跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form, content of the request for entry in the Register of fertilizer producers and required documentation, on the form and content and manner of keeping the Register of fertilizer producers and on the procedure for registration in the Register of fertilizer producers

颁布于 2015-05 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата, содржината на барањето за упис во Регистарот на производители на ѓубриња и потребната документација, формата и содржината и начинот на водење на Регистарот на производители на ѓубриња и постапката за запишување во Регистарот на производители на ѓубриња.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
fertilizers/nutrients, processing/handling, registration, plant production
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен В. на Р.М. бр: 81/2015 од 18.05.2015 Влегува во сила на: 19.05.2015 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за формата, содржината на барањето за упис во Регистарот на производители на ѓубриња и потребната документација, формата и содржината и начинот на водење на Регистарот на производители на ѓубриња и постапката за запишување во Регистарот на производители на ѓубриња МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 13 став 6 од Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата ("Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе. ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЃУБРИЊА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЃУБРИЊА И ПОСТАПКАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЃУБРИЊА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржината на барањето за упис во Регистарот на производители на ѓубриња и потребната документација, формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на производители на ѓубриња и постапката за запишување во Регистарот на производители на ѓубриња. Член 2 Барањето за упис во Регистарот на производители на ѓубриња сe издава во А4 формат на хартија во бела боја. Барањето од ставот (1) на овој член ги содржи следните податоци: назив на правното лице; регистарски број на правното лице производител, издаден од Централен регистар на Република Македонија; шифра на дејност според националната класификација на дејности; број на деловниот субјект; даночен број; адреса и седиште на производителот; адреса на производниот погон; вид на ѓубрето; тип на ѓубрето; останати податоци; потпис на подносител на барањето; дата на поднесување и место на печат. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Кон барањето за упис во Регистарот на производители на ѓубриња се доставува следната документација: копиja од решение за упис на правното лице издадено од Централен регистар на Република Македонија; http://www.slvesnik.com.mk/Issues/7a72b81123ac4e209e5b8777309ad303.pdf#page=28 копија од имотен лист или договор за користење под закуп на просториите наменети за производство на ѓубриња; доказ за вработено лице на неопределено време (М1/М2) образец и договор за работа (оригинал или заверено на нотар); диплома или уверение за завршено висока стручна спрема од областа на биотехнички науки или хемија, оригинал или заверени на нотар; решение за упис во регистарот на правни лица за пласирање на пазар на ѓубриња на големо (издадено од фитосанитарна управа) и решение за одобрување на студија за оценка на влијание врз животната средина, или решение за одобрување на елаборат за заштита на животна средина и /или интегрирана еколошка дозвола издадени од надлежен орган согласно Законот за животната средина. Член 4 Регистарот на производители на ѓубриња се води во електронска и пишана форма. Регистарот од став 1 на овој член се води во форма на книга со тврди корици во која се содржани евиденциски листови во бела боја со А3 формат кои се нумерирани и меѓусебно поврзани. На предната страна на книгата со златна боја е втиснат грбот на "Република Македонија", а под него се впишани зборовите: "Република Македонија", "Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство", "Фитосанитарна управа" и "Регистар на производители на ѓубриња". Евиденциските листови од став (2) на овој член ги содржат следните податоци: идентификациски број на правното лице - производител; ознака за типот на ѓубрето; назив на правното лице - производител; единствен даночен број на правното лице - производител; број на деловниот субјект; седиште и адреса на правното лице - производител; адреса на објектот за производство; датум и архивски број на барањето за упис во Регистарот на производители на ѓубриња; датум и број на решението за упис во Регистарот на производители на ѓубриња, издадено од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа; останати потребни податоци согласно барањето за упис; промени и забелешки. Формата и содржината на Регистарот на производители на ѓубриња се дадени во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Правното лице кое сака да се занимава со производство на ѓубриња го поднесува барањето и потребната документација од член 3 од овој правилник до Фитосанитарната управа. Доколку при проверка на документацијата се утврди дека истата е некомплетна, подносителот на барањето се известува истата да ја дополни во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето. Доколку подносителот на барањето не постапи во рокот од став 2 на овој член, односно не ја достави документацијата до Фитосанитарната управа, во тој случај ќе се смета дека барањето е некомплетно. Член 6 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината и начинот на водење на регистарот на производители на ѓубриња, постапката и документацијата за запишување во регистарот на производители, условите за евидентирање на ѓубрето во Листата на ѓубриња кои се произведуваат и пласираат на пазар(*) ("Службен весник на Република Македонија" бр. 120/11). Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 17-153/4 Министер за земјоделство, мај 2015 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, с.р.

Regulation on the form, content of the request for entry in the Register of fertilizer producers and required documentation, on the form and content and manner of keeping the Register of fertilizer producers and on the procedure for registration in the Register of fertilizer producers · Nelum