Regulation on the procedure for reporting on rabies in domestic and wild animals and measures to be taken for eradication of rabies
颁布于 2012-12-03 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот и постапката за пријавување на беснило кај домашни и диви животни и мерки кои треба да се преземат за сузбивање и искоренување на беснилото.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal health, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, vaccination, inspection, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 1 од 9 20121553741 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БЕСНИЛО КАЈ ДОМАШНИ И ДИВИ ЖИВОТНИ И МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА БЕСНИЛОТО Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот и постапката за пријавување на беснилото кај домашни и диви животни и мерките кои треба да се превземат за сузбивање и искоренување на беснилото. Член 2 (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство и прописите донесени врз основа на тој закон се применуваат и во овој правилник, освен доколку со овој правилник не е поинаку уредено. (2) Одредени поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) “животно заболено од беснило” е животно кај кое официјално е потврдено присуство на беснило; 2) “животно сомнително на беснило” е животно приемчиво на беснило кое: (а) покажува клинички знаци кои укажуваат на сомнеж за присуство на беснило или (б) каснало или изгребало човек или животно, без разбирлива причина и спротивно на неговото вообичаено однесување. 3) “животно контаминирано со беснило” е: (а) животно приемчиво на беснило кое било каснато или изгребано од: домашно животно заболено од беснило во период од 15 дена пред почетокот на првите симптоми на болеста или диво животно заболено од беснило, во период од 30 дена пред почетокот на првите симптоми на болеста. (б) месојадно животно кое било во контакт или не може да се исклучи контакт со: домашно животно заболено од беснило во периодот од 15 дена пред почетокот на првите симптоми на болеста или диво животно заболено од беснило во периодот од 30 дена пред почетокот на првите симптоми на болеста. 4) “животно сомнително на контаминација со вирусот на беснило” е: (а) животно приемчиво на беснило кое било каснато или изгребано од: домашно животно сомнително на заболување од беснило во период од 15 дена пред истото да биде прогласено за сомнително, согласно точка 2) на овој став се додека сомнежот не биде исклучен или диво животно сомнително на беснило во период од 30 дена пред истото да биде прогласено за сомнително согласно точка 2) на овој став се додека сомнежот не биде исклучен. (б) месојадно животно кое било во контакт со: Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 2 од 9 домашно животно сомнително на беснило, во период од 15 дена пред истото да биде прогласено за сомнително согласно точка 2) на овој став се додека сомнежот не биде исклучен или диво животно сомнително на беснило, во период од 30 дена пред истото да биде прогласено за сомнително согласно точка 2) на овој став се додека сомнежот не биде исклучен. (в) секое животно кое не е месојадно а е приемчиво на беснило и кое било во контакт или не може да се исклучи контактот со: домашно животно заболено од беснило во период од 15 дена пред почетокот на првите симптоми на болеста или диво животно заболено од беснило, во период од 30 дена пред почетокот на првите симптоми на болеста. 5) “Опасно животно/животно кое каснало или изгребало” е животно приемчиво на беснило кое: (а) каснало или изгребало човек или домашно животно или диво животно во подрачје каде што болеста е присутна или (б) престојувало пократко од една година во подрачје слободно од беснило, кое што каснало или изгребало друго домашно или диво животно држено во заробеништво а потекнува од подрачје или држава во која болеста е присутна. Член 3 (1) Секое животно кое е заболено, контаминирано или за кое постои сомнеж дека е заболено или контаминирано со вирусот на беснило, вклучително и секое животно кое каснало човек, треба веднаш да се пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата). (2) Институциите задолжени за комунална хигиена, без оглед на одредбите од став (1) на овој член, треба да ги пријават во Агенцијата сите кучиња, мачки или диви животни кои се пронајдени угинати или прегазени од возила на патиштата и главата и/или трупот од овие животни да ги испратат во Националната