跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the manner for control of conditions for placing fertilizers on wholesale and retail market and on the quality control of fertilizers, methods of sampling and testing, quantity of samples and procedure

颁布于 2011-07 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на контрола на условите на пласирање на ѓубрињата на пазар на големо и мало и на контрола на квалитетот на ѓубриња, методите за земање на примероци и испитување, количеството на примероците и постапката.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
fertilizers/nutrients, inspection, internal trade, procedural matters, processing/handling, plant production
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Стр. 4 - Бр. 115 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 август 2011 производниот процес не ги исполнува условите предвидени со технологијата за производство на ѓубриња; не се исполнети стандардите на Европската Унија во однос на квалитетот (ISO-стандардите)и безбедно ста (HASAAP-стандардите); има отстапувања во производствениот процес кои можат да доведат до промена на квалитативните својс тва на ѓубрето; се врши пласирање на ѓубрето на пазарот, спро тивно на условите што ги пропишал производителот; и не се одстранети причините за кои било донесено решение за привремена забрана за производство и пла сирање на ѓубрињата на пазар во пропишаниот рок. Член 4 Мерките за привремена или трајна забрана на производство и пласирање на ѓубрињата на пазар зара ди препакување или преетикетирање на ѓубрето се спроведуваат доколку се констатира дека: нема согласност од производителот на ѓубрињата за препакување и преетикетирање ; пакувањата не се оригинални или во согласност со параметрите што ги пропишал производител на ѓубриња ; етикетата не е оригинална или во согласност со усло вите што ги пропишал производителот на ѓубриња; параметрите наведени на етикетата на препакува њата или преетикетираната пратка не одговараат на оригиналната етикета на производителот на ѓубре ; и количината не одговара на запишаната количина на етикетата која се наоѓа на препакуваното ѓубре. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр. 17-473/3 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство Скопје Љупчо Димовски, с.р. 2683. Врз основа на член 22 став 4 од Законот за ѓубриња („Службен весник на Република Македонија“ бр. 110/07, 20/09 и 17/11) министерот за земјоделство, шу марство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА КОНТРОЛА НА УСЛОВИТЕ НА ПЛАСИРАЊЕ НА ЃУБРИЊАТА НА ПАЗАР НА ГОЛЕМО И МАЛО И НА КОНТРОЛА НА КВАЛИ ТЕТОТ НА ЃУБРИЊА, МЕТОДИТЕ ЗА ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИ И ИСПИТУВАЊЕ, КОЛИЧЕС ТВОТО НА ПРИМЕРОЦИТЕ И ПОСТАПКАТА (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на кон трола на условите на пласирање на ѓубрињата на пазар на големо и мало и на контрола на квалитетот на ѓу бриња, методите за земање на примероци и испитува ње, количеството на примероците и постапката. Член 2 Начин на контрола на условите за пласирање на ѓу бриња на пазарот на големо и мало се врши преку зе мање на примероци од страна на државниот инспектор за земјоделство, односно фитосанитарен инспектор кој зема три истоветни примероци од секој вид на пратка, за што составува записник. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Европскиот Парламент и Совет бр.2003 /2003 од 13 октомври 2003 година која се однесува на вештачките ѓубриња со CELEX бр. 32003R2003. Член 3 Земање на примероци кај минералните и органски те ѓубриња во цврста и гранулирана состојба се врши со сонда за земање проба, која се состои од по три истоветни примероци со тежина од 2 kg., а кај ѓубри њата во течна состојба се зема по 3 истоветни примеро ци од секој вид на пратка според следнава табела: Член 4 Испитувањето на примероците на ѓубриња се врши преку физички и хемиски методи. Член 5 Со физички методи се испитува влага и грануломе триски состав на ѓубрињата. Член 6 Со хемиски методи се врши анализа на макро хран ливи елементи: Со анализа на макро хранливи елементи се одреду ваат сите облици на азот и фосфор според растворливо ста и калиум со користење на методите од Правилни кот за неоргански ѓубриња. Со анализа на секундарни макро хранливи елементи се одредуваат сите облици на калциум, магнезиум, сул фур според растворливоста и натриум, со користење на методите од Правилникот за неоргански ѓубриња. Со користење на методите од Правилникот за не органски ѓубриња се одредуваат минимум два микро хранливи елементи на ѓубриња. Член 7 I. Со микробиолошки методи се одредуваат хетеро трофни микроорганизми и патогени микроорганизми : вкупни бактерии согласно МPА методата ; амонификатори – гнилежни бактерии согласно Скробно - амонијак методата; квасци согласно Sabourald-ова метода; мувли согласно Czapek - ова метода; актиномицети согласно Waksman-ов стандард; колиформни бактерии со Endo методa; стрептококи со SS метода; стафилококи со Chapman методa; Pseudomonas aeruginosa со метод на колиметрија; Proteus видови со SS метода; Sallmonella со Green метода; Shigella со Wilson Blear метода и Bacterium coli со Andrade метода. II. Oдредување на физиолошки групи на микроорга низми опфаќа: азотобактер со Silica gel методата; нитрификатори со Silica gel методата и аеробни целулолитички микроорганизми со Silica gel методата. III. Постапка за одредување на микроорганизмите (1) Постапка за подготовка на проба за анализа (разредувања) За подготовка на пробата за анализа (разредувања) се одмеруваат 10 g ѓубре (доколку се работи за биопре парат во течна состојба 10 ml од истиот) во колба со 100 ml стерилна вода, се промешува и се добива разре дување 1:10. Од ова разредување со стерилна пипета се 29 