Regulation on the manner of handling medical waste, as well as the manner of packaging and labeling of medical waste
颁布于 2007-10-31 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на постапување со медицински отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- processing/handling, hazardous substances, hazardous waste, packaging/labelling, transport/storage, drugs, waste management, waste non-domestic sources
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
„Службен весник на РМ“ бр. 146 од 06.12.2007 година 1 од 6 Врз основа на член 73 став 5 од Законот за управување со отпад („Службен весник на РМ” бр.68/04 и 71/04 и 107/07), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за здравство и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ СО МЕДИЦИНСКИОТ ОТПАД, КАКО И НАЧИНОТ НА ПАКУВАЊЕ И ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ ОТПАД I. Општи одредби Член 1 Предмет на уредување (1) Со овој правилник се пропишува начинот на постапување со медицинскиот отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад. Член 2 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1.Медицински отпад е отпад кој што се создава во медицинските и во здравствените институции (стационари, болници, поликлиники и амбуланти, стоматолошки ординации, ординации кои даваат одредени здравствени услуги, истражувачки лаборатории – институти ветеринарни друштва и слично) кој настанува како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на болести кај луѓето и животните. 2. Патолошки (анатомски) отпад е отпад што содржи отфрлени делови од човечко тело ампутанти, ткива и органи во текот на хируршки зафати, ткива земени за дијагностички потреби, плаценти, фетуси, животни и нивни делови. 3. Инфективен отпад е отпад кој содржи патогени биолошки агенси кои поради својот тип, концентрација или број може да предизвика болести кај луѓето кои се изложени, култури и прибор од микробиолошки лаборатории, делови од опрема, материјал и прибор кој дошол во допир со крв или излачевини од инфективни болни или е употребен при хируршки зафати, изолација на болни, отпад од оддели за дијализа, системи за инфузија, ракавици и друг прибор за еднократна употреба, отпад кој дошол во допир со експериментални животни кај кои е инокулиран заразен материјал. 4. Отпад од остри предмети е отпад што содржи игли, ланцети, скалпери и останати предмети кои можат да направат убод или посекотини, односно чие собирање и отстранување е предмет на специјални барања поради заштита од инфекции. Отпадот од острите предмети, контаминирани или не треба да се смета како подгрупа на инфективниот отпад. 5. Фармацевтски отпад е отпад што се состои од/или содржи фармацевтски производи, цитостатични лекови и цитостатици и други лекови кои се вратени од одделот каде биле излеани, растурени, испарени, припремени а неупотребени, со истечен рок на употреба или треба да се исфрлат поради нивна неупотребливост од било која друга причина, контејнери и/или пакувања, предмети контаминирани од или кои содржат фармацеутици (шишиња, кутии). 6. Хемиски отпад е отпад што се состои од и/или содржи отфрлени цврсти, течни или гасовити хемикалии кои се употребуваат при медицински, дијагностички или експериментални постапки, чистење и дезинфекција. „Службен весник на РМ“ бр. 146 од 06.12.2007 година 2 од 6 7.Отпад од садови под притисок е отпад од отфрлени садови кои содржат инертни гасови под притисок помешани со антибиотици, дезинфициенси, инсектициди кои се аплицираат во облик на аеросоли, а при изложеност на повисоки температури може да експлодираат. 8.Тешки метали: се метали кои се состојат од материјали и опрема со тешки метали и деривати, како на пр. батерии, термометри, манометри и слично. 9.Локално собирно место (остава) е определно место на ниво на одделение или единица во кои се создава медицинскиот отпад. Член 3 II. Постапување со медицински отпад Постапување со медицински отпад опфаќа активности поврзани со негова селекција на местото на создавање, собирање, складирање, третман, преработка, транспорт и отстранување. Член 4 III. Селектирање, идентификација, собирање пакување и означување (1) Медицинскиот отпад се селектира, идентификува и собира по видови на местото на неговото создавање во пакување прилагодено на неговите својства (инфективен, запалив, експлозивен и др.), количини, начинот на складирање, транспортирање и отстранување. (2) Пакувањата можат да бидат пластични вреќи, картонски кутии, посебни садови и контејнери изработени така да со своите карактеристики (боја, облик, големина и состав) го овозможуваат и олеснуваат селектирањето на местото на неговото создавање и обезбедуваат целосна заштита на здравјето на луѓето и животната средина. (3) Течниот отпад се собира во непропустливо пакување коешто оневозможува истекување или излевање на содржината и коешто треба да биде цврсто затворено или запечатено. (4) Садовите за цврсти предмети треба да бидат непропустливи за содржината при нормални