Regulation on the methods for determining the effective meat content in carcasses of slaughtered pigs
颁布于 2012-01-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за методите за одредување на меснатоста на труповите на закланите свињи.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- swine, food safety and quality, classification/declassification, meat
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 1 од 2 20120140461 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 97, став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕТОДИТЕ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА МЕСНАТОСТА НА ТРУПОВИТЕ НА ЗАКЛАНИТЕ СВИЊИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат методите за одредување на меснатоста на труповите на закланите свињи. Член 2 (1) Процентот на месо (содржината на посно месо) во еден свински труп е односот помеѓу вкупната маса на црвени набраздени мускули кои се делливи со нож и масата на трупот. (2) Одредување на меснатоста на труповите на закланите свињи се врши со статистички докажани методи на оценување на меснатоста (процентот на месо во трупот) со употреба на средства (апарати) за класирање (категоризација) кои базираат на физичко мерење на еден или повеќе анатомски делови од трупот на закланите свињи и обезбедуваат усогласеност во рамките на максималната толерантност за статистичката грешка при оценувањето. (3) Вкупната маса на црвените набраздени мускули се добива со целосно или делумно расекување на трупот како што е наведено во Прилогот кој е составен дел на овој правилник, или со комбинација од целосно или делумно расекување со брз национален метод базиран на докажани статистички методи . (4) Расекувањето од став (3) на овој член може да се замени со оценување на процентот на посно месо користејќи средства за целосно расекување со апарат за компјутерска томографија доколку се обезбедат задоволителни споредливи податоци од расекувањето. (5) Стандардниот статистички метод за оценување на содржината на посно месо на свински трупови одобрен како метод за класификација е обичен метод на најмали квадрати или метод на намалено рангирање, но може да се користат и други статистички докажани методи. Методот се базира на репрезентативен примерок од националното производство на свинско месо, кој се состои од најмалку 120 трупови чија содржина на посно месо е потврдена во согласност со методите на расекување наведени во Прилогот. Ако се користат повеќекратни методи на земање примероци, референтата вредност се мери на најмалку 50 трупови, а прецизноста е најмалку еднаква на онаа која е добиена користејќи го стандардниот статистички метод на 120 трупа кој наведен во Прилогот. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од говеда, свињи, овци и кози, CELEX бр. 32008R1249. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 2 од 2 Член 4 Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник, престанува да важи Правилникот за квалитетот на закланите свињи и категоризација на свинското месо („Службен весник на Република Македонија “ бр. 25/04). Член 3 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2013 година. Број 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.