跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the procedure, manner of preparation, content of reports on conditions and changes in the space and deadlines for their submission

颁布于 2005-05-16 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за постапката, начинот на изготвување, содржината на извештаите за состојбите и промените во просторот и рокови за нивно доставување.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Land and soil
关键词
data collection/reporting, land-use planning, procedural matters

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 5 став 2 од Законот за спроведување на Просторниот план на Репуб лика Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 39/04), министерот за животна средина и просторно планирање донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСТАПКАТА, НАЧИНОТ НА ИЗГОТВУВАЊЕ, СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАИТЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ И ПРОМЕНИТЕ ВО ПРОСТОРОТ И РОКОВИ ЗА НИВНО ДОСТАВУВАЊЕ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се уредува постапката и начинот на изготвување, роковите за до ставување, како и содржината на извештаите што ги изготвуваат органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните служби, организациите, претприја тијата, установите, институциите, и другите правни лица (во натамошниот текст: изве штајни единици), за состојбите и промените во просторот, од својата област и истите ги доставуваат до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на просторното планирање. Член 2 Извештаите за состојбите и промените во просторот се однесуваат на настанатите про мени, следени од извештајната единица. Извештаите од став 1 на овој член, се доставува на Информативен лист, според Образец . Информативниот лист се изготвува согласно Упатството за изготвување на Информа тивниот лист. Образецот и Упатството за изготвување на Информативниот лист се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Покрај податоците содржани во Извештајот од член 2 на овој правилник, а во случај на потреба, органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на про сторно планирање може да побара дополнителни податоци за состојбите и промените во просторот од соодветните документи на извештајната единица. Член 4 Извештајните единици, извештаите од член 2 став 1 на овој правилник ги доставуваат, до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на просторното планирање, најмалку еднаш годишно, а најдоцна до 31 јануари,во тековната година, со по датоци за претходната година. II. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 5 Со денот на влегување во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за документација на просторот (�Службен весник на СРМ� бр. 20/87). Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во �Службен вес ник на Република Македонија�. Бр. 15-1460/3 Министер за животна средина 16 мај 2005 година и просторно планирање, Скопје д-р Зоран Шапуриќ, с.р. 1 2 3 4 УПАТСТВО ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИНФОРМАТИВНИОТ ЛИСТ Податок 1 Во точка 1 се внесуваат податоци за следењето и промената на одделни на мени на просторот во рамките на вкупната површина. Податокот за проме ната се зема од нумеричките податоци (култура, класа, површина и др.), кои се евидентирани за тоа земјиште во катастарскиот операт на земјиштето, односно недвижностите. Како пример под обработливо земјиште се подраз бира: ораници, овоштарници, лозја, ливади, трстини. Водени површини оп фаќаат природни езера, акумулации, водотеци. Инфраструктура надвор од населеното место, патишта, железници, аеодроми и придружни објекти. По вршини во рударство - само површини над земја. Неплодни површини: ка мењари, буични простори. Сите податоци се претставуваат во хектари. Податок 2 Во точка 2 се внесуваат податоци за површина на пренамената на непроду ктивното во продуктивно земјиште. Се означува локалитетот каде е изврше на квалитативната промена и големината на зафатот во хектари. Податок 3 Во точка 3 се внесуваат податоци за локалитетите каде е реализирано пошу мувањето, класата на земјиштето и обемот на пошумувањето во хектари. Податок 4 Во точка 4 се внесуваат податоци за локалитетот каде е реализиран си стемот за наводнување (или е во градба); површина на наводнуваното земјиште во ха; должина на основната и деталната мрежа за наводнува ње; изворник на вода и капацитет на изворникот. Во точка 4а се внесуваат податоци за локалитетот на реализираниот си стем за одводнување (или е во градба), површина која се одводнува (ха); должина на основната и детална каналска мрежа (км); реципиент. Податок 5 и 6 Во точка 5 и 6 се внесуваат податоци за зголемувањето на изградената повр шина на населените места односно зголемувањето на опфатот на градежниот реон на населените места (со објекти и придружни содржини изразено во хе ктари) , како и културата и класата на земјиштето (од I - VIII) на кое е извр шено проширувањето на населеното место. Податок 7 Во точка 7 од Образец 1 се внесуваат податоци за делница, должина и површина на сообраќајниците реализирани (асфалтирани) и тоа оддел но за магистрални, регионални и локални патишта со придружни обје кти (или во градба). Податок 8 Во точка 8 се внесуваат податоци за ново изградени хидроелектрани и мини електрани (или во градба) потребно е да се наведе локалитетот, ин сталирана снага и годишно производство на електраните. Истото се однесу ва и за термоелектрани. За новите јагленокопи потребно е да се наведе локалитетот и зафатена та површина а за новите регистрирани појави на геотермална вода, ло калитетот, протокот и температурата на испуст. За обновливите извори на енергија потребно е да се наведе локалитетот, инсталираната снага и годишното производство. За гасоводниот систем, гасните подстаници како и за нафтоводите и проду ктоводите треба да се наведе локалитетот, изградената должина и годишна та потрошувачка. Податок 9 Во точка 9 се внесуваат податоци за локалитет каде е изградена, или е во тек на градба (да се назначи) акумулацијата со нејзина зафатнина (м3); зафатнина на ретензиониот и корисниот простор; површина на водното огледало; кота на максимално, нормално и минимално ниво на водата; кота на круната на браната; висина на браната; тип на браната; нејзината намена; квалитетот на земјиштето кое е поплавено со изградба на акумулацијата (ха). 