跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner of work, spatial and technical equipment of authorized laboratories and methods for testing the quality of agricultural plant seed material

颁布于 2007-05-08 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на работа, просторната и техничката опременост на овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
authorization/permit, good practices, inspection, internal trade, international trade, seeds/planting material, procedural matters, processing/handling, certification, plant production
类别
*, agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Стр. 6 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 Член 3 Покрај работите и дејностите од членот 2 на овој правилник, полицискиот службеник не треба да врши работи и дејности што по својата природа се во непо средна поврзаност и сродност со полициските работи што ги врши на работното место на кое е распореден и чие вршење би влијаело врз законското и правилното извршување на полициските работи. Член 4 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 11.11.2007 година. Бр. 131-31074/1 7 мај 2007 година Министер, Скопје м-р Гордана Јанкулоска, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 817. Врз основа на член 8 став 10 и член 60 став 4 од За конот за семенски материјал и саден материјал кај зем јоделските растенија („Службен весник на РМ“ бр. 39/06), министерот за земјоделство, шумарство и водо стопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА, ПРОСТОРНАТА И ТЕХ НИЧКАТА ОПРЕМЕНОСТ НА ОВЛАСТЕНИТЕ ЛА БОРАТОРИИ И МЕТОДИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СЕМЕНСКИОТ МАТЕРИЈАЛ КАЈ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РАСТЕНИЈА Член 1 Содржина на Правилникот Со овој правилник се пропишува начинот на работа, просторната и техничката опременост на овластените ла боратории; како и методите за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија. Одредбите од овој правилник се однесуваат и на се менскиот материјал кај земјоделските растенија што се увезува. Член 2 Значење на поимите Поимите упутребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. Овластена лабораторија е правно лице кое врши испитување на квалитетот на семенскиот материјал од видови и сорти од земјоделски растенија, во согласност со прописите кои го регулираат семенскиот материјал од земјоделски растенија; 2. систем за квалитет е внатрешен систем на орга низација на овластената лабораторија, за изведување на официјално сертифицирање на семенски материјал, на начин кој обезбедува перманентна ефикасност на доверените задачи; 3. деловник за квалитетно изведување на овластува њата е збирка на документи со кои овластената лабора торија го определува системот на квалитет, како и це лите и начинот на вршење на активностите поврзани со сертифицирање на семенскиот материјал од земјодел ски растенија; 4. семе е семенски материјал кој е наменет за: се идба, расадување, односно размножување и пуштање во трговска мрежа и 5. семе со обвивка е обложено семе со соодветен додаток, обоено со различна боја, кое може да содржи соодветен пестицид и е пилирано, инкрустрирано или гранулирано. Член 3 Просторна и техничка опременост Овластената лабораторија за вршење на доверените задачи треба да ги исполнува следниве просторни и технички услови: 1. да има деловна просторија и лабораторија соод ветна за вршење на испитување на квалитетот на семе то и 2. да е технички опремена, согласно точка 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 од прилог 1 кој е составен дел на овој пра вилник. Член 4 Начин на работа Овластената лабораторија за вршење на доверените задачи треба да е: 1. независна и непристрасна во однос на снабдува чите за кои ја врши постапката за официјално сертифи цирање; 2. да не се занимава со дејност како снабдувач на семенски материјал од земјоделски растенија; 3. за официјалното сертифицирање на семенскиот материјал од земјоделски растенија и за издавање на официјалните етикети треба да одлучува стручен ра ботник кој не вршел одделни задачи во постапката за официјално сертифицирање и 4. да ја гарантира службената тајност и доверливост на податоците. Член 5 Деловник за квалитетно изведување на овластувањата (1) Деловникот се состои од следните документи: a) изјава за квалитетно изведување на овластувањата; б) краток опис на правен статус и организациона шема на овластената лабораторија, која ја покажува распределбата на одговорностите и доделување на за дачите, како и овластувањата на сите вработени кои со работуваат во постапката за официјално сертифицира ње, со посебен акцент на одговорностите, задачите и овластувањата на лицето одговорно за водење на од делни постапки за официјално сертифицирање; в) податоци за: оперативните и функционалните активности во вр ска со системот за квалитет, така што секое лице што учествува во тие активности е запознаено со обемот и ограничувањата на своите одговорности и овластувања; име и презиме, образование, работно искуство и дополнителна стручна оспособеност на лицата одго ворни за водење на постапката за официјално сертифи цирање; име и презиме на надворешните соработници, по датоци за нивното образование, дополнителна стручна оспособеност и работни искуства; г) упатства за правилно изведување на методите и постапките за сертифицирање, специфични за одделни те групи на земјоделски растенија, како и обрасци кои се употребуваат во постапката за сертифицирање: пријава за испитување на семето; сертификат за испитан квалитет на семето; д) документи за спроведена внатрешна ревизија ко га стручните работници од било која причина постапу вале во спротивност со овој деловник. Кога спротивно то постапување влијае негативно врз резултатите за сертифицирање, согласно овој деловник треба да се из даде наредба за прекинување на работата. Со работа се продолжува по отстранување на неправилностите. (2) Деловникот за квалитетно изведување на овла стувањето треба да биде на располагање и употреба на стручните лица во овластената лабораторија. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 7 Член 6 Одговорно лице Овластената лабораторија треба да определи лице одговорно за: обезбедување, воведување, исполнување и одржу вање на системот за квалитет, согласно деловникот за квалитетно изведување на овластувањето и известување на овластената лабораторија за спро ведување на деловникот за квалитетно изведување на овласувањето, со цел да се контролира и подобрува си стемот за квалитет. Член 7 Јавно овластување Овластената лабораторија согласно јавното овла стување може да бара од снабдувачот: да постапува согласно прописите за семенски ма теријал; да не го употребува официјалното сертифицирање за намени кои би можеле да му наштетат на угледот на овластената лабораторија; да не дава изјави за официјално сертифицираниот семенски материјал кои овластената лабораторија би можеле да ја наведат на погрешни заклучоци и да ги отстрани и да ги врати етикетите, доколку се утврди дека биле издадени врз основа на невистинити податоци или врз основа на фалсификувани докази. Член 8 Пријавување на партија семе и земање мостри (1) Снабдувачот на семенски материјал поднесува пријава до овластена лабораторија за испитување на квалитетот на семето, согласно прописите што ја регу лираат трговијата со житни, градинарски, фуражни растенија и репа и растенија за добивање на масло и влакно. (2) Начинот и методите на земање на мостри за ис питување на квалитетот на семето од партија семе, се наведени во точка 2, од прилог 1 на овој правилник. (3) Овластената лабораторијата за испитување на квалитетот на семе на подносителот на пријавата му издава сертификат за испитан квалитет на семето, на образец 1, даден во прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 9 Испитување на квалитетот на семето (1) Испитување на квалитетот на семето се врши на партија семе и тоа на: чистота, ртност, влага, присуство на други видови семиња и плевелни семиња, здравстве на состојба, а за одредени видови и маса на 1000 семи ња. (2) Испитувањето на квалитетот на семето од став 1 од овој член се врши на начин и постапки утврдени со методите за испитување на квалитетот на семето, сог ласно точка 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 од прилог 1 на овој пра вилник. (3) Испитувањето на здравствената состојба на се мето од став 1 од овој член се врши согласно Законот за здравјето на растенијата. (4) Чистотата на семето, енергијата на ртење, ртно ста на семето, присуството на семе од други видови културни растенија и плевел во мострата на семето, треба да бидат во границите на дозволените отстапува ња (толеранции), согласно методите за испитување на квалитетот на семето, согласно точка 10, од прилог 1 на овој правилник. (5) Преиспитување на квалитетот на семето, со из минат рок на важење на сертификат, се врши по исти постапки и методи како и при првото испитување на квалитетот на семето, ако не е поинаку назначено во пријавата од снабдувачот, согласно член 7, став 1 од овој правилник. (6) Доколку снабдувачот на семето не е задоволен од резултатите на испитувањето, може да побара испи тувањето да се повтори во истата или во друга овласте на лабораторија. Член 10 Престанување на прописите Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да се применува Правилникот за квалите тот на семето на земјоделски растенија („Сл. лист на СФРЈ“ бр. 47/87, 60/87, 37/88, 55/88 и 81/89). Член 11 Влегување во сила на Правилникот Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 08-5377/4 8 мај 2007 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. Прилог 1 МЕТОДИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СЕМЕТО 1. ВОВЕД ВО МЕТОДИТЕ Во земјоделското производство, една од најризич ните агротехнички мерки е сеидбата односно никнува њето на семето по извршената сеидба. Затоа, за да се намали овој ризик на што е можно пониско рамниште пред да се изврши сеидбата, кај семето треба да се ис питаат квалитетните својства (аналитичка чистота, ‘ртност, влажност, апсолутна маса, здравствена состој ба и др.) кои гарантираат успешно никнување на семе то на поле. Испитувањето на квалитетот на семето се врши со пропишани стандардни методи. Ако овие методи пра вилно се применуваат тогаш со сигурност може да се каже дека семето по извршената сеидба ќе никне, ако врз него не влијаат други фактори за слабото никнува ње (суша, длабочина на сеидба, неквалитетно припре мена предсеидбена обработка на почвата и др.). За успешно и сеопфатно тестирање на квалитетот на семето главно се употребуваат следните методи на испитување: земање мостри, чистота на семето, при суство на семе од други видови или семе плевел во се мето што се испитува, ‘ртност на семето, здравствена состојба на семето, чистота на видот и сортата, содр жина на влага во семето, апсолутна маса, семе со обви вка и други испитувања пропишани со законски акт, подзаконси акт или меѓународни прописи и правила. Овие методи за испитување на квалитетот на семето се така конципирани за да можат лесно да се применат, а истовремено се усогласени со меѓународните методи за испитување на квалитетот на семето што ги пропишува ISTA (International Seed Testing Association). Овластените лаборатории за испитување на квали тетните својства на семето за внатрешна трговија, те стирањето на квалитетот на семето го вршат по овие методи, усогласени со националното законодавство, подзаконски акти и меѓународните прописи. Стр. 8 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 Овластените лаборатории за испитување на квали тетот на семето за надворешна трговија односно извоз увоз (членки на ISTA), тестирањето на квалитетот на семето и издавањето на меѓународни документи (сер тификати), работат исклучиво по меѓународните мето ди на “ISTA” Rules. 2. ЗЕМАЊЕ МОСТРИ ОД ПАРТИЈА СЕМЕ 2.1. Цел на земање мостри Мостри за испитување на квалитетот на семето се земаат од партија семе заради утврдување на квалите тот на семето и присутноста на други состојки кои ги има во партија семе. 2.2. Мостри за испитување на квалитетот на се мето 2.2.1. Поединечна мостра. Под поимот поединечна мостра се подразбира количина семе кое наизменично се зема од врвот, средината и од дното, од одделни па кувања во партија семе. 2.2.2. Збирна мостра. Под поимот збирна мостра се подразбира збир од сите поединечни мостри земени од определен број поединечни пакувања. 2.2.3. Просечна мостра. Под поимот просечна мо стра се подразбира мостра која служи за добивање ра ботна мостра. Просечната мостра е мострата која се до ставува во лабораторијата за испитување на квалитет ните својства на семето. 2.2.4. Работна мостра. Под поимот работна мостра се подразбира количина семе земена од просечната мо стра од која се работат сите анализи на семето: анали тичка чистота, ‘ртност, влага, апсолутна маса, присус тво на други видови семе и плевел, здравствена состој ба и други посебно барани испитувања. 2.2.5. Под-мостра. Под поимот под-мостра се по дразбира намалена количина семе за испитување на квалитетот на партија семе. 2.2.6. Мостра за влага. Под поимот мостра за влага се подразбира количина семе за испитување на влага во семето земена и пакувана во водоотпорна амбалажа. 2.2.7. Пломбирање (затворање). Под поимот пломбирање на пакувањата во партија семе и просечна та мостра, се подразбира затворање на пакувањата во кои е сместено семето, кои не можат да се отворат, а притоа да не се оштети пломбата. 2.3. Општо правило Количината на семето кое се испитува во лаборато рија е сразмерно мала во однос на партијата семе која ја претставува. Затоа, за да се добијат точни и изедна чени податоци за квалитетот на семето основно е збир ните и просечните мостри да бидат правилно земени и да се во согласност со прописите што ги предвидува методот за земање мостри. Без оглед на прецизно извршените испитувања во лабораторијата за испитување на семето, резултатите од испитувањата нема да одговараат на квалитетот на целата партија семе, ако мострите не се правилно земе ни. Исто така, при изготвување на работната мостра од просечната мостра мора да се постапи по пропишаните методи за да од работната мостра се добијат прецизни резултати од испитувањата од земените и доставените мостри семе. 2.4. Партија семе Под поимот партија семе се подразбира определено количество семе со изедначен квалитет, ист вид, сорта, категорија, сортна чистота, година на приоизводство и потекло, обележана, потврдена и обезбедена со пропи шани документи. Од партија семе се земаат мостри за испитување на квалитетот на семето врз основа на пријава поднесена од сопственикот на семето. За издавање сертификат за квалитетот на семето, партијата семе мора да ги исполнува следните услови. 2.4.1 Големина на партија семе Големината на партија семе не смее да ја надмину ва големината за партија семе предвидена со подза конски акти, со толеранција од 5%. Големината на пар тија семе не важи за семе кое се употребува за сеење на ливади и семе без комерцијална вредност кое се преве зува ринфуз во контејнери. Како помала количина на партија семе, се смета онаа количина на семе која е помалку од 1% од макси мално дозволената големина на партија семе. За пома ла големина на партија семе дозволена е помала коли чина на просечна мостра. 2.4.2. Изедначеност (хомогеност) на партија семе Пред да се земат мострите за испитуавање на ква литетот на семето, партијата семе мора да биде добро промешана, изедначена и технички доработена за семе то во партија семе да биде хомогенизирано. За изедначеност (хомогеност) на партија семе не мора да има документација дека партијата семе е хете рогена. Ако се посомнева во хетерогеноста на партија семе, тоа се одредува со испитување на хетерогеност на партија семе со поголем број мостри и маса на испи тувања. 2.4.3. Затворање на пакувањата во партија семе Семето се пакува во неоштетени, чисти, суви, до волно јаки, цврсти вреќи, ќеси, ќесички, кутии и кон тејнери кои треба да бидат запечатени и обележани за идентификација со одредена ознака. Материјалот за амбалажа на семето може да биде од природни или од вештачки влакна, хартија, импрегниран материјал, пла стична или метална фолија и нивна комбинација. Кртолите, луковиците и другите делови на земјо делските растенија што се означени како семе можат да се пакуваат и во: кошници, сандаци вреќи и слична амбалажа. Затворањето и пломбирањето на амбалажата мора да се врши така за да може да се установи дека семето е оригиналнио пакувано, односно да може да се уочи секое дејствие со кое би се повредила оригиналноста на пакувањето. Ако амбалажата се затвора со врзување, се става метална или пластична пломба. Врзувањето се врши така што амабалажата не може да се отвори без симну вање односно оштетување на пломбата. Амбалажата е пломбирана и кога е затворена со ма шинско шиење или со термичко лепење, лепење под притисок или самозатворачки механизми односно вен тил-вреќи кои автоматски се затвораат кога вреќата ќе биде наполнета со семе. 2.4.4. Обележување на партија семе и пакувања во партија семе За време на земање мостри за испитување на семе то, сите партии семе треба да бидат обележани со соод ветна ознака која одговара на идентификацијата за це лата партија семе и се наведува во сертификатот, изда ден од овластена лабораторија за испитување на семе то. Лицето одредено за земање мостри мора да ги има сите информации и инструкции за партија семе, бројот на партии семе, како и бројот и масата на пакувањата во партија семе. Пакувањата во партија семе треба да бидат со иста нето-маса односно егализирано пакување (освен пос ледното пакување), иста амбалажа, од ист материјал и затворени. Се смета дека пакувањето во партија семе е добро затворено, ако при отворањето е невозможно да се отвори, а да не се оштети пломбата на механизмот за затворање. Ако се посомнева дека во меѓувреме (доде ка траат испитувањата за квалитетот на семето) може да се отворат пакувањата од неовластени лица, лицето 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 9 одредено за земање мостри може на секое пакување од партијата семе да стави свој официјален печат или не избришливи ознаки или етикети кои не можат да се от странат без да се оштетат со примена на сила. Пакува њата на партиите семе од кои не е земена мостра за ис питување на квалитетот на семето, не мора да бидат пломбирани. Партија калибрирано семе може да се пакува и по фракции семе и по број на семки. 2.5. Опрема и прибор за земање мостри од пар тија семе Земањето на поединечни мостри од партија семе се изведува со соодветена опрема и прибор за зема ње мостри, од определен број пакувања и соодветен начин на користење на опремата и приборот за зема ње мостри. 