Regulation on the method of performing monitoring in the field of production, processing, storage, distribution, use and conformity of fertilizers, as well as quality control of sewage
颁布于 2013-11-20 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Уредба со законска сила за примена на законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата за време на вонредна состојба.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- fertilizers/nutrients, access-to-information, processing/handling, internal trade, international trade, monitoring, data collection/reporting, transport/storage, plant production
- 类别
- *, agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 32-а став (4) од Законот за ѓубриња (“Службен весник на Република Македонија “ бр. 110/07, 20/09, 17/11, 148/11 и 69/15 ), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА МОНИТОРИНГ ВО ОБЛАСТА НА ПРОИЗВОДСТВОТО, ПРЕРАБОТКАТА, СКЛАДИРАЊЕТО, ДИСТРИБУЦИЈАТА, УПОТРЕБАТА И СООБРАЗНОСТА НА УБРИЊАТА, КАКО И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА УБРИЊАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на вршење на мониторинг во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, како и контролата на квалитетот на ѓубрињата. Член 2 () Мониторингот во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, како и контролата на квалитетот на ѓубрињата се спроведува преку мерење, следење, оцена и контрола на параметри за идентификација и докажување на квалитетот ѓубрињата при увоз, извоз, преработка, складирање, дистрибуција, употреба и сообразност на ѓубрињата , како и при следење во сите фази од процесот на производство, со земање на мострите од ѓубрињата. (2) Податоците од мониторингот од став (1) на овој член се објавуваат на веб страната на Фитосанитарната управа. Член 3 (1) Мониторинг при производство и преработка се спроведува на тој начин што Државниот инспекторат за земјоделство зема мостри по случаен избор од различни точки од секоја шаржа која се контролира, а од секоја шаржа што се испитува зема мостра одделно. (2) Поединечните мостри се земаат од повеќе различни места каде што е дистрибуирана шаржата на ѓубриња и повеќе различни места на производство и преработка и тоа: 1) Одѓубрето произведено и преработено во цврста состојба во една шаржа, се земаат три мостри од еден кг за просечна проба за анализа по случаен избор; 2) Одѓубрето произведено и преработено во течна состојба во една шаржа, се земаат три оргинални пакувања по случаен избор од секој тип на ѓубре; 5) Одѓубрето произведено и преработено во ринфузна цврста состојба од иста шаржа, се земаат три мостри по случаен избор во количина од еден кги 4) Одѓубрето во ринфузна течна состојба кое е произведено и преработено во буриња или канистри од иста шаржа се земаат три мостри по случаен избор во количина од еден литар. Член 4 () Мониторинг при увоз се спроведува на тој начин што инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство зема мостри по случаен избор од различни точки од секоја пратка која се увезува и тоа: 1) Од ѓубрето увезено во цврста состојба од иста шаржа, се земаат три мостри по еден кг за просечна проба за анализа по случаен избор; 2) Од ѓубрето увезено во течна состојба од иста шаржа се земаат три оргинални пакувања по случаен избор од секој тип на ѓубре од пратката; 5) Од ѓубрето увезено во ринфузна цврста состојба од иста шаржа, се земаат три мостри по случаен избор во количина од еден кги 4) Од ѓубрето во ринфузна течна состојба кое се увезува во буриња или канистри се земаат три мостри по случаен избор во количина еден литар. Член 5 (1) Мониторинг при извоз се спроведува на тој начин што инспекторот од држаниот инспекторат за земјоделие зема мостри по случаен избор од различни точки од секоја пратка која се извезува и тоа: 1) Од ѓубрето што се извезува во цврста состојба од иста шаржа се земаат две мостри по еден кг за просечна проба за анализа по случаен избор; 2) Од ѓубрето што се извезува во течна состојба од иста шаржа се земаа две оргинални примероци по случаен избор од секој тип на ѓубре; 5) Одѓубрето што се извезува во ринфузна цврста состојба, се земаат две проби по случаен избор во количина од еден кги 4) Одѓубретоворинфузна течна состојба што се извезува во буриња или канистри се земаат две мостри по случаен избор во количина по еден литар. Член 6 () Контролата на квалитетот на ѓубрињата ја спороведува Државниот инспекторат за земјоделие преку контрола при увоз, извоз и пласирање на пазарот по случаен избори тоа: 1) Одѓубрето кое се пласира во цврста состојба од иста шаржа, се земаат две мостри од еден кг за анализа по случаен избор и 2) Од ѓубрето кое се пласира во течна состојба од иста шаржа , се земаат две мостри од оргинални примероци по случаен избор од секој тип ѓубре. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-200/5 Министер за земјоделство, 20 ноември 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср.