跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the methodology for inventory and determination of level of emissions of pollutants into the atmosphere in tons per year for all types of activities, as well as other data for submission of the European Air Monitoring Programme (EMEP)

颁布于 2007-10-24 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за методологијата за инвентаризација и утврдување на нивото на емисии на загадувачките супстанции во атмосферата во тони годишно за сите видови дејности, како и други податоци за доставување на програмата за мониторинг на воздухот на Европа (ЕМЕП).
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Air and atmosphere
关键词
air quality/air pollution, emissions, international cooperation, monitoring, pollution control, data collection/reporting, standards

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 1 од 41 Врз основа на член 46, став (2) од Законот за квалитетот на амбиентниот воздух („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004 и 92/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесe ПРАВИЛНИК ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ИНВЕНТАРИЗАЦИЈА И УТВРДУВАЊЕ НА НИВОТО НА ЕМИСИИ НА ЗАГАДУВАЧКИТЕ СУПСТАНЦИИ ВО АТМОСФЕРАТА ВО ТОНИ ГОДИШНО ЗА СИТЕ ВИДОВИ ДЕЈНОСТИ, КАКО И ДРУГИ ПОДАТОЦИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА МОНИТОРИНГ НА ВОЗДУХОТ НА ЕВРОПА (ЕМЕП) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишува методологијата за инвентаризација и утврдување на нивото на емисии на загадувачките супстанции во атмосферата во тони годишно за сите видови дејности, како и за други податоци потребни за доставување на Програмата за мониторинг на воздухот на Европа (ЕМЕП). Член 2 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење: 1. ЅNАР/СНАП - (Selected Nomenclature for Air Pollution) е Селективна номенклатура за загадување на воздухот на Европа (во натамошниот текст: СНАП Номенклатура). 2. EMEP/ЕМЕП - (Evaluation Monitoring European Programe) е Протокол за Програма за мониторинг на воздухот во Европа кон Конвенцијата за далекусежен пренос на загадувањето на воздухот (во натамошниот текст: ЕМЕП Протокол). 3. CORINAIR/КОРИНЕР- (Core Inventory of Air Emissions in Europe) е Методологија за инвентаризација на емисии во Европа. 4. CLRTAP/ЦЛРТАП – Convention of Long Range Traunsboundary Air Pollution) е Конвенција на Обединетите Нации за далекусежен прекуграничен пренос на загадувањето на воздухот (во натамошниот текст: ЦЛРТАП Конвенција). 5. IPCC/МПКК e Меѓународен панел за климатски промени кон Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени (во натамошниот текст: МПКК). 6. Верификацијата е збир од активности и процедури кои се применуваат во текот на планирањето, подготовката и развивањето или по завршувањето на инвентарот, а кои обезбедуваат негова сигурност во примената. 7. Вистинитост е блискост на просекот од голем број на определувања на податоците што се анализираат со прифатената референтна вредност. 8. Точност e блискоста на добиената вредност од мерењата на примерокот до вистинската вредност. 9. Прецизност e релативна идентичност на независните резултати од тестирањето или опсегот во чии рамки се лоцирани 95% од резултатите добиени при мерењата направени на еден примерок. 10. Примена на добра пракса e збир на процедури чија цел е да обезбедат дека инвентарот е точен во смисла на тоа дека систематски се обезбедува да податоците во инвентарот не се потценети ниту натценети и дека несигурностите се намалени во најголема можна мерка. „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 2 од 41 11. Напредно моделирање на квалитетот на воздухот e моделирање на квалитетот на воздухот коешто ги користи податоците од инвентарот на емисии при правењето и користењето на дисперзиони модели, што ги пресметува концентрациите на загадувачките супстанции во атмосферата. 12. Инверзно моделирање на квалитетот на воздухот e моделирање што се користи при правење и користење на дисперзионен модел за да се пресмета кои емисии се потребни за да се добијат предвидените концентрации на загадувачките супстанции во атмосферата. 13. Циклус на инвентаризација e збир на активности за континуирана подготовка на инвентарите, кои се преземаат за одреден временски период, и се во согласност со ЕМЕП/КОРИНЕР Упатството. 14. Контрола на сигурноста e планиран систем на постапки за преглед спроведувани од страна на некој кој не е директно инволвиран во подготовката на инвентарот. 15. Контрола на квалитетот e систем на рутински технички активности, за мерење и контрола на квалитетот на инвентарот при неговата подготовка и проверка. 16. ЕМЕП/КОРИНЕР Упатство е документ во кој се дадени методологиите и другите неопходни параметри за сите релевантни извори по категории на дејности на национално ниво прифатени од страна на извршното тело на ЦЛРТАП Конвенцијата. 