Regulation on the form, content and manner of keeping a register of producers' organizations, as well as the procedure for registration or deletion from the register
颁布于 2008-12-26 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистар на организации на производители, како и постапката за запишување односно бришење од регистарот.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Fisheries and aquaculture
- 关键词
- cooperative/producer organization, procedural matters, registration, aquaculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на 84 став 4 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАР НА ОРГАНИЗАЦИИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ, КАКО И ПОСТАПКАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ОДНОСНО БРИШЕЊЕ ОД РЕГИСТАРОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење на регистар на организации на производители, како и постапката за запишување односно бришење од регистарот. Член 2 Регистарот на организации на производители се води во форма на книга со тврд повез во темно сина боја во Ач формат со поврзани и нумерирани евиденциски листови на бела хартија. На првата страна на книгата е аплициран грбот на Република Македонија и под него стои натпис „Република Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство“, а на средината стои натпис „Регистар на организации на производители“. Натписите се со бела боја. На евиденциските листови од став 1 на овој член се запишуваат следниве податоци: реден број ии страна; назив, седиште и ЕМБС на организацијата; архивски број и дата на регистрација; форма на организирање; број на членови; обем на производство и други специфични податоци за организацијата. Формата и содржината на регистарот на организации на производители е дадена во прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Регистарот на организации на производители се води во пишана или електронска форма. Член 4 Концесионерите и одгледувачите на риби се запишуваат во регистарот на организации на производители по претходно доставено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањето ги содржи следните податоци: назив, седиште и ЕМБС на организацијата; општи податоци за организацијата; форма на организирање; број на членовии обем на производство. Член 5 Организациите на производители се бришат од регистарот на организации на производители по нивно барање или доколку престанат да исполнуваат некој од условите пропишани во член 84 став 5 од Законот за рибарство и аквакултура. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 17540/1 Министер 26 декември 2008 година за земјоделство, шумарство и водостопанство, Скопје Ацо Спасеноски, ср. Прилог РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО РЕГИСТАР НА ОРГАНИЗАЦИИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ РЕДЕН БРОЈ „ СТРАНА Назив на организацијата Седиште на организацијата ЕМБС на организацијата Архивски број на регистарцијата Дата на регистрација Форма на организирање Број на членови Други специфични податоци