跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the method of registration and deletion from the records of social and economic partners and necessary documentation

颁布于 2011-02-21 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
agricultural development, procedural matters, registration, rural development

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 24 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развој (,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/2010), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ ЗА УПИС И БРИШЕЊЕ ОД ЕВИДЕНЦИЈАТА НА СОЦИЈАЛНИ И ЕКОНОМСКИ ПАРТНЕРИ И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација. Член 2 Барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери се поднесува на образец даден во прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 За упис во евиденцијата од член 2 на овој правилник социјалните и економските партнери кон барањето ја поднесуваат следната документација: 1.Тековна состојба од Централен Регистар на Република Македонија не постара од 1 месец; 2. Актот за основање 3.Статут 4. Програма за работа. Член4 За упис во евиденцијата од член 2 на овој правилник економските партнери покрај документацијата од член 3 на овој правилник, кон барањето поднесуваат документација дека се исполнети дополнителните услови од член 24 став 3 од Законот за земјоделство и рурален развој и тоа во зависност од видот на економскиот партнер за: А) Здруженија на земјоделски производители: список на членови на Здружението со име и презиме/Назив, ЕМБГ /ЕМБС, улица, број и место на живеење/седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице на здружението; Б) Здруженија на преработувачи или трговци со земјоделски производи: список на правни лица кои имаат пристапница во здружението со Назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице или документ за регистрирана приоритетна дејност на правните лица членови на Здружението издаден од трговскиот регистар; В) Задруги и задружни сојузи од областа на земјоделското производство: доказ за годишен приход од продажба на земјоделски производи издаден од Управа за јавни приходи или извод од сметка за остварениот приход во претходната година од годината на упис список на правни лица кои имаат пристапница во задругата или задружниот сојуз со Назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице и Г) Групации во рамките на стопанските комори од областа на земјоделството: список на правни лица кои имаат пристапница во стопанската комора со назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице; документ за регистрирана дејност на правните лица членови на Групацијата издаден од трговскиот регистар. Член 5 Запишаните субјекти во евиденцијата на социјални и економски партнери секоја промена на адресата, седиштето, претежната дејност и другите податоци врз основа на кои е запишан во евиденцијата треба да ги пријави до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 10 дена од настанатите промени. Член 6 Доколку запишаните социјални и економски партнери се неосновано запишани или престанат да ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделство и рурален развој, истите се бришат од евиденцијата на социјалните и економски партнери. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-1037 /3 21 февруари 2011 година Скопје Министер, Љупчо Димовски, с.р. Прилог До Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Скопје Предмет: Барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери Врз основа на член 24 од Законот за земјоделство и рурален равој (,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/10) доставувам барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери. 1. Назив на субјектот (здружение/задруга/групација) 2. Адреса и седиште на субјектот (здружение/задруга/групација) 3. ЕМБГ на претседателот на здружението/ЕМБС на правното лице 4. Приоритетна дејност на здружение/задруга/групација 5. Број на членови на субјектот ( зд ружение/задруга/гр уп аци ја) 6. Број на членови на субјектот евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства 7. За задруги и задружни сојузи висина на годишен приход од продажба на земјоделски производи на членовите на задругата Дата мл Подносител

Regulation on the method of registration and deletion from the records of social and economic partners and necessary documentation · Nelum