Regulation on the methodology for ambient air quality monitoring
颁布于 2009-11-02 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за методологијата за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Air and atmosphere
- 关键词
- air quality/air pollution, data collection/reporting, environmental standards, inspection, monitoring, pollution control, standards, protection of environment
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 1 од 36 20091382697 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 41 од Законот за квалитет на амбиентен воздух („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04 и 92/07), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за здравство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА МОНИТОРИНГ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот, условите и постапката за воспоставување и работење на сите мрежи на мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и методологијата за мониторингот, условите и начинот и постапката на доставување на информациите и податоците од мониторингот и критериумите за избор на мерни места за сите извори на загадување на квалитетот на амбиентниот воздух. Член 2 (1) Мерните места преку кои се врши мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздухот можат да бидат воспоставени како фиксни во состав на државната или локалната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух (во понатамошниот текст: мониторинг мрежи) или да бидат во сопственост на правни и физички лица кои вршат интерен мониторинг односно управуваат со инсталации кои се извор на емисии на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух. (2) Монитoрингот се врши со: континуирано (постојано) и/или дисконтинуирано (повремено) мерење на фиксни мерни места, и земање на примерок за одредување на концентрацијата на загадувачката супстанца во воздухот. (3) По исклучок од став (1) на овој член заради потреба од дополнителни оценки на квалитетот на амбиентиот воздух можат да се воспостават и индикативни мерни места на кои може да се врши мониторинг во согласност со став (2) на овој член. Член 3 Критериумите за избор на локацијата на мерните места за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух се дадени во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник. Член 4 (1) При воспоставувањето на мониторинг мрежите особено треба да се води сметка за обезбедување на следните услови: планирање на локациите на фиксните мерни места на макро основа; одредување на локацијата на фиксните мерни места на микро основа, значајни за оценувањето на квалитетот на амбиентниот воздух; воспоставување на технички услови за мерење и/или земање на примерок за одредување на концентрацијата на загадувачката супстанца во воздухот на фиксни мерни места кои вклучуваат: поставување на соодветна основа за сместување на мерните инструменти, осигурување на заштита од атмосферско електрично празнење, воспоставување на приклучок за струја, обезбедување на стабилен напон, воспоставување Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 2 од 36 на телефонски/GSM приклучок, обезбедување на систем за греење и ладење, осигурување на опремата, опремување на фиксните мерни места со опрема за собирање, складирање, обработка и пренос на податоците. (2) Одредбите од ставот (1) на овој член се применуваат и при воспоставување на индикативните мерни места. Член 5 (1) Заради обезбедување континуираност на мониторингот и расположливост со податоци од мерењата од мониторинг мрежите со цел оценување на квалитетот на амбиентниот воздух на целата територија на Република Македонија, за фиксните мерни места во мрежите се обезбедуваат резервни мерни инструменти. (2) За загадувачките супстанци: сулфур диоксид, азотни оксиди изразени како азот диоксид, суспендирани цврсти честички во воздухот со големина до 10 микрометри (во натамошниот текст ЦЧ10 (РМ10), јаглерод моноксид и озон, бројот на резервни мерни инструменти треба да изнесува најмалку десет проценти од вкупниот број на мерни места и инструменти, но не помалку од еден мерен инструмент. Член 6 (1) Правните лица кои управуваат со мониторинг станиците за квалитет на амбиентниот воздух кои влегуваат во државна или локална мониторинг мрежа, за Министерството за животна средина и просторно планирање (во понатамошниот текст: министерство) треба да обезбедат податоци за мониторинг станиците и мерните места и мониторинг инструментите коишто се употребуваат, вклучувајќи и информација за локацијата на теренот, како што е наведено во Прилог 2 кој е составен дел од овој правилник. (2) Информациите од став (1) на овој член се ажурираат секој пат кога станицата или мерното место ќе се стави во функција, ќе се прелоцира или ќе се затвори. Член 7 Покрај општите услови утврдени во член 4 на овој правилник, при воспоставувањето на мониторинг мрежите треба да се земат во предвид условите утврдени во членовите 8, 9 и 10 на овој правилник кои се однесуваат на мерење на прекурсорите на озон, суспендирани цврсти честички во воздухот со големина до 2.5 микрометри (во натамошниот текст: ЦЧ2,5 (PM2,5)), полициклични ароматични јаглеводороди, жива, арсен, кадмиум и никел. Член 8 За обезбедување на минимум податоци за концентрациите на прекурсорските супстанции на озонот наведени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник, на територијата на Република Македонија мониторингот треба да се врши на најмалку едно мерно место преку инсталирање на најмалку една мерна станица. Изборот на бројот и локациите на мерните места во кои треба да се мерат прекурсорските супстанции на озонот, се врши земајќи ги предвид условите утврдени во Прилог 3 на овој правилник. Член 9 (1) За обезбедување на минимум податоци за концентрациите на ЦЧ2,5 (PM2,5) на територијата на Република Македонија мониторингот треба да се врши на најмалку едно мерно место преку инсталирање на најмалку една мерна станица. Изборот на бројот и локациите на мерните места на коишто треба да се мери концентрацијата на ЦЧ2,5 (PM2,5) се избираат на начин што ќе можат репрезентативно да ги прикажуваат концентрациите на Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 3 од 36 ЦЧ2,5 (PM2,5) на ниво на целата територија на Република Македонија. Таму каде што е тоа можно, мерните места за земање примероци