跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the official uniform, identification, the type of official weapons carried by members of the forest guard service and the way of using official weapons

颁布于 2015-05-15 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за службената униформа, легитимацијата, видот на службеното вооружување што го носат припадниците на шумочуварската служба и начинот на користење на службеното оружје.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Forestry
关键词
forest management/forest conservation, forest service

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година 20151123417 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 81-д став (2) од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 и 44/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за внатрешни работи донесе ПРАВИЛНИК ЗА СЛУЖБЕНАТА УНИФОРМА, ЛЕГИТИМАЦИЈАТА, ВИДОТ НА СЛУЖБЕНОТО ВООРУЖУВАЊЕ ШТО ГО НОСАТ ПРИПАДНИЦИТЕ НА ШУМОЧУВАРСКАТА СЛУЖБА И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА СЛУЖБЕНОТО ОРУЖЈЕ Член 1 Co овој правилник се пропишува службената униформа, легитимација, видот на службеното вооружување што го носат припадниците на шумочуварскат служба и начинот на користење на службеното оружје. Член 2 Припадниците на шумочуварската служба имаат зимска и летна униформа, која се состои од: виндјакна со влошка, панталони, подпанталони, џемпер, кошула со долги ракави, маица со кратки ракави и плетена јака, маица со кратки ракави и округол израз (Тмаица), мантил за дожд, зимска капа, летна капа, ракавици, чорапи, теренските чевли, ремен за панталони, опасач, футрола за пиштол и торба за на рамо. Член 3 Делови од зимската и летната униформа на припадниците на шумочуварската служба го имаат следниот крој и боја: 1. Виндјакна со влошка Виндјакната е изработена од материјал во зелена боја (SMB), со суровински состав: 65% полиестер и 35% памук, обработен водоодбоен со тежина од 245-260 гр/м2. Поставата на виндјакната е со зелена боја (SMB) и суровински состав: 100% полиестер, површинска маса од 70-100 гр/м2. Виндјакната е со должина до половина на бутовите. Виндјакната има равен крој, а во пределот на појасот има канал со врвка за затегање. Сите шавови на виндјакната се изработени на начин што овозможува издржување на поголеми напори. Виндјакната се закопчува со патент 0.8 см. со два лизгачи (зелена боја - SMB). Патентот е покриен и се закопчува со копчиња на притискање (дрикери). На предниот дел на виндјакната од лева и од десна страна има по еден нашиен торба џеб (торба од надворешна и долна страна), покриени со капаци и се затвораат со копче на притискање (дрикер). На долниот дел на виндјакната под врвката за затегање има по два внатрешни џеба, покриени со капак и се затвораат со копче на притискање (дрикер). На грбот има две вертикални фалти за олеснување на движењето. Во јаката од виндјакната има ќулавка од основниот материјал на виндјакната. Во ќулавката има врвка за затегање и истата се вади со помош на патент кој е поставен на јаката. 1 од 7 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Ракавот е изработен од две парчиња. Во помалото парче во пределот на лактот има по две фалти. Завршетокот на ракавот се затега со нашиена патна со чичак лента со зелена боја (SMB). На горниот дел од десниот ракав на виндјакната, на растојание од 10 см. од горниот раб на ракавот е нашиена чичак-лента (со зелена боја - SMB) на која треба да се закачи правоаголен амблем со димензии 10,5х2,5 см. Амблемот е изработен од диолен со бела боја на кој со темно зелени букви е извезено „ШУМОЧУВАР". Рабовите од амблемот се извезени со темно зелена боја со широчина од 0,2 см. Од внатрешната страна, на растојание од 0,5 см. од надворешниот раб, извезена е лента со широчина од 0,2 см. со посветло зелена боја. Ha горниот дел од левиот ракав од виндјакната, на растојание од 8 см. од горниот раб на ракавот е нашиена чичак-лента (со зелена боја - SMB) со облик на штит на која треба да се закачи амблем во облик на штит со димензии 7х9 см. Амблемот во облик на штит е изработен од диолен со бела боја на кој во горниот дел е извезено логото и под него името на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена. Под името на субјектот со темно зелени букви е извезено „ШУМОЧУВАРСКА СЛУЖБА". Рабовите од амблемот се извезени со темно зелена боја со широчина од 0,2 см. Виндјакната има влошка која е прикачена на неа со копчиња и истата може да се вади. Влошката на виндјакната е со класичен крој. Изработена е од полиестерска подлога со зелена боја (SMB), суровински состав: 100% полиестер, површинска маса од 90-120 гр/м2. Полиестерско полнење е со суровински состав: 100% полиестер и површинска маса од 140-160 гр/м2. 