2.5.1. Шилеста сонда Шилестата сонда се состои од надворешна цврста цевка која завршува со издолжен шилец. Надворешна та цевка има отвори кои треба да се поклопуваат со отворите на внатрешната ротирачка цевка. Кога сонда та ќе се забоде во семето, внатрешната цевка е свртена за половина обрти, така што семето не може да влегу ва во сондата. Во моментот на земањето мостри, семе то влегува во сондата за земање поединечни мостри, потоа внатрешната цевка се врти во положба во која се поклопуваат отворите на надворешната и на внатреш ната цевка. Должината и ширината на шилестата сонда е различна, бидејќи се изработува за земање мостри за различен вид и големина на семе и за различна големи на на пакувањата на семето во партија семе. За земање мостри на семе пакувано во вреќи се пре порачуваат следните големини на сонди: за детелина и за друго ситно семе - шилеста сонда долга 762 mm, со надворешен пречник од 12.7 mm и 9 отвори, за семе од жита сондата е долга 762 mm со надворешен пречник од 35.4 mm и 6 отвори. Сондите за земање мостри од партија семе во растурена состојба (ринфуз) се земаат на ист начин како и мострите од вреќи, но со значител но подолга сонда: должина 1600 mm, со надворешен пречник од 38 mm и со 6 или со 9 отвори. Сондата за земање мостри семе во растурена со стојба (ринфуз) може да се користи поставувајќи ја во хоризонтална или во вертикална положба. Ако сондата се користи вертикално тогаш таа внатре мора да има прегради за да се подели на повеќе делови. Кога сонда та се користи во вертикална положба, семето се движи од нејзиниот врв кон дното. За исправно земање проби, потребно е сондата да биде мазна и без набори. Без раз лика дали сондата се употребува хоризонтално или вертикално, таа се забодува дијагонално во семенската маса. Кога шилестата сонда се забодува во големо па кување (големи вреќи) таа е затворена со отворите, по тоа се отвораат отворите и се завртува неколку пати и малку се протресува за да се наполни со семе. Со завр тување ги затвораме отворите, при што треба да се внимава да не се оштети семето. Потоа сондата се изв лекува од големото пакување или ако семето е во рас турена состојба, се испразнува во соодветен сад, им прегнирана хартија или на слична подлога. Шилестата сонда може да се користи за земање мо стри скоро кај сите видови семе, освен за особено пле вичасто семе. По земањето на мострата со сондата не колкупати вкрстено се поминува преку отворите (ако големото пакување е од јута) за да се затвори направе ниот отвор од сондата и да не се истури семето. Ако пак, мострата е земена од хартиени вреќи, отворите се затвораат со посебно лепливи ленти или со соодветни налепници кои со себе мора да ги има лицето одредено за земање мостри. 2.5.2. Нобеово шило Нобеовото шило претставува зашилена цевка со отвор и со различни димензии, за земање мостри од различни видови семе и различна големина на семето. Нобеовото шило се состои од цевка долга околу 500 mm (340 mm тело на цевката, 100 mm дршка на цевката и 60 mm зашилен врв). Внатрешниот пречник на шило то наменето за земање мостри од жита изнесува околу 14 mm, а за семе од детелина и друго ситно семе околу 10 mm. Нобеовото шило е погодно за земање мостри од вреќи, но не и за семе,ако е пакувано во големи пакува ња или ако семето е во растурена состојба (ринфуз). Шилото се забодува во вреќата со отворот надолу под агол од 30°. Со отворот на шилото се допира до среди ната на вреќата, шилото се завртува за 180° за отворот да се сврти нагоре. Потоа шилото бавно се извлекува, со тоа што брзината на извлекувањето се намалува сразмерно со приближувањето на отворот на шилото до периферниот дел од вреќата. Додека шилото се изв лекува од вреќата лесно се протресува за да се изедна чи семето во него. Затоа шилото треба да е со мазна внатрешна и надворешна површина. Земањето мостри се врши наизменично од врвот, од средината и од дното на вреќата. При земањето мостра од дното на вреќата таа може и да се подигне и стави врз друга вреќа, ако не е можно да се пријде до дното на вреќата. Отворите кои се направени при земањето на мострата се затвораат на ист начин како и при зема њето мостра со шилеста сонда. 2.5.3. Со рака Земањето мостра со рака се врши во случај кога семе то не е сипкаво туку многу плевичасто, како на пример кај родовите од видовите: Agropyron, Agrostis, Alopecurus, Anthoxanthum, Arrhenatherum, Axonopus, Bromus, Chloris, Cynodon, Cynosurus, Dactylis, Deschampsia, Festuca, Holcus, Lolium, Melinis, Panicum, Paspalum, Poa, Trisetum, Zoysia. Ако се зема мостра со рака од амбалажа подлабока од 40 cm, семето треба да се истресе на соодветна под лога (се зема определен број на поединечни мостри), а потоа истресеното семе се враќа во амбалажата (вреќа та) и прописно се затвора. При земање мостра, дланка та мора да биде сува и цврсто затворена за да не дојде до испаѓање на содржината на мострата. 2.5.4. Со апарат за автоматско земање на мостри Земањето поединечни мостри на семе на линија на доработка, може да се врши со посебен за таа цел вгра ден автоматски земач на мостри. На тој начин се доби ва збирна мостра од која според пропишаната постапка на самото место се формира просечната мостра или мо страта за влага. Мострата се зема рамномерно и без да се оштети семето. 2.6. Земање мостри од партија семе 2.6.1. Општо правило Под земање мостри од партија семе, се подразбира земањето, формирањето, пакувањето, обележувањето (број партија, вид, сорта, категорија, дата на земањето и потпис), транспортирањето, чувањето и други по стапки, се до моментот на испитувањето на мострата. Земањето мостри од партија семе, за издавање сер тификат, може да го врши лице специјалист или лице со искуство за земање мостри, кои се поединечно овла стени од страна на одговорното лице во лабораторијата или се ангажирани од други званични или полузванич ни организации овластени за истата цел од раководите лот на лабораторијата за испитување на семето. Лицето овластено за земање мостри мора да има службена по тврда (документ) за својата стручност призната од од говорното лице во лабораторијата за испитување на се мето. Правилата за начинот на земање мостри мора да се почитуваат за да може по извршените испитувања да се издаде сертификат за партија семе. Стр. 10 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 Мостри за испитување на квалитетот на семето мо жат (записнички) да земат и земјоделски инспектори, ако се посомневаат во квалитетот на семето пуштено во трговија. 2.6.2. Најмал број на поединечни мостри За партија семе со маса на пакување од 25 до 100 kg најмалиот број на поединечни мостри е: Од 1-4 пакувања 3 поединечни мостри од секое пакување 5-8 пакувања 2 поединечни мостри од секое пакување 9-15 пакувања 1 поединечна мостра од секое па кување 16-30 пакувања вкупно 15 поединечни мостри 31-59 пакувања вкупно 20 поединечни мостри Над 60 пакувања вкупно 30 поединечни мостри За партија семе со маса на пакувања под 25 kg семе, пакувањата се комбинираат односно се групираат во основни единици до 100 kg (20 пакувања x 5 kg, 25 па кувања x 4 пакувања, 50 пакувања x 2 kg, 100 пакувања x 1 kg итн.) и од секоја таква основна единица, мостра та се зема на ист начин како што е наведено во прет ходната шема. За партија семе со маса на пакувања над 100 kg, нај малиот број на земање поединечни мостри е: Маса на партија Број на поединечни мостри до 500 kg најмалку 5 поединечни мостри 501-3000 kg 1 поединечна мостра на секои 300 kg семе, но не помалку од 5 мостри 3001-20.000 kg 1 поединечна мостра на секои 500 kg семе, но не помалку од 10 мостри над 20.001 kg 1 поединечна мостра на секои 700 kg семе, но не помалку од 40 мостри 2.6.3. Начин на земање поединечни мостри Поединечните мостри се земаат приближно во иста количина од секое пакување, од различни места во па кувањето или од повеќе места, ако семето не е пакува но (ринфуз). Начинот на земање на поединечените мо стри и најмалиот број мостри беа пред тоа објаснети во ова поглавје (прибор за земање мостри и најмал број на поединечни мостри). Кога партија семе е подготвена за земање поеди нечни мостри, по метод на случаен избор од целата партија, поединечните мостри се земаат наизменично од врвот, од средината и од дното на избраните пакува ња. Кога семето не е пакувано (ринфуз) или е пакува но во големи пакувања (контејнери) поединечните мо стри се земаат по метод на случаен избор од различна длабочина од семенската маса. Ако семето се пакува во мали пакувања или во па кувања отпорни на влага (пластична амбалажа или кон зерви) поединечните мостри се земаат пред да се спа кува семето. Доколку ова не се направи, тогаш се одво јуваат неколку пакувања кои се отвораат заради зема ње поединечни мостри, а потоа пакувањата се затвора ат или се препакуваат. Мострата од партијата на кртоли и луковици се зе ма со отворање на амбалажата, од која по случаен из бор од три до осум пакувања, се земаат најмалку по 100 кртоли, а за мострата од партијата на луковици се зема трипати по половина килограм. Во овој случај не се зема посебна мостра за влага. 2.6.4. Формирање збирна мостра Збирната мостра се формира со составување и со мешање на поединечните мостри и служи за добивање просечна мостра. 2.6.5. Маса на просечна мостра Најмала маса за просечна мостра е: За одредување влага, 100 gr за сите видови семе кое се меле и 50 gr за другите видови семе кое не се меле. За сите други испитувања масата на просечната мостра е наведена во подазконските акти за трговија со земјоделско семе.. Кога големината на просечната мо стра е помала од пропишаните услови се известува ли цето за земање мостри и испитувањето на семето се од ложува се до оној момент додека не се обезбеди по требната маса на просечната мостра. Исклучок од ова правило има само кога е во прашање скапо семе, но то гаш во сертификатот се внесува: “Масата на мострата е само gr. и не е во согласност со прописите за испиту вање на квалитетните својства на семето. 2.6.6. Формирање на просечна мостра Просечната мостра се формира со намалување на масата од збирната мостра. Ако во магацините за семе не постојат услови за формирање и за намалување на просечната мостра, цела та збирна мостра се носи во лабораторијата за испитува ње на семето и таму се формира просечната мостра. Доколку збирната мостра е со маса како и просеч ната мостра тогаш не се врши намалување на збирната мостра. Ако сопственикот на семето побара мостра и за се бе, тогаш се земааат две мостри од кои едната се обеле жува со “Дупликат” и му се остава на сопственикот на семето. 2.6.7. Доставување на просечната мостра Секоја просечна мостра се обележува на тој начин што обележувањето мора да е исто како и партијата се ме од која е земена мострата, прописно затворена или пломбирана. Просечната мостра мора да биде добро спакувана за да не биде оштетена при транспортот. Ако од просечната мостра за испитување на квали тетните својства на семето се испитува и влагата на се мето, тогаш мострата мора да биде ставена во водоот порна амбалажа. Семето за испитување на влагата се става во водоотпорна амбалажа ако претходно партија та семе била исушена до ниска содржина на влага. И во двата случаи, воздухот во водоотпорното пакување мо ра да биде истиснат што е можно повеќе. Ако, пак, мострата служи за испитување на другите квалитетни својства на семето (‘ртност, апсолутна маса и др.) просечната мостра не мора да биде спакувана во водоотпорно пакување. Лицето овластено за земање мостри е лично одго ворно за пломбите, етикетите и вреќичките (ќесињата) што му се дадени заради земање мостри и до нив при стап не смее да има неовластено лице. Поединечните, збирните или незатворените (непломбирани) просечни мостри, не смеат да бидат во раце на неовластено лице. Лицето овластено за земање мостри, веднаш ги до ставува мострите во лабораторија за испитување на се мето без одложување. Доколку семето е третирано (запрашено) со одре ден хемиски препарат името на препаратот мора да се пријави до лабораторијата за испитување на семето. 2.7. Формирање мостри во лабораторија 2.7.1. Минимална маса на работна мостра Минималната маса на работната мостра за испиту вање на чистота на семето е наведена во подзаконските акти за трговија со земјоделско семе, со тоа што мо страта не смее да содржи помалку од 2500 семки. Минималната маса на работната мостра за утврду вање на други видови семиња, се формира на ист начин како и работната мостра за испитување на чистотата на семето и е за 10 пати поголема од работната мостра за испитување на чистота на семето, но не смее да биде поголема од 1000 gr. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 11 2.7.2. Формирање на работната мостра Во лабораторијата за испитување на семето, про сечната мостра се намалува до ниво на работна мостра пропишана со овие методи. Просечната мостра првпат се изедначува (хомогенизира). Работната мостра се формира по пат на половење на просечната мостра по случаен избор со помош на соодветна апаратура. За да се формира работната мостра, аналитичарот треба да земе поголема количина од пропишаната голе мина, користејќи една од следните методи за формира ње на работната мостра: 1. Механичко делење на мострата Овој метод е погоден за работа кај сите видови се миња со исклучок на екстремно плевичестото семе. Апаратот за делење на семето, мострата ја дели на два приближно еднакви делови. Просечната мостра се меша со поминување низ апаратот за делење на семето. Оваа постапка се повторува се додека не се добие приближно бараната маса за работна мостра, но не по малку од неа. Како најпогодни се сметаат следните апарати за де лење на семето: a) Конусен делител (тип Boerner). Конусниот де лител се произведува во две големини. Конусен дели тел со мали димензии кој се употребува за ситно семе и конусен делител со поголеми димензии кој се употре бува за видови со појадро семе (семе со големина на пченица и повеќе). Основни делови на делителот се: сад во вид на инка за полнење со семе, подвижни лопа тки за одредување на насоката на движење на семето и два отвори за испуштање на семето. Подвижните лопа тки наизменично формираат канали и шуплини со иста широчина. Каналите се поставени кружно и се свртени навнатре и надолу, така што каналите водат во едниот, а шуплините во спротивниот отвор за испуштање на семето. Кога е отворен вентилот семето протекува по пат на гравитација и рамномерно се распоредува во ка налите и во шуплините, а потоа поминува низ отворите за испуштање на семето при што семето паѓа во садо вите наменети за собирање на семето по извршеното механичко делење на мострата. Најпогоден конусен делител на мострите е тој што има димензии: кај конусен делител направен за јадро семе треба да има 19 канали и шуплини со широчина од 25,4 mm, кај конусен делител направен за ситно се ме треба да има 22 канали и шуплини, со широчина од 7,9 mm. Димензиите на делителот се: голем делител со висина од 812,8 mm и пречник од 368,3 mm и помалиот делител со висина од 406,4 mm и пречник од 152,4 mm. При набавка на конусниот делител особено треба да се внимава за исправноста на деловите, (1) лизгач киот вентил мора лесно да се движи и семето не смее да поминува покрај неговите краеви кога е затворен и (2) острите агли мора да се сведат на минимум каде што поминува семето за да не се задржува во нив и да не се помеша семето со следната проба што треба да се испитува. Недостаток на овој делител на семе е што тешко се проверува дали е чист по употребата или во него има останато дел од семето или од другите состојки. б) Едноставен делител. Едноставниот делител на семето е направен на ист принцип како и конусниот де лител. Кај овој делител, каналите се поставени во прав ред наместо кружно како што е кај конусниот делител. Овој делител се состои од: сад со кој се сипува семето во апаратот, сад во вид на инка за полнење семе со припоени канали односно цевчиња, рамка која го држи садот во вид на инка и два сада кои го примаат поделе ното семе. Едноставниот делител е најпогоден за работа ако се каналите односно цевчињата со широчина од 12,7 mm. Вакви канали има 18 кои наизменично водат до спро тивни страни. Каналите се со должина од 355,6 mm, широчина 254 mm и височина 279,4 mm. При користењето на овој делител, семето добро и рамномерно се распоредува во садот за полнење и се мето низ него се движи со еднаква количина распоре дена низ целата негова должина, што е особено погод но за плевичестото семе. Ваков апарат може да се на прави и за поситно семе. в) Центрифугален делител (тип Gamet). Кај овој апарат се користи центрифугалната сила за мешање и за распоредување на семето во него. Кај овој делител семето поминува надолу преку садот во вид на инка се до плитката гумена направа или прстените. По ротаци ја на прстените, движени од електромотор, семето се исфрла со помош на центрифугалната сила и паѓа на долу. Кругот на кој паѓа семето е поделен на два една кви дела и со помош на фиксирана, но подвижна лопа тка, семето се дели на два еднакви дела и се собира во отворите за негово испуштање од апаратот. Центрифугалниот делител не покажува добри ре зултати ако со него се ракува невнимателно. Задоволителни резултати покажува само ако со не го се ракува на следниот начин: Подготовка на апаратот: делителот се нивелира на соодветна подлога; се проверува чистотата на четирите сада; мешање на мострата; под отворите за одвод на измешаното семе се ста ваат садовите за прием на семето; мострата се става во садот за прием на семето за мешање на мострата; со завртување на прстенот, семето влегува во са довите за мешање на мострата; во апаратот за мешање на мострата, семето двапа ти се дотура; постапката се повторува уште еднаш или пак, онолку пати додека да се постигне саканата големина на работната мостра. г) Ротационен делител. Ротациониот делител на семе се состои од работна глава со шест до десет приц врстени садови за прием на подмострата семе, канали кои се тресат и сад во вид на инка за прием на семето. Пред да се вклучи во работа, во ротациониот делител се ставаат 4 литри семе (овдека се изразува волуменска тежина). По вклучувањето на апаратот, ротационата работна глава треба да има 10 вртежи во една минута. Со тресењето од одводните канали, семето понатаму влегува во соодветен цилиндер. Од цилиндерот, семето потоа влегува во соодветни садови кои ротираат под цилиндерот и на тој начин ставеното семе во апаратот се дели на повеќе подмостри. Постапката се повторува се додека не се добие са каната количина на работна мостра. Апаратот е погоден за ситно зрнесто семе, но може да се користи и за плевичесто семе до одредена грани ца на плевичност. Многу плевичестото семе не може да се користи со овој апарат бидејќи дел од него се лепи во садот (инката) за прием на семето. 2. Приспособен метод за половење Приспособениот метод за половење се применува така што семето се става над посебен плиток сад што има парен број четириаголни коморички (секој втор е без дно). Кога садот ќе се подигне половината од мо страта останува во садот поставен под него и на тој начин се намалува мострата содржана во садот се до дека не се добие определено количество на работна мостра. Стр. 12 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 3. Метод на половење со лажица Семето претходно ќе се измеша добро, потоа рам номерно се растура по целата подлога и во слој со ед наква дебелина. Со лажица во едната и со помош на рамнало во другата рака се зема семето од најмалку 5 произволно распоредени места додека не се добие про пишаната тежина на работната мостра. Овој метод се применува само за видови кај многу ситно семе. 4. Метод на рачно половење Овој метод се применува исклучиво за плевичесто се ме (Andropogon, Arrthenatherum, Astrebla, Brachiaria, Briza, Cenchrus, Dichanthium, Echinochloa, Ehrharta, Beckmannia, Eragrostis, Melinis, Oryza, Chloris, Sorghastrum, Stylosanthes (не guianensis) Taeniatherum, Elymus, Trisetum) така што: семето рамномерно се распоредува по мазна рам на површина; семето се меша добро со рамниот раб од линејката; купот се поделува на два дела, а секој дел добро се меша и одново се дели. Тоа се повторува додека не се добијат 8 купчиња кои се редат во два реда. Потоа од првиот ред се издвојуваат купчињата 1 и 3, а од втори от 2 и 4, и повторно се мешаат. Тоа се повторува доде ка не се добие големината на работната мостра. 