Regulation on the manner, conditions and procedure for establishment and operation of networks, methodology and manner of monitoring, as well as conditions, manner and procedure for submission of information and data from the monitoring of the situation in the field of noise
颁布于 2009-07-22 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот, условите и постапката за воспоставување и работење на мрежите, методологијата и начинот за мониторинг, како и условите, начинот и постапката на доставување на информациите и податоците од мониторингот на состојбата во областа на бучавата.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Environment
- 关键词
- monitoring, noise pollution, pollution control, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 1 од 8 20091232360 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 30 од Законот за заштита од бучава во животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/07), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за транспорт и врски и министерот за здравство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ, УСЛОВИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА МРЕЖИТЕ, МЕТОДОЛОГИЈАТА И НАЧИНОТ ЗА МОНИТОРИНГ, КАКО И УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ И ПОДАТОЦИТЕ ОД МОНИТОРИНГОТ НА СОСТОЈБАТА ВО ОБЛАСТА НА БУЧАВАТА Член 1 Со овој правилник поблиску се определуваат начинот, условите и постапката за воспоставување и работење на мрежите, методологијата и начинот за мониторинг, како и условите, начинот и постапката на доставување на информациите и податоците од мониторингот на состојбата во областа на бучавата. Член 2 (1) Државната мрежа за мониторинг на бучавата во животната средина се воспоставува во сите агломерации и зони низ кои минуваат главни патишта, главни железнички линии и главни аеродроми, како и инсталации кои влијаат на имисијата на бучавата во животната средина. (2) Локалните мрежи за мониторинг на бучавата во животната средина се воспоставуваат во агломерации и зони кои влегуваат во подрачјето на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје, низ кои минуваат главни патишта, главни железнички линии и главни аеродроми, како и инсталации кои влијаат на имисијата на бучавата во животната средина. (3) Државната и локаните мрежи за мониторинг (во понатамошниот текст: мониторинг мрежи) се воспоставуваат на начин преку кој се обезбедуваат податоци за изворите на бучава и за имисијата на бучавата во сите агломерации и зони низ кои минуваат главни патишта, главни железнички линии и главни аеродроми, како и инсталации кои влијаат на имисијата на бучавата во животната средина согласно овој правилник и други прописи од областа на заштита од бучава во животната средина. (4) Во инсталациите кои согласно Законот за животна средина субјектите се обврзани да вршат интерен мониторинг, податоците се обезбедуваат во согласност со овој правилник и се составен дел на податоците на мониторинг мрежите. Член 3 (1) За воспоставените мониторинг мрежи се обезбедуваат следните податоци од страна на органот на државна управа надлежен за работите од областа на животната средина и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје: 1. опис на агломерацијата или опис на главниот пат, железничката линија, аеродромот или инсталацијата како и територијален опфат; 2. број, локација и распоред на мерните места и мерните станици; 3. индикатори кои ќе се употребат за определување на имисијата на бучава; Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 2 од 8 4. овластени институции кои ќе учествуваат во спроведување на мониторингот; 5. методи и апарати кои ќе се применат за мерења или пресметка на индикаторите, и 6. период за кој се однесуваат извршените мерења - период во деноноќието и период во годината. (2) Податоците од став (1) на овој член се содржани во годишните програми за работа на мониторинг мрежите донесени во согласност со член 28 од Законот за заштита од бучава во животната средина. Член 4 Мониторингот на бучавата со мониторинг мрежите ќе се врши преку мерење и/или пресметување на основните и/или дополнителните индикатори, кои се определни во годишните програми за работа на мониторинг мрежите донесени во согласност со член 28 од Законот за заштита од бучава во животната средина. Член 5 (1) Интерниот мониторинг, кој е составен дел на мониторинг мрежите, се состои од: 1. мерење на емисијата и имисијата на бучавата; 2. пресметување на дневно и ноќно ниво на бучава како последица на емисија на испитуваниот извор на бучава и; 3. извештај од извршени мерења и оценка на оптеретувањето со бучавата на животната средина. (2) Интерниот мониторинг на бучава кој се состои од први мерења, работен мониторинг и контролни мерења, се изведува секогаш во услови кога инсталацијата - извор на бучава работи со утврден режим на експлоатација на соодветните извори и моќ, не помала од 70 % од максималната. Интерниот мониторинг за инсталации со различен режим на експлоатација се врши за секој експлоатациски режим посебно. Податоците за интерниот мониторинг се евидентираат во извештајот за интерен мониторингг, наведен во Прилог 3 кој што е составен дел на овој правилник. Член 6 (1) Со првите мерења сопственикот на инсталацијата треба да го утврди нивото на бучавата како последица на емисија на изворот на бучавата и врз база на нив за секое одбрано место на имисија да направи пресметка на дневно и ноќно ниво на бучава. (2) Ако инсталацијата се наоѓа во подрачје, кое е веќе оптеретено со бучава, со првите мерења треба да се определи веќе постојното ниво на бучава, како последица на емисијата на сите извори на бучава. (3) Првите мерења се изведуваат по првото пуштање на