Regulation on the method and procedure for implementation of the support for assistance for carrying out agricultural activity for protection and improvement of the environment
颁布于 2018-06-08 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот и постапката за спроведување на поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development, Environment
- 关键词
- agricultural development, subsidy/incentive, procedural matters, protection of environment
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Врз основа на член 78 став (11} од Законот за земјоделство и рурален развој (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177 /14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27 /19 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 152/19, 244/19 и 275/19), директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОДДРШКАТА ЗА ПОМОШ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за спроведување на поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина. Член 2 Поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина согласно овој правилник, се доделува за мерки пропишани со програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за кои се објавува јавен повик од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како и за мерките кои се спроведуваат од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 3 (1) Поддршката за помош за мерките предвидени со програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, се спроведува преку јавен повик кој се објавува од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: АФПЗРР}. (2) Поддршката од ставот (1) од овој член се доделува по поднесени барања и исполнетост на условите согласно програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и јавниот повик. {3) Јавниот повик од ставот (1) на овој член се објавува во најмалку два дневни весника од кои во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмногу 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, како и на интернет страницата на АФПЗРР. (4) Рокот за поднесување на барањата за финансиска поддршка од ставот (2) на овој член утврден во јавниот повик не може да биде пократок од десет дена. Член 4 (1) Барањата од членот 3 став (2) од овој правилник со потребната документација за исполнетост на условите согласно програмата и јавниот повик, се поднесуваат до АФПЗРР преку препорачана пошта или директно во писарницата на АФПЗРР. (2) За барањата од ставот (1) од овој член кои се некомплетни или нејасни, барателот се известува од страна на АФПЗРР во рок не пократок од осум дена да го дополни или појасни барањето, а во спротивно за барањето се одлучува врз основа на доставената документација. {3) Барањата и потребната документација од став (1) на овој член без оглед дали поддршката ќе биде одобрена или не, се чува во архивата на АФПЗРР. Член 5 (1) Барањата од член 4 став (1) на овој правилник поднесени во рокот утврден во јавниот повик се евидентираат и обработуваат од страна на АФПЗРР преку вршење на административна контрола. (2) Административната контрола од ставот (1) на овој член се врши преку проверка на комплетноста на барањето и исполнетоста на условите предвидени во програмата и јавниот повик. Член 6 (1) Проверката на комплетноста на барањето за поддршка се врши преку утврдување дали се доставени и валидни сите потребни документи согласно програмата и јавниот повик. (2) Проверката на соодветноста се утврдува преку исполнетоста на условите за користење на финансиска поддршка согласно програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и Законот за земјоделство и рурален развој. {3) За барањата кои се комплетни и ги исполнуваат условите за финансиска поддршка се донесува решение за одобрување на исплата на средства, од страна на АФПЗРР. (4) За некомплетните и несоодветните барања се донесува решение за одбивање на барањето, од страна на АФПЗРР. Член 7 (1) За мерките кои согласно програмата за финансиска поддршка во руралниот развој се спроведуваат од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до АФПЗРР се доставува известување - барање за исплата, потпишано од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, пропратна со финансиски документи и документи за спроведена постапка. (2) За мерките од ставот (1) на овој член се донесува решение за одобрување на исплата, од страна на АФПЗРР. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија". Бр. 01-21/32 25 мај 2021 година Скопје Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Директор, Никица Бачовски, с.р.