лабораторија за дијагностичко испитување за утврдување на присуство на вирусот на беснило. (3) Доколку присуство на вирусот на беснило е официјално потврдено, Агенцијата треба: 1) да го пријави случајот во Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Европската Унија и 2) да спроведе епидемиолошка истрага кај домашните животни и луѓето кои би можеле да бидат во контакт со животното заболено од беснило. Член 4 (1) Официјалниот ветеринар веднаш го става под официјален надзор животното кое каснало или изгребало човек. Сопственикот или одговорното лице за животното треба да го изолира животното во временски период од: 1) најмалку 15 дена за домашно животно или 2) најмалку 30 дена за диво животно држено во заробеништво. (2) Официјалниот ветеринар назначува доктор по ветеринарна медицина кој ќе врши клинички преглед на животното согласно овој член. (3) Во текот на периодот на официјален надзор, докторот по ветеринарна медицина назначен од официјалниот ветеринар треба да изврши три контроли и проценка на однесувањето на животното: 1) првата контрола треба да се изврши во рок од 24 часа после каснувањето или гребењето; Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 3 од 9 2) втората контрола треба да се изврши седум дена после каснувањето или гребењето и 3) третата контрола треба да се изврши на крајот на периодот на надзор од став (1) на овој член. (4) При вршење на контролите од став (3) на овој член докторот по ветеринарна медицина треба да изврши клинички преглед на животното, да утврди дали истото покажува симптоми на болеста. По секој извршен преглед, докторот по ветеринарна медицина издава сертификат за извршениот преглед согласно образецот даден во Прилог кој е составен дел од овој правилник за што веднаш го известува официјалниот ветеринар. (5) За време на контролата од став (3) на овој член, треба да се изврши проценка на однесувањето на животното и негова класификација дали е опасно. (6) Во текот на периодот на официјален надзор не се дозволува животното кое каснало или изгребало: 1) да се вакцинира против беснило; 2) да се изврши убивање на животното без одобрување од страна на официјалниот ветеринар и 3) продавање или отуѓување на животното. (7) Сопственикот или одговорното лице треба веднаш да го извести докторот по ветеринарна медицина или официјалниот ветеринар доколку животното кое каснало или изгребало угине во текот на периодот на официјален надзор. Во таков случај, официјалниот ветеринар треба да ја испрати главата или целиот труп во Националната референтна лабораторија за дијагностичко испитување за утврдување на присуство на вирусот на беснило. (8) Сопственикот или одговорното лице треба веднаш да ги извести докторот по ветеринарна медицина или официјалниот ветеринар кои го вршат прегледот доколку во текот на периодот на официјален надзор кај животното кое каснало или изгребало се појават симптоми на болеста. (9) Сопственикот или одговорното лице треба веднаш да го извести докторот по ветеринарна медицина или официјалниот ветеринар кои го вршат прегледот доколку животното кое каснало или изгребало избега во текот на периодот на официјален надзор. (10) Официјалниот ветеринар треба да го извести Министерството за внатрешни работи и да побара асистенција за вршење на прегледот доколку сопственикот или одговорното лице не дозволи преглед на животното од став (3) на овој член, најдоцна за 24 часа од роковите пропишани во став (3) на овој член. (11) Трошоците за извршениот клинички преглед се на товар на сопственикот односно одговорното лице за животното. Во случај на каснување од куче или мачка скитник, трошоците се на товар на општините односно градот Скопје. (12) Трошоците за лабораториското испитување се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните за тековната година. Член 5 (1) Официјалниот ветеринар веднаш го става под официјален надзор животното кое е сомнително на беснило. Сопственикот или одговорното лице за животното е должен да го изолира животното во временски период од: 1) најмалку 15 дена за домашно животно или 2) најмалку 30 дена за диво животно држено во заробеништво. (2) Официјалниот ветеринар назначува доктор по ветеринарна медицина кој ќе врши клинички преглед на животното согласно овој член. (3) Во текот на периодот на официјален надзор, докторот по ветеринарна медицина назначен од официјалниот ветеринар треба да врши клинички преглед на животното секој ден за да утврди дали истото покажува знаци на болест. Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 4 од 9 (4) Во текот на периодот на официјален надзор не се дозволува животното кое е сомнително на беснило да се: 1) вакцинира против беснило; 2) убие без одобрување од страна на официјалниот ветеринар и 3) продаде, отуѓи или било какво движење на животното. (5) Сопственикот или одговорното лице треба веднаш да го извести докторот по ветеринарна медицина или официјалниот ветеринар кои го вршат прегледот доколку животното сомнително на беснило покаже симптоми на болеста или угине во текот на периодот на официјален надзор. Во таков случај, официјалниот ветеринар треба да ја испрати главата или целиот труп во Националната референтна лабораторија за дијагностичко испитување за утврдување на присуство на вирусот на беснило. (6) Официјалниот ветеринар може да нареди еутаназија на животното доколку за време на надзорот постои ризик од контаминација на луѓето со вирусот на беснило. Официјалниот ветеринар треба да ја испрати главата или целиот труп во Националната референтна лабораторија за дијагностичко испитување за утврдување на присуство на вирусот на беснило. Официјалниот ветеринар, врз основа на утврдениот ризик, го одложува извршувањето на еутаназија на животното сомнително на беснило до крајот на периодот на официјален надзор, доколку животното каснало или изгребало човек. (7) Сопственикот или одговорното лице треба веднаш да го извести докторот по ветеринарна медицина или официјалниот ветеринар кои го вршат прегледот доколку животното сомнително на беснило избега во текот на периодот на официјален надзор. (8) Официјалниот ветеринар треба да го извести Министерството за внатрешни работи и да побара асистенција за вршење на прегледот доколку сопственикот или одговорното лице не дозволи преглед на животното од став (3) на овој член, односно најдоцна за 12 часа од роковите пропишани во став (3) на овој член. (9) Официјалниот ветеринар треба да го смести животното сомнително на беснило во посебен објект или просторија доколку сопственикот или одговорното лице не е во можност да го изолира истото. (10) Официјалниот ветеринар треба да нареди да се изврши дезинфекција на објектот или просторијата и сите предмети со кои животното кое е сомнително на беснило било во контакт, доколку со лабораториското испитување се потврди болеста. (11) Официјалниот ветеринар ги повлекува наредените мерки доколку болеста не се потврди кај животното сомнително на заболување до крајот на периодот на надзор. Официјалниот ветеринар може да го продолжи периодот на надзор доколку неможе да се исклучи сомнежот на беснило. (12) Трошоците за извршениот клинички преглед, надзорот или еутаназијата на животното се на товар на сопственикот односно одговорното лице за животното. (13) Трошоците за лабораториското испитување се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните за тековната година. (14) Доколку врз основа на извршената проценка на ризикот официјалниот ветеринар нареди да се изврши еутаназија на животното сомнително на беснило, за настанатата штета не следува надомест. Член 6 (1) Официјалниот ветеринар ќе нареди еутаназија на животното контаминирано со беснило. За настанатата штета не следува надомест. (2) По исклучок од став (1) на овој член, доколку животните се наменети за исхрана на луѓето, официјалниот ветеринар може да дозволи колење на животни контаминирани од животно заболено од беснило доколку се исполнети следните услови: Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 5 од 9 1) колењето на животното треба да се изврши во период од два до осум дена по контактот со животното заболено од беснило и 2) доколку животното потекнува од стадо во кое не е потврден ниту еден случај на беснило во последните шест месеци. (3) По исклучок од став (1) на овој член, официјалниот ветеринар може да дозволи да не се изврши еутаназија на животните кои се вакцинирани против беснило доколку се исполнети следните услови: 1) животното има доказ за валидно извршена вакцинација во моментот на контаминација; 2) сопственикот на домашното животно поднел писмено барање до официјалниот ветеринар и приложил валиден доказ со кој се потврдува идентификацискиот број на животното и датумот на вакцинација и тоа: (а) за домашни миленици го доставува пасошот на животното во кој е наведен идентификацискиот број и датумот на вакцинација против беснило или (б) за други видови домашни животни, валиден сертификат со кој се потврдува идентификацискиот број и датумот на вакцинација против беснило. 