Regulation on the procedure of obtaining the approval of transporters and the transport of food and other products of animal origin
颁布于 2012-05-08 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот и постапката на добивање на одобрение на превозниците и превозните средства за храна и други производи од животинско потекло.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- food safety and quality, hygiene/sanitary procedures, transport/storage, authorization/permit, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 73 од 11.6.2012 година 1 од 3 20120731998 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 74 став (5) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11 и 136/11) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ И ПРЕВОЗНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ХРАНА И ДРУГИ ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот и постапката на добивање на одобрение на превозниците и превозните средства за храна и други производи од животинско потекло. Член 2 Превозните средства, контејнерите со сите составни делови, како и придружната опрема треба да се во согласност со член 14 од Правилникот за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите барања за храна. Член 3 (1) Одобрение за превозници и превозни средства за храна и други производи од животинско потекло издава официјален ветеринар или лице овластено од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. (2) Одобрението за превозни средства на операторите со храна и други производи од животинско потекло, кои се одобрени или регистрани, се издава во текот на постапката на одобрување или регистрација согласно прописите за безбедност на храна. (3) За да се издаде одобрението од став (1) на овој член превозниците треба до Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата), односно до подрачната единица на Агенцијата, да достават барање кое ги содржи следните податоци: 1) назив на подносител на барањето; 2) адреса на седиштето на подносителот на барањето, телефон, факс, електронска пошта; 3) единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице; 4) име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот и 5) име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице. (4) Кон барањето од ставот (3) на овој член превозниците треба да ја достават и следната документација: 1) тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постар од шест месеци; 2) приказ на организацијата на работата и биланс на работната сила (број на вработени со систематизацијата-опис на работни места, односно доказ за квалификуваност на персоналот; 3) пишани стандардни оперативни процедури во поглед на превозот и безбедноста на храната; 4) доказ за сопственост на превозните средства; Службен весник на РМ, бр. 73 од 11.6.2012 година 2 од 3 5) список на превозните средства и опремата со главни технолошко-технички карактеристики; 6) доказ дека се регистрирани правни лица и 7) доказ дека поседуваат соодветни објекти за чистење и дезинфекција или да обезбедат документирана евиденција дека овие операции се изведени од трето лице. (5) Формата и содржината на барањето од став (3) на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) Носителот на одобрението за превоз на храна и други производи од животинско потекло треба веднаш да ја извести Агенцијата за секоја настаната промена, која не е опфатена со одобрувањето, или за престанок на работа. (2) Во случај на промена на превозното средство, одобрениот превозник со барање упатено до Агенцијата може да побара дополнување на одобрението за превозни средства. Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11-589/3 8 мај 2012 година Директор Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 73 од 11.6.2012 година 3 од 3