Regulation on the method of marking the belt around a fish pond
颁布于 2009-07-24 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на обележување на појасот околу рибник.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Fisheries and aquaculture
- 关键词
- aquaculture, marking/identification
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 68 став 3 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПОЈАСОТ ОКОЛУ РИБНИК Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на обележување на појасот околу рибник. Член 2 Појасот околу рибникот се обележува со крајни и средишни пловки, јажиња и знаме за препознавање на оддалеченост не поголема од 15 метри од кафезите. Крајните пловки се пластични, со жолта флуоресцентна боја, во топчеста форма и пречник не помал од 50 сантиметри и се прицврстуваат за дното на риболовната вода. Крајните пловки помеѓу себе се поврзуваат со јажиња. Средишните пловки се пластични, со жолта флуоресцентна боја, во топчеста или цилиндрична форма и пречник не помал од десет сантиметри и се прицврстуваат на јажињата на растојание не поголемо од еден метар. Член 5 Знамето за препознавање се поставува на една од крајните пловки од член 2 став 2 на овој правилник. Знамето за препознавање е со црвена боја, во правоаголна форма со димензии 30 х 20 сантиметри. Од едната страна на знамето со црна боја е наведен називот на вршителот на аквакултура, а од другата страна бројот на дозволата за аквакултура. Член 4 Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-9545/1 Министер 24 јули 2009 година за земјоделство, шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср.