Regulation on the form, methodology and manner of keeping and maintaining the cadastre of pollutants and pollutant substances in the air
颁布于 2010-06-01 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата, методологијата и начинот на водење и одржување катастар на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Air and atmosphere
- 关键词
- air quality/air pollution, emissions, hazardous substances, registration, data collection/reporting, pollution control
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 1 од 20 20100921719 Согласно член 52 став (4) од Законот за квалитет на амбиентниот воздух („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 93/07 и 35/10 ), министeрот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, МЕТОДОЛОГИЈАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА КАТАСТАРОТ НА ЗАГАДУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, методологијата и начинот на водење и одржување на Катастарот на загадувачи на воздухот. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) Катастар на загадувачи на воздухот е квалитативна и квантитативна евиденција на загадувачките супстанции и изворите на загадување кои испуштат загадувачки супстанции во воздухот во кои е вклучена и карта на загадувачите; 2) Деловен субјект е правно или физичко лице кое со својата работа или активност може да предизвика загадување на воздухот; 3) Деловна единица e самостојна или посебна техничко-технолошка единица, дел во или околу инсталацијата, лоциран на географски одредено место со дефинирани испусти на отпадните гасови и пареи, 4) Поединечните извори на емисија во воздухот се посебни идентификувани извори на емисии на загадувачки супстанции во воздухот на одредено место кои можат да бидат производни и непроизводни; 5) Производни извори на емисија се: Инсталации за производство на енергија (толинска, електрична, за индустриски процеси, печки за процеси на производство) со топлинска моќ над 250 kW; Инсталации за производни и индустриски процеси како рафинерија за нафта, челичарници, ливници, преработка на обоени метали, производство на хемиски и петрохемиски производи, производство на цемент, асфалтни бази, согорување и горење на отпад, производство на хартија, прехрамбена индустрија, преработка на кожа, тутунска индустрија, уреди-пречистителни станици за отпадна вода од инсталации и населени места и др. 6) Непроизводни извори на емисија се: aдминистративни установи, здравствени установи (болници), образовни установи (училишта) и установи за услужни дејности. 7) Колективни извори на емисија во воздухот се збир на емисии кои самостојно имаат мала емисија во воздухот на просторот на населените места, а не се опфатени во поединечните извори. Во овие извори спаѓаат емисиите од затоплување по домовите, емисиите при согорување на горива во мали котли со топлинска моќ под 250 kW. 8) Подвижни извори на емисија се емиси од сите видови на возила во сообраќајот. 9) Фугативна емисија e емисија на загадувачки супстанции во воздух, кои не се ослободуваат во околината преку испуст, туку, преку прозор, врата, вентилациони отвори, недефинирани испусти или други отвори. 10) Материјален биланс преставува збирен приказ на уделот на сите супстанци кои влегуваат, настануваат и излегуваат во текот на одреден технолошки процес. Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 2 од 20 Член 3 Катастарот на загадувачи на воздухот (во натамошниот текст: Катастар) се состои од збир на систематизирани, обработени податоци за изворите на емисии и за емисиите на загадувачки супстанции во воздухот, во кој се утврдуваат изворите на загадување, по локација и вид, како и се идентификуваат загадувачките супстанции кои се емитираат во воздухот по вид и количина. Член 4 (1) Податоците за количината на емисии на загадувачките супстанциите во воздухот во Kатастарот се прикажуваат за секој испуст кај поединечен извор (производен и непроизводен), за фугативната емисија од поединечниот извор, за емисијата за одредено населено место каде што се создава, за емисијата од колективен извор, за емисите кои произлегуваат од операции на постапување со отпад и други релевантни податоци кои се однесуваат за испуштање на загадувачки супстанции во воздухот, при што: а) податоците за емисии од поединечни извори се изразуваат на ниво на: испуст; деловна единица (производен или непроизводен извор на емисија); вкупно испуштање на ниво на правното или физичко лице, и населено место (население, општина, град и регион). б) податоците за емисии од колективни извори на емисија во воздухот се изразуват на ниво на: населено место; дел од населено место (населба); општина или град и регион. (2) Податоците од ставот (1) на овој член се прикажаат во форма на графикони и карти. Член 5 (1) Заради водење и одржување на Катастарот правните и физичките лица квалитативните и квантитативните податоци за загадувачките супстанци и изворите на загадување кои испуштаат загадувачки супстанции во воздухот треба да се доставуваат на обрасците дадени во Прилозите број 1, 2 и 3 кои се составен дел на овој правилник. (2) Обрасците се пополнуваат рачно или во електоронска форма со точни, јасни и читливи податоци. (3) Правните и физичките лица кои својата дејност или активност ја водат на две или повеќе деловни единици, а кои не се на иста општина, податоците за водење и одржување на Катастарот треба да ги доставуваат поединечно за секоја деловна единица која врши испуштање на емиси на загадувачки супстанции во воздухот, како и вкупно за сите деловни единици. Член 6 (1) Базата на податоци на Катастарот се одржува на начин кој овозможува постигнување на високи карактеристики за изведба, чување и складирање на податоците, пребарување на податоците, дава соодветен баран приказ, овозможува анализа на податоците по пребарувачки податоци, како и овозможува користeње на податоците со цел прикажување нивен тренд на промени. (2) Добиените податоци се внесуваат во базата на податоци на Катастарот поединечно во определено место специфицирано за секој податок. Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 3 од 20 Член 7 (1) Податоците за количините на емисии на загадувачки супстанции во воздухот од поединечните извори на емисија кои се наведени во Катастарот, се водат согласно податоците од дневникот кој го водат правните и физички лица за спроведеното следење, мерење и обработка на податоците на емисија на загадувачки супстанции во воздухот од секој поединечен извор. (2) Доколку количината на емисијата на загадувачките супстанции во воздухот од поединечните извори на емисија не може да се утврди на начин утврден во ставот (1) од овој член, тогаш пресметката се врши врз база на материјалниот биланс и со примена на методологијата од Правилникот за методологија за инвентаризација и утврдување на нивото на емисии на згадувачките супстанции во атмосферата во тони на годишно ниво за сите видови дејности, како и други податоци за доставување на програмата за мониторинг на воздухот во Европа (ЕМЕП) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/07). (3) Фугативната емисија се пресметува со примена на методологијата од Правилникот од став (2) на овој член. (4) Вкупната количина на емисии во воздухот за поединечни извори се пресметува како збир од поедините количини на емисија од секој поединечен испуст земајќи ја и количината на фугативната емисија. Член 8 (1) Количината на емисија на загадувачки супстанци во воздухот од колективните извори на емисија се води врз основа на спроведена пресметка. (2) Пресметката од став (1) на овој член се врши со користење на постоечките статистички податоци за одредена општина, статистички регион и на ниво на држава, земајќи ги во предвид сите активности кои емитираат загадувачки супстанции во воздухот со примена на методологијата пропишана во Правилникот во член 7 став (2) од овој правилник . (3) Доколку количината на емисиите на загадувачки супстанци во воздухот од колективните извори може да се идентификува со одделни методи за мерење, тогаш податоците од тие мерења се внесуваат во Катастарот. Член 9 Количината на емисија од малите котли за затоплување на администартивните објекти и домаќинствата се пресметува врз основа на податоците за видот на горивото и количината на горивото што се троши во даден временски период за затоплување за одредена општина или статистички регион или на ниво на држава со примена на методологијата пропишана во Правилникот во член 7 став (2) од овој правилник . Член 10 Количините на емисијата на загадувачки супстанци во воздухот од подвижни извори се пресметува врз основа на бројот на одделните типови на возила што се во сообраќај (патен, воздушен, железнички и воден) и видот и количината на потрошеното гориво во согласност со методологијата пропишана во Правилникот во член 7 став (2) од овој правилник. Член 11 (1) Правните и физичките лица кои доставуваат податоци за водење и одржување на Катастарот доколку сметаат дека со прикажување или јавна достапност на одредени податоци може да се направи штета во планот за работа, конкурентноста на пазарот и финансискиот ефект, при потполнувањето на обрасците од прилозите 1, 2 и 3 од овој Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 4 од 20 правилник потребно е да укажат за тоа кои податоците се од доверливи природа, соглсно прописите за класифицирани информации. (2) Доверливоста на достапноста до податоците од став (1) не се однесува на информациите за количините на емисии во воздухот на загадувачките супстанции, ризиците од индустриски несреќи, резултатите од мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздух во реонот на деловниот субјект, мониторинг на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот, плановите за редукција на емисиите и мерки кои се превземаат за редукција на емисиите. Член 12 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-4543/6 Министер за животна средина 1 јуни 2010 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 5 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 6 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 7 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 8 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 9 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 10 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 11 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 12 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 13 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 14 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 15 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 16 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 17 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 18 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 19 од 20 Службен весник на РМ, бр. 92 од 09.07.2010 година 20 од 20