Regulation on the method of marking vessels and on sealing and recording of fishing gear
颁布于 2008-02-20 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на обележување на пловните објекти и пломбирањето и евидентирањето на риболовниот алат.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Fisheries and aquaculture
- 关键词
- fishing gear/fishing method, fishing vessel, inland fisheries, marking/identification, procedural matters, registration, fishery management and conservation
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 38 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр.7/08), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ И ПЛОМБИРАЊЕТО И ЕВИДЕНТИРАЊЕТО НА РИБОЛОВНИОТ АЛАТ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на обележување на пловните објекти (чамци) и пломбирањето и евидентирањето на риболовниот алат. Член 2 Пловните објекти (чамци) кои се користат за стопански риболов покрај ознаката на чамецот за вршење стопански цели согласно прописите за внатрешна пловидба, на средината на чамецот од двете страни дополнително се обележуваат со евидентен број за стопански риболов и знаме за препознавање. Евидентниот број за стопански риболов се состои од две букви и два броја, определени од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Бројките и буквите се аплицираат, се флуоресцентни и се со димензии 17 х 8 ст. Знамето за препознавање е црвено, пластифицирано, со правоаголна форма и со димензии 50 х 20 ст. На знамето со црна боја е втисната ознака ВСР (вршител на стопански риболов). Знамето е закачено на јарбол и се поставува на висина не помала од 60 см од горниот раб на чамецот. Член 5 Рибарскиот алат (мрежи за стопански риболов) се пломбираат и се означуваат со пловки. Пломбите се оловни, имаат жиг и се поставуваат на горните два краја од мрежата. Рибарскиот алат (мрежите за стопански риболов) поставени во риболовната вода на двата краја се означуваат со црвени пластични пловки во топчеста форма со дијаметар не помал од 20 ст. Пловките се обележани со истиот евидентен број за стопански риболов на пловниот објект (чамецот) со кој се врши риболовот. Член 4 Евидентирањето на риболовниот алат (мрежите за стопански риболов) се врши пред неговата прва употреба и претходно пломбирање, а се брише од евиденција со неговото расходување. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија". Бр. 08 - 2655/1 Министер 20 февруари 2008 година за земјоделство, шумарство и водостопанство, Скопје Ацо Спасеноски, ср.