2.8. Чување на мострите 2.8.1. Пред испитување Аналитичарот кој врши испитување на квалитетни те својства на семето, испитувањата мора да ги изврши што побрзо по донесувањето на мострите во лаборато рија, затоа што содржината на влагата во семето може да варира во зависност од температурата и од влажно ста во просторијата. Со текот на чувањето, кај семето може да се зголеми процентот на дормантност, особено кај фамилијата Fabaceae (Leguminosae). Затоа ако е не опходно, чувањето на семето до започнување на испи тувањата мора да биде сместено во темна, ладна и до бро проветрена просторија. 2.8.2. По испитување За да може семето повторно да се испита од истата лабораторија или од некоја друга лабораторија за испи тување на семето, просечните мостри за кои е издаден сертификат, мора да се чуваат една година од денот на издавање на сертификат. Чувањето на мострите мора да биде во такви услови кои најмалку ќе влијаат врз промената на квалитетот на семето. Сепак, лабораторијата за испитување на семето не може да биде одговорна за какво било оштетување на семето по неговото испитување. Кога се бара повторно испитување, дел од семето се издвојува од просечната мостра, мострата се затвора, пломбира и се доставува до друга овластена лаборато рија за испитување на семето. Остатокот од семето и понатаму се чува во просторијата одредена за чување на мострите. 3. ИСПИТУВАЊЕ НА ЧИСТОТАТА НА СЕМЕТО 3.1. Цел на испитување Целта на испитување на чистотата на семето е да се одреди: процентуалниот состав на семето од основната култура и други примеси кои се наоѓаат во него. 3.2. Поим за чистота на семето Под чистота на семето се подразбира односот на количество чисто семе од видот што се испитува и ко личество на семињата од други видови семе, плевелно семе и инертни материи. 3.2.1. Чисто семе Под чисто семе се подразбира семето што му при паѓа на декларираниот вид или како такво е идентифи кувано во лабораторијата за испитување на семето. Во чисто семе спаѓа: зрело и неоштетено семе и плодови со нормална големина; недозреано, послабо развиено или делови од семе и плодови поголеми од половината на неговата нор мална големина; семе со неоштетена семенска обвивка; семе со помал дел на оштетена семенска обвивка; повеќесеменски единици; цветчиња на треви кои содржат кариопсис со ен досперм; слободен кариопсис; семе со помал кариопсис од 1/3; едносемени или двосемени плодови над половина та на нормалната големина; плодови од семе кои без издувување, стереоскоп, дијафаноскоп или други апарати ќе го определиме во чисто семе иако ртулецот не се гледа. Под поимот чисто семе, спаѓа и семе со неоштетени семенски единици односно со составните делови на се мето. За секоја фамилија (колона 2) и род (колона 1) по стои номенклатура односно број за чисто семе со со ставни делови (бројот за поимот чисто семе со состав ни делови е означен со ПЧС односно на англиски PSD). Семето со соодветниот број и соодветните кара ктеристики се зема како чисто семе, наведено во табела 1, колона 3. Во табелата, исто така, е наведено кое семе е плевичасто (обележано со П, а на англиски со С) а кое не е плевичасто, колона 4. Табела 1 Родови и фамилии на семе со број за чисто семе (ПЧС/PSD) и плевичасто семе (П/С) 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 13 Стр. 14 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 15 Чисто семе со делумно оштетени семенски еди ници (семенски состави) ПЧС/PSD (Бројот се споредува Опис на составните делови на во табелата семенските единици за родовите и фамилиите) 1. Едносемен плод, освен ако во него нема присус тво на семе. Дел од едносемен плод поголем над поло вина од неговата нормална големина, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семе поголемо над половина од нормалната го лемина, со перикарп односно семенска обвивка делум но или потполно отстранета. 2. Едносемен плод, со или без перијант (чашични и венечни ливчиња), освен ако во него нема присуство на семе. Дел од едносемениот плод поголем над половина од нормалната големина, освен ако во него нема при суство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семе со перикарп поголем над половина од нор малната големина на перикарпот односно семенската обвивка делумно или потполно отстранета. (Gomphrena: Едносемен влакнест плод, со или без влакнест перијант, освен ако во него нема присуство на семе). 3. Едносемен плод, со или без чашични ливчиња, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од едносе мен плод, ако плодот е поголем над половина од нормал ната големина освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семе поголемо од една половина од неговата нормалната големина, со перикарп делумно или пот полно отстранет. 4. Едносемен плод, со или без израстоци, со или без папус освен ако во него нема присуство на семе. Дел од едносеменски плод со перикарп, ако е поголем над половина од нормалната големина, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семе со перикарп поголем над половина од нор малната големина, со перикарп делумно или потполно отстранет. 5. Едносемен плод, со или без влакненца, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од плодот ако е поголем над половина од нормалната големина, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет, освен ако не е отстранета семенската обвивка. Дел од семето ако е поголем над половина од нормалната го лемина, со перикарп делумно или потполно отстранет. 6. Едносемен плод, со или без инволукрум, чашести ливчиња или клун, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од плодот поголем над половина од него вата нормална големина, освен ако во него нема при суство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семе со перикарп ако е поголем над половина од нормалната големина, со перикарп делумно или потполно отстранет. 7. Едносемен плод, со или без пердувести чашести ливчиња, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од плод поголем над половината од нормалната го лемина, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семе со перикарп ако неговата големина е над половина од нормалната големина, со перикарп делум но или потполно отстранет. 8. Едносемен плод, со или без крилца освен ако во него нема присуство на семе. Дел од плодот ако него вата големина е поголема над половина од нормалната големина, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семето со перикарп ако неговата големина е над половината од нормалната големина, со перикарп де лумно или потполно отстранет. 9. Едносемен плод, со или без остра брадичка, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од плод ако неговата големина е поголема над половина од нормалната големина, освен ако во него нема присус тво на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семето со перикарп поголем над половина од неговата нормална големина, со перикарп делумно или потполно отстранет. 10. Семе со или без семенска обвивка. Дел од семе ако е поголем над половина од нормал ната големина со или без семенска обвивка. 11. Тргнато од номенклатура во 1993 година. 12. Семе со или без семенска обвивка. Дел од семето поголем над половина од половината од нормалната големина, со или без семенска обвивка. 13. Семе со или без семенска обвивка со или без брадавичести израстоци. Дел од семето ако е поголем над половина од нор малната големина, со или без брадавичести израстоци. Стр. 16 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 14. Семе со или без семенска обвивка со или без крилца. Дел од семе без семенска обвивка ако е поголем над половина од нормалната големина, со или без семенска обвивка. 15. Сочен плод (сочно семе) – шизокарпиум со или без рачка, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од мерикарпиумот (дел од шизокарпиумот) пого лем над половина од нормалната големина, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семето поголем над половина од нормалната го лемина со перикарп делумно или потполно отстранет. 16. Сочен плод (сочно семе) мерикарпиум, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од мерикарпи умот ако е поголем над половина од нормалната голе мина, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семето ако е поголем над половина од нормал ната големина со перикарп делумно или потполно от странет. 17. Сочен плод (сочно семе) мерикарпиум со или без израстоци, освен ако во него нема присуство на се ме. Дел од мерикарпиумот, ако е поголем над половина од нормалната големина со или без израстоци, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семето поголем над половина од нормалната го лемина со или без перикарп, со перикарп делумно или потполно отстранет. 18. Коскесто семе. Дел од плодот или од семето по големи од ½, освен ако во плодот нема семе. 19. Коскесто семе.Плод со перијант или дел од пло дот или од семето поголем од ½, освен ако во плодот нема семе. 20. Меунка или дел од меунка со едно семе. Семе со срасната семенска обвивка. Дел од семе по голем над половина од нормалната големина со срасна та семенска обвивка. 21. Меунка со семе. Семе со срасната семенска обвивка. Дел од семе ако е поголем над половина од нормал ната големина со срасната семенска обвивка. 22. Меунка со или без чашести ливчиња или бра ктеа (редуциран лист кај тревите) со едно семе. Семе со срасната семенска обвивка. Дел од семето поголем над половина од нормалната големина со срасната обвивка. 23. Меунка со едно семе со или без рачка или изра стоци на врвот. Семе со срасната семенска обвивка. Дел од семе поголем над половина од нормалната големина на семето со срасната семенска обвивка. 24. Меунка со или без израсток, освен ако нема семе. Семе со срасната семенска обвивка. Дел од семето ако половината е поголема над поло вина од нормалната големина на семето со срасната се менска обвивка. 25. Суви нераспукнати плодови, со 1/3 од карпела та, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со или без семенска обвивка. Дел од семето ако е поголем над половина од нор малната големина, со или без семенска обвивка. 26. Едноцветен капитулум (густо соцветие составено од цветчиња без рачка), освен ако нема едносемен плод. Едносемен плод со или без влакненца, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од едносемен плод поголем над половина од неговата нормална големина, со перикарп делумно или потполно отстранет. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семето ако е поголем над половина од нор малната големина со перикарп делумно или потполно отстранет. 27. Цветна глава со или без рачка освен ако нема присуство на едносемен плод. Едносемен плод со или без перијант, освен ако во него нема присуство на семе. Дел од едносемениот плод ако е поголем над половина од нормалната големина, освен ако во него нема при суство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семе ако е поголем над половина од нормал ната големина со перикарп делумно или потполно от странет. 28. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кари опсисот со или без осилки. Дел од кариопсисот, ако е поголем над половина од нормалната големина. (Agropyron repens: цветче со лема и палеа кои го об виткуваат кариопсисот, најмалку со 1/3 од должината на палеата, мерено од основата, со или без осилки. 29. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кари опсисот, со прицврстени стерилни леми, со или без осилки. Цвет со лема и палеа кои го обвиткуваат кари опсисот. Дел од кариопсисот ако е поголем над половина од нормалната големина. (Phalaris: со антери ако ги има и ако sиркаат). 30. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кари опсисот, без комплетни осилки кога должината на осилките се поголеми од должината на цветчето. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. 31. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кари опсисот со или без осилки. Делови од цветчето кои со држат кариопсис ако се поголеми над половина од нор малната големина. Ако дел од карипосисот е поголем над половина од нормалната големина. 32. Тргнато од номенклатура во 1993 година. 33. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кариоп сисот, со или без осилки (Festuca, Lolium, Festolollium: ако кариопсисот е 1/3 од должината на палеата мерено од ос новата). Ако делот од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. 34. Клавче со глума, лема и палеа кои го обвиткува ат кариопсисот, со или без осилки. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кариоп сисот, со или без осилки. Ако делот од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. (Alopecurus: нема плевици). 35. Клавче со лема и палеа кои го обвиткуваат кари опсисот, со прицврстен машки цвет со или без осилки. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кариоп сисот, со или без осилки. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. (Holcus: клавче со лема и палеа кои го обвиткуваат кариопсисот, со прицврстен машки цвет со или без осилки). 36. Клавче со глума, лема и палеа кои го обвиткува ат кариопсисот, со прицврстена стерилна лема. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кариоп сисот. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. (Axonopus: клавче со глума, лема и палеа кои го об виткуваат кариопсисот, со прицврстена стерилна лема). (Echinochela и Melinis: прицврстена стерилна лема со или без осилки и не мора да се проверува присуство на кариопсис). 37. Клавче (едно фертилно, две стерилни) затворено во перлеста брактеа. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 17 38. Клавче со глума, лема и палеа кои го обвиткува ат кариопсисот, со осилки независно од нивната дол жина. Цветче со или без стерилна лема, со лема и палеа кои го обвиткуваат кариопсисот, со осилки незвисно од нивната должина. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. 39. Клавче со една глума, лема и палеа кои го обви ткуваат кариопсисот. Ако дел од кариопсисот е пого лем над половина од нормалната големина. 40. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. 41. Клавче со лема и палеа кои го обвиткуваат кари опсисот. Со или без осилки, со прицврстени стерилни цветчиња. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кариоп сисот, со или без осилки. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. (Astebla: клавче и цветче со или без кариопсис). 42. Клавче со лема која го обвиткува кариопсисот, со или без безбојни палеа или лема, со сегменти на главната оска на соцветието, осилки, со прицврстени стерилни или фертилни цветчиња. Цветче со лема и палеа, со или без осилки. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. (Bouteloua, Chlorys: не треба да се проверува при суство на кариопсис). 43. Сноп од 1 до 5 клавчиња со брадест прстен на брактеата. Цветче со лема и палеа кои го обвиткуваат кариоп сисот. Ако дел од кариопсисот е поголем над половина од нормалната големина. (Cenchrus: сноп од клавчиња со или без кариопсис). 44. Тргнато од номенклатурата во 1993 година. 45. Тргнато од номенклатурата во 1993 година. 46. Клопче или делови од клопче, со или без рачка, освен ако во него нема присуство на семе. Семе со перикарп делумно или потполно отстранет. Дел од семето поголем над половина од нормалната големина, со делумно или потполно отстранет пери карп. 3.2.2. Семе од други видови и семе плевел Семето од други видови или семето плевел, го со чинуваат сите видови семиња кои не спаѓаат во семето од основната култура. Кај повеќесеменските единици (ПСЕ) чистотата се одредува со помош на дување, а кај другите видови се ме се одредува без издувување. Повеќесеменските единици (ПСЕ) треба да се раз делат на поединечни семенски единици, а потоа да се групираат во чисто семе, друго семе или во инертни материи. Постапката за одредување на други видови семе и семе од плевел е наведена во точка 4. 3.2.3. Инертни материи Во инертни материи спаѓа сето она што не е групи рано во чисто семе, семе од други видови и семе од плевел: плодови без семе и делови на скршени плодови кои се помали од половината од нормалната големина; делови на скршено или оштетено семе кои се по мали од половина од нормалната големина; ситно семе што минува низ сито со отвори во фор ма на правоаголник, чија должина на страните изнесу ва: за пченица и двореден јачмен 2,2/25,0 mm; за друг јачмен 2,0/21,0 mm, а за рж и овес 1,8/21,0 mm повеќесеменски единици во кои нема семе; празни плеви и слободни празни цветчиња; цветчиња од видот на треви со кариопсис помал половина од нормалната големина (Poaceae); искршени стерилни цветчиња, освен кај тревите од родовите (Arrthenatherum, Avena, Chloris, Dactylis, Festica, Holcus, Poa, Sorghum) ; семе без семенска обвивка кај фамилиите Fabaceae, Brassicaceae, Cupressaceae, Pinaceae, Taxaceae и Taxaiodiaceae; раздвоени котиледони кај фамилија Fabaceae; целиот материјал кој останува во лесната фракци ја кога се користи методот на издувување (освен друго семе што е останато во фракцијата), материјалот од те шката фракција како што се скршени цветови и други скршени делови на семе кои се помали за една полови на од нормалната големина (освен чистото семе и дру гото семе што останало во фракцијата); клопче, делови од клопче или делови од клопчиња кај Beta видови, што паднале низ сито со правоаголни отвори со големина 2,0-1,5 mm, по просејување од една минута. Меунките и чаурите со семето треба да се отворат, да се извади семето и да се групира во чисто семе, а другите делови се распоредуваат во инертни материи; други делови на семе кои не се дефинирани; семиња од Cuscuta sp. ако се нежни, лесно кршли ви, пепеласто сиви до крем боја; оштетено семе без ембрион, стерилни цветови, разни плеви, петелки, слама, стебленца, листови, гру тка земја, песок, каменчиња, гали од нематоди, плодо носни тела од габи како што е гламница кај, р’ж, скле роции и сите други примеси што не се семе. 3.3. Општо правило Испитување на чистотата на семето може да врши стручно лице или лице со искуство за одредување на со ставните делови (компоненти) во работната мостра семе. Со испитување на чистотата на семето се утврдува ат составните делови на работната мостра на семето ка ко и другите видови семе и инертни материи. При испитување на чистотата на семето, мострата се раздвојува на 4 (четири) основни групи: чисто семе на основната култура; семе на други видови семе на плевел и инертни материи. Чистотата на семето се пресметува во проценти, врз основа на мерењата на добиената маса за секоја издвое на група со посебна идентификација на сите пронајде ни компоненти. 