Regulation on the form, content and manner of keeping the register of users of designations of origin, geographical indication and indication of guaranteed traditional specialty
颁布于 2011-07-14 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на корисници на ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- registration, traceability, traditional knowledge/indigenous knowledge, data collection/reporting, food safety and quality, geographical indication
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година 20110992369 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 151 став 5 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА КОРИСНИЦИ НА ОЗНАКА ЗА ПОТЕКЛО, ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА И ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ (∗ ) Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на корисници на ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет. Член 2 (1) Регистарот на корисници на ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет (во натамошниот текст: Регистар) се води во форма на книга со тврди корици со црвена боја и димензии 30 x 21 на евиденциските листови кои се нумерирани и меѓусебно поврзани. (2) На предната страна на корицата на книгата од ставот (1) на овој член е втиснат грбот на Република Македонија, а под него се впишани со златни букви следните зборови: Република Македонија; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Регистар на корисници на ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет. (3) Во евиденциските листови се внесуваат следниве податоци: горе лево се отпечатува реден број под кој се евидентира корисникот/корисниците на ознаката за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет во средина на листот се отпечатува евиденциски лист и под него се отпечатува назив на корисникот/корисниците на ознаката. Во табелата се отпечатени следните податоци: деловоден број на поднесеното барање за упис во регистарот; датум на поднесување на барањето; заштитениот назив производот; категорија на производот; вид на ознаката; податок дали производот е регистриран со или без резервација на називот (се однесува само за гарантиран традиционален специјалитет); број, датум и место на издавање на решението за регистрација на ознаката; ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на комисијата (ЕЗ) 1216/2007 од 18 октомври 2007 година за утврдување на деталните правила за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 509/2006 на Советот за земјоделски и прехранбени производи како гарантирани традиционални специјалитети и со Регулативата (ЕЗ) 1898/2006 од 14 декември 2006 година за утврдување на правила за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 510/2006 на Советот за заштита на географски ознаки и ознаки за потекло на земјоделски и прехранбени производи, CELEX бр. 32007R1216 и CELEX бр. 32006R1898 1 од 4 Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година адреса, телефон и e-mail на корисникот/корисниците; матичен број на корисникот/корисниците; број на потврдата од овластените верификационите тела со која се докажува усогласеноста со елаборатот односно спецификацијата; назив и адреса на овластеното верификационо тело и забелешки. (4) Регистарот се води електронски и во пишана форма. (5) Формата и содржината на Регистарот е дадена во Прилог 1 и Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-6469 14 јули 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 2 од 4 Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година 3 од 4 Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година 4 од 4