Regulation on the manner and conditions for operation of integrated waste disposal network
颁布于 2005-12-26 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот и условите за функционирање на интегрирана мрежа за одстранување на отпадот.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- processing/handling, integrated management, transport/storage, waste disposal, waste management
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Врз основа на член 36, став 2 од Законот за управување со отпад (�Службен весник на РМ� бр. 68/2004 и 71/2004), министерот за животна средина и просторно планирање доне сува П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ИНТЕГРИРАНАТА МРЕЖА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Член 1 (1) Со овој правилник се пропишуваат начинот и условите на функционирање на инте грираната мрежа за отстранување на отпадот. Член 2 (1) Интегрираната мрежа за отстранување со отпадот (во натамошниот текст: интегрирана та мрежа) претставува систем на објекти и инсталации за постапување со отпад кои се меѓу себно функционално поврзани. Член 3 (1) Функционирањето на интегрираната мрежа на целата територија на Република Ма кедонија се обезбедува преку следните функционални единици: Примарен систем за собирање на отпад; Претоварни станици; Претоварна станица �рампа�; Претоварна станица �бункер�; Секундарни транспортни системи; Депонии. Член 4 (1) Во примарниот систем за собирање на отпадот во населените места од корисниците на ус лугата од кои отпадот се собира според утврден распоред и честота согласно закон, отпадот се транспортира со транспортните средства директно до претоварната станица или до инсталации за преработка или за друг вид на постапување со отпад. Член 5 (1) Во претоварните станици отпадот собран со возилата од примарно собирање се пре товара во специјализирани возила со поголем капацитет со цел да се обезбеди економичен транспорт до инсталации за постапување со отпад. Член 6 (1) Претоварната станица може да биде од типот �рампа� и �бункер�. Член 7 (1) Собирањето во претоварната станица �рампа� може да биде стационирано на пла тформа (рампа), директно во мобилни отворени контејнери, или во контејнери за компа ктирање, поставени на платформа денивелирана на кота пониска во однос на рампата. (2) Контејнерите за компактирање може да се прикачат директно на транспортните средства, или набиениот отпад да се претовари во мобилни отворени контејнери што се пренесуваат со транспортните средства (единечни, или двојни - со приколица). (3) Дизајнот на контејнерите во кои се претовара отпадот може да биде различен по форма, димензии и зафатнина зависно од видот на транспортното средство. На претоварната станица отпадот може да се компактира и балира за да се овозможи еко номичен транспорт и заштеда на простор при конечното отстранување. (4) На претоварната станица може да се вршат и други функции, како преработка, ре циклирање, компостирање на отпадот, во зависност од нејзиниот капацитет и локационите услови согласно закон. На претоварната станица може да се врши и прием на гломазен отпад од домаќинства та. Член 8 (1) Во претоварната станица �бункер� се врши претовар на отпадот од возило од при марно собирање на отпадот директно на платформа од која отпадот се товари во мобилни контејнери што се прикачуваат на транспортни средства со поголем капацитет. Член 9 (1) Во секундарните транспортни системи се врши транспорт на отпадот од претовар ните станици до објектите за негово отстранување. Член 10 (1) Во депониите се врши отстранување на отпадот што се создава на територијата на одредено подрачје, со примена на мерките за спречување на штетните влијанија врз жи вотната средина согласно закон. Член 11 (1) При основање на интегрираната мрежа, а со цел утврдување на потребните органи зациони и технички средства потребни за целосно покривање на опслуженото подрачје со соодветна услуга се зема предвид и: кои населени места и кои создавачи на отпад ќе бидат опслужени; бројот на жители и густината на населеност; просечните годишни количества на создавање на отпадот; просторно-географски распоред на генераторите на отпад на даденото подрачје; состојба на патната мрежа што ги поврзува објектите и подрачјата; видови на средства за примарно собирање на отпад; технички опции кои одговараат на даденото подрачје. Член 12 (1) Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во �Службен весник на Република Македонија�. Бр. 07-5765 Министер, 26 декември 2005 година д-р Зоран Шапуриќ, с.р. Скопје