Regulation on the manner of performing quality control and measurement of ingredients, costs for sampling and their analysis, manner and methods of sampling for analysis and superanalysis of quality of tobacco products and related products, as well as time, place and manner of storage and destruction of specimens
颁布于 2021-07-30 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на вршење на контрола на квалитет и мерењето на состојките, трошоците за земање на примероци и нивна анализа, начинот и методите на земање примероци за анализа и суперанализа на квалитет на производите од тутун и сродните производи, како и време, место и начин на чување и уништување на примероците.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- inspection, processing/handling, standards, tobacco, public health, agricultural commodities
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РСМ, бр. 185 од 6.8.2021 година 1 од 3 20211853102 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 84 став 3 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 27/20 и 56/21) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ И МЕРЕЊЕТО НА СОСТОЈКИТЕ, ТРОШОЦИТЕ ЗА ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИ И НИВНА АНАЛИЗА, НАЧИНОТ И МЕТОДИТЕ НА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОЦИ ЗА АНАЛИЗА И СУПЕРАНАЛИЗА НА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ТУТУН И СРОДНИТЕ ПРОИЗВОДИ, КАКО И ВРЕМЕ, МЕСТО И НАЧИН НА ЧУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на вршење на контрола на квалитет и мерењето на состојките, трошоците за земање на примероци и нивна анализа, начинот и методите на земање примероци за анализа и суперанализа на квалитет на производите од тутун и сродните производи, како и време, место и начин на чување и уништување на примероците. Член 2 Контролата и земањето на примероци за мерење на состојките во основниот чад во цигарите се врши по барање на домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи-цигари кое се доставува до надлежен државен инспектор за земјоделство, според местото на производство или според местото на истовар. Доколку домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи-цигари нема извршено мерење на состојките во акредитирана лабораторија на марките на цигари, се земаат примероци на марки на цигари од секоја произведена или увезена партија пред пуштање на пратката во промет државниот инспектор за земјоделство во рок од 48 часа од производството односно увозот. При контролата и земањето на примероци за мерење на состојките во цигари од страна на надлежниот државен инспектор за земјоделство, треба да му се обезбеди преглед на следните документи: решение за упис во регистарот на производители, извозници и увозници на производите од тутун и сродните производи што се води во Министерството за економија и доказ за уплатени средства на име трошоци за Државниот инспекторат за земјоделство за извршена контрола на пратката, за амбалажен материјал (хартиена или полиетиленска кеса, коноп, пломба и етикета), за испраќање на пратката по брза пошта, административни трошоци и за чување и одлагање на примероците. Член 3 Контролата и земањето примероци се врши во присуство на овластено/вработено лице од страна на домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи-цигари кое определува лица кои ќе вршат помошни дејствија при земање на примероци за мерење на состојките во цигарите. Овластеното лице од став 1 на овој член се идентификува со полномошно издадено од производителот односно увозникот. Службен весник на РСМ, бр. 185 од 6.8.2021 година 2 од 3 Член 4 Примероците на тутунски производи-цигари за анализа се земаат во рок од три дена од денот на поднесувањето на барањето од член 2 став 1 на овој правилник и се доставуваат до акредитирана лабораторија најдоцна во рок од 24 часа. Член 5 Земањето примероци на тутунски производи-цигари за анализа и суперанализа во акредитирана лабораторија се врши според МКС ISO 8243. За земените примероци на тутунски производи-цигари за анализа во акредитирана лабораторија државниот инспектор за земјоделство составува записник. Врз основа на записникот од став 2 на овој член, државниот инспектор за земјоделство изготвува барање за анализа на квалитет на тутунските производи-цигари кое заедно со примерокот за анализа и записникот се доставува до акредитираната лабораторија. Член 6 Барањето од член 2 став 1 на овој правилник ги содржи следниве податоци: назив на примерокот; доставено количество на примерокот според МКС ISO 8243; параметри кои треба да се анализираат; назив, адреса, број на жиро сметка, даночен број и депонент банка на домашниот производител и/или увозник на тутунски производи - цигари; дата и место на земање на примерокот; назив и адреса на производителот/увозникот; име и количество на тутунскиот производ; сериски броеви на контролните марки (од-до); декларирани количини на катран, никотин и јаглероден моноксид и назив на акредитираната лабораторија во која се испраќа примерокот за анализа. Член 7 Примерокот на тутунскиот производ-цигари за анализа го сочинуваат најмалку три исти по состав и обем единици од кои еден примерок останува кај државниот инспектор за земјоделство, еден примерок се праќа за анализа во акредитирана лабораторија, а еден примерок останува кај домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи цигари. Примероците на тутунските производи-цигари треба да бидат во оригиналната групна паковка (10 единечни паковки од по 20 цигари) ставени во затворена хартиена или полиетиленска кеса со еден примерок од барањето од член 2 став 1 од овој правилник. При земањето на примероци од тутунските производи-цигари, државниот инспектор за земјоделство составува записник во три примероци од кои еден се врачува на домашниот производител и/или извозникот или увозникот на тутунските производи-цигари, еден се приложува со мострата за анализа и еден примерок останува кај државниот инспектор за земјоделство. Врз основа на записникот од став 3 на овој член државниот инспектор за земјоделство изготвува барање за анализа на квалитетот на тутунските производи-цигари. Примерокот за анализа заедно со барањето и записникот го доставува до акредитирана лабораторија најдоцна 24 часа по земањето на примерокот. Трошоците за земање на примероци се на товар на домашниот производител и/или извозникот или увозникот на тутунските производи-цигари и вклучуваат: извршена контрола на пратката, амбалажен материјал (хартиена или полиетиленска кеса, коноп, пломба и етикета), Службен весник на РСМ, бр. 185 од 6.8.2021 година 3 од 3 испраќање на пратката по брза пошта, административни трошоци и чување и одлагање на примероците. Трошоците од став 5 на овој член изнесуваат 800 денари и истите се приход на Државниот инспекторат за земјоделство. Член 8 По добивањето на резултатите од анализата може да се поднесе барање од правното лице или Државниот инспекторат за земјоделство, во рок од 24 часа по нивното примање, за вршење на суперанализа до друга акредитирана лабораторија од областа на тутунот. Член 9 Земените мостри од тутунските производи-цигари кои се предадени до Државниот инспекторат за земјоделство од страна на државниот инспектор за земјоделство, се чуваат во суви и темни простории. Државниот инспекторат за земјоделство ги чува мострите во период од три месеци од денот на земањето, по што ги уништува комисиски или ги доставува на наставно-научна институција од областа на тутунот со потврда како доказ дека се уништени или предадени до надлежната институција. Член 10 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на вршење на контрола на квалитет и безбедност на мерењето на состојките, формата, содржината и начинот на издавање на сертификатот, како и начинот и методите на земање примероци за анализа на квалитет на тутунските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/12). Член 11 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр. 29-3614/3 Министер за земјоделство, 30 јули 2021 година шумарство и водостопанство, Скопје Arjanit Hoxha, с.р.