2. Панталони со висок струк и систем за подесување (затегање) Панталоните се изработени од материјал (вид на ткање Рипс-Топ 0,5 до 0,8 мм.) со суровински состав: 50% памук и 50% полиестер. Панталоните се со зелена боја (SMB). Коланот е внатрешен со седум гајки зајакнати со ринглици. На двете бочни страни на коланот има нашиено систем за затегање. На коланот има нашиено три гајки за опасач со должина од 10 см. (две напред и една на средина позади). На предна страна од панталоните има шлиц што се закопчува со четири скриени копчиња и едно отворено што го затега коланот. На горниот дел од панталоните од двете страни има по еден кос џеп со широчина од 15 до 18 см. и должина од 26 см. Отворот на џеповите е порабен и зајакнат со ринглици. На задниот дел од панталоните од двете страни има по еден внатрешен џеп со широчина од 14 см. и должина од 18 см. Џебовите имаат дупли капак и се закопчуваат со по две скриени копчиња. Отворот на џеповите е порабен и зајакнат со ринглици. Џебовината е од основен материјал. На двете ногавици има по еден нашиен џеб со широчина од 19 см. и должина од 18 см. и три фалти што водат странично. Џебовите имаат дупли капак и се закопчуваат со по две скриени копчиња. Отворот на џеповите е порабен и зајакнат со ринглици. Во пределот на колената од внатрешна и надворешна страна на предницата има по една фалта. Во пределот на коленото панталоните се зајакнати со парче од истиот материјал со должина од 27 см. Зајакнување има и на задникот кое завршува на ногавиците на растојание од 11 см. од куталот. Во долниот раб на ногавиците има внатрешна врвка за регулирање на широчината на ногавицата. 2 од 7 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година 3. Подпанталони Подпанталоните се со класичен крој, зелена боја (SMB), со суровински состав: 100% памук. 4. Џемпер Џемперот е со долги ракави, изработен од акрил во зелена боја (SMB). Има вообичаен крој, со јака и полупатент. 5. Кошула со долги ракави, со рамен крој и класична јака Кошулата е изработена од вид на ткање Рипс-Топ 0,5 до 0,8 мм., со суровински состав: 50% памук 50% полиестер. Кошулата е со зелена боја (SMB). Кошулата има класична јака. Напред кошулата се закопчува со 5 скриени копчиња, покриени со дупла лајсна. Првото копче од кошулата се наоѓа на височина на градите. Во височина на градите од двете страни се наоѓа по еден торба џеб од надворешна страна и од горе покриени со дупли капак кој се закопчува со по две копчиња. Широчината на џебовите е 15 см. со должина од 15 до 16 см. Завршеток на џебовите е порабен и зајакнат на отворот. На струкот странично има по една патна за затегање која се закачува со по две пришиени копчиња. Ракавот на кошулата е класичен. На долниот дел од ракавот има сошиено манжетна за затегање на ракавот која се затвара со три нашиени копчиња. На пределот на лакатот има појачување од истиот материјал со должина од 21 см и широчина во горниот дел 27 см., а во долниот дел 24 см. На кошулата на левиот и на десниот ракав ce нашиени чичак-ленти (со зелена боја - SMB) на кои се поставуваат истоветни амблеми како и на виндјакната. На рамениците од кочулата има еполети кои се закопчуваат со по едно копче. 6. Маица со кратки ракави и плетена јака Маицата се изработуваат од материјал со преплетка ПИКЕ, со суровински состав: 100% памук или суровински состав: 60% чешлан памук и 40% полиестер. Маицата е со зелена боја (SMB). Маицата има трикотажна плетена јака и по средина се закопчува со три копчиња. На предиот дел во пределот на градите има два џеба со испуска и преклоп погоден за закопчување. Џебовите се со широчина од 12 до 14 см. и должина од 14 до 16 см. Испуската на џебовите е со широчина од 2,5 до 3 см. Ракавите завршуваат со рендер со иста плетка како јаката со широчина од 2,5 до 3,5 см. На маицата на левиот и на десниот ракав ce нашиени чичак-ленти (со зелена боја SMB) на кои се поставуваат истоветни амблеми како и на виндјакната. 