跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the minimum technical conditions regarding the protection of environment that should be met by transfer stations, the conditions that should be met by locations where transfer stations are built or placed, as well as on deadlines for storage of waste in transfer stations according to types of waste

颁布于 2007-03-01 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за минималните технички услови во поглед на заштита на животната средина кои треба да ги исполнуваат претоварните станици, условите што треба да ги исполнуваат локациите на кои што се градат односно се поставуваат претоварните станици, како и роковите за чување на отпадот во претоварните станици според видовите на отпад.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Waste and hazardous substances
关键词
processing/handling, protection of environment, public health, transport/storage, waste domestic sources, waste management, waste non-domestic sources

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 39 од 29.03.2007 година 1 од 7 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 37 став 5 од Законот за управувањето со отпад („Службен весник на Република Македонија” бр. 68/04), министерот за животна средина и просторно планирање, во согласност со министерот за транспорт и врски, донесе ПРАВИЛНИК ЗА МИНИМАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ И УСЛОВИТЕ ВО ПОГЛЕД НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПРЕТОВАРНИТЕ СТАНИЦИ, УСЛОВИТЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ЛОКАЦИИТЕ НА КОИ СЕ ГРАДАТ ОДНОСНО СЕ ПОСТАВУВААТ ПРЕТОВАРНИТЕ СТАНИЦИ, КАКО И РОКОВИТЕ ЗА ЧУВАЊЕ НА ОТПАДОТ ВО ПРЕТОВАРНАТА СТАНИЦА СПОРЕД ВИДОВИТЕ НА ОТПАД 1. Општи одредби Член 1 Со овој правилник се пропишуваат минималните технички услови и условите во поглед на заштитата на животната средина кои треба да ги исполнуваат претоварните станици, условите што треба да ги исполнуваат локациите на кои се градат односно се поставуваат претоварните станици, како и роковите за чување на отпадот во претоварната станица според видовите на отпад. Член 2 Претоварните станици треба да бидат лоцирани и да функционираат на начин кој овозможува најмало можно влијание врз животната средина и животот и здравјето на луѓето. Член 3 Во претоварните станици може да се примаат само следниве видови отпад и тоа: отпадот од домаќинствата и сличен отпад од комерцијална, индустриска и административна дејност вклучувајќи ги фракциите на селектиран отпад и градинарски отпад и отпад од паркови (вклучувајќи и отпад од гробишта). Член 4 Во случај на затворање на претоварната станица целиот отпад кој се наоѓа на локацијата на претоварната станица треба да биде изнесен при што треба да се преземаат сите мерки за да се минимизираат заканите по животната средина животот и здравјето на луѓето. 2. Минимални технички услови и услови во поглед на заштитата на животната средина кои треба да ги исполнуваат претоварните станици 2.1. Минимални технички услови кои треба да ги исполнуваат претоварните станици Член 5 Претоварните станици треба да ги исполнуваат следниве минимални технички услови: да имаат систем за собирање и отстранување на исцедокот од отпадот, на начин определен со член 7 од овој правилник; да располагаат со уреди за мерење на количината на отпад; „Службен весник на РМ“ бр. 39 од 29.03.2007 година 2 од 7 да имаат сообраќајна инфраструктура која овозможува нормално и безбедно функционирање на претоварните станици како и безбедност за опкружувањето, согласно одредбите од овој правилник; да имаат ограда и други безбедносни системи, на начин определен со овој правилник; да обезбедат подлога на површината на која се чува отпадот, соодветно изработена на начин предвиден со овој правилник; да бидат организирани така што да има дел за прием и проверка на отпадот, дел во кој отпадот се чува, како и дел за вработените и пристап на посетители на објектот; да обезбедат противпожарна заштита согласно прописите за заштита од пожари, прописите за градење и планови за заштита од хаварии согласно прописите за заштита на животната средина; да обезбедат генератор или некој друг систем за напојување со електрична енергија со кој би се овозможила непречена работа, заштита при работа и енергетска стабилност во случај на прекин на електрична енергија; да располагаат со опрема која овозможува сигурно спроведување на претоварот на отпадот како и заштита на работниците согласно прописите за заштитата при