Regulation on the implementation and traceability of food of animal origin and animal feed
颁布于 2012-04-30 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на спроведување и обезбедување на следливост на храната од животинско потекло и храната за животни.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Food and nutrition
- 关键词
- animal feed/feedstuffs, traceability, food safety and quality
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 59 од 11.5.2012 година 1 од 2 20120591650 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 32 став (5) од Законот за безбедност за храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СЛЕДЛИВОСТ НА ХРАНАТА ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО И ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ (∗) Член 1 Со овој правилник се прoпишува начинот за спроведување и обезбедување на следливост на храната од животинско потекло и храната за животни. Член 2 (1) Одредбите на овој правилник се применуваат како на непреработената, така и на преработената храна од животинско потекло; (2) Одредбите на овој правилник не се применуваат на храната од неживотинско потекло како и храната која содржи производи од растително потекло и преработени производи од животинско потекло. Член 3 (1) Операторите со храна треба да обезбедат информациите кои се однесуваат на пратки на храна од животинско потекло и храната за животни да се достапни за операторите со храна на кои им се доставуваат пратките, како и по барање на Агенцијата за храна и ветеринарство. (2) Информациите од став (1) на овој член кои треба да бидат достапни се: а) точен опис на храната или храната за животни; б) волумен односно количина на храната или храната за животни; в) име и адреса на операторот од кого е испорачана (примена) со единствен идентификационен број на операторот; г) име и адреса на испраќачот (сопственикот) ако е различен од операторот од кого храната е испорачана со единствен идентификационен број на операторот; д) име и адреса на операторот со храна на кого храната е испорачана со единствен идентификационен број на операторот; ѓ) име и адреса на примателот (сопственикот) ако е различен од операторот од кого храната е испорачана со единствен идентификационен број на операторот; е) соодветна идентификација на лот, партија или пратка како што е соодветно и ж) датум на испорака. (3) Информациите од став (1) од овој член треба да бидат достапни и кон други барања за следливост на храната од животинско потекло утврдени согласно прописите за безбедност на храна од животинско потекло и храна за животни. (4) Информациите од став (1) од овој член треба бидат надополнувани на дневна основа и да се чуваат до претпоставената консумација на храната или храната за животни. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 931/2011 од 19 септември 2011 за барања за следливост утврдени во Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот Парламент и на Советот за храната од животинско потекло, број 32011R0931. Службен весник на РМ, бр. 59 од 11.5.2012 година 2 од 2 (5) На барање на Агенцијата за храна и ветеринарство операторот со храна треба да ги обезбеди бараните информации веднаш, без одлагање. (6) Операторот со храна кој ја испорачува храната односно ја прима, или на некој начин е одговорен за неа, треба да изготвува и води соодветна евиденција во која ќе се евидентираат соодветните информации, се додека информациите од став (1) од овој член се јасни за да може да се изврши повлекување на храната и од операторот на кого храната му е доставена. (7) Доколку информациите од став (1) на овој член се водат електронски, потребно е континуирано да се чуваат печатени форми на записите, заверени и верификувани со потпис на одговорното лице на операторот со храна за наведената активност. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-857/5 30 април 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р.