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 115 - Стр. 5 зема 1 ml и се внесува во епрувета во која има 10 ml стерилна вода, при што се добива разредување 1:100. Потоа од ова разредување со стерилна пипета се зема 1 мл и се внесува во друга епрувета во која има 10 ml стерилна вода, при што се добива разредување 1:1000. Од ова разредување со стерилна пипета се зема 1 ml и се внесува во нова епрувета во која има 10 ml стерилна вода, при што се добива разредување 1:10 000. Од пос ледното разредување со стерилна пипета се зема 1 ml и се внесува во следна епрувета во која има 10 ml стерил на вода, при што се добива разредување 1:1 000 000. (2) Одредување на поединечни видови на микроор ганизми се врши со одредување на хетеротрофни ми кроорганизми и тоа: за одредување на вкупни бактерии се засејува 1 ml од подготвеното разредување 1: 1:1 000 000 на храни телна подлога МПА; за одредување на амонификатори – гнилежни ба ктерии (бактериски спори) се засејува 1 ml од подго твеното разредување 1:1 000 000 на хранителна подло га направена според методата на Скробно - амонијак; за одредување на квасци се засејува 1 ml од подго твеното разредување 1:10 000 на хранителна подлога направена според Sabourald-овата метода и за одредување на мувли се засејува 1 ml од подго твеното разредување 1:1 000 на хранителна подлога направена според методата на Czapek. (3) Одредување на патогени микроорганизми се врши со: за одредување на Еscherichia coli се засејува 1 ml од подготвеното разредување 1:10 на хранителна под лога направена според Endo методата; за одредување на стрептококи се засејуваат 1 ml од подготвените разредувања 1:100 и 1: 1000 на храни телна подлога направена според SS методата; за одредување на стафилококи се засејуваат 1 ml од подготвените разредувања 1:100 и 1:1000 на храни телна подлога направена според Chapman методата; за одредување на Pseudomonas aeruginosa се засе јува 1 ml од подготвеното разредување 1:10 на храни телна подлога направена според адекватна метода на колиметрија; за одредување на Proteus видовите се засејува 1 ml од подготвеното разредување 1:10 на хранителна под лога направена според SS методата; за одредување на Salmonella се засејува 25 g ди ректно неразреден материјал на специјална хранителна подлога направена според Green методата и за одредување на Shigella се засејува 25 g директ но неразреден материјал на специјална хранителна подлога направена според Wilson Blear методата. (4) Одредување на физиолошки групи на микроор ганизми се врши со: за одредување на азотобактер се засејува 1 g ди ректно неразреден материјал на хранителна подлога направена според Silica gel методата, со додавање на 0,1 g CaCO3; за одредување на нитрификатори се засејува 1 g директно неразреден материјал на хранителна подлога направена според Silica gel методата, со додавање на 0,1 g NaCO3 и за одредување на аеробни целулолитички микро организми се засејува 1 g директно неразреден матери јал на хранителна подлога направена според Silica gel методата, со додавање на 0,1 g KNO3. Член 8 Сите групи микроорганизми се култивираат во тер мостат на температура од 300C, со исклучок на Еscherichia coli, Salmonella и Shigella кои се култивира ат во термостат на температура од 370C. Вредностите при одредување на хетеротрофни и патогени микроорганизми се изразуваат така што бро јот на израснатите колонии во петриевата здела се мно жи со употребеното разредување во грам ( милилитар ) материјал. Вредностите при одредување на физиолошки групи на микроорганизми се изразуваат во проценти ( % ) на фертилни зрна. Гранични вредности на микроорганизми ( број на клетки / 1 g ( 1 ml ) ) Пресметување на резултати при одредување на физиолошки групи на микроорганизми според следната табела. Член 9 Примероците со записниците од член 2 од овој пра вилник се доставуваат до: еден примерок ја следи пробата до соодветната лабораторија за анализа; другиот примерок останува кај странката и третиот примерок се задржува во Државниот инс пекторат за земјоделство. Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр. 17-322/4 Мистер за земјоделство јули 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО 2684. Врз основа на член 31-б став 1 од Законот за здрав ствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“, бр. број 25/00, 34/00, 96/00, 50/01, 11/02, 31/03, 84/05, 37/06, 18/07, 36/07, 82/08 , 98/08, 6/09, 67/09, 50/10, 156/10 и 53/11) министерот за здравство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕСТУВА ЊЕТО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ПО ПОДНЕСЕНА ЖАЛБА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат формата и содр жината на известувањето заради недонесување на ре шение по поднесена жалба. Член 2 Известувањето од член 1 на овој правилник се поднесува на Образец: „Известување заради недонесување на решение по поднесена жалба“, во формат А4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. Образецот на известувањето од став 1 на овој член содржи: во горниот лев агол назив на органот до кој се поднесува известувањето, број и датум, во средишниот дел назив на известувањето, назив на правното лице, односно име и презиме на физичкото лице-подносител на известувањето, седиште на прав ното лице односно адреса на физичкото лице-подноси тел на известувањето, краток опис поради што се под несува известувањето и место за потпис на подносителот на известувањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр. 13-6913/3 Министер, 19 август 2011 година Никола Тодоров,с.р. Скопје

Regulation on the manner for control of conditions for placing fertilizers on wholesale and retail market and on the quality control of fertilizers, methods of sampling and testing, quantity of samples and procedure · Nelum