跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner of submitting the request and the form and content of the application form for amendment and addition of the report or specification

颁布于 2012-07-23 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на поднесување на барањето и формата и содржината на образецот на барањето за измена и дополнување на елаборатот односно спецификацијата.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
certification, legal proceedings/administrative proceedings, data collection/reporting

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 100 од 6.8.2012 година 20121002630 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 152 став (8) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10, 53/11 и 55/12), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЕЛАБОРАТОТ ОДНОСНО СПЕЦИФИКАЦИЈАТА (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на поднесување на барањето и формата и содржината на образецот на барањето за измена и дополнување на елаборатот односно спецификацијата. Член 2 (1) Барањето за измена и дополнување на елаборатот се поднесува во писмена и електронска форма на образец со А4 формат во бела боја, кој е даден во Прилог 1 и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став (1) на овој член содржи: а) Регистарски број на ознаката; б) Вид на ознаката; в) Назив на земјоделскиот или прехранбениот производ; г) Категорија на производот; д) Податоци за групата која го поднесува барањето: назив; адреса: број на телефон, факс, e-mail; правен статус; број на членови; број на решението за регистрација на групата, како и датум и место на негово издавање; единствен матичен број (ЕМБГ или ЕМБС) и име и презиме, адреса и број на телефон на одговорното лице на групата која го поднесува барањето. ѓ) Податоци за членовите на групата: реден број; назив на правното или физичкото лице; адреса или седиште; дејност и единствен матичен број (ЕМБГ или ЕМБС); ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр.1216/2007 од 18 октомври 2007 год. и Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр.1898/2006 од 14 декември 2006 год.со која се утврдуваат правилата за спроведување на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 509/2006 за заштита на земјоделски и прехранбени производи како гарантирани традиционални специјалитети и Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 510/2006 за заштита на геогафски ознаки и ознаки на потекло на земјоделските и прехранбените производи, CELEX бр. 32007R1216 и CELEX бр. 32006R1898 1 од 6 Службен весник на РМ, бр. 100 од 6.8.2012 година е) Наведување на измените или дополнувањата на елаборатот кои се бараат; ж) Вид на измена или дополнување; з) Кратко објаснување за секоја измена или дополнување; ѕ) Останати потребни документи во прилог на барањето и тоа: изјава со која се докажува правниот интерес на групата која ги предлага измените и дополнувањата и надополнет единствен документ . Датум и потпис на поднесителот на барањето. Член 3 (1) Барањето за измена и дополнување на спецификацијата се поднесува во писмена и електронска форма на образец со А4 формат во бела боја, кој е даден во Прилог 2 и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став (1) на овој член содржи: а) Регистарски број на ознаката; б) Назив на земјоделскиот или прехранбениот производ; в) Категорија на производот; г) Податоци за групата која го поднесува барањето: назив; адреса: број на телефон, факс, e-mail; правен статус; број на членови; број на решението за регистрација на групата, како и датум и место на негово издавање; единствен матичен број (ЕМБС или ЕМБГ) и име и презиме, адреса и број на телефон на одговорното лице на групата која го поднесува барањето д) Наведување на измените или дополнувањата на спецификацијата кои се бараат; ѓ) Вид на измена или дополнување; е) Кратко објаснување за секоја измена или дополнување; ж) Останати потребни документи во прилог на барањето: спецификација на производот во која се внесени измените и дополнувањата што се бараат; доказ за спроведени санитарни и фитосанитарни мерки; детален опис на секоја измена или дополнување со наведување на причината и изјава со која се докажува правниот интерес на групата која ги предлага измените и дополнувањата. Датум и потпис на поднесителот на барањето. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11-7742/4 Министер за земјоделство 23 јули 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 2 од 6 Службен весник на РМ, бр. 100 од 6.8.2012 година 3 од 6 Службен весник на РМ, бр. 100 од 6.8.2012 година 4 од 6 Службен весник на РМ, бр. 100 од 6.8.2012 година 5 од 6 Службен весник на РМ, бр. 100 од 6.8.2012 година 6 од 6

Regulation on the manner of submitting the request and the form and content of the application form for amendment and addition of the report or specification · Nelum