7. Маица со кратки ракави и округол израз (Т-маица) Маицата се изработува од материјал со преплетка ЏЕРСИ, со суровински состав: 100% памук. Маицата е со зелена боја (SMB). Маицата има округол израз околу вратот и завршува со рендер со широчина од 3,5 см. На маицата на левиот и на десниот ракав ce нашиени чичак-ленти (со зелена боја SMB) на кои се поставуваат истоветни амблеми како и на виндјакната. 8. Мантил за дожд Мантилот за дожд е изработен од материјал - состав полиамид со зелена - SMB боја. Мантилот за дожд има крој во форма на пончо, со ќулавка и бочно закопчување со копчиња на притискање (дрикери). Ќулавката се затега со врвка. На долната предна и задна страна од мантилот за дожд има по три окца со дијаметар на отворот од 1,5 см. Мантилот за дожд се пакува во торба со димензии 27х20 см., изработена од истиот материјал и со иста боја. На горната страна, торбата се затегнува со врвка. 3 од 7 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година 9. Зимска капа Капата е изработена од материјал - состав полиестер, со вообичаен крој и со зелена SMB боја. Има кружен облик, нашиена стреа и нашиени наушници. Внатрешно е поставена со синтетичко крзно. На средината на капата однапред, е извезен амблем (со димензии 3х3 или дијаметар од 3см.) - логото на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена, додека бочно на левата страна од капата (со димензии 14х2,5 см.) е извезено името на субјектот (Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена. 10. Летна капа Капата е изработена од материјал - состав полиестер, со вообичаен крој и со зелена SMB боја. Има кружен облик и нашиена стреа (безбол капа). На капата се извезени истоветни амблеми како и на кај зимската капа. 11. Ракавици Ракавиците се изработени од акрил, со вообичаен крој и со зелена - SMB боја. 12. Чорапи Чорапите се изработуваат од памучно предиво (70% памук и 30% синтетика) со вообичаен крој (форма и длабочина) и имаат зелена боја. 13. Теренските чевли Теренските чевли се со црна боја. Горниот материјал на теренските чевли е од: природна водоотпорна мазна кожа или природна водоотпорна мазна кожа комбинирана со водоотпорен импрегниран материјал. Поставата е текстил. Јаката на теренските чевли е направена од природна велур кожа. На теренските чевли се нашиени глуждници и тоа во височина од околу 8 см. над глуждот. Теренските чевли се со ѓон од ПУ/гума. 14. Ремен за панталони Ременот за панталони е изработен од кордура во зелена - SMB боја, со широчина од 4 см. Ременот за панталоните е со затегање со чичак лента. 15. Опасач Опасачот е изработен од кордура во зелена боја (SMB), со широчина од 7 см. Затварањето е со метална шнола со кочница, а се затегнува со чичак-лента. 16. Футрола за пиштол Футролата за пиштол е изработена од кордура зелена боја (SMB). Универзална за носење на опасач или каиш. Затварањето е со чичак-лента. 4. Торба за на рамо Торбата за на рамо е изработена од кордура полиестер во зелена боја (SMB). Предната и задната страна од торбата се појачани со конит. Торбата ги има следните димензии: височина 32 см., широчина 23 см. и длабочина од 10 см. На предната страна од торбата има 2 нашиени торба џебови (торба од надворешната, внатрешната и долната страна со широчина од 3 см.). Џебовите имаат димензии 8х12 см. и се поставени лево и десно и тоа на растојание од 1 см. од бочниот раб на торбата и 4 см. од долниот раб на торбата. Џебовите се покриени со капаци со димензии 8х15 см. Капаците се нашиени на растојание од 7 см. од горниот раб на торбата. Капаците ги затвараат џебовите со нашиена чичак-лента. 