17. Рата на активности e квантитативно преставување на променливи податоци кои ги изразуваат емисиите по дејност на извор изразена со физички податоци (како на пр. производство на количина на цемент годишно) или со монетарни податоци (како на пример цена на производство на гас). 18. Емисионен фактор e специфична вредност на емисија, најчесто дадена во физички единици, поврзана со поедини дејности и/или рата на активности. 19. Дисперзионо моделирање е математичка симулација за начинот на кој загадувањето се дисперзира во амбиентниот воздух. Дисперзивното моделирање се врши со помош на апликативни софтвери кои користејќи математички равенки и алгоритми го симулираат распространувањето на загадувањето. Член 3 Инвентаризација (1) Инвентаризација се спроведува со цел да се утврдат сите емисии од антропогени и природни извори во атмосферата во Република Македонија. (2) Инвентаризацијата од став 1 од овој член се состои од: систематско одредување на изворите на емисии; идентификација на дејностите кои генерираат емисии, и квантификација на емисии по загадувачки супстанции испуштени во соодветната година. (3) Податоците за изворите на емисии собрани при инвентаризацијата се класифицираат според дејностите во кои доаѓа до испуштања на емисии согласно СНАП номенклатурата. II. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИНВЕНТАРИЗАЦИЈА Член 4 Подготовка на инвентарот (1) Врз основа на инвентаризацијата од член 3 од овој правилник се изготвува инвентар за нивото на емисии на загадувачките супстанции во атмосферата во тони годишно за сите видови дејности во Република Македонија. „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 3 од 41 (2) Инвентарот од став (1) од овој член се изготвува во согласност со ЕМЕП/КОРИНЕР Упатството. (3) Циклусот на инвентаризација секоја година, се спроведува согласно Упатството од став (2) од овој член. Член 5 Основни податоци За подготовка на инвентарот од член (4) од овој правилник се идентификува ратата на активности и емисионите фактори за поедините дејности идентификувани во СНАП номенклатурата заради подобра распределба на расположливите податоци за подготовка на инвентарот. Член 6 Валидизација на инвентарите Податоците од инвентарот од член (4) од овој правилник редовно се проверуваат и дополнуваат секоја година и се внесуваат настанатите промени. При проверувањето и дополнувањето на податоците во инвентарот се користи последната верзија на ЕМЕП/ КОРИНЕР Упатството. Член 7 Примена на најдобра практика (1) Во подготовка на инвентарот во согласност со последната верзија ЕМЕП/КОРИНЕР Упатството користејќи ги расположливите податоци од сите дејности по СНАП номенклатурата во Република Македонија, се применува најдобра практика. (2) Примената на ЕМЕП/ КОРИНЕР Упатството се врши на најдобар можен начин согласно условите и можностите во Република Македонија, за собирање на податоци за подготовка на инвентарот. (3) Барањата од став (1) и (2) од овој член, обезбедуваат проценките на емисии, иако несигурни, да бидат bona fide проценки, во смисла да не содржат никакви отстапувања кои можеле да се идентификуваат и елиминираат, и несигурностите да се намалат во најголема можна мерка. Член 8 Контрола на сигурноста и контрола на квалитетот (1) При подготовката на инвентарот се применува контрола на сигурност и контрола на квалитет, заради: овозможување рутинска и постојана проверка на податоците со која се осигурува целост, точност и комплетност на податоците; идентификација на грешките и пропустите; документирање и архивирање на материјали што се користат при подготовката на инвентарот и забележување на сите активности за контрола на сигурноста и контрола на квалитетот. (2) Активностите за контрола на сигурноста и контрола на квалитетот вклучуваат генерални методи за проверка на точноста на стекнување и пресметување на податоците и употребата на одобрени стандардизирани процедури за пресметување на емисиите дефинирани во ЕМЕП/КОРИНЕР Упатството. „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 4 од 41 (3) Контролата на сигурноста и контролата на квалитетот се врши по првичната верзија на инвентарот. (4) При изработката на инвентарот се следи имплементирањето на процедурите за контрола на сигурноста и контрола на квалитетот со цел да се верифицира дека во инвентарот е дадена најдобра можна проценка на емисиите според степенот на научното знаење и податоците кои се достапни. (5) Резултатите од спроведените контрола на сигурноста и контрола на квалитетот и дефинираните временски рамки за нивно спроведување се документираат во план за проценка на сигурност. Член 9 Споредба на инвентарите По изготвувањето на првичната верзија на инвентарот се врши споредување на податоците на истиот со податоците од последниот подготвен инвентар, пришто се користат следните методи: Преклопување - секогаш кога се подготува инвентарот во новонастанатите услови и време, се врши споредување на нивото и трендот на податоците со податоците од веќе постоечките инвентари од претходните години. Доколку за новонастанатите услови и време методологијата за подготвување на инвентарот не може да се употреби за сите години, се употребува девијација/отстапување на преклопувањето за да се прилагоди/приспособи истото на временската серија. Екстраполација и интерполација - ако подготовката на инвентарот бара многу средства за да се спроведува секоја година, целосна пресметка ќе се користи за секоја втора година, а за годината помеѓу, се користи интерполација. Сурогат екстраполација - кога недостасуваат податоци за проценка на емисиите во основната година, се употребува сурогат екстраполација. Член 10 Споредба на методологии При изработката на инвенторот може да се врши споредба на методологиите на ЕМЕП/КОРИНЕР Упатството со последната методологија на инвентарот на емисии на стакленички гасови усвоена од страна на Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени. Член 11 Верификација По изработката на инвентарот се врши верификација на инвентарот, со што се потврдува точноста на инвентарот на емисии и вистинитоста на податоците. Верификацијата се врши со техники кои прават споредба помеѓу проценките на емисиите и на некои други познати измерени вредности кои се поврзани директно со изворот на емисиите или индиректно со процесот кој предизвикува емисии. „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 5 од 41 Член 12 Употреба на податоците (1) Податоците од инвентаризацијата се употребуваат за идентификување и утврдување на загадувањето на атмосферата по поедини дејности и загадувачки супстанции, со цел припрема на планови и програми за намалување на загадувањето. (2) Податоците од став (1) од овој член се употребуваат и за известување од страна на Република Македонија до ЦЛРТАП Конвенцијата согласно барањата дадени во ЕМЕП Протоколот, коишто можат се користат од страна на меѓународните организации заради инвентаризација и анализа на емисиите на глобално ниво. Член 13 СНАП Номенклатура (1) Методологијата содржана во ЕМЕП/КОРОНАИР Упатството се имплементира преку СНАП номенклатурата. (2) СНАП номенклатурата е дадена во Прилог кој е составен дел од овој правилник. Член 14 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 07-4941/3 Министер за животна средина 24 октомври 2007 година и просторно планирање, Скопје Џелил Бајрами, с.р. „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 6 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 7 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 8 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 9 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 10 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 11 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 12 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 13 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 14 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 15 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 16 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 17 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 18 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 19 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 20 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 21 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 22 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 23 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 24 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 25 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 26 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 27 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 28 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 29 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 30 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 31 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 32 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 33 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 34 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 35 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 36 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 37 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 38 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 39 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 40 од 41 „Службен весник на РМ“ бр. 142 од 26.11.2007 година 41 од 41

Regulation on the methodology for inventory and determination of level of emissions of pollutants into the atmosphere in tons per year for all types of activities, as well as other data for submission of the European Air Monitoring Programme (EMEP) · Nelum