманот, треба да се преземат сите мерки на претпазливост за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација. (3) Крајниот производ треба: 1) да биде спакуван во нова или стерилизирана амбалажа или 2) транспортиран рефузно или во контејнер или со некое друго средство на транспорт кои се детално исчистени и дезинфицирани со средства за дезинфкеција одобрен од државниот ветеринарен инспекторат пред употребата. (4) Увоз на додатоци за зачинување на храна за домашни миленици се врши доколку се исполнети посебните услови од член 8 став (4) точки 1), 2) и 4) на овој правилник и се произведени во согласност со Законот за нуспроизоди од животинско потекло(*8). Член 16 Посебни услови за увоз на нуспроизводи од животинско потекло наменети за производство на храна за домашни миленици, фармацевтски производи и други технички производи (1) Категорија 1 материјали наведен во точките 1.1, 1.2, 1.4 и 1.5 на став 1. од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1) не треба да се употребуваат за производство на преработени производи коишто се наменети за употреба или примена на луѓе или животни, освен за следниве преработени производи: козметички производи; активни медицински помагала; медицински помагала; ин витро дијагностички медицински помагала; ветеринарни медицински препарати; медицински препарати; деривати кои не се наменети за исхрана на фармски животни и за апликација на земја од која фармските животни би се хранеле и деривати наменти за исхрана на крзнени животни. (2) Доколку нуспроизводот од животинско потекло или нивниот дериват се користи за исхрана на фармски животни, за апликација на земја од која фармските животни би се хранеле а не се наменети за исхрана на крзнени животни, тие се ставаат во промет, освен за увоз, во согласност со посебните барања за преработени животински протеини и други преработени производи, под услов да се не утврдени какви било посебни барања за таквите производи. (3) Операторите ги исполнуваат барањата за ставање во промет, освен за увозот, за храна за домашни миленици, доколку обезбедат: 1) услови за пласирање на пазарот на увезена храна за домашни миленици или храна за домашни миленици произведена од увезени материјали, од Категорија 1 материјал наведен во точка 1.3 на член 1. од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло(*1); 2) условите за безбедно наоѓање на извори и движење на материјалот кој треба да се користи под услови кои исклучуваат ризици врз здравјето на луѓето и животните; 3) документација; Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 19 од 22 4) параметри за процесот на производство, особено во врска со примената на физички и хемиски обработки на употребениот материјал; 5) услови за тестирање кои се применливи на крајниот производ и 6) услови за безбедна употреба на изведени производи кои наметнуваат ризик врз здравјето на луѓето и животните. (4) Увоз на нуспроизводи од животинско потекло наменети за производство на храна за домашни миленици, фармацевтски производи и други технички производи, се врши доколку: 1) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит(*3); 2) потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти утврдени во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*4); 3) се состојат само од следните нуспроиводи од животинско потекло: а) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6), но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; б) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести кои се преносливи врз луѓето или животните, и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); в) сурова кожа и крзна, копита и рогови, свински четини и пердуви од животни кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитарен преглед и по утврдување на исправност за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); г) крв од животни, освен од преживари, кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно здравствен преглед, и по утврдување на исправност за исхрана на луѓе, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6); д) нуспроизводи од животинско потекло, добиени со текот на производство на производи за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и обезмастените коски и чварки; ѓ) неискористена храна од животинско потекло, или неискористена храна, која содржи производи од животинско потекло, освен помии, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, или заради проблеми во производството, или дефекти во пакувањето, или други дефекти кои не претставуваат било каков ризик за луѓето или животните; е) сурово млеко од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; ж) риби или други морски животни, освен морските цицачи, уловени на отворено море за потребите од производство на рибино брашно; з) свежи нуспроизводи од риба од објекти за производство на производи од риба за исхрана на луѓето; Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 20 од 22 ѕ) лушпи од јајца, нуспроизводи од инкубатори и нуспроизводи од скршени јајца кои потекнуваат од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните и 4) нуспроизводите од животинско потекло за употреба како храна за крзнаши или за употреба како сирова храна треба да се состојат само од следните делови: а) од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со Законот за безбедност на храната(*6), но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини или б) од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести кои се преносливи врз луѓето или животните, и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со Законот за безбедност на храната(*6). 5) се длабоко замрзнати во објектот на потеклото или се конзервирани на начин кој обезбедува да се спречи расипување во периодот помеѓу испораката и приемот во објектот на дестинација; 6) се преземени сите мерки на претпазливост за да се избегне повторувања на контаминацијата со патогени агенси; 7) се спакувани во нови амбалажи со кои се спречува секакво пропуштање; 8) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат и 9) по спроведената контрола од граничниот ветеринарен инспектор, тие се транспортираат: а) директно во објект за производство на храна за домашни миленици или во технички објект, со што се гарантира дека нуспроизводите од животинско потекло ќе се користат исклучиво за дозволената намена и дека нема да го напуштат објектот необработени или б) во интермедијарен објект или в) во одобрен и регистриран корисник или центар за собирање, кој гарантира дека нуспроизводите од животинско потекло ќе се користат едниствено за дозволените цели, одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 17 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престануваат да важат одредбите од членовите 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 од Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Kатегорија 