跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner of issuing authorizations to control/certification bodies for the performance of expert control and professional scientific institutions or other legal entities for the performance of analyzes and superanalyses in organic agricultural production, the necessary documentation, the form, the content and the manner of keeping the records

颁布于 2010-11-26 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на издавање на овластувањата на контролни/сертификациски тела за вршење на стручна контрола и стручни научни установи или други правни лица за вршење на анализи и суперанализи во органското земјоделско производство, потребната документација, формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
certification, ecological production/organic production, inspection, authorization/permit, procedural matters, data collection/reporting

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 50, став (3) од Законот за органско земјоделско производство (,,Службен весник на Република Македонија" бр.146/09}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА НА КОНТРОЛНИ/СЕРТИФИКАЦИСКИ ТЕЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНА КОНТРОЛА И СТРУЧНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ ИЛИ ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА АНАЛИЗИ И СУПЕРАНАЛИЗИ ВО ОРГАНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА* * Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр.889/2008 од 5 септември 2008 год. со која се утврдуваат правилата за спроведување на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 834/2007 за органско производство и етикетирање на органските производи во однос на органското производство, етикетирање и контрола, CELEX бр. 32008R0889 и Регулативата (ЕЗ) бр. 834/2007 на Советот од 28 јуни 2007 година за органско производство и етикетирање на органски производи и за укинување на Регулативата (ЕЕЗ) бр. 2092/91, CELEX бр. 32007R0834 Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на издавање на овластувањата на контролни/сертификациски тела за вршење на стручна контрола и стручни научни установи и други правни лица за вршење на анализи и суперанализи во органското земјоделско производство, како и формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата. Член 2 (1) Овластување за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство издава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст: Министерство) врз основа на поднесено барање на заинтересираното контролно/ сертификациско тело. (2) Кон Барањето од став (1) на овој член подносителот ја доставува и следната документација со која го докажува исполнувањето на условите од член 46, став (2) од Законот за органско земјоделско производство: а) копија од сертификат за акредитација издаден од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија со кој се потврдува дека се исполнети општите барањата за сертификација на производи или потврда дека е во процес на стекнување на сертификат за акредитација, издадена од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија; б) тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице не постара од 6 месеци; в) за две вработени лица: уверение за завршено високо образование од областа на земјоделството, шумарството, ветеринарството, биотехнологијата или технолошките науки; пријава/одјава во задолжително социјално осигурување- образец Ml/M2; биографија потпишана и заверена со печат од страна на одговорното лице во правното лице; и потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато; г) имотен лист или договор за закуп на деловен простор, заверен кај нотар; д) изјава за поседување на соодветна опрема; ѓ) органограм на организациската поставеност во контролното/сертификациско тело; е) изјава дека не врши советодавна активност за субјектите над кои врши контрола и (ж) изјава дека активостите на контролното/сертификациско тело не се во спротивност со Законот за спречување судир на интереси. Член 3 (1) Овластување за вршење на анализи и суперанализи во органското земјоделско производство издава Министерството врз основа на поднесено барање на заинтересираната стручна научна установа и друго правно лице. (2) Кон Барањето од став (1) на овој член подносителот ја доставува и следната документација со која го докажува исполнувањето на условите од член 49 од Законот за органско земјоделско производство : а) копија од сертификатот за акредитација во чиј во опсег прецизно се дефинирани методите на испитување потребни во органското земјоделско производство, издаден од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија со кој се потврдува дека се исполнети општите барања за компетентност на лабораториите за тестирање и калибрација или потврда дека е во процес на стекнување на сертификат за акредитација, издадена од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија; б) тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице не постара од 6 месеци; в) за три вработени лица: уверение за завршено високо образование од областа на хемиско-технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки; пријава/одјава во задолжително социјално осигурување- образец Ml/M2; биографија потпишана и заверена со печат од страна на одговорното лице во правното лице; потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато; г) имотен лист или договор за закуп на деловен простор, заверен кај нотар и д) изјава за поседување на соодветна опрема за вршење на анализи и суперанализи во органското земјоделско производство. Член 5 (1) Евиденцијата на контролни/сертификациски тела и стручни научни установи и други правни лица се води во електронска форма и се објавува на интернет страницата на Министерството. (2) Евиденцијата од став (1) на овој член се води врз основа на издадените овластувања од Министерството за вршење на стручна контрола односно анализи и суперанализи во органското земјоделско производство. Член 6 Евиденцијата од член 5, став (1) на овој правилник ги содржи следните податоци: назив на овластеното контролно/ сертификациско тело или стручно научната установа и други правни лица; седиште и адреса; контакт телефон и електронска адреса; име и презиме на управителот на правното лице; ЕМБС; жиро сметка; број на сертификат за акредитација и датум на издавање на сертификатот за акредитација. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-8103/6 26 ноември 2010 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the manner of issuing authorizations to control/certification bodies for the performance of expert control and professional scientific institutions or other legal entities for the performance of analyzes and superanalyses in organic agricultural production, the necessary documentation, the form, the content and the manner of keeping the records · Nelum