Regulation on the manner for performing the training program, contents for conducting training and terms for the passing of the exam and the expenses of training for classifiers of carcasses and half-carcasses of cattle, pigs, sheep and goats or lambs
颁布于 2012-01-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на вршење на обуката, содржината на програмата за вршење на обуката и полагање на испит и висината на трошоците за изведување на обуката и полагање на испитот за класификатори на труповите и половинките од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- education, classification/declassification, meat, sheep/goats, cattle, swine
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 1 од 2 20120180575 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 83, став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОБУКАТА, СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА КЛАСИФИКАТОРИ НА ТРУПОВИТЕ И ПОЛОВИНКИТЕ ОД ГОВЕДА, СВИЊИ, ОВЦИ И КОЗИ ОДНОСНО ЈАГНИЊА И ЈАРИЊА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на вршење на обуката, содржината на програмата за вршење на обуката и полагање на испит и висината на трошоците за изведување на обуката и полагање на испитот за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња. Член 2 (1) Обуката за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња се изведува врз основа на Програма за обука на класификатори, преку теоретска настава и практична обука со вкупен фонд од 30 школски часа. (2) Теоретската настава се врши во просторииите на овластената институција согласно шлен 83 став 3 од Законот за квалитет на земјоделски производи и трае 15 школски часа. (3) Практичната обука се врши во одгледувалишта на животни за производство на месо, откупни центри за откуп на живи животни, сточни пазари, кланични капацитети, погони за конфекционирање на месо и лаборатории за испитување на квалитетот на месото и трае 15 школски часа. (4) Групата на кандидати за обука за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња треба да е составена од 5 до 20 кандидати. Член 3 (1) Во програмата за обука на класификатори се разработуваат содржините за основната обука за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња, начинот за спроведување на едукација и проверка на знаењата. (2) Основната обука за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња треба да ги содржи следните тематски области : А. Познавање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; Б. Оценување на карактеристиките на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; В. Процедура за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; Г. Процедури на водење на евиденција; и Д. Практичен дел, кој се состои од: Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 2 од 2 Практична обука во одгледувалишта на животни за производство на месо, откупни центри за откуп на живи животни, сточни пазари, кланични капацитети, погони за конфекционирање на месо и лаборатории за испитување на квалитетот на месото, за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; и Практична обука за водење на документација. Член 4 (1) По завршената обука, кандидатите полагаат испит пред трочлена испитна комисија. (2) На кандидатите што го положиле испитот, овластената институција им издава лиценца за стекнати основни знаења за класификација на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња. Кандидатот што посетувал настава, а не положил испит, ќе полага на закажани термини, без обврска повторно да посетува настава. (3) Сите обучени класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња, секои тригодини имаат дополнителни обуки од осум часа за запознавање со новите техники. Член 5 Висината на трошоците за обуката и полагање на испитот за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња изнесува 300 Евра во денарска протввредност пресметано според среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата. Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 jануари 2013 година. Бр. 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.