новиот или реконструираниот извор на бучава, за време на пробната работа, и по воспоставување на вообичаен работен режим, но во секој случај не порано од три и не подоцна од девет месеци по пуштањето во работа. Првите мерења се изведуваат во време, кога изворот на бучава е во работна состојба, со полно оптеретување. Член 7 Во рамките на работниот мониторинг сопственикот или корисникот на инсталацијата треба да ги утврдува истите индикатори како и при првите мерења, во согласност со условите наведени во интегрираната еколошка дозвола. Член 8 Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 3 од 8 Контролните мерења се вршат на барање на Државниот инспекторат за животна средина, овластениот инспектор за животна средина или Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Контролните мерења се вршат и на барање на група граѓани преку надлежните инспекциски органи. Надлежните инспекциски органи ги определуваат индикаторите кои ќе се користат за оценка на бучавата во животната средина. Член 9 (1) Правното лице кое управува со аеродром врши интерен мониторинг на бучавата, вклучувајки регистрирање, обработка и чување на резултатите со автоматски апарати за континуирано мерење и регистрирање, во случај кога има констатирано надминување на граничните вредности на индикаторите за бучава за дадена агломерација или делови од неа, а се должи на дејноста на аеродромот. (2) Автоматските апарати за континуирано мерење и регистрирање од став (1) на овој член треба да: 1. мерат и да го зачувуваат нивото на бучава во 1/2- или 1 секуден интервал; 2. ја регистрираат бучавата предизвикана од воздухопловни средства кои слетуваат, полетуваат, прелетуваат, како и временските параметри на регистрираните случувања; 3. имаат можност за автоматско калибрирање. 4. ги пресметуваат индикаторите за бучава - еквивалентно ниво Leq и максимално ниво Lmax,и 5. ги чуваат информациите во база за податоци. Член 10 (1) Резултатите од автоматскиот монитринг на аеродромот се доставуваат до Управата за животна средина и Македонскиот информативен центар за животна средина во форма на: 1. тримесечни извештаи не покасно од 20 дена по истек на тримесечието; 2. годишен извештај не покасно од три месеца по истек на тековната календарска година. (2) Извештаите од став (1) на овој член треба да ги содржат следните информации: 1. општи податоци – назив на правното лице и одговорното лице во правното лице, лице за контакт-телефон, факс и др.; 3. видови на воздухопловни средства; 4. вредности на индикаторите за бучава- деноноќни, дневни, вечерни и ноќни нивоа на бучавата, распоредот по денови од месеците; 5. број на воздухопловните средства по правец на полетување и слетување над пунктовите за мониторирање, и 6. број на надминување на граничните вредности на параметрите за бучава и тип на воздухопловно средство кое го предизвикало надминувањето. Член 11 (1) Овластените научни и стручни организации и други институции и правни лица кои учествуваат во спроведувањето на мониторингот на бучавата треба да водат евиденција на резултатите од мерењата и пресметките во евидентните листови кои се дадени во Прилог 1- Евидентен лист за пресметување на бучавата од патен сообраќај, и Прилог 2 Евидентен лист за мерење на бучавата од сите извори, кои се составен дел на овој правилник. (2) За извршениот мониторинг субјектите од став (1) на овој член изготвуваат и доставуваат шестмесечни и годишни извештаи, проследени со евидентни листови за секое Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 4 од 8 мерно место, до Министерството за животна средина и просторно планирање во два примерока и тоа по еден до Управа за животна средина и до Македонскиот информативен центар за животна средина. (3) Градоначалниците на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје кои имаат мониторинг мрежи создаваат база на податоци за извршениот мониторинг на бучавата на нивното подрачје, изготвуваат годишни извештаи со анализа и оценка на оптоварувањето со бучавата за нивното подрачје и ги доставуваат во два примерока до Министерство за животна средина и просторно планирање и тоа по еден до Управа за животна средина и Македонскиот информативен центар за животна средина. (4) Македонскиот информативен центар за животна средина изготвува годишен извештај за состојбата со бучавата во животната средина врз основа на доставените податоци и информации од мониторинг мрежите. Член 12 (1) Сопственикот или корисникот на инсталацијата треба да ги достави податоците и информациите од интерниот мониторинг до Управата за животна средина и до Македонскиот информативен центар за животна средина, во форма на извештај за интерен мониторинг, проследен со извештаите од Прилогот 3 кој е составен дел на овој правилник, најдоцна до крајот на тековната година. (2) Извештајот од став (1) на овој член треба да ги содржи следните информации: 1. сопственик или корисник, име и адреса на инсталацијата 2. лице за контакт-телефон, факс и др.; 3. опис на посебните извори во рамките на инсталација кои создаваат бучава и карта со нивната местоположба; 4. оценка на утврденото ниво на бучавата во животната средина 5. извештаите од Прилог 3 од овој правилник. Член 13 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-6321/1 Министер за животна 22 јули 2009 година средина и просторно планирање, Скопје Неџати Јакупи, ср. Министер за транспорт и врски, Министер за здравство, Миле Јанакиевски, ср. Бујар Османи, ср. Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 5 од 8 Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 6 од 8 Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 7 од 8 Службен весник на РМ, бр. 123 од 9.10.2009 година 8 од 8