跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form, content and manner of keeping the register of fish breeders, the form and content of the application form for registration in the register, as well as the necessary evidence for fulfilling conditions for registration in the register

颁布于 2016-06-14 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на барањето за запишување во регистарот, како и потребните докази за исполнување на условите за запишување во регистарот.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Fisheries and aquaculture
关键词
aquaculture, registration

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 62 став 9 од Законот рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15,195/15 и 59/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ОДГЛЕДУВАЧИ НА РИБИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ, КАКО И ПОТРЕБНИТЕ ДОКАЗИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на барањето за запишување во регистарот, како и потребните докази за исполнување на условите за запишување во регистарот. Член 2 Регистарот на одгледувачи на риби се води во форма на книга во А4 формат на евиденциски листови меѓусебно поврзани и нумерирани. На првата страна на книгата во горниот дел стои грбот на Република Македонија и под него текст “Република Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство", а на средината на страната текст „Регистар на одгледувачи на риби". Во евиденциските листови од ставот 1 на овој член се внесуваат следните податоци: реден број, архивски број и датум на издавање на решението за запишување во регистарот на одгледувачи на риби; податоци за физичкото или правното лице (име и презиме на физичкото или назив на правното лице, адреса на физичкото или седиште на правното лице, ЕМБГ/ЕМБД и ЕДБ); податоци за објектот за аквакултура (име на вода, локација на рибникот, вкупна површина на рибникот во м2, површина на рибникот под вода во м2 или волумен на кафезот во м3, инсталиран капацитет на рибникот во килограми и видови риби кои се одгледуваат); причина за промена во рибникот со број и датум на издавање на решение и причина за бришење од регистарот со број и датум на издавање на решение. Формата и содржината на регистарот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Регистарот на одгледувачи на риби се води во пишана или во електронска форма. Член 4 Барањето за запишување во регистарот на одгледувачи на риби се поднесува на образец, на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Потребните докази за исполнување на условите за запишување во регистарот на одгледувачи на риби кои се приложуваат кон барањето за запишување во регистарот на одгледувачи на риби се следните: потврда за регистрирана дејност (ПРД ) издадена од Централен регистар на Република Македонија; имотен лист издаден од Агенција за катастар на недвижности (доказот не се доставува за поставени кафези); договор за користење на рибникот, полурибникот, кафезот и оризиштето или на површината на која се наоѓаат рибникот, полурибникот и оризиштето (доколку рибникот, полурибникот, кафезот и оризиштето или површината на која се наоѓаат рибникот, полурибникот и оризиштето не е во сопственост или во користење на подносителот); изјава од подносителот заверена на нотар за сопственост на кафезите (доказот се доставува за поставени кафези) и записник од Државниот инспекторат за земјоделство за констатирана состојба. Член 6 Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата, содржината и начинот на водење регистар на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на пријавата за запишување во регистарот на одгледувачи на риби формата и содржината на образецот на изводот од регистарот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/10). Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", а ќе отпочне да се применува со отпочнувањето на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/16). Бр. 14-5412/3 Министер за земјоделство, 14 јуни 2016 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, ср. Прилог 1 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО РЕГИСТАР НА ОДГЛЕДУВАЧИ НА РИБИ Реден број архивски број и датум на издавање на решението за запишување во регистарот на одгледувачи на риби Податоци за физичкото или правното лице Податоци за објектот за аквакултура 1 2 (име на вода) Феден број) лице) (архивски број на решение) (име и презиме на физичкото или назив на правното (локација на рибникот) (вкупна површина на рибникот во м") (површина на рибникот под вода во м2 или волумен на кафезот во м3) (инсталиран капацитет на рибникот во килограми) (датум на издавање на решение) (адреса на физичкото или седиште на правното лице) (ЕМБГ/ЕМБС) (ЕДБ) (видови риби кои се одгледуваат) Причина за промена во рибникот со број и датум на издавање на решение Причина за бришење од регистарот со број и датум на издавање на решение 4 5 Причина за промена во рибникот Број на решение Датум на издавање Причина за бришење од регистарот Број на решение Датум на издавање Прилог 2 БАРАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ НА ОДЕОЈДУВАЧИ ПА РИБН Т ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ На БАРАЊЕТО Име и презиме на физичкото/ назив на правното лице Адреса на физичкото /седиште на правното лице. Телефон Е- нон ЕМБГЛЕМБС ЕДБ Шнфра ни дејност (за правни лица) Број на вработени 11. ПОДАТОЦИ ЗА РИБНИКОТ Име на вола Локанија на рибинкот Вки ша површнна на риби шкот во м Повришна под вода на рибникот во мволумен на кафезот во м" Инсталиран капацитет на рибникот во кг Вичовириби којасеоллелуваат ЦП виножитна пастрмка Пп речна пастрмка П охридска пастрмка П кран СО сом амур С толстолобик Саруги (ла се навече внлот) ШЕ ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ „Тице за контакт Контак телефон на лицето Контакт адреса за е - пошта Нотинсе на оцгеоворното пие