3) во прилог на барањето од точка 2) на овој став потребно е да се приложи писмена изјава дека во периодот на надзор сопственикот или одговорното лице за животното веднаш ќе ги пријави сите промени во однос на здравствената состојба кај животното и нема да го убие, продаде или отуѓи истото; 4) во периодот на надзор, движењето на животното треба да биде контролирано и треба да се избегнува контакт со други животни приемчиви на беснило и 5) ревакцинација на животното треба да се изврши најдоцна за 48 часа по потврдување на болеста кај животното кое што го контаминирало. (4) Во случај кога животното контаминирано со беснило не се еутаназира согласно став (3) на овој член, официјалниот ветеринар треба да нареди животното да се стави под надзор во траење од три месеци со контроли најмалку на крајот од секој месец. Кај кучиња и мачки, надзорот треба да трае шест месеци при што контроли се вршат најмалку на крајот од секој месец во првите три месеци, додека последната контрола се врши на крајот од шестиот месец. (5) Официјалниот ветеринар назначува доктор по ветеринарна медицина кој ќе врши клинички преглед на животното согласно овој член. (6) Докторот по ветеринарна медицина издава сертификат за извршениот надзор на животното контаминирано со беснило кој е даден во Прилог на овој правилник за што веднаш го известува официјалниот ветеринар. (7) Сопственикот или одговорното лице треба веднаш да го извести докторот по ветеринарна медицина или официјалниот ветеринар кои го вршат прегледот доколку животното контаминирано со беснило покаже клинички знаци на болеста или угине во текот на периодот на официјален надзор. Официјалниот ветеринар треба да ја испрати главата или целиот труп во Националната референтна лабораторија за дијагностичко испитување за утврдување на присуство на вирусот на беснило. (8) Сопственикот или одговорното лице треба веднаш да го извести докторот по ветеринарна медицина или официјалниот ветеринар кои го вршат прегледот доколку животното контаминирано со беснило избега во текот на периодот на официјален надзор. (9) Сопственикот или одговорното лице за кучиња и мачки не треба да ги продаде или на друг начин да ги оттуѓи животните во период од најмалку една година од моментот на ставање под официјален надзор. Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 6 од 9 Член 7 (1) Официјалниот ветеринар веднаш го става под официјален надзор животното кое е сомнително на контаминација. Официјалниот ветеринар во зависност од степенот на ризик за контаминација ги презема следните мерки: 1) ставање под надзор на животното кое е сомнително на контаминација со беснило во истиот период со животното сомнително на беснило кое го контаминирало и 2) ставање под надзор на сите животни од стадото во траење од три месеци доколку животното сомнително на контаминација со беснило не е месојадно животно. (2) Доколку кај животното кое го контаминирало животното сомнително на контаминација со беснило, болеста се потврди, се применуваат мерките од член 6 на овој правилник. (3) Доколку животното кое го контаминирало животното сомнително на контаминација со беснило избега или е непознато, официјалниот ветеринар треба да направи проценка кои дополнителни мерки треба да се превземат согласно овој правилник. (4) Во текот на периодот на официјален надзор не се дозволува животното кое е сомнително на контаминација со беснило: 1) да се убие без одобрување од страна на официјалниот ветеринар и 2) да се продаде, отуѓи или било какво движење на животното. Член 8 (1) За Национална референтна лабораторија за беснило се назначува Факултетот за ветеринарна медицина Скопје-Скопје. Покрај активностите пропишани со Законот за ветеринарно здравство, Националната референтна лабораторија за беснило е одговорна за спроведување на дијагностичките тестови пропишани во став (2) од овој член за потврдување или отфрлање на сомнежот за беснило. (2) Официјален дијагностички тест за утврдување на присуство на вирусот на беснило е тестот на флуоресцентни антитела (FAT). (3) Во случај на контаминација на луѓе, покрај тестот на флуоресцентни антитела задолжително треба да се изврши и тест на изолација на вирусот на клеточни култури. Присуството на беснило официјално се потврдува по добивање на позитивен резултат на еден од горенаведените дијагностички тестови. Член 9 (1) Во случај на