跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner of monitoring in the field of production, processing, storage, distribution, use and compliance of fertilizers, as well as quality control of fertilizers

颁布于 2013-11-20 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на вршење на мониторинг во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, како и контрола на квалитетот на ѓубрињата.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
fertilizers/nutrients, monitoring, inspection, processing/handling, internal trade, international trade, plant production
类别
*, agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 10 декември 2013 Бр. 171 - Стр. 75 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 4203. Врз основа на член 32-а став (4) од Законот за ѓубри ња (“Службен весник на Република Македонија ” бр. 110/07, 20/09, 17/11, 148/11 и 69/13 ), министерот за зем јоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА МОНИТОРИНГ ВО ОБЛАСТА НА ПРОИЗВОДСТВОТО, ПРЕРАБОТ КАТА, СКЛАДИРАЊЕТО, ДИСТРИБУЦИЈАТА, УПОТРЕБАТА И СООБРАЗНОСТА НА ЃУБРИ ЊАТА, КАКО И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА ЃУБРИЊАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на врше ње на мониторинг во областа на производството, прера ботката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, како и контролата на квали тетот на ѓубрињата. Член 2 (1) Мониторингот во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата, употреба та и сообразноста на ѓубрињата, како и контролата на квалитетот на ѓубрињата се спроведува преку мерење, следење, оцена и контрола на параметри за идентифика ција и докажување на квалитетот ѓубрињата при увоз, извоз, преработка, складирање, дистрибуција, употре ба и сообразност на ѓубрињата , како и при следење во сите фази од процесот на производство, со земање на мострите од ѓубрињата. (2) Податоците од мониторингот од став (1) на овој член се објавуваат на веб страната на Фитосанитарната управа. Член 3 (1) Мониторинг при производство и преработка се спроведува на тој начин што Државниот инспекторат за земјоделство зема мостри по случаен избор од раз лични точки од секоја шаржа која се контролира, а од секоја шаржа што се испитува зема мостра одделно. (2) Поединечните мостри се земаат од повеќе раз лични места каде што е дистрибуирана шаржата на ѓу бриња и повеќе различни места на производство и пре работка и тоа: 1) Од ѓубрето произведено и преработено во цврста состојба во една шаржа , се земаат три мостри од еден кг за просечна проба за анализа по случаен избор; 2) Од ѓубрето произведено и преработено во течна состојба во една шаржа, се земаат три оргинални паку вања по случаен избор од секој тип на ѓубре; 3) Од ѓубрето произведено и преработено во рин фузна цврста состојба од иста шаржа, се земаат три мос три по случаен избор во количина од еден кг и 4) Од ѓубрето во ринфузна течна состојба кое е про изведено и преработено во буриња или канистри од ис та шаржа се земаат три мостри по случаен избор во ко личина од еден литар. Член 4 (1) Мониторинг при увоз се спроведува на тој на чин што инспектор од Државниот инспекторат за земјо делство зема мостри по случаен избор од различни точ ки од секоја пратка која се увезува и тоа: 1) Од ѓубрето увезено во цврста состојба од иста шаржа, се земаат три мостри по еден кг за просечна проба за анализа по случаен избор; 2) Од ѓубрето увезено во течна состојба од иста шаржа се земаат три оргинални пакувања по случаен избор од секој тип на ѓубре од пратката; 3) Од ѓубрето увезено во ринфузна цврста состојба од иста шаржа, се земаат три мостри по случаен избор во количина од еден кг и 4) Од ѓубрето во ринфузна течна состојба кое се уве зува во буриња или канистри се земаат три мостри по случаен избор во количина еден литар. Член 5 (1) Мониторинг при извоз се спроведува на тој на чин што инспекторот од држаниот инспекторат за зем јоделие зема мостри по случаен избор од различни точ ки од секоја пратка која се извезува и тоа: 1) Од ѓубрето што се извезува во цврста состојба од иста шаржа се земаат две мостри по еден кг за просеч на проба за анализа по случаен избор; 2) Од ѓубрето што се извезува во течна состојба од иста шаржа се земаа две оргинални примероци по слу чаен избор од секој тип на ѓубре; 3) Од ѓубрето што се извезува во ринфузна цврста состојба, се земаат две проби по случаен избор во коли чина од еден кг и 4) Од ѓубрето во ринфузна течна состојба што се из везува во буриња или канистри се земаат две мостри по случаен избор во количина по еден литар. Член 6 (1) Контролата на квалитетот на ѓубрињата ја споро ведува Државниот инспекторат за земјоделие преку контрола при увоз, извоз и пласирање на пазарот по случаен избор и тоа: 1) Од ѓубрето кое се пласира во цврста состојба од иста шаржа, се земаат две мостри од еден кг за анализа по случаен избор и 2) Од ѓубрето кое се пласира во течна состојба од иста шаржа , се земаат две мостри од оргинални приме роци по случаен избор од секој тип ѓубре . Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Републи ка Македонија“. Бр.17-200/3 Министер за земјоделство, 20 ноември 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the manner of monitoring in the field of production, processing, storage, distribution, use and compliance of fertilizers, as well as quality control of fertilizers · Nelum