Regulation on the manner of collection, transport and identification of specific categories of animal by-products
颁布于 2013-12-06 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нуспроизводи од животинско потекло.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Environment
- 关键词
- animal by-products, transport/storage, marking/identification, recycling/reuse
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 24 од 31.01.2014 година 1 од 3 20140240883 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 11 став (3) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” број 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СОБИРАЊЕ, ПРЕВЕЗУВАЊЕ И ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОСЕБНИТЕ КАТЕГОРИИ НА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО (*) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нуспроизводи од животинско потекло. Член 2 (1) Одредбите од овој правилник не се однесуваат на нуспроизводи од Категорија 3 материјали - помии. (2) Собирањето, превезувањето и идентификување на Категорија 3 материјали – помиите кои се генерираат при вршење на меѓународниот транспорт се одвива согласно прописите за заштита на животната средина без да го загрози здравјето на луѓето и без да нанесе штета на животната средина. Член 3 (1) Правните и физичките лица кои при вршењето на дејноста создаваат нуспроизводи од животинско потекло, ги преземаат следните активности: 1) Категорија 1 материјалите, Категорија 2 материјалите и Категорија 3 материјалите се идентификуваат и се чуваат одвоено на начин кој овозможува нивно идентификување во текот на собирањето и превезувањето; и 2) преработените производи од категориите од точка 1) од овој став се идентификуваат и се чуваат одделно на начин кој овозможува да се идентификуваат при транспортот. (2) Во текот на превезувањето на возилото, кутијата, контејнерот, картонот или на друга форма на пакување, се закачува декларација со која јасно се назначува: 1) категоријата на нуспроизводите од животинско потекло, или, во случај на преработени производи, категоријата на нуспроизводи од животинско потекло од кои преработeните производи се добиени; 2) во случај на Kатегоријата 3 материјали, се наведуваат зборовите „не е за исхрана на луѓето“; 3) во случај на Категорија 2 материјали, со исклучок на ѓубриво, содржината од дигестивен тракт и преработените производи добиени од нив, се наведуваат зборовите „не е за исхрана на животни“. Во случај кога Категорија 2 материјали е наменета за исхрана на животни во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло и прописите од областа на исхрана на животни, се наведуваат зборовите „за исхрана на ... '' Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 142/2011 од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нуспроизводи од животинско потекло и нивни деривати кои не се наменети за исхрана на луѓето и спроведување на Директивата 97/78/EЗ на Советот во однос на од редени примероци и предмети кои се ослободени од контрола на ветеринарно инспекциско место на грани чен премин според истата Директива, број 32011R0142. Службен весник на РМ, бр. 24 од 31.01.2014 година 2 од 3 со наведување на називот на одредениот вид на животни за чие хранење тој материјал е наменет; 4) во случај на Категорија 1 материјали и преработените производи добиени од нив, се наведуваат зборовите „само за нештетно отстранување“ и 5) во случај на ѓубриво и содржина на дигестивниот тракт, се наведува зборот „ѓубриво“. Член 4 (1) Нуспроизводите од животинско потекло и преработените производи од нив се собираат и превезуваат во запечатени нови пакувања, или во покриени непропусни контејнери или возила. (2) Возилата, контејнерите и орудијата кои се употребуваат повеќекратно, како и сите делови на опремата и орудијата за повеќекратна употреба, а кои доаѓаат во контакт со нуспроизводите од животинско потекло или преработените производи од нив, освен преработените производи кои се складираат, транспортираат и ставаат во промет согласно Законот за безбедност на храната за животни, треба: 1) да се чистат, перат и дезинфицираат по секоја употреба; 2) да се одржуваат во чиста состојба и 3) пред натовар да се чисти и суви. (3) Контејнерите за повеќекратна употреба треба да се наменети и да се користат само за одредени производи, за да се избегне вкрстена контаминацијата, по претходно одобрување на официјалниот ветеринар за : 1) превоз на различни нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати, по претходно чистење и дезинфекција помеѓу транспортот на различни нуспроизводи од животинско потекло 2) превоз на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати од точката 3.6 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло, по претходно нивно користење за превоз на производи наменети за човечка исхрана, под услови да се спречува вкрстена контаминација. (4) Материјалите за пакување треба да се согорат или на друг начин нештетно да се отстранат во согласност со упатствата на официјалнот ветеринар. Член 5 (1) Превезувањето на нуспроизводите од месо и месни производи наменети за производство на материјал за храна на животните или храна за домашни миленици, освен доколку не се наменети за исхрана на крзнени животни со рециклирни нуспроизводи од истите видови животни, треба да се одвива на температура соодветна заради избегнување на ризик по здравјето на животните и на луѓето. (2) Непреработените Категорија 3 материјали наменети за производство на материјали за храна на животните или храна за домашни миленици треба да се транспортираат во разладена или замрзната состојба, освен доколку: 1) се преработени во рок од 24 часа по собирањето или по завршувањето на скалдирањето во разладена или замрзната состојба доколку превезувањето се врши во превозно средства во кои се одржува температурата на која се складираат; и 2) за млеко, производи на база на млеко или производи добиени од млеко произведени во согласност со Правилник за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи доколку ризиците неможат да се намалат со друга мерка, превозот се врши во разладена состојба во изолирани контејнери. Службен весник на РМ, бр. 24 од 31.01.2014 година 3 од 3 (3) Превозните средства треба да обезбедат одржување на соодветна температура во текот на целиот транспорт и можност истата да се следи. Член 6 Со влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија" број 21/09). Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.02-5282/5 Министер за земјоделство, 6 декември 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.