3.4. Опрема При испитување на чистотата на семето може да се употребуваат најразлични апарати заради издувување на компонентите од чистото семе најдени во работната мостра. При испитување на чистотата на семето најчесто се користи следнава опрема и апараттура: лупи, биноку лари, рефлексни светла, сита, дувалки и др. Лупите и бинокуларите се употребуваат за раздво јување на ситни семиња или на други ситни примеси од чистото семе од основната култура. Рефлексните светла се употребуваат за раздвоју вање на стерилните од фертилните цветчиња кај треви те или за одвојување на галите на нематодите и на де лови од габите од чистото семе од основната култура. Ситата се употребуваат за одредување на поситно то семе, скршеното семе, земјата, песокот и другите слични примеси во чистото семе од основната култура. Апаратите за дување се употребуваат за одделува ње на лесните компоненти во чистото семе од основна та култура. Апаратите за дување на лесните компоненти од чи стото семе од основната култура даваат добри резулти само ако се употребува помала количина семе (до 5 gr). Стр. 18 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 Апаратот треба да има постојан проток на воздух и да ги задржува сите компоненти издвоени од чистото се ме. За да има постојан проток на воздух, апаратот тре ба да има една или повеќе комори со компримиран воз дух и вентилатор кој работи со изедначена брзина придвижуван од соодветен агрегат. Пречникот на це вките треба да биде директно пропорционален со голе мината на работната мостра и треба да бидат доволно долги за да ги разделат компонентите. Вентилаторот кој го регулира дотокот на воздух треба да биде пре цизно регулиран, апаратот соодветно калибриран и лесно да ги бележи резултатите од сепарирањето за полесно да се отчитуваат добиените резултати. Добро е ако апаратот има и манометар за мерење на силата и на притисокот на ветерот (дувањето). Апаратот за дување и отстранување на компоненти те од чистото семе од основната култура треба: да дува со различна брзина и притисок за да може да се употреби за повеќе видови семе; да има рамномерен проток на воздух низ цевките; да може брзо и лесно да се регулира; постојано и прецизно да ги бележи резултатите за време на работата. 3.5. Постапка при испитувањето 3.5.1. Работна мостра Испитување на чистотата на семето се врши од ра ботна мостра што е формирана од просечната мостра по една од методите наведена во точка 2 (формирање на работни мостри), освен за видови семе од фамилија Poaceae каде што се употребува единствено принципот на дување. Големината на работната мостра треба да биде нај малку 2500 семки или не помалку од масата за работна мостра за чистота на семето како што е наведено во подзаконските акти за маркетинг на семе. Испитување на чистотата на семето може да се вр ши на 1 цела работна мостра или 2 под-мостри чија маса е еднаква или е најмалку од половината на масата на целата работна мостра. Резултатот од мерењето на секои од трите издвоени основни групи (компоненти) се изразува во грамови и со повеќе децимални места. Бројот на децималните ме ста зависи од масата пропишана за работната мостра. Маса на работна мостра Број на децимални Или под-мостра во gr места Под 1,000 4 1,000-9,999 3 10,000-99,99 2 100,0-999,9 1 1.000 и повеќе 0 3.5.2. Сепарирање (одделување) на другите ком поненти на чистото семе Работната мостра по мерењето треба да биде сепа рирана (одделена) на сите составни делови: на чисто семе, семе од други видови и плевел и инертни мате рии. Разделувањето на составните делови може да се изврши рачно, но кај некои видови семе тоа се врши со просејување или издувување. Одделувањето на чистото семе од другите компо ненти се врши врз основа на: окуларно набљудување на видливите карактеристики на семето, со механички помагала или со внимателно притискање на семето за да не се оштети и негативно да влијае врз ‘ртноста (‘ртноста се испитува од фракцијата чисто семе). Кога е тешко или невозможно да се разликуваат ви довите и да се разделат помеѓу себе тогаш се примену ва методот за разделување на видови на семе кои те шко се разликуваат. По извршеното сепарирање, составните делови на мострата (компонентите) посебно се мерат во грамови до минималниот број на децимални места за да може да се пресмета процентот на чистотата на семето во цел број со едно децимално место. 3.5.2.1. За сите фамилии (освен за фам. Poaceae треви) Семето, плодовите, шизокарпиумот и мерикарпиу мот се испитуваат (набљудуваат) површински без упо треба на притисок, зголемување, дијафаноскопи или други апарати. Потоа, семето се дели во четири основ ни групи: чисто семе, односно плод, семе на други ви дови, семе плевел и инертни материи, доколку ги има во работната мостра. Ако се забележи дека плодот е без семе, се смета како инертна материја. 3.5.2.2. Само за фамилија Poaceae - треви 1. Кариопсис. Кај родовите од видовите Lolium, Festuca, Festulollium i Agropyron repens, ако кариопсисот во должина е за 1/3 или повеќе подолг од горната палеа, мерено од основата, се смета за чисто семе. Ако кариоп сисот е за 1/3 пократок од палеата ќе се смета за инертна материја. Кај другите видови или родови ако клавчето има ендосперм и кариопсис се смета за чисто семе. 2. Стерилни клавчиња. Ако стерилните клавчиња кај родовите од видовите Arrhenatherum, Avena, Bromus, Chloris, Dactylis, x Festuca, Festolollium, Holcus, Coeleria, Lolium, Poa, Sorghum, и Triticum Spelta, не се искршени или не се одвоени од фертилни те клавчиња, ќе се сметаат за чисто семе. 3. Делумно оштетено семе. Делумно оштетеното семе се определува како што е наведено во точката 3.2.1., каде што се наведува дека ако делумно оштете ното семе или плод се под половината од нормалната големина, односно делумно ошететено клавче или ка риопсисот е под половина од нормалната големина се смета за чисто семе, ако пак оштетувањата се над по ловина од нормалната големина, спаѓаат во инертни материи. 4. Видови кои не можат да се разликуваат. Ако при испитувањето на чистотата на семето кај фам. Poaceae помеѓу одделни видови, семето не може да се разликува и да се издвои од чистото семе, тогаш се по стапува: ако семето не може да се разликува на ниво на вид, тогаш се наведува само родот (пр. Lolium sp. семе со или без реси) и се зема како чисто семе. Друго слич но семе на нив се одредува и се става во фракцијата друго семе и тоа се забележува во сертификатот “дру ги наоди”; другото слично семе се одвојува од другите ком поненти и се мери неговата маса. За да се издвои дру гото слично семе од основното чисто семе на култура та по случаен избор се земаат 400 до 1000 семки, се од делуваат од мострата и количински се одредува друго то слично семе. Во фракцијата се наведува и бројот на зрната односно на семето кое припаѓа на други видови семе кое тешко се разликува од основното семе на кул турата. Овој метод на испитување на чистотата на семето кога семето не може да се разликува по видови се при менува само кај: Agrostis, Brassica, Lolium, Poa, Festuca или кај видови што ќе ги одреди аналитичарот за испи тување на чистотата на семето. 5. Метод на издувување (blowing). Овој метод се применува само кај видовите Poa pratensis и Dactylis glomerata. Работната мостра се става во цевката за дување (ја чината на апаратот за дувањето се регулира според упат свата за тој вид за соодветен вид) и се дува 3 минути. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 19 Масата на работната мостра изнесува 1 gr за Poa pratensis и 3 gr за Dactylis glomerata. Јачината на воз душното струење се определува според калибрациони от апарат (Blowing), кој може да се набави од Секрета ријатот на ISTA. Јачината на воздушното струење за Poa trivialis се одредува кога ќе се помножи со 0,82 со јачината на воздушното струење на калибрациониот апарат предвидена за Poa pratensis. Пред да се стави се мето во калибраторот, треба да биде поставено одреде но време на собна температура. Издвојување на потешката фракција. 1. Чисто семе. Семето што останува во садот кај апаратот (потешка фракција) по извршеното издувува ње се смета за чисто семе и тоа: неоштетени клавчиња од Dactylis glomerata, неоштетени семенски единици од Poa pratensis, Poa trivialis и Dactylis glomerata, клавчиња со делови од габи како што е гламницата потполно за творена од лемите и палеите, клавчиња и кариопсиси делумно оштетени и делумно заразени со инсекти вклучувајќи и сунѓерести, плутасти и бели кариопсиси, како и искршени клавчиња и кариопсиси поголеми над половината од нормалната големина. 2. Инертни материи. Во инертни материи спаѓаат клавчиња и кариопсиси (кај Poa pratensis или Dactylis glomerata) кои се заразени со гламница која е на клав чињата, половина клавчиња и кариопсиси или полови на помали од нормалната големина, рачки, стебленца, песок, земја и др. како што е наведено во 3.2.3. 3. Друго семе (вклучувајќи и други Poa sp.) треба да се одреди според правилото наведено во 3.2.2. Издвојување на полесна фракција. 1. Инертни материи. Семе кое е издвоено со апа ратот за издувување (лесна фракција), како и издувани те клавчиња и кариопсиси кај Poa pratensis и Dactylis glomerata, рачки, стебла, песок, земја и др. се сметаат за инертни материи според правилото 3.2.3. 2. Другото семе (вклучувајќи и други Poa pratensis и Poa trivialis) треба да се одреди според пра вилото наведено во 3.2.2. Ако фертилни клавчиња на Poa sp. (пр. Poa compressa) има 1-3% во Poa pratensis или Poa trivialis неопходно е да се прегледа целата фракција под лупа. Потоа се собираат клавчињата од потешката и од по лесната фракција и се означуваат заедно како други ви дови семе во основната култура, изразено во проценти. Ако процентот е поголем (3-5%) на Poa sp. во пробата од Poa pratensis или Poa trivialis тогаш аналитичарот го користи алтернативниот метод. Постапка за одредување на видовите кои тешко се разликуваат (Алтернативен метод). Алтернативниот метод служи за утврдување на присуство на Poa sp. во Poa pratensis или Poa trivialis. По случаен избор од мострата ќе се земаат 400 до 1000 фертилни клавчиња издвоени од двете фракции (лесна и тешка) или само од тешката фракција, ако во лесната фракција немало присуство на Poa sp. Земените клав чиња ќе се стават под стертеоскопот и сите различни Poa sp. ќе се одделат една од друга. Потоа посебно се одредува процентот за секоја најдена Poa sp. Хемиски третирано семе. Кога се испитува чистота на семето и се користи blowing методот, ако хемиски третираното семе влијае негативно врз одредени карактеристики на семето при неговото издувување, чистотата на семето се одделува мануелно и во сертификатот треба да се стави: “Бидеј ќи семето хемиски е третирано чистотата е испитувана мануелно”. Кога другите квалитетни својства на семето се испитани пред хемиското третирање, а само ‘ртно ста е испитана по хемиското третирање, во сертифика тот треба да стои; “Поради хемиското третирање, чи стотото семе од кое се испитува ‘ртноста е издвоено мануелно”. Повеќе семенски единици. Врз основа на барањето на пријавувачот на семето за испитување, кај родовите: Avena, Bromus, Dactylis, Festuca, x Festololilum, Coeleria, Lollium, Triticum spelta, повеќе семенските единици (ПСЕ) присутни во мостра та одвоено се мерат и се наведуваат во сертификатот. Поедини нечистотии кога неповолно влијаат врз резултатите од испитувањето. При испитување на чистотата на семето, поедини компоненти негативно влијаат врз резултатите на испи тувањето. Тоа обично се случува кога во мострата има поголема количина на земја, песок, камчиња и др. Ако тие компоненти, можат лесно да се отстранат со просе јување, се отстрануваат од целата работна мостра (или мостра која е најмалку 10 пати потешка од мострата за испитување на чистотата на семето) и потоа се врши нормално испитување на чистота на семето. Вака от странетите нечистотии, потоа се пресметуваат по фор мула на начин како што е наведено подоцна во ова пог лавје - пресметување на резултатите на одредени нечи стотии кои негативно влијаат врз резултатите на испи тување на чистотата на семето. Прицврстени додатоци. Кај одредени родови (ПЧС:15,38,46,62) семето од носно плодот може да има прицврстени додатоци (осилки, петелки и др.). Таквите прицврстени додатоци треба да се остават прицврстени на семето, но на бара ње на подносителот на пријавата за испитување на се мето, количината на семето со прицврстени додатоци, се наведува во сертификатот. 3.6. Пресметување на резултатите 3.6.1. Цел на работната мостра 1. Тест за додавање или за одземање на масата при мерењето Прво се собира масата на сите издвоени составни компоненти од работната мостра (чисто семе, друго семе и плевел и инертни материи). Овој збир се спо редува со оригиналната (почетна) маса на работната мостра за да се провери дали е дојдено до зголемува ње или до намалување на масата на компонентите. Ако збирот на масата на компонентите не се покло пува со оригиналната (почетната) маса на работната мостра за 5% и повеќе, анализата треба да се повто ри. Тогаш се земаат резултатите од повторното ис питување. 2. Пресметување на процентот на компонентите. Процентот за масата на пооделните компоненти се дава со точност од една децимала. Процентот на ком понентите се добива врз основа на сумата на масата на компонентите, а не врз основа на оригиналната (почет на) маса на работната мостра. Процентот на другите видови семиња или инертни материи внатре во групата пооделно не мора да се пресметува ако тоа не се бара и не е потребно да се наведе во сертификатот. 3. Заокружување на резултатите Прво се собира процентот на сите компоненти за едно. Компонентите кои биле минимално застапени во работната мостра треба да се наведат “Во трагови” и не се внесуваат во збирниот процент. Сите компо ненти (фракции) заедно треба да изнесуваат 100%. Ако збирот не изнесува 100% (пр. 99,9 или 100,1) тре ба да се додаде или одземе 0,1% од најголемата вред ност на компонентата, а тоа обично фракцијата “Чи сто семе”. Ако е неопходно корегирање на процентот над 0,1% тогаш треба да се провери дали има грешка во пресметувањето. Стр. 20 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 4. Пресметување на резултатите за видови кои тешко се разликуваат. Кога во една работна мостра ќе се пронајдат два ви да семе кои помеѓу себе тешко се разликуваат, финал ното раздвојување се врши врз основа на методот за видови кои помеѓу себе тешко се разликуваат односно се земаат 400 до 1000 семки од работната мостра и по натаму се постапува по предвидениот метод (алтерна тивен). Процентот на застапеност на видот на основното семе (А%), се пресметува врз основа на масата на ви дот на контаминентот помножена со масата на слично то семе од основната култура, поделена со масата на фракцијата од 400 до 1000 семки и масата на целата мостра, помножено со 100. Процент на видот (А%) = m3 x m1 x 100 m2 x m m = маса на целата мостра m1 = маса на слично семе од работната мостра m2 = маса на фракцијата од 400 до 1000 семки m3 = маса барана кај видот во m2 Овој процент се додава на процентот на другите ком поненти во семето “друго семе’’, а процентот на “Чисто семе” се намалува за истата количина колку што е про центот на видот што тешко се разликува, за да се надо мести вкупната сума за чистота на семето до 100%. 5. Пресметување на резултатите на одделни не чистотии кои неповолно влијаат врз резултатите на испитувањето Ако во постапката за испитување на одредени нечи стотии m-изразено во gr (земја, песок и др.) во семето, неповолно влијаат врз резултатите на крајните испиту вања, тие се отстрануваат од работната мостра за испи тување на чистотата. М. Ако при анализа на чистотата на семето, за првична чистота семе го земеме P1 во проценти, инертните материи I1 во проценти и другото семе OS1 во проценти, тогаш крајниот резултат за чи стота на семето се пресметува по формулата: P1 = почетен процент за чистота на семето на цела работна мостра; M=просечна маса на нечистотија во целата мостра по отстранување на инертните материи; m1 = маса на инертни материи; m2 = маса на друго семе. 3.6.2. Две половини од работната мостра 1. Тест за варирање на масата во текот на испи тувањето. Се собира масата на сите компоненти пооделно за секоја половина од работната мостра. Двата збира на масата од двете половини на работната мостра се спо редуваат со оригиналната (почетна маса) за да се про вери дали е дојдено до намалување или до зголемување на масата. Ако збирот на масата не се совпаѓа со зби рот на двете половини на работната маса до 5% и пове ќе од почетната маса на целата работна мостра, испиту вањата се повторуваат и за двете половини од работна та мостра. Резултатите од повторните испитувања се земаат за точни. 2. Пресметување на процентот на компонентите. Прво се пресметува процентот поединечно на масата на двете работни мостри, со точност од две децимални места. Процентот се добива врз основа на сумата на ма сата на компонентите, а не врз основа на оригиналната (почетна) маса на работната мостра. За да се добие крај ниот процент за чистота на семето прво треба да се собе ре масата на фракциите чисто семе, друго семе и инерт ни материи за секоја половина од работната мостра. Потоа процентот за чистотата на семето се пресмету ва врз основа на целокупната маса за секоја фракција. 3. Тест за одредување на варирање на компонен тите помеѓу две половини на работна мостра. Разликата во варирањето на исти компоненти во две половини на работна мостра добиени од иста просечна мостра не треба да бидат поголеми од дозволеното. Проверка се прави за сите компоненти. Ако сите компоненти се во границата на дозволеното се пресме тува процентот за сите компоненти одделно. Ако една од компонентите е над границата на доз воленото отстапување, постапката е следнава: треба и понатаму да се анализираат само двете компоненти (но не повеќе од 4) се додека не се добијат резултати кои се во границата на отстапувањето; треба да се отфрли секој пар на компонентата ако разликата е двапати поголема од дозволената граница за отстапување; процентот на компонентите кои се последни запиша ни се пресметува од просечната маса за другите парови; треба да се пронајде причината за големото вари рање, ако и при повторните испитувања варирањата се над дозволените граници. 4. Заокружување на резултатите Ако сите повторувања кај сите компоненти (фрак ции) се во граница на дозволените отстапувања, се со бира масата на сите компоненти, се пресметува про центот на чистотата на семето и се заокружува цела бројка со едно децимално место. Ако треба да се извр ши корекција на резултатите, се постапува исто како што е наведено во заокружување на резултатите за це ла работна мостра. 3.6.3 Две или повеќе мостри Има моменти кога треба да се изработи чистота на семето на две или на повеќе цели работни мостри. Вторите или наредните анализи на цела работна мо стра се изведуваат како што е наведено во методот за цела работна мостра и пресметувањето на резултатите е исто како што е наведено во пресметување на резул татите за цела работна мостра. 3.7. Толеранции-тест за испитување на варира ње на мострата Кога се испитуваат две компоненти од две цели ра ботни мостри добиени од иста просечна мостра, по стапката продолжува исто како да се испитуваат две половини од една работна мостра. Кога се испитуваат две компоненти од две работни мостри, добиени од различни просечни мостри, постапката продолжува исто како да се испитуваат две цели работни мостри добиени од иста просечна мостра. Ако добиените ре зултати се над дозволената граница за толеранција се изработува уште еден примерок (вкупно три примеро ка). Ако најнискиот и највисокиот добиен резултат не се разликуваат повеќе од двапати треба да се земе средната вредност од трите испитувања. