跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner of collection, transport and identification of specific categories of animal by-products

颁布于 2009-01-29 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

research.laws.repealedOn

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нуспроизводи од животинско потекло.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Livestock, Environment
关键词
animal by-products, transport/storage, marking/identification, recycling/reuse

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 1 од 2 20090210439 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 11 став (3) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” број 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СОБИРАЊЕ, ПРЕВЕЗУВАЊЕ И ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОСЕБНИТЕ КАТЕГОРИИ НА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нуспроизводи од животинско потекло. Член 2 Одредбите од овој правилник не се однесуваат на нуспроизводи од Категорија 3 материјали помии. Член 3 Собирањето, превезувањето и идентификување на помиите од меѓународниот транспорт се одвива согласно со прописите за заштита на животната средина без да го загрози здравјето на луѓето и без да нанесе штета на животната средина. Член 4 (1) Правните и физичките лица кои при вршењето на дејноста создаваат нуспроизводи од животинско потекло, ги преземаат следните активности: 1) Категорија 1 материјалите, Категорија 2 материјалите и Категорија 3 материјалите се идентификуваат и се чуваат одвоено на начин кој овозможува нивно идентификување во текот на собирањето и превезувањето; и 2) преработените производи од категориите од точка 1) од овој став се идентификуваат и се чуваат одделно на начин кој овозможува да се идентификуваат при транспортот. (2) Во текот на превезувањето на возилото, кутијата, контејнерот, картонот или на друга форма на пакување, се закачува декларација со која јасно се назначува: 1) категоријата на нуспроизводите од животинско потекло, или, во случај на преработени производи, категоријата на нуспроизводи од животинско потекло од кои преработните производи се добиени ; 2) во случај на Kатегоријата 3 материјали, се наведуваат зборовите: „не е за исхрана на луѓето“; 3) во случај на Категорија 2 материјали, со исклучок на ѓубриво, содржината од дигестивен тракт и преработените производи добиени од нив, се наведуваат зборовите: „не е за исхрана на животни“. Во случај кога Категорија 2 материјали е наменета за исхрана на животни во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло и прописите за исхрана на животни, декларацијата треба да ги содржи зборовите: „за исхрана на ... '' со наведување на називот на одредениот вид на животни за чие хранење тој материјал е наменет; 4) во случај на Категорија 1 материјали и преработените производи добиени од нив, се наведуваат зборовите: „за нештетно отстранување само “; Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 2 од 2 5) во случај на ѓубриво и содржина на дигестивниот тракт, се наведува зборот „ѓубриво“. Член 5 (1) Нуспроизводите од животинско потекло и преработените производи од нив се собираат и транспортираат во запечатени нови пакувања, или во покриени непропусни контејнери или возила. (2) Возилата, контејнерите и орудијата кои се употребуваат повеќекратно, како и сите делови од опрема и орудијата за повеќекратна употреба, а кои доаѓаат во контакт со нуспроизводите од животинско потекло или преработените производи од нив, треба: 1) да се чистат, перат и дезинфицираат по секоја употреба; 2) да се одржуваат во чиста состојба; и 3) да се чисти и суви пред употреба. (3) Контејнерите за повеќекратна употреба треба да се наменети и да се користат само за еден одреден производ, во степен кој е неопходен, за да се избегне вкрстена контаминација. (4) Материјалите за пакување треба да се согорат или на друг начин нештетно да се отстранат во согласност со инструкциите на официјалниот ветеринар. Член 6 Превезувањето, како и соодветната евиденција за превезувањето на нуспроизводите од животинско потекло и преработените производи од нив, треба да бидат во согласност со член 11 став 4 од Законот за нуспроизводи од животинско потекло. Член 7 (1) Превезувањето на нуспроизводите од животинско потекло треба да се одвива на соодветна температура, за да се избегне ризикот по здравјето на животните и на луѓето. (2) Непреработените Категорија 3 материјали наменети за производство на материјали за храна на животните или храна за домашни миленици треба да се транспортираат во разладена или замрзната состојба, доколку не се преработуваат во рок од 24 часа од испораката. (3) Транспортните возила ладилници треба да обезбедат одржување на соодветна температура во текот на целиот транспорт. Член 8 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11-12212/12 29 јануари 2009 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р.

Regulation on the manner of collection, transport and identification of specific categories of animal by-products · Nelum