跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the processing and on the manner and method of determining the quality and categorization of cattle and classification of carcasses and half-carcasses (cattle)

颁布于 2012-01-23 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на обработка на трупот за оцена како и начинот и методите на одредување на квалитетот со категоризација на говедата и класирањето на труповите и половинките на говедата.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
food safety and quality, cattle, classification/declassification, processing/handling

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 1 од 3 20120140460 Врз основа на член 75, став (4) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОБРАБОТКА НА ТРУПОТ ЗА ОЦЕНА КАКО И НАЧИНОТ И МЕТОДИТЕ НА ОДРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ СО КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ГОВЕДАТА И КЛАСИРАЊЕТО НА ТРУПОВИТЕ И ПОЛOВИНКИТЕ НА ГОВЕДАТА (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на обработка на трупот за оцена како и начинот и методите на одредување на квалитетот со категоризација на говедата и класирањето на труповите и половинките на говедата. Член 2 (1) За оцена на квалитетот и класирање, труповите или половинките од говеда примарно се обработуваат по искрвавувањето, вадењето на внатрешните органи евисцерацијата и дерењето. (2) Примарно обработениот труп или половинка од говедо е труп или половинка без глава и нозе, без органите од торакалната и стомачната празнина, без сексуалните органи и за нив врзаните мускули и без вимето и мамарната маст. Главата треба да е одвоена од трупот или полутката во атлоидо-окципиталниот зглоб, а нозете треба да се отстранети во карпо-метакарпалниот или тарзо-метатарзалниот зглоб. (3) Примарно обработениот труп или половинка од говедо може да биде со или без бубрезите, бубрежната и пелвичната маст. Член 3 (1) Одредување на квалитетот со категоризација на говеда и класирањето на труповите и половинките од говеда се врши со оценување на меснатоста (конформација) и покриеноста на трупот со масно ткиво (степен на масна обвивка). (2) Одредувањето на квалитетот со категоризација на говеда и класирањето на труповите и половинките во соодветните класи со оценување на меснатоста (конформација) и покриеноста на трупот со масно ткиво (степен на масна обвивка) се врши врз основа на меснатоста и степенот на масна обвивка на профилите на труповите дадени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Дополнително одредување на квалитетот со категоризација на говеда и класирање на труповите и половинките во соодветните класи со оценување на меснатоста (конформација) и покриеноста со масно ткиво (степен на масна обвивка) се врши врз основа на меснатоста на есенцијалните (основните делови) на трупот или половинката (бутот, грбот и рамената) и степенот на масна обвивка на надворешната страна на трупот и во градниот кош, дадени во Прилогoт кој е составен дел на овој правилник. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од говеда, свињи, овци и кози, CELEX бр. 32008R1249. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 2 од 3 Член 5 Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник престанува да се применува Правилникот за квалитетот на месото од добиток за колење, од живина и од дивеч („Службен лист на СФРЈ “ бр. 34/74, 26/75 и 13/78). Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ а ќе отпочне да се применува од 1 jануари 2013 година. Број 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 3 од 3

Regulation on the processing and on the manner and method of determining the quality and categorization of cattle and classification of carcasses and half-carcasses (cattle) · Nelum