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 21 Пресметување и заокружување на резултатите. За ре зултатите од испитувањата на двете цели работни мостри да бидат пресметани како еден резултат, треба да се собе ре масата на секоја фракција одделно, а се пресметува исто како и кај целата работна мостра за пресметување на процентот на компонентите. Заокружувањето на резулта тите е исто како и кај целата работна мостра. 3.8. Соопштување на резултатите Резултатите од испитувањето се соопштуваат со цел број и со едно децимално место. Сите компоненти заедно треба да изнесуваат 100%. Ако процентот на за стапеноста на компонентите е под 0,5%, се соопштува ат “Во трагови”. Процентот на чистотата на семето се внесува во ру бриките за: “Чисто семе”, “Други видови семе” и “Инерт ни материи”. Ако нема присуство на други видови и на инертни материи во сертифокатот се запишува како “0,0”. Во сертификатот се запишува латинското име на културата што се испитува, латинските имиња на други видови семе и плевели и видот на инертните материи. Кога поедини видови инертни материи, други ви дови, повеќесеменски единици или семиња со додато ци ќе се пронајдат во мострата 1% или повеќе: на барање на подносителот на пријавата за испи тување на семето треба да се одредат и пронајдените видови и количината на нивната застапеност со точ ност од 0,1% или повеќе и се соопштуваат во сертифи катот; на барање на подносителот на пријавата повеќесе менските единици се внесуваат како % на ПСЕ; на барање на подносителот на пријавата, различ ните видови на инертни материи, исто така, се внесува ат во сертификатот. 4. ОДРЕДУВАЊЕ (ДЕТЕРМИНАЦИЈА) НА ДРУГИ ВИДОВИ СЕМИЊА ВО ЧИСТОТО СЕМЕ 4.1. Цел на испитување. Овие испитувања служат за одредување на штетни и непожелни видови во пар тија семе и нивно спречување за понатамошно ширење со меѓународната трговија за семе. 4.2. Поим за друго семе. Под поимот други видови семиња во чистото семе се подразбира присуство на кој било кој друг вид семе во семето што се испитува (кое е штетно и забрането во одредена земја) или пак, присуство на некое специфично семе (на пр. Agropyron repens). Дефиниција на поимите за тестирањето. Одреду вањето на присуство на други непожелни видови на се миња во мострата е наведено во точка 3 (друго семе). Одредувањето на други видови семиња во партија семе може да биде извршено со: комплетен тест, ограничен тест, редуциран тест и редуцирано – ограничен тест. Комплетен тест е оној тест во кој се испитува цела та работна мостра за присуство на други видови семе. Ограничен тест е оној тест во кој се испитува це лата работна мостра, но само за назначени други видо ви семе. Редуциран тест е оној тест во кој се испитува дел од работната мостра за присуство на други видови. Редуцирано – ограничен тест е оној тест во кој се испитува помал дел од пропишаната маса на работната мостра и се испитува само за други назначени видови. 4.3. Општо правило. Детерминацијата (одредува њето на семе од други видови) се изведува на тој начин што се бројат семките од другите видови во работната мостра и се наведува нивниот број. Ако пронајдените видови на друго семе неможат да се одредат на ниво на вид, тогаш се одредуваат на ниво на род. 4.4. Опрема. За одредување на други видови семе во семенската маса се користи најразлична опрема и апаратура: сита, апарати за издувување и друга меха ничка апаратура која ќе помогне за одделување на се мето од другите видови во семенската маса. 4.5. Постапка при испитувањето. 4.5.1. Работна мостра. Големината на работната мостра може да биде: а) најмалку 2500 семенски еди ници или не помалку од пропишаната работна мостра за испитување на други видови семе или, пак, б) испи тувањата се вршат најмалку на 1/5 од пропишаната ма са за работна мостра за одреден вид кој тешко се иден тификува. 4.5.2. Одредување (детерминација). Одредување то на други видови семиња во работната мостра се вр ши со регистрирање на сите најдени (други) видови и нивно одредување, или пак, само на оној вид за кој е побарано од пријавувачот на семето. Ако испитување то се врши само на назначен вид на друго семе, со ис питувањето се прекинува, ако има присуство на тој вид семе во семенската маса. 4.6. Пресметување на резултатите. Резултатите од испитувањето се пресметуваат по број на најдени дру ги видови семе и во проценти (на пр. број на други ви дови во kg.). При споредувањето на двете извршени ис питувања, испитувањата мора да бидат приближно исти во однос на масата на семето од другите видови. Ако отстапувањата се поголеми од дозволените граници, испитувањата се повторуваат. 4.7. Соопштување на резултатите. Резултатите од испитувањето се соопштуваат по број најдени други видови семе во kg и во проценти со цел број, со точ ност од едно децимално место во сертификатот во ру бриката за “други видови” семе. Во сертификатот, исто така, се наведува тестот на испитувањето: комплетен тест, ограничен тест, редуциран тест или редуцирано ограничен тест. 5. ИСПИТУВАЊЕ НА ‘РТНОСТ НА СЕМЕТО 5.1. Цел на испитување Целта на испитување на ‘ртноста на семето е да се утврди максималната потенцијална ‘ртност во партија семе. Испитување ‘во лабораториски услови може лес но да се спроведе бидејќи семето ги има сите услови за прортување и никнење, додека такви услови на поле нема бидејќи таму владеат поинакви услови и не може со точност да се одреди потенцијалната ‘ртност на се мето и потенцијалната можност за нормално никнење. 5.2. Поим за ‘ртност на семето 5.2.1. Под ‘ртност на семето се подразбира испиту вање и утврдување на енергијата на ‘ртењето и ‘ртно ста на семето од мострата на една партија семе во лабо раториски услови. Енергија на ‘ртење претставува процент на нормал ните ‘ртулци во однос на бројот на семињата ставени на ‘ртење утврден по истекот на времето предвидено за прво оценување односно за утврдување на енергијата на ‘ртењето. Вкупна ‘ртност на семето претставува процент на нормално развиени ‘ртулци во однос на вкупниот број на семињата ставени на ‘ртење, утврден по истекот на времето предвидено за завршно оценување. Процент на ‘ртноста претставува пропорционален број на семе кое оформило нормални ‘ртулци под одре дени услови и време, како што е наведено во табела 2. 5.2.3. Основни структури на ‘ртулецот Нормалните ‘ртулци, зависно од растителниот вид, содржат специфична комбинација на определени стру ктури неопходни за порастот и развитокот и тоа: коренов систем (примарен, секундарен и семина лен корен); фиданка (хипокотил, епикотил, кај некои фамилии Poaceae мезокотил, врвна пупка); котиледони (еден до неколку); колеоптил (сите Poaceae). Стр. 22 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 5.2.4. Нормална ‘ртност 5.2.4.1. Добро развиени ‘ртулци се оние што се : неоштетени, здрави кај кои основните структури се добро развиени и здрави (незаразени со болести); со слабо механичко оштетување на основната структура и кои по развојот не заостануваат зад нео штетените и здрави ‘ртулци; со секундарни непаразитни инфекции предизвика ни од габички и бактерии. 5.2.4. Добро развиен коренов систем: долг и виток примарен корен, обично покриен со многубројни коренови влакненца кои завршуваат со те нок врв; секундарни корења што се развиле во пропишани от период на испитувањето; неколку семинални корења, наместо еден прима рен корен кај некои родови: Avena, Hordeum, Secale, Triticum, Triticosecale, Cyclomen и др.). 5.2.4.3. Добро развиена фиданка и темена пупка: вертикално издолжен и виток хипокотил кај видо вите со епигеален тип на ‘ртење; добро развиен епикотил кај видовите со хипогеа лен тип на ‘ртење; добро развиен хипокотил и епикотил кај одделни родови со епигеален тип на ‘ртење; издолжен добро развиен мезокотил кај одделни родови на Poaceae. 5.2.4.4. Добро развиени котиледони: еден котиледон кај монокотиледоните или , по исклучок кај дикотиледоните (ако има зелена боја слична на лист); два котиледона на дикотиледоните со епигеална ‘ртност, ако се зелени и слични на лист, со големина и форма што варираат кај видот што се испитува. Во ‘ртулците што покажуваат хипогеален тип на ‘ртење тие се хемисферични, месести и остануват делумно во обвивката на семето. 5.2.4.5 Добро развиени примарни листови: еден примарен лист, кому понекогаш му претхо дат неколку наизменични слоеви, кај видови со про менлив број на листови; два примарни листа со спротивно наредени листо ви во ‘ртење; врвна пупка или фиданка чиј развој зависи и вари ра од видот што се испитува; добро развиена и издолжена колеоптила кај Poaceae, која го опфаќа зелениот лист кој достигнува над половина од должината на колеоптилата или поне когаш веќе излегол од неа. 5.2.4.6 ‘Ртулци со слаби оштетувања: примарен корен со ограничено оштетување или незначително заостанат во пораст; примарен корен оштетен,но со добро развиени се кударни корени кај некои родови на Fabaceae (крупно семе кај родовите Phaseolus sp, Pisum sp, Vicia sp.) и Poaceae (Zea) и кај сите родови од фамилиите Cucurbitaceae и Malvaceae; Hordeum, Secale два добро развиени семинални корења кај родови те Avena, , Triticum, Triticusecale и два кај Cyclamen; хипокотил, епикотил и мезокотил со ограничено оштетување; котиледони со слабо и ограничено оштетување; еден нормално развиен котиледон кај дикотиледо ните; три котиледони (под услов половината и повеќето од половината да се со нормална големина); примарни листови со ограничено оштетување (кои половината или повеќето од половината од вкупното ткиво се способни за нормална функција); само еден примарен лист (кај Phaseolus), ако нема видливи оштетувања или гниеж кон врвната папка; примарни листови (кај Phaseolus) со правилна форма со намалена големина, но пошироки од една че твртина од нормалната големина; три примарни листа (кај Phaseolus), или два под ус лов најмалку од половината да има нормална големина; колеоптила со ограничено оштетување; колеоптила напукната од врвот надолу, но не по веќе од една третина од нејзината должина; колеоптила навалена или јамчеста ( поради тоа што долго била во плевата или во обвивката на семето); коелоптила со зелен лист кој не достигнува до вр вот туку најмалку до половината од должината на ко леоптилата. 5.2.4.7. ’Ртулец со секундарно оштетување ‘Ртулци со секундарна инфекција, гнили ртулци, нападнати од габички или од бактерии, се сметаат како нормални, ако е видливо дека семето не е причина за инфекција и ако се оцени дека сите основни структури биле присутни. 5.2.5. Ненормална ‘ртност Ненормални ‘ртулци се оние кои немаат способност да се развиват во нормално растение во полски услови, за тоа што една основна или повеќе основни структури се неповратно оштетени. Ненормалните ‘ртулци не се прес метуваат во процентот на вкупната ‘ртност. Во ненормал ни ‘ртулци се вбројуваат четирите главни групи и тоа: оштетени (недостига или е оштетена која и да е основна структура); деформирани и неизбалансирани (дефектни, не развиени, непропорционалност на која и да е од битни те структури); изгниени (гнили ‘ртулци односно заболени некои од основните структури поради примарна инфекција на семето); ‘ртулци со едно оштетување или со комбинација на овие оштетувања се вбројуват во ненормални ‘ртулци. 5.2.5.1. Ненормален примарен корен: спечен, за дебелен, неразвиен, скршен, пукнат од врвот, врете нест, стеснет, затворен со обвивката на семето, со нега тивна геотропија, стаклест, гнил како резултат од при марна инфекција, со еден секундарен корен или без се кундарни корења. Семинален корен: само еден или ни еден. ‘Ртулци со секундарни или семинални корења што покажуваат еден или повеќе од горенаведените не достатоци не можат да се заменат со примарен корен. 5.2.5.2 Ненормален хипокотил, епикотил, мезоко тил: краток и задебелен, длабоко напукнат или искр шен, сосема расцепен, стеснет, мошне свиткан и усукан, превиткан, формира јамки или спирали, вретенест, стак лест, гнил како резултат од примарна инфекција. 5.2.5.3 Ненормални котиледони: задебелени и ка драви, деформирани, искршени или делумно оштетени, одвоени или недостигаат, обезбоени, некротирани, стаклести, гнили како резултат на примарна инфекција; ‘Ртулците чии котиледони се оштетени или гнили на местото на кое се сраснати со оската на ‘ртулецот или околу врвната фиданка, се оценуваат како ненор мални без оглед на големината на оштетувањето. Посебни оштетувања на котиледони кај Allium sp: краток и задебелен, стеснет, превиткан, формира јамка или спирала, без изразено “колено”, вретенест. 5.2.5.4 Ненормални примарни листови: деформи рани, оштетени, недостигаат, обезбоени, некротирани, гнили како резултат од примарна инфекција, помали од една четвртина од нормалната големина. 5.2.5.5 Ненормална врвна пупка и околни ткива: деформирани, оштетени, недостасуваат, гнили како ре зултат на примарна инфекција. Ако врвната пупка е оштетена или недостасува, ртулецот е ненормален ду ри и кога едната или двете пазувни пупки (Phaseolus) или фиданка (Pisum) се веќе развиени. 5.2.5.6 Ненормална колеоптила (освен за Zea mays): деформирана, оштетена, недостига, со оштетен врв или без врв, многу намаалена, формира јамка или спирала, свиткана, напукната повеќе од една третина по должината на врвот, напукната во базата и издолже на и вретенеста, гнила како резултат на примарна ин фекција. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 23 5.2.5.7 Ненормална колеоптила и лист за Zea mays: раскината на кое било место повеќе од 1/3, сви ткана, врвот е оштетен или недостасува, кадрава или поинаку деформирана, лист оштетен или излегува по врвот на колеоптилата. 5.2.5.8 Ненормален ‘ртулец во целина: деформи ран, откршен и оштетен, појава на котиледон пред ко ренот, споени два ‘ртулци, жолт и бел, издолжен и вре тенест, стаклест, гнил како резултат од примарна ин фекција. 5.2.6. Повеќе’ртулно семе Повеќе ‘ртулно семе имаат некои растителни видо ви. Од него може да се добие повеќе од еден ‘ртулец во случај кога: семето содржи повеќе од едно вистинско семе (по веќесеменски единици Dactylis, Festuca, Festulolium и Lolium неодвоени шизокарпи на Apiaceae, клопче од Beta vulgaris и др.); вистинско семе кое содржи повеќе од еден ембри он или со исклучок кај други видови кога еден од ‘ртулците е слаб или вретенест, а обата се со нормална големина; соединет ембрион (понекогаш два ‘ртулци се спо ени, а настанале од едно семе). 5.2.7. Нертно семе Нертно семе е она семе што не ‘рти до истекот на времето предвидено за траење на испитувањето. 5.2.7.1 Тврдо семе: е семе во форма на дормант ност (Fabaceae) кое не може да впие вода во рамките на дадените услови и затоа останува тврдо. 5.2.7.2 Свежо семе: е неизртено семе до крајот на ис питувањето, а е резултат на физиолошка дормантност. Тоа може да впие вода во дадени услови, но идниот развој му е блокиран, иако очигледно е способно да ‘рти. 5.2.7.3 Мртво семе е меко, обезбоено или со проме нета боја, мемливо, често нападнато од микроорганиз ми и не покажува знаци на развој на ‘ртулци. 5.2.7.4 Друго нертно семе: празно семе кое содржи свеж ендосперм или гаме тофитно ткиво во кое не постои ембрионална шуплина и ембрион; сосема празно семе (кое сосема е празно или содр жи мал остаток на ткиво); семе оштетено од инсекти (семе кое содржи ларви на инсекти или покажува други видови напади од штетници). 5.3. Општо правило Испитување на ‘ртност на семето може да врши стручно лице или лице со искуство за утврдување на про центот на нормално ртно семе, ненормално ртно семе, тврдо семе, свежо семе, мртво семе и друго нертно семе. Испитување на ртност на семето се врши од чисто то семе од просечната мостра. Чисто семе може да биде земено од “репрезентатив ната фракција” од просечната мостра која претходно се прочистува или од фракцијата “чисто семе” земено од работната мостра за испитување на чистотата на семе то како што е наведено во точка 3, освен каде што е дозволено испитување на семето по пат на мерење (маса) на повторувањето. Исклучок од ова правило може да има кај хемиски третираното семе или семе со обвивка (пилети). Кога се испитува ртноста на хемиски третираното семе се зема семе од просечната мостра од “чисто семе” , а кај пилетираното семе треба да се примени методот за ис питување на ртноста кај “пилетирано семе”. 5.4. Материјал потребен за испитување на ‘ртноста Хартијата и песокот се општо користени супстрати за испитување на ртноста. Земјата или вештачкиот компост не се препорачуваат како средини за ртење на семето, туку се употребуваат како компаративни испи тувања или за научни цели. 5.4.1 Хартија: хартиената подлога може да биде филтер или хартија што добро впива влага (хартиени крпи). Овој вид подлога треба да биде од 100% чисто дрво, памук или чистено целулозно влакно, без присус тво на габички, бактерии и токсични додатоци кои би можеле негативно да влијаат врз ‘ртноста. Хартиената подлога треба да биде порозна, но толку набиена што коренот да расте на површината, а не да продира во подлогата, при што хартијата не смее да се кине. Под логата треба да впива доволно вода за да остане влажна за целото време на испитувањето на ‘ртноста, со рН вредност меѓу 6-7,5. Хартиената подлога се чува во студен, стерилен и сув простор заштитен од можни оштетувања. Непознатиот квалитет на хартиената под лога се проверува со биолошки тест така што ќе се упо треби за испитување на ртноста на видови осетливи на токсични соединенија (пр. Phleum pratense, Agrostis gigantea, Fragrostis curvula, Festuca rubra, var.commutata и Lepidium sativum). Тогаш се споредува развиеноста на коренот на познатата и на непознатата подлога при првото оценување на ‘ртулците. 5.4.2. Песок: песокот треба да биде изедначен, а го лемината на зрното таква што да пропаѓа низ сито со пречник на отворите од 0,8 mm и да останува на сито со пречник на отворите од 0,05 mm. Песокот не смее да содржи туѓи примеси, семе, габички, бактерии, орган ски и токсични материи што би можеле да влијаат врз ‘ртноста. Влагата на песокот треба да биде оптимална за сето време на траењето на ‘ртноста и не смее да има толку вода за да не биде можно кружење на воздухот низ подлогата. Вредноста на рН треба да биде меѓу 6 7,5. Песокот по потреба треба да се стерилизира и како таков може да се употребува повеќе пати, ако семето што се испитува не е хемиски третирано. 5.4.3 Земја: земјата треба да биде со добар квали тет, без примеси на крупни честички, габички, бакте рии, нематоди или токсични хемиски материи што мо жат негативно да влијат врз ‘ртноста. Влажноста на почвата треба да овозможи достап на воздух до коре нот што се развива, со рН вредност меѓу 6-7,5. Ако земјата ги содржи споменатите непожелни примеси или материи или повеќепати се употребува, мора да се стерилизира по иста постапка како песокот или да се замени. Се препорачува земјата да се употребува едно кратно. 