услови на постапување, направени така да оневозможат испаѓање, истекување на содржината или оштетување и пренос на инфекција на лицата кои ги употребуваат садовите или постапуваат со отпадот. (5) Садовите или контејнерите во кои се собира отпадот од острите предмети треба да се се изработени од пластика со голема густина или метал и да се снабдени со капак. (6) Пакувањата кои се користат за повеќекратна употреба се садови од метал или пластика кои овозможуваат адекватно миење и дезинфекција. (7) При селекцијата на отпадот потребно е да се земе во предвид и следното: инфективниот отпад треба да се пакува во кеси што се компатибилни со утврдениот процес на третирање или отстранување; фармацевтски отпад со истечен рок на употреба складиран во болнички одделенија или одсеци треба да се вратат во болничките аптеките заради нивно отстранување; друг фармацевтски отпад создаден во болнички одделенија или одсеци, како истечени или контаминирани лекови или пакувања кои содржат остатоци од лекови не треба да се враќаат во болничките аптеки поради ризик од контаминација; хемискиот отпад треба да се пакува во контејнери отпорни на хемикалии; хемискиот отпад од различни видови не треба да се меша; хемискиот отпад треба се пакува во пакувања што се посебно прилагодени согласно начинот за третирање и /или отстранување; „Службен весник на РМ“ бр. 146 од 06.12.2007 година 3 од 6 отпад кој содржи голем процент на тешки метали (пр. кадмиум или жива) треба да се собира одделно; отпадот од острите предмети треба да се собира заедно, без разлика дали е контаминиран или не. (8) На местото на селектирањето на медицинскиот отпад треба да се постават писмени упатства за задолжените лица кои го селектираат, идентификуваат и собираат отпадот. Член 5 (1) Медицинскиот отпад се пакува во пакувања кои се со: црвена боја за патoлошки (анатомски) отпад; жолта боја за останатиот опасен медицински отпад; зелена боја за фармацевтски отпад и црна или сина боја за комунален или инертен отпад. (2) Пакувањата на медицинскиот отпад треба да бидат соодветно и безбедно означени. (3) На пакувањата за опасниот медицински отпад од член 2 точка 2, 3, 4 и 5 на овој правилник (патолошки, инфективен, од отпад од остри предмети и фармацевтски отпад) се поставува на видливо место налепница. (4) Налепницата е во портокалoва боја со димензии 7 x 9 cm и го содржи знакот за опасен медицински отпад во црна боја со димензии 7 x 7 cm. (5) Под знакот стои наслов „Опасен медицински отпад“ на македонски и англиски јазик. (6) На пакувањата за опасен медицински отпад од член 2 точка 6 (хемиски отпад) на овој правилник се поставува налепница според својствата кои отпадот го карактеризираат како опасен согласно прописите за управување со опасен отпад. (7) Содржината на налепницата од став 4 на овој член е дадена во прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 6 (1 )Пакувањата за паталошкиот и за останатиот медицински отпад треба да бидат поставени на соодветни држачи за негово безбедно собирање. (2) Пакувањата треба да се полнат максимум во волумен од две третини од пакувањето, по што се затвараат или запечатуваат. (3) Ќесите кои се со помала тежина може да се затворат со врзување, но потешките кеси се затвораат со пластични пломби кои се самозаклучуваат. (4) Запечатените садови или контејнери за остри предмети треба да се стават во обележани жолти кеси за отпад. (5) Празни пакувања за селектирање, идентификација и собирање на отпадот треба да има на располагање постојано на сите места каде што се создава отпадот. Член 7 IV. Внатрешен транспорт (1) Означените и затворени пакувања се пренесуваат во локално собирно место, еднаш дневно, а по можност еднаш во смена од страна на задолженото лице. (2) Патолошкиот отпад се собира и складира посебно. (3) Фармацевтскиот отпад се складира во посебни простории (остави). (4) Отпадот од цитостатични лекови и цитостатици треба да се чува одделно од другиот медицински отпад во определен сигурен простор. „Службен весник на РМ“ бр. 146 од 06.12.2007 година 4 од 6 (5) Локалните собирни места треба да се добро проветрени простории во или близу одделението или единицата каде можат да се одржуваат ниски температури со помош на систем за ладење кој треба да одржува температура под 10С. Член 8 (1) Транспортот на отпадот од локалното собирно место до централното собирно место се врши еднаш дневно, а по можност еднаш во смена, од страна на задолжено лице. (2) Транспортот се врши со помош на контејнери на тркалца или колички кои не се користат за други цели и коишто се од непропустлив материјал, лесно се товарат и растовараат, немаат остри ивици кои би можеле да ги оштетат пакувањата и коишто лесно се чистат и дезинфицираат. (3) Сите налепници на пакувањата треба да бидат непроменети и неоштетени по транспортирањето. (4) Медицинскиот отпад треба се транспортира по најбрза можна патека на движење. (5) Патиштатата на собирање и транспорт на отпадот мора да бидат однапред планирани и јасно назначени