работа. Член 6 (1) Претоварните станици се составени од делови од затворен и/или од отворен тип, од кои приоритет има чувањето и вршењето на операции со отпадот во деловите од затворен тип. (2) При проектирањето на претоварните станици согласно условите предвидени со важечките урбанистички планови како и согласно прописите за градење треба да се имаат во предвид во предвид и следните услови: карактеристиките на локациите на кои се градат односно се поставуваат претоварните станици како и нивното опкружување; капацитетот на претоварните станици кој треба да биде соодветен на можностите на локациите на кои се градат односно се поставуваат претоварните станици; соодветна висина на деловите од затворен тип во претоварните станици, за да се овозможи непречено вршење на операции со отпадот во претоварните станици; видовите на отпад кои ќе бидат прифатени во претоварните станици и операциите кои се преземаат со отпадот; прифаќање на отпад само од возила регистрирани за вршење на дејноста собирање и транспортирање на отпад или и директно од други субјекти. Член 7 (1) Претоварните станици треба да располагаат со систем за собирање и одведување на исцедокот од отпадот, вклучително и отпадната вода создадена при вообичаените операции на миење и чистење на опремата, возилата и површините, кој овозможува заштита од загадување на почвата, надземните и подземните води. (2) Одводите на системот за собирање и одведување на исцедокот од отпадот во деловите на претоварните станици во кои се натрупува, товари и истоварува отпадот, се поврзуваат со одводни канализациони мрежи или со резервоари отпорни на корозија. Доколку отпадот во претоварните станици се натрупува, товари и истоварува во делови од отворен тип, одводите на канализационите мрежи треба да бидат со капацитет кој овозможува негова функционалност и при интензивни атмосферски влијанија. „Службен весник на РМ“ бр. 39 од 29.03.2007 година 3 од 7 Член 8 (1) Претоварните станици треба да располагаат со сообраќајна инфраструктура која овозможува непречено и безбедно движење на возилата на локациите и околу нив. Сообраќајната инфраструктура треба да овозможува да не доаѓа до сообраќајни застои при приемот на возилата со отпад и истоварувањето на отпадот во претоварните станици, како и при товарењето на отпадот при неговото испраќање од претоварната станица. Претоварните станици треба да имаат соодветни сообраќајни ленти, рампи и платформи кои овозможуваат непречено и безбедно движење на тешки моторни возила. (2) На претоварните станици треба да има влезно-излезни точки односно пристапи преку кои се врши прием односно испраќање на отпадот. (3) Претоварните станици треба да располагаат со паркинг за возилата за отпад како и за возилата на другите субјекти, доколку претоварната станица прифаќа отпад и од други субјекти, како и со паркинг за возилата на вработените во претоварна станица. Локациите на кои се градат, односно се поставуваат претоварните станици треба да располагаат со доволен простор за чекање на возилата во колона. Член 9 (1) Претоварните станици треба да бидат оградени со обезбедена ограда која овозможува заштита од пристап на неовластени лица и животни во претоварните станици. (2) Од надворешната страна на претоварните станици се поставува натписна табла со текст: „ПРЕТОВАРНА СТАНИЦА ЗА ОТПАД”. Натписната табла овозможува лесно идентификување на претоварните станици во околината. Истата треба да содржи ознаки за опасност соодветно на опасните карактеристики на отпадот кој се чува во претоварната станица. Член 10 (1) Отпадот во претоварните од моментот на неговиот прием до моментот на неговото испраќање од претоварните станици треба да се чува на соодветни површини и во садови за складирање на отпадот. (2) Подлогите на површините на кои се чува отпадот во претоварните станици за да овозможуваат заштита на почвата од загадување треба да се изработуваат од непропустливи материјали и со дебелина која обезбедува да не дојде до продирање на отпадот или отпадните материи до почвата под или непосредно под површините на кои се чува отпадот. (3) Површините на кои се чува отпадот во претоварните станици треба да бидат изработени и да се одржуваат на начин кој овозможува минимизирање на правот и другите видови загадување на воздухот. 