5.4.4 Компост: компостот мора да биде мешавина на стерилен вештачки компост со добар квалитет на кој е додадено најмалку 10% песок (по можност стерилен). Кога ќе се постигне соодветна влажност, понатамош ното влажење мора постојано да се проверува. pH вредноста не смее да има негативно влијание врз ртно ста на семето. Компостот може да се употребува само еднократно. 5.4.5 Вода: водата не смее да содржи органски и не органски примеси, а пожелно е да се користи дестили рана или дејонизирана вода, со рН вредност меѓу 6-7,5. 5.4.6 pH: вредноста треба да биде помеѓу 6,0-7,5. Кога се проверува pH на подлогата мора да се конста тира дека таа нема негативно влијание врз ‘ртноста. Ова се проверува кај видови кои се осетливи на pH или на сите видови кои се испитуваат. 5.5. Опрема Опремата и апратите кои се употребуваат за испи тување на ‘ртноста на семето се поделени во две групи. Опрема и апарати за броење на семето и опрема и апа рати за обезбедување на услови за ртење на семето. 5.5.1. Плоча за броење: се употребува обично при распоредување на крупнозрнесто семе на подлога за ‘ртење. Плочата има 50 или 100 рамномерно распоре дени отвори на горната плоча и кога тие ќе се наполнат со семе, долната плоча или дното ќе се тргне така што семето паѓа на подлогата. Стр. 24 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 5.5.2. Вакумски бројачи: се употребуваат за пра вилно оформено и мазно семе (жита, зелка, детелина). На отворите на главата за броење ќе се вшмукаат 50 или 100 зрна семе кои со прекинувањето на системот за вшмукување се спуштаат на подлогата за ‘ртење. Главите се со различна големина, а отворите се со раз личен пречник за да одговара на видот на семето. Отворите обично се наоѓаат во круг. Во секој отвор треба да има само по едно семе. Главите за броење не смеат да се стават во семето, затоа што така се вшмуку ва само полесното семе. 5.5.3. Јакобсенов апарат: се состои од плоча за ‘ртење на која се става филтер хартија со семе. Филте рот се влажни постојано со помош на лента која низ отворот допира во сад со вода. Филтерот со семе го по крива звоното кое на врвот има отвор за зрачење. Тем пературата обично се регулира автоматски. Апаратот се употребува за сите константни или променливи тем ператури. 5.5.4. Кабинет за ‘ртење (темофрижидер): е затво рен простор за ‘ртење на семето во темнина или на свет лина. Современите комори имаат систем за ладење и греење, со кој автоматски се регулира соодветната тем пература (која се менува или е рамномерна), светлината и влажноста на воздухот (ако е “влажна” комора). Ако температурата во комората не е уедначена, а се бара температура што се менува, семето треба да се пренесу ва од една во друга комора со соодветна температура. Во сувата комора семињата треба да бидат во затворени садови, што е препорачливо и за влажните комори. 5.5.5. Соба за ‘ртење: работи врз ист принцип како и кабинетот за ‘ртење, само што е поголема и е проод на за човек. Осветлувањето, температурата и влажно ста на воздухот автоматски се регулираат и контроли раат. 5.5.6. Обичен фрижидер: за претходно ладење на пробите (свежо собрано семе) пред да се постави семе то на ‘ртење. 5.6. Постапка при испитувањето 5.6.1. Работна мостра за ‘ртност Работната мостра претставува 4х100 зрна семе што се земаат од основната група “чисто семе” и рамномер но се распоредуваат на соодветната подлога за ‘ртење. Повторувањата зависат од видот на семето и од садот за ‘ртење, а можат да се поделат на повторувања од 8х50 зрна или од 16х25 зрна семе. Ако семето е многу инфицирано при повторното броење може да се прене се на новата хартиена подлога. Повеќесеменските единици не се разделуваат туку се оставааат како цели поединечни семиња. 5.6.2. Условите за испитување на ‘ртноста на се мето. Видовите (1) кај кои се врши испитување на ‘ртно ста на семето како и условите за испитување на семето: подлога (2), температура (3), траење на испитувањето за прво (4) и завршно (5) оценување, како и осветлува њето, прекинување на дормантноста, омекнување на семето и отстранување на инхибиторните супстанции за ‘ртење (6), наведени се во табела 2. 5.6.2.1 Подлоги 5.6.2.2 На хартиена подлога: семето ‘рти на една или повеќе хартиени подлоги, во посебни садови или во Петриеви кутии или непосредно на плочите во ко мори за ‘ртење (ако влагата во нив е доволно висока). 5.6.2.3 Меѓу хартија: семето ‘рти меѓу два слоја хартиена подлога и тоа така што се покрива со слој од хартија или се става меѓу набрана хартија или меѓу хартија што се свиткува во ролна и се става водорамно или вертикално во комората. Семето може да ‘рти во пластични и во стаклени садови или непосредно на плочите на коморите за ‘ртење под услов влажноста на воздухот да е близу на границата на заситеност. 5.6.2.4 Набрана хартија: семето ‘рти меѓу наборот на хартијата, во два реда по 50 семки, по 2 семки во фалта, во садовите или во влажна комора за ‘ртење. 5.6.2.5 На песок: семето се става на површината од песокот, со малку притиснување. 5.6.2.6 Во песок: наместо хартиена подлога, поради развој на болест, може да се употреби песок. Семето се става на слој влажен песок и се покрива со слој од истиот песок дебел 10-20 mm, но потребно е да се по стигне проветрување. Песокот понекогаш се употребу ва и при истражување на развојот на сомнителните ‘ртулци, иако за тоа земјата е поповолна. 5.6.2.7 Земја. Земјата не се препорачува за првото испитување, затоа што е тешко да се добие рамномерна подлога и кога ‘ртулците покажувааат фитотоксични знаци или ако нивниот развој на хартија е сомнителен. Земјата обично се употребува за компаративно испиту вање или за истражувачки цели, при што се препорачу ва само еднократна употреба. 5.6.2.8 Компост: компостот не се препорачува како примарна подлога. Примарна употреба може да има са мо кога ‘ртулците покажуваат фитотоксични симптоми или ако постои одредено сомневање во подлогата хар тија или песок. Подлогата компост обично се употре бува во компаративни испитувања или за научни цели. 5.6.3. Влажност и воздух За сето време на ‘ртноста подлогата треба да биде доволно влажна, но не смее да содржи многу вода која би го оневозможила пристапот на воздух. Почетното количество на додадената вода зависи од природата, од големината на подлогата и од големината на семето. Треба да се избегнува додавање вода во меѓувреме, за тоа што тоа предизвикува ризици меѓу повторувањата во тестот. Проветрувањето на тестот на хартија и меѓу хартија не е потребно, а кај набраната хартија и на пе сок треба да се води сметка околу семето да има довол но воздух, поради што семето растресено се покрива при примена на методите со песок и земја. 5.6.4. Температура На пропишаната температура, табела 2, толеранци јата може да изнесува најмногу 1оС. Ако се пропишани наизменични температури, пониската температура тре ба да трае 16, а повисоката 8 часа. При менувањето од една температура на друга температура може да трае до 3 часа, а кај семето што е во фаза на мирување, тем пературата треба да се промени во рок од 1 час или по бргу тестовите да се пренесат во друга просторија за ‘ртење со пониска температура. Ако менувањето на температурата не може да се контролира (недели, праз ници и други причини), тестовите се оставаат на пони ска температура. 5.6.5. Осветлување Семето ‘рти во светлина или во темнина. Осветлу вањето со вештачка или со дневна светлина е препо рачливо за подобар развој на ‘ртулците кои во целосна темнина етиолираат и можат да бидат нападнати од микроорганизми, што го отежнува оценувањето на ‘ртноста. Кај тревите на пр. светлината ја забрзува ‘ртноста а во други случаи (на пр. Rachelia tanacefifolia) и попречува на ‘ртноста поради што се даваат посебни препораки за осветлување или за затемнување, како што е наведено во табела 2. 5.6.6. Третирање на семето за прекинување на мирувањето 5.6.6.1. Суво чување: суво чување на семе кое по природа бара време на мирување, продолжително се чува во сува просторија. 5.6.6.2 Претходно ладење: семе на земјоделско растение и на зеленчук обично претходно се лади на подлогите за ‘ртење на температура од 5-10оС, седум и повеќе дена пред да се стави на пропишаната темпера тура. Понекогаш претходното ладење треба да се про должи или да се повтори, така што тоа време не се вбројува во времето потребно за ‘ртење. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 25 5.6.6.3. Претходно греење: на семето на подлоги за ‘ртење е неопходно во некои случаи на температура од 30-35оС, седум или повеќе дена пред да се стави во пропишаните услови за ‘ртење. Ова време не се вброју ва во времето потребно за ‘ртење. За некои тропски и суптропски видови е потребна температура од 40-50 оС (пр. Arachis hypogea 40 оС и Oryza sativa 50 оС). 5.6.6.4. Осветлување: пробите се осветлуваат осум саати во траење од 24 часа во периодот кога е повисока температурата и на температура која се менува. Интен зитетот на осветлувањето со студена бела светлост тре ба да изнесува од 750-1.250 лукса. Осветлувањето се препорачува особено за тропските и за суптропските треви. (на пр. Chloris gayana, Cinodon dactylon) 5.6.6.5. Калиум нитрат (KNO3 - 0,2% воден рас твор): со кој на почетокот се влажни подлогата за ‘рте ње. При подоцнежното влажнење се употребува вода. 5.6.6.6. Гибералинска киселина (GA3): се препора чува за видовите Avena sativa, Hordeum vulgare, Secale cereale, Triticum aestivum и Triticale. Подлогата за ‘ртење се влажи со 0,05% раствор GA3. Ако мирувањето на се мето ослабело, доволно е 0,02%, а ако е јако се употре бува 0,1% раствор. Кога се бара концентрација поголе ма од 0,08% се препорачува растворање на GA3 во рас твор на фосфатен буфер. Буферниот раствор се подго твува со растворање на 1,7799г Na2HPO4 x 2H2O и 1,3799г Na H2PO4 x H2O во 1 литар дестилирана вода. 5.6.6.7. Затворени полиетиленски обвивки: За творените полиетиленски обвивки се употребуваат на крајот од тестирањето кога ќе остане уште доволно свежо семе. Повторното тестирање во затворени полие тиленски обвивки со соодветна големина за тест се препорачува за поттикнување на ‘ртење на свежо семе. 5.6.7. Омекнување на тврдото семе Карктеристично е што на крајот од тестот кај многу видови семе останува тврдо семе, што се запишува во сертификатот. За да се добијат пореални резултати за ‘ртноста е потребно со различни методи да се влијае врз намалувањето на процентот на тврдото семе во ко рист на никнатото семе. 5.6.7.1. Натопување: семе со тврд семенски епи дерм се потопува од 24 до 48 часа во вода. 5.6.7.2. Механичко оштетување на епидермот: прекинувањето на условите на мирување поради не пропустливиот епидерм се постигнува ако семето се прободе, засече или се истрие со песок, при што се во ди сметка да не се оштетат ембрионите. Затоа, меха ничките интервенции се прават од спротивната страна на ембрионот. 5.6.7.3. Обработка на семето со киселина: овој метод е употреблив кога за омекнување на тврда лушпа се користи концентрирана сулфурна киселина (H2SO4). Семето се натопува во киселината толку дол го дури не почне да се набрчкува, што трае од неколку минути до еден час. За време на натопувањето, семето треба да се прегледува на неколку минути, по потопу вањето добро да се измие во проточна вода и да се ста ви да ‘рти во соодветни услови. Семето од видот Oryza sativa се потопува во нормална азотна киселина (HNO3) за 24 часа, по претходно грееење на 50°С. 5.6.8. Отстранување на инхибиторни супстанции 5.6.8.1 Измивање: природните супстанции во пери карпот или во семенскиот епидерм, што се инхибитори на ‘ртноста, можат да се отстранат со миење на проточ на вода при температура од 20оС пред да се стави семе то на ‘ртење. По миењето, семето треба да се исуши 2-4 часа на температура од најмногу 25оС(Beta vulgaris). 5.6.8.2. Отстранување на структурата околу се мето: ‘ртноста може да се забрза ако се отстранат раз ни структури, како што се влакненца, предплева, повр шинска плева и др (кај Poaceae). 5.6.8.3. Дезинфекција на семето: дезинфекцијата на семето може да се примени пред сеење на семето кај видовите Arachis hypogea и Beta vulgaris кога се знае дека семето не е третирано. 5.6.9. Траење на испитувањето на ‘ртноста 5.6.9.1. Должината на испитувањето на ‘ртноста е определена за одделни растителни видови како што е наведено во табела 2. Ако се забележи дека некое семе и по тој рок ‘рти, времето на ‘ртноста се продолжува до седум дена или за половина од пропишаното време, што мора да се евидентира, а кога побрзо ќе се постиг не најголемата можна ‘ртност испитувањето може да заврши пред пропишаното време. Времето на првото оценување е дадено приближно, но мора да одговара на времето кога ‘ртулците ја достигнале развојната фа за во која можат да се оценат нивните битни својства. Времето за оценување е дадено за највисока темпера тура, а при пониски температури првото оценување се поместува за подоцна. За испитувања во песок кои тра ат од 7-10 дена, првото оценување може да изостане. Ако е потребно оценувањето може да се изврши во ме ѓувреме и да се отстранат добро развиените ‘ртулци. Датумите на оценувањето ги определува аналитичар, имајќи го предвид најмалиот ризик на оштетување на недоволно развиените ‘ртулци. Времето потребно за отстранување на дормантно ста на семето не се смета во времето потребно за фи налното оценување на ‘ртулците. 5.6.10 Оценување 5.6.10.1 ‘Ртливо семе Кај првото и кај сите други оценувања се издвоју ват ‘ртулците чии сите животно-потребни структури се добро развиени (‘ртливо семе). Заболените ‘ртулци, со задолжително утврдување на предизвикувачот, се изд војуваат пред конечното броење. Недоволно развиени те и ненормално развиените ‘ртулци, како и не изрте ното семе се оставаат до крајот на испитувањето на ‘ртноста. Ако се појавуваат знаци на ограничен развој или фитотоксичност, испитувањето терба да се повто ри во песок или во земја, при температура што е про пишана за тој вид семе. 5.6.10.2 ‘Ртливо семе кај повеќесеменски единици. Секоја повеќесеменска единица со еден или со по веќе ‘ртулци се смета како еден процент на ‘ртност. Ако се бара наод по бројот на ‘ртулците на 100 едини ци или по бројот на единиците што дават еден, два или повеќе ‘ртулци, во ‘ртноста се вбројуваат сите нормал ни ‘ртулци. 5.6.10.3 Не’ртливо семе Тврдо семе: на крајот од времето пропишано за ‘ртење, тврдото семе се брои а неговиот процент во сертификатот се запишува како “тврдо семе”. Ако утврдениот процент на тврдо семе треба да се намали, тогаш се применува еден од методите за прекинување на периодот на мирување на семето. Тврдото семе кај детелина, луцерка, смилкита, еспарзета, граорица, лу пина, леќа и памук се вбројува во вкупната ‘ртност. Свежо семе: се користат препораките за забрзување на ‘ртењето особено ако бројот на свежо семе е голем од 5% и повеќе. Во сертификатот се запишува како “свежо семе”. Ако се посомнева дали семето е свежо или мртво, во сертификатот се наведува како “мртво семе”. Мртво семе: не ‘рти, но не е тврдо ниту свежо, ту ку меко и мувлосано. Во сертификатот се запишува ка ко “мртво семе”. Ако , пак, во семето се појави ртулец и со најголемо оштетување, во сертификатот се наведу ва како “ненормално прортено семе”. Не’ртливо семе: празно семе и семе што не про’ртело. Во сертификатот се запишува “друго семе”. Стр. 26 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 5.7. Повторно испитување Ако резултатот на испитувањето и на оценувањето не е прифатлив, испитувањето ќе се повтори по иста постапка или ќе се одбере друг поповолен метод. При чини за повторно испитување се: сомнение на мирува ње на семето (свежо семе), грешки во условите на ис питувањето, броењето или оценувањето, утврдени еко номски безопасни растителни болести или штетници и кога толеранциите се над дозволените граници. 5.8. Пресметување на резултатите Резултатот се дава како процент на бројот на нор мални ртулци, ненормални ртулци, тврдо, свежо и мр тво семе, што вкупно изнесува 100%. Секое повторува ње се пресметува посебно (4 x100; 8x50; 20x25). Про сечниот процент на сите повторувања се изразува во цел број, без децимали. 5.9. Толеранции Резултатите од испитувањето се сигурни само ако се во граница на дозволените отстапувања. Резултатот меѓу најголемиот и најмалиот процент помеѓу четирите повторувања треба да биде во грани ците на дозволеното отстапување, како што е наведено во точка 10, табела 13, како и во случаите кога испиту вањата се извршени од две работни мостри земени од една просечна мостра точка 10, табела 14 и две работ ни мостри земени од две различни просечни мостри, точка 10, табела 15. Ако отстапувањата се поголеми од дозволените граници, испитувањата се повторуваат. 5.10. Соопштување на резултатите При соопштување на резултатите за ртноста на се мето во сертификатот се наведува : процент на нормални ртулци, ненормални ртулци, тврдо семе, свежо семе и мртво семе, со цел број. Во случај да нема застапено семе во наведените категории во сертификатот се става “0” (нула); користена подлога; резултати од повторното испитување (ако е извр шено); користен метод за испитување; кај повеќе семенските единици се наведува про центот на едно ‘ртулно семе добиени од 100 семки или посебно процент на еден, два или три ‘ртулци од една сем. единица. Услови за испитување на ‘ртноста на семето кај земјоделските растенија Објаснување на ознаките за читање на табела 2: 2.Подлоги за ‘ртење ИФ – меѓуфилтер НФ – на филтер ПФ – плесиран филтер НП – на песок П – песок К – компост 3.Температура Еден број означува константна температура пр. 20 оС, 15 оС Два броја разделени со цртич ка означуваат наизменична температура пр. 20 -30 оС, ни ска Т 8 часа,висока Т 16 часа 6. Светлина С – испитување на светлина Т – испитување во темнина 6.Прекинување на мирување то на семето ПЛ – претходно ладење пр. 5 10оС ПС – претходно сушење пр. 30-35оС KNO3 – 0,2% раствор на ка лиум нитрат GA3 – раствор на гиберилин ска киселина H2SO4- пред испитување се потопува во концентрирана сулфурна киселина HNO3 – пред испитување на ‘ртноста семето се потопува во азотна киселина ТТ – тетразолиум тест 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 27 * 12. Да се отстрани обвивката *16,17. Претходно измивање (2 часа на мултигерм но и 4 часа на моногермно), повторно сушење на 25оС. * 77. Семето претходно се потопува во вода или нитратна кис., 24 часа. * 107. Да се отстрани пулпата (срж), претходно плакнење. * 110,111,112, Затворање во полиетиленско пакување. *125. Ладниот тест се употребува по потреба, во случај на незадоволителни резултати (подлога почва или филтер; 7 дена на 100 С; уште 6 дена на 250 С). 6. БИОХЕМИСКО ИСПИТУВАЊЕ НА ВИТАЛНОСТА НА СЕМЕТО (ТОПОГРАФСКИ ТЕТРАЗОЛ ТЕСТ) 6.1. Цел и поим на биохемиското испитување на семето 6.1.1 Целта на ова испитување е да се одреди живо тоспособноста на семето и тоа: 1. кога е потребно за кратко време да се одреди дали семето е животоспо собно (потенцијално ‘ртно) или не е, односно ако семе то се наоѓа во период на мирување, 2. Свежо семе оста нало при испитување на ‘ртноста и 3. кога за испитува ње на ‘ртноста на семето е потребен долг временски период. 