跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the method for implementation of subsidization of interest rates in agriculture and rural development

颁布于 2016-09-20 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на спроведување на субвенционирање на каматни стапки во земјоделството и руралниот развој.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
agricultural development, financial agricultural measures, procedural matters, rural development, taxes, fiscal and market measures

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Врз основа на член 98-а став 6 од Законот за земјоделство и рурален развој {,,Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177 /14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120 /16 и 163/16}, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КАМАТНИ СТАПКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на спроведување на субвенционирање на каматни стапки во земјоделството и руралниот развој. Член 2 (1) Барањето за субвенционирање на каматни стапки, се доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенцијата}, по објавување на јавен повик од страна на Агенцијата. {2} Барањето од став {1} на овој член се доставува во електронска форма преку регистрација на електронски партал на Агенцијата. Член 3 {1} Барателите за субвенционирање на каматни стапки потребно е кон барањето во електронска форма да приложат и соодветна документација со која се докажува исполнетоста на условите за користење на помошта од член 98-а од Законот за земјоделство и рурален развој и тоа: договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата финансирана од Инструментот за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија и детален амортизационен план кој е прилог на договорот за кредит. (2) По приемот на барањето од став (1) на овој член се проверува исполнетоста на условите за субвенционирање на каматните стапки од член 98-а став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој. Член 4 (1) По административната проверка доколку барателот ги исполнува условите за субвенционирање на каматни стапки, барателот и Агенцијата склучуваат договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски. (2) Барателот треба да ја извести Агенцијата за секоја промена во однос на договорот за склучен кредит со банката и штедилницата за инвестицијата финансирана од Инструментот за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија, како и во случај на предвремено враќање на дел или целиот износ на користениот кредит одобрен од банката или штедилницата. Член 5 Субвенционирањето на каматни стапки се исплаќа по доставено барање за исплата и доставени изводи за подмирени обврски за исплатени ануитети во согласност со амортизациониот план и тоа на полугодишно или годишно ниво согласно договорот од член 4 став (1) на овој правилник. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 01-3266/1 20 септември 2016 година Скопје Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, в.д. Директор, Билјана Вуковиќ, с.р.

Regulation on the method for implementation of subsidization of interest rates in agriculture and rural development · Nelum