4 од 7 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Во средината од предната страна од торбата (помеѓу џебовите), на растојание 7 см. од горниот раб на торбата има нашиено трака од кружно ткаена гуртна (широчина на траката 3,5 см.), со должина од 10 см. Траката е обезбедена со капак и се затвора со чичак лента. На средина од предната страна на торбата, на долниот раб има нашиено трака од кружно ткаена гуртна (широчина на траката 3,5 см.), со должина од 10 см. Оваа трака се затвора со чичак-лента. На бочните страни од торбата има нашиено по еден торба џеб (торба од надворешната, внатрешната и долната страна со широчина на торбата од 3 см.). Џебовите имаат димензии 8х12 см. и се поставени на растојание од по 1 см. од бочните рабови и 4 см. од долниот раб на торбата. Џебовите се покриени со капаци, на затварање со нашиена чичак лента. Торбата е на затворање со патент (во зелена боја - SMB) и капак кој се затвора со чичак-ленти кои се нашиени на капаците од џебовите на предната страна од торбата. Нараменицата е од кружно ткаена гуртна (широчина на траката од 3,5 см.) и има шнола за регулирање на должината. Нараменицата е нашиена на капаците од бочните џебови на торбата. Член 4 Легитимацијата на припадниците на шумочуварската служба е со формат 8,7 х 5,7 см., изработена од хамер хартија со бела боја и е заштитена со пластична фолија. Легитимацијата има две страни (предна и задна) со следната содржина: Предната страна содржи: текст: “Република Македонија, назив на правниот субјект, место за фотографија 3х3,5 см., грбот на Република Македонија, текст: “Легитимација на припадник на шумочуварска служба, име и презиме на припадникот на шумочуварска служба и регистарски број на легитимацијата“. Задната страна содржи: лого на правниот субјект, текст: “Имателот на оваа легитимација е овластен да ги обавува сите дејствија предвидени за шумочуварската служба со Законот за шумите“, потпис на овластеното лице и место за печат. Формата и содржината на легитимацијата на припадникот на шумочуварска служба се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 5 (1) Легитимацијата на припадникот на шумочуварска служба се издава на работникот кој е вработен во шумочуварската служба. (2) Ако на работникот му престане работниот однос или биде распределен на друго работно место, треба да ја врати легитимацијата и истата да се поништи. Член 6 Изгубената легитимација се огласува за неважечка во „Службен весник на Република Македонија“, се брише од евиденцијата за издадени легитимации, а на припадникот на шумочуварската служба му се издава нова легитимација. Член 7 Припадниците на шумочуварската служба се вооружени со лично службено оружје пиштол и формациско службено оружје ловен карабин. Член 8 (1) Припадниците на шумочуварската служба треба оружјето да го одржуваат во исправна состојба, внимателно со него да ракуваат и да го чуваат на начин што ќе оневозможи пристап на неовластени лица. 5 од 7 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година (2) Припадниците на шумочуварската служба треба оружјето да го носат на начин што нема да ја загрозува личната сигурност и сигурноста на другите. (3) Припадниците на шумочуварската служба не треба да ги бришат или оштетуваат ознаките што се втиснати на оружјето од страна на производителот на оружјето или ознаките дополнително ставени на оружјето од страна на други надлежни државни органи. (4) Службеното оружје припадниците на шумочуварската служба не треба да го даваат или позјмуваат на други лица. Член 9 (1) Припадниците на шумочуварската служба треба службеното оружјето да го носат само за време на вршењето на своите работни задачи и до своето место на живеење. (2) Доколку од местото на вршењето на своите работни задачи (шумочуварски реон) до местото на живеење и обратно, припадниците на шумочуварската служба користат јавен превоз, треба оружјето да го пренесуваат во соодветна футрола, а муницијата треба да биде одвоена од оружјето. Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија". Бр.09-1225/3 15 мај 2015 година Скопје Министер Министер за земјоделство, за внатрешни работи, шумарство и водостопанство, м-р Митко Чавков, с.р. м-р Михаил Цветков, с.р. 6 од 7 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година 7 од 7 Предна страна Република Македонија (назив на правниот субјект) ЛЕГИТИМАIЈИЈА на припадник на ШУМОЧУВАРСКА СЛУШБА t ) (P,r. број) Зад11а страна (1101·0 на пра5ниот субје,-г) Имателот на о~аа 11ег11·r1-1 мац1-1ја е овластен да 1·11 обавува с11те дејс1·в11ја r1редв11де1ш за шумо•1уварскап1 служба со Законот за шум11те. м.п. Потпис на оВЈЈ астено лице.