ширење на беснилото на одредено подрачје, Агенцијата ги превзема следните мерки: 1) епидемиолошко испитување со цел да се откријат сите животни и луѓе кои биле во контакт со животното заболено од беснило; 2) забрана или ограничување на движењето на одредени видови или сите видови на животни приемчиви на беснило; 3) одредување изолација и затварање на одредени видови или сите видови на животни приемчиви на беснило; 4) забрана за влез на кучиња и мачки во подрачјето каде што болеста е присутна; 5) забрана за организирање на изложби во подрачјето каде што болеста е присутна; 6) забрана за трговија со кучиња и мачки во подрачјето каде што болеста е присутна; 7) кучињата на јавни места треба да бидат врзани на поводник и да носат маска; 8) еутаназија на кучиња и мачки скитници во одредено подрачје; 9) убивање на диви животни во одредено подрачје; 10) задолжителна вакцинација против беснило на домашни животни и 11) вакцинација против беснило на диви животни. Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 7 од 9 (2) Агенцијата ја информира јавноста за појавата на беснило и за начинот на спречување на ширењето на болеста. Член 10 (1) Ловечките друштва, концесионерите на ловиштата и националните паркови и лицата кои пронашле угинати диви животни или диви животни кои се сомнителни на беснило треба веднаш да пријават до официјалниот ветеринар кој треба да земе и испрати соодветни мостри за лабораториско испитување во Националната референтна лабораторија за беснило. (2) Агенцијата спроведува вакцинација на лисиците против беснило а доколку е потребно и на други видови диви животни, приемчиви на беснило, кои што претставуваат вектори на болеста. (3) Агенцијата наредува мерки за контрола на успешноста на вакцинацијата на лисиците против беснило кои ги спроведуваат ловните друштва, концесионери на ловиштата и националните паркови. (4) При испраќање на мостри во Националната референтна лабораторија за беснило треба да се достават податоци за: 1) видот на животно; 2) причината за испитување (надзор или мониторинг на вакцинација); 3) датумот на земање на мострата; 4) податоци за испраќачот на мострата (име, презиме и адреса); 5) анамнестички податоци пополнети од докторот по ветеринарна медицина; 6) податоци потребни во случај на контаминација на луѓе: (а) датум на инцидентот; (б) име, презиме и адреса на лицето кое е контаминирано и (в) историја на инцидентот. Член 11 (1) Кучињата и мачките задолжително треба да се вакцинираат против беснило согласно упатството за употреба на производителот на вакцината, но не подоцна од навршени пет месеци старост. (2) По исклучок од став (1) од овој член, мачки кои со сигурност не доаѓаат во контакт со животни приемчиви на беснило не треба да се вакцинираат против беснило. (3) Овластениот ветеринар треба да води регистар за извршените вакцинации во тековната година. Овластениот ветеринар треба да ја чува евиденцијата за извршените вакцинации најмалку две години и ја доставува на барање на официјалниот ветеринар. (4) Покрај условите пропишани во Законот за ветеринарно медицински препарати, вакцината против беснило треба да ги исполнува следните услови: 1) да припаѓа на групата на инактивирани вакцини со најмалку една антигена единица на доза (согласно стандардот на Светската здавствена организација) или 2) да припаѓа на групата на рекомбинантни вакцини кои содржат имунизирачки гликопротеин на вирусот на беснило. Вакцините од оваа група може да се користат само за вакцинација на мачки. (5) Вакцинацијата против беснило се смета дека е валидна доколку: 1) вакцинацијата е извршена во согласност со упатството на производителот на вакцината и поминат е доволен период за постигнување на солиден имунитет; 2) не е измината една година од последната вакцинација; 3) животното е обележано согласно Законот за идентификација и регистрација на животните и Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 8 од 9 4) во пасошот за домашни миленици се наведени идентификацискиот број на микрочипот на животното, датумот на вакцинација против беснило и датумот за следна вакцинација. Член 12 Со влегувањето во сила на овој правилник престанува да се применува Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на беснило кај животните („Службен лист на СФРЈ” бр.39 од 1988 година). Член 13 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија” Бр. 07-3772/7 3 декември 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 9 од 9