3 материјали и посебните услови за преработени животински протеини и други преработени производи кои може да се користат како материјал за исхрана на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 152/09) и одредбите од членовите 2, 3, 4, 13 и 16 од Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ бр. 110/10). Член 18 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-1004/1 Директор на Агенцијата 15 март 2017 година за храна и ветеринарство, Скопје м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 21 од 22 (*1) Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло е усогласена со Регулатива (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Советот од 21 октомври 2009 година за утврдување на здравствени правила за нуспроизводи од животинско потекло и изведени производи кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002. (*2) Законот за нуспроизводи од животинско потекло е усогласен со Регулатива (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Советот од 21 октомври 2009 година за утврдување на здравствени правила за нуспроизводи од животинско потекло и изведени производи кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002. (*3) Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит е усогласен со Регулатива (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Советот од 21 октомври 2009 година за утврдување на здравствени правила за нуспроизводи од животинско потекло и деривати на нуспроизводи кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002, Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 142/2011 од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нуспроизводи од животинско потекло и преработени производи од нив кои не се наменети за исхрана на луѓето и спроведување на Директивата 97/78/EЗ на Советот во однос на одредени примероци и предмети кои се ослободени од гранични ветеринарни проверки и прегледи според истата Директива CELEX бр. 32011R0142, Директива на Советот бр. 97/78/EЗ од 18 декември 1997 година за утврдување на принципите за регулирање на организацијата на ветеринарните контроли на производи кои влегуваат во Заедницата од трети земји и Регулатива (ЕЗ) бр. 882/2004 на Европскиот Парламент и на Советот од 29 април 2004 година за вршење службени контроли со цел да се обезбеди проверка на придржувањето со законодавството за добиточна храна и храна за луѓе, како и до правилата за здравје на животните и благосостојба на животните. (*4) Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло е усогласен со Одлука на Комисијата 2004/211/EЗ од 6 јануари 2004 година за утврдување на списокот на трети земји и на делови на територии од нив од кои земјите-членки дозволуваат увоз на живи непарнокопитари и семе, јајце клетки и ембриони од непарнокопитари, и за измена на одлуките 93/195/EEЗ и 94/63/EЗ, Одлука на Комисијата 2006/766/EЗ од 6 ноември 2006 година за воспоставување листи на трети земји и територии од кои е дозволен увоз на мекотели со двоен оклоп, иглокожи, туникати, морски полжави и рибни производи, Одлука на Комисијата 2007/777/ЕЗ од 29 ноември 2007 година за утврдување на условите за здравјето на животните и за здравјето на луѓето и модел на потврди за увоз на одредени производи од месо и обработени желудници, мочни и жолчни меури и црева за човекова исхрана од трети земји и за укинување на Одлукa 2005/432/ЕЗ, Регулатива (ЕЗ) бр. 798/2008 на Комисијата од 8 август 2008 за утврдување на листа на трети држави, територии, зони или предели од кои живината и живинарските производи може да се увезат во или да транзитираат низ Заедницата и барања за ветеринарни уверенија, Регулатива (ЕЗ) бр. 1251/2008 на Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2017 година 22 од 22 Комисијата од 12 декември 2008 година, за спроведување на Директивата 2006/88/ЕЗ на Советот во однос на условите и барањата за сертификација за пуштање во промет и за внесување во Заедницата на водни животни и производи од истите и за утврдување на листа на видови преносители, Регулатива на Комисијата (EЗ) бр. 119/2009 од 9 февруари 2009 во која е пропишана листа на трети земји или делови од нив, за увоз во, или транзит низ Унијата на месо од диви зајаци, на одредени диви копнени цицачи и на фармски одгледувани зајаци и барањата за ветеринарно здравствена сертификација, Регулатива на Комисијата (EУ) бр. 206/2010 од 12 март 2010 во која е пропишана листа на трети земји, територии или делови од нив од кои се врши увоз во Европската Унија на одредени животни и свежо месо и барањата за ветеринарно здравствена сертификација, Регулатива на Комисијата (EУ) бр. 605/2010 од 2 јули 2010 во која се пропишани условите за здравјето на животните и јавното здравје и барањата за ветеринарно здравствена сертификација за внес во Европската Унија на свежо млеко, млечни производи, колострум и производи на база на колострум наменети за исхрана на луѓе, Регулатива на Комисијата за спроведување (EУ) 2016/759 од 28 април 2016 за одредување на листи на трети земји, делови од трети земји и територии од кои земјите членки одобруваат внес во Унијата на одредени производи од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе, за пропишување на барањата за сертификација, за изменување на Регулативата (EЗ) бр. 2074/2005 и за укинување на Одлуката 2003/812/EЗ. (*5) Правилникот за посебните барања за храна од животинско потекло е усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 853/2004 на Европскиот Парламент и на Советот од 29 април 2004 година за утврдување на посебни хигиенски правила за храна од животинско потекло. (*6) Законот за безбедност на храната е усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 853/2004 на Европскиот Парламент и на Советот од 29 април 2004 година за утврдување на посебни хигиенски правила за храна од животинско потекло. (*7) Член 4 точка 29 од Законот за безбедност на храната е усогласен со член 2 (1) (м) од Регулатива (ЕЗ) бр.852/2004 на Европскиот Парламент и на Советот од 29 април 2004 година за хигиена на прехранбените производи. (*8) Законот за нуспроизвoди од животинско потекло е усогласен со Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 142/2011 од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нуспроизводи од животинско потекло и преработени производи од нив кои не се наменети за исхрана на луѓето и спроведување на Директивата 97/78/EЗ на Советот во однос на одредени примероци и предмети кои се ослободени од гранични ветеринарни проверки и прегледи според истата Директива. (*9) Членовите 81, 82, 83, 84, 85 и 86 од Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло се усогласени со Поглавјата I, II и III од Оддел X од Анекс III на Регулативата (ЕЗ) бр. 853/2004 на Европскиот Парламент и на Советот од 29 април 2004 година за утврдување на посебни хигиенски правила за храна од животинско потекло.