5 Податок 10 Во точка 10 се внесуваат податоци за новоизградени далноводи, оддел но од 110, 220 и 400КВ, локалитет, делница и должина ( во километри). Податок 11 Во точка 11 се внесуваат податоци за локалитет на новоизградени тра фостаници, напонска трансформација (одделно за 110, 220 и 400КВ) и инсталираната моќност. Податок 12 Во точка 12 се внесуваат податоци за поставен телефонски кабел (делница и должина на кабел), локација и капацитет на монтирана телефонска цен трала, локација на нова базна станица за мобилна телефонија, нови по штенски објекти (или во градба) во кое населено место. За новите РТВ и УКТ репетитори да се дадат податоци за локалитет и на која јавна радио дифузна мрежа припаѓа тој објект-репетитор. Податок 13 Во точка 13 се внесуваат податоци за: а) ново изградени стопански објекти (или во градба) и слободни еко номски зони, намена на објектот, површина, вид на производство и ус луги, на кој локалитет односно во кое населено место, капацитет на об јектот (финални производи во зависност од единицата на производот, односно број на грла на добиток за сточарските фарми и број на легла за туристичките објекти) годишно, број на работници и смени; б) Планирани површини (во м2) за стопанска намена согласно усвоена ур банистичка документација во анализираната година (ГУП, ДУП, УДНМ, ГУП за стопански комплекс). Податок 14 Во точка 14 се внесуваат податоци за ново изградени објекти (или во градба) од општествен стандарад, на кој локалитет односно во кое насе лено место, пооделно за објектите: Предучилишни објекти (опфат на деца во смена): Основно училиште (број на ученици во една смена); Осумгодишно училиште (број на ученици во една смена): Средно насочено училиште ( ученици во една смена ); Здравствена установа (лекари, болнички постели): Социјални грижи (соц. Работници): Дом на културата, библиотека и сл.; Управа, администрација (работни места); Се назначува локалитет и површина во ха. Податок 15 Во точка 15 се внесуваат податоци за ново изграден систем за водос набдување или одведување на отпадни води од населени места. За систем за водоснабдување на населени места да се наведе: изворник на вода со кота и местоположба на зафаќање; капацитет на системот; кои на селени места (ќе) се водоснабдуваат; должина и дијаметар на цевоводот. Доколку во склоп на системот има изградено (предвидено) филтерница да се наведе нејзиниот капацитет. Постоечките системи за водоснабдување доколку се проширени со но ви изворници или кон нив се приклучени нови населени места да се на ведат новите изворници, капацитетот на проширувањето и населените места кои се приклучени. За системи за одведување на отпадните води да се наведе: должината и дијаметарот на колекторот; населените места кои се приклучени на ко лекторот; капацитет и местоположба на пречистителната станица и ре ципиент во кој ќе се испуштаат отпадните води. Податок 16 Во точка 16 се внесуваат податоци за прогаласени заштитени подрачја: Строги природни резервати: 6 7 Предели со посебни природни карактеристики: Научно- истражувачки резервати; Карактеристични пејзажи; Посебни природни резервати: Меморијални споменици; Се назначува локалитетот и големината на заштитеното подачје, во хектари. Податок 17 Во точка 17 се внесуваат податоци за поројните водотеци, серии и вододе рини кои се опфатени со противерозивни мерки. Вид на мерки кои се прев земени за заштита од ерозија - градежни работи; шумско мелиоративни ра боти и површина (ха) која е опфатена со противерозиони мерки. Податок 18 Во точка 18 се внесуваат податоци за речните корита кои се регулирани, степен на заштита (на колку годишна вода е регулирано коритото), должи ната на регулацијата. Податок 19 Во точка 19 се внесуваат податоци за број и капацитет на јавни засолништа. Податок 20 Во точка 20 се внесуваат податоци за ново изградени или во градба депо нии, и тоа: Класа на депонија Капацитет на депонијата, во м3/ден Површина на депонијата, во ха. Во точка 20 се внесуваат и податоци за нови депонии, и тоа: Растојание од населено место Класа на депонија Капацитет на депонијата, во м3/ден Површина на депонијата, во ха. Податок 21 Во точка 21 се внесуваат податоци за именување на населено место и број на изградени објекти или објекти за кои е издадена дозвола за градба Податок 22 Во точка 22 се внесуваат податоци за назначување на локалитет со дивоградба, број и површина во ха. Податок 23 Во точка 23 се внесуваат податоци за новооткриено недвижно културно наследство. Податок 24 и 25 Во точка 24 и 25 се внесуваат податоци за усвоени ГУП-ови за градски населби, УДНМ и Општи акти за селски населби, со плански опфат во ха, временски хоризонт и изготвувач. Податок 26 Во точка 26 се внесува податок за предвидени проширувања на градеж ниот опфат на населбите во соодветната урбанистичка документација (ГУП, УДНМ, ОА), изразени во ха и со спецификација на културата и класата (I-VIII) на земјиштето на кое е предвидено проширувањето. Забелешка: За објектите од водостопанската инфраструктура потребно е да се прикаже нивната точна локација со потребни геодетски елементи (координати), или да се нанесат на топо графска карта во соодветен размер.

Regulation on the procedure, manner of preparation, content of reports on conditions and changes in the space and deadlines for their submission · Nelum