跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the method of performing and monitoring biological diversity in animal husbandry

颁布于 2010-11-12 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal production, animal reproduction, biodiversity, genetic resources, monitoring, data collection/reporting

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 55 став 2 од Законот за сточарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008 и 116/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕТО И МОНИТОРИНГОТ НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ ВО СТОЧАРСТВОТО Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството. Член 2 Генетските резерви на анималните генетски ресурси кај домашните животни кои се значајни за земјоделството треба да бидат под мониторинг и константно контролирани од страна на вршителот на јавната услуга. Член 5 Мониторингот на биолошката разновидност во сточарството се изведува на ниво на вид и/или на ниво на популација при што се добива информација за: актуелната состојба на видот и/или популацијата; резултатите од начинот на одгледување на домашните животни и природната дистрибуција на видот и/или на популацијата. Член 4 Мониторингот на биолошката разновидност во сточарството се изведува на генетско ниво при што се добива информација за: генетскиот диверзитет во популацијата и/или видот; генетскиот диверзитет меѓу популациите и ефектите од начинот на одгледување на домашните животни врз диверзитетот на видот и/или популацијата. Член 5 Правилен и константен мониторинг на биолошка разновидност кај домашните животни се спроведува преку водење и чување на регистар на автохтони раси и/или линии на домашни животни со зоотехничка оцена, согласно член 8 од Правилникот за начинот на одгледување и прометот на автохтони раси и/или линии, формата и содржината на барањето за признавање на нови автохтони раси и/или линии и формата, содржината и начинот на водење на регистарот. Член 6 Со цел да се обезбеди мониторинг на биолошката разновидност на анималните генетски ресурси кај домашните животни во Република Македонија се воспоставува унифициран информационен систем, кој е научно споредлив и прилагоден на потребите на Република Македонија. Член 7 База на податоци за поедини раси и видови се воспоставува за да служи како извор на податоци за мониторинг на биолошката разновидност. Информациониот систем и базата на податоци ги управува вршителот на јавната услуга. Член 8 Вршителот на јавната услуга соработува со меѓународни бази на податоци преку кои ќе обезбеди проширување на мониторингот на биолошката разновидност, точност и редовно дополнување на македонската база на податоци и македонскиот Регистар. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник у на Република Македонија". Бр.08-105217/1 Министер за земјоделство, 12 ноември 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје

Regulation on the method of performing and monitoring biological diversity in animal husbandry · Nelum