6.2. Под поимот биохемиско испитување на витал носта на семето, се подразбира третирање на семето со одредени реагенси за да се установи дали семето е жи вотоспособно за ‘ртење или не е. 6.2.1. Примена Биохемиското испитување на ви талноста (животоспособноста) на семето се применува и се користи само за брзо одредување на виталноста на семето и тоа: кога сеидбата треба да се изврши веднаш по жетвата; кога семето се наоѓа во период на мирува ње (дормантност); кога се бара брзо одредување на по тенцијалната ‘ртност на семето; кога се бара ‘ртноста на семе оштетено при жетвата; кога не се знае причи ната за појава на поголем процент на ненормални ртул ци; кога се сомневаме за негативното влијание на пе стицидите врз ртноста на семето итн. Виталните (живите) делови на семето, при третира њето со реагенси треба да бидат обоени, а оштетените делови од семето необоени. 6.3. Општо правило 6.3.1. Во топографскиот тетразол тест се употре бува безбоен раствор на 2.3.5 трифенил-тетразол-хло рид или бромид како индикатор на редукционите про цеси што се одвиваат во живите ќелии со помош на хидрогеназа. Притоа се создава трифенилформазан, кој живите ќелии ги обојува во црвено, а мртвите остануваат необоени. Покрај целосно обоеното и це лосно необоеното неживо семе се наоѓа и делумно обоено семе. По разликите на деловите на некротич ното ткиво, по местото и по големината во ембрионот или на ендоспермалното гаметофитно ткиво и по ин тензивноста на бојадисувањето, се утврдува кое семе се оценува како живо, а кое како неживо. Разликите во бојата се пресудни за утврдување на здраво, осла бено или мртво ткиво. 6.4. Реагенси 6.4.1. Реагенси. За бојадисување на семето се упо теребува 0,1% - 1,0% воден раствор на 2,3,5 трифенил тетразол –хлорид или бромид. За различни видови се миња концентрацијата варира. Ако прав-растворите во дестилирана вода не се во границите на рН вредности 6,5-7,5 растворот треба да се подготви според следната постапка: А растворот: го сочинуваат 9,078 грама KH2PO4 во1000 милилитри вода. В растворот: го сочинуваат 9,472 грама Na2 HPO4 во 1000 милилитри вода или 11,876 грама Na2 HPO4h2H2O во 1000 милилитри вода. Се мешаат 2 дела од растворот А со три дела од растворот В при што pH треба да изнесува помеѓу 6,5 7,5. Во таа смеса се раствора потребната количина те тразолови соли (хлорид или бромид) за да се добие саканата концентрација (на пр. 1 грам соли во 100 ми лилитри вода мешовит раствор го дава процентот на растворот). 6.4.2 Апаратура. Скалпел, ланцелот, игла, стаклени садови, филтер хартија, дестилирана вода и др. 6.5. Постапка при испитувањето 6.5.1. Работна мостра за бихемиско испитување. Работната мостра претставува 4х100 зрна семе земени по случаен избор од основнта група “чисто семе” или поединечни семиња што се оценети дека на крајот од испитувањето на ‘ртноста се дормантни. Начинот на броење на семето е исто како што е наведено во точка 5 (апаратура за броење). Стр. 28 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 6.5.2 Подготвување на семето пред боење. Претходно влажнење на семето. Претходното влажнење на семето во вода пред бојадисување се препорачува за сите видови семиња. Навлажнетото семе е помалку кршливо од сувото семе и полесно се засекува или прободува и бојадисувањето е порам номерно. Ако семенската обвивка не дозволува бабрење на семето, семето треба да се прободе. Претходното влажнење на семето се изведува на температура од 20°С, а времето на влажнење е различ но во зависност од видот на семето, табела 3 (постапки за тетразолиум тест). Бавно влажнење на семето. Бавното влажнење на семето се врши на тој начин што се поставува сувото семе на влажна хартија на ист начин како што се поста вува при испитувањето на ‘ртноста, наведено во точка 5 (методи за испитување на ‘ртноста). Бавното влажне ње на семето се изведува кај оние семиња кои при бр зото влажнење напукнуваат. Семето кај некои видови при бавно влажнење не набабрува, па затоа треба да се потопи во вода. Потопување во вода. Семето се потопува во вода и ако потопувањето трае повеќе од 24 часа водата треба да се замени. Ако треба да се одреди % на тврдо семе кај фамилијата Fabaceae поради издавање сер тификат, тоа се потопува во вода во текот на 24 часа и на температура од 20°С, бидејќи другите постапки не даваат вистински (добри) резултати. Подготвување на ткивото пред боење. Подго твувањето на ткивата на семето при бојадисувањето треба да биде прецизно за да не се оштетат животноз начајните делови. За отворањето или отстранувањето на семенската обвивка се применуваат различни тех ники. Така подготвеното семе треба да биде натопено до крајот на подготовките кај сите повторувања. За време на претходното натопување, семето кај некои видови растенија станува лигаво. Оваа лига се отстра нува со површинско сушење или семето се брише со платнени или хартиени крпи или се натопува во 1-2% раствор на алуминиум-калиум – сулфатAlK (SO4)2 x 12 H2O, за време од 5 минути. Прободување на семето. Претходно навлажнетото семе или тврдото семе се прободува со игла или скал пел на неесенцијалниот (небитниот) дел од семето. Должински пресек (преполовување) на семето а) Семето од житните растенија и тревите чија голе мина е како кај Festuca sp., се режат по должината, на средината на ембрионалната оска или приближно на ¾ од должината на ендоспермот; б) Дикотиледоните без ендосперм и со рамен ембрион се пресекуваат на должно низ средината меѓу котиледоните, така што ембрионот останува незасечен; в) На видовите чиј ем брион е покриен со ендосперм или со гаметофитно ткиво треба внимателно по должината да им се одсече ембрионот. Попречен пресек. Попречниот пресек на семето се прави на неесенцијалниот (небитниот) дел од семе то со скалпел, жилет, ножици и др: а) кај семето тре ви, се прави попречен пресек непосредно над ембрио нот и ембрионалниот крај се потопува во раствор од тетразолиум. б) кај дикотиледонското семе со прав ембрион и без ендосперм се сече и се отфрлува од 1/3 до 2/5 од дисталниот крај на котиледоните; в) кај шумското семе од двата краеви се пресекува помал дел од семето за да се отвори ембрионалната празни на без да се оштети ембрионот. Отсекување на ембрионот. Отсекувањето на ем брионот се применува кај јачменот, р’жта и пченица та. Со ланцелот се издлабуваат ембрионите и скутелу мот од ендоспермот и се ставаат во тетразолиум рас твор. Отстранување на семенската обвивка. Отстра нување на семенската обвивка се применува ако претходните постапки не одговараат. Ако коската на семето е тврда (ореви, бадеми и др.) треба внимател но да се отвори или раздроби кога семето е суво или по натопувањето за да не се повреди ембрионот. Внатрешната поткожичка се отстранува по натопу вањето. 6.5.3 Боење. При бојадисувањето, семето треба да биде целосно покриено со тетразол раствор и да не е изложено на непосредна светлина која предизвикува редукција на тетразоловите соли. Времето на боење може да се продолжи ако семето доволно не се обои во пропишаното време. Кај некои видови се додава мала количина фунгициди или антибиотици за да се спречи пенењето на растворот во темен талог. 6.5.4 Оценување. При оценувањето се оценува жи во и неживо семе. Внимателно треба да се оценат кара ктеристиките определени за групите живо или неживо семе. 6.6. Пресметување на резултатите 6.6.1. Пресметувањето на резултатите се прави така што бројот на живо семе од секое повторување се прес метува со заеднички процент до најблискиот цел број. 6.7. Толеранции Резултатите од биохемиското испитување на витал носта на семето може да бидат сигурни и потврдени са мо ако испитувањата се во дозволените граници на от стапување. Ако се споредуваат две незвисни испитувања од две цели работни мостри изработени од иста просечна мостра, за да бидат резултатите компатибилни се спо редуваат во точка 10, табела 16. Ако, пак, се спореду ваат две независни испитувања од две цели работни мостри изработени од различни просечни мостри, за да бидат резултатите компатибилни се споредуваат во точка 10, табела 17. И во двата случаи на испитување на виталноста на семето, како конечен резултат се зе ма средниот процент од двете испитувања. Ако отстапувањата се поголеми од дозволените граници, испитувањата се повторуваат. 6.8. Соопштување на резултатите 6.8.1 Резултатите од испитувањето се внесуваат во сертификатот во рубриката “Други испитувања” со текст: “Тетразолиум тест - % од семето е витално”. Кај видовите од Fabaceae се внесува и % на тврдо семе утврдено при испитувањето како и процент на витално тврдо семе. Ако се испитуваат само поединечни семки (дор мантно семе) на крајот од тестот за ‘ртноста, резулта тот се вклучува во процентот на ‘ртноста, како што е наведено во точка 5 (соопштување на резултатите). 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 29 Стр. 30 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 31 Стр. 32 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 33 7 . ИСПИТУВАЊЕ НА ВЛАГА НА СЕМЕТО I Одредување на содржината на влага во семето според Методата печка со константна температура 7.1. Цел на испитувањето 7.1.1 Целта на испитувањето е да се одреди процен тот на влага во семето по пропишани методи. 7.2. Поим за влага на семето 7.2.1. Под поимот влага на семето се подразбира ко личината на вода во семето изразена во проценти. 7.3. Општо правило Испитување на влага на семето може да врши ст ручно лице или лице со искуство за одредување на процентот на влагата во семето. При испитување на влагата на семето треба да се внимава да не дојде до оксидација, разложување или губење на други супстанции и од семето. 7.4. Опрема 7.4.1 Мелницата за мелење на семето треба да биде изработена од неапсорбирачки и некорозивен материјал така што за време на мелењето семето или мелениот ма теријал да биде до најголема можна мера заштитено од воздухот на околината, рамномерно да го иситнува се мето и да не предизвикува загревање на сомелениот ма теријал, а кружењето на воздухот во апаратот да биде нормално за да не дојде до губење на влагата. 7.4.2 Печката со константна температура и дода тоците треба да биде електрично загревана, со термо стат, добро изолирана, температурата да биде рамно мерна во целата комора, термометар со прецизност од 0,5оС, за 15 минути повторно да може да се загрее на бараната температура откако, по претходното загрева ње ќе се отвори со цел да се стават садовите во неа. 7.4.3 Садовите (вегегласите) мораат да бидат од некорозивен материјал или од стакло со дебелина од околу 0,5 mm, да имаат поклопки што спречуваат загу ба на влага од иситнетиот материјал, да се тркалезни со рамно дно и да се мазно брусени. Пред употребата, са довите се сушат 1 час на температура од 130оС и се ла дат во десикатор. Иситнетиот материјал се распореду ва така што го има најмногу 0,3 g на 1cm2. 7.4.4 Десикаторот треба да овозможи брзо ладење, да е наполнет со десикантен материјал и внатре да има дебела метална плоча. 7.4.5 Аналитичката вага треба да овозможи брзо мерење со точност од 0,001 g 7.4.6 Ситата треба да имаат отвори од 0,50 mm, 1,00 mm и 4,00 mm. 7.4.7 Прибор за сечење. Од прибор за сечење се кори сти скалпел или ножеви со острица од најмалку 4cm. 7.5. Постапка при испитувањето 7.5.1 Мерки на претпазливост. Мострата за испи тување влага треба да биде затворена во амбалажа што е непропустлива за влага, од која воздухот максимално е отстранет, а постапката на утврдување на влагата тре ба да биде брза, со тоа што мострата да биде максимал но изолирана од надворешната атмосфера (во лабора торијата). За видовите што не се мелат може да изми нат најмногу 2 минути од моментот на земање на семе то до времето кога работната мостра се затвора во са дот за сушење и се мери. 7.5.2. Мерење. Резултатите се изразуваат во gr со три децимали. 7.5.3 Работна мостра. Влагата се испитува во две повторувања од мострата за влага, која се формира ка ко што е наведено во точка 2 (формирање на работната мостра за влага) во количина што одговара на големи ната на пречникот на садовите. За помали од 8 cm, 4-5 грама, за поголеми од 8 cm 10 грама, при што мострата се промешува: а) со лажица или б) со претурање на се мето од еден во друг сад со исти отвори. Стр. 34 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 7.5.4 Мелење на семето. Крупното семе треба да биде сомелено, табела 4 односно иситнето пред суше њето освен ако содржи масла, (што го отежнува исит нувањето) и со оксидацијата ја зголемува тежината. Семето од жита и памук се иситнува во честички од кои најмалку 50% поминуваат низ сито со отвори од 0,50 mm, а на ситото со отвори од 1,00 mm да остане најмногу 10%. Иситнетите честички на Fabaceae се по крупни, така што низ мрежата со отвори од 4,00 mm остануваат најмалку 50%. Кога мелницата за мелење се регулира на саканата големина на честички, најпрвин се иситнува мала пробна количина на мострата што се отфрла, а потоа се иситнува масата на мострата поголе ма од масата потребна за испитување на влагата. 7.5.5 Сечење на семето. Од мострата за испитува ње на влага на семето се зема материјал, семето се сече на покрупни парчиња и се става во сад за мерење. По тоа материјалот со лажица се меша формирајќи две ра ботни мостри со тежина приближна на потребната про ба за сушење на семето. Семето од дрвенестите видови со дијаметар од 15 mm или повеќе, се сече на најмалку 4-5 парчиња. Изложувањето на семето на надворешна атмосфера во лабораторија не смее да биде повеќе од 1 минута. 7.5.6 Претходно сушење. Задолжително претходно сушење на семето се врши ако мелењето на семето е неопходно и ако содржината на влагата е поголема од 17% (за сите видови или 10% за Glycine max или пого лема од 13% за Oryza sativa), со две повторувања од по 25 ± 1gr се ставаат во измерени садови и се сушат на температура од 130оС од 5-10 минути. Ако влажноста на семето Zea mays е над 25%, се распростира во слој со дебелина од 20 mm и се суши на температура од 70оС од 2-5 часа, зависно од почетната количина на влагата. Другите видови семе со влага поголема од 30%, се сушат ноќе во топла просторија ( на пример на печка). И во други случаи семето претходно се суши во печка на константна температура од 130оС од 5-10 ми нути. Досушеното семе се остава во лабораториски ус лови 2 часа. По претходното сушење мострите во садо вите повторно се мерат со цел, количински да се утвр ди загубата на влагата, а потоа обете се повторуваат, се мелат и се испитуваат според методите за сушење на ниска и на висока константна температура. 7.5.7. Пропишани методи (ниска и висока темпе ратура). 7.5.8. Сушење на ниска константна температура. Работната мостра се распоредува во сад за сушење кој се мери со поклопката пред и по полнењето. Садовите со отворени полопки потоа брзо се ставаат во печката за сушење на температура 100-103оС (со варирање од 2oС) за време од 17 часа (со варирање од 1 час). Суше њето почнува кога температурата во печката е повтор но на бараната висина. По изминувањето на пропиша ното време, садовите се покриваат и се пренесуваат во десикатор, во кој се ладат од 30-45 минути и се мерат со поклопките, во услови на релативна влага на возду хот до 70%. Видови кои се сушат на ниска константна темпера тура, табела 5. 7.5.9. Сушење на висока константна температура. Со работната мостра се постапува како и кога се при менува претходниот метод, со тоа што температурата на сушење изнесува од 130-133оС за време од 4 часа за пченка, 2 часа за други жита и 1 час за други видови култури. Релативната влага на воздухот не игра битна улога. Видови кои се сушат на висока константна темпе ратура, табела 6. 7.6. Пресметување на резултатите 7.6.1. Содржината на влагата се пресметува како аритметичка средина на две повторувања во процент со една децимала, по следната формула: 100 Влага = (М2-М3) x каде што: М2-М1 М1- маса на садот и на поклопката во грамови М2- масата на садот, поклопката и содржината пред сушење М3- масата на садот, поклопката и содржината по сушење Ако семето било претходно сушено, се земаат двата резултата (од претходното сушењето и од сушењто). Ако е S1 губење на влагата во првата фаза и S2 губење на влагата во втората фаза, двете се пресметуваат по горната формула и се изразуваат во проценти. Процентот на фактичката влага се пресметува по формулата: S1 = губење на влагата во првата фаза S2 = губење на влагата во втората фаза 7.7. Толеранции. Ако разликата помеѓу двата резултата добиени од двете работни мостри од иста просечна мостра, изнесу ва повеќе од 0,2%, испитувањата се повторуваат. 7.8. Соопштување на резултатите Резултатите од испитувањето се внесуваат во сер тификатот во рубриката за “влага”, во цел број со едно децимално место. ТАБЕЛА 4 ВИДОВИ КАЈ КОИ МОСТРАТА ЗА ВЛАГА СЕ МЕЛЕ ТАБЕЛА 5 ВИДОВИ КАЈ КОИ СУШЕЊЕТО СЕ ВРШИ НА НИСКА КОНСТАНТНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 103оС ТАБЕЛА 6 ВИДОВИ КАЈ КОИ СУШЕЊЕТО СЕ ВРШИ НА ВИСОКА КОНСТАНТНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 130оС 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 35 II Одредување на количеството на влага со апарат за електронско мерење Влагата на семето може да се одредува и со еле ктронски апарат за мерење на количината на влагата во семето. Принципот на работа на електронскиот апарат за мерење на влагата на семето е даден во каталогот кој е составен дел на апаратот. 8. ИСПИТУВАЊЕ НА МАСА ОД 1000 ЗРНА СЕМЕ 8.1. Цел на испитувањето. Целта на испитувањето е да се одреди масата на 1000 семки земени од просечната мостра. 8.2. Поим за маса на 1000 зрна семе. Под маса на 1000 зрна семе се подразбираат илјада воздушно суви зрна изразени во грамови. Маса од 1000 зрна се испитува само кај оние видови кај кои треба да се одреди норма на сеидба по единица површина. 8.3. Општо правило. 8.3.1 Од измерената количина “чисто семе” се брои семето и се пресметува масата на 1000 семки, изразена во грамови. 8.4. Опрема. Електрична вага со точност од две децимали, апа рат за броење семе или мануелно броење со пинцета. 8.5. Постапка при испитувањето. 8.5.1. Работна мостра. За испитување на апсолут ната маса на семето се зема цела работна мостра од фракција “чисто семе” добиена од испитувањето на чи стотата на семето, како што е наведено во точка 3 (чи сто семе). При испитување на апсолутната маса на се мето треба да се избегнува честата промена на содржи ната на влага во семето од работната мостра. Затоа, се мето до испитувањето на апсолутната маса треба да се чува во водонепропустливи и водоотпорни кутии за влага. 8.5.2. Цела работна мостра. Од целата работна мо стра со помош на апарат за броење, се бројат 1000 зрна од работната мостра за чистота на семето од “чистото семе”, се мери во грамови со ист број децимални места како при анализа на чистотата на семето. 8.5.3. Работна мостра со број на повторувања. Од работната мостра за чистота на семето од “чистото се ме” се бројат по 100 семки во 8 повторувања (n), се до бива збирот на сите повторувања (Σ) , збирот на повто рувањата се дели со 8 и се добива просечна маса на 100 семки од сите повторувања ( x¯) Потоа се пресметува варијансата, стандардната девијација и варијациониот коефициент. Дозволени толеранции има ако варијациониот кое фициент не преминува 6,0 за плевести треви или 4,0 за друго семе. Ако отстапувањата се поголеми од дозво лените граници, испитувањата се повторуваат. Се зе маат уште други 8 групи и се смета стандардната деви јација на 16 повторувања. Ако некое повторување (гру па) варира повеќе од двапати, тоа се отстранува при пресметувањето. 