跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the list of feed substances

颁布于 2010-11-26 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Листа на крмни суровини.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal feed/feedstuffs, ecological production/organic production, classification/declassification

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 23, став (11) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува Листа на крмни суровини 1. НЕОРГАНСКИ КРМНИ СУРОВИНИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО 1.1. Житарици, зрна, нивни производи и нус-производи: овес како зрно, снегулка, крмно брашно, лушпа и трици; јачмен како зрно, белковина и крмно брашно; погача од оризов никулец; просо како зрно; рж како зрно или крмно брашно; сирак како зрно; пченица како зрно, крмно брашно, трици, глутен, глутенско брашно и никулец; спелта како зрно; тритикала како зрно; пченка како зрно, трици, крмно брашно, погача од никулец и глутен; сладови стебленца; пивски слад. 1.2. Маслодајни семиња, маслодајни плодови, нивни производи и нус-производи: семе од маслодајна репка, маслена погача и лушпи; соја како зрно, пржена, погача и лушпи; сончогледови семки како семки и погача; памук како семе и погача; ленено семе како семе и погача; сусамово семе како погача; палмини јатки како погача; тиквени семки како погача; маслинки, маслинена каша; зеленчукови масла (со физичка екстракција). 1.3. Легуминозни семиња, нивни производи и нус-производи: леблебија како семе, крмно брашно и трици; добиточна леќа како семе, крмно брашно и трици; граор како семе подложено на топлинска обработка, крмно брашно и трици; добиточен грашок како семе, крмно брашно и трици; боб како семе, крмно брашно и трици; коњски боб како семе, крмно брашно и трици; граорица како семе, крмно брашно и трици; лупина како семе, крмно брашно и трици. 1.4. Кртоли, корења, нивни производи и нус-производи: каша од шеќерна репа; компир; сладок компир како кртола; компирова каша (нус-производ при екстракција на компиров скроб); компиров скроб; компирови белковини; маниока. 1.5. Други семиња и плодови, нивни производи и нус-производи: рогач; рогачни мешунки и крмно брашно; тикви; агрумна каша; јаболка, дуњи, круши, праски, смокви, грозје и нивна каша; костени; ореова погача; лешникова погача; какаови лушпи и погача; желади. 1.6. Фуражна и фиброзна (волуминозна) храна: луцерка; крмно брашно од луцерка; детелина; крмно брашно од детелина; трева (од фуражни растенија); крмно брашно од трева; сено; силажа; житна слама; коренови зеленчуци за фураж. 1.7. Други растенија, нивни производи и нус-производи: меласа; крмно брашно од алги (добиено со сушење и толчење на алгите и со нивно измивање за да се намали содржината на јод) ; прашоци и екстракти од растенија; екстракти од растителни белковини (само за млади животни) ; зачини; зелениш (зачински и чајни билки). 2. КРМНИ СУРОВИНИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО 2.1. Млеко и млечни производи: сурово млеко; млеко во прав; обрано млеко, обрано млеко во прав; матеница, матеница во прав; сурутка, сурутка во прав, сурутка во прав со ниска содржина на шеќер, белковини од сурутка во прав (добиена по пат на физичка обработка) ; казеин во прав; лактоза во прав; урда и кисело млеко. 2.2. Риби, други морски животни, нивни производи и нус-производи: Според следниве ограничувања: Производите да се добиени само од одржливи рибници и да се користат за нетревопасни видови: риба; рибино масло и нерафинирано масло од бакаларов црн дроб; автолизати од мекотели и ракови; хидролизати и протеолизати добиени со ензимско дејство, во растворлива состојба или не, само за млади животни; рибино брашно. 2.3. Јајца и производи од јајца Јајца и производи од јајца што се користат како крма за живина (првенствено произведени во истото стопанство). 3. КРМНИ СУРОВИНИ ОД МИНЕРАЛНО ПОТЕКЛО 3.1. Натриум: нерафинирана морска сол; груба камена сол; натриум сулфат; натриум карбонат; натриум бикарбонат; натриум хлорид. 3.2. Калиум: калиум хлорид. 3.3. Калциум: црвени корални алги литотамнион и маерла; школки од морски животни (вклучително и сипина коска) ; калциум карбонат; калциум лактат; калциум глуконат. 3.4. Фосфор: дефлуориран дикалциум фосфат; дефлуориран монокалциум фосфат; мононатриум фосфат; калциум магнезиум фосфат; калциум натриум фосфат. 3.5. Магнезиум: магнезиум оксид (анхидриран магнезиум) ; магнезиум сулфат; магнезиум хлорид; магнезиум карбонат; магнезиум фосфат; 3.6. Сулфур: натриум сулфат. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје

Regulation on the list of feed substances · Nelum