跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the procedure of registration of legal entities that import and/or re-export, the form and content of the records on import and/or re-export

颁布于 2008-05-13 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот и постапката на регистрација на правни лица кои вршат увоз и/или повторен извоз и формата и содржината на евиденцијата за увоз и/или повторен извоз.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
internal trade, international trade, registration, data collection/reporting, legal proceedings/administrative proceedings
类别
*

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 1 од 4 20080671200 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 76 став (6) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УВОЗ И/ИЛИ ПОВТОРЕН ИЗВОЗ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА УВОЗ И/ИЛИ ПОВТОРЕН ИЗВОЗ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката на регистрација на правни лица кои вршат увоз и/или повторен извоз (во понатамошен текст : оператори со храна), формата и содржината на евиденцијата на увоз и/или повторен извоз. Член 2 (1) Правните лица кои вршат увоз и/или повторен извоз заради отпочнување на активностите поврзани со увоз и/или повторне извоз поднесуваат барање за нивна регистрација до Управата за ветеринарство. (2) При поднесување на барање за регистрација правните лица кои вршат увоз и/или повторен извоз, треба да ги приложат следните документи : Документ потврда од регистрирана дејност од надлежен орган со предмет на дејност. Документ Одобрение од Управата за ветеринарство за регистрација или одобрување на објектот во однос на производство преработка и/или складирање на живи животни, храна од животинско потекло и добиточна храна или други производи за исхрана на животните. Опис на објектот со шема на сите рабони простории со технички опис на опремата. Опис на постапката на работење со сите помошни фази. Проценети дневни, годишни и максимални капацитети за производство, преработка и складирање. Опис на процедура за одржување на хигиена и контрола на штетници. Опис на процедурата на системот на внатрешна контрола. (3) Барањето за регистрација и отпочнување со работа на објектите и операторите со храна, е дадено во Прилог бр. 1 кој е составен дел од овој правилник. Член 3 (1) За секоја промена на условите во поглед на активностите, просториите или престанок на работа на објектите и операторите со храна, операторите со храна треба да поднесат пријава до Министерството за земјоделство, шумарство и водопстопанство Управа за ветеринарство. (2) Пријавата за промена на активности, простории или престанок на работа на операторите со храна и објектите, е дадена во Прилог бр. 2 кој е составен дел од овој правилник. Член 4 (1) Операторот со храна се бриши од регистерот во следните случаи: 1) на барање на сопственикот, односно корисникот на објектот; Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 2 од 4 2) поради престанок на вршење на дејност за време подолго од 6 месеци; 3) поради престанок на исполнување на пропишаните услови. (2) Во случај од став 1 точка 2) и 3) од овој член, бришењето од регистерот се врши врз основа на предлог на државниот ветеринарен инспектор во прилог на што се поднесува и записникот од државниот ветеринарен инспектор во кој е утврдена фактичката состојба на објектот. Член 5 (1) Правните лица кои вршат увоз и/или повторен извоз водат евиденција за пратките точно наведувајќи ги следните податоци: 1)местото на потекло, податоците за предходниот сопственик и датумот на испраќање; 2)местото на испорака, податоци за купувачот и датумот на испорака. 3)видот и бројот на животни или категоријата и количината на производи и 4)податоците за придружниот документ за животни и производи. (2) Евиденцијата се води во форма на книга на евиденциски листови. (3) Евиденциските листови го содржат следниот текст: назив на правното лице; адреса на седиштето на фирмата; матичен број на фирмата и даночен број на правното лице; адреса на објектот; местото на потекло, податоците за предходниот сопственик и датумот на испраќање; местото на испорака, податоци за купувачот и датумот на испорака; видот и бројот на животни или категоријата и количината на производи и податоците за придружниот документ за животни и производи (4) Евиденцијата и документите кои ја придружуваат пратката од став (1) на овој член треба да се чуваат најмалку три години. Роковите почнуваат да течат за евиденцијата, на крајот од календарската година кога е направен последниот влез, а за документите кои ја придружуваат пратката, на крајот од календарската година кога животните или производите се примени. Член 9 (1) Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 11-6864/1 13 мај 2008 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 3 од 4 Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 4 од 4

Regulation on the procedure of registration of legal entities that import and/or re-export, the form and content of the records on import and/or re-export · Nelum