2.2. Услови кои треба да ги исполнуваат претоварните станици во поглед на заштитата на животната средина Член 11 Претоварните станици треба да ги минимизираат опасностите и влијанијата кои ги предизвикуваат по животната средина и животот и здравјето на луѓето. Член 12 Во претоварните станици треба да се обезбеди соодветна заштита на животната средина особено од бучава, сообраќаен метеж, непријатна миризба, прашина и нарушувања на квалитетот на воздухот, расфрлање на отпадоци или делови од отпадот надвор од локациите на претоварните станици, присуство на инсекти околу претоварните станици како и загадување на водите. „Службен весник на РМ“ бр. 39 од 29.03.2007 година 4 од 7 Член 13 (1) Доколку се поставуваат односно градат претоварните станици на локации каде би можело да се очекува дека бучавата предизвикана од работењето на претоварните станици би резултирала со нарушување на животната средина и животот и здравјето на луѓето, претоварните станици треба да располагаат со делови од затворен тип во кои ќе се извршуваат операции со отпадот кои предизвикуваат зголема бучава согласно прописите за заштита од бушава. (2) Деловите од затворен тип во претоварните станици треба да бидат: изградени од бетонски ѕидови и материјали кои ја намалуваат бучавата ; со двојни прозори и отвори со соодветна звучна изолација; просторно поставени така што во најголема можна мера би се намалило нивното влијание врз околината; со затворени врати и отвори во периодите кога се извршуваат активности кои предизвикуваат бучава. (3) Претоварните станици кои со своето работење предизвикуваат бучава треба да имаат заштитен појас со зеленило преку кој би се амортизирало влијанието на бучавата. (4) Активностите во претоварните станици кои предизвикуваат поголема бучава треба да се преземаат во временски периоди во текот на денот кога би се минимизирале вознемирувањата на околината. Член 14 (1) Сообраќајната инфраструктура на локациите каде се градат односно поставуваат претоварните станици треба да биде организирана така што би се минимизирала бучавата и секое друго загадување од возилата кои влегуваат и се задржуваат во претоварните станици. (2) Минимизирањето на влијанието на сообраќајот на локациите во и околу претоварните станици треба да се постигне со: избегнување на големи наклони, остри завртувања и пресеци на пристапните патишта; организирање на сообраќајниот тек на локацијата на начин најпогоден за опкружувањето; обезбедување соодветен простор за редење на возилата како и соодветен паркинг простор; воспоставување на распоред на прием и испраќање на возилата за отпад во соодветно време и надвор од термините во денот со најголем метеж во сообраќајот; други мерки кои во зависност од карактеристиките на локацијата на претоварната станица би резултирале со најмало можно влијание на сообраќајот врз околината. Член 15 (1) При превземање на операциите со отпадот во претоварните станици треба да се елиминира или намали создавањето на супстанциите кои се испуштаат во воздухот и непријатните миризби така што: на крајот од денот треба да биде дислоциран целиот отпад или отпадот што ќе остане да се чува на начин кој овозможува во опкружувањето да не се шири непријатна миризба; редовно да се мијат и чистат подлогите на површините и садовите во кои се чува отпадот и да се одржува чистотата на претоварните станици со средства кои ја неутрализираат непријатната миризба; во деловите од затворен тип да се инсталирани вентилациони системи со филтери како и биофилтери кои неутрализираат миризби. (2) Во претоварните станици треба да бидат инсталирани двојни врати, пластични завеси и други елементи кои овозможуваат намалување на ширењето на непријатните миризби. „Службен весник на РМ“ бр. 39 од 29.03.2007 година 5 од 7 Член 16 При превземањето на операциите со отпадот во претоварните станици, согласно прописите за заштита на квалитет на амбиентниот воздух, треба да се елиминира создавањето на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и нарушување на квалитетот на воздухот така што: сообраќајната инфраструктура треба да биде асфалтирана или обложена со материјали кои оневозможуваат создавање на прашина; редовно треба да се мијат и чистат површините на кои се собираат суспендирани честички и да се одржува чистотата на возилата за отпад; деловите од затворен тип нема да бидат директно изложени на ветар и провев; во претоварните станици треба да се инсталираат двојни врати, пластични завеси и други елементи кои обезбедуваат намалување на ширењето на суспендирани честички или нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздухот; нема да се гори отпадот. Член 17 Во претоварните станици треба во најголема можна мера да се елиминира растурањето на