Regulation on the form, content and manner of issuance of commercial papers for food of animal origin
颁布于 2012-03-09 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата, содржината и начинот на издавање на комерцијалниот документ за храна од животинско потекло
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- certification, legal proceedings/administrative proceedings
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 38 од 21.3.2012 година 1 од 3 20120381112 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 61 став (5) од Законот за безбедност за храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2010, 53/2011 и 1/2012), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕТО НА КОМЕРЦИЈАЛНИОТ ДОКУМЕНТ ЗА ХРАНА ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на издавањето на комерцијалниот документ за храна од животинско потекло. Член 2 (1) Одредбите на овој правилник се применуваат за постпримарното производство на храна од животинско потекло; (2) Одредбите на овој правилник не се применуваат на храната која содржи производи од растително потекло и преработени производи од животинско потекло. Член 3 (1) Комерцијалниот документ за храна од животинско потекло се издава на образец А4 формат со бела боја кој е даден во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. (2) Образецот од став (1) на овој член ги содржи следните податоци: 1) име и адреса на операторот со храна од кого храната е испорачана; 2) точен опис на храната; 3) волумен односно количина на храната; 4) соодветна идентификација за обезбедување на следливост на пратката (лот, партија или како што е соодветно); 5) име и адреса на операторот со храна на кого храната е испорачана; 6) вид и број на транспортното средство со кое храната се испраќа; 7) температурни барања за транспорт и понатамошна манипулација со храната; 8) рок на траење на храната; 9) изјава на операторот со храна дека храната е произведена и/или дека со храната е манипулирано соогласно соодветните законски одредби; 10) датум и место на испорака и 11) архивски број од евиденцијата на операторот со храна кој ја испорачува храната. Член 4 (1) Комерцијалниот документ од член 3 на овој правилник се издава од страна на одговорното лице на операторот со храна кој ја испорачува храната, а се потполнува по завршениот утовар на пратката. (2) Комерцијалниот документ се изготвува во најмалку три примерока, од кој еден ја прати пратката за време на превозот и му се доставува на операторот со храна кој ја прима пратката, едниот за евиденција на транспортерот, а третиот примерок останува кај операторот со храна кој ја испорачува пратката. (3) Комерцијалниот документ треба да е придружен со испратница во која точно е специфицирана секоја храна во пратката. Службен весник на РМ, бр. 38 од 21.3.2012 година 2 од 3 Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-590/3 9 март 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 38 од 21.3.2012 година 3 од 3