и истите треба да бидат одвоени од просторот низ кој се одвиваат вообичаени здравствени активности (пациенти, простории за чисти алишта, стерилни материјали и слично), доколку е можно, ако не тогаш транспортот треба да се врши во временски период кога ваквите активности не постојат или се сведени на минимум. Член 9 V. Пакување и складирање на медицинскиот отпад (1) Примарното пакување и означување на медицинскиот отпад се врши на местото на создавање. (2) Примарното пакување за медицински отпад треба да биде за една употреба. (3) За полесен транспорт секундарното пакување зависно од видот на отпадот треба да се состои од цврсти пакувања отпорни нa истекувања. (4) Ознаките и боите на секундарното пакување треба да се совпаѓаат со ознаките и боите на примарното пакување. Член 10 (1) Централното собирно место за медицински отпад треба да биде одвоен, означен, ограден, покриен и заклучен простор предвиден само за таа намена. (2) Централното собирно место за медицински отпад треба да е изграден со непропусен, цврст под со добра дренажа и достапно за лесно чистење и дезинфекција, пристап до довод на вода за цели на чистење, лесен пристап на лица коишто се одговорни за постапување со отпадот, лесен пристап за возилата што собираат отпад и заштита од сонце. (3) Централното собирно место за медицински отпад не треба да биде достапно за животни, инсекти и птици, да има добро осветлување и да има минимум пасивна вентилација. (4) Централното собирно место за медицински отпад не треба да се наоѓа во близина на простории за чување свежа храна или зони за подготовка на храна. (5) Опрема за чистење, заштитна облека и кеси и контејнери за отпад треба да се сместени во близина. (6) Дезинфекција на помошните превозни средства се врши еднаш дневно, а на централното собирно место најмалку еднаш неделно, а по потреба и почесто. „Службен весник на РМ“ бр. 146 од 06.12.2007 година 5 од 6 Член 11 Задолжените лица кои постапуваат со отпадот треба да бидат обучени за постапување со медицински отпад и да бидат опремени со работна облека и заштитни ракавици согласно прописите за заштита при работа. Член 12 VI. Надворешен транспорт (1) Транспортот на медицински отпад се врши од место каде што отпадот е складиран и во одредениот временски рок утврден со договорот за собирање и транспортирање на опасен отпад со овластено правно или физичко лице, но најмалку на секои два дена. (2) При определувањето на временскиот рок во договорот од став 1 на овој член треба да се запази аспектот за превенција од појава на развој на ларви на мувата. Член 13 Секоја пратка на отпад, зависно од видот и количините на отпад треба да е пропратена со соодветна документација согласно Правилникот за формата и содржината на дневникот за евиденција за постапување со отпад, формата и содржината на формуларите за идентификација и транспорт на отпадот и формата и содржината на обрасците за годишни извештаи за постапување со отпад. Член 14 VII. Преработка и отстранување Инфективниот отпад се отстранува во инсталации за горење на отпад, или со постапки за третман (дробење, мелење, дезинфекција, стерилизација) за да се доведат во состојба којашто не е опасна по здравјето на луѓето и животната средина, после што може да се рециклира или отстранува како комунален отпад. Член 15 (1) Патолошкиот отпад се отстранува со горење во инсталации за горење на опасен отпад, или се закопува на посебен простор на гробишта. (2) Крвта и излачевините што остануваат при лабораториски испитувања се третираат како инфективен отпад заедно со вакутајнери и епрувети. (3) Со крвта и крвните деривати кои во текот на дијагностичките испитувања се помешани со хемикалии, се постапува како со отпад од хемикалии. Член 16 Хемискиот отпад се отстранува во инсталации за горење на опасен отпад и/или се депонира на депонија за опасен отпад. Член 17 (1)Фармацевтскиот отпад се отстранува во инсталации за горење на опасен отпад. (2) Цитотоксични лекови и цитостатици со поминат рок, или лекови коишто станале неупотребливи за тераписки цели се отстрануваат со постапки за третман (инертизација и инкапсулација). Член 18 (1)Отпадот од садови под притисок се отстрануваат како комунален отпад. „Службен весник на РМ“ бр. 146 од 06.12.2007 година 6 од 6 (2) Отпадот од садовите под притисок не треба да се изложува на зголемена температура заради опасност од експлозија, ниту да се отстранува без деактивација. (3) Отпадот од садовите под притисок може да се рециклира по извршената деактивација. Член 19 (1) Комуналниот отпад по селектирањето на компонетите кои можат повторно да се употребат или рециклираат се отстранува на депонија за комунален отпад. VIII. Завршна одредба Член 20 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 01.01.2008 година. Бр. 07-6239 31 октомври 2007 година Скопје Министер Министер за здравство, за животна средина и просторно планирање, д-р Имер Селмани, с.р. Џелил Бајрами, с.р. Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски, с.р.