8.6. Видови кај кои се испитува апсолутна маса Апсолутна маса на семето се испитува кај следните видови: пченка, пченица, рж, јачмен, овес, ориз, сирак, елда, репа, кикиритки, сончоглед, памук, коноп, грао рица, соја, грашок, грав, лубеница, диња, краставица, боранија, тиква, бакла и бамја. 8.7. Пресметување на резултатите 8.7.1. Ако броењето е извршено со апарат за броење на семето, од целата работна мостра, се пресметува ма сата на 1000 зрна семе во gr. Ако броењето е извршено на 100 семки во 8 повторувања, тогаш се пресметува просечната маса на 1000 зрна семе во gr со повеќе де цимални места во зависност од тежината на апсолутна та маса: маса помала од 1gr со 4 децимали, 1-10 gr со 3 децимали, 10-100 gr со 2 децимали, 100-1000 gr со 1 де цимала и над 1000 gr со цел број без децимали. 8.8. Соопштување на резултатите 8.8.1. Резултатите од испитувањето се внесуваат во сертификатот во рубриката за “апсолутна маса” или во рубриката “други испитувања”. 9. ИСПИТУВАЊЕ НА СЕМЕТО СО ОБВИВКА 9.1. Цел на испитување Целта на испитувањето на семето со обвивка (или обложено семе) е да се одредат неговите семенски ква литети бидејќи семето е обвиткано со различни додато ци и тоа не се гледа. За оваа намена се употребуваат специјални методи на испитување. Третираното семе со пестициди се испитува исто како и нетретираното семе, додека пилираното семе, инкрустрираното семе, гранулираното семе и ленточното семе се испитуваат по наведените методи во ова потпоглавје со примена (комбинирано) на дел од методите од претходно наве дените подпоглавја. 9.2. Поим за семе со обвивка Под поимот семе со обвивка, се подразбира обло жено семе со соодветен додаток (адитив), обоено со различна боја во која може да се содржи соодветен пе стицид. Пилетирано семе. Пилетирано семе е поединечно, еднортно и сферично семе прилагодено за прецизна се идба. Семето може да биде обложено со соодветни до датоци и со пестициди со соодветна боја. Инкрустрирано семе. Инкрустрирано семе е она кое ја задржува формата, но е со намалена тежина и го лемина. Материјалот за инкрустрација може да содржи пестициди, фунгициди со различна боја или други до датоци (адитиви). Гранулирано семе. Гранулирано семе е едно или повеќе цилиндрични семиња обвиткани со различни додатоци (адитиви), кои содржат пестициди и се раз лично обоени. Ленточно семе. Ленточното семе е семе поставено во тесни ленти распоредено по групи или во еден ред. Третирано семе. Третирано семе е семе кое е за прашено само со пестициди без да се менува големина та, формата или масата на семето. 9.3. Земање мостри 9.3.1 Големина на партија. Големината на партија семе за семе со обвивка е иста како и за семе без обвивка наведено во точка 2, (големина на партија семе) со толе ранција од 5%. Максимален број семки во партија семе со пилирано, инкрустрирано, гранулирано или ленточно семе може максимум да содржи 1.000.000.000 семки (или 10.000 единици од по 100.000 семки), односно ма ксималната маса на партија семе не смее да изнесува над Стр. 36 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 42.000 кгр (40.000кгр + 5%). Кога големината на парти јата семе се изразува во семенски единици, тогаш се на ведува во серификатот, како големина на партија изразе на во семенски единици. 9.3.2. Начин на земање мостри. Начинот на зема ње мостри од пилетирано семе е ист како што е наве ден во точка 2, а од ленточно семе се зема на тој начин што по случаен избор од 2.000.000 семки (20 семенски единици по 100.000 семки) се зема поединечна мостра. 9.3.3. Големина на просечната мостра. Големина та на просечната мостра, која е создадена од поединеч ните мостри, е дадена во табела 7, колона 2 каде што е наведен минимален број пилети. Ако се користи помал примерок за испитување, тоа се наведува во сертифи катот со зборовите: “Просечната мостра содржи само пилети (семки).” 9.3.4. Формирање на просечна мостра. Просеч ната мостра се формира од поединечните мостри при што треба да се внимава да не дојде до оштетувања, до промени на пилетите или до оштетување на семе то во ленти. Пакувањето на мострите се врши соод ветно без да се оштетат пилетите за време на транс портирањето. 9.3.5. Големина на работната мостра. Големината на работната мостра е дадена во табела 7, колона 3. Го лемината на работната мостра за пилетирано семе не смее да изнесува помалку од 2500 пилети, а за семе во ленти да не е помалку од 100 семки. Ако се користи помала мостра за испитување тоа се наведува во сер тификатот. 9.3.6. Формирање на работната мостра. Формира њето на работната мостра за пилетирано семе се врши со делител на семе кој се нивелира на соодветна подло га при што висината на паѓањето на семето не смее да биде над 250 mm. Кај семето од ленти, работната мо стра се формира на тој начин што по метод на случај ност се зема дел од семето од ленти и се формира ра ботната мостра. 9.4. Испитување на чистота 9.4.1. Цел на испитување. Целта на испитување на чистотата на семето со обвивка е да се утврди процен тот на чисто пилирано семе и семе од лента во партија та семе. Испитување на чистотата на семе со обвивка не е задолжително, освен ако тоа не го бара купувачот. Ако се врши испитување на чистота на семето тогаш тоа се врши спрема наведените методи за испитување на чистота на семето во точка 3 (чисто семе). 9.4.2. Чисто пилетирано семе. Чистото пилетирано семе треба да содржи добро оформени цели пилети, де лумно напукнати или малку оштетени пилети кај кои повеќе од половината на површината на семето е по криена со материјал за пилетирање. 9.4.3. Непилетирано семе. Непилетирано семе е се ме од кој било друг вид, семе кое содржи скршени пи лети и непокриено семе со додатоци (адитиви). 9.4.4. Инертни материи. Во чистотата на семето со обвивка инертни материи се: отпаднат материјал од пи летирањето, скршени пилети без семе и сите други инертни материи наведени во точка 3 (инертни мате рии). 9.4.5. Општа постапка. Работната мостра за испи тување на чистотата на семе со обвивка се разделува на 3 компоненти: чисти пилети, непилетирано семе и инертни материи при што за секоја компонента оддел но се наведува % на масата на компонентите, со иден тификување на содржината на компонентите. 9.4.6. Проверување на видот односно сортата. Со цел да се провери видот односно сортата на пиле тираното семе дали одговара на тоа што е наведено во сертификатот, се земаат 100 пилетирани семки од чи стото пилетирано семе и се отстранува материјалот со кој е пилетирано семето. На пилетираното семе се от странува додатокот со помош на вода, а потоа семето веднаш се суши. За ленточното семе постапката е слична. Се земаат 100 семки, а потоа се отстрануваат обвивките за да се испита декларираниот вид односно сорта. 9.4.7. Испитувањето на чистотата на депилира но семе (обвивката отстранета со вода) се врши на тој начин што се зема работна мостра најмалку од 2500 пилети, се потопуваат во вода врз сито и се протресу ваат. Ситото треба да биде со димензии на отворите од 0,5-1,0 mm. Потоа измиеното семе преку ноќ се суши на филтер хартија, а потоа во печка, по методот пропи шан за испитување на влага на семето. По извршеното сушење, испитувањето на чистота на семето се врши како што е наведено во точка 3 (испитување на чистота на семето). Испитување на чистотата на ленточното семе, се прави на тој начин што се зема дел од ленточното семе, се отстранува обвивката со вода и навлаженото семе се суши. По извршеното сушење, испитувањето на чисто тата на семето се врши како што е наведено во точка 3 (испитување на чистота на семето). 9.4.8. Пресметување на резултатите. Секоја ком понента од чистотата на семето со обвивка, се мери, се пресметува и се изразува во % со точност од 1 деци мално место. Процентот на компонентата се пресмету ва врз основа на сумата на маса од сите компоненти. Во случај на поголемо отстапување на резултатите на ведени во точка 10, (толеранции за чистота на семето) постапката за испитување на чистотата на семе со об вивка се повторува. 9.4.9. Соопштување на резултатите. Резултатите од испитувањето на чистотата на семе со обвивка се изразуваат во цел број со 1 децимално место каде што сумата на процентите од сите компоненти мора да из несува 100 %. Компонентите помали од 0,05% се запи шуваат како “Во трагови”. Процентот на чистите пилети, на непилетираното семе и на инертните материи се внесуваат во сертифи катот во рубриката за чистота на семето (како и за не пилетирано семе). 9.5. Одредување на бројот на други видови семе 9.5.1. Одредување на бројот на други видови семе во пилетираното семе се врши само на барање на сопс твеникот на семето. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 37 9.5.2. Одредување на бројот на други видови семе. Одредувањето на бројот на други видови семе се врши на тој начин што се одредува број на најдени други ви дови семе во мострата на пилетирано семе по kg или најдени други видови семе по m2 кај ленточното семе на ист начин, како и при испитување на чистота на се мето за присуство на други видови, наведено во точка 4 (друго семе). 9.5.3. Работна мостра за одредување на бројот на други видови семе. Работната мостра за одредување на бројот на други видови семе се дели на две подработни мостри, но мострата не смее да биде помала како што е наведено во табела 7, I дел и II дел. 9.5.4. Пресметување на резултатите. Резултатите се пресметуваат по број на семки за секој вид одделно најдени по килограм семе или по m2. Резултатите од двете испитувања треба да бидат приближно со иста маса или површина, а нивните отстапувања се наведе ни во точка 10 (толеранции за број на семки за други видови). 9.5.5. Соопшување на резултатите. Резултатите од испитувањата на бројот на други видови семиња во семе со обвивка, се наведуваат во сертификатот во рубриката “Други испитувања” (број семки по кг. или по m2). 9.6. Испитување на ‘ртноста 9.6.1 Цел на испитување. Целта на испитувањето на ‘ртноста кај семето со обвивка е да се утврди про центот на нормално прортено семе во партија семе. 9.6.2 Оценување на ‘ртулците. Оценувањето на нормално и на ненормално никнатите ‘ртулци се вр ши спрема методите за оценување на ‘ртноста на се мето во точка 5 (оценување на ‘ртулци). Пилетирано то семе се смета за ‘ртливо ако има најмалку еден нормално развиен ‘ртулец во една пилета. Во случај на присуство на ‘ртулци од други видови семе тие ‘ртулци не се пресметуваат во вкупната ‘ртност, но се забележува нивниот процент. Ако се посомнева во од нос на нормално или ненормално развиени ртулци ис питувањето се повторува на подлога земја со добар квалитет. 9.6.3 Општо правило. Испитувањето на ‘ртноста на семето со обвивка се врши на пилетирано семе од фракцијата “чисто пилетирано семе”. Кај ленточното семе, утврдувањето на вкупната ‘ртност, се врши без отстранување на материјалот за обвиткување. 9.6.4 Подлоги за ‘ртење. При испитување на ‘ртноста на семето со обвивка се користат истите подлоги (хартија, песок, земја) кои се наведени во точка 5 (подлоги) со тоа што за пилетирано семе за подлога се препорачува набрана хартија, а за ленточ но семе, помеѓу хартија која се свиткува во два слоја и се поставува вертикално. Хартијата која се кори сти како подлога за испитување на ‘ртноста на семе то со обвивка треба да има маса од 100-120 гр/м2 со апсорпциски капацитет 220-240%. Хартијата може да биде со тежина од 70 гр/м2 , но со ист апсорпци ски капацитет. 9.6.5 Опрема. За испитување на ‘ртноста на семе со обвивка и броење на семето со обвивка се користи истата опрема која е наведени во точка 5 (апаратура). 9.6.6. Присуство на вода и воздух. За време на испитување на ‘ртноста на семето со обвивка, содр жината на вода варира во зависност од обвивката на семето и од видот на семето. Ако обвивката на семето е залепена за котиледоните потребно е да се измие со проточна вода. За време на испитувањето на ‘ртноста на семето со обвивка, до пробите за испитување е по требен пристап на воздух, односно пробите се прове труваат. 9.6.7 Работна мостра. Работната мостра за испиту вање на ‘ртност на пилетирано семе е 4 по 100 обложе ни семки. Ленточното семе се поставува на ‘ртење така што се откинуваат мали делови од лентата по случаен избор и тоа 4 по 100 семки. 9.6.8 Услови за испитување на ‘ртноста. Услови те за испитување на ‘ртност на обвиткано семе се исти како и за необвиткано семе наведени во точка 5 (усло ви за испитување). Забавувањето на ‘ртноста може да биде од последица на несоодветни услови за ‘ртење или поради цврстината на обвивката на семето. Тогаш условите за ‘ртење се проверуваат, а обвивката се от странува со испирање. 9.6.9 Времетраење на испитување на ‘ртноста. Времетраењето на испитувањето на ‘ртноста на семето со обвивка е исто како и кај семето без обвивка, наве дено во точка 5 (времетраење на испитување). 9.6.10 Повеќе семени единици. Оценувањето на повеќесемените единици во обвиткано семе е исто ка ко и кај семето без обвивка, наведено во точка 5 (по веќе семенски единици). Процентот за нормална ‘ртност се зема, ако има барем еден нормално развиен ‘ртулец од семенската единица. Пилетираното семе или ленточно семе ако има два или повеќе нормално развиени ‘ртулци се запишува во процентот на вкуп ната ‘ртност. 9.6.11. Пресметување на резултатите. Резултати те од испитувањата се изразуваат во %. За ленточно семе, се мери вкупната должина на лентата која се ко ристи при испитување на ‘ртноста и се забележува вкупниот број на нормално развиени ‘ртулци по ме тар должински или по м2. Ако резултатите од испиту вањата ги надминуваат дозволените граници на отста пување наведени во точка 10, испитувањата се по вторуваат. 9.6.12. Соопштување на резултатите. Резултатите од испитувањето на вкупната ‘ртност на семе со обвивка се внесуваат во сертификатот во рубриката за ‘ртност на семето и тоа: процент на нормално развиени ‘ртулци, процент на ненормално развиени ‘ртулци и процент на неникнати семки. Во сертификатот, исто така, се наведу ва методиката за испитување на ‘ртноста и на должината на времето на испитување (во денови). 9.7. Одредување на маса од 1000 зрна и големина на пилетите 9.7.1. Цел на испитување. Целта на испитување на маса од 1000 зрна семе со обвивка е да се одреди маса та на семето за техничките потреби на механизацијата за изведување на прецизна сеидба во редови и класира ње на пилетите по големина. 9.7.2. Постапка при испитувањето. Се брои соод ветен број пилетирано семе по групи и се пресметува масата на 1000 зрна семе како што е наведено во точка 8 (постапка при испитување). 9.7.3. Опрема. За одредување на апсолутната маса 1000 зрна се користи истата опрема за броење семе ко ја се користи при испитување на ‘ртноста на семето. 9.7.4. Соопшување на резултатите. Резултатите од испитувањето на маса од 1000 зрна пилетирано семе се изразуваат во бројки и во грамови и се внесуваат во сертификатот под “резултатите на испитување” каде се што внесува: “Пилетирано семе, инкрустрирано семе, гранули, ленточно семе или простирки. Стр. 38 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007 9.7.5. Големина на пилетите (само за семе од Beta и за пилирано семе) За одредување на големината на пилетите во лабо раторија, се зема мостра од 250 gr, херметички затворе на. Потоа се формираат две работни мостри од по 50 gr (не помалку од 45 gr, не повеќе од 55 gr). За просејува ње на пилетите се користат сита со округли отвори 0,25 mm помали од најмалите димензии на семето, потоа комплет сита поделени на 1/4 милиметарски фракции и сита со отвори над 0,25 mm поголеми од најголемите назначени димензии на семето.По фракционирањето големината на пилетите не треба да отстапува повеќе од 1,5% под и над отворите на ситата. Ако отстапува њата се поголеми од дозволените толеранции, испиту вањето се повторува по третпат со мостра од 50gr. Во сертификатот се наведува средниот процент од двете испитувања, ако се во граници на дозволените отстапувања. 10. ТОЛЕРАНЦИИ (ДОЗВОЛЕНИ ОТСТАПУВАЊА) Табела 8 Дозволени отстапувања за испитување на чистотата на семето на две половини од една ра ботна мостра или две цели работни мостри добиени од иста просечна мостра. Во колона 1 и 2 се дадени просечни резултати од двете испитувања. Во колона 3-6 се дадени максимално дозволените отстапувања во зависност од тоа дали е испитувана цела или половина мостра, дали семето е плевичесто или е неплевичесто. Табела 9 Дозволени отстапувања за испитување на чистотата на семето на две цели работни мостри добиени од две различни просечни мостри за 2,5 % Во колона 1 и 2 се дадени просечни резултати од две испитувања. Во колона 3 и 4 се дадени максимално дозволените отстапувања во зависност од тоа дали се мето е плевичасто или е неплевичасто. Табела 10 Дозволени отстапувања за испитување на чистотата на семето на две цели работни мостри добиени од две различни просечни мостри за 5 %. Во колона 1 и 2 се дадени просечни резултати од две испитувања. Во колона 3 и 4 се дадени максимално дозволените отстапувања во зависност од тоа дали се мето е плевичасто или е неплевичасто. 18 мај 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 61 - Стр. 39 Табела 11 Дозволени отстапувања на присуство на други видови семе и семе плевел од две работни мостри добиени од иста просечна мостра. Во колона 1 е даден просекот на две испитувања, а во колона 2 е дадена најголемата можна граница на от стапување. Табела 12 Дозволени отстапувања за испитува ње на присуство на други видови семе и семе плевел од две работни мостри добиени од различни просеч ни мостри. Во колона 1 е даден просекот од две испитувања, а во колона 2 е дадена најголемата можна граница на от стапување. Табела 13 Дозволени отстапувања за испитува ње на ‘ртност на семето помеѓу 4 повторувања Во колона 1 и 2 е даден просекот на процентите на ‘ртност, а во колона 3 е дадена најголемата можна гра ница на отстапување. Табела 14 Дозволени отстапувања за испитува ње на ‘ртност на семето од две цели работни мостри односно две испитувања добиени од иста просечна мостра. Во колона 1 и 2 е даден просекот на процентите на ‘ртност, а во колона 3 е дадена најголемата можна гра ница на отстапување. Табела 15 Дозволени отстапувања за испиту вање на ‘ртноста на сертифицирано семе од две цели работни мостри добиени од две различни просечни мостри односно две различни овластени лаборатории Во колона 1 и 2 е даден просекот на процентите на ‘ртност, а во колона 3 е дадена најголемата можна гра ница на отстапување. Табела 16 Дозволени отстапувања за биохеми ско (ТТ- тест) одредување на виталноста (животос пособноста) на ‘ртулецот од две цели работни мо стри изработени од иста просечна мостра. Во колона 1 и 2 е даден просекот на две испитува ња, а во колона 3 е дадена најголемата можна граница на отстапување. Табела 17 Дозволени отстапувања за биохеми ско (ТТ- тест) одредување на виталноста (живо тоспособноста) на ‘ртулецот од две цели работни мостри изработени од две различни просечни мо стри. Во колона 1 и 2 е даден просекот од две испитува ња, а во колона 3 е дадена најголема можна граница на отстапување. Стр. 40 - Бр. 61 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 18 мај 2007

Regulation on the manner of work, spatial and technical equipment of authorized laboratories and methods for testing the quality of agricultural plant seed material · Nelum