отпадоци на локациите на претоварните станици и во нивното опкружување така што: претоварните станици треба да располагаат со заштитни огради и мрежи; треба да се врши редовна проверка на опкружувањето и да се собираат отпадоците околу локациите на претоварните станици; возилата за отпад кои се примаат и испраќаат на претоварните станици задолжително треба да бидат покриени и со соодветна заштита од растурање на отпадоци; редовно да се одржува чистотата на претоварните станици. Член 18 Претоварните станици треба да обезбедат соодветна заштита од инсекти и други организми кои може да пренесат заразни болести преку: редовна дезинсекција и дератизација; заштита на локацијата од влез на птици; чување на отпадот во делови од затворен тип или во затворени садови; други мерки кои во зависност од карактеристиките на локацијата и нејзиното опкружување би обезбедиле подобра заштита на животната средина. Член 19 (1) При функционирањето на претоварните станици треба да се обезбеди заштита на надземните и подземните води на локациите или околу нив, преку правилно функционирање на системот за собирање на исцедокот од отпадот согласно одредбите на овој правилник. (2) На претоварните станици треба да се обезбеди заштита на отпадот од атмосферски влијанија како и садови за складирање со дополнителна заштита. 3. Услови кои треба да ги исполнуваат локациите на кои се градат односно поставуваат претоварните станици Член 20 Претоварните станици треба да се градат односно да се поставуваат на локации на кои би се минимизирале опасностите и влијанијата кои тие ги предизвикуваат по животната средина и животот и здравјето на луѓето. „Службен весник на РМ“ бр. 39 од 29.03.2007 година 6 од 7 Член 21 Локациите на кои се градат, односно поставуваат претоварните станици не треба да бидат: подрачја со влажни или поплавни површини; живеалишта на заштитени или загрозени видови на флора или фауна; подрачја со културно, историско или археолошко наследство; земјоделско земјиште од прва до трета класа, или национални паркови или резервати. Член 22 Локациите на кои се градат, односно поставуваат претоварните станици треба: да бидат со централна лоцираност во однос на мрежата на (коридори) патеки на транспорт по кои се собира отпадот; да бидат на оддалеченост од други претоварни станици која обезбедува нивно рационално искористување; да бидат со големина согласно капацитетот кој се предвидува за претоварната станица како и со резервен простор заради можност за проширување; да имаат доволна површина за да се постават и организираат сите функции кои треба да бидат задоволени во претоварната станица (простор за возилата, паркингот и сообраќајната инфраструктура, оградата, деловите од затворен тип, опремата и механизацијата итн.). Член 23 (1) Локациите на кои се градат, односно се поставуваат претоварните станици треба да бидат предвидени со урбанистичките планови и останатата планска документација. (2) При определувањето на локациите на претоварните станици, освен одредбите дадени во членовите 21 и 22 од овој правилник, соодветно се применуваат и прописите од областа на просторното и урбанистичко планирање и прописите за градење. 4. Рокови за чување на отпадот во претоварните станици во зависност од видовите отпад Член 24 (1) Сите видови отпад во претоварните станици треба да се чуваат најмногу 48 часови сметано од часот на прифаќање на отпадот. (2) Опасниот отпад во претоварните станици треба да се чува најмногу 24 часови сметано од часот на прифаќање на отпадот. (3) Доколку настапат одредени исклучителни ситуации, отпадот може да се задржи и повеќе од 48 часови, но не повеќе од 30 дена, доколку неговото испраќање од претоварната станица би предизвикало или би можело да предизвика поголема штета по животната средина и животот и здравјето на луѓето од задржувањето во претоварните станици. „Службен весник на РМ“ бр. 39 од 29.03.2007 година 7 од 7 5. Завршна одредба Член 25 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 01.01.2008 година. Бр. 07-1343 1 март 2007 година Скопје Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиeски, с.р. Министер за животна средина и просторно планирање, Џелил Бајрами, с.р.

Regulation on the minimum technical conditions regarding the protection of environment that should be met by transfer stations, the conditions that should be met by locations where transfer stations are built or placed, as well as on deadlines for storage of waste in transfer stations according to types of waste · Nelum