跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner for work of the expert commission for implementation of procedures for registering protected marks of agricultural and food products

颁布于 2012-11-28 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на работа на стручната комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитени ознаки на земјоделски и прехранбени производи.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
food safety and quality, institution, procedural matters, registration, traceability, governance

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 148 став (5) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/10, 55/11 и 55/12), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА СТРУЧНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИ ОЗНАКИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на работа на Стручната комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитени ознаки на земјоделски и прехранбени производи. (во понатамошниот текст: Комисија). Член 2 () Со работата на Комисијата раководи претседател кој го именува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редовите на постојаните членови. (2) Кога претседателот е спречен да присуствува на седницата на Комисијата, со неа раководи еден од постојаните членови што тој ќе го овласти. Член 5 () Комисијата работи на седници кои ги свикува претседателот на Комисијата со писмена или електронска покана до членовите на Комисијата, во која е содржан дневниот ред кој се предлага. (2) По исклучок, претседателот на Комисијата може да закаже седница и со усна покана до членовите на Комисијата кога тоа го бара итноста за одлучување по некое прашање. Член 4 Членовите на Комисијата расправаат и одлучуваат по однос на прашања кои се ставени на дневниот ред, даваат предлози за дополнување на дневниот ред и предлагаат одлуки односно заклучоци кои сметаат дека треба да се донесат. Член 5 (1) За работата на седницата се води записник. Записникот го води записничар под раководство на претседателот на Комисијата. (2) Записникот особено содржи: број на присутни и отсутни членови на Комисијата; датум на одржување, време на започнување и време на завршување на седницата; главната содржина на дискусиите; предлог одлуки, одлуки и усвоени стручни мислења; други одлуки и заклучоци усвоени на седницата кои произлегуваат од дневниот реди начин на кој се донесени одлуките. (5) Записникот го потпишува записничарот и претседателот на Комисијата. Член 6 () Комисијата во својата работа треба да се придржува кон законите и другите прописи од областа на земјоделството. (2) Претседателот на Комисијата кога ќе утврди дека Комисијата при својата работа донела одлука што е во спротивност со закон и друг пропис, ќе го запре извршувањето на одлуката на Комисијата за што во рок од три дена го известува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 7 Комисијата полноважно расправа и одлучува на седници во присуство на најмалку четири члена со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.1-11050/5 Министер за земјоделство, 28 ноември 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, с.