за PM2,5 треба да се лоцираат на истите места како и оние за PM10. (2) Со цел да се обезбедат, како минимум, информации за вкупната концентрација на маса и за хемискиот состав на концентрациите на ЦЧ2,5 (PM2,5) врз основа на годишен просек, се поставуваат мерни места на локации во рурални средини оддалечени од значителни извори на загадување на воздух, согласно условите утврдени во Прилог 4 на овој правилник доколку ги исполнуваат следните критериуми: (а) се поставува едно мерно место за земање примероци на територијата на Република Македонија; (б) во соработка со соседна земја може да се постави најмалку едно или повеќе заеднички мерни места за земање примероци заради опфаќање на релевантните соседни зони за да се постигне потребната просторна покриеност на мониторингот; (в) се постигнува усогласеност со стратегијата за мониторинг на воздухот на Европската Унија и со Програмата за мониторинг на воздухот на Европа (во понатамошниот текст: ЕМЕП програма). Член 10 (1) За да се процени присуството на бензо(а)пиренот во амбиентниот воздух во Република Македонија треба да се врши мониторинг на други релевантни соединенија кои припаѓаат на групата полициклични ароматични јаглеводороди на ограничен број на мерни места. (2) Соеднинеијата од став (1) на овој член вклучуваат: Бензо(а)антрацен, бензо(b)флуорантен, бензо(ј)флуорантен, бензо(к)флуорантен, индено(1,2,3 cd)пирен и дибензо(а,h)антрацен. (3) Мерните места за мониторинг на соединенијата кои припаѓаат на групата полициклични ароматични јаглеводороди треба да бидат лоцирани заедно со локациите на мерните места каде се земаат примероци за бензо(а)пирен. (4) Независно од концентрациите на арсен, кадмиум, никел, жива во гасна состојба, бензо(а)пирен и други полициклични ароматични јаглеводороди во амбиентниот воздух, на територијата на Република Македонија ќе се определи едно мерно место со инсталирање на мерна станица за мерење на позадинско загадување. Кога е тоа можно се препорачува и мерење на суспендирана и двовалентна жива во гасовита состојба. (5) За да се постигне целоснта покриеност на територијата на Република Македонија може заедно со соседна држава да се определи едно или повеќе заеднички мерни места за земање примероци заради опфаќање на релевантните соседни зони. (6) При определувањето на локацијата на мерните места од овој член треба да се земат во географската варијација и долгорочните трендови кои се определуваат во согласност со Прилог 1 на овој правилник. (7) Каде е тоа можно, со мониторингот од овој член се постигнува усогласеност со стратегијата за мониторинг на воздухот на Европската Унија и со ЕМЕП програма. Член 11 При определување на локаците на фиксните мерни места за мерење на позадинско загадување, за мерење на прекуграничниот пренос на загадувачките супстанци и мерењата кои произлегуваат од меѓународните обврски на Република Македонија задолжително се земаат во предвид условите утврдени во ЕМЕП програмата. Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 4 од 36 Член 12 (1) За да се обезбедат податоци за целите на оценување на квалитетот на амбиентниот воздух за секоја загадувачка супстанца сулфур диоксид, азот диоксид, азотни оксиди, ЦЧ10 (РМ10), ЦЧ2,5 (PM2,5) олово, бензен, јаглерод моноксид, озон, кадмиум, никел, арсен и бензо(а)пирен, за секоја зона и агломерација на територијата на Република Македонија, се определуваат минимален број на мониторинг места, доколку мониторингот е единствениот извор на информации во врска со квалитет на амбиентниот воздух. (2) Во зоните и агломерациите каде што мерењата од фиксни мерни места се единствен извор на информации за оценка на квалитетот на амбиентниот воздух, бројот на мерните места за земање примероци за секоја загадувачка супстанца не треба да биде помал од минималниот број на места за земање примероци дадени во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник. (3) За зоните и за агломерациите каде што покрај информациите што се добиваат со мерењата од фиксни мерни места постојат и дополнителни информации за квалитетот на амбиентниот воздух добиени од други извори, како што се регистрите на емисии, информации добиени преку индикативни методи на мерење и моделирање на квалитетот на воздухот, вкупниот број мерни места, наведени во Прилог 6 од овој правилник може да се намали до 50%, доколку се исполнети следните услови: дополнителните методи да обезбедуваат соодветно ниво на информации за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух во однос на граничните и целните вредности, праготови на предупредување и алармирање, како и соодветни информации за јавноста; бројот на мерните места кои треба да се постават и просторната покриеност со примена на други техники да бидат доволни за утврдување на концентрациите на загадувачките супстанци во воздухот, во согласност со целите за квалитетот на податоците наведени во Прилог 2 од Правилникот за критериуми, методи и постапки за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2006) и да овозможат проценка на резултатите, како што е утврдено со член 15 од истиот правилник. во секоја зона или агломерација да има поставено најмалку едно мерно место и азот диоксидот да се мери во сите други мерни места, освен во руралните средини, како што е наведено во точка 3 од Прилог 1 на овој правилник. (4) Информациите добиени преку индикативни методи на мерење и моделирање на квалитетот на воздухот ќе бидат земени впредвид при оценката на квалитетот на амбиентниот воздух во однос на граничните и целните вредности. (5) Во зоните и агломерациите каде што, за време на секоја од претходните пет години измерените концентрациите на озон се под утврдените долгорочни цели за озон, бројот на фиксните мерни станици ќе биде утврден во согласност со Прилог 6 на овој правилник. Член 13 Референтните методи за мониторинг кои се применуваат при мерење на концентрациите на загадувачките супстанци во амбиетниот воздух се дадени во Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник. Член 14 Информациите и податоците од мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздух се достапни на јавноста во согласност со приписите кои го регулираат пристапот на јавноста до информации за животна средина и во согласност со Правилникот за содржината и начинот на преносот на податоците и информациите за состојбите во управувањето со квалитетот на амбиентниот воздух. Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 5 од 36 Член 15 (1) Информациите и податоците од мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздух се доставуваат до меѓународни организации заради обезбедување на податоци за прекуграничниот пренос на загадувачките супстанци и исполнување на меѓународните обврски кои произлегуваат за Република Македонија (во понатамошниот текст: меѓународно известување). (2) Меѓународното известување се врши врз воспоставена реципрочна размена на информации и податоци, во однос на која Министерството за животна средина и просторно планирање (во понатамошниот текст: министерство) еднаш годишно доставува информација за мониторинг мрежите, мониторинг станиците и мерни места, мерењата и валидирани податоци за квалитетот на амбиентниот воздух од постоечките мониторинг мрежи за квалитет на амбиентниот воздух, согласно Прилог 2 од овој правилник. (3) Информациите и податоците од став (2) на овој член се доставуваат во еден од следниве формати: ISO 7168 верзија 2 проширен формат, NASA-AMES 1001/1010 или DEM (Модул за размена на податоци предвиден од Европската комисија) компатибилен формат, или во DEM база на податоци. (4) Министерството редовно и задолжително доставува податоци за загадувачките супстанци, коишто се дадени во Прилог 8, дел 1 точка од 1 до 15 кој е составен дел на овој правилник. Во рамките на меѓународното известување се известува и за загадувачките супстанции за кои постојат податоци а кои се наведени во Прилог 8 дел 2, од точка 16 до 63 на овој правилник. (5) Министерството доставува месечни извештаи за озон, летни извештаи за озон и годишни извештаи за озон до Европска агенција за животна средина и Еврпската Комисија согласно Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник. (6) Министерството еднаш годишно доставува извештај од оценката на квалитетот на воздухот до Европската Комисија и Европска агенција за животна средина согласно Упатството за пополнување на прашалникот за оценката на квалитетот на воздухот. (7) Министерството еднаш годишно доставува информација за програмите за намалување на загадувањето и подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух и акционите планови за заштита на амбиентниот воздух до Европската комисија во согласност со Упатството за програми за намалување на загадувањето и подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух и акциони планови за заштита на амбиентниот воздух. (8) Министерството ги доставува во целост програмите за намалување на загадувањето и подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух и акционите планови за заштита на амбиентниот воздух до Европската комисија, по нејзино барање. (9) Министерството може да ја информира Европската комисија за програмите за намалување на загадувањето и подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух и акционите планови за заштита на амбиентниот воздух, но задолжително ја информира не подоцна од две години по завршувањето на годината кога било забележано првото надминување на граничните и целните вредности на квалитетот на амбиениот воздух. (10) На секои три години министерството треба да ја информира Европската комисија за напредокот во спроведувањето на програмите за намалување на загадувањето и подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух и акционите планови за заштита на амбиентниот воздух. (11) Министерството ја информира Европската комисијата за методите кои ги користи за земање примероци и за мерење на испарливите органски соединенија на начин утврден во Прилог 3 од овој правилник. (12) Министерството ја известува Европската комисијата за методите на мерење кои се користат при мерење на хемискиот состав на суспендираните честички со големина до 2.5 микрометри (PM2.5). Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 6 од 36 Член 16 Со денот на влегување во сила на овој правилник престануваат да важат одредбите од член 14 и Прилог 3 од Правилникот за критериумите, методите и постапките за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух („Службен веник на Република Македонија“ бр. 82/06). Член 17 Членот 15 од овој правилник ќе отпочне да се применува со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Член 18 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-8576/3 6 октомври 2009 година Скопје Министер за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, с.р. Бр. 08-8735/2 Министер за здравство, 2 ноември 2009 година Бујар Османи, с.р. Скопје Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 7 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 8 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 9 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 10 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 11 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 12 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 13 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 14 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 15 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 16 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 17 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 18 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 19 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 20 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 21 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 22 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 23 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 24 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 25 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 26 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 27 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 28 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 29 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 30 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 31 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 32 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 33 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 34 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 35 од 36 Службен весник на РМ, бр. 138 од 17.11.2009 година 36 од 36