跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner of scoring the first and second part of the expert exam for environmental impact assessment of projects and the expert exam for strategic environmental assessment as well as the form and content of the certificate

颁布于 2016-02-25 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот за експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина и испитот експерт за стратегиска оцена на животната средина како и формата и содржината на уверението.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
education, environmental impact assessment (EIA), certification

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 1 од 4 20160421106 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 85-к и 85-р од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА БОДИРАЊЕ НА ПРВИОТ И ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ НА ПРОЕКТИ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ИСПИТОТ ЗА ЕКСПЕРТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА УВЕРЕНИЕТО Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот за експерт за оцена на влијание на проектите врз животната средина и првиот и вториот дел од испитот за експерт за стратегиска оцена на животната средина, како и формата и содржината на уверението. Член 2 (1) Првиот дел од испитот, односно теоретскиот дел се полага писмено по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (2) Бодирањето на тестот се врши на одговорите кои се заокружени како еден од веќе понудените одговори. (3) Тестот од став (1) на овој член се состои од 50 прашања. (4) Секое прашање содржи пет опции за заокружување од кои: една е точна и одговорот на прашањата се бодува со осум бодови; две се слични со точниот одговор и се бодуваат со три бодови; една е неточна во мал обем и се бодува со еден бод и една е неточна во голем обем и се бодува со нула бодови. (5) Максималниот број на бодови изнесува 400 бодови. (6) Кандидатот се смета дека го положил првиот дел од испитот ако освоил миниумум 280 бодови од вкупните 400 бодови. Член 3 (1) Вториот дел од испитот се состои од решавање на практичен пример и одговарање на прашања врз основа на анализата на практичниот пример. (2) Тестот од став (1) на овој член се состои од решавање на два практични примери. (3) Практичниот пример содржи по пет прашања, при што секое од прашањата има десет можни опции на одговор од кои: една е точна и се бодува со десет бодови; пет се слични со точниот одговор и се бодуваат со пет бодови и четири се различни и се бодуваат со нула бодови. (4) Максималниот број на освоени бодови за еден практичен пример изнесува 50 бодови. (5) Кандидатот се смета дека го положил првиот дел од испитот ако освои минимум 70 бодови од вкупните 100. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 2 од 4 Член 4 (1) Уверението за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за стратегиска оцена на животната средина, како и Уверението за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за оценка на влијание на проектите врз животната средина се издава на образец во А4 формат на хартија во бела боја. (2) Уверението за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за стратегиска оцена на животната средина, како и Уверението за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за оценка на влијание на проектите врз животната средина содржи: Грб на Република Македонија; Назив на државата и институцијата која го издава Уверението, односно Република Македонија – Министерство за животна средина и просторно планирање; Деловоднички број и датум на издавање; Уверение и назив на уверението; Презиме, татково име и име на експертот кој ќе се стекне со Уверението; Датум, година и место на раѓање на експертот; Датум на дипломирање на експертот; Назив на институцијата на дипломирање, односно Универзитетот на кој експертот дипломирал; Назив на стручниот испит што го положил; Ден на полагање на стручниот испит; зборовите дека експертот се стекнал со статус на експерт за стратегиска оцена на животната средина или експерт за оценка на влијание на проектите врз животната средина и ги исполнува условите утврдени во член 85 став 2 од Законот за животна средина, а со тоа се стекнува со право да биде вклучен во Листата на експерти за стратегиска оцена на животната средина или Листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина што ја води Министерството за животна средина и просторно планирање; Назив на институцијата која го издава уверението во долниот десен агол, односно Министерство за животна средина и просторно планирање; Место за потпис на министерот за животна средина и просторно планирање и Место за печат. (3) Формата и содржината на Уверението за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за стратегиска оцена на животната средина се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (4) Формата и содржината на Уверението за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за оценка на влијание на проектите врз животната се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 12-518/2 Министер за животна средина 25 февруари 2016 година и просторно планирање, Скопје Нурхан Изаири, с.р. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 3 од 4 Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 4 од 4

Regulation on the manner of scoring the first and second part of the expert exam for environmental impact assessment of projects and the expert exam for strategic environmental assessment as well as the form and content of the certificate · Nelum