跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the procedure, manner and conditions for awarding awards and recognitions for achievements in the field of protection and promotion of the environment, as well as the manner of work and the composition of the Commission for awards and recognitions

颁布于 2005-12-06 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за постапката, начинот и условите за доделување на наградите и признанијата за достигнувања во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, како и начинот на работа и составот на Комисијата за награди и признанија.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
innovation, institution, procedural matters, protection of environment, governance

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 49 став 3 од Законот за животната средина (�Службен весник на Ре публика Македонија� бр. 53/2005, 81/05), министерот за животна средина и просторно планирање донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСТАПКАТА, НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА ДОСТИГНУВАЊА ВО ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА И УНАПРЕ ДУВАЊЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, КАКО И НАЧИНОТ НА РАБОТА И СО СТАВОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА I. ОПШТА ОДРЕДБА Член 1 (1) Со овој правилник се пропишуваат постапката, начинот и условите, за доделување на награди и признанија за достигнувања во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина (во натамошниот текст: награди и признанија) и начинот на работа и составот на Комисијата за награди и признанија (во натамошниот текст: Комисија). II. УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА ДОСТИГНУВАЊА ВО ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА И УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 2 (1) Награди и признанија се доделуваат на правни и физички лица за: забележителни и мерливи ефекти во областа на животната средина кои значително придонеле за намалување на оптеретувањата врз животната средина; и/или забележителни и мерливи ефекти во областа на животната средина со кои се оствару ва намалување на загадувањата. (2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната среди на може на лицето од став (1) на овој член истовремено да му додели и награда и призна ние. Член 3 (1) Наградите и признанијата се доделуваат за следните области: 1. Заштита на биолошката разновидност; 2. Заштита на природно наследство; 3. Туризам; 4. Земјоделство; 5. Шумарство; 6. Енергија и индустрија; 7. Образовни и информациони активности; 8. Управување со отпад; 9. Заштита на водите; 10. Заштита од бучава; 11. Заштита на почвите; 12. Заштита на воздухот; 13. Сообраќај и врски. (2) Награди и признанија може да се доделат и на општини кои се најактивни во подрачјето на промовирањето и унапредувањето на животната средина. 1 Член 4 (1) Наградите и признанијата согласно законот се доделуваат врз основа на јавен конкурс за доделување на награди и признанија, за достигнувања во областа на зашти тата и унапредувањето на животната средина. (2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната среди на, го распишува конкурсот од став (1) на овој член еднаш годишно, а најдоцна до 15 јану ари во тековната година за достигнувања во претходната година. (3) Конкурсот од став (1) на овој член се објавува во најмалку два дневни весници на територија на Република Македонија, како и на интернет страницата на органот на држав ната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Во јавниот конкурс од став (1) на овој член, се наведуваат: условите кои треба да ги исполнуваат предложените кандидати за учество на конкур сот; начинот за поднесување на предлози за награди и признанија; подрачјата за кои се доделуваат награди и признанија; условите, начинот и рокот за доставување на предлозите; формата и висината на наградите. Член 5 (1) Секое домашно правно и физичко лице (во натамошниот текст: подносител на пред логот) може до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животна та средина, да достави предлог за доделување на награди и признанија, во рок кој не може да биде пократок од 20 дена и подолг од 35 дена од денот на објавувањето на конкурсот од член 3 став (1) од овој правилник. (2) Предлозите за доделување на награди и признанија за достигнувања во животната средина се доставуваат во затворени коверти. Член 6 (1) Признанијата се доделуваат во облик на повелба и плакета. (2) Наградите се доделуваат во облик на парични средства, во форма на �прва�, �втора� и �трета� награда. III. НАЧИН НА РАБОТА НА КОМИСИЈАТА Член 7 (1) Комисијата за доделување на награди и признанија се формира по истекот на рокот за поднесување на предлози за доделување на награди и признанија. (2) Комисијата започнува со својата работа веднаш по нејзиното формирање. Член 8 (1) Комисијата е составена од непарен број на членови. (2) Комисијата се состои од пет члена од кој е еден ја врши функцијата претседател на Комисијата. Член 9 (1) Комисијата го разгледува доставениот предлог на седница. (2) Доколку Комисијата утврди дека предлогот не е изготвен согласно барањата од кон курсот, ги определува податоците со кои треба да се дополни предлогот и од подносите лот на предлогот бара дополнување на предлогот, во рок не пократок од 3 дена. 2 (3) Доколку подносителот на предлогот не постапи во согласност со став (2) на овој член, Комисијата носи решение со кое го отфрла предлогот. Член 10 (1) Комисијата ги разгледува сите поднесени предлози и врши потесен избор од 5 (пет) предлози за секоја област од член 3 од овој правилник. (2) Врз основа на потесниот избор на субјектите од став 1 од овој член, Комисијата до несува одлука за избор на три субјекти на кои ќе им бидат доделени плакети и прва, втора и трета награда, и признание за преостанатите два субјекта кои влегле во потесниот избор. (3) Наградата можат да ја делат повеќе лица доколку ги исполнуваат условите од член 2 од овој правилник. (4) Одлуката за доделување на награди и признанија од став 2 на овој член се објавува во најмалку едно јавно гласило во Република Македонија. Член 11 (1) Доколку Комисијата оцени дека не се исполнети условите утврдени во конкурсот донесува Одлука дека ниту еден од доставените предлози не ги исполнува условите за до делување на награди и признанија од одредена област од заштита на животната средина во тековната година. Член 12 (1) Заради доделување на наградите и признанијата, органот на државната управа над лежен за работите од областа на животна средина организира свечено доделување. Член 13 (1) Комисијата работи на седници на кои се води записник. (2) Со седниците на Комисијата претседава претседателот, а во случај на негова спрече ност, претседава еден од членовите што тој ќе го определи. (3) Заради оценка на достигнувањата на подрачјето на заштитата на животната средина за кое се предлага доделување на награда и признание Комисијата може во својата работа да вклучи и стручни институции или поединци од соодветното подрачје. Член 14 (1) Одлучувањето за доделување на награди и признанија се врши со јавно гласање. (2) Одлуката за доделување на награди и признанија се донесува со просто мнозинство од вкупниот број на членови на Комисијата. (3) Доколку член на Комисијата не се согласува со одлуката на Комисијата може да по бара неговото издвоено мислење со образложение да се внесе во записникот од седницата на Комисијата. Член 15 (1) Имињата или насловите на предложените субјекти и наслови, како и имињата или насловите на наградените, Комисијата ги чува како службена тајна до доделување на на градите и признанијата. 3 4 IV. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 16 (1) Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во �Служ бен весник на Република Македонија�. Бр. 07-5424/1 Министер за животна средина 6 декември 2005 година и просторно планирање, Скопје д-р Зоран Шапуриќ, с.р.

Regulation on the procedure, manner and conditions for awarding awards and recognitions for achievements in the field of protection and promotion of the environment, as well as the manner